build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3334353637 39>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 08-Jan-2016 at 17:40
Originally posted by kultuzin

Moze ova so belite drobovi vo brojki, povrsina, konkretni primeri. Vaka mnogu poeticno i filozovski mi zvuci. Dajte malku brojki. Kolku drva se iseceni a kolku posadeni dodeka se unistuvat drobovite kako sto vikas.

 
Леле извини бидејќи немам точна бројка, но можеш да направиш самостојно истражување, како на пример, да ги земеш во предвид сечењата на дрвјата кај УКИМ, кај Бристол, на плоштад Македонија и на бројни други места.
 
Извини поради немањето точна бројка, но за да не биде поетична и филозофска математиката, ете ти неколку примери од кои можеш да почнеш - онака за почеток.


Edited by Dexter26 - 08-Jan-2016 at 17:41
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 08-Jan-2016 at 17:51
Уким 47 дрва поседани стотина. Кај Бристол неколку. Плоштад Македонија исечени и повторно засадени ако не се лажам дури и повеќе од што е исечено. На годишно ново ако не се лажам се садат 5 до 9 илјади дрва. Дали ти веруваш дека 100 дрва можат да спасат толкав град, со толкаво загадување? Ти мора да се некој волшебни дрва.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 08-Jan-2016 at 17:52
Previous
 
Не знам дали биле волшебни дрвја, но знам дека колку-толку придонесувале за почист воздух и поздрава околина, а сега кога ги нема, додека да израснат тие засадени дрвја, ракот и останатите болести ќе си го наплатат својот цех.
 
А за тешките болести - особено во македонски услови - и тоа како само е потребна магија за нивно лекување.


Edited by Dexter26 - 08-Jan-2016 at 17:55
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 08-Jan-2016 at 17:58
1.     Знаеш зошто придонесуваа затоа што тогаш немаше политичка ХАЈКА како сега што има за се живо и диво. Народот не ни знаеше дека постои таква тема воопшто. Затоа што не се мереше квалитетот на воздухот. Е сега откога почнаа да мерат политичките лешинари и хиени почнаа да прават од тоа како никогаш да не било. А БИЛО верувај ми. Јас најдобро знам затоа што живеев во Скопје пред 2006. Алишта не смеевме да извадиме да сушиме на тераса во зима затоа што од бели стануваа сиви и смрдливи. Возев велосипед во СМОГ и знам како дишев. Затоа треба да се седне и сериозно да се разгледа овој проблем од секој аспект со сериозни анализи а не со политичка хајка и дописи од штабови кои немаат никаква никаква издржана основа.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 08-Jan-2016 at 18:16
Previous
 
Не знам за политичките лешинари и хиените, јас живеам во Скопје со децении и не помнам да сме имале вакви магли и ваква мизирба на смог какви што ги имаме изминативе 3 зими.
 
Случајно или не, смогот и маглата се појавуваат после ваквото сечење на дрвја во централното градско подрачје, додека на местата каде што биле исечени дрвјата, се градат нови објекти, што секако подразбира секојдневен транспорт на градежни материјали и на градежни работници, а откако ќе бидат изградени тие објекти, секако ќе има секојдневен превоз на вработени/станари од и до истите тие објекти, а зеленило секако ќе нема на истите тие места, што само дополнително придонесува за загадувањето на градот.
 
Но затоа палмите ќе бидат заштитени како бели мечки.
 
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=199&PID=207021#207021
 
Originally posted by Dexter26

Врвот на цинизмот на дрвосечачките власти.
 
Додека ги сечат белите дробови на градот, палмите се заштитени како загрозен вид.
 

 

 




Edited by Dexter26 - 08-Jan-2016 at 18:18
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 731
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 08-Jan-2016 at 18:19
Originally posted by kultuzin

1.     Знаеш зошто придонесуваа затоа што тогаш немаше политичка ХАЈКА како сега што има за се живо и диво. Народот не ни знаеше дека постои таква тема воопшто. Затоа што не се мереше квалитетот на воздухот. Е сега откога почнаа да мерат политичките лешинари и хиени почнаа да прават од тоа како никогаш да не било. А БИЛО верувај ми. Јас најдобро знам затоа што живеев во Скопје пред 2006. Алишта не смеевме да извадиме да сушиме на тераса во зима затоа што од бели стануваа сиви и смрдливи. Возев велосипед во СМОГ и знам како дишев. Затоа треба да се седне и сериозно да се разгледа овој проблем од секој аспект со сериозни анализи а не со политичка хајка и дописи од штабови кои немаат никаква никаква издржана основа.


Морав да реагирам на твоево мислење. Не можам да поверувам дека изнесуваш вакви мислења. Зарем не правиш будали во здрав памет. Во истава тема, врати се десетина страни подолу имаш напис од Утрински весник за квадратните метри пред и после во Малиот Ринг (во време кога се уште имаше дрвја кај Св. Димитрија). Веројатно има и други анализи на темава, но мислам дека на граѓаните им е јасно со голо око каква е ситуацијата, а богами и со гола уста во изминативе месеци.

Исто така, зарем тоа што сега знаеме дека се труеме треба да и бидеме благодарни на власта, кои во секое соопштение го наведуваат тоа, дека барем во ова нивно време сме знаеле колку сме се гушеле, а во време на СДСМ не сме знаеле. Сериозна партија не ни смее да излезе со вакви изјави. Тоа е исто како на болен од рак му кажеш дека барем сега знае дека ќе си умре.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 08-Jan-2016 at 19:15
значи луѓе, аман од истиве муабети што се форсираат одново и одново...
...проблемот не е во бројот на дрвја, туку во непланската сеча и садење на дрва... ако соголиш одрден простор од парк или било каква зелена површина, треба да ја надокнадиш на истиот простор, или во истиот регион
кај нас најмногу се сечат дрва онаму каде што ги нема, а се садат таму каде што има... процентуално секако дека се садат многу повеќе дрва, ама ако сме толку плитки да се лажеме со статистика, ок...

палмиве не знам зошто сеуште се трудите да ги дискутирате, едноставно ниту се функционални, ниту пак одговараат на просторот амбиентално и естетски ...еве вака преку зима на пример, ќе си имаме еден куп џиновски кондоми низ градов, наместо дрва
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 08-Jan-2016 at 20:27
Originally posted by Dexter26



Previous  Не знам за политичките лешинари и хиените, јас живеам во Скопје со децении и не помнам да сме имале вакви магли и ваква мизирба на смог какви што ги имаме изминативе 3 зими.  Случајно или не, смогот и маглата се појавуваат после ваквото сечење на дрвја во централното градско подрачје, додека на местата каде што биле исечени дрвјата, се градат нови објекти, што секако подразбира секојдневен транспорт на градежни материјали и на градежни работници, а откако ќе бидат изградени тие објекти, секако ќе има секојдневен превоз на вработени/станари од и до истите тие објекти, а зеленило секако ќе нема на истите тие места, што само дополнително придонесува за загадувањето на градот.
Точно. Затоа Аеродром и Лисиче имаат најголема загаденост на воздухот, заради исечените 100 дрвја во Центар последните 3 години. Ти завидувам понекогаш на способноста за влечење на заклучоци.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 08-Jan-2016 at 20:30
Previous
 
Ќе ти реплицирав, но гледам дека забеган веќе ме претекнал со неговата реплика во пост #687 уште пред да го објавиш твојот коментар, па ќе те охрабрам да го третираш неговиот коментар во пост #687 како моја реплика на твојот коментар, бидејќи го делам неговото мислење.
 
Па добро е да се знае дека барем има некое поле на кое ми завидуваш, јас од друга страна не гледам некоја посебна карактеристика твоја која е заслужна за завидување.


Edited by Dexter26 - 08-Jan-2016 at 20:35
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 08-Jan-2016 at 21:41
Толку ли не ви е јасно дека поради политизација и паушални од ракав извадени обвинувања и критики неможе да се развије здрава критика во Македонија. Жими една група што е НА ТОЧАК која за сега добро се држи од политизирање и тие лека полака имаат доста успеси, а дел од нивните предлози веќе се имплементирани во плановите за развој на инфраструктурата. Но таа група е исклучително коректна а своите критики ги знаснова на лични искуства, на искуства од земји кои што се понапред во овој сегмент на сообраќајот. Секоја чест за нив но за жал тие се реткост во овој политикантски смрдеж што ни се случува. Јас до пред некоја година имав надежи дека и овој форум може да се развие во тој правец но за жал се виде дека едно е да се надеваш а праксата е сосема друго нешто.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #691 Posted: 08-Jan-2016 at 22:04
Originally posted by Dexter26




Previous  Ќе ти реплицирав, но гледам дека забеган веќе ме претекнал со неговата реплика во пост #687 уште пред да го објавиш твојот коментар, па ќе те охрабрам да го третираш неговиот коментар во пост #687 како моја реплика на твојот коментар, бидејќи го делам неговото мислење.  Па добро е да се знае дека барем има некое поле на кое ми завидуваш, јас од друга страна не гледам некоја посебна карактеристика твоја која е заслужна за завидување.

Јас тебе и на Забеган воопшто не ви завидувам, дали сакате да ми кажете дека не го гледате Градскиот парк во Центар, за вас е паркот во Тетово, или можеби ако се исече дрво на плоштад, на плоштад треба да се засади новото дрво. Срамота е да припаѓате за секоја исечена гранка, или како што би рекол ти за секој исечен бел дроб на градот. Каква катирура се прави од една појава, колку траорно се опишува состојбата на воздухот, колку манијакално се хистерише за секое скинато ливче, колку срамно се злоупотребува сечење на неколку дрва. Каква драма е направена во пропагандни цели, еден тука пред некој ден прашуваше каде можел да купи гас-маска, лудило.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #692 Posted: 08-Jan-2016 at 22:12
Originally posted by kultuzin

Moze ova so belite drobovi vo brojki, povrsina, konkretni primeri. Vaka mnogu poeticno i filozovski mi zvuci. Dajte malku brojki. Kolku drva se iseceni a kolku posadeni dodeka se unistuvat drobovite kako sto vikas.

Никој нема да ти одговори, јас ќе ти кажам по слободна проценка во последните неколку години се исечени околу 400-500 дрва, и барем пловина од нив заради старост и опасност кон граѓаните. Истовремено се засадени 20-тина илјади нови дрва. Сега ќе имаш тирада дека новите дрва се насадени 15 метра полево од старите, на новите ќе им требало барем 1000 години да станат бели дробови на градот, од 20-те илјади барем 200 биле палми, а они не дишеле. Мислиш Коце сади Кокичиња, а сече Секвои. Немем толака имагинација за тоа се што може да напишат, затоа им оставам да продолжат кај што застанав.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #693 Posted: 08-Jan-2016 at 22:28
Зошто е потребата од гас-маска лудило?
Видливо е дека концентрацијата на штетни честички во воздухот е речиси постојано на алармантно ниво. Или можеби се е тоа теорија на заговор за да се зголеми продажбата на гас-маски?   
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #694 Posted: 08-Jan-2016 at 22:28
Originally posted by King

Јас тебе и на Забеган воопшто не ви завидувам, дали сакате да ми кажете дека не го гледате Градскиот парк во Центар, за вас е паркот во Тетово, или можеби ако се исече дрво на плоштад, на плоштад треба да се засади новото дрво. Срамота е да припаѓате за секоја исечена гранка, или како што би рекол ти за секој исечен бел дроб на градот. Каква катирура се прави од една појава, колку траорно се опишува состојбата на воздухот, колку манијакално се хистерише за секое скинато ливче, колку срамно се злоупотребува сечење на неколку дрва. Каква драма е направена во пропагандни цели, еден тука пред некој ден прашуваше каде можел да купи гас-маска, лудило.

 
Колку хистеришаш ти и колкава драма глумиш по форумов, на тебе не ти треба партиска книшка, ти си човек-партија, партија на неумот и неразумот.
 
Извини, моја печатна грешка, точното именување е партија на анти-умот и на анти-разумот.


Edited by Dexter26 - 08-Jan-2016 at 22:38
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #695 Posted: 08-Jan-2016 at 23:22
Originally posted by fichot

Зошто е потребата од гас-маска лудило?
Видливо е дека концентрацијата на штетни честички во воздухот е речиси постојано на алармантно ниво. Или можеби се е тоа теорија на заговор за да се зголеми продажбата на гас-маски?   

Не е лудило, сосем нормално е да се шеташ со гас маска, јас ти препорачувам да провериш дали има во Микеи, па сосем нормално шетај си низ градот.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #696 Posted: 08-Jan-2016 at 23:22
Originally posted by Dexter26






Originally posted by King

Јас тебе и на Забеган воопшто не ви завидувам, дали сакате да ми кажете дека не го гледате Градскиот парк во Центар, за вас е паркот во Тетово, или можеби ако се исече дрво на плоштад, на плоштад треба да се засади новото дрво. Срамота е да припаѓате за секоја исечена гранка, или како што би рекол ти за секој исечен бел дроб на градот. Каква катирура се прави од една појава, колку траорно се опишува состојбата на воздухот, колку манијакално се хистерише за секое скинато ливче, колку срамно се злоупотребува сечење на неколку дрва. Каква драма е направена во пропагандни цели, еден тука пред некој ден прашуваше каде можел да купи гас-маска, лудило.
 Колку хистеришаш ти и колкава драма глумиш по форумов, на тебе не ти треба партиска книшка, ти си човек-партија, партија на неумот и неразумот.  Извини, моја печатна грешка, точното именување е партија на анти-умот и на анти-разумот.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #697 Posted: 08-Jan-2016 at 23:37
Originally posted by King

Originally posted by fichot

Зошто е потребата од гас-маска лудило?
Видливо е дека концентрацијата на штетни честички во воздухот е речиси постојано на алармантно ниво. Или можеби се е тоа теорија на заговор за да се зголеми продажбата на гас-маски?   

Не е лудило, сосем нормално е да се шеташ со гас маска, јас ти препорачувам да провериш дали има во Микеи, па сосем нормално шетај си низ градот.



Во ненормални околности секако дека е нормално. Одамна ќе се шетав, ама пушач сум па не гледам некоја поента. Ама непушачи, деца, старци, трудници би требало да се заштитат.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #698 Posted: 08-Jan-2016 at 23:37
Originally posted by King

Originally posted by Dexter26




Previous  Ќе ти реплицирав, но гледам дека забеган веќе ме претекнал со неговата реплика во пост #687 уште пред да го објавиш твојот коментар, па ќе те охрабрам да го третираш неговиот коментар во пост #687 како моја реплика на твојот коментар, бидејќи го делам неговото мислење.  Па добро е да се знае дека барем има некое поле на кое ми завидуваш, јас од друга страна не гледам некоја посебна карактеристика твоја која е заслужна за завидување.

Јас тебе и на Забеган воопшто не ви завидувам, дали сакате да ми кажете дека не го гледате Градскиот парк во Центар, за вас е паркот во Тетово, или можеби ако се исече дрво на плоштад, на плоштад треба да се засади новото дрво. Срамота е да припаѓате за секоја исечена гранка, или како што би рекол ти за секој исечен бел дроб на градот. Каква катирура се прави од една појава, колку траорно се опишува состојбата на воздухот, колку манијакално се хистерише за секое скинато ливче, колку срамно се злоупотребува сечење на неколку дрва. Каква драма е направена во пропагандни цели, еден тука пред некој ден прашуваше каде можел да купи гас-маска, лудило.
убаво си рековме, планска сеча и планско садење... исто како што постои урбанистички план за маркици и за објекти, постои и за зеленило... и тука не се гледа само зеленилото како површина, тук усе гледаат и пешачките простори и како треба да бидат организирани
се се пресметува, се се планира, каде може да се жртвува зеленило, за кои цели, и каде може да се отвораат нови зелени простории каква функција ќе имаат
не некој да исече цел парк во центар, да засади 100 дрва на Водно и да рече дека тоа е ок

втора работа е што онаму каде што беа збришани цели паркчиња, дрвореди и разни пешачки простори, се изградија објекти што можеле да бидат лоцирани на милијарда други места, само во центарот на градот, а да не збориме и пошироко... едно е да жртвуваш такви простори за изградба на улица која мора да поминува од таму, а друго е таму да изградиш објект... објекти се градат врз непополнети блокови или големи бришани простори, што ние тука разговорно си ги викаме ниви (пример тревникот каде што сега се градат офицерски и мериот да речеме), а не на сред паркови и улици
постојат места во градов каде што се гради, а никогаш во неговата цела историја, ама баш никогаш таму не биле планирани објекти

целава оваа дискусија, не е поврзана толку со загадувањето, колку што е поврзана со квалитет и пријатност на просторот... затоа не збориме за тоа колку дрва се исечени или засадени, туку за конкретните простори каде што тоа се прави

затоа не ни сервирајте по сто пати упорно една статистика што ја знаеме и ние и што сме утврдиле дека е ирелевантна... и не не мешајте со пропагандата каде што се плаче за секое дрво, туку читајте конкретно што се пишува и не се прајте ко да сте отсутни кога се пишува тоа


а еве кога веќе го спомнуваш и градскиот парк, за што сакаш да збориме попрво? за огромниот станбен блок што се планире каде што сега е општината? за Кермес што повеќе од десет години си го краси паркот како руиниран мочалник? за кајакарскиот клуб што многу долго време стоеше како карабина, магично се претвори во кафуле и просторот околу него се користи како паркинг? за кинески ѕид? за дискотеките кои зафаќаат огромен простор? за плажата на кеј која целосно пропадна и сега се користи ексклузивно како ноќен клуб?
за тој парк ли збориме?

Edited by zabegan - 09-Jan-2016 at 00:00
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2422
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #699 Posted: 09-Jan-2016 at 00:00
Имајќи в предвид што добивме, подобро ќе беше „нивата“ на плоштад да се урбанизираше како парк.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #700 Posted: 09-Jan-2016 at 00:08
Originally posted by fichot

Имајќи в предвид што добивме, подобро ќе беше „нивата“ на плоштад да се урбанизираше како парк.
е тука не се согласувам, можеби објектите требало да бидат со помал габарит па околу нив да има простор за некакви партерно зеленило, ама тој простор мораше да биде пополнет за да се коплетира плоштадот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3334353637 39>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.170 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.