build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Виртуелна Македонија
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Cities in Motion (Скопје)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Cities in Motion (Скопје)
    Posted: 09-Jan-2013 at 10:06
Сосема кратко интро, повеќе инфо подоцна.
Исто транспортна игра, каде може да се прават мапи. Сега ги правам Скопје, Софија и еден измислен град. Еве го Скопје кај Буњаковец (мапите се прават со модели, згради кои се веќе направени за играта) така што неможе градот да наликува 100% на оригиналот како што е тоа случај со ОМСИ.


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 09-Jan-2013 at 13:45

Дали гледам кружен тек кај Партизанска и Климент охридски?  LOL


Го ѕирнав сајтот на игрицава и за жал немам соодветна графичка картичка да ја пробам. Но во секој случај од тоа што можев да видам делува крајно разочарувачки во однос на можностите кои ги нуди за креирање на сообраќајна мрежа, а за ваков тип на игра/симулација тоа е клучно.

Дали барем може да се увезуваат сопствени 3Д модели на згради?
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Jan-2013 at 14:11
А дали не го виде Јужен булевар? Всушност таа ограниченост за која зборуваш самата наметнува креирање на решенијата по ГУПот. Големите карти како Скопје кои имаат по 50 000 жители прават огромни сообраќајни метежи доколку нема градски автопати на мапата, кои како магнет ги привлекуваат и ги оставаат улиците чисти за јавниот превоз. Така што дел од решенијата во Скопје сеуште не се изградени но постојат по ГУП и јас ги вметнав со цел смалување на метежот.


Играва е лудница, ти би паднал во несвест (како и јас). Сега во март треба да излезе вториот дел кој ќе нуди далеку подобри карактеристики. Сепак главниот фокус е креирање на јавно транспортно претпијатие, со мрежи на метро, трамваи, автобуси, тролеи (како и речен и хелихоптерски!? транспорти кои јас не ги користам) а не креирање на патна мрежа. Е, се разбора дека тие две работи се поврзани, но не е клучно. Нуди доволно опции, за да се направат базичните решенија (проблемот настанува при креирање на градови кои имаат навистина покомплицирани сообраќајни решенија од кај нас). Во секој случај градовите може само приближно да се рпесликаат, но никако целосно (како од урбанистички, така и од визуален аспект). Но, се работи со можностите.

Може апсолутно да се увезуваат 3Д модели, но јас незнам да ги правам. Најчесто користам еден руски сајт (www.citiesinmotion.ru), каде што пуштаат модели кои можеш да ги најдеш во Аддони и моди, па потоа во зданија. Таму има доста нивни модели (Hybrid buildings. USSR buildings), кои отсликуваат нивни типични згради ала панелки итн. кои се многу слични на нашиве па можат да послужат за замена, особено за Карпош или Аеродром/Капиштец. Или пак глобалниот www.cimexchange.com

Ако има кандидати некако да се прекреираат веќе постоечките 3Д објекти од Скопје/Македонија во објекти за играта (ќе се распрашам како), заедницата би била супер задоволна!


Еве уште малку од Скопје (картата урпанистички е пред крај, но треба да се декорира и тоа одзема многу време). Исто така вклучена е во мод за креирање на мапи, така што нема ниту сообраќај, ниту луѓе, кои ја прават многу пожива. Згора на се јас исто така имам многу слаба картичка и затоа се појавуваат квадрати и проблеми, кои кај другите не би требало да ги има:

паркот Жена Борец:



улица Македонија и Старата жел. ст.



пл. Карпошово востание, новата зграда на Театарот и Арх. музеј (најблизу можно ги доловив)



Зеленото пазарче:



Јужниот булевар кај Нова Македонија:



Јужниот булевар кај Католичката црква:




Edited by Andrej_LJ - 09-Jan-2013 at 14:20
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 09-Jan-2013 at 14:18
Буњаковец:



ул. Рузвелтова, ул. Орце Николов и Зоолошката градина:



ул. Партизанска кај Драмскиот театар (кај обновената кула):



Градскиот парк и Нац. стад. Филип 2:



Главната железничка станица:



Скопјанка;



Три Бисери:



Чаршијата:



Чаир, стадион Чаир, ул. Џон Кенеди:



Aвтокоманда кај новиот плоштад:



Аеродромот на Скопје:




Edited by Andrej_LJ - 09-Jan-2013 at 14:23
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 09-Jan-2013 at 14:57
Интересно. Ќе пробам нешто слично да направам на Cities XL 2011
ಠ_ಠ
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 09-Jan-2013 at 15:11
Оти малку сакам се да кажам наеднаш, на крајот ништо не кажувам.

Да објаснам прво на кратко околу играва. Главниот фокус и цел на играва е создавање на транспортно претпријатие во даден град. Во самата игра се вклучени неколку мапи на градови (Лондон, Париз, Скт. Петерсбург, Букурешт, Амстердам, Виена, Њу Јорк, Лос Анџелес, Токио и др.). Сите тие се разликуваат по нешто (обичајните лендмаркови на овие градови се вклучени), плус типовите на транспорт што се достапни во даден град (иако јас имам мод кој што ти дозволува да ги користиш сите типови на јавен транспорт во еден град, те. на една мапа). Покрај овие градови, фен базата создава и бројни реални ии фиктивни мапи.

Зелена е бојата на метрото, црвена на трамваите и тролејбустие, додека сина е на автобусите.

Истот се однесува и за возилата, при што базата на возила од сите типови создадена од фанови на играта е огромна.

Типовите на транспорт кои се користат во играва се следните, при што нивната логика е слична со онаа во реалниот живот (во смисла брзина, удобност, трошоци за купување и одржуваење на мрежата и возилата, капацитет на возилата и дозволена висина на билетите). Исто така различни типови на возила се појавуваат во играта во зависност од годините во кои играте. Имено возилата во играта соодејствуваат со реалноста и може да ги користите, те. купите само во годините кога овие возила се произведувале.

а) Метро (подземно на 3 различни нива, наземни и надземно) е логично типот на превоз со најголем капацитет. Така возовите создадени од фановите можат да достигнуваат и 600 лица, што е близу до реалните капацитети. Исто така може да се градат и различни типови на станици, т.е. нормални, вкрстување на две линии на исто ниво (4 платформи) и вкрстување на све линии на две нива;

Станица за две линии на две нива:



Станица за две линии на едно ниво:



Надземна станица (оваа во случајов оди кон Аеродромот Хиитроу бидејќи на мапава е Лондон)



б) Трамвајната мрежа се користи или како фидер на метрото или за поврзување на различни делови од градот бидејќи после метрото има најголем капацитет. Така возилата може да примаат помеѓу 40 и 140 патници во зависност од моделот. Јас најчесто користам Татри бидејќи ми се омилен трамвај или ЛМ (советски ефтини робустни трамваи со повисок капацитет, но ненадежни и трошат многу енергија - ви реков дека се соодветствува со реалноста). Заради постоењето на трамвајски пат, шините може да ги одбегнуваат метежите со користење на зелените делови на булеварите или тротоари и пешачки зони.

трамваи Татра Т3 кои имаат многу голем капацитет (138 места) и автобус Икарус 260:




Две Татри Т3:



 Трансферна станица близу Кеннингтон парк помеѓу трамвај и тролејбус:



в) Тролејбусите исто така имаат одлични перформанси слични на трамваите. Параметрите обично се помали од оние на трамваите и собираат најчесто помеѓу 45 патници за единечните и 90 патници во дуплите тролејбуси. Најчесто ги користам моделите на чешка Шкода и руските ЗиУ:

Тролејбуси Шкода Т9 закачени во пар (вака возеле и во Софија до 70тите години):



г) Автобусите се исто така одличен избор за фидер на метро бидејќи бараат најмала инвестиција (само станици и возила), но затоа пак картите кои можете да ги наплаќате имаат најниска вредност. Најчесто користам унгарски Икаруси или полски Солариси.

Икарус 280 на многу важна автобуска линија, фидер на метро линијата Викторија:





Еве на пример дел од возилата достапни во играта (се разбира овие модови јас ги имам вклучено, има далеку повеќе возила за избор) во годината 1977. Ќе забележите дека ги дава сите параметри на избраното возило. додека  во долниот десен агол ги има сите параметри на возило кое е на линија и моментално сум го кликнал:

Метро вагоните Метровагонмаш (какви има Софија) и др.:



Дел од трамвајските возила во 1977, пред се Татри:



"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 17-Jan-2013 at 16:42
Сакам да ви претставам дел од играњето на сеуште недовршената мапа на Скопје, во форма на приказна (значајна за овие игри).

Скопје, 1 Јануари 1980 година.

Бидејќи градот непрестано расте, Скопје се соочува со потребата за воведување на јавен транспорт, при што Градот го формира претпријатието ГТС (Градски транспорт Скопје). По долга анализа, ГТС се одлучува за воведување на скромна тролејбусна мрежа во градот, која на почетокот ќе ги покрива најгусто населените делови на Скопје, а подоцна ќе се проширува со други форми на транспорт.
ГТС се одлучи за воведување на тролејбус заради ограничените финансиски ресурси и одличната понуда од Чешко-словачката фирма ШКОДА, која по одлични цени ги понуди на Скопје тролејбусите Škoda Tr9. Големиот очекуван број на патници наложи постепено купување на 8 двојни тролејбуски возила од братската комунистичка земја.
Двете линии возат паралелно во центарот на градот, и тоа на улиците 11ти Октомври, Димитрија Чуповски и дел од Теодосиј Гологанов.

Тб 1 (Кисела вода - Центар - Карпош 2)
Тб 2 (Главна жел. ст. - Центар - Капиштец)


И толејбусите во Скопје тргнаа на своите линии (бул. 11ти Октомври и бул. Кочо Рацин, станица Градска болница):



Тб1 во Кисела вода:






Тб2 во Дебар маало, кај Идадија:



Тб2 кај Главната жел. ст.



Тб1 кај Католичката црква:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 17-Jan-2013 at 16:53
Како што времето поминуваше, граѓаните изразуваа се поголем интерес за услугите на ГТС, но поради каснењето на возилата заради финансиските проблеми во претпријатието растеше и незадоволството на патниците.

На Рекорд, поглед по ул. Никола Вапцаров:



Поглед од паркот Жена борец кон Републичкото Собрание:



И крајната станица на Тб2 во Карпош 2:




Градските власти, окуражени од интересот на граѓаните за јавен транспорт го овластија ГТС за изработка на проекти за проширување на мрежата за јавен транспорт. Сепак, во социјалистичките земји започнува економска криза, која ги успорува плановите на Градот. Започнува изградба на првата трамвајска линија на релацијата Романска болница-бул. Партизански одреди - пл. Македонија - ул. Македонија - Стара жел. ст. По завршувањето на источниот крак, финансиските сретства на ГТС се при крај и изградбата на трамвајската мрежа запира. Наместо ова се набавуваат уште две тролејбусни возила Шкода Тр9, овој пат единечни и со помал капацитет.

Романска болница, линија 3:



Недоградената трамвајска линија кај Соборниот храм:



Новите единечни Шкоди Тр9 веќе возат низ градот:




Кон крајот на 1980 година, сепак завршува изградбата на првата трамвајска линија (бр. 3) и таа се пушта во сообраќај. Претходно беше набавен поволен кредит од СССР за купување на две трамвајски возила со голем капацитет од производителот Ленинградски Трамвајно-механични заводи. Иако овие две возила беа крајно недоволни за опслужување на линијата, граѓаните со воодушевување ги поздравија првите трамвајски возила:

бул. Партизански одреди:




"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 17-Jan-2013 at 17:05
На раскрсницата помеѓу бул. Партизански одреди и ул. Ленинова се наоѓа важна трансферна станица помеѓу трамвајниот и тролејбуски систем:



А втората таква се наоѓа во строгиот центар на градот, односно на Рекорд.



Трамваите веќе го прекосуваат и пл. Македонија:



Кон средината на 1981 година пристигнува од Ленинград, новиот трамвајски модел за Скопје:




Но, кризата во социјалистичкиот свет се продлабочува, невработеноста расте, а ГТС е принудено да ги намали цените на билетите и да ги ревидира своите планови. Така, наместо досегашниот следен приорите, а имено изграбда на трамвајска линија од Ново Лисиче до Капиштец преку Центарот, ГТС почнува да размислува за вовоедување на автобуски рпевоз за подобро покривање на населбите Карпош 3 и 4, Козле и Тафталиџе.



Така кон крајот на 1981 година на спроведениот тендер на ГТС за набавка на првите 4 зглобни автобуси во Скопје, победува унгарската фирма Икарус со моделот Ik 280. Иако не надежен модел, сепак нов и со висок капацитет. Така кон крајот на годината се пушта линијата 4: пазар Тафталиџе - Илинденска - Романска болница - Козле, која се надоврзува на трамвајската линија 3.

Пазар Тафталиџе:



Романска болница (трансфер на трамвајската линија кон центарот):




Но и покрај успесите на ГТС, сепак претпријатието работи на минимална добивка, која ги попречува развојните планови на Градот за проширување на мрежата на исток кон Ново лисиче и север кон Чаир. Сепак се влагаат големи надежи дека новата автобуска линија ќе донесе мнопгу голем број додатни патници, за што ќе треба да се купат уште по околу 4 автобуси и 4 трамваи.

Просечен број на превезени патници во 1981, по месеци.




А тролејбусите продолжуваат да возат низ Дебар маало:


"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 17-Jan-2013 at 18:04
Сигурен си дека не може да се направи import model за зградиве? Можеш да позајмиш многу од Скопје Еве побарав јас, ама сè е за возила :/
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.