build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Пешачки зони и паркови
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Зеленило

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 43>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 21-Aug-2009 at 03:09

Покосен дрворед од тополи

Од Општината велат дека пензионерите од околината барале дрвјата да се исечат зашто им предизвикувале астматични напади

Убав и стар дрворед од 16 тополи вчера беше покосен во Аеродром од пилите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Од Општината велат дека имале барање од пензионерите од околните згради да се исечат дрвата зашто им предизвикувале астматични напади. Според ЈП“ Паркови и зеленило“ тополите биле стари, а јаките и големи корења ја распукале улицата Васко Карангелески, која ноќе е неосветлена, па поради тоа и небезбедна за сообраќај.

Исечените стебла во камиони ги товареа војници од касарната „Гоце Делчев“.Наспроти пензионерскиот дом „Јане Сандански“, веднаш до Основното училиште „Љубен Лапе“ вчера имаше десетици граѓани што ја набљудуваа сечата. Неколкумина пензионери задоволно следеа и коментираа.

- Вака организирана акција, во која учествува и војската, не сме виделе од времето на Тито. Ме потсетува на некогашните работни акции. Со внукот се симнав пред зграда за да уживам во глетката. Тополите ни прават астматични напади. Пред неколку месеци еден сосед почина од гушење. Добро е што ги исекоа, воопшто не жалам - вели Милан Димовиќ, од Аеродром.

Од Општината потврдуваат дека имале притисок од пензионерите и дека тие морале да попуштат и да побараат да се исечат тополите, но додаваат дека дел од тополите биле стари и претставувале опасност при невремиња.Наспроти пензионерите од Домот, кој се наоѓа во непосредна близина, граѓаните од околните згради беа револтирани за уништувањето на дрворедот.

- Прекрасен дрворед уништија за 15 минути. Вакво однесување кон природата и кон потребите на граѓаните досега не сум видела. Таа мала уличка што води кон касарната и кон воениот базен, низ сите годишни времиња даваше идилична слика. Тажно е што никој не не' извести дека ќе се сечи дрворедот. Моето дете си играше пред зградата кога почнале да ги сечат дрвата. Просторот не беше обележан, барем со некоја лента да предупредат за опасноста. Никој не водеше сметка дали има деца или не. Имаше полиција, но немаше забрана за минување додека траеше сечата на дрвјата. Ова е некоја каубојска практика. Да знаев дека ќе ги сечат, ќе барав заедно со моите соседи образложение за тоа, вели Благица Милошевска, која живее веднаш зад дрворедот.

Лекарите-алерголози потврдуваат дека тополите предизвикуваат алергии кои се манифестираат дури и со гушење, одземање на здивот, но дека тие се опасни само 15-ина дена, додека цветаат, исто колку и другите дрвја и грмушки што предизвикуваат проблеми за здравјето на луѓето. Алерголозите велат дека и липите, кои ги има многу во Скопје, предизвикуваат дразнење на дишните патишта. Тие советуваат граѓаните навреме да реагираат на цветањето на одредени дрвја и да земаат терапија.

Градот неодамна исече исто толку голем и стар дрворед на улицата Илинденска поради атмосферската канализација што треба да се постави на улицата. И покрај острата реакција на граѓаните, Градот не вети дека ќе го обнови дрворедот. Во Аеродром наведуваат дека ова не е првпат да се сечат тополи, но нема да биде ни последен, зашто на нивна територија има уште тополи.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1DE125064CE12348A83EF978503BF216
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 21-Aug-2009 at 04:02
Градот не вети дека ќе го обнови дрворедот.
Зошто? Bash
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 22-Aug-2009 at 16:38
Бидејќи со сигурност е утврдено дека тополите се криви за гушењето на еден човек, се надевам дека наскоро со истата ефикасност ќе ги покосат сите липи во градов, пошо предизвикуваат алергиски реакции и асматични напади кога цветаат.

Има некој слики од дрворедот? Беше прекрасен, баш ми е криво што не го немам сликано....

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 22-Aug-2009 at 17:57
Јас сум алергичен на мачка. Каде и да влезам во домови каде што имат милениче мачка почнуваат да ми солзат очите, да кивам и нос да ми тече! И сега ајде може ли да ги соберат сите улични мачки?!

Да не ме сватите обратно, добро е тоа што се исекле тие дрва што предизвикуваат масовни иритации, но повеќе би сакал да ја употребам фразата "дрворедите од тополи се заменити со нови дрвореди" одколку да кажам се исекле!
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 22-Aug-2009 at 18:25
не те разбрав баш во последнава реченица.... Мубетот ми беше дека ова било тотално излишно, и дека е каприц на шака луѓе. Дрворедот беше феноменален, и ако тргаме од таа логика што ја наведе, градот треба да го стерилизираме со алкохол да ги убиеме сите животинки, и да ги искорнеме сите растенија. Уште посимптоматично е што сево ова направено без најва, и без некое посебно издржано објаснување. Зашто баш овие тополи? И дали ќе ги сечат липите, ако веќе толку излагаат во пресрет на граѓаните?

- Вака организирана акција, во која учествува и војската, не сме виделе од времето на Тито. Ме потсетува на некогашните работни акции. Со внукот се симнав пред зграда за да уживам во глетката.


WTF!?!?!

Edited by ArchiTechTone - 22-Aug-2009 at 18:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 22-Aug-2009 at 18:28
Милан Димовиќ - ТАЧКА НЕВИДЕНА
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 22-Aug-2009 at 18:34
Кловер овој ти е некој комшија?! Го познаваш човекот?!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 22-Aug-2009 at 18:45
Не бе па ти, зарем онакви глупости не се доволни за утврдиме дека човекот е тачка  Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 26-Aug-2009 at 00:32

Колку лесно се става пила на градските дрвореди?

Во „Паркови и зеленило“ и во Градот тврдат дека станува збор за планско сечење на дрвјата

Снежана Калабакова


Минатата недела во населбата Аеродром на улица „Васко Карангелески“ беше исечен стар дрворед од 16 тополи. Меѓу граѓаните проструи веста дека дрвјата биле исечени по барање на пензионерите кои живеат во непосредна близина, бидејќи тополите им предизвикувале здравствени проблеми. Во јавноста се постави дилема дали на дрворедите во Скопје лесно се става пила или можеби, сепак, тоа се прави плански?

Голем дел од граѓаните се на мислење дека многу дрвја се уништени и за градежни цели, како што беше сечењето на оние во паркот во Автокоманда за да се гради плоштадот. И летово беше исечен дрворед од јавори на улица „Илинденска“ за да може Градот да гради атмосферска канализација. И таму остана да виси во воздух прашањето дали така лесно беа вклучени пилите?

Од друга страна, пак, државата покажува дека се грижи за пошумувањето и веќе трета година ја организира манифестацијата „Ден на дрвото“. Граѓаните постојано се во исчекување дали садниците ќе опстојат и понатаму ќе се развиваат, бидејќи на дрвјата им се потребни години за да ги рашират крошните и да станат вистински бели дробови на градот. Затоа и со право многумина се прашуваат дали така лесно се сечат повеќегодишните дрвја во Скопје?

Ниту во ЈП „Паркови и зеленило“ ниту, пак, во Градот се согласуваат дека станува збор за непланско сечење на дрвјата. И едните и другите тврдат дека во изминатиов период, а и во иднина ќе се сечат старите тополи кои биле засадени во поземјотресно Скопје. Тогаш целта била брзо да се озелени градот, бидејќи тополите брзо вегетираат. Но, надлежните објаснуваат дека животниот век на тополите е десет години. Инаку, вакви стари тополи уште има на улица „Теодосиј Гологанов“, на булевар „Србија“ и на многу други сообраќајници во Скопје.

„Овие стари тополи при секое невреме претставуваат потенцијална опасност за граѓаните и во изминатиов период често паѓаа гранки. Имаше случаи кога оштетуваа автомобили, но добро е што досега не се случило да настрада некој. И јаворите на улица ’Илинденска‘ беа стари 60 години, а освен тоа и болни, за што доказ е и нивната уништена срцевина. Старите и болни дрвја мора да се исечат. Планирано е да ги исечеме и тополите на ’Митрополит Теодосиј Гологанов‘ и на булевар ’Србија‘ кои фатија болест. Имаме програми за садење нови садници на нивно место. И во Аеродром ќе посадиме нов дрворед“, вели Сократ Вулгаракис, советник во ЈП „Паркови и зеленило“.

Од Одделението за односи со јавноста во Градот велат дека со години по ред градското зеленило било запуштено и не се преземале никакви мерки за негово уредување или тоа се правело многу малку. И оттаму објаснуваат дека во Скопје има многу канадски тополи, бидејќи по земјотресот се саделе затоа што брзо растат, а таквите одамна требало да бидат исечени затоа што се закана за безбедноста на граѓаните. Од Градот додаваат дека се планира удвојување на средствата за одржување на градското зеленило.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=05B9520EFD953F49B0A376BF63A4E5D4
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 07-Oct-2009 at 15:52

Цветен Центар
НОВ ПРОЕКТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
во областа заштита на животна средина



Почнувајќи од месец септември 2009 година, Општина Центар го спроведува проектот Цветен Центар, поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Проектот ќе се спроведува на територија на општина Центар, во строгиот дел на централното подрачје кој што ги опфаќа постоечките бетонските жардиниери и корита, кои ќе бидат предмет на хортикултурно уредување со садници и цвеќе. Овие бетонски корита се наоѓаат во строго урбан дел, околу станбени згради, стопански објекти и институции, а истите се наоѓаат веќе подолго време во незавидна состојба, запуштени и за жал служат како место за отпадоци.
Нашата цел е да превземеме конкретни чекори во надминување на проблемот со запуштени локации и уништена природа, преку обновување на постоечките локации со нови садници и цвеќиња, во вид на еко-зони, а со нивното долгорочно одржување да делуваме на намалувањето на загадувањето на воздухот и отстранувањето на дивите депонии. Општината ќе посвети особено внимание на одржувањето на еко-зоните со редовен надзор, одржување и полевање, како и промотивно-едукативни активности за градење свест кај граѓаните и грижа за средината во која живеат.

   %20      %20

Последно освежување ( 7.10.2009. )
http://www.opstinacentar.gov.mk/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 20-Oct-2009 at 20:27

Градот ќе подели 4.000 садници

Градот Скопје ќе подели 4.000 садници на сите заинтересирани граѓани, куќни совети, установи и верски заедници, како дел од традиционалната акција. Садниците ќе бидат од 35 вида зимзелени, листопадни дрвја и грмушки.

Барањата за садниците заинтересираните ќе можат да ги поднесуваат до Секторот за комунални работи на Град Скопје, булевар „Илинден“, најдоцна до 9 ноември.

Во барањето треба да се наведе видот на садниците што се бараат, бројот на садници и локацијата на која планираат да ги засадат дрвцата. На барањето треба да стои печат од куќниот совет или од установата која го доставува барањето.

Заинтересираните може да добијат најмногу 10 садници. Садниците ќе може да се подигнат од 9 до 30 ноември во просториите на „Флораскоп“ во расадникот во Бутел и во „Паркови и зеленило“, во расадникот „Парк“. Акцијата за доделување садници ќе продолжи и напролет.

Градот веќе трет пат доделува садници во вредност од два милиона денари годишно. Изминатава пролет на заинтересирани граѓани, куќни совети и јавни установи се доделени 1.500 садници, а до Градот Скопје биле доставени вкупно 90 барања. (С.Р.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5B5422E34FCA2B42A0B0F303F9C73E06
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 21-Oct-2009 at 19:24

„Усје“ засади 1.200 дрвца во Припор

Членови на Месната заедница Усје, во соработка со Цементарницата, засадија 1.200 садници во делот на фабриката што гледа кон Припор. Пошумен е дел од дворот на „Усје“ во должина од 800 метри.

- Околу 200 луѓе засадија вкупно 1.200 садници од видовите бор, јасен и багрем. На крајот од акцијата Цементарницата организира ручек под шатори. Соработката со „Усје-Титан“ на полето на заштита на животната средина продолжува и во иднина. Договорено е вакви акции за пошумување да се изведат на целата територија на општината - велат во Кисела Вода.


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=960C4E2596372946AC3E9FB1F70FFCE2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 16-Nov-2009 at 14:41
Ова е порелевантно тука отколку во нишката за жардињери:

Жардиниерите-промашена инвестиција

Жардиниерите што градските власти ги изградија по должината на најголемите булевари, со цел да се намали концентрацијата на отровните издувни гасови од автомобилите, во догледно време ќе станат „ќелави“. Од Градот велат дека за нивното засадување и одржување на зеленилото ќе бидат потребни многу луѓе, па за почеток, тие ќе бидат засадени само со трева. Познавачите велат дека ако целта на средишните булеварски жардиниери е да го намалат загадувањето, тогаш мора да бидат засадени со рози и со други цвеќиња, а не со зимзелени дрвца и грмушки, како досега.

Градските власти објаснуваат дека некои жардиниери, како што се првиот дел од булеварот Партизански одреди, имаат многу густо насадена флора, поради што им пречат на учесниците во сообраќајот.

- Засега нема хортикултурно да интервенираме во новоизградените жардиниери, евентуално ќе посадиме трева. Ако изградбата на жардиниерите го чини Градот 40 милиони денари (656.000 евра), исто толку ќе чини и нивното зазеленување. Реално, километарските жардиниери треба редовно да се одржуваат, да се чистат од плевел, расадуваат, садат, а ние за тоа немаме доволно ни луѓе ни пари. Во иднина, секако, хортикултурно ќе се збогатат - велат во одделението за односи со јавноста во Градот.

Соња Лепиткова, заменик-министер за животна средина, која пред седум години направила студија за булеварското зеленило, вели дека розите и листопадните дрва се пожелни за Скопје, особено за централното градско подрачје.

- Во студијата што ја изготвија студентите, под опсервација и контрола на професори и магистри, стои дека во жардиниерите не треба да се сади само трева или исклучиво зимзелени дрвца и жбунести растенија кои имаат голема количина смола на листовите. На лисјата на овие растенија, кои вегетираат во текот на целата година без да ја менуваат лисната маса, се лепат оловните оксиди и другите штетни компоненти од издувните гасови. Потоа, при услови на дожд или испирање тие влегуваат во почвата и во подземните води - вели Лепиткова.

Според студијата, на местата со пофреквентен сообраќај треба да се засадат рози или други цвеќиња. Истражувањата покажале дека токму ливчињата на цветовите имаат најголема моќ да апсорбираат штетни издувни гасови, особено оловните оксиди.

- Ако се садат трендафили, нека бидат од оние што цветаат од март до ноември. Тие не случајно уште одамна биле садени по должината на булеварите. Моја препорака до градоначалниците е да се консултираат со стручњаци. Тревата не смее да биде доминантна, пожелно е да има повеќегодишни рози, љубичици или други цвеќиња. Јаворот, липата и костенот се покажаа како многу погодни, особено јаворот кој има голема можност на апсорпција на штетните материи во кората на дрвото, каде што најдовме големи концентрации на отрови. Садењето листопадни дрва е практика и во големите европски градови - вели Лепиткова.

Дел од граѓаните негодуваат и ги коментираат средишните жардиниери од повеќе аспекти. Едни велат дека ваков пример во светот не постои зашто жардиниерите и растенијата му пречат на сообраќајот, други потенцираат дека е опасно ако некој се судри со жардиниерата, а трети сметаат дека во средишното зеленило всушност треба да минува трамвајската траса.

Градските власти годинава направија десетици километри средишни жардиниери по должината на најголемите булевари: Јане Сандански, Партизански одреди, Александар Македонски и Октомвриска револуција.

Марија Тасев


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4B1453422140CB4E801B274E0452E2C9
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 16-Nov-2009 at 14:54
Љубичици особено би биле погодни. Можат да имаат цвет дури и под снег, а без разлика дали се повеќегодишни пак ќе имаат семе што ќе ги оддржава долги години. Ама сепак, каква е таа жардињера ако основната цел на жардињера е ван функција. ИСто како да изградиш пат одсечен од патната мрежа без пристапи.
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 16-Nov-2009 at 16:35
хахах траги-комично. Ове ме потсеќа на еден ист ваков (но од поголеми размери) случај на државна неодговорност! Во Бугарија за времето на комунизмот, кога метрото на Софија почнало да се гради, властите нарачале неколку композиции на вагони од СССР, МетроВагонМаш. И заради целокупната криза на комунизмот, градбата била замрзната а композициите чекале повеќе од 15 години во депо, за во 1998 конечно да бидат пуштени по метрото. А нашиве новинари, можат комотно да бидат заменети од 8 оделенски дактилографки, затоа што само пренесуваат веќе дадена информација, без никаква додадена вредност во смисла анализа или критика. Да не збориме што пола од овие жардињери би се рушеле при изградба на ЛРТ мрежата.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 12-Dec-2009 at 00:03

Прекрасно е да видиш дека во Тафталиџе и Тафталиџе 1 (за понатака незнам) ни една зелена површина нема лист, најлон кеси, хартии ... Applause


2009-12-11

Edited by Vladimir P - 12-Dec-2009 at 00:16
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 12-Dec-2009 at 00:30
Хмммм, навистина убаво, но дали на толку големо/тешко возило му е местото таму  Ouch
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 12-Dec-2009 at 01:17

Прво и ја помислив, но возилото никаде немаше оставено траги, маде и не е големо. (погледај во однос према луѓето) 

Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 09-Jan-2010 at 06:31

Исечени дваесетина опасни тополи

Уште дваесетина тополи деновиве беа исечени од зеленилото спроти „Алумина“. Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ велат дека исечените тополи се стари, па затоа во овој период од годината може лесно да се струполат врз коловозот од тежината на снеговите.

Поголем дел од овие тополи во центарот, кои се садени пред повеќе од 30 години, како и тополите во другите општини се ставени на список за сечење. Од „Паркови“ велат дека тоа се веќе остарени дрва кои претставуваат опасност за граѓаните. Додаваат дека немаат моќ за големи акции за сечење, туку само за помали и интервентни акции, какви што лани имаше неколку во центарот и во Аеродром.

- Тополите побрзо растат, побрзо се развиваат и побрзо стареат од другите дрвја. Оние на улицата Теодосиј Гологанов се садени уште во 1975 година по налог на Град Скопје, но како времено решение и за потребите на фабриката за мебел „Треска“. Таа имала задача да ги одржува, а потоа да ги сече и да ги користи како дрвна маса. Инаку, тополата воопшто не е градско дрво, а во тоа време тогашните градски власти не претпоставувале дека е можно да се затвори „Треска“ или пак дека градот ќе се шири со толкав интензитет за дрворед од тополи да се најде сред урбана населба каква што е денес Аеродром - велат во „Паркови и зеленило“.

Тополите ги има речиси во сите населби, но најголема површина зафаќаат по должината на улицата Теодосиј Гологанов и покрај булевар Србија во Аеродром.

- Сечата мора да биде испланирана, оти и садењето нови садници, кои може да ја издржат скопската клима, мора да се прави исклучиво наесен. Во Скопје најдобро виреат јасенот, платонот и јаворот. Во Ѓорче Петров во изминатите години насадивме многу платони. Иако овие дрвја не оставаат многу убав впечаток, оти имаат големи листови, сепак со убаво одржување добро се снаоѓаат со скопската клима - велат надлежните во „Паркови и зеленило“.

Од Градот велат дека сечата се организира откако стручни лица ќе излезат на терен и ќе утврдат дали дрвата се стари или болни. „Паркови“ не смее да исече ни едно дрво без налог од Градот.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=F866182E6D8B974BB5F626E287816575
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 11-Jan-2010 at 17:28
ВИДОИЗМЕНЕТО ЗЕЛЕНИЛОТО ВО СКОПЈЕ
Нема веќе простор за големи дрвја Роза Петкова


Зошто во Скопје веќе не се садат липи, зошто нема уште улици како Ленинова, Орце Николов, Илинденска, со прекрасни дрвореди од диви костени, јавори, багреми и други раскошни дрвја. Овие прашања остануваат неодговорени за скопјани, особено за постарите, кои го паметат градот по високите крошни и дебелите сенки на дрвјата и по мирисот на нивниот цвет. За многумина, старото Скопје, она пред земјотресот, па и години по него, пред да почне неконтролираната урбанизација на градот, е многу поубаво од сегашното, кое се задушува во бетон и се кити со декоративни садници. Од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, одговорни за зелените површини, велат дека големите дрвја, кои тие ги нарекуваат капиталци, поретко се садат затоа што нема простор за нив. - Денес имаме многу поголем избор на садници. Имаме јавор, јасен, бреза, даб, бука, четинари, смрека, црн бор, туја, секвоја, чемпреси, зимзелени и цветни грмушки. Дрвјата ги земаме од расадник како школувани садници, стари шест-седум години, а високи по три-четири метри. Но, големите видови дрвја бараат и голем простор за да бидат засадени. Поради урбанистичките планови, ние веќе сме сведени во гето и немаме каде да садиме. Липата, на пример, треба да е на растојание од следното дрво од пет до седум метри, чинарот десет метри, исто така и другите капитални видови - вели Слободанка Стефановска, дипломиран инженер по хортикултура, со 40-годишен работен стаж во „Паркови и зеленило“. Таа објаснува дека, за разлика од порано кога улиците се именувале по дрвјата, како улица на липи, на дабови, на костени, денес го нема тој обичај затоа што градот го загубил ликот на старото јадро. Според неа, сечењето на старите дрвореди, кои беа белег на некогашно Скопје, не е неопходно затоа што постојат механизми со кои може да се продолжи векот на тие големи дрвја, кои можеби живеат и до 100 години, преку закројување на крошните и одржување на стеблата. - Кога се реконструираше градскиот плоштад, исекоа 35 диви костени, јаки дрвја, со убави листови, кои даваа таква сенка што не може ниедно друго дрво да ја даде. Сега таму има јавори. Низ кејот, од Камениот мост до мостот кај „Холидеј ин“, двоен дрворед од јавори беше исечен. Сега се чинари бидејќи тие имаат централна жила на коренот која не ги крева плочките што се ставени одозгора - вели Стефановска. Таа потсетува дека во 1997-98 година се засадени нови дрвореди на Максим Горки и на улицата покрај МНТ, поточно кејот, кој е засаден со двојни дрвореди од црвени јавори. Последниве години големи дрвја се саделе и на улицата Партениј Зографски, и тоа даб и пирамидален чемпрес, а се дополнил и дрворедот со липи на улицата Васил Ѓорѓов, од Водњанска до Агенцијата за вработување, од кои повеќето денес се уништени. На потегот од „Дал мет фу“ до „Пелагонија“ се саделе ликвидамбари, донесени од Италија, кои имаат полупирамидална форма и во есен ги менуваат сите бои. Нови садници со црн јасен има и на Теодосиј Гологанов, на местото на тополите, исто и на Благоја Стефковски, а на улицата Ѓорче Петров се засадени 220 чинари.

Како се добива стандардот за зеленило?

Според ГУП од 1974 година, нормативот за зеленило бил 25 квадратни метри на еден жител. За да се извлече овој стандард, се земала предвид „ружата на ветровите“ која означува правци на движење на ветерот. Во Скопје дува само северозападен ветер и вардарец, кој го има по течението на реката. Тука се и местоположбата на градот како котлина, густината на населението, ладните воздушни маси кои во лето се симнуваат од Водно и ја разблажуваат климата, сончевите денови, температурните амплитуди.
- Беше направена анализа во 80-тите години на минатиот век за зеленилото во Скопје. Ние никогаш не дојдовме до бројката 25, ни тогаш, а камоли сега – тврди инженерката од „Паркови и зеленило“.

Дрвјата не виреат во скопскиот смог

Булеварското зеленило тешко вирее поради загаденоста во Скопје, велат во „Паркови и зеленило“, а како пример ги наведуваат липите на улицата Кочо Рацин, кои наместо очекуваниот раст од 20 метри, стагнираат или јасените на Теодосиј Гологанов кои, исто така, не растат. Оттаму потсетуваат дека во градот со години не се добиени нови зелени површини.

За секој жител по 6,7 квадратни метри зеленило

Од „Паркови и зеленило“ алармираат за состојбата со зелените површини во градот, чијашто квадратура никој не ја мери. Претпријатието во моментот работи според градска одлука во која стои дека во Скопје има четири милиони квадратни метри јавни зелени површини, заедно со „Треска“ и со „Сарај“. Оваа бројка поделена со бројот на население во Скопје покажува дека ни следуваат околу 6,7 квадратни метри зеленило по жител, што е драстично опаднато во однос на стандардот кој важел пред 40 години и изнесувал 25 квадратни метри.
- Ниедна општина нема обврска да не извести кога ќе пренамени зелена површина во нешто друго. Во ДУП најчесто се внимава да има паркинг-места за секој објект, но никаде не пишува колку зеленило треба да има по жител. А никој не се сеќава дека оваа работа не враќа пари, враќа здравје – вели Стефановска.

Жардиниерите нудат естетика, но не и квалитет

Бетонските жардиниери кои Градот неколку години наназад ги поставува во средишниот простор на булеварите не се сметаат за нови зелени површини. Тие се естетско уредување, но не нудат и поквалитетен воздух.
- Точно е тоа дека зимзелените садници не се најпогодни за жардиниерите бидејќи тие не ги задржуваат отпадните материи, туку со првиот дожд отровите паѓаат во земјата, а листопадните дрвја го апсорбираат штетното во гранките и во стеблото. Трендафилот, кој порано го имаше на булеварите, е особено добар затоа што и толчникот од цветот апсорбира издувни гасови – објаснува Стефановска.
Причина за ваквите пропусти било тоа што идејните решенија не ги ревидираат експерти од Шумарски факултет, сообраќајни инженери и Министерство за животна средина.
- Состојбата е ваква затоа што зеленилото не се третира како дејност. Нема закон за зеленило, нема стандарди што да се сади, на која височина, па дури и што смее да се сади во приватен двор за да се усогласи со надворешната околина. Со закон би се знаело и кој може да проектира – смета инженерката.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1912&ArticleID=130804
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 43>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.