build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 43>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 24-Jul-2014 at 10:37
ЌЕ СЕ СЕЧАТ ЛИ ДРВЈАТА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ?

Денес започнаа градежните работи на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани. Од кракот на улицата „Маршал Тито“ кај Трговскиот Центар до крстосницата на улицата „Стево Теодосиевски“ се вади стариот асфалтен слој кој набргу ќе треба да биде заменет со нов.

Колку граѓаните се задоволни што конечно оваа доста фреквентна улица ќе добие нов асфалт, дотолку се загрижени жителите чии домови се покрај улицата од она што го слушнаа денес.

Имено денес се појавија гласови дека дрвјата од левата страна на улицата паралелно со асфалтирањето на улицата ќе бидат исечени, се со цел општината да добие што поголем простор за паркирање. Доколку и вакво нешто се реализира дефинитивно одговорните во градот ќе покажат дека на прво место им е заработката а за тоа дали се нарушува екологијата во самиот град тоа воопшто не ги интересира.

Но до почетокот на поставувањето на новиот асфалтен слој ќе треба да помине некое време доволно за да се види дали дрвјата навистина некој ќе се реши да ги исече или сето ова што се зборува е во доменот на обичните шпекулации.

http://www.komarec.com.mk/poveke.php?id=10191

Веста е од пред некој ден.Повторно околу сечење на зеленило овој пат во Кочани.


Edited by jyvation - 07-Oct-2014 at 09:32
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 25-Jul-2014 at 12:51
СЕ ГРАДИ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО НАСЕЛБАТА ЈАНЕ САНДАНСКИ

Денеска, 25.7.2014 година, почна изградба на автоматски систем за полевање на зеленилото во населбата Јане Сандански.
Станува збор за проект со кој јавното зеленило во овој дел од Општината поточно од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ до булевар „Србија“ ќе се наводнува со автоматски прскалки, кои ќе бидат штелувани да ја полеваат тревата во одредени периоди од денот.
На површина од 13 хектари ќе бидат поставени околу 1.500 прскалки, кои ќе црпат вода од бунарите за наводнување, така што ќе се користи исклучиво техничка вода.
На тој начин ќе се штеди скапоцената вода за пиење, а тревата повеќе нема да се наводнува рачно со црева како до сега.
Со оваа инвестиција, како што рече градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, се очекува зеленилото да биде постојано свежо дури и во најтоплите денови.
Работите ќе ги изведува фирмата МГИ и се очекува овој проект да се реализира пред крајот на летната сезона.
Изградбата на овој систем за наводнување ја поздрави и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој рече дека е тоа во правец на оправдување на епитетот зелена Општина Аеродром.
Инаку, Аеродром со своите вкупно 17 бунари со техничка вода е една од ретките општини во кои за наводнување на зелените површини не се користи вода за пиење.


извор:Општина Аеродром
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 30-Aug-2014 at 03:01
ВАНДАЛИЗАМ НА БУЛЕВАРОТ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“

Во текот на вчерашниот ден,/четврток, 28.08.2014 година/, на потегот од Шумарски факултет до Оштина Гази Баба, непознати сторители со секира исекле 7 дрвја од видот каталпи, засадени 2012 година во дрворедот на булеварот „Александар Македонски“.

Градот Скопје го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град.

Градот Скопје го пријави овој вандаски чин во полиција, а МВР трага по сторителите.







http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6741&mid=482&tabId=1

Edited by jyvation - 07-Oct-2014 at 09:32
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 05-Sep-2014 at 12:10
ПАЛМИ ВРЕДНИ 500.000 ЕВРА ЌЕ ГИ ЛАЖАТ ТУРИСТИТЕ ДЕКА СЕ НА МОРЕ



Вкупно 1.100 палми, планира да купи Јавното претпријатие „Македонски шуми“ за што очекува да потроши 500.000 евра.
Тендерот е веќе објавен и во него се бара палмите да бидат од видот „влакнеста палма“ и со висина на стеблото над 4 метри.

Според директорот на „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, палмите ќе се садат во Дојран, Преспа, Гевгелија, Охрид и Струга со цел да ги разубават туристичките места, а на туристите да им овозможат приморска глетка.

Тендерот, како што се појаснува од „Македонски шуми“е распишан во согласност со владина одлука донесена во рамки на Програмата за рурален развој.


Караџоски тврди дека објавената сума од 500.000 евра е само проценета вредност на набавката и дека услов за избор покрај другите услови е и најниската цена, што пак значи дека е можно палмите да бидат набавени и по пониска цена од проценетата.


Во тендерските критериуми е предвидено садниците да бидат со сертификат или уверение за нивната здравствена состојба и да имаат декларација за потеклото и школуваноста на садниот материјал.
Ако тендерот биде успешен, палмите ќе пристигнат на почетокот на ноември.

http://makborba.mk/index.php/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/item/6360-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%BC%D0%B8-%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8-500-000-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%B3%D0%B8-%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B0%D1%82-%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%B5



Edited by jyvation - 07-Oct-2014 at 09:32
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 05-Sep-2014 at 16:18
од мене имаат подршка,бидејќи и самиот сум колекционер на палми.кога одам на море или купувам или `корнам` со штрафцигер од подникците покрај поголемите стебла.

и имам доста убава колекција,и да би можел и во дворот ќе ги посадам
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 07-Oct-2014 at 09:34
Дрвјата во дворовите не смеат да се сечат без дозвола

Граѓаните се обврзани да добијат дозвола од градските власти ако сакаат да ги сечат дрвјата од своите имоти, за да се запази безбедноста, за заштита на животната средина и за да има непречен транспорт на исечените дрва до други корисници на дрвната маса, велат од градот.



За да се зголеми безбедноста на соседите
Ризикот од тоа дрвото да се скрши, да удри гром во него, или едноставно да падне од старост е доста голем. Од тие причини граѓаните сами или со помош на некој пријател ги сечат дрвјата во своите дворови, иако целата постапка претставува голем ризик за нивната безбедност. Токму затоа, за да се намалат ризиците од несакани повреди или штети по соседските имоти, потребно е да се има дозвола за сечење на старите високоризични дрвја.

Се сечат високоризични дрвја

Граѓаните коментираат дека настануваат големи проблеми поради непромисленото сечење на високите дрвја.
- Еден од соседите сечеше огромна топола стара 20 години. Тополата беше висока колку една од соседните згради. Целата ситуација изгледаше како оние емисии што ги даваат на телевизија. Кога почнаа да ја сечат тополата од горниот дел, трупци летаа насекаде. Но бидејќи дрвото беше старо, се скрши и падна на покривот на еден од соседите. Му пропадна целата покривна конструкција, па човекот што сечеше мораше да му го плати санирањето на штетите. Среќа во несреќа е што тој немаше никој во домот - вели Гоце Зафировски, жител на скопски Чаир.

Според него, не е првпат да се прават вакви ризични сечи на дрвја во приватни дворови. Најчесто тоа се прави за дрвната маса да се користи за греење, без да се води сметка за безбедноста на околината.
- Не е првпат да се случи вакво нешто. Меѓутоа никој во медиумите не дознава за тие проблеми, затоа што нема кој да ги раскаже. Да се исече дрво на своја рака претставува сериозна потенцијална опасност. Сметам дека треба да се викнат стручни лица да го направат тоа. Не може секој како ќе му текне да си сече дрво високо и до 20 метри - појаснува Зафировски.
Граѓаните што сакаат да ги исечат дрвјата што им пречат мора претходно да добијат дозвола од градот Скопје. Без таква дозвола, сечењето е нелегално.

Нема сеча без дозвола

- Граѓаните се обврзани да добијат решение за сечење дрвја од приватни површини поради повеќе причини поврзани со комуналниот ред, за заштита на животната средина, но и за да можат непречено да ги транспортираат исечените дрва од приватните површини до пилани, складишта или, пак, до други корисници на дрвната маса собрана со сечењето - велат од градот.
Сепак, сечата на дрвото може, но не мора да ја изврши ЈП „Паркови и зеленило“.
- За сечење дрво од приватни дворови мора да се добие решение за сечење од секторот за комунални работи на градот Скопје, а понатаму сечењето не мора да го извршиме ние. Луѓето можат да го исечат или да побараат од некое друго лице тоа да го направи или, пак, да се обратат и до нашето претпријатие за да го исечеме дрвото. Тоа останува на граѓаните, како ќе сакаат така да постапат - велат од претпријатието.
Педесет евра од час ако дрво ви сече јавно претпријатие

Од ЈП „Паркови и зеленило“, пак, велат дека ако граѓаните сакаат да сечат некое дрво, може да ги побараат и нив.
- Цените за сечење дрвја зависат од дебелината на дрвото и од времетраењето на ангажирање на специјалното возило со кошница. Цената е 3.300 денари од час. Ценовникот по кој работи „Паркови и зеленило“ е утврден и усвоен од страна на Советот на градот Скопје и го има во градот, така што странката кога ќе го поднесува барањето за сечење може да побара да го види ценовникот - велат од претпријатието.
Каква е постапката ако сакате да исечете дрво?

Од градот велат дека постапката за добивање решение е многу едноставна и брза.
- До секторот за комунални дејности се поднесува барање во кое се внесуваат личните податоци на барателот (име и презиме, улица, контакт-телефон), предмет на барањето, како и краток опис на барањето. Образецот на барањето може да се добие на шалтерот во Архивата на градот Скопје или да се симне од веб-страницата, од колоната формулари. Административната такса за барањето е од 50 денари, која се плаќа на уплатница, но може да се уплати со платежна картичка на шалтерот на градската архива преку ПОС-терминалите. Градот Скопје, во согласност со законот, носи решенија за сечење дрвја за територијата на сите скопски општини. По добивањето решение за сечење дрва на приватни површини, сечата ја вршат сопствениците самостојно - велат од градот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=106141017432&id=14&prilog=0&setIzdanie=23291
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 17-Oct-2014 at 14:17
Originally posted by jyvation

СЕ ГРАДИ АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИЛОТО ВО НАСЕЛБАТА ЈАНЕ САНДАНСКИ

Денеска, 25.7.2014 година, почна изградба на автоматски систем за полевање на зеленилото во населбата Јане Сандански.
Станува збор за проект со кој јавното зеленило во овој дел од Општината поточно од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ до булевар „Србија“ ќе се наводнува со автоматски прскалки, кои ќе бидат штелувани да ја полеваат тревата во одредени периоди од денот.
На површина од 13 хектари ќе бидат поставени околу 1.500 прскалки, кои ќе црпат вода од бунарите за наводнување, така што ќе се користи исклучиво техничка вода.
На тој начин ќе се штеди скапоцената вода за пиење, а тревата повеќе нема да се наводнува рачно со црева како до сега.
Со оваа инвестиција, како што рече градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, се очекува зеленилото да биде постојано свежо дури и во најтоплите денови.
Работите ќе ги изведува фирмата МГИ и се очекува овој проект да се реализира пред крајот на летната сезона.
Изградбата на овој систем за наводнување ја поздрави и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој рече дека е тоа во правец на оправдување на епитетот зелена Општина Аеродром.
Инаку, Аеродром со своите вкупно 17 бунари со техничка вода е една од ретките општини во кои за наводнување на зелените површини не се користи вода за пиење.


извор:Општина Аеродром


Претпоставувам станува збор за ова. До денес колку што јас имам забележано... оваа површина е опфатена (со жолто), а со црвено претпоставувам станува збор за бунар, го копаа доста и претпоставувам дека е прилично длабок, а и голем.



А еве и слики од градежните работи на терен... практично целата таа површина е раскопана како што е прикажано на сликите...





















Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 31-Oct-2014 at 15:25
ГАЛЕРИЈА Шуто Оризари доби нов парк
Објавеново 15:13 31 октомври 2014| Прочитано30| Печати
Горан Наумовски
Расчистена е депонијата на улицата Гарсија Лорка во скопската населба Шуто Оризари. Оваа депонија се чистеше повеќе од 15 дена и беа собрани над 70 камиони ѓубре и шут или над 1.500 кубни метри. Денеска на таа локација се засадени сто зимзелени дрвја.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски апелираше до жителите на Шуто Оризари да не фрлаат ѓубре на оваа локација и да ги чуваат засадените дрвја.

- Екипите на ЈП „Водовод и канализација" со луѓе и механизација ќе работат на чистење на шахтите и сливниците, како и на отстранување на дефектите со водоснабдувањето. Јавното претпријатие „Улици и патишта" ќе работи на санација на повеќе улици, а може да се преземат и поголеми зафати во рамки на рамковниот договор за соработка со Општина Шуто Оризари, додека ЈП „Комунална хигиена" ќе работи на чистење на сметот и помалите депонии на територијата на општината. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило" покрај засадувањето на дрвјата на улица Гарсија Лорка, ќе работат на косење на тревата на повеќе локации, како што се дворовите на амбулантата, градинките и училиштата во општината, рече Трајановски.
http://plusinfo.mk/vest/2258/galerija-shuto-orizari-dobi-nov-park
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 31-Oct-2014 at 17:33
И фотките од прилогот (го паметам местово, сум поминувал одовде пред година-две - не знаете колку ми е мило што се расчисти, иако се сомневам дека паркот ќе опстои подолго време):





За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 01-Nov-2014 at 23:04

Лабуништа Проекти: ПАНОРАМСКА ТЕРАСА

Сабота, 01 Ное 2014 | Прочитано 980 пати.

Дали лабуништа ќе добие Панорамска Тераса


Веќе долго време Лабуништа имаше проблеми со големата загаденост на патот Лабуништа - Боровец и никој не превзеде никакви мерки. Благодарение на свесните граѓани и ЈКП хигиена овој проблем се реши.


Сега, како горди жители на нашето убаво Лабуништа, треба да го чуваме и заштитиме од повторно загадување. Дали, после чистењето на депониите, Лабуништа ќе добие панорамска тераса со поглед кон лабунишкото поле?


Место каде што жителите во Лабуништа своето слободно време, под сенките на дрворедот, ќе го поминуваат одмарајќи ги очите со панорамскиот поглед кон убаво уредените ниви. Да направиме акција и да засадиме едноврсни дрва, да го заштитиме местото со монтажна ограда за да озелени.


Да и го дадеме на Лабуништа она што заслужува. Ако ние не си направиме, сигурно никој друг нема да ни направи. За Лабуништа!



http://spektra.com.mk/lokalni/labunishta-proekti-panoramska-terasa

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 04-Nov-2014 at 10:50
СТУДИЈАТА ГОТОВА, ЌЕ СЕ ИСПИТУВА КАКО ВАРДАРИШТЕ ДА СТАНЕ ПАРК




По големиот број намерни пожари на поранешната депонија Вардариште и поплаките од граѓаните дека воздухот во Аеродром и Ново Лисиче е загаден од чад од изгорени гуми, градската власт лани вети решение, по што распиша оглас за оператор за предлог-мерки за заштита на животната средина. Kако резултат на огласот, веќе е изработена студија за рекултивизација и облагородување на локацијата. Следната година се планираат посериозни активности, најавуваат надлежните, но во фази. Грубата процена на планираните инвестиции е околу четири милиони евра.

- За Вардариште е изработена студијата и во текот на наредната година треба да се изработува техничката документација за уредување на просторот - изјавија од одделението за односи со јавноста.

Две децении ѓубре се фрлало аматерски

Вардариште се протега на локација со површина од 42 хектара, место кое од 70-тите години па с` до 90-тите се користеше за складирање комунално ѓубре од цело Скопје. Депонијата потоа се затвори, а неколку години ѓубрето се покриваше со шут, но тоа беше с` - не беа преземени никакви посериозни мерки за заштита на животната средина, особено ако се земе предвид дека самата депонија и додека била функционална не исполнувала ниеден еколошки стандард за намената. Не се изврши прописно одгасување, а ни ревитализација на просторот за да се отстранат реата и опасностите од пожари.

Всушност, проблемот по нејзиното затворање се појави пред десетина години. Запуштениот простор цело време го користат бездомници што живеат таму. Ноќе, нелегално палат гуми, пластика и други производи кои се токсични за жителите во општина Аеродром. Одговорот на локалните власти од Гази Баба, на чија територија е депонијата и од Градот често е дека не може да ги фатат сторителите.

Во изработената физибилити-студија се понудени низа мерки што ќе претходат на облагородувањето на просторот. Kога с` ќе биде завршено, ќе се спречи понатамошно загадување, велат одговорните лица од Градот.

- Предложените мерки се однесуваат на елиминирање на опасноста од појава на евентуални пожари и експлозии предизвикани од присуството на депонискиот гас во телото на депонијата. Ќе се видат можностите за одгасување како и за пречистување на подземните води - појаснија надлежните од Градот Скопје.

Всушност, идејата е по завршувањето на сите овие активности, локацијата да се претвори во уредена парковска површина, која ќе обезбеди пријатен престој и можност за рекреација за посетителите, но сето тоа е долг и скап процес, додаваат од Градот.

С` уште се палат гуми и пластика

Иако градската власт вети засилена контрола, жителите од Аеродром и Ново Лисиче не престанаа да се жалат дека несовесни граѓани палат ѓубре на депонијата. И на терен може да се видат остатоци од гуми и пластика кои с` уште чадат и тлеат со часови.

Во однос на дилемата и ланската најава дека се размислува и за воспоставување јавно-приватно партнерство за санација на Вардариште, од Градот се децидни дека тоа не е опција. Напротив, тврдат дека имаат финансии сами да се справат со овој предизвик, а колку ќе издвојат за наредната година, ќе се знае набрзо, по утврдување на буџетот за 2015 година.

Во текот на ланската година, податоците за мерните станици во Скопје во надлежност на Министерството за животна средина, постојано регистрираа зголемено аерозагадување во Лисиче и во Гази Баба, деловите кои се најизложени на Вардариште и на околната индустријализација. Овие општини, веќе неколку години се најзагадени со честичките ПМ10.

„ДРИСЛА“ ЈА ИЗГРАДИЛЕ И ГРАЃАНИТЕ НА СКОПЈЕ

Одлуката за затворање на Вардариште и отворање и изградба на нова депонија, надвор од градски рамки, т.е. „Дрисла“, е донесена во 1991 година, од тогашната градска власт. Санитарната депонија „Дрисла“ официјално е отворена во 1993 година. Во нејзината изградба учествувале и граѓаните на Скопје кои цела година, од 1992 до 1993, одвојувале од своите плати, а во тоа учествувале и неколку градежни фирми што му должеле на Градот Скопје. Според информации од некогашни градски челници, инвестицијата чинале околу 5,5 милиони тогашни германски марки. Рокот на траење е околу три децении.

Што се однесува до Вардариште, на таа локација во 60-тите години од минатиот век, таму прво се црпел песок, а дури потоа, во 70-тите почнува депонирањето на ѓубре. Од „Kомунална хигиена“, фирма наследник на „Kомуналец“, кои во тоа време стопанисуваа со депонијата, информираа дека таа работела речиси 20 години, иако не исполнувала еколошки стандарди.

Јорданка Ивановска
http://dnevnik.mk/?ItemID=28AA2B239DD5204A8D876A68D7C1EAC4
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 07-Nov-2014 at 13:19
Браво за акцијата

ГАЛЕРИЈА Нова шума во општина Кисела Вода
Објавеново 13:09 07 ноември 2014| Прочитано58| Печати

Во близина на населбата Припор, никнува нова шума. Вработените на Цементарница Усје АД Скопје и жителите на населбата Припор во заедничка акција засадија 5.500 садници. Садниците ги обезбеди Цементарница, а сите 5.500 дрвца ќе имаат и соодветен систем за наводнување, со што ќе се овозможат соодветни услови за растење на садниците.

Во оваа акција се засадени 3000 чемпреси, 2000 багреми, 250 тополи во висина од 5 метри и 250 јавори во висина од 3,5 метри. Засадените садници во вегетативен период ќе имаат капацитет за апсорпција на 900 кг јаглерод диоксид и ќе произведуваат 600 кг кислород по хектар дневно.

- Унапредувањето на заедницата и грижата за животната средина се врвен приоритет на Усје. Сите акции во оваа насока ги организираме во партнерство со нашите соседи, жителите на општината Кисела Вода, бидејќи грижата за околината е наша заедничка одговорност и мисија. Продолжуваме да реализираме низа активности во оваа насока и во следниот период - истакна Борис Хрисафов, главен извршниот директор на Усје.
Инаку, секоја година на иницијатива на компанијата, во рамките на проектот Партнерство со училиштата, се реализираат хортикултури проекти за садење на нови садници, цвеќе и комплетно уредување на зелениот појас во образовните институции и јавните простори за релаксација и забава. Само во изминатите пет години засадени се повеќе од 90.000 дрвца во кругот на компанијата и нејзината околина.
http://plusinfo.mk/vest/3154/galerija-nova-shuma-vo-opshtina-kisela-voda-
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 01-Dec-2014 at 02:38
ГРАДОТ СЕПАK РЕШИ ДА KУПИ МАШИНА

Пресадувачката ќе спаси многу дрвја и ќе заштеди пари



Иако лани не ја сметаше за приоритет, годинава градската власт е решена да набави машина за пресадување дрвја, со која ем ќе се заштедат пари за нови садници ем ќе се задоволат критичарите што негодуваат за сечењето постојни дрвја при разни реконструкции и проширувања на скопските сообраќајници. Станува збор за машина за вадење дрвја, со која ќе располага „Паркови и зеленило“ и со која практично се овозможува дислокација на садници од едно на друго место.

Важно е корењата да не се оштетени.

Според буџетската ставка на Градот за 2015 година, за оваа набавка би се издвоиле 25 милиони денари, околу 405.000 евра, а парите е предвидено да се обезбедат од кредит.

- Машината ќе се набави за дислокација на дрвјата онаму каде што се гради некоја улица или зграда, но до одредена возраст на дрвото. Факт е дека не може сите дрвја да се спасат, зависи од висината, од ширината на корењата и од ред други фактори - изјавија од одделението за односи со јавност во Град Скопје.
Директорот на „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, изјави дека има разни типови машини за вадење дрвја со разни димензии. Во моментов не може да каже каква машина има намера да набави градската власт, дали една, две или повеќе, но информира дека скапите производи од овој тип, за подебели и повисоки садници, се движат и до 200.000 евра без царина и други давачки при увоз.

- Тоа е хидраулична машина, со четири делови кои личат на ашов. Се опфаќа дрвото, се опколува, се подигнува и се транспортира на друга локација. Дали дрвото ќе опстане понатаму зависи од многу други фактори, на пример, неговата состојба, типот на дрвото, земјата, оштетеноста на корењата - појасни директорот.

Вработените во „Паркови“ веќе се запознаени со ваков тип машини, особено од саемот во Нирнберг. Според Авировиќ, во светот одамна се работи машински, а не рачно.

Машината ќе може и да коси.

Од „Паркови“ објаснија дека теренот каде што се наоѓа некое дрво е од исклучителна важност за манипулација со машината и за понатамошен опстанок на извадените садници. Велат дека заштитата на кореновиот систем е важна, а проблемот со скопското подземје е што често наидуваат на разни кабли и инсталации кои се преплетени со корењата и кои се и причина за нивното оштетување. Особено е важно да се напомене дека по земјотресот во 1963 година, на многу локации во Скопје, каде што има стари дрвореди, има и шут, разурнати темели и други градежни остатоци, што директно влијае на лошата состојба на дрвото, макар било и извадено со механизација. Kако и да е, шансите дрвата да преживеат при пресадувањето се големи, затоа и ваквата механизација се користи често при вадење и транспорт на садници каде што нешто се гради.
Од градското одделение за односи со јавност дообјаснија дека машината што ќе биде набавена ќе има неколку функции.

- Може, на пример, да служи и за косење на кејот на Вардар. Станува збор за разни делови, кои ќе бидат купени со механизацијата, во зависност што се ќе биде побарано во спецификацијата, а и што ќе понудат фирмите што ќе се пријават на тендерот што ќе се распише - велат во Градот.

За наредната година градските власти најавија дека ќе прошират неколку улици, на пример, булеварот Партизански одреди до црквата „Свети Петар и Павле“, а на потегот каде што ќе се изврши проширувањето има млад дрворед од неколку десетици јавори, кои би можеле да се пресадат со машината што ќе биде купена.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=913052E1D3F5AF46BA98049817BD8B61
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 25-Dec-2014 at 08:20
АЕРОДРОМ НАЈБОГАТА, ШУТКА НАЈСИРОМАШНА СО ЗЕЛЕНИЛО

Градот и локалната самоуправа во претстојната година ќе одржуваат и ќе се грижат за 4.295.812 квадрати градско зеленило

Бојан Шашевски

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и општинските служби во 2015 година во свои раце ќе имаат за одржување 51.625.812 квадратни метри зеленило, од кои 4.295.812 се градско, а 47.330.000 квадрати вонградско зеленило. Со најмногу паркови, тревници, жардиниери, дрвореди, грмушки и разни цвеќиња и идната година ќе располага општина Аеродром, додека повторно нема најави за оззеленување на Шуто Оризари, која е најсиромашна со зелени зони - само 16.340 квадрати. Општинарите во Аеродром ќе се грижат за нешто повеќе од еден милион квадрати зеленило, Карпош за 605.063 , Чаир за 294.450, Центар за 195.484 квадрати... За Сарај, пак, иако површински е најголема општина, повторно нема конкретни и транспарентни бројки за расположливото зеленило. Единствено во руралниот дел ќе се третираат деловите кај СРЦ „Сарај“ и езерото Треска.

Речиси 9,2 милиони евра се предвидени за Програмата за изградба, одржување и користење јавни зелени површини на Скопје за 2015 година. Со овие пари „Паркови“ и локалната самоуправа со вкупно 445 ангажирани луѓе би ги опфатиле сите зелени појаси. Претпријатието е задолжено редовно да ги одржува двата дела од Градски парк, паркот „Жена-борец“, сето вонградско, како и зеленилото долж булеварите.

Во наредната година ќе се сади ново и ќе се одржува постојното странично зеленило на улицата „16. Македонска бригада“, на булеварот „Александар Македонски“, долж „Партизански одреди“, делот од третата фаза на „Гологанов“, потоа на „3. Македонска бригада“, на реконструираната „Јордан Мијалков“, по третата фаза на „Борис Трајковски“ и „Србија“. Исто така, градските власти предвидуваат нов парк помеѓу „АСНОМ“ и „Февруарски поход“.

Од „Паркови и зеленило“ упатуваат на различни норми за одржување на природната рамнотежа помеѓу загадениот воздух и парковските површини. Го потенцираат Градскиот парк со површина од 98.910 квадрати зеленило како значајно место за воспоставување на тој баланс.

Скопје со ГУП-от за 2012-2022 година треба да добие повеќе зеленило од сега, но тоа не е доволно за да заличи на европските метрополи. Низ развиените градови по стариот континент просекот на зелени површини е 16 квадрати по глава на жител. А Скопје по пописот од 2002 располага со 7,66 квадрати, што е под препорачаната норма од 9 квадрати глава по жител на Светската здравствена организација. Со новиот ГУП е планирано зеленилото да достигне до 8 квадрати, но се' се сведува само на статистика. Без соодветен закон за зеленило и посериозна институционална заштита со утврдени стандарди каде, што и колку се сече, тешко може да се води некаква евиденција и може да се надополнат исечените дрвја со други соодветни според локацијата, станбените единици, климата, според нивниот вид, растот... Згора на тоа, т.н. блоковско зеленило е потполно нерамномерно распределено.

Така, Аеродром има отприлика по 11,1 квадрати зеленило по жител, Карпош 10,2, Чаир - 4,6, Кисела Вода - 3,4, а Шутка ни за лек - 0,05 квадрати зеленило по жител.

„Според капацитетот на животната средина, за Скопје е планирано од 150 до 160 илјади жители. Само со толкав број жители нема да има трајна деградација на животната средина, а сега има четири пати повеќе и се плашам дека котлината нема да може да издржи“, рече архитектот Михаел Токарев кога се изготвуваше ГУП-от.

Нов обид за Зелен катастар

Скопје повеќе од една деценија чека на попис на зелените површини, со можност за институционална „рампа“ на неосновани градежни иницијативи. Потребата за зелен катастар досега се провлекуваше по конференции, јавни дискусии, кампањи... Остана само на тоа. Сега Градот повторно најавува изработка на зелен катастар, со фазна реализација на просторни податоци за обемот и за видот на зеленилото. Ваквиот документ треба да биде основа за унапредување на урбаните површини со оглед на фактот што зеленилото, покрај рекреативните, амбиенталните и социјалните функции, придонесува и за намалување и за адаптирање на климатски промени. За катастарот од Буџетот за 2015 се предвидени 1,5 милиони денари, а треба да се реализира заедно со пролонгираниот Закон за јавно зеленило.

„Со Зелениот катастар ќе се утврди површината, сопственоста и квалитетот на зеленилото, во функција на урбанистичкото планирање, а со крајна цел да се спречи натамошната пренамена на зеленилото во градежни цели“, стои во Програмата за животна средина на Градот за 2015.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=ED9E68DAB5F4614BBD0FA20DC9B2976C
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 30-Jan-2015 at 11:52
На линкот има и слики кои се преголеми за објавување тука...

Дрворед од туи на булеварот Никола Карев
    
Екипи на Град Скопје го исчистија просторот и засадија вегетација на јавната зелена површина на булеварот Никола Карев, на потегот од касарната Илинден до семафорите кај Момин поток.

Просторот кој беше дива депонија и од него беа отранети над 100 кубни метри смет и шут, сега е уреден и на него се засадени вкупно 220 зимзелени садници од видот туи (Juniperus Comunis), односно е формиран дрворед од туи.

За хортикултурно уредување на просторот Градот Скопје од буџетот издвои 329.072,00 денари, а на терен работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/777857341/drvored-od-tui-na-bulevarot-nikola-karev-foto

Edited by Џоле - 30-Jan-2015 at 11:53
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 30-Jan-2015 at 11:56




skopje.gov.mk
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 30-Jan-2015 at 16:40
Фала ти,jyvation. Патем, од втората слика (лево, кон долниот агол) се гледа колку го „собрале“ ѓубрето. На поголемите фотографии се гледа уште подобро, ако некој сака да ужива во таа прекрасна глетка.
За сè има вторпат
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 30-Jan-2015 at 16:59
Еден булевар треба да се реновира со тротуари и се што треба а потоа зеленило. Ова не е ништо срамота е да се пофалат со вакво нешто!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 30-Jan-2015 at 19:08
Добро,сепак треба да се прави разлика помеѓу пласирана информација и фалење.Да беше информацијава прикажана на Шител,МТВ... ќе беше фалење,.Ова е само официјално гласило на градот
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 30-Jan-2015 at 19:32
Многу погрешно ги насадиле, на половина метар од лентата и плус на кривина. Ја прави кривината понепрегледна. Ако има застанат сообраќај после кривината ете ти причина за сообраќајка. А и кога ке почнат да растат ке се шират во самата лента.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.