build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2420
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 22-Mar-2015 at 04:27
Владиката Тимотеј за Охрид1 вели дека дрвјата биле стари и опасни.



http://www.plusinfo.mk/vest/19277/videogalerija-iseceni-drvjata-kaj-crkvata-sveta-sofija-vo-ohrid



Edited by fichot - 22-Mar-2015 at 04:29
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12049
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 31-Mar-2015 at 09:11
За сè има вторпат
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 31-Mar-2015 at 12:08
Имам чувство дека на градскиве власти дрвава и зелениве површини се непријател број 1.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 31-Mar-2015 at 23:34






Back to Top
Gradinarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Aug-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 368
  Quote Gradinarot Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 01-Apr-2015 at 00:25
Ако не посади во каква-таква компензација по 1ХА шума, за овие дрва, повеќе не го сметам за човек, не па градоначалник да биде.
.....   .......
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 01-Apr-2015 at 00:42
Да,и јас сум за компензација и тоа мултиплицирана во однос на пресеченото,но да биде во некој близок радиус а не негде во Сопиште
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2420
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 01-Apr-2015 at 02:04
Ќе засади... фиданки, да ги чекаме 20 години да пораснат.

Или, палми можеби? Читав некој во Козле засадил банана во двор... па што да не и на плоштад.


Edited by fichot - 01-Apr-2015 at 02:05
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 01-Apr-2015 at 11:47
Се префрламе пред влада

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1893
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 01-Apr-2015 at 13:02
mislam deka glavna karta na koja sto igraat site ovie godini e: izivuvaj se vrz poslabiot.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12049
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 01-Apr-2015 at 13:38
Мислам дека пред Влада ги сечат дрвјата за самата зграда да дојде до израз. Моја претпоставка.
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 01-Apr-2015 at 13:41
Originally posted by Џоле

Мислам дека пред Влада ги сечат дрвјата за самата зграда да дојде до израз. Моја претпоставка.


Moja pretpostavka e deka e poradi bezbednost. A moze i da e kombinacija od dvete.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2420
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 01-Apr-2015 at 14:30
Безбедност?

Вистина, сега верверичките ќе нема од кај да нападнат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 01-Apr-2015 at 21:41
Originally posted by Џоле

Мислам дека пред Влада ги сечат дрвјата за самата зграда да дојде до израз. Моја претпоставка.
ова е и моја прептпоставка... каква неверојатна случајност... се сечат дрва на плоштад и пред објектот на владата... болен е некој друг, а не дрвава...

Edited by zabegan - 01-Apr-2015 at 21:42
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12049
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 03-Apr-2015 at 09:15
Деновиве и во Чаир, на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, веднаш после Јаја Пашина џамија, се исечени неколку стари, но здрави дрвја. Поминувајќи вчера оттаму, забележав бели испрекинати линии на тротоарот (како на сликата, над трупецот), и тоа ме замисли. Можно ли е да станува збор за обележување на најавеното проширување на булеварот? Претпоставувам, токму затоа се исечени и дрвјата кои летно време беа вистински спас од силното сонце.

За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 03-Apr-2015 at 09:34
ДРВЈАТА ИСЕЧЕНИ, ГРАДОТ СОГОЛЕН



Официјално сечата се прави поради болест и деградација на стеблата, а понекогаш и за потреба од реализација на ДУП, но исклучиво по стручно направена процена

Не запира сечењето стари разгранети дрвја низ центарот на Скопје. Официјално, сечата се прави поради болест и деградација на стеблата, а понекогаш и заради потреба од реализација на ДУП, односно заради изградба на некој објект. Како, на пример, дел од паркот на улицата „Јордан Мијалков“, кој е деградиран на сметка на проширување на сообраќајницата. Последната сеча е направена деновиве на две локации во централното подрачје. На плоштадот, поточно на ул.„Македонија“ се исечени последните два костена кои беа единствените разгранети дрвја, чии широки крошни правеа убава сенка на шеталиштето спроти „Пелистер“. Завчера на ред беа боровите пред новата зграда на Владата. И во двата случаја, одговорните тврдат дека се работело за стари и болни стебла.

Дрвјата низ Скопје ги сечат екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, по налог, односно решение издадено од Секторот за комунални работи на Градот. Директорот на ова градско претпријатие, Душан Авировиќ, вели дека сопственик на дрвјата е Град Скопје, а не општините. Од Градот појаснуваат дека пред да се донесе одлука за сечење, се прави проценка за состојбата на стеблото. Процената ја прават службите, односно ЈП „Паркови и зеленило“ и Секторот за комунални работи во Градот каде што има стручни луѓе, шумарски инженери кои вршат контрола на дрвниот фонд и прават проценка, а потоа носат решение за сечење кое, пак, го спроведува „Паркови и зеленило“. Од службата за информирање на Град Скопје велат дека никогаш не се сечат дрвја заради нечии лични желби, туку исклучиво по стручно направена проценка за состојбата.

Таков е случајот и со последната сеча. Двата костена на улицата „Македонија“ биле стари и деградирани и морало да бидат исечени. Што се однесува до боровите пред Владата, да се сечат побарала владината Служба за општи и заеднички работи, иако и тие биле делумно стари.

„Дрвјата се сечат кога се стари, деградирани и болни за на нивно место да се засадат нови и квалитетни. Во Скопје долг период воопшто не се работеше на сечење и на обновување на расадничкиот фонд, па многу дрвја имаа голема старосна структура, беа деградирани и оштетени. На наша иницијатива во подготовка е закон за зеленило кој ќе се вклопи во Законот за градба и со кој строго ќе се регулира сечењето. Тоа мора да се стори, бидејќи има стари дрвја кои се потенцијална опасност. Се случува дрвја да паднат врз коли, а ние за тоа плаќаме големи отштети. На, пример, лани за обесштетување имаме исплатено преку 900.000 денари“, вели Авировиќ.

Директорот на „Паркови“ вели дека секогаш работат по налог на Градот, освен кога се работи за тополите, кои се изземени од издавањето решенија за нивно сечење, па се сечат секогаш кога претпријатието ќе има време за тоа.

„Тополите се латентна опасност за граѓаните, како поради алергиите што ги предизвикуваат, така и поради нивната старост. Во последните шест години во Скопје се исечени над 900 тополи и тоа е најпозитивната работа што се случила за 30 години. Добро е што беа исечени и липите на бул ’Св. Климент Охридски‘, бидејќи доколку останеа, од ланското невреме сигурно ќе паднеа, па можеше да дојде до некои несакани последици. А, дали индиските јорговани што се засадени на нивно место се најсоодветни, не можам да кажам, нас не не' консултираат. Сепак, нашата тенденција е да се садат автохтони садници, а за Скопје тоа се јавор, јасен, див костен и липа. Тие најмногу одговараат на микроклимата тука“, вели Авировиќ.

Практиката покажува дека на местото на исечените стари дрвја се садат наменски садници кои имаат пред се' декоративна улога. Згора на тоа се садат млади садници, а не повозрасни дрвја со оформени крошни. Авировиќ појаснува дека колку се помали садниците толку е поголем процентот на зафатеност. Исто така, според директорот на „Паркови“ се садат листопадни, а не зимзелени дрвја, бидејќи тие имаат 10 пати поголема апсорпциска моќ. (Б.А.)

За 10 години половина зеленило заменето со згради

Во последната деценија дури 50 проценти од постојното зеленило во строгиот центар е „заменето“ со градби. Според некои анализи, во делот на Малиот ринг во 2002 година имало 75.649 квадрати зелени површини, а во 2013 само 34.994 квадрати. Површината на крошните, пак, е намалена за 20 отсто, како резултат на континуираното сечење разгранети дрвја.

Екологистите изброиле дека во април 2013 година се исечени 33 дрвја кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, дека е избетониран дел од парк во Тафталиџе, а извршена е масовна сеча и на зеленилото околу хотелот „Бристол“. Лани во јули, чаирчани протестираа против 17 маркички наменети за објекти во паркот во Чаир. Во меѓувреме продолжи да се намалува зеленилото за сметка на проширени улици, нови градби и реконструкции, како што неодамна беа отстранети и сите дрвја од плоштадот „Македонија“ поради негова нова реконструкција.

Врз која основа сечат здрави дрвја?

Здружението за заштита на животните и животната околина „Еден“ реагира на континуираното сечење дрвја низ Скопје. Повод за нивната реакција е последната сеча на двата, според нив сосема здрави бора пред Владата, како и дивите костени пред „Пелистер“, откако претходно на плоштадот беа исечени 32 јавора.

„Се прашуваме, дали носителите на одлуки се свесни што значи ова за градот? Свесни ли се дека Скопје е прв град по загаденост во Европа? Свесни ли се дека во зима загаденоста во градов е еднаква на степенот на радиоактивност во Хирошима и Нагасаки? Свесни ли се дека наши сограѓани умираат од астма и разни други респираторни болести поврзани со лошиот квалитет на воздухот и недостигот од воздух? Ги повикуваме институциите кои работат со државни пари и им должат отчетност и транспарентност на граѓаните да одговорат врз која основа сечат здрави дрвја за кои потоа како одговор пласираат лажни информации дека биле болни и гнили? На фотографиите од трупците јасно се гледа дека се работи за здрави дрвја поради тоа што нема никакви знаци на болест или старост. Кој ги одобрува овие одлуки и кој ги контролира процедурите? Кое сценарио треба да му се случи на Скопје за да стане јасно дека скопјани сакаат да живеат, а не да бидат живи погребани во бетон?“, се вели во реакцијата на „Еден“.

http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=1536EB7A9AD4AF4B8256BF5DCDF9FFAC
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1893
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 03-Apr-2015 at 10:59
kako ne vi e sram, secenjeto na drva na ul. makedonija nema nikakva vrska so dislokacija na car samoil, isto i drvata pred vlada nemaat nikakva povrzanost so ogradata.

toa e edna takva slucajna koincidencija da toa e cudo nesto
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12049
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 09-Apr-2015 at 16:50
Костенот што го исекоа за преместување на споменикот на Самуил:



фото: radiomof.mk
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1483
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 10-Apr-2015 at 20:53
Уште еден масакр, овојпат на бул. 11 Октомври












И пред една седмица во Тафталиџе
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 10-Apr-2015 at 21:04
Добро бре каде се сите еколошки друштва????
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2420
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 10-Apr-2015 at 23:26
Тафталиџе - новото Дебар маало. Затоа ќе се прави ново Тафталиџе над Трнодол.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.