build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 23-May-2019 at 17:12
Се надевам ќе се реализрираат предлозиве..

---------------------------------------------------------------------------------

Изработени 6 предлог концепти за редизајн на зелени јавни површини во Скопје
Тимот на Центарот за иновации на град Скопје (Скопје Лаб) во изминатиот период работеше на иницијативата за редизајнирање на зелени јавни површини/паркови преку која градот Скопје ќе уреди 6 зелени површни кои досега не беа доволно искористени, а за да обезбеди подобар јавен простор за релаксација, одмор и дружење за граѓаните, а воедно и да помогне во разубавување на градот.

Повеќе за самата иницијатива може да најдете овде.

Ова фаза ќе опфати уредување на 6 јавни зелени површини но се очекува оваа иницијатива да продолжи и понатаму со оглед на заинтересираноста на граѓаните како и на останатите јавни, приватни и граѓански организации да помогнат во уредување на ваквите површини.

Пред да се помине на уредување, Градот сака уште еднаш да го слушне мислењето на граѓаните за 6те концепти кои беа изработени врз основа на добиените одговори во процесот на теренско и онлајн истражување кое се спроведе во периодот Август – Септември 2018 год.

Подолу ви ги претставуваме концептите за 6те локации за кои се планира да распише јавна набавка во текот на месец јуни.

Сите ваши мислења и коментари во поглед на концептите слободно доставете ги skopjelab@skopje.gov.mk, најкасно до 30 мај со цел да може да се направи ревизија на концептите пред распишувањето на јавната набавка.


1. ПРОСТОР СПРОТИ РАМСТОР/СТОПАНСКА БАНКА НА БУЛ.“ЈАНЕ САНДАНСКИ“, ДО АВТОБУСКА ПОСТОЈКА



Оваа зелена површина во Општина Аеродром се наоѓа веднаш до главниот булевар "Јане Сандански", еден од најпрометните булевари во градот, спроти маркетот Рамстор и филијалата на Стопанска Банка.

Областа се карактеризира претежно со згради, не многу слободни и зелени површини помеѓу градежните блокови. Во околината се наоѓаат неколку компании, банки, неколку барови и ресторани. Луѓето кои живеат тука се претежно семејни луѓе со деца тинерјџери, студенти и пензионери. Неколку метри погоре на оваа страна на улицата каде што е зелената површина се наоѓа и автобуска постојка која често се користи, особено од учениците и повозрасните.

Она што повеќето граѓани сметаат дека треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор што ќе обезбеди услови граѓаните да се релаксираат и уживаат во зеленилото, можеби со добра книга, и покрај тоа што сте наоѓаат до бучен и прометен булевар
Простор за дружење со своите соседи и пријатели, за разговор и забава
Простор за уживање за време на работниот одмор со добро кафе
Простор што ќе им понуди на патниците кои ја користат автобуската станица интересна содржина додека чекаат, а воедно и ќе бидат во тек со последните патни информации (време на доаѓање на автобус, број на линии и слично)

Локацијата треба да понуди основни содржини како:

Цвеќиња за да го разубават просторот
Големи клупи за одмор – уметничко дизајнирани
Фонтана за вода
Мали корпи за селекција на отпад
(паметно) осветлување
Интересни маси за шах и табла, со покреативен дизајн
Дополнително:

Паметни клупи (кои располагаат со приклучоци за полнење мобилни уреди, безжичен интернет, ноќно осветлување, контролер за штедење енергија, сензори и други корисни елементи.)
Креативна уметничка поставка
Разубавување на автобуска постојка – креативна уметничка постојка со Wi-Fi / Hot Spot
Улична библиотека во склоп на автобуската постојка или одделно
*Просторот се очекува да нуди и простор за поставување на камионче за кафе / чај и храна

2. ЗЕЛЕН ПРОСТОР КАЈ МАРТИНОВСКИ ПОД КАЛЕ



Оваа зелена површина во општина Центар се наоѓа веднаш до главниот булевар "Гоце Делчев", еден од најпрометните булевари во градот, под Калето.

Како централно градско подрачје, околу просторот се движат различни луѓе од различни возрасни групи.Туриститекои одат во посета на Старата скопска чаршија или Калето, студенти со оглед на близината на факултетите, граѓаните кои чекаат превоз (автобус или такси), луѓето кои работат во блиските јавни/приватни институции, итн.

Веднаш до оваа површина се наоѓа автобуска постојка но околу истата нема место за седење додека се чека, ниту чешма за вода која особено е важна во летниот период кога температурите на булеварите во градот достигнуваат речиси 40 степени.

Во близина на локацијата се наоѓа куќата на најавтентичниот сликар на македонскиот пејзаж Лазар Личеноски која дава едно убаво културно обележје на просторот.

Oна што се очекува е овој простор да обезбеди е следново:

Простор кој ќе ги задоволи потребите на патниците кои чекаат превоз на локацијата
Простор кој ќе помогне да се подигне свеста за животната средина
Простор што ќе ја поттикне креативноста и промовира културата

3. ПАРК ПРЕД ПОЛИКЛИНИКА ИДАДИЈА ДО ВЕРО МАРКЕТ

Оваа површина се наоѓа веднаш до поликлиниката Идадија, маркет Веро, отспротива на АМСМ. Најголем број луѓе кои се движат овде се лица кои ја посетуваат поликлиниката, локалните жители, луѓе кои работат во овој дел во локалните компании, угостителски објекти и друго.

Иако на просторот има постоечки парк, заради големиот број на возила кои паркираат овде паркот е речиси уништен. Задниот дел на болницата исто располага со една зелена површина која не е доволно искористена, а може да обезбеди убав простор за релаксација особено за најмладите.

Согласно испитаниците, она што треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор за уживање во работниот одмор
Простор кој ќе обезбеди забава за најмладите кои живеат во овој дел и нивните родители
Простор за одмор за посетителите на болницата

4. ПАРК ПРЕД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ДО ГРАДСКА КАФАНА ФУРНА



Оваа зелена површина во општина Карпош се наоѓа веднаш до главниот булевар „МетрополитТеодосиј Гологанов“, еден од најпрометните булевари во градот, спроти Министерство за Економија и веднаш до кафаната Фурна.

Како централно градско подрачје овој дел се карактеризира со објекти каде се сместени многу компании, јавни институции, кафе - барови и ресторани.

Овде претежно живеат постари луѓе и брачни парови со деца. Но, заради постоењето на многу приватни и јавни институции, оваа област во текот на денот е посетувана и од луѓе кои работат во овие институции или пристигнуваат за да остварат одредена услуга.

И покрај фактот дека овој парк е една од најголемите зелени површини во овој дел од градот, истиот е недоволно искористен, најмногу поради тоа што не обезбедува искуства за луѓето кои би го посетувале, ниту пак располага со урбана опрема која ќе им овозможи на луѓето простор каде можат да дојдат да се релаксираат или дружат. Поради ова, локалните жители обично седат на клупата на тротоарот преку улицата каде што има повеќе сенка и чешма за вода.

Со цел да се заживее просторот она што треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор што ќе обезбеди услови граѓаните да се релаксираат и уживаат во зеленилото, можеби со добра книга, и покрај тоа што сте наоѓаат до бучен и прометен булевар
Простор за дружење со своите соседи и пријатели во природна средина
Простор за уживање во работниот одмор

5. ПОТЕГОТ ПОКРАЈ БУЛЕВАРОТ „ КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ –ПИТУ“, ОД НБРМ ДО МОСТ НА РЕКА ВАРДАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

Ова локација се наоѓа веднаш до главниот прометен булевар. Во околината се наоѓаат неколку јавни институции, Веро центар, автобуска постојка, голем број угостителски објекти итн.

Најчесто на оваа локација транзитираат граѓани кои ги посетуваат јавните институции, вработени во институциите кои се наоѓаат во околината, студенти и граѓани кои ја користат автобуската постојка во близина.

Она што треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор за одмор за граѓаните кои транзитираат на овој дел
Простор за уживање во работниот одмор за вработените во локалните институции

6. ПАРК НА АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

Овој зелен простор се наоѓа во склоп на Архитектонскиот факултет, веднаш на главниот булевар „Партизански одреди“ и најмногу користен од страна на студентите кои студираат на овој факултет или ја користат библиотеката Браќа Миладиновци.

Во тој поглед она што треба да обезбеди оваа површина е следново:

Простор за релаксација и уживање
Простор што ќе ја поттикне креативноста кај студентите
Простор за дружење и забава за студентите

https://www.skopjelab.mk/izraboteni-7-predlog-kontsepti-za-redizajn-na-zeleni-javni-povrshini-vo-skopje/?fbclid=IwAR3mfsspxGxnc_ByGGSCyqP9oQdcPqZkrCkgFdoLweTMrzsdEH89WHxRhXA
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 31-Jul-2019 at 11:07
Се расипа цистерната, се исуши дрвото

Ќе oстане ли „Градското дрво“ во Скопје да сведочи како споменик на негрижата за загадувањето на воздухот е прашање што заслужува внимание ако се земе предвид дека веќе втора година овој еколошки билборд е исушен односно не го прочистува воздухот. Главното образложение за незавидната состојба е дека неколку месеци откако било поставено „Градското дрво“ се расипала цистерната на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, со која требало да се наводнува.

Овој пример можеби најдобро ги илустрира резултатите од истражувањето на Институтот за комуникациски студии за тоа каква е судбината на еколошките проекти во земјава кои почнуваат со голем елан, но потоа брзо згаснуваат или полека замираат.

Градското дрво“ во Скопје чинеше 25.000 евра - донација од неколку македонски компании. Станува збор за инсталација со пропустлива структура која има способност да ја редуцира брзината на ветерот, а мововите и васкуларните растенија кои сега се исушени ја привлекуваа и фаќаа ситната прашина и на тој начин го причистуваа воздухот. Одговори околу причините за исушениот билборд побаравме од Град Скопје и „Еко-свест“.

На нашето прашање кој е задолжен за одржување на билбордот и зошто тој не функционира од Град Скопје велат дека согласно Меморандумот за соработка склучен помеѓу Градот и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“, надлежен за одржување на билбордот е Град Скопје, преку своето јавно претпријатие „Паркови и зеленило“.

- Поради посебните услови кои се потребни за опстојување на инсталацијата од мовови, односно системот и самите вентили и поради начинот на кој е осмислена самата инсталација да се дополнува со вода преку цистерна еднаш неделно. Во периодот од јуни-август 2017 година единствената цистерна со која располага ЈП „Паркови и зеленило“ беше во дефект и во комбинација со топлотниот бран кој беше во тој период за помалку од еден месец растенијата и мововите се исушија - велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека од септември 2017 година не се заменети растенијата во самата инсталација. За тажната судбина на нивниот еколошки билброд не успеавме да добиеме одговори од „Еко-свест“ бидејќи одговорните биле на годишен одмор.





----------------------------------------------------------

Уште едно лето без „Зелен покрив“ на ГТЦ
Непланирано одложување имаше реализацијата на проектот „Зелен покрив“ на Градскиот трговски центар (ГТЦ) поради реакциите на јавноста на решението односно визуелизацијата на оваа идеја презентирана на почетокот на годинава. Притисокот од граѓаните и архитектонската фела во февруари, годинава ги натера градските власти да направат измени на проектот.

Идејниот проект за изгледот ни беше доставен од ГТЦ, како трета страна во проектот. Град Скопје учествува во овој проект преку финансирање на истиот и обезбедување на средствата, а УНДП ја спроведе постапката. Имајќи предвид дека имаше извесни реакции во јавноста, веќе стапивме во контакт со архитектите и фелата и во рамките на законските можности и правилата определени од УНДП, преку „Скопје урбан центар“ каде што се членки Здружението на архитекти и Архитектонскиот факултет ќе бидат извршени определи корекции на проектот“, рече тогаш Шилегов.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии

http://doma.edu.mk/odrzlivo/283-se-rasipa-cisternata-se-isusi-drvoto?fbclid=IwAR1S2PcGFPB0SEj2q2HIG4tn33U7BrzhnP0nw74-xA6eWlMrLbFdTN7qfrw
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 25-Aug-2019 at 12:01
Оваа година воопшто ништо не се наводнува поготово низ Аеродром речиси сите тревници се исушени а и низ другите општини не е многу поразлично.....

-----------------------------------------------------------------------

Скопје пробува нова метода, со исушени дрвја се бори против загадувањето

Не пишувало во упатството – наводнувај



Помпезно се најавуваше посадувањето на нови садници. Не беа многу, ама градоначалниците велеа дека се избрале убави, големи и скапи садници. Но, сега голем дел од тие дрвца се пеплосани, мртви… Има дури и цели дрвореди од исушени дрвца.

„Посадивме нови садници“, „Го враќаме зеленилото“, „Обновуваме дрвореди“… се изјавите кои во изминативе две години често ги слушавме од скопскиот и општинските градоначалници. Помпезно најавуваа и најмали акции за садење за да се покаже дека водат сметка за зеленилото во градот кое го има се помалку. Се копаа дупките, градоначалниците се сликаа покрај нив, кажуваа и бројки: ќе засадиме 3.500 садници, засадивме 500, 300 дрвја… Скопјани можеа да ги видат новозасадените садници, но, сега можат да видат дека многу од тие садници веќе се исушени, безживотни…

-Еве, гледајте како се исушени дрвјата. Ги посадија лани и тоа како веќе развиени дрвја но сега се готови и им нема помош. Јас секојдневно минувам тука и знам дека не се одржувани. Никогаш не видов дека ги полеваат, окопуваат, прихрануваат. Ги оставија сами на себе, а земјиштето е малку накосо и брзо се суши водата. Неминовно беше да се исушат. Да се грижеа за нив, сега ќе беа со лисја и убаво разгранети, коментира пензионерот Столе Бочваровски од Аеродром.

Дрвјата на кои ни укажуваше овој наш сограѓанин се наоѓаат покрај булеварот „Јане Сандански“, кај автобуската постојка од другата страна на „Тренд“. Исушени се десетина стебла: посадените брези, но и други дрвца на кои се уште стојат етикети дека се набавени од странство. Околу нив гола земја и исушена трева. Тие најверојатно беа посадени во април минатата година, кога имаше акција за садење, а општина Аеродром се пофали дека се посадени 500 дрвја на различни локации. Но, од оваа бројка треба да се одземат и десетина исушени садници во дрворедот кај „Три бисери“. Тука треба да се додадат и десетината исушени дрвца кои беа посадени на улицата пред салата „Јане Сандански“. Сите тие очигледно, не беа редовно полевани со вода така што се исушија пред и за време на последниве горештини. Деновите околу некои од овие стебла беше ископана земја, најверојатно за полевање, но сето тоа е задоцнето.

Ги има и на главниот плоштад

За жал, ваквата состојба не е само во Аеродром. Исушени садници затекнавме и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Католичката црква. Тие, заедно со триесетина други беа посадени во ноември лани во рамките на акцијата за пополнување на дупките во тротоарите во кои со години немаше дрвја. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов тогаш изјави дека ќе заменат уште 500 други пенушки на други локации. Таа акција не продолжи, а овие садници се исушија. Неколку исушени дрвја има дури и на главниот градски плоштад кои се уште чекаат да бидат заменети со нови. Скопјанката Налка Трајковска, која живее во Центар, пак, укажува дека и таму стеблата не се одржуваат добро.

– Ги гледам липите околу старата Градска болница и паркот „Жена борец“ како се сушат. Половина се без листови или им се жолти небаре е есен. Ги отфрлаат листовите оти ја чуваат водата. Сопругот апелираше кај вработените кои што ја полеваат тревата во паркот да ги вадат и липите. Но, тие одбија и му рекоа: “Шефот не дозволува“. Ми доаѓа сами да најдеме црево и хидрант за да ги полееме, потенцира Трајковска.

Оваа наша сограѓанка се чуди и како е можно да се исушува тревата на Кејот кога таму има прскалки за полевање.

Вакви се сликите и од другите скопски општини. Колку од новозасадените дрвја до сега се исушени тешко може да се каже. Меѓутоа, јасно е дека бројката е голема, веројатно меѓу 20-30 проценти од засадените. Со тоа големи се и средствата кои се платени за нивно набавување. Очигледно, нешто длабоко не е во ред со начинот на кој што се садат и одржуваат дрвјата по градот. На тоа укажуваат и експертите за градското зеленило. Тие укажуваат дека методот „посади и остави“ не е добар и значи нивно осудување на исушување…

https://skopskoeho.mk/skopje-probuva-nova-metoda-so-isusheni-drvja-se-bori-protiv-zagaduvaneto/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 29-Aug-2019 at 16:40
Дрвјата низ Скопје на умирање, Градот штеди вода



Летниот урбан пејсаж на градот и годинава е во знакот на сувата, уништена вегетација и соголени крошни на повеќегодишните дрвја кои едвај да преживуваат без капка вода. Суви или во фаза на сушење се значителен дел од повеќегодишните липи, младите и старите јасени како и други укасни дрвја, а трева на многу од тревниците речиси и да нема. На социјалните мрежи со денови се споделуваат фотографии и од другите населби во Скопје како Аеродром, Ново Лисиче и Карпош на неполиени тревници и сува вегетација.

На прашањето зошто Градот дозволил зеленилото во Скопје да се препушти на немилост на жешкото лето, од прес службата со одговор дека „Паркови и зеленило“ се грижи за состојбата со зеленилото, кое е во надлежност на Градот, дека зеленилото кое е во нивна надлежност редовно се полева секаде каде што има хидрантска мрежа со сите капацитети и дека е во добра состојба, како и дека ги почитувале препораките од ЈП Водовод и канализација за порестриктивно користење на водата.

Сепак, фотографиите од лице место покажуваат драстично поинаква слика. „Мета.мк“ направи кратка обиколка на булеварот Даме Груев и на улицата Димитрија Чуповски како дел од строгиот центар на Скопје, под претпоставка дека таму би се фокусирале напорите на надлежните за одржувањето на градското зеленило, но сликите се повеќе од разочарувачки.

„Ние го полеваме зеленилото кое е под наша надлежност со сите расположиви капацитети, а онаму каде што нема хидрантска мрежа дрвцата ги полеваме со цистерна“, велат од Паркови и зеленило, упатувајќи не за зеленилото на споредните улици одговори да бараме кај општините.

„Се трудиме да стасаме секаде каде што можеме и мислам дека успеваме да го одржуваме зеленилото кое е под наша надлежност“, вели портпаролот на општина Центар Емил Лазаревски и потсетува дека имаат големи проблеми со тоа што несовесни граѓани им ги оштетуваат системите за наводнување, им ги кинат цревата, кршат вентили во шахтите и слично.

Иако со голо око може да се забележи дека вегетацијата во градот страда од хроничен недостиг на вода при високи температури, „Мета.мк“ побара стручно мислење од Шумарскиот факултет во Скопје.

„Невообичаено голем процент на дрвја и грмушки се суви. За жал, за некои од нив се сомневам дали воопшто ќе заживеат, односно дали ќе имаат регенеративна моќ на пролет идната година да потераат листови. Што се однесува до видовите, липите и дивите костени се навистина најзабележителни заради лошата состојба, но и други видови како платаните, јасените и јаворите имаат прилично висок процент на сушење“, вели професор Кирил Сотировски, декан на Шумарскиот факултет и фитопатолог.

Тој напоменува дека не е исклучено некои од исушените дрвја да се болни, но дека сепак нивниот главен проблем е недоволното полевање и изложеноста не високи температури. „Ова особено се однесува на тротоарско зеленило, односно зеленилото кое е единечно засадено и опкружено со плочки или асфалт од сите страни. Ќе забележите дека токму тој тип зеленило а најмногу настрадан во Скопје“, вели професор Сотировски и посетува дека во истражувања кои ги правел Факултетот била измерена температура од над 65 степени на асфалт низ градот во летните месеци.

https://meta.mk/drvјata-niz-skopјe-na-umiraњe-gradot-shtedi-voda/?fbclid=IwAR0YDseBMnilXOH3sx6tDomt2q0lEvUtgn53fj4Il5ddMqHN0dbGzvEMY5I
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1793
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 30-Aug-2019 at 06:28
А кај Воденица исекоа 6 огромни дрвја кои најберојатно им правеле неред на масите... сега од цел дрворед на Народен Фронт единствено фалат тие 6 во склоп на воденица.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 30-Aug-2019 at 06:40
Освен кај Воденица дрва сечеле и зад МТСП поточно на паркингот кај Интекс(од фб)





Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 541
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 30-Aug-2019 at 09:24
Тие 6те дрвја напикани во ресторанот на првата слика не се исечени, туку се (мизерно) кроени. За два месеци ќе пуштат поздрави крошни од претходно. Не сум најубеден колку ќе се естетски, но не знам ни претходно колку биле.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 64
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 30-Aug-2019 at 13:31
Шилегов најавува сечење на дрвата долж „Даме Груев“ како дел од проширувањето на оваа улица и нов парк на местото на зградата на „Макотекс“.

...

Тој истакна дека со проширувањето на улицата „Даме Груев“ во булевар ќе се исечат 13 дрвја, но додаде дека тоа зеленило ќе се надополни со садници и зеленило во новиот парк што ќе се направи кога ќе се урне зградата на поранешен „Макотекс“.

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека од следната година на потегот од крстосницата кај Собранието до трговскиот центар „Палома бјанка“ нема да се движат автомобили, односно тој ќе стане пешачка зона. Во тој дел од градот единствено ќе се движат автобусите од јавниот превоз. Паралелно ќе се работи на проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. Се работи на решавање на проблемот со зградата на поранешен „Макотекс“ која се наоѓа на самата улица, односно Градот да ја откупи зградата и да ја урне.

...



Искрено, се надевам дека нема да се реализира оваа идеја.

Новопланираниот простор за зеленило е премал да го надомести изгубеното, а да не зборувам како постоечкиот дрворед е стар повеќе десетлетија и ќе треба да помине долго време за новите садници да го добијат истиот ефект, време во кое ќе бидат оставени на милост и немилост под висок ризик за сушење и кршење.

Освен тоа, идниот булевар во секој случај ќе остане претесен, со помалку од два метра тротоар, без жардиниера и без велопатека, а прашање е дали и овој профил е возможен кај „Макотекс“.

Сепак ова е важен булевар да може центарот да стане пешачка зона, иако сам по себе, без завршување на бул. „Македонија“ и тунелот под плоштад, не знам колкав учинок би имал, но мора да се оди чекор по чекор и кога-тогаш мора да се прошири.

Идеално решение по мене би било овој тесен простор да се премости со тунел под улица „Македонија“, од катна гаража „Тодор Александров“ до Завод за статистика. Со ова би се зачувале поголемиот дел од дрвата и се избегнува рушење на „Макотекс“, а се отвора можност ул. „Македонија“ да продолжи како пешачка зона до Музеј на град Скопје, со свој дрворед на тој опфат.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 535
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 30-Aug-2019 at 15:36
Не ми е јасно зашто едноставно не ја направат Чуповски подземна, полуотворена како улицата кај ГТЦ на пример. Претпоставувам тој зафат + само реновирање на Даме Груев би чинел слично како проширување на Даме Груев во булевар + рушење на Макотекс + парк на место на Макотекс.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2613
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 03-Sep-2019 at 13:05
Зеленилото низ Аеродром и Карпош,оваа година службите максимално ги запоставија парковите и зелените површини кои веќе станаа пепел,редици суви дрва низ парковите.Жално е што на некои места правеа системи за наводнување а истите оваа година ниту еден ден не ги ставија во употреба.(од фб)













Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12238
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 03-Sep-2019 at 18:51


Низ цело Скопје е вака, не ми е јасно зошто толкава немарност, дури и Градски парк е исушен и испустен и нечист.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 373839

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.