build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 30-Jan-2015 at 21:00
Originally posted by FCB

Многу погрешно ги насадиле, на половина метар од лентата и плус на кривина. Ја прави кривината понепрегледна. Ако има застанат сообраќај после кривината ете ти причина за сообраќајка. А и кога ке почнат да растат ке се шират во самата лента.

Зар мислиш ти дека некој има памет и го вклучува истиот, дај ти се молам...
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 30-Jan-2015 at 23:37
Originally posted by FCB

Многу погрешно ги насадиле, на половина метар од лентата и плус на кривина. Ја прави кривината понепрегледна. Ако има застанат сообраќај после кривината ете ти причина за сообраќајка. А и кога ке почнат да растат ке се шират во самата лента.
и јас го приметив истото, а знам дека тука често се случува луѓе да претекнуваат на полната лента Wallbash
исто така се сложувам со mymacedoniа... прво булеварот средете го, па после се друго... на одредени делници осовини се кршат и коли пловат по вирови, а тротоар е нешто незамисливо
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11862
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 31-Jan-2015 at 18:40
Денес поминав по булеварот, и имаше еден куп ѓубре од страните. Не знам само како објавуваат по медиуми дека исчистиле кога не сме слепи и можеме со свои очи да се увериме во нивното „работење“. А ѓубре од обете страни има од касарната Илинден до раскрсницата долу за Качанички пат.

Edited by Џоле - 31-Jan-2015 at 18:41
За сè има вторпат
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 411
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 31-Jan-2015 at 21:36
Originally posted by Џоле

Денес поминав по булеварот, и имаше еден куп ѓубре од страните. Не знам само како објавуваат по медиуми дека исчистиле кога не сме слепи и можеме со свои очи да се увериме во нивното „работење“. А ѓубре од обете страни има од касарната Илинден до раскрсницата долу за Качанички пат.

А, каде е одговорноста тука кај обичниот граѓанин? Зошто мора да се фаќате секогаш за градските власти? Кој тоа фрла смет по улици, јавни површини?

Тука повеќе станува збор за јавна култура и одговорност према општите добра од страна на граѓаните отколку негрижа од властите. Многупати сум бил сведок на исчистени корита, улици, зеленила, а после недела дена пак полни со отпадоци. Таков ни е менталитетот и културата. Сакаме поубава и посредена држава, а самите ја уништуваме свесно или несвесно.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 31-Jan-2015 at 22:04
Originally posted by Kid_A

секаде живеат стоки, а после тие стоки се чисти и се средува... не сме ние некоја посебно сточна нација која што прави којзнае што
да не збориме па за психолошкиот ефект кај луѓето... ако нешто личи на депонија, ќе биде третирано како депонија, едноставно е
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 02-Feb-2015 at 14:07
Originally posted by zabegan

Originally posted by Kid_A

Originally posted by Џоле

Денес поминав по булеварот, и имаше еден куп ѓубре од страните. Не знам само како објавуваат по медиуми дека исчистиле кога не сме слепи и можеме со свои очи да се увериме во нивното „работење“. А ѓубре од обете страни има од касарната Илинден до раскрсницата долу за Качанички пат.

А, каде е одговорноста тука кај обичниот граѓанин? Зошто мора да се фаќате секогаш за градските власти? Кој тоа фрла смет по улици, јавни површини?

Тука повеќе станува збор за јавна култура и одговорност према општите добра од страна на граѓаните отколку негрижа од властите. Многупати сум бил сведок на исчистени корита, улици, зеленила, а после недела дена пак полни со отпадоци. Таков ни е менталитетот и културата. Сакаме поубава и посредена држава, а самите ја уништуваме свесно или несвесно.
секаде живеат стоки, а после тие стоки се чисти и се средува... не сме ние некоја посебно сточна нација која што прави којзнае штода не збориме па за психолошкиот ефект кај луѓето... ако нешто личи на депонија, ќе биде третирано како депонија, едноставно е

Во Македонија изгледа се најголемиот дел.

Откорнати 10 садници туи од зеленилото на булеварот „Никола Карев“ (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден непознати сторители откорнале 10 садници и оштетиле повеќе садници од видот туи (Juniperus Comunis), засадени во дрворедот од туи на булеварот „Никола Карев“, на потегот од касарната Илинден до семафорите кај Момин поток, соопштија денеска од Град Скопје.

Оттаму го осудуваат овој, како што велат, вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град.

Од Градот апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади, коишто ги красат парковите и зелените површини низ градот, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.
Градот Скопје го пријавил овој вандалски чин во полиција, а МВР трага по сторителите.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/349215896/-otkornati-10-sadnici-tui-od-zeleniloto-na-bulevarot-nikola-karev-foto
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 02-Feb-2015 at 20:50
и што добиваат крадците и вандалите после чинот? едно јавно обраќање во вид „убаво ве замолуваме, немојте жити све да ги корнете дрвцава, не е убаво“
кај нас ништо нее под контрола, и после се буниме зошто јавноста се однесува така

да се разбереме, кога е извршен вандализам, се наоѓа сторителот, и плаќа соодветна парична казна на штетата, или врши општокорисна работа која подразбира поправање на неговата, па и туѓата штета... општината со своите служби има обавезна одговорност да ја поправи штетата како и да е, ако не сака да трага по сторители, тогаш нека си ја сноси одговорноста
ми се смачи од тоа да се етикетираме како општество од стоки, само заради некои индивидуи и нивната јавна неодговорност, како и неодговорноста на претпријатијата и државните органи

Edited by zabegan - 02-Feb-2015 at 20:50
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11862
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 26-Feb-2015 at 15:24
ПО НАЛОГ ОД ГРАДОТ

ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА НА ПЛОШТАД

Ги снема дрвјата од двата дрвореда на плоштадот Македонија. Над металната ограда со која е заграден најголемиот дел од Плоштадот, поради изградба на подна фонтана, веќе не се гледаат крошните на јаворите, а оние што ќе успеат да ѕирант зад тарабите, можат да видат дека сите дрвја се пресечени. Од Градот имаат кусо објаснување за сечата.

"Поради лошата вегетативна состојба на дрвјата, а врз основа на решение издадено од соодветен орган, дрвјата на Плоштадот се исечени ", велат од Градот.

Оттаму додаваат дека на нивно место, во најповолниот период за вегетација, ќе бидат засадени нови декоративни садници.

Подетално објаснување за причините за сечата не добивме ниту од ЈП "Паркови и зеленило". Оттаму велат дека постапувале по налог на Градот.

"Дрвјата се исечени поради недоволен раст, во Градот Скопје си има шумарски инженери кои тоа го проценуваат, а ние само ги извршуваме нивните одлуки", рече директорот на ЈП "Паркови и зеленило" Душан Авировиќ.

Исечени се сите 32 јавора кои беа засадени пролетта 2004 година, кога привршуваше реконструкцијата на Плоштадот. Во периодот кога ги садеа, дрвјата имаа веќе оформена крошна и беа високи 7 до 8 метри. Тие беа засадени како замена за старите дрвја на Плоштадот, кои беа исечени бидејќи не се вклопуваа во неговиот нов изглед. Со првата масовна сеча на дрвјата на Плоштад, на крајот од 2003, беа исечени и од корен извадени сите дрвја. И со сегашната, втора масовна сеча, на Плоштадот не е останато ниту едно дрвце.

http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=79C1F3A98455F54898D6B65622EFADB8
За сè има вторпат
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 26-Feb-2015 at 16:14
„лоша вегетативна состојба“... или преведено на неполитички јазик, можност да се испере уште по некој денар, додека може да се искористи...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 26-Feb-2015 at 16:55

зошто да бидат засадени нови, кога можат да стават веќе израснати, и така имаат сега машина за пресадување [1] пошто додека дочекаме 5 години за да нарастат нови дрвца ќе се случат многу убави работи макар дрвата биле и брзорастечки

~

@ Z мислам океј бош и празни муабети, но кажи како тоа ќе исперат некој денар доколку засадат нови дрва, кој ќе ги земе парите и кому ќе ги префрли, од паушални зелени нема крај на форумов

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 26-Feb-2015 at 19:37
настрана политика-дали знае некој зошто навистина дрвцата растеа со мало темпо? таква беше врстата? или можеби црниот гранит ги гореше одоздола?или никој можеби и не ги вадел
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 26-Feb-2015 at 22:20
Originally posted by beTon

зошто да бидат засадени нови, кога можат да стават веќе израснати, и така имаат сега машина за пресадување [1] пошто додека дочекаме 5 години за да нарастат нови дрвца ќе се случат многу убави работи макар дрвата биле и брзорастечки

~

@ Z мислам океј бош и празни муабети, но кажи како тоа ќе исперат некој денар доколку засадат нови дрва, кој ќе ги земе парите и кому ќе ги префрли, од паушални зелени нема крај на форумов

поголема паушална зелена од тоа дека дрвореди се заменуваат поради бавен раст нема... и не ти треба инжињер од шумарски за да ти го каже тоа... всушност, и самите екперти си кажуваат дека нејќат да коментираат за потегов и викаат дека работат по налог на градот...
не знам, еве нека не е никаков криминал со пари, еве објасни што е
кога никој не сака да објасни, еве вака ќе си тресеме зелени во земја каде што логиката е во минус

Edited by zabegan - 26-Feb-2015 at 22:21
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 27-Feb-2015 at 00:06
ќе има доста смеење ако и новите садници нерастат како што треба,па уште еднаш да игра секирата на плоштадот(ако веќе не е политички хир на некого,за што има шанса и тоа голема)
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 27-Feb-2015 at 00:44

нерастењето зависи од повеќе фактори, меѓу другото што се скржави и на хормони, а за хирови иако тоа е воможно дал од инат или од сеир, сепак сметам дека за вакво нешто овде нема простор, може евентуално да е дизајнерски муабет та да мора да се пегла вака, но според проектот тоа не е случај
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7071
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 27-Feb-2015 at 01:39
штом нити од „Паркови и зеленило“ не сакаат да не задоволат со едноставно објаснување, нити општината не сака да го направи тоа, тогаш не би дискутирал понатака...
не ми е јасно што е толку тешко да се комуницира малку со јавност и да прекинат сите да се однесуваат како да ги тераме лични тајни да откриваат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
MKD View Drop Down
Newbiе
Newbiе

Joined: 14-Oct-2009
Location: gevgelija
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote MKD Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 27-Feb-2015 at 12:11
ke se zasadat palmi visoki po sest metri neli pomina tenderot za 1000 palmikoj ke se zasadat vo Ohrid Gevgelija Dojran tuka e i plostadod vo Skopje
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 27-Feb-2015 at 19:46
Незнам за во Скопје,ама во Кичево еден проба да посади палми,и нормално не го издржаа ни првиот студ
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 12-Mar-2015 at 10:20
Палмите на градската плажа ја преживеаја зимата

Палмите на градската плажа Камени мост ја преживеаја зимата. Екипите на ЈП "Паркови и зеленило", кои ги одржуваат егзотичните дрвца, ги тргнаа најлоните со кои беа покриени палмите зимава. Сите 15 дрвца на плажата се здрави, а, како што објаснуваат од претпријатието, тоа е поради начинот на кој ги негувале кога температурите беа ниска, пишува Вест.

"Од лани имаме посебен начин на одржување на палмите. Иако зимава беше студена, успеавме да ги зачуваме палмите. За да не замрзнат, првин ги покривме крошната и стеблото со најлони. На најлоните правевме мали дупки за да можат да дишат. Ги потхранувавме со ѓубре од калифорниски црви, кое ги одржува во живот и затоа сега, кога се откриени, гледаме бујни дрвца", вели Душан Авировиќ, директор на ЈП "Паркови и зеленило".

Летово, палмите редовно ќе се полеваат, но, како што објаснуваат од претпријатието, на овие дрвца не им се става вода во коренот, туку на стеблото.

Прв пат откако се донесени, палмите ја поминаа зимата на плажата. Претходните зими, екипи од "Паркови" ги носеа во стакларницата во расадникот на ЈП "Паркови и зеленило", каде што се топлеа со греалки.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1018601417/palmite-na-gradskata-plaza-ja-preziveaja-zimata-foto
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1859
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 17-Mar-2015 at 20:57
Во РЦА ,повеќето од дрвцата кој беа засадени есента во заштитното зеленило помеѓу населбата и бул. Видое Смилевски Бато од страна на населбата (тие од страна на булеварот се здрави бидејќи се поголеми) се искршени на стеблото и нивната крошна повеќе не постои, не сум запознат дали тие може да преживеат така но верувам дека нема да преживеат.
Back to Top
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 18-Mar-2015 at 04:13
Не гледам ништо од што би имало да се гордее човек за тоа како ги одржале палмите во живот. Ако ги одржувале како што треба ќе направеле и околината да заличи на нешто а не вака ко запустено село. И на кој воопшто му текна да ги посадат на ова место. Нема логика, исто и како што нема логика самата плажа. Кога ја видов сликата ми заличи како инсерт од емисијата "Life After People". Сигурно овде и при помал дожд е невозможно да поминеш а да не се направиш со кал.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.