build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 23-May-2019 at 17:12
Се надевам ќе се реализрираат предлозиве..

---------------------------------------------------------------------------------

Изработени 6 предлог концепти за редизајн на зелени јавни површини во Скопје
Тимот на Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб) во изминатиот период работеше на иницијативата за редизајнирање на зелени јавни површини/паркови преку која градот Скопје ќе уреди 6 зелени површни кои досега не беа доволно искористени, а за да обезбеди подобар јавен простор за релаксација, одмор и дружење за граѓаните, а воедно и да помогне во разубавување на градот.

Повеќе за самата иницијатива може да најдете овде.

Ова фаза ќе опфати уредување на 6 јавни зелени површини но се очекува оваа иницијатива да продолжи и понатаму со оглед на заинтересираноста на граѓаните како и на останатите јавни, приватни и граѓански организации да помогнат во уредување на ваквите површини.

Пред да се помине на уредување, Градот сака уште еднаш да го слушне мислењето на граѓаните за 6те концепти кои беа изработени врз основа на добиените одговори во процесот на теренско и онлајн истражување кое се спроведе во периодот Август – Септември 2018 год.

Подолу ви ги претставуваме концептите за 6те локации за кои се планира да распише јавна набавка во текот на месец јуни.

Сите ваши мислења и коментари во поглед на концептите слободно доставете ги skopjelab@skopje.gov.mk, најкасно до 30 мај со цел да може да се направи ревизија на концептите пред распишувањето на јавната набавка.


1. ПРОСТОР СПРОТИ РАМСТОР/СТОПАНСКА БАНКА НА БУЛ.“ЈАНЕ САНДАНСКИ“, ДО АВТОБУСКА ПОСТОЈКА



Оваа зелена површина во Општина Аеродром се наоѓа веднаш до главниот булевар "Јане Сандански", еден од најпрометните булевари во градот, спроти маркетот Рамстор и филијалата на Стопанска Банка.

Областа се карактеризира претежно со згради, не многу слободни и зелени површини помеѓу градежните блокови. Во околината се наоѓаат неколку компании, банки, неколку барови и ресторани. Луѓето кои живеат тука се претежно семејни луѓе со деца тинерјџери, студенти и пензионери. Неколку метри погоре на оваа страна на улицата каде што е зелената површина се наоѓа и автобуска постојка која често се користи, особено од учениците и повозрасните.

Она што повеќето граѓани сметаат дека треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор што ќе обезбеди услови граѓаните да се релаксираат и уживаат во зеленилото, можеби со добра книга, и покрај тоа што сте наоѓаат до бучен и прометен булевар
Простор за дружење со своите соседи и пријатели, за разговор и забава
Простор за уживање за време на работниот одмор со добро кафе
Простор што ќе им понуди на патниците кои ја користат автобуската станица интересна содржина додека чекаат, а воедно и ќе бидат во тек со последните патни информации (време на доаѓање на автобус, број на линии и слично)

Локацијата треба да понуди основни содржини како:

Цвеќиња за да го разубават просторот
Големи клупи за одмор – уметничко дизајнирани
Фонтана за вода
Мали корпи за селекција на отпад
(паметно) осветлување
Интересни маси за шах и табла, со покреативен дизајн
Дополнително:

Паметни клупи (кои располагаат со приклучоци за полнење мобилни уреди, безжичен интернет, ноќно осветлување, контролер за штедење енергија, сензори и други корисни елементи.)
Креативна уметничка поставка
Разубавување на автобуска постојка – креативна уметничка постојка со Wi-Fi / Hot Spot
Улична библиотека во склоп на автобуската постојка или одделно
*Просторот се очекува да нуди и простор за поставување на камионче за кафе / чај и храна

2. ЗЕЛЕН ПРОСТОР КАЈ МАРТИНОВСКИ ПОД КАЛЕ



Оваа зелена површина во општина Центар се наоѓа веднаш до главниот булевар "Гоце Делчев", еден од најпрометните булевари во градот, под Калето.

Како централно градско подрачје, околу просторот се движат различни луѓе од различни возрасни групи.Туриститекои одат во посета на Старата скопска чаршија или Калето, студенти со оглед на близината на факултетите, граѓаните кои чекаат превоз (автобус или такси), луѓето кои работат во блиските јавни/приватни институции, итн.

Веднаш до оваа површина се наоѓа автобуска постојка но околу истата нема место за седење додека се чека, ниту чешма за вода која особено е важна во летниот период кога температурите на булеварите во градот достигнуваат речиси 40 степени.

Во близина на локацијата се наоѓа куќата на најавтентичниот сликар на македонскиот пејзаж Лазар Личеноски која дава едно убаво културно обележје на просторот.

Oна што се очекува е овој простор да обезбеди е следново:

Простор кој ќе ги задоволи потребите на патниците кои чекаат превоз на локацијата
Простор кој ќе помогне да се подигне свеста за животната средина
Простор што ќе ја поттикне креативноста и промовира културата

3. ПАРК ПРЕД ПОЛИКЛИНИКА ИДАДИЈА ДО ВЕРО МАРКЕТ

Оваа површина се наоѓа веднаш до поликлиниката Идадија, маркет Веро, отспротива на АМСМ. Најголем број луѓе кои се движат овде се лица кои ја посетуваат поликлиниката, локалните жители, луѓе кои работат во овој дел во локалните компании, угостителски објекти и друго.

Иако на просторот има постоечки парк, заради големиот број на возила кои паркираат овде паркот е речиси уништен. Задниот дел на болницата исто располага со една зелена површина која не е доволно искористена, а може да обезбеди убав простор за релаксација особено за најмладите.

Согласно испитаниците, она што треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор за уживање во работниот одмор
Простор кој ќе обезбеди забава за најмладите кои живеат во овој дел и нивните родители
Простор за одмор за посетителите на болницата

4. ПАРК ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ДО ГРАДСКА КАФАНА ФУРНА



Оваа зелена површина во општина Карпош се наоѓа веднаш до главниот булевар „МетрополитТеодосиј Гологанов“, еден од најпрометните булевари во градот, спроти Министерство за Економија и веднаш до кафаната Фурна.

Како централно градско подрачје овој дел се карактеризира со објекти каде се сместени многу компании, јавни институции, кафе - барови и ресторани.

Овде претежно живеат постари луѓе и брачни парови со деца. Но, заради постоењето на многу приватни и јавни институции, оваа област во текот на денот е посетувана и од луѓе кои работат во овие институции или пристигнуваат за да остварат одредена услуга.

И покрај фактот дека овој парк е една од најголемите зелени површини во овој дел од градот, истиот е недоволно искористен, најмногу поради тоа што не обезбедува искуства за луѓето кои би го посетувале, ниту пак располага со урбана опрема која ќе им овозможи на луѓето простор каде можат да дојдат да се релаксираат или дружат. Поради ова, локалните жители обично седат на клупата на тротоарот преку улицата каде што има повеќе сенка и чешма за вода.

Со цел да се заживее просторот она што треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор што ќе обезбеди услови граѓаните да се релаксираат и уживаат во зеленилото, можеби со добра книга, и покрај тоа што сте наоѓаат до бучен и прометен булевар
Простор за дружење со своите соседи и пријатели во природна средина
Простор за уживање во работниот одмор

5. ПОТЕГОТ ПОКРАЈ БУЛЕВАРОТ „ КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ –ПИТУ“, ОД НБРМ ДО МОСТ НА РЕКА ВАРДАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

Ова локација се наоѓа веднаш до главниот прометен булевар. Во околината се наоѓаат неколку јавни институции, Веро центар, автобуска постојка, голем број угостителски објекти итн.

Најчесто на оваа локација транзитираат граѓани кои ги посетуваат јавните институции, вработени во институциите кои се наоѓаат во околината, студенти и граѓани кои ја користат автобуската постојка во близина.

Она што треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор за одмор за граѓаните кои транзитираат на овој дел
Простор за уживање во работниот одмор за вработените во локалните институции

6. ПАРК НА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

Овој зелен простор се наоѓа во склоп на Архитектонскиот факултет, веднаш на главниот булевар „Партизански одреди“ и најмногу користен од страна на студентите кои студираат на овој факултет или ја користат библиотеката Браќа Миладиновци.

Во тој поглед она што треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор за релаксација и уживање
Простор што ќе ја поттикне креативноста кај студентите
Простор за дружење и забава за студентите

https://www.skopjelab.mk/izraboteni-7-predlog-kontsepti-za-redizajn-na-zeleni-javni-povrshini-vo-skopje/?fbclid=IwAR3mfsspxGxnc_ByGGSCyqP9oQdcPqZkrCkgFdoLweTMrzsdEH89WHxRhXA
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2315
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 31-Jul-2019 at 11:07
Се расипа цистерната, се исуши дрвото

Ќе oстане ли „Градското дрво“ во Скопје да сведочи како споменик на негрижата за загадувањето на воздухот е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека веќе втора година овој еколошки билборд е исушен односно не го прочистува воздухот. Главното образложение за незавидната состојба е дека неколку месеци откако било поставено „Градското дрво“ се расипала цистерната на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, со која требало да се наводнува.

Овој пример можеби најдобро ги илустрира резултатите од истражувањето на Институтот за комуникациски студии за тоа каква е судбината на еколошките проекти во земјава кои почнуваат со голем елан, но потоа брзо згаснуваат или полека замираат.

Градското дрво“ во Скопје чинеше 25.000 евра - донација од неколку македонски компании. Станува збор за инсталација со пропустлива структура која има способност да ја редуцира брзината на ветерот, а мововите и васкуларните растенија кои сега се исушени ја привлекуваа и фаќаа ситната прашина и на тој начин го причистуваа воздухот. Одговори околу причините за исушениот билборд побаравме од Град Скопје и „Еко-свест“.

На нашето прашање кој е задолжен за одржување на билбордот и зошто тој не функционира од Град Скопје велат дека согласно Меморандумот за соработка склучен помеѓу Градот и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, надлежен за одржување на билбордот е Град Скопје, преку своето јавно претпријатие „Паркови и зеленило“.

- Поради посебните услови кои се потребни за опстојување на инсталацијата од мовови, односно системот и самите вентили и поради начинот на кој е осмислена самата инсталација да се дополнува со вода преку цистерна еднаш неделно. Во периодот од јуни-август 2017 година единствената цистерна со која располага ЈП „Паркови и зеленило“ беше во дефект и во комбинација со топлотниот бран кој беше во тој период за помалку од еден месец растенијата и мововите се исушија - велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека од септември 2017 година не се заменети растенијата во самата инсталација. За тажната судбина на нивниот еколошки билброд не успеавме да добиеме одговори од „Еко-свест“ бидејќи одговорните биле на годишен одмор.





----------------------------------------------------------

Уште едно лето без „Зелен покрив“ на ГТЦ
Непланирано одложување имаше реализацијата на проектот „Зелен покрив“ на Градскиот трговски центар (ГТЦ) поради реакциите на јавноста на решението односно визуелизацијата на оваа идеја презентирана на почетокот на годинава. Притисокот од граѓаните и архитектонската фела во февруари, годинава ги натера градските власти да направат измени на проектот.

Идејниот проект за изгледот ни беше доставен од ГТЦ, како трета страна во проектот. Град Скопје учествува во овој проект преку финансирање на истиот и обезбедување на средствата, а УНДП ја спроведе постапката. Имајќи предвид дека имаше извесни реакции во јавноста, веќе стапивме во контакт со архитектите и фелата и во рамките на законските можности и правилата определени од УНДП, преку „Скопје урбан центар“ каде што се членки Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе бидат извршени определи корекции на проектот“, рече тогаш Шилегов.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

http://doma.edu.mk/odrzlivo/283-se-rasipa-cisternata-se-isusi-drvoto?fbclid=IwAR1S2PcGFPB0SEj2q2HIG4tn33U7BrzhnP0nw74-xA6eWlMrLbFdTN7qfrw
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.