build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Зеленило
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11964
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 20-May-2015 at 19:04
Originally posted by gjoko

Пошто ми се избришани некои мои постови за `скопските улици`,еве ќе постирам службена информација за бранителот на паркобраните кој упорно ги бранеше парковите и сечењето на дрвата во Центар-градоначалникот на цента-А.Жерновски

а овие се `старите дрва нападнати од штетници`

извор

Никако да се дозволи сечење! Освен ако навистина не се болни, иако не изгледаат за такви. Летно време овие дрвја даваат пријатна сенка и без нив нема да може да се шета преку ден во тој дел.

Edited by Џоле - 20-May-2015 at 19:05
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 20-May-2015 at 19:27
Проблемот е што во исто време кога дотичниот градоначалник правеше шатори за 7 јавори(криво ми е за нив искрено), тој издал нареба за сечење на цел дрворед од Палома Б. па се до зградата на Макотекс.

Несакав тогаш да влетувам во кавги,а колку само овде постови имаше против владата,овој,оној.....

Сакам само да скренам внимание на искреноста на сите тие кои плукаа против проекти без оглед дали се добри или не. Битно е само да е против владините проекти.

Многу неискрено и многу држење на страна за жал во последно време.

Но нема проблем. Кој така сака нека оди,но ќе го убие форумов.....Неминовно. Секаде каде влезе политиката,све стана пепел.

само продолжете
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11964
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 21-May-2015 at 08:51
СЕ СЕЧАТ ТОПОЛИТЕ ВО КАРПОШ 4, ПАРКОТ ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ДРВЈА

Стари тополи кои претставувале опасност за жителите, како и за возилата и урбаната опрема во околината деновиве беа исечени во населбата Карпош 4 спроти „Сити мол“. Акцијата ја организира јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, од каде соопштуваат дека се работи за маркирани стебла кои се многу стари и се во програмата за сечење за годинава. Едно од нив минатата недела се скршило и го оштетило блискиот привремен објект.

Сечата на дрвјата предизвика вознемиреност кај граѓаните, кои неколку денови по ред прашуваа дали во паркот ќе им никне нова зграда. По протестите на жители во Тафталиџе против промената на Деталниот урбанистички план, според кој на неколку локации со зеленило ќе треба да се изградат објекти за домување, сега реагираа и жителите на Карпош 4. Тие апелираат до Општината Карпош и до Градот Скопје дека нема да дозволат урбанизација на нивниот парк и бараат на местото на старите тополи да се засадат нови повеќегодишни садници.

Паѓањето на дрвото, според директорот на „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, било причина да се интензивира сечата во околината, а не некаква промена на Деталниот урбанистички план, ниту, пак, вметнување на нови згради на таа локација, како што се зборува во јавноста. Дека нема промени во урбанистичката документација потврдуваат и во Општината Карпош.

„Интервенцијата на екипа на јавното претпријатие следуваше по проблемот што го предизвика паднато стебло од стара топола. Во околината има уште неколку дрвја кои ќе се сечат деновиве. На нивно место, како и на други локации низ градот во октомври и во ноември ќе бидат засадени 5.000 нови листопадни садници“, вели Авировиќ.

Тој нагласува дека досега во Скопје се исечени околу 900 тополи засадени пред повеќе од четири децении, а останале уште стотина, кои ќе се исечат до крајот на годинава.

„Тополите се веќе стари и непредвидливи, може да паднат во секое време и да направат штета. Од друга страна, пак, нивниот цвет предизвикува алергија. Од тие причини наместо нив ќе се засадат дрвја од други видови“, вели Авировиќ.

На сечата на дрвјата реагираше и зелената партија ДОМ. Тие, пак, велат дека тополите спроти трговскиот центар „Сити мол“ биле во одлична состојба и дека сечењето во овој момент нема оправдување. Од партијата бараат на истиот простор да се засадат нови големи садници, со што би се намалила нанесената штета и повторно би се облагородил просторот.

Од Градот Скопје информираат дека во Карпош 4 не е направена голема сеча на дрвја на јавните зелени површини спроти трговскиот центар „Сити мол“, туку дека се работи за три дрвја.

„Екипи на ’Паркови и зеленило’ исекоа три дрвја, од кои две тополи и едно суво дрво. Поради фактот дека овие тополи претставуваа потенцијална опасност за минувачите, како и сувото дрво и можеше да предизвикаат и големи материјални штети, дрвјата се исечени“, велат во Градот.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=A32F392BC7D34741B31909533610276B
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11964
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 22-May-2015 at 14:13
Се садат палми и во Гевгелија, но за разлика од Скопје, мислам дека гевгелиското поднебје ќе им одговара, со оглед на тоа дека таму веќе се чувствува медитеранската клима.

слики на линкот https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=647634882037414&id=625386377595598
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 22-May-2015 at 15:36
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11964
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 22-May-2015 at 19:40
На бул. Борис Трајковски, спроти Тинекс маркетот.

DSC08579 by george k. 1981, on Flickr

DSC08580 by george k. 1981, on Flickr

DSC08581 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1467
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 22-May-2015 at 21:34
И пред Општина Прилеп засадени палми

Освен во Охрид, попладнево беа засадени пет од вкупно 10 палми, во паркот на Методија Андонов – Ченто, во Прилеп, покрај општинската зграда на Општина Прилеп.

Поголем број на граѓани на Прилеп љубопитно застануваа пред зградата на Општина Прилеп изненадени од глетката, меѓусебно коментирајќи го новитетот.

-Не можам да се изначудам што гледам. Не знам на кого му требаше ваква глупост? Улиците во градот се раскопани со „кратери“, пешки не се поминува по нив, камоли пак со автомобил. Онде на плоштадот ја туркаат фонтаната за која до пред некој месец се фалеа дека била една од најубавите во државата. Народот живее во страшна сиромаштија а нив ги фатил бесот и се расфрлаат со наши пари. Навистина не знам што повеќе да речам освен да прашам дали некогаш на ова лудило ќе му дојде крајот – ни изјави пензионерот Блаже Стојаноски.

Во обид да дознаеме нешто повеќе за палмите кои утринава пристигнаа во Прилеп, контактиравме со директорот на Јавното претпријатие за урбанистичко и просторно планирање – Бане Нешкоски, кој во одговорот ни посочи дека палмите стигнале во Прилеп како донација на Општината од Министерството за шумарство и водостопанство, во рамките на нивниот проект кој опфаќа засадување по 10 палми во секој град во Македонија.

Останатите пет палми ќе бидат засадени во текот на утрешниот ден.

Извор: Мета

a1on.mk
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 29-May-2015 at 15:01
Велес доби палми, граѓаните велат: „ Фали уште море за да биде Палма де Мајорка“

И Велес доби палми. Нив денеска на верскиот празник Задушница ги садат вработените во Јавното комунално претпријатие „Дервен“. Досега се засадени три палми во дворот на велешката Гимназија, дванаесет во Младински парк и петнаесет во паркчето на поранешен Офицерски дом.. Граѓаните кои го набљудуваат засадувањето на палмите ги прашавме што мислат и ќе биде ли Велес сега поубав град.

„Како Палма де Мајорка. Уште море ни фали,“ вели велешанец.

„Убава глетка ама искрено сметам дека не ни требаат. Ни требаат фирми да се вработиме а ова се џабе фрлени пари,“ вели студент.

„Приоритетно е државата да произведува електрична енергија, да не зависи од увоз и скапа струја и да ги развива индустриските зони,“ рече велешанец.

Поголем дел од велешани избегнаа да одговорат на поставените новинарски прашања. Дел од нив додека не заобиколуваа довикнуваа : „Страшна работа“, „Не ни требаат палми“ или „Забегана работа“. Поминувајќи сите ги гледаа десеттината вработени во комуналното претпријатие како се обидуваа од камионот да ја симнат седмата палма што ќе ја засадат во паркчето на поранешниот Офицерски дом.

Велес ќе добие вкупно 46 палми што освен на овие три први локации ќе се садат и на кружниот тек на влезот во Велес, во детската градинка и на уште неколку места, ни изјави Мартин Мајсторов од општината. Палмите ги купило ЈП „Македонски шуми“ чија подружница во градот, „Бабуна“ ги добила предвидените за Велес. Нив ги садат вработените во комуналното претпријатие. Повеќе информации за палмите ќе бидат соопштени на прес конференција по завршувањето на овој продолжен викенд./У.Ј

http://www.duma.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=16426%3A2015-05-29-12-36-05&catid=14%3Aveles&Itemid=48
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 29-May-2015 at 17:08
Затоа јас велам треба во законот на република Македонија да се внесе обврска со која секој ученик и студент е задолжен барем еднаш да ја напушти земјата и да се прошета по Европа. Со тоа мислам дека луѓето помалку ќе бидат изложени на пропаганди. Греота е што незнаењето на луѓето се користи за манипулирање на јавноста. Каде и кој напишал дека ПАЛМИ има само на море и во медитерански предели. Швајцарија МЕДИТЕРАН ли е што има градови во кои на секој метар има палми. Палми има и во градини во Германија ги има насекаде. Тие се декоративни дрва кои ако можат да се заштитат зошто да ги нема и во Македонија. Не дека јас сега нешто умирам за палми и дека сум голем љубител но ме нервира кога се манипулира со луѓето и секоја ситница се користи за политички цели.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 29-May-2015 at 17:20
Originally posted by kultuzin

Не се манипулира. Во Велес се работи за 8-9 иљади, голем дел од криминал живеат, и згора на се, палми им тураат. Велес нема стадион, има сала која е жално што пропаѓа, има само еден парк а е поприлично голем град, три улици не се реновирани у задњи неколку години...
У време кога за стотици граѓани се моли за помош за донации, нашата држава купува је*ени палми. Убаво кажал едниот студент, увезуваме струја, а трошиме пари на палми.
Мене преку глава ми е со вакви пропаганди дека се работи нешто, а се фрлаат пари на тотално промашени работи. Да Швајцарија, ама они спијат на пари, у Велес луѓето на 50 години стари кревети спијат.
23ka.wordpress.com
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 29-May-2015 at 17:33
N23 Колку од наведените проблеми ќе се решат со 25 илјади евра. Реков и погоре мене ме нервират двојните аршини и пропагандата која стои зад нив. Кога во Струмица пред 7-8 години се садеа палми истите тие медиуми ги воспеваа и дигаа до небо, истите палми само помали медиумите ги продаваа на Струмичани како нешто модерно , европски. За сега кога се садат палми во другите градови да се манипулира со мориња, кичеви и нети знам со што уште. Јас невелам дека палмите се приоритет но велам дека со 25 илјади евра неможат да се решат некој поголеми проблеми иако секако дека би можеле да се употребат за нешто друго.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 30-May-2015 at 09:59
Originally posted by N23

Originally posted by kultuzin

Затоа јас велам треба во законот на република Македонија да се внесе обврска со која секој ученик и студент е задолжен барем еднаш да ја напушти земјата и да се прошета по Европа. Со тоа мислам дека луѓето помалку ќе бидат изложени на пропаганди. Греота е што незнаењето на луѓето се користи за манипулирање на јавноста. Каде и кој напишал дека ПАЛМИ има само на море и во медитерански предели. Швајцарија МЕДИТЕРАН ли е што има градови во кои на секој метар има палми. Палми има и во градини во Германија ги има насекаде. Тие се декоративни дрва кои ако можат да се заштитат зошто да ги нема и во Македонија. Не дека јас сега нешто умирам за палми и дека сум голем љубител но ме нервира кога се манипулира со луѓето и секоја ситница се користи за политички цели.
Не се манипулира. Во Велес се работи за 8-9 иљади, голем дел од криминал живеат, и згора на се, палми им тураат. Велес нема стадион, има сала која е жално што пропаѓа, има само еден парк а е поприлично голем град, три улици не се реновирани у задњи неколку години...У време кога за стотици граѓани се моли за помош за донации, нашата држава купува је*ени палми. Убаво кажал едниот студент, увезуваме струја, а трошиме пари на палми.Мене преку глава ми е со вакви пропаганди дека се работи нешто, а се фрлаат пари на тотално промашени работи. Да Швајцарија, ама они спијат на пари, у Велес луѓето на 50 години стари кревети спијат.

Ама траорен настап, мислиш во две држави паралелни живееме, јас гледам преполни кафичи и дискотека во Велес, гледам илјадници нововработени во Скопската зона, во Кромберти Шуберт, а сега во Макарт, гледам мала ренесанса на градот, после урнисувањето од страна на комунистите со затворање на Топилница, Порцеланка, Киро Чучук, Маслодајна, со еден збор целокупната индустрија на Велес. Илјадници луге отанаа без работа, можеби затоа им се стари креветите, можеби затоа дури сега се реновираше театарот, Градскиод плоштад, Градскиот парк, можеби затоа годинава почнува реконструкција на спортската сала, и можеби затоа ФФМ го стави Велешкиот стадион во еден од петте кои ке се реновираат со средства на Уефа. А можеби и не е затоа, можеби дошло друго време, прогресивно време, во едно такво време најмалку се важни 47 палми, кои чинат 23.500 евра, поважна е целата слика, а јас сликата многу добро ја познавам и оваа сегашната и онаа до пред неколку години, можеме да ги фарбаме и двете слики, ама суштината си ја знае Велешкиот нарот, народ на кој му припаѓа и мојата сопруга.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2419
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 01-Jun-2015 at 12:47

Не ставиле палми тука.

Edited by fichot - 02-Jun-2015 at 21:55
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4440
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 02-Jun-2015 at 19:01

Ako si sovetnik vo Opština Ohrid od patriotska partija, se vikaš Ilija Arnaudoski i ušte i ako si vraboten vo Kapetanija, ništo pologično nema od ,,drpanje,, DVE palmi, utovar i nosenje doma….

фб статус на Илија Радевски

Edited by гитардемон - 02-Jun-2015 at 19:02
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 02-Jun-2015 at 19:41
Е така, а јас денес си дадов 1000 денари за 60 см висока палма(колекционер сум на палми)
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 03-Jun-2015 at 02:49
Originally posted by King

Originally posted by N23

Originally posted by kultuzin

Затоа јас велам треба во законот на република Македонија да се внесе обврска со која секој ученик и студент е задолжен барем еднаш да ја напушти земјата и да се прошета по Европа. Со тоа мислам дека луѓето помалку ќе бидат изложени на пропаганди. Греота е што незнаењето на луѓето се користи за манипулирање на јавноста. Каде и кој напишал дека ПАЛМИ има само на море и во медитерански предели. Швајцарија МЕДИТЕРАН ли е што има градови во кои на секој метар има палми. Палми има и во градини во Германија ги има насекаде. Тие се декоративни дрва кои ако можат да се заштитат зошто да ги нема и во Македонија. Не дека јас сега нешто умирам за палми и дека сум голем љубител но ме нервира кога се манипулира со луѓето и секоја ситница се користи за политички цели.
Не се манипулира. Во Велес се работи за 8-9 иљади, голем дел од криминал живеат, и згора на се, палми им тураат. Велес нема стадион, има сала која е жално што пропаѓа, има само еден парк а е поприлично голем град, три улици не се реновирани у задњи неколку години...У време кога за стотици граѓани се моли за помош за донации, нашата држава купува је*ени палми. Убаво кажал едниот студент, увезуваме струја, а трошиме пари на палми.Мене преку глава ми е со вакви пропаганди дека се работи нешто, а се фрлаат пари на тотално промашени работи. Да Швајцарија, ама они спијат на пари, у Велес луѓето на 50 години стари кревети спијат.

Ама траорен настап, мислиш во две држави паралелни живееме, јас гледам преполни кафичи и дискотека во Велес, гледам илјадници нововработени во Скопската зона, во Кромберти Шуберт, а сега во Макарт, гледам мала ренесанса на градот, после урнисувањето од страна на комунистите со затворање на Топилница, Порцеланка, Киро Чучук, Маслодајна, со еден збор целокупната индустрија на Велес. Илјадници луге отанаа без работа, можеби затоа им се стари креветите, можеби затоа дури сега се реновираше театарот, Градскиод плоштад, Градскиот парк, можеби затоа годинава почнува реконструкција на спортската сала, и можеби затоа ФФМ го стави Велешкиот стадион во еден од петте кои ке се реновираат со средства на Уефа. А можеби и не е затоа, можеби дошло друго време, прогресивно време, во едно такво време најмалку се важни 47 палми, кои чинат 23.500 евра, поважна е целата слика, а јас сликата многу добро ја познавам и оваа сегашната и онаа до пред неколку години, можеме да ги фарбаме и двете слики, ама суштината си ја знае Велешкиот нарот, народ на кој му припаѓа и мојата сопруга.

Браво, ренесанса пар екселанс, цел Исток сака у Велес да живее, а градот ни кино сала нема.
Само една работа ќе кажам, се додека мериме колку луѓе седат во кафичи и што треба да се направи, а не што е направено, вака ќе тапкаме у место (ДА, направено е поише него у време на бившите влади (иако мислам дека Велес добро беше урбанизиран уште пред 6-7 години), али не се тоа проекти кои го дигаат животниот стандард). По некад криво ми е што не размислувам како повеќето од вас, знам дека полесно ќе ми беше во животот. 24 000 евра за палми не се ништо, пола милион за сите палми не се битни, битно е по твитер и фејсбук да се моли за помош на болни, ама ние битно палми ќе иаме у Македонија. Уште да расцветаме ни фали.

И реплика до Култузин, колку ги сметам за глупост овие палми, толку ги сметам за глупост и палмите во Струмица, како и Глобал и уште низа работи у Струмица. Само за жал, моќта не е у Струмица, туку у центарот на Скопје...
23ka.wordpress.com
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 03-Jun-2015 at 06:03
Јас зборував принципиелно за Велес, бидејки ги знам приликите изворно, и знам како од град кој што економски беше пропаднат, сега заедно со Штип и Кавадарци е редок светол пример на економски препород. И сега бидејки се реновираше театарот, кино салата била проблем, незнам дали и кога ке се реновира Кино салата, ама мислам дека во случајот таа им е најмалу важна на Велешани, кои патем не се дел од Источна Македонија, туку од Централна...
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 03-Jun-2015 at 06:06
- До крајот на годинава ќе заврши санацијата на Спомен – костурницата во Велес
- Реставрација на фасади на пет објекти од старото градско јадро во Велес
Ова се само дел од насловите во овој форум врзани за Велес...
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 03-Jun-2015 at 13:17
Originally posted by King

Јас зборував принципиелно за Велес, бидејки ги знам приликите изворно, и знам како од град кој што економски беше пропаднат, сега заедно со Штип и Кавадарци е редок светол пример на економски препород. И сега бидејки се реновираше театарот, кино салата била проблем, незнам дали и кога ке се реновира Кино салата, ама мислам дека во случајот таа им е најмалу важна на Велешани, кои патем не се дел од Источна Македонија, туку од Централна...

Сигурно не очекуваш од Скопје во Велес да се селат. Говорам дека ако беше Велес до толку развиен како што говориш, луѓето од истокот ќе идеа према Велес и Штип, а вака само по некој према Штип. Не бе, не треба кино сала, затоа Велешани у Скопје доаѓаат филмови да гледаат. Театарот е супер и јас немам никаква замерка, освен што очајно долго се градеше за разлика од градбите у Скопје. А штом за тебе е добро луѓето да работат за 9-10 иљади, неам што повеќе со тебе да дебатирам.
23ka.wordpress.com
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 03-Jun-2015 at 17:48
Originally posted by N23

Originally posted by King

Јас зборував принципиелно за Велес, бидејки ги знам приликите изворно, и знам како од град кој што економски беше пропаднат, сега заедно со Штип и Кавадарци е редок светол пример на економски препород. И сега бидејки се реновираше театарот, кино салата била проблем, незнам дали и кога ке се реновира Кино салата, ама мислам дека во случајот таа им е најмалу важна на Велешани, кои патем не се дел од Источна Македонија, туку од Централна...
Сигурно не очекуваш од Скопје во Велес да се селат. Говорам дека ако беше Велес до толку развиен како што говориш, луѓето од истокот ќе идеа према Велес и Штип, а вака само по некој према Штип. Не бе, не треба кино сала, затоа Велешани у Скопје доаѓаат филмови да гледаат. Театарот е супер и јас немам никаква замерка, освен што очајно долго се градеше за разлика од градбите у Скопје. А штом за тебе е добро луѓето да работат за 9-10 иљади, неам што повеќе со тебе да дебатирам.

Од старт дебатата е промашена, бидејки погрешен град си одбрал за да ја правиш својата пропаганда, без аргументи паѓаат маските.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.