build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #461 Posted: 11-Apr-2015 at 00:34
Originally posted by Svarog

Добро бре каде се сите еколошки друштва????


Партијата на зелените, односно ДОМ, е во коалиција со владејачката партија, па нив нигде ги нема овие неколку години додека се врши зелен геноцид во градов. А ти прашуваш каде се еколошките друштва. Да не се зафркаваме, само фотелји ги интересираат. Ништо друго. Затоа сме таму каде што сме во однос на зеленило.
За сè има вторпат
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #462 Posted: 11-Apr-2015 at 10:07
Originally posted by Svarog

Добро бре каде се сите еколошки друштва????

Колку што јас гледам некој оградил простор за кој што веројатно има маркица за градење објект. Што треба да направат еколошките друштва, да се самозапалат затоа што некој на приватен имот исекол три брези. Самата идеа за зеленило ја уништивте вие со хистеријата за секое дрво што ке се исече во Скопје, се однесувате како дрвата да се онолку свети колку што се свети кравите во Индија. И во Индија кравите умираат, некои од природна смрт, некои во инцидент, некои од глад, но се раѓаат нови крави. Нормално е да се сечат дрва, уште понормално е да се садат повеќе отколку што ке се исечат, секое дрво како и секое живо суштество има свој век, и своја функција. Во одреден момент нивната функција ке ги заменат други дрва, и други дрвореди и други шуми. Треба да се бориме што повеке да имаме вакви други (нови) насади, а не да плачеме над секое дрво...
Interceptor design
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #463 Posted: 11-Apr-2015 at 10:08
Originally posted by Џоле

Originally posted by Svarog

Добро бре каде се сите еколошки друштва????


Партијата на зелените, односно ДОМ, е во коалиција со владејачката партија, па нив нигде ги нема овие неколку години додека се врши зелен геноцид во градов. А ти прашуваш каде се еколошките друштва. Да не се зафркаваме, само фотелји ги интересираат. Ништо друго. Затоа сме таму каде што сме во однос на зеленило.


Кога беа во коалиција со СДСМ беа драстично поактивни. Нели!
Interceptor design
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #464 Posted: 11-Apr-2015 at 10:52
Џоле, ДОМ не ни ја сметам за зелена, еколошка партија...
totobobo дрвото како дрво има многу функции, не е само за украс. Второ не знам и дали знаеш дека според закон не смее да се сечат дрва дури и на приватен имот и лично од тебе да се насадени.
Иначе да, дрвата во Градов треба и тоа како да се чуваат и заштитувааат, тпа е така поради тоа што во последните неколку години се изврши геноцид на зелените површини за да дојде до таа ситуација денес да нема ниту една зелена површина во самиот центар на градот.
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #465 Posted: 11-Apr-2015 at 14:49
Најдобро беше објаснувањето на Град Скопје кое го пуштија на сите пушачки телевизии во етерот дека била исечена ЕДНА стара липа...

На сликава се гледа дека станува збор за повеќе дрва.

И понатаму успешно го унаказуваат градот.

Edited by Teglarot - 11-Apr-2015 at 14:49
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #466 Posted: 13-Apr-2015 at 09:00
Originally posted by Svarog

Џоле, ДОМ не ни ја сметам за зелена, еколошка партија...
totobobo дрвото како дрво има многу функции, не е само за украс. Второ не знам и дали знаеш дека според закон не смее да се сечат дрва дури и на приватен имот и лично од тебе да се насадени.
Иначе да, дрвата во Градов треба и тоа како да се чуваат и заштитувааат, тпа е така поради тоа што во последните неколку години се изврши геноцид на зелените површини за да дојде до таа ситуација денес да нема ниту една зелена површина во самиот центар на градот.

Неспорна е улогата на дрвата и зеленилото воопшто. спорно е правењето на драма и ронењето на крокодилски солзи за секое исечено дрво. Да не се повторувам секое дрво има свој животен век, сечењето на некои од нив е од урбанистички, плански, старосни, здравствени причини. Секаде се сечат, се сечеле и ке се сечат дрва, важно е дали се садат нови садници, за да се направи баланс или уште подобро да се зголеми шумскиот фонд. Инаку тешки зборови како геноцид, и слични се повеќе во функција на драматургија со цел да се демонизираат одредени иснституции.
Interceptor design
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #467 Posted: 13-Apr-2015 at 09:16
Па, кога тие институции би си ја вршеле работата како што треба (за што добиваат плата од наши пари), не би постоела потребата од нивно демонизирање. Мислам дека веќе се уверивме како функционираат речиси сите локални (градски) институции. Каде и да прошета човек низ градов, забележливи се резултатите од нивното (не)работење.
За сè има вторпат
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #468 Posted: 13-Apr-2015 at 17:38
Originally posted by Џоле

Па, кога тие институции би си ја вршеле работата како што треба (за што добиваат плата од наши пари), не би постоела потребата од нивно демонизирање. Мислам дека веќе се уверивме како функционираат речиси сите локални (градски) институции. Каде и да прошета човек низ градов, забележливи се резултатите од нивното (не)работење.


Прво генерализираш, сите локални самоуправи ги ставаш во ист кош, има и добри, помалку добри и лоши (во овие се разбира не е твојот Жерновски), второ овде се збори за зеленило, и дали се садат повеке дрва одколку што се сечат...
Interceptor design
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #469 Posted: 13-Apr-2015 at 17:43
А дали знаеш колку време е потребно за едно дрво откако ќе се насади да го дава ефектот на веќе постоечкото?
Искрено и не знам во централното градско подрачје каде се садени дрва последните години... искрено не знам..
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #470 Posted: 13-Apr-2015 at 17:53
Originally posted by Svarog

А дали знаеш колку време е потребно за едно дрво откако ќе се насади да го дава ефектот на веќе постоечкото?
Искрено и не знам во централното градско подрачје каде се садени дрва последните години... искрено не знам..

Веројатно ретко доагаш во центар, затоа не си ги приметил. На секое дрво му треба време за да порасне, како и на секое дете што му треба време да стане возрасен. Но умираат и старите луѓе и дрвата и птиците, се си има свој век на живеење. Надвор од тоа постојат приоритети кога е во прашање економски или социјален просперитет. Овде се прават скандали за две исечени дрва, од друга страна кога се отвараат рудници, или се пробиваат автопатишта се сечат хектари и хектари шума, но тогаш не плачеме, иако рака на срце и тогаш се засадуваат нови површини со дрва. Или каде сте да плачете кога стотици хектари шума ке изгорат во летниот период, ке изгорат, ке се спаси што може да се спаси, и за деценија две пак ке се возобноват изгорените површини. Овде во Скопје дежурните *сликари* само чекаат да се исече некое дрво и трга лавината, почнуваат зборови како масакар, геноцид, масовна сеча... и на тоа се налепуваат уште по загрижените *зеленаши*, со уште поострачни реченици.
Interceptor design
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1888
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #471 Posted: 13-Apr-2015 at 18:22
Тото дојди ти на Булевар Србија на потегот од мостот Близнаци до Џеваир да те прошетам јас и да ми кажеш каде засадиле нови дрва да ги заменат тие што ги исекоа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #472 Posted: 13-Apr-2015 at 19:37
Originally posted by totobobo


Прво генерализираш, сите локални самоуправи ги ставаш во ист кош, има и добри, помалку добри и лоши (во овие се разбира не е твојот Жерновски), второ овде се збори за зеленило, и дали се садат повеке дрва одколку што се сечат...


Како прво, Жерновски не е мој. Како второ, не живеам во Центар. Како трето, и покрај тоа што не живеам во таа општина, не можам да се правам слеп кога гледам како (не) функционираат градските институции (да ти појаснам: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација и сл.)
За сè има вторпат
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #473 Posted: 14-Apr-2015 at 11:46
Originally posted by Џоле

Originally posted by totobobo


Прво генерализираш, сите локални самоуправи ги ставаш во ист кош, има и добри, помалку добри и лоши (во овие се разбира не е твојот Жерновски), второ овде се збори за зеленило, и дали се садат повеке дрва одколку што се сечат...


Како прво, Жерновски не е мој. Како второ, не живеам во Центар. Како трето, и покрај тоа што не живеам во таа општина, не можам да се правам слеп кога гледам како (не) функционираат градските институции (да ти појаснам: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација и сл.)


Се сложувам дека не функционираат идеално, но генерално сите градски јавни претпријатија се подобри од минатото, сигурно сите се секаваме на несобраноото ѓубре, на камионите од кој што испаѓаше смет, на тревници со по 1 метар трева, на дивите депонии дури и во Центар, на искршените пп хидтранти кои течеа со месеци... многу, многу работи треба овие претпријатија да сменат, и да подобрат, но трендот на нивното работење оди во позитивна насока. Незнам дали си живееш во центар, но знам дека неселективно ги воздигна до небеса двата мини проекти на градонацалникот центарски, едното скверче и едното уличе, кои патем не чинат сите нас баснословни пари. За разлика од другите твои постови каде жестоко го напаѓач секој проект на Владата или локалната самоуправа која е од редот на вМРО, затоа си мислев дека е твој Жерновски, но можеби сум згрешил. Извини.
Interceptor design
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: Brisbane
Online Status: Offline
Posts: 813
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #474 Posted: 15-Apr-2015 at 02:37
тото ако некој ги критикува и не ги оправдува потезите на владата не значи дека автоматски дека ги подржува тие што се во опозиција. Реалноста не е црно бела......
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #475 Posted: 15-Apr-2015 at 07:02
Originally posted by mirakuliks

тото ако некој ги критикува и не ги оправдува потезите на владата не значи дека автоматски дека ги подржува тие што се во опозиција. Реалноста не е црно бела......


Se soglasuvam, ima i 50 nijansi na Sivo. No ako nekoj gi velica proektcinjata na opozicijata, a istovremeno gi pluka tie na vlasta, ne ke da e edna od ovie 50 sivi nijansi, neli?
Interceptor design
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12162
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #476 Posted: 15-Apr-2015 at 10:02
A што ако проектчињата на опозицијата се десетпати поевтини и подобри од оние на власта, што правиме тогаш? Дали и тогаш критичарите на власта ќе бидат жигосувани и етикетирани со таква леснотија каква ја прикажуваш тука?

И најпосле, не е исто да се критикува опозиција и позиција, од причини што тие што се на позиција имаат далеку поголема моќ и власт, и механизми на располагање, а со тоа и одговорност, од оние што не се на власт. Многу е едноставно. Но политичките далтонисти не ги гледаат тие „50 нијанси на сиво“, нели?
За сè има вторпат
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #477 Posted: 15-Apr-2015 at 10:48
Originally posted by Џоле

A што ако проектчињата на опозицијата се десетпати поевтини и подобри од оние на власта, што правиме тогаш? Дали и тогаш критичарите на власта ќе бидат жигосувани и етикетирани со таква леснотија каква ја прикажуваш тука?

И најпосле, не е исто да се критикува опозиција и позиција, од причини што тие што се на позиција имаат далеку поголема моќ и власт, и механизми на располагање, а со тоа и одговорност, од оние што не се на власт. Многу е едноставно. Но политичките далтонисти не ги гледаат тие „50 нијанси на сиво“, нели?


Конечно си ја отвори душата, ова е пофер настап, отколку да се глуми независност. Цената се смета по М2 изградена уличка или скверче, баснословни се износите на овие два објекти во Центар, и тоа и самиот многу добро го знаеш. Знаеш дека се 4 пати поскапи од реалната цена, но не ти пречеше да ги возвишиш до небеса. Е сега малку си ја згрешил работата околу власт и опозиција, Жерновски е власт во Општина Центар, а вмро е опозиција во истиот центар. Жерновски треба како власт во својата општина да ми положи рачун на мене, бидејки ти не му ни бараш, зошто гради по 4 пати поскапи цени од останатите градоначалници. За жал овде нема ниедна нијанса на сиво, се е црно, ама за некои како што ти ги нарекуваш далтонисти се си е бело, иако далтонистите гледаат и сиво, кога сакаат да не мижат.
Interceptor design
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #478 Posted: 15-Apr-2015 at 12:04
ОК, во право се колегите, овде на овој форум се фалат и критикуваат објекти т.е. проекти на сите градоначалници и институции без разлика на партиската припадност. Јас, а и многумина оттука што ти ги етикетираш како припадници на СДСМ неколку пати пофаливме неколку проекти што се во надлежност на Централната Власт (види Филхармонија, Катна Гаража цветен пазар, работнички универзитет ...). Оттука би ти препорачал во недостаток на аргументи и факти да не се вадиш со вакви погрешни констатации туку еднсотавно да ги прифатиш како такви.   

И едно прашање до тебе, дали и кога ВЛАДАТА ќе поведе сметка и рачун за тоа што најголем дел од проектите се по повеќекратно поскапи во однос на реалната (пазарна) цена?
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #479 Posted: 15-Apr-2015 at 13:00
Originally posted by Svarog

ОК, во право се колегите, овде на овој форум се фалат и критикуваат објекти т.е. проекти на сите градоначалници и институции без разлика на партиската припадност. Јас, а и многумина оттука што ти ги етикетираш како припадници на СДСМ неколку пати пофаливме неколку проекти што се во надлежност на Централната Власт (види Филхармонија, Катна Гаража цветен пазар, работнички универзитет ...). Оттука би ти препорачал во недостаток на аргументи и факти да не се вадиш со вакви погрешни констатации туку еднсотавно да ги прифатиш како такви.   

И едно прашање до тебе, дали и кога ВЛАДАТА ќе поведе сметка и рачун за тоа што најголем дел од проектите се по повеќекратно поскапи во однос на реалната (пазарна) цена?


Ако има објекти поскапи од реалната цена, треба низ правна процедура да се докаже тоа, и во тој случај некој одговорни лица да сносат законски предвидени казни. Јас тебе не сум те етикетирал како припадник на СДСМ, бидејки ја немав таа информација досега, само генерално говорев околу различните аршини за објекти кои се изградени, од сдсм и вмро. Посочувајки ги како најеклатантни примери уличките во центар. Иако сите овие муабети се генерално далеку од двете исечени дрва и зеленилото воопшто...

Edited by totobobo - 15-Apr-2015 at 13:01
Interceptor design
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #480 Posted: 15-Apr-2015 at 13:32
Иначе денес поминав кај исеченото дрво кај Пелистер и просторот беше обележан, личеше како да ќе се врши копање...
... Неиздржана беше информацијата дека дрвото е исечено поради тоа што беше болно бидејќи и со најмало разбирање човек од самото дрво т.е. корен ќе забележеше дека не е болно.
Иначе да не заборавиме дека минатата година беа исечени повеќето од дрвата на Рекорд, Зелен пазар... значи имаме континуитет во сечењето на дрвата и уништувањето на зеленилото (пр. Аутомакедонија).
Оттука и со право се дига прашина околу дрвата и зеленилото.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2223242526 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.265 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.