build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 38>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 21-Apr-2008 at 00:54
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6ADC49EB5604AF49BBD13BD3FD57F39C

Нови 10.000 квадрати зеленило за клучката кај „Континентал“

Кај клучката „Континентал“ екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ деновиве засадуваат ново зеленило на површина од 10.000 квадратни метри. Работниците садат трева и друга ниска вегетација на косините и поставуваат хидрантска мрежа за полевање. Паралелно, екипите формираат и ново зеленило кај Културно-информативниот центар, на површина од 1.000 квадратни метри.Од претпријатието информираат и дека годинава ќе изградат средишни жардиниери на повеќе булевари во Скопје, кои ќе ги засадат со квалитетни садници. Прво ќе биде раззеленета новоизградената жардиниера на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-May-2008 at 00:01
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DA5AAC226C3EB44D8ADBF6BBBA4ED3CF

Паркот „Чаир“ разубавен со фонтана

Паркот стана попривлечен за најмладите

Среден и разубавен со цвеќиња, со фонтана, клупи, кошници за отпадоци и нови реквизити за најмладите, паркот „Чаир“ стана попривлечен за најмладите, постарите, но и за сите жители на општината Чаир. Во рамките на проектот „Недела на екологијата“, Општината деновиве ги повикува граѓаните да ја разубават животната средина пред своите дворови и станбени згради. (Сн.К.)

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 12-May-2008 at 01:49
Ај турете една тема за фонтани!!! Пребацете ги постовиве тамо!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 12-May-2008 at 12:13
Па добро де, не е само фонтана, гледаш дека цел парк го средиле LOL
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 10-Jul-2008 at 21:07
Originally posted by ProMKD

Само да се садат дрва... гајле ми е кој е организатор и кој се жали за тоа! 


акцијава треба да мине во традиција www.treeday.com.mk , но освен дрва треба и цвеќе да се сади а истото и редовно да се вади. навистина очајно делува кога човек ќе се сети дека Скопје некогаш бил познат како „Град На Цвеќето„ секоја пролет се саделе по милион стракови (садници) цвеќе - по два корена цвеќе на жител...Roll%20eyes

но реално гледано се додека не се најдат механизми за спроведување на законот против каубојските навики на нашите сограѓани да паркираат над сред тревник или под дрво или пак новозасадените садници да си ги таксаат за в двор тогаш ќе имаме само промашени проекти и изгубено време...

треба да се работи и на свеста а и совеста т.е. има мал милион начини како да го разелениме и расцветаме Скопје а тоа така и да остане...
пр. може општините да донесат регулатива да за одобрување на дозвола за градба или доградба на објект да мора и да се инвестира во хортикултурно уредување на околината, истото тоа би можело да се наметне и на останатите видови на одобренија како припуштање тераса на ресторани, кафани, трафики(тобако е редок пример), сендвичари и секакви други услужни дејности, па дури може да се удри по некој процент од регистрацијата на возила оправдувајќи се со егзодусот од 60 годишното арчење воздух на лименките по тоа скопските улици, интересен податок е тоа дека кола троши кислород за еден сат колку човек за цел живот што ќе потроши...

но сето тоа е возможно доколку народов има капацитет за волку револуционерни идеи, да не заборавиме сеуште сме во транзициски сон, затоа има и други пореволуционерни алтернативи кои сепак бараат или поширок агол на свест (верата) или искрена жртва (работни акции)
пр. за верата е еден вистинит случај во грција каде на еден каменит остров свештеникот за секој исповедан грев како епитимија на верниците им наложувал да засадат по некое дрво секој според тежината на гревот и силата на покајанието, па така за брзо време островот од камењар се сторил шума а воедно и потсетник за ослободувањето од злото... додека ударничкиот момент е возможен само доколку снема струја и од немајкаде да се собереме сите што го преспиваме животот пред компјутер, плејка, телевизор, кафана (пардон во кафана може и без струја)...

но на крај и да стекнеме начин како да се активираме на ова поле џабе е се додека каубојците не ги ставиме во штала каде и им е место, а тоа по мене е можно ако помине оној предлог законот што го отфрли уставен за условната казна да се замени со општокорисна работа а лесната затворска со парична...што повторно зависи од задреманите механизми за спроведување на редот и мирот па тие тогаш сите ќе мора кондиционо да се рехабилитираат (се од суд па до полиција), што скоро е и невозможно...затоа остануваат само поекстремни начини на тренирање свест кај каубојците како на пр. помалку успешните ставање жица, столпчиња, камења околу и по тревниците или пак можеби наједноставниот а воедно и најуспешен метод амнестирање т.е. легализирање на бушење гуми доколку се паркирани на зелена површина или гребењето кола доколку е скршено дрво Thumbs%20Up па после месец дена таков ред ќе имаме што мислам дека ќе почне истата методологија да се применува и во други невозможни за оправање сфери, а тоа пајаците нека продолжат да бркаат муви и бумбари како и обично!
но се додека пиеме скотско во скотје тешко и дека нешто ќе смениме, тешко е да се биде човек кога си опкружен со толку бетон, па дури и киборзи да бевме волку немаше да се исчуручиме, но што е тоа е, треба чаре да се бара а не кавги и џева да се крева по тоа еколошките трибини, две бини а понекогаш и без бина...
а за ЛЕАП(локален еколошки акционен план) и муабет да не се прави, што ако е донесен кога не може да се оствари...туку има и донаторски излез, можеме да бараме оштета од нато за озрачената животна околина заради иљадниците тони ураниум истурени околу нас, па да ни донираат и тие садници, семе и хумус LOL






Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 10-Jul-2008 at 21:16


За жал генерално се сложувам. Каубојштината е најголемиот проблем. Имавме една дебата за тоа како да се справиме со каубојштината од малку различен тип овдека.  Се сложувам со тебе само многу порадикални мерки може да сменат нешто тука но истовремено треба да најдеме начин да не се создаваат нови генерации на каубојци (институциите како училиште и семејство тука треба да го одиграат клучниот дел).

Сега за сега според мене преголеми инвестиции во зеленило се промашени. Еве каде што живеам јас предизборно почнаа да ги шишаат обраснатите џунгли и да садат нова трева. Но не сум сигурен колку оваа инвестиција ќе биде долгорочна бидејќи е веќе докажано дека кај нас не е толку тешко нешто да се направи туку да се одржи.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 10-Jul-2008 at 21:34
beton и јас генерално се сложувам со повеќето работи во твојот пост, ама со оној „рефлекс“ дека живееме во „нехуман“ град и дека тоа е ради премногу бетон, никако не можам да се сложам, дури сум и револтиран какво клише стана тоа да се употребува кога треба да се испразни негативна енергија од било каков вид...

Originally posted by beTon

тешко е да се биде човек кога си опкружен со толку бетон, па дури и киборзи да бевме волку немаше да се исчуручиме
Со колку точно бетон сме опкружени??? Еве во денешно време барем кога имаме GoogleEarth на располагање, лесно е да се провери и увиди дека Скопје одлично стои на ова поле - помалку бетон а повеќе зеленило (кое треба да се заштити и негува) од најголем број европски градови. Нас дефинитивно не ни е проблем бетонот туку нешто друго...
Пред некое време во друга нишка стана збор за духот на градот... Духот на градот не го убива бетонот, па дури и во форма на бруталистички градби, туку малодушноста, рефлексната негативност, ниското културно ниво и негрижата кон својот град на поголемиот дел скопјани.

Само ај да не забегуваме повторно далеку надвор от темата, поентата ми е дека соодносот зеленило/бетон во Скопје е прилично добар.






Edited by Cloverstack - 10-Jul-2008 at 21:34
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 11-Jul-2008 at 22:47
 
Originally posted by Cloverstack

но се додека пиеме скотско во скотје тешко и дека нешто ќе смениме, тешко е да се биде човек кога си опкружен со толку бетон, па дури и киборзи да бевме волку немаше да се исчуручиме


мислава се однесува пред се на избетонираниот начин на живот и функционирање каде битно е само да ги задоволиме страстите и интересите а за проблемите други нека му ја мислат, но кога ќе дојде време за обвинувања сите креваат прст. аргумент плус за ова е еден Христијански момент кај нас Македонците по кој сме карактеристични во очите на секој странец кој ќе намине тука, а тоа е топлиот слободоумен пристат да после првиот муабет да го викнеш патникот дома на ракија или кафе, што можам да кажам дека во градов веќе е доведен под знак прашалник освен можеби кај рокерскиот дел од скопската популација кој сепак не е мнозинство.
а на што се должи ова тоа е друга приказна има тука нешто влијание и конструктираниот материјален бетон не дека тој е цвеќе за мирисање но за тоа треба да отвориме друг топик за штетните влијанија на градежните материјали, климатолошки појави во урбана средина, зрачење, позитивни и негативни карактеристикаи на градежните терени...
а за соодносот на парковите кај нас и пр белград или загреб верувај ми ни блиску не сме до нив, ние имаме убави диви паркови, добри диви патеки и никаква желба тоа да го смениме...но се надевам ќе се смени на поарно ако се удри со некој вид од погоре наведените мерки, само активен закон, ништо друго, но се плашам дека малку и заминавме подалеку од она што јас го предложувам, па вчера слушам ќе мора дозволи да вадиме за прошетка во планина само заборавиле да стават и наплата за сликање LOL



Edited by beTon - 12-Jul-2008 at 21:32
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 12-Jul-2008 at 01:34


Цитираното е од тебе самиот, а не од мене како што е наведено во твојот пост.
Плус тоа јас не го споредував Скопје со поедини примери туку генерално, ниту реков дека добро се грижиме за зеленилото, баш напротив...
Во филозофските аспекти на твојот пост нема воопшто да навлегувам.



Инаку линкот не ти работи - носи на погрешна адреса.

Еве за што се работи:

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=684&PID=43169#43169




Edited by Cloverstack - 18-Jul-2009 at 00:33
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 12-Aug-2008 at 15:34

ИНВАЗИЈА ВО СКОПЈЕ
Змии отровници влегуваат во куќи

Душан Парлиќ од Влае успеал да ја фати жива змијата што вчера им влегла во дворот за која тврди дека е отровница

Скопје врие од змии отровници. Скопјани од речиси сите населби се жалат дека последниве неколку недели како да има инвазија од змии во градот. Ги има не само во зеленилото и грмушките кои се неискосени и неуредени, туку и на улиците, а последнава недела почнале да влегуваат во дворовите и во куќите.
Во населбата Влае два пати неделава низ дворовите биле забележани змии. Душан Парлиќ змијата која вчера им влегла во дворот успеал да ја фати жива за да им ја покаже на градските власти и да ги потсети дека поради несреденото зеленило секојдневно живеат во страв некоја змија да не ги касне и фатално да завршат.
"Една змија се појави во понеделникот. Неа ја отепавме, а вчера уште една ни шеташе во дворот. Јас бидејќи долго време бев планинар и сум фаќал змии успеав да ја фатам и зачувам. Според моето знаење за змиите, оваа е од видот шарка и е отровна. Не сакам ни да помислам што би можело да им се случи на некои од децата доколку ги каснела. Сега живееме со страв и чекаме да излезе уште некоја змија. Веднаш до нас зеленилото не е средено со години и најверојатно од таму доаѓаат. Па зар треба некој да настрада, па да им текне на градските власти да ја искосат запуштената трева", вели Душан Пралиќ.
Од ЈП"Паркови и зеленило" велат дека и тие забележале годинава појава на голем број змии низ градот, но објаснуваат дека неискосеното зеленило не е причина за нивната масовна појава.
"И нашите работници забележаа масовна појава на змии низ градот. Нив ги има не само во зеленилото, туку и на улици. Минатите години имаше многу повеќе неискосени површини, па немаше појава на толку змии. Причината за нивната појава е нешто друго", велат од ЈП"Паркови и зеленило".
Во моментов во надлежните институции нема кој да ја објасни масовната појава на змии во урбана средина. Во Природно-научниот музеј вчера биолозите цел ден беа на состаноци, а биолозите пак од Природно-математичкиот факултет тврдеа дека тие не се занимаваат со змии, туку тоа било дејност на колегите од Природно-научниот музеј. (А.А.)

***
Змиите се појавиле поради високите температури

Масовната појава на змии во Скопје, според ветеринарите и биолозите, се должи на високите температури. И едните и другите велат дека пеколното лето годинава е главната причина за зголемениот број змии низ Скопје.
"Змиите зимно време се кријат во дупки и веднаш штом ќе се затопли времето излегуваат од зимските живеалишта. Се населуваат на отворени површини и тука се размножуваат. Најчесто ги има во високото зеленило и затоа им се препорачува на граѓаните да ги избегнуваат зелените неискосени површини со високо зеленило зашто не се знае на каква змија ќе налетаат. Граѓаните не смеат ниту да ги задеваат или да се обидат да ги убијат змиите оти тие напаѓаат кога ќе се почувствуваат загрозени", вели Весна Левајковиќ, ветеринар во Зоолошката градина.
Таа нагласи дека е сосема возможно низ Скопје исто како и низ другите градови на Македонија да се појават змии отровници.

***
Ако ве касне змија, веднаш побарајте лекарска помош

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните ако евентуално ги касне змија веднаш да го подврзат местото над раната и што побрзо да се обратат до најблиската болница или во Итната медицинска помош. Од Министерството велат дека сите здравствени домови и општи болници во Македонија се навремено известени за потребата од континуирано обезбедување доволни количества серум антивиперинум против змиско каснување. Во моментов, во 30 здравствени домови, 14 општи болници и на Клиниката за инфективни болести во Скопје има 250 ампули од серумот антивиперинум.

Вест 7/25/2008


НАЕЗДА ОД ВЛЕЧУГИ ВО ГРАДОТ ПОД ПЕЛИСТЕР - Дневник 11.08.2008

дали дефинитивно се работи за змии отровници или нема врска, чудно порано никогаш немало ваков аларм или јас не сум чул за слично, т.е. знам имаше пред едно 20 години слична наезда, сепак не е страшно толку колку што е морничаво за слушање сепак денес серум има во секоја аптека и амбуланта. плус ако скопје е сотрено што е тогаш со водно или матка или скопско поле? саде паничари сме или?!

како тргнало се повеќе и повеќе ќе ги гледаме по градовите, но има една вистина тие од секогаш и ги имало но сега во последно време ептен се социјализираат... дали за тоа е крива жештината која е награда за нашиот сеопшт напор на експлоатација на ЦО2 или пак итрите безрбетници се скарале со срамежливоста, незнам, но ми се чини дека ќе треба да почнеме да чуваме мунгоси место кучиња како домашни миленичиња или пак некаков вид на мелези меѓу овие два вида ако е тоа возможно... иако мислам дека за сега има поедноставно и похумано чаре за решавање на вакви стуации а тоа е прскањето со вода на тревниците и плочниците и во дворовите и во парковите, плус така и ќе го кренеме зеленилото по градовите на светско ниво, иако не е добро вадењето на тревниците по јако сонце како не би изгорела тревата или пак не е ни воопшто еколошки постојано да се арчи вода на тревници сепак најбезболно решение е ова.



Edited by beTon - 18-Nov-2008 at 22:35
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8843
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 12-Aug-2008 at 15:36


Јас мислам дека повеќе се работи за сензационализам иако реално во градов има страшно запуштени делови каде сигурно има змии. Којзнае што ископале на пример кога го чистеле градилиштето за ЕРА каде имаше трева висока сигурно по 2 метри.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 12-Aug-2008 at 15:51
Скопје има змии, и тоа доста. Кај мене во населба покрај пругите, поточно делот што е до депото на МЖ, она што некогаш треба да биде јужен булевар, е тоа е пуно со змии, нормално и ѓубре како и секоја "урбана депонија".
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 19-Aug-2008 at 17:28
Проектите за бунарите за наводнување на зеленилото (како и скоро секој корисен проект кај нас) се заглавени којзнае каде. Веќе долго се најавуваат, но реализација изостанува. Во меѓувреме за наводнување ја користиме драгоцената водоводна вода Roll%20eyes
Но очигледно дека дури ни така не може да постигнеме... Еве го резултатот во Аеродром, тревата е тотално сува преку цело лето (освен 2-3 дена после дожд).




Edited by Cloverstack - 19-Aug-2008 at 17:29
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 27-Oct-2008 at 11:47

Околу 200 стари стебла покраЈ улиците се постоЈана опасност

Суви дрвја ни висат над главите

Процедурата за сечење дрво трае долго,бидејќи дозволите ги издаваат во Градот само откако локалната самоуправа ќе даде виза

Околу 200 стари и суви дрвја ја загрозуваат безбедноста на граѓаните и на нивните имоти низ скопските улици. Од „Паркови и зеленило“, јавно претпријатие одговорно за одржување на градското зеленило, велат дека процесот на нивно сечење и отстранување е забавен поради административните формалности за добивање дозвола.

Неодамна пред очите на стотици скопјани, што чекаа во колоната возила на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, падна огромна гранка од старо и исушено дрво и искрши автомобил. 

- Минував во близина кога едно дрво падна и пред мои очи искрши еден автомобил. Не ми се веруваше што се случи, се' беше како на филм. Прво не се уплашив, но отпосле сфатив дека ако само малку го сменеше правецот дрвото можеше мене да ме смачка. Времето беше сончево, без ветер, мирно, но дрвото падна само од себе - вели Емил Стојановски, сведок на несреќата. 

Од „Паркови“ велат дека знаат за случајот, но сопственикот не бил многу вознемирен, туку бил задоволен што екипите од „Паркови“ му го тргнале дрвото од автомобилот.


- Паднала голема стара и сува гранка врз автомобил. Дрвото не било на список за сечење. Нашите екипи до пладнето интервенираа и го тргнаа дрвото од автомобилот. Сопственикот ни изјави дека отштетата ќе ја плати осигурително друштво. Но имало случаи кога дрво или гранки ќе оштетат нечиј имот, па „Паркови и зеленило“ морало да ги обесштетува граѓаните како фирма одговорна за градското зеленило. Кога околностите за незгодите не се комплетно разјаснети, оштетените граѓани ги упатуваме во Градот - велат во одделението за односи со јавноста во ова јавно претпријатие.

Од „Паркови“ дополнуваат дека граѓаните што во својата околина имаат дрво кое е болно, старо и суво, може да ги известат, а тие веднаш ќе испратат екипи на терен. 

Од претпријатието објаснуваат дека на територијата на Скопје имало 600 стари и исушени дрвја, но сега останале уште 200. Нивни екипи постојано патролираат и ги евидентираат сите дрвја што се за сечење. Но процедурата за сечење дрво трае долго, бидејќи дозволите ги издаваат во Градот само откако служба на локалната самоуправа ќе направи контрола на списокот за сечење подготвен во јавното претпријатие. 

ИНФО- Постојани патроли

Ако граѓаните во својата околина имаат дрво кое е болно, старо и суво, може да го известат ЈП „Паркови и зеленило“, кое веднаш ќе испрати екипи на терен. Тие постојано патролираат и ги евидентираат сите дрвја што се за сечење.

„Паркови и зеленило“ е фирма одговорна за градското зеленило. Кога околностите за незгодите не се комплетно разјаснети, граѓаните можат да побараат отштета од Градот.

Дневник - Марија Тасев - 27.10.2008



Edited by beTon - 13-Dec-2008 at 04:03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 12-Nov-2008 at 18:42
Не знам дали друг пат ми се има случено да се радувам за сечење дрва... Ама овие тополи навистина не се прикладни дрва за во урбана средина.

Се сечат тополите на улицата “Теодосиј Гологанов”

ЈП „Паркови и зеленило“ неделава започна со сечење на тополите на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Стеблата за сечење претходно се проверени и обележени од страна на претставници на Секторот за комунални работи на Град Скопје. Акцијата ќе продолжи понатаму и ќе се работи етапно се додека не бидат исечени сите обележани стебла.

Тополите на оваа локација се засадени во седумдесетите години и поради плиткиот корен и високиот раст постои опасност од нивно паѓање и предизвикување несакани последици.



http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2214&mid=24&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 12-Nov-2008 at 19:00
па не мора да ги сечат доколку е причината плиток корен, можат да ги извадат(откопаат) и или да ги спуштат подлабоко или да ги пресадат на друг простор... но не се тие криви што регулативата е од среденвековна Ohno па на толку кампањи за садење ова е како капак дали! нормално е суви гранки и и скапани дрва да се сотрат но здрави и убави дрва? жално или не надреализмот во СК нема граници а нема ни конкуренција Doh

   



Edited by beTon - 30-Oct-2014 at 23:28
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 12-Nov-2008 at 19:47
другар како да не ги сечат прво тополи нема во никоја европска метропола, бидејќи освен што се суви и лесни дрва кои предизвикуваат несреќи многу поопасно е и тоа што испуштаат честици на пролет кои се штетни за заболени на бели дробови и слично. Ги поддржувам сите акции за сечење на сите стари и суви дрва посебно тополи.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3517
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 12-Nov-2008 at 20:20

види дека тополи нема во никоја европска метропола не само што не е точно туку и нема логика, се работи за пристап повеќе, реално бидејќи немаат широки крошни(дебели сенки) обично се садат или поставуваат како визуелен момент и симболика...

а за она со поленот што да кажам ем не е во целост точно тоа со алергиите ем не е тоа начин за човек да победи некоја алергија!

Скопјани се во заблуда дека се задушуваат од тополите -  18.03.2006


Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Дејан Докиќ, вели дека цветот од тополите е практично безопасен за тие што се алергични на полен

Секогаш имам проблеми со дишењето кога поминувам покрај местата каде што лета цветот од тополите. Страдам од пролетни алергии и поленот ми задава многу главоболки. Кога поминувам покрај тополи за секунда ми се затнува носот, почнува да ми тече, добивам напади на кивање и ми солзат очите. Цветовите на тополите што летаат низ воздухот ми го отежнуваат дишењето. Не знам како да си помогнам. Не можам ниту да ги одбегнувам, бидејќи ветерот ги носи цветовите секаде. И по прецветувањето, цветовите долго време остануваат на земјата и пешаците повторно ги разнесуваат на сите страни, се жали скопјанката Снежана Колевска, која живее во населбата Капиштец, каде што има многу тополи.

Нејзиното мислење дека цветот на тополите ги задушува алергичните на полен го делат голем број скопјани.

- Граѓаните се во заблуда. Погрешно се убедени дека цветот на тополите е причина за пролетните алергии на полен. Тополите цветаат кон крајот на мај и во почетокот на јуни, во време кога цутот на тревите го достигнува максимумот. Тогаш во воздухот има најголема концентрација на поленови зрна, а истовремено низ него летаат безброј цветови и семиња од тополите. Така луѓето погрешно заклучуваат дека поленот од тополите им предизвикува алергија - вели д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Во "Паркови и зеленило" велат дека тополите во Скопје се засадени по земјотресот во 1963 година, бидејќи имало потреба од висока вегетација што брзо расте, како заштита од загадувања на околината. Ги има во населбите Автокоманда, Карпош, Центар, Капиштец, Кисела Вода и на други места.

- Тополите цветаат десет дена во текот на пролетта. Ако тогаш врнат дождови, водата го измива семето. Немаат квалитетно стебло, кај нив се јавува гнилеж во срцевината. Можат да достигнат старост од најмногу 80 години - објаснува Соња Панкова, портпаролка на "Паркови и зеленило".

Во Јавното претпријатие велат дека тополите се сечат континуирано, на територијата на целиот град. "Паркови и зеленило" во текот на следните години планира да ги исече сите проблематични тополи во градот и да засади нови дрвја на нивните места ако на тие локации не е предвидена некаква градба.

Дневник -  18.03.2006

 

но проблематични се скапаните стари и суви дрва, не и овие сега што сакаат да ги скастрат заради плиток корен, абе пак ќе кажам надреализам меѓудругото и “со дендролошки перформанси“ 

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11888
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 12-Nov-2008 at 20:49


Бетон, според текстов што го наведувам, голем дел од тополите (мислам дека се канадски тополи) биле засадени како привремено решение на привремени локации (како покрај ул. Теодосиј Гологанов или бул. Србија) од страна на фабриката Треска. Тие требало да послужат како привремено зеленило за корисно да се пополни просторот до активирање на тие површини, а после Треска да ги исече и да ги искористи како материјал. Тука бил земен во предвид нивниот брз циклус на раст и стареење. Тие дефинитивно не се прикладни за урбани средини, ниту пак биле планирани со таква намера. Во ред е ова што кажува Докиќ... Јас немав никогаш ни слушнато шпекулација дека тополите биле „штетни“ по здравје, а сепак сум против нивното понатамошно опстојување во градов. Една причина е таа што ја кажа Junkie дека се „механички“ опасни, а друга е целиот оној неподнослив памук што секоја пролет го исполнува воздухот и ја прекрива земјата.

Конкретно кај Теодосиј Гологанов, нека се изгради Јужен Булевар во dig&cover тунел, па од горе нека се засади квалитетно зеленило. Тоа е долгорочното решение, а не чувањето на овие остарени тополи.

Дневник 23.04.2008
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=AD11C02E8B7049408839849B3935E06E&arc=1

НА ВИСОКИТЕ ДРВЈА ОДАМНА ИМ ПОМИНА ВЕКОТ НА ТРАЕЊЕ

Се чека остарените тополи сами да паднат

Тополите се небезбедни за околината, но за да се спроведе нивно масовно сечење, градските власти треба да организираат голема акција со повеќе јавни претпријатија

Тополите во скопските паркови и дрвореди се одамна остарени дрва, кои претставуваат опасност за граѓаните, но и покрај тоа нема масовни акции за нивна сеча. Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека тополите побрзо растат, се развиваат и побрзо стареат од останатите дрвја, но не навлегуваат во детали околу опасноста од нивното паѓање при посилен ветер и можноста да бидат загрозени човечки животи. Пред неколку дена на пат кај Велес топола падна врз возило во движење, при што еден човек загина, а тројца беа повредени. Од „Паркови и зеленило“ велат дека немаат моќ за големи акции за сеча на дрвја.Посебни акции за сечење на тополите не се спроведуваат, пред се' затоа што не можеме сите тополи наеднаш да ги исечеме, ниту, пак, имаме капацитет за спроведување ваква масовна акција. За такво нешто Град Скопје треба да побара да се вклучат и другите јавни претпријатија со соодветна механизација - вели Елизабета Георгиевска, портпарол на „Паркови и зеленило“.Таа објаснува дека „Паркови“ смеат да сечат и да кастрат дрвја исклучиво по издадено решение од Секторот за комунални работи на Град Скопје и тоа откако претставници на Секторот ќе излезат на терен и ќе утврдат дали дрвото е за сечење или не е. До пред неколку години надлежните од претпријатието сами можеле да одлучат кои дрвја се опасни, заболени или искривени и мора да се сечат, но веќе ја немаат таа можност. Тополите ги има во речиси сите населби, а најмногу долж улицата Теодосиј Гологанов во центарот и покрај булеварот Србија во Аеродром. Пред неколку години на „Гологанов“ беше организирана акција за сечење на тополите, по иницијатива на тогашниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. Неговото објаснување беше дека дрвјата претставуваат голема закана поради староста и плитките корења. Поради опасноста од паѓање и поради векот на траење од околу 25 години, акции за сечење тополи имаше и во други градови во Македонија. Дел од тополите на „Гологанов“ повремено се сечат, но на нивното место не се садат нови дрвја. Градот треба да одлучи што ќе прави со овој простор, односно дали ќе гради булевар, како што е предвидено според Генералниот план или ќе одлучи да остане зеленило. Од „Паркови“ велат дека имаат многу идеи за оваа локација, но крајниот збор ќе го имаат градските власти. Тополите на „Теодосиј Гологанов“ се садени во 1975 година, по налог на Град Скопје, како привремено решение. Нив требаше да ги одржува фабриката за мебел „Треска“, а потоа да ги сече и да ги користи како дрвна маса. Тие до денес останаа како привремено решение - објаснуваат од претпријатието.

Јорданка Ивановска


Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7056
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 12-Nov-2008 at 20:52
мене тополите не ми се допаѓаат чисто поради естетски причини, на пр. тополите на кеј, во центар, премногу се големи за таква локација, мислам дека се подобри за во паркови и дрвореди по некоја улица, исто така не се многу разгранети, па на пр. не можат да обезбедат добра ладовина
на пр. ми смета што тополите до камени мост го попречуваат погледот кон калето од плоштадот
да не ме разберете погрешно, не ми сметаат општо тополите неа кеј, напротив на некои места од кејот мислам дека одговараат, но не и во најстрог центар
А цветот од тополите е стварно проблем кога ќе се разлета низ цел град, влага насекаде и е непријатен, но со сечење на некои дрва мислам дека не е решен проблемот, бидејки и две три дрва да се се доволни за низ цел град да се расее семето, а оваа со алергииве е малце глупаво
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 38>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.