build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Зеленило
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #481 Posted: 15-Apr-2015 at 22:03
Originally posted by Svarog

Иначе денес поминав кај исеченото дрво кај Пелистер и просторот беше обележан, личеше како да ќе се врши копање...
... Неиздржана беше информацијата дека дрвото е исечено поради тоа што беше болно бидејќи и со најмало разбирање човек од самото дрво т.е. корен ќе забележеше дека не е болно.
Иначе да не заборавиме дека минатата година беа исечени повеќето од дрвата на Рекорд, Зелен пазар... значи имаме континуитет во сечењето на дрвата и уништувањето на зеленилото (пр. Аутомакедонија).
Оттука и со право се дига прашина околу дрвата и зеленилото.


Interceptor design
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4440
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #482 Posted: 16-Apr-2015 at 00:14
Ти бе уште си тука? Може да се изненадиш, ама тука има луѓе кои не лепеле плакати за да работат за 200 евра во некое ќоше на некое министерство како тебе, туку имаат свој мозок и со него размислуваат.

Ајде оди сега рапортирај во штабот и дозволи ни да дискутираме како возрасни.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #483 Posted: 16-Apr-2015 at 07:02
Originally posted by гитардемон

Ти бе уште си тука? Може да се изненадиш, ама тука има луѓе кои не лепеле плакати за да работат за 200 евра во некое ќоше на некое министерство како тебе, туку имаат свој мозок и со него размислуваат.

Ајде оди сега рапортирај во штабот и дозволи ни да дискутираме како возрасни.


Такозвани *Штабски пацов*, ха ха ха, добар си. Да тука сум, за да ги нервирам таквите како тебе со испрани мозоци...
Interceptor design
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2419
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #484 Posted: 16-Apr-2015 at 09:11
Originally posted by totobobo

Originally posted by Џоле

A што ако проектчињата на опозицијата се десетпати поевтини и подобри од оние на власта, што правиме тогаш? Дали и тогаш критичарите на власта ќе бидат жигосувани и етикетирани со таква леснотија каква ја прикажуваш тука?

И најпосле, не е исто да се критикува опозиција и позиција, од причини што тие што се на позиција имаат далеку поголема моќ и власт, и механизми на располагање, а со тоа и одговорност, од оние што не се на власт. Многу е едноставно. Но политичките далтонисти не ги гледаат тие „50 нијанси на сиво“, нели?


Конечно си ја отвори душата, ова е пофер настап, отколку да се глуми независност. Цената се смета по М2 изградена уличка или скверче, баснословни се износите на овие два објекти во Центар, и тоа и самиот многу добро го знаеш. Знаеш дека се 4 пати поскапи од реалната цена, но не ти пречеше да ги возвишиш до небеса. Е сега малку си ја згрешил работата околу власт и опозиција, Жерновски е власт во Општина Центар, а вмро е опозиција во истиот центар. Жерновски треба како власт во својата општина да ми положи рачун на мене, бидејки ти не му ни бараш, зошто гради по 4 пати поскапи цени од останатите градоначалници. За жал овде нема ниедна нијанса на сиво, се е црно, ама за некои како што ти ги нарекуваш далтонисти се си е бело, иако далтонистите гледаат и сиво, кога сакаат да не мижат.



За „боемска улица“ ако е тоа што ти „боде очи“ мислам дека имаше детален отчет за се што е потрошено и на што е потрошено. Сега не знам за други проекти, ама имам впечаток дека доста потранспарентно и подомаќински се работи од претходно како и во споредба со градската или извршната власт.
Ако не, да стави некој едно до друго проекти со суми па да споредиме.

Back to Top
citizenK View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote citizenK Quote  Post ReplyReply #485 Posted: 16-Apr-2015 at 09:38
Што да ставме да споредиме? Една уличка од 100 метри (или помалку) која беше најавувана со денови и сликана со 100 други проекти од порано? Најдомаќински и најтранспарентно работат пошто не ни работат. А за улицата имаше анализа новинарката Јоци- Јорданка Ивановска. Па после излегоа со небулозно соопштение. Не цепидлачам нека лапнат пак роднините негови нешто ама нека прави нешто и нека не обвинува други за криминал а самиот лапа пари.
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #486 Posted: 16-Apr-2015 at 09:55
Originally posted by citizenK

Што да ставме да споредиме? Една уличка од 100 метри (или помалку) која беше најавувана со денови и сликана со 100 други проекти од порано? Најдомаќински и најтранспарентно работат пошто не ни работат. А за улицата имаше анализа новинарката Јоци- Јорданка Ивановска. Па после излегоа со небулозно соопштение. Не цепидлачам нека лапнат пак роднините негови нешто ама нека прави нешто и нека не обвинува други за криминал а самиот лапа пари.


Не ги нервирај, мислиш они незнаат дека ова е најскапа уличка по М2 во историјата на Македонија. Се беше објаснето во неколку новинарски прилози, каде што компаративно се виде дека се работи за пљачка. А соопштението беше дебилно, од типот се било по закон...
Interceptor design
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2419
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #487 Posted: 16-Apr-2015 at 10:10
Претходната власт во Центар правеше работи кои не се под нејзина надлежност (со други зборови прекршување на закон т.е. КРИМИНАЛ!) ама тоа се е во ред, замижувате и на тоа, и на сумите кои се потрошени, а кои се мерат во десетици милиони евра.

Сега имаме најава за завршување на плоштад Богородица за 550К евра, и за уредување на зеленило кај плоштад Карпошово за 300к евра.. а досега плоштадиве имаат изедено ~15 милиони евра заедно.

Фасадана (еднострана) на Правда кошта 3.2 милиони евра. Нормална ви е сумава? Па столбовине мермерни да беа и мермерот на раце да го носеа од Италија Норвежани па немаше толку скапа да е.

Ако ништо друго, Жерновски барем израснати дрва засадува наспроти фиданките и палмите од Коце. А да, и врбите во Вардар, 200К евра секоја.
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #488 Posted: 16-Apr-2015 at 10:35
Originally posted by fichot

Претходната власт во Центар правеше работи кои не се под нејзина надлежност (со други зборови прекршување на закон т.е. КРИМИНАЛ!) ама тоа се е во ред, замижувате и на тоа, и на сумите кои се потрошени, а кои се мерат во десетици милиони евра.

Сега имаме најава за завршување на плоштад Богородица за 550К евра, и за уредување на зеленило кај плоштад Карпошово за 300к евра.. а досега плоштадиве имаат изедено ~15 милиони евра заедно.

Фасадана (еднострана) на Правда кошта 3.2 милиони евра. Нормална ви е сумава? Па столбовине мермерни да беа и мермерот на раце да го носеа од Италија Норвежани па немаше толку скапа да е.

Ако ништо друго, Жерновски барем израснати дрва засадува наспроти фиданките и палмите од Коце. А да, и врбите во Вардар, 200К евра секоја.


Како портпарол да си на градоначалникот, километар автопат чини помеѓу 2-10 милиони евра, зависно од конфигурацијата на теренот, тоа е мерлива категорија. А небулозите од типот потрошени милиони, и милиарди се несериозни, прашање е за што се потрошени, и дали компаративно објектите се по цена исти, поевтини или поскапи од други објекти кои се правени со ист материјал за м2. Ние зборуваме за мерлива категорија колку чини уличето златно по м2, зошто ти како попоштен од најпошените, не реагираш за оваа пљачка. Туку истата ја браниш со тезата оваа кражба на Жерновски не е ништо во споредба со тоа колку крадат овие другите. Или тебе не те боли кога не краде Жерновски, и замисли ја тезата твоја: Жерновски крадел ама барем садел дрва, стварно за почит.
Interceptor design
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11964
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #489 Posted: 16-Apr-2015 at 10:48
Скопје соголено: има 12 квадрати зеленило по жител, а европските препораки се 25

Последната сеча спроти ЗОИЛ, исечените борови кај Владата, костените до плоштадот „Македонија" и дрворедот покрај МЕПСО повторно создадоа бурни реакции низ јавноста за третманот на јавното зеленило, кое со години се „истенчува" на сметка на градежната експанзија.

Истовремено, се отвори и прашањето кога и дали конечно ќе се донесе Закон за зеленило, заради ставање институционална „рампа“ за заштита, контролиран и плански развој на зелените појаси наспроти апетитите за нивна пренамена во градежни цели. Повеќе организации, екологисти, граѓани, па и партии, многупати реагираа дека без утврдени стандарди каде, што и колку се сече, тешко може воопшто да се води некаква евиденција и да се надополни изгубениот дрвен фонд, со цел да се унапреди еколошката слика на главниот град.

„Скопјани добија грда честитка за Велигден во вид на сеча на дрворед кај ЗОИЛ. Изминатите денови Законот за урбано зеленило заеднички се читаше и се усогласи на работна група со претставници од ДОМ, Градот Скопје, ЈП ’Паркови и зеленило’, Агенцијата за просторно планирање и од Министерството за транспорт и врски. Дали и зошто некому му се брза да го исече секое дрвце, дури не стане институционално заштитена категорија со закон?“, реагираше пред неколку дена владејачката ДОМ на пратеничката Лилјана Поповска, со што повторно го актуализираше проблемот со постојното зеленило.







Ваквата реакција репризно се повторува со години. Евентуалниот Закон за зеленило, рака под рака со Зелениот катастар, долго време се провлекува по конференции, јавни трибини, локални средби... Од кампања до кампања. Долго време одекнуваат најави дека по примерите на регулативите од Австрија и Германија ќе се подготви нацрт-закон и, конечно, ќе се протурка до собраниска процедура.

Наместо тоа, скопјани продолжија да гледаат соголени дрвореди. Аргументите одат во насока дека се работи за стари, заболени дрвја. Искуствата покажаа дека секое инцидентно трчање да се спаси едно или повеќе дрвја не носи резултати. А акциите за нови насади ќе имаат смисла доколку на свежите садници не им требаат 10, 20, па и 30 години за да оформат крошна и да добијат својство на филтри за горливиот проблем со амбиенталниот воздух.

Истражувања, студии и трендови за зеленилото

Според бројките и низа различни испитувања, Скопје има 5.051.807 квадратни метри зелена површина или 12,07 по жител, што е двојно помалку од европските препораки за 25 квадратни метри. Премалку за урбана средина што постојано се развива, се гради, се дообликува и се изменува. Ова се бројки без Водно и вонградското зеленило. Според пописот од 2002 година, евидентирани се 7,66 квадратни метри зеленило по жител. Со новиот ГУП планирано е зеленилото да достигне до 8 квадрати, но, сепак, сето тоа се сведува само на статистика.

Невладините организации централното подрачје го сметаат за најзагрозено. Студијата „Состојби и тенденции за намалување на градското зеленило во Мал ринг во Скопје 2002-2017“ на „Плоштад слобода“ покажа дека трендот на градење во последнава деценија „изел“ дури 50 отсто од постојното зеленило.

Во делот на Малиот ринг во 2002 година имало 75.649 квадрати зелени површини, а до 2013 драстично се намалиле на само 34.994 квадрати. Доколку продолжи истата динамика на подигнување објекти врз зелени појаси, до 2017 година би останале само 18.680 квадрати зеленило, односно 3,4 отсто од целиот ДУП Мал ринг.

Студијата, за која се појавија реакции од Град Скопје, зборува и за густината на дрвјата до проектираната состојба до 2017 година. Со досегашните промени, особено во источниот дел од Мал ринг, рамномерно распределените дрвни насади стануваат концентрирано групирани во неколку одделени области. Ова значи дека во иднина би постоеле два центра каде што би биле групирани дрвните насади - паркот „Жена-борец“ и квартот меѓу улиците „Орце Николов“ и „Максим Горки“. До 2013, пак, забележано е масовно сечење дрвореди и садници на источниот брег од Вардар, на плоштадот „Македонија“, пред Домот на АРМ и покрај Пошта.

Бојан Шашевски

(Продолжува)

http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/skopje-sogoleno-ima-12-kvadrati-zelenilo-po-zhitel-a-evropskite-preporaki-se-25#1
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11964
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #490 Posted: 16-Apr-2015 at 10:50
Како до нов хотел на Охридското Езеро - запали шума и удри со багери

Од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагираат на градењето голем објект на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје.



Се наоѓа во непосредна близина на хотелот „Инекс“, веднаш под вилата на МВР, каде ќе се гради хотел на синџирот „Смол лаксшри хотелс“ (Small Luxury Hotels).

Според најавите, објектот ќе се простира на површина од 7.000 квадратни метри. Предвидено е да се изградат 50 соби, 120 легла, а целата инвестиција ќе чини околу 12 милиони евра.



Тоа е синџир хотели кој е познат во светот со повеќе од 500 објекти на сите континенти.

На истиот простор, на 24 јули 2011 година, имаше пожар, но до ден-денеска тој остана мистерија.

Токму на делот кој сега е предвиден за градба, изгореа борови дрва и смрека на површина поголема од 500 квадратни метри.

Од граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ укажаат дека лудилото наречено „расприроднување на Охрид“ не застанува. Тие велат дека природата повторно потклекна пред багерите и дека ова што се случува е навистина алармантно!



„Планираните проекти многу е веројатно да значат загуба на заштитата од УНЕСКО што Охрид и езерото ја имаат уште од 1980 година. Се обидуваме проблемот да го решиме по институционален пат, меѓутоа борбата е долга и неизвесна. Затоа, бараме поддршка од сите граѓани на Република Македонија и пошироко. Приклучете се на нашата борба за спас на Охридско Езеро. Да покажеме дека не сакаме природните богатства на Македонија да се продаваат за евтини пари. Природата нема цена“, велат од „Охрид СОС“, од каде неодамна силно го кренаа гласот и за заштита на Студенчишко блато.

Ова не е првпат да се уништуваат стотици дрва за да се задоволот нечии апетити. На сличен начин, во стариот дел на Охрид, под Плаошник, исечени беа десетици дрвја за да се гради скулпторско ателје за почесниот граѓанин на Охрид, академикот Томе Серафимоски.

Подоцна, ателјето, кое требаше да биде трајна своина на градот, стана предмет на купопродажба и на милионска заработка, јави Мета.

http://www.mkd.mk/makedonija/kako-do-nov-hotel-na-ohridskoto-ezero-zapali-shuma-i-udri-so-bageri
За сè има вторпат
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12019
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #491 Posted: 16-Apr-2015 at 11:17
Originally posted by fichot

и мермерот на раце да го носеа од Италија Норвежани па немаше толку скапа да е.


LOL
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2419
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #492 Posted: 16-Apr-2015 at 11:58
Originally posted by totobobo

Originally posted by fichot

Претходната власт во Центар правеше работи кои не се под нејзина надлежност (со други зборови прекршување на закон т.е. КРИМИНАЛ!) ама тоа се е во ред, замижувате и на тоа, и на сумите кои се потрошени, а кои се мерат во десетици милиони евра.

Сега имаме најава за завршување на плоштад Богородица за 550К евра, и за уредување на зеленило кај плоштад Карпошово за 300к евра.. а досега плоштадиве имаат изедено ~15 милиони евра заедно.

Фасадана (еднострана) на Правда кошта 3.2 милиони евра. Нормална ви е сумава? Па столбовине мермерни да беа и мермерот на раце да го носеа од Италија Норвежани па немаше толку скапа да е.

Ако ништо друго, Жерновски барем израснати дрва засадува наспроти фиданките и палмите од Коце. А да, и врбите во Вардар, 200К евра секоја.


километар автопат чини помеѓу 2-10 милиони евра, зависно од конфигурацијата на теренот, тоа е мерлива категорија.



Да, километар автопат во рамнина чини исто колку 200 метри ограда за мост. Тоа е навистина така, и тука нема ништо спорно нели.

Не друшкане, јас не ги оправдувам крадењата на едните затоа што другите краделе, само се чудам зошто твојата критика недостасува кога се „другите“ во прашање, и нормално е таму кај што се поголеми суми во игра да има и повеќе муабет.

Па темава е зеленило, нормално е да се пофали тој што сади дрва а да се укори тој што сече.
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #493 Posted: 16-Apr-2015 at 12:03
Originally posted by Џоле

Скопје соголено: има 12 квадрати зеленило по жител, а европските препораки се 25

http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/skopje-sogoleno-ima-12-kvadrati-zelenilo-po-zhitel-a-evropskite-preporaki-se-25#1


Јас би го оставил центарот како што беше 2002, и не само тоа можеби било добро да се сруши и нешто изградено, и да се засадат десетина Борови и триесетина Костени. Сега е севетски тренд на поставување на нови ливади низ центрите на градовите...

Edited by Џоле - 16-Apr-2015 at 15:15
Interceptor design
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #494 Posted: 16-Apr-2015 at 13:16
Прајте се вие „паметни“... затоа овие се „идиоти“... споредба на парковски површини (баш паркови) во централните градски подрачја на Софија, Белград, Загреб, Солун и за на крај Скопје како за претстава.









Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #495 Posted: 16-Apr-2015 at 21:43
Немој да не расплачеш, првин од другите градови даваш цели квартови, а од Скопје само Малиот ринг, иако знаеш дека на 300 м воздушна линија имаме огромен парк. Второ и во оваа мини издание на миницентарот на Скопје не ги боиш оние површини за кои се гледа на сликата дека се зеленило. Впрочем во Центар само Жерновски насади стотици дрва. Штета што е Градскиот парк под Општина Карпош инаку ке беше џунгла досега...
Interceptor design
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 458
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #496 Posted: 16-Apr-2015 at 22:16
Originally posted by totobobo

Немој да не расплачеш, првин од другите градови даваш цели квартови, а од Скопје само Малиот ринг, иако знаеш дека на 300 м воздушна линија имаме огромен парк. Второ и во оваа мини издание на миницентарот на Скопје не ги боиш оние површини за кои се гледа на сликата дека се зеленило. Впрочем во Центар само Жерновски насади стотици дрва. Штета што е Градскиот парк под Општина Карпош инаку ке беше џунгла досега...


Ти од Скопје си?
Ова што е приложено е 90% од централното јадро и широкиот центар плус и други делови.

Од Скопје не го прикажал Градски Парк но затоа во Белград не е прикажан Калимегдан,нито пак Борисовата Градина во Софија.

А тие што не ги брои веќе им е одредена субината за градење.
Инаку Фосил и згрешил што и паркот на новинарите го обоил,бидејќи Коце јавно збореше дека на негово место се спрема проширување на булеварот и кружен тек.
Единствено што пропуштил,а што нема запечатена црна судбина е урбаниот парк (кон Кисела Вода).

Edited by kiriOK - 16-Apr-2015 at 22:22
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #497 Posted: 16-Apr-2015 at 22:33
Да ме разбере тото... Збориме за парковски површини во центарот на градот, опфатот е приближно истиот за сите градови со тоа што ако го гледам само центарот на градот Скопје дури и малку е почестен.

Како и да е... Да повторам уште еднаш, парковски површини во центарот на градот, а не за паркови како што е градскиот парк во Скопје, зашто ако така гледаме, тогаш Софија ја има Борисовата градина, Белград Ушче, Калемегдан и уште неколку наоколу, а Загреб, Максимир.

Така да... да не мешаме баби и жаби...

Добро е што немаме гробишта у близина на центарот како што е случај во многу европски градови, ќе му засметаа на некому ќе требаше да преместуваме гробови...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3812
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #498 Posted: 16-Apr-2015 at 23:14
Колку за мал ринг, како варијанта за зголемување на зеленило би бил ГТЦ значи најгорниот кат, зад црквата и собранието може да никне парк, кај филхармонијата би бришел еден објект и би ставил уште еден парк а секако околу холокаустот и црквата би ставил дрва. Има сепак можности, ама треба да се реагира и да се виде што каде.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #499 Posted: 17-Apr-2015 at 15:14
(ФОТО) Масакар на дрва во Драчево


После централното скопско подрачје на ред стигна и околината. Денеска во Драчево се сечат дрва стари и по дваесетина години.

http://revolucionermk.com/foto-masakar-na-drva-vo-drachevo/
Back to Top
totobobo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Apr-2013
Online Status: Offline
Posts: 247
  Quote totobobo Quote  Post ReplyReply #500 Posted: 17-Apr-2015 at 20:29
Originally posted by Staro Skopje

(ФОТО) Масакар на дрва во Драчево


После централното скопско подрачје на ред стигна и околината. Денеска во Драчево се сечат дрва стари и по дваесетина години.

http://revolucionermk.com/foto-masakar-na-drva-vo-drachevo/


Пак истиот речник *Масакар*, мислиш убиени се десетици луѓе, од сликата гледаме дека е исечена една стра Топола, која веројатно била опасност по жителите кои живеат таму.
Interceptor design
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2324252627 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.