build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 740
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #561 Posted: 01-Dec-2017 at 19:59

на вакви дождови се гледа најдобро нефункционалноста на велосипедските патеки, дури и по главните урбани сообраќајни артерии посреди густо населените населби, и во правец исток запад, а не пак север југ ... ако е утеха добро е што мрднавме од мртва точка, но дефинитивно тоа е малку доколку сакаме автомобилскиот сообраќај да го сведуваме на миниум, што пак и при бесплатен јавен градски транспорт, ќе бара дополнително вложување во велосипедска инфраструктура, која дури кога ќе ја доведеме на ниво на брзи велосипедски коридори ќе биде ефективна ... дали тоа ќе се направи наместо средишно зеленило помеѓу булевари, или пак ќе се пуштат нови брзи вело ленти како нова жолта лента (постојна или со проширувања) тоа и не е битно, иако тоа незначи дека треба постојните да се анулираат, напротив постојните може да служат за деца и постари вакви какви се, додека брзите би биле исклучиво за млади како брз начин за бизнис или спортски комутинг ...

веројатно и по кеј треба да се истера една брза а не рекреативна патека, или пак паралелно една рекреативна, а една брза до бедемот, но брзите едносмерно на секоја страна на кејот, вака корисно и за застанување ролерџии итн. а брзите потенцијално и за атлетичари ... кога ова би го истерале вака од крај до крај по цел кеј на Вардар ем брзи вело патеки по главните булевари Скопје може да се каже дека ќе стане велосипедски град, иако ќе треба да се поработи и поозбилно околу загадување и ПМ-ките за да народ се окуражи секојдневно на точак да се движи живее и ужива ... проблем како и секогаш ќе биде математиката посреди агендите, но најнапред треба стратегија и агенда како истата да се исполнува ... ко за почеток:
Originally posted by Zelenikovo

1 km of Danish highway costs up to 100 times more than 1 km of the Danish bicycle highway [1]

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #562 Posted: 28-Mar-2018 at 08:30
Град Скопје ќе гради и реконструира две нови велосипедски рути


Проектот „Скопје Велоград“ продолжува со изградба и реконструкција на две нови велосипедски рути во македонската метропола. Град Скопје денеска објави тендер за избор на градежна фирма што ќе ја изведува третата велосипедска рута, која што ја опфаќа трасата долж булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“, на потегот од фабриката „Стаклара“ во општина Кисела Вода до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во општина Центар.

Воедно, со овој тендер ќе се гради и реконструира поголем дел од четвртата велосипедска рута, која што ја вклучува трасата долж булеварот „Крсте Петков Мисирков“ и улицата „Бутелска“ во општините Чаир и Бутел. Станува збор за потегот од крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“ до клучката Бит – пазар на булеварот „К.П. Мисирков“ и трасата од крстосницата со булевар „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улица „Душко Поповиќ“. Од градскиот буџет за овој градежен зафат е предвидено да се издвојат околу 27 милиони денари.

Од градежните фирми се очекува да ги достават нивните понуди до Град Скопје најдоцна до 16 април. Главен критериум за избор на најповолен изведувач е понудената најниска цена. Планираната изградба и реконструкција на дел од двете велосипедски рути во Скопје е зацртано да се заврши во текот на претстојната градежна сезона.

http://build.mk/grad-skopje-ke-gradi-i-rekonstruira-dve-novi-velosipedski-ruti/
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #563 Posted: 15-May-2018 at 18:31
Како да изместиш велосипедска патека од автобуска постојка

https://skopjeinfo.mk/gradime-po-plan-dali-e-avtobuska-ili-e-velosipedska-pateka-foto
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1360
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #564 Posted: 15-May-2018 at 20:14
Досетливо
Иначе прееска нешто го копаа троторарот, ама не верувам дека им текнало да ја преместат автобуската
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #565 Posted: 29-Jun-2018 at 17:04
На ул.Втора Македонска Бригада во Чаир(превземено од фб профилот на Град Скопје)





Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #566 Posted: 06-Jul-2018 at 16:51
Една убава вест за велољупците. Се надевам само дека ќе бидат заштитени од вандализам. И дека оваа благородна акција ќе продолжи и во другите градови.
----------------------------------------------

Промовирани 5 станици за поправка на велосипеди во Скопје

Град Скопје и Стопанска банка АД – Скопје денеска ги промовираа 5 – те станици за поправка на велосипеди кои ќе им овозможат на велосипедистите, по потреба, да извршат мали интервенции на своите велосипеди. Сервисните станици за велосипеди се поставени на пет локации во Скопје – бензинска станица Макпетрол на булевар Партизански одреди во Карпош 3, бензинска станица Макпетрол кај Транспортниот центар, бензинска станица Макпетрол на излезот од Скопје кај Автокоманда, бензинска станица ОКТА на булевар Србија и пред инфо центарот на Град Скопје во Градскиот парк.



Локациите на сервисните станици се внимателно одбрани за да бидат на места каде што има поголема фреквенција на велосипедски сообраќај и на позиции каде што веќе постои 24 часовен видеонадзор, со цел да се заштитат станиците од намерно предизвикани штети. „Станиците се опремени со рачна пумпа за гуми, 6 специфични алати кои се стандардни за ситни поправки на велосипедите и кои веруваме лесно и брзо ќе бидат во примена од сите заинтересирани“ изјави Ратка Тирицовска, Директор на Дирекцијата за маркетинг и односи со јавност во Стопанска банка.

http://build.mk/promovirani-5-stanitsi-za-popravka-na-velosipedi-vo-skopje/
За сè има вторпат
Back to Top
iristevski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 11-Feb-2016
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote iristevski Quote  Post ReplyReply #567 Posted: 19-Jul-2018 at 14:54
14,5 милиони денари за изградба на две нови велосипедски рути во Скопје

http://build.mk/14-5-milioni-denari-za-izgradba-na-dve-novi-velosipedski-ruti-vo-skopje/

Edited by iristevski - 19-Jul-2018 at 14:55
Build Responsively
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #568 Posted: 28-Jul-2018 at 17:56
Патеката покрај кеј, од другата страна. Патем наидов на еден куп мали диви депонии. Ова што се гледа е само половина од патеката, другото е обраснато во треви и грмушки.





За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #569 Posted: 04-Aug-2018 at 10:22
Нови паркинзи за велосипеди на плоштад Македонија (фотките се фб профилот на Град Скопје)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #570 Posted: 05-Aug-2018 at 10:45
Изградба на велосипедски патеки на неколку места низ Скопје(од фб профилот на Град Скопје)

1.Вдолж булевар 11Октомври



2.Кај Веро-Џамбо



3.Кај Судска Палата



4.Низ Чаир


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #571 Posted: 21-Aug-2018 at 19:07
Една година откако го пуштија во употреба булеварот Борис Трајковски



https://www.facebook.com/dupki.net/photos/a.1286725264746404/1823160261102899/?type=3&theater
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1360
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #572 Posted: 21-Aug-2018 at 19:23
Тука одамна имаше мала вдлабнатина, сега ептен пропаднало.
Жикол го градеше ако не се лажам.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1301
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #573 Posted: 21-Aug-2018 at 19:52
Velosipedskive pateki za dzabe gi imame ili imaat dupki i vdlabnatini ili pak se pretvoreni vo parkinzi. Vo Aerodrom kaj Tobako 2 za potrebite za novata zgrada pumpite i mikserite redovno ja blokiraat cela pateka. I ovie novite sto momentalno se gradat mora da gi iznaredat so 100-tici stolpcinja.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #574 Posted: 09-Sep-2018 at 15:03
ул. Ферид Бајрам, меѓу Чаир и Бутел





Edited by Џоле - 09-Sep-2018 at 15:07
За сè има вторпат
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 381
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #575 Posted: 10-Sep-2018 at 02:59
На колчињава им давам една недела
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #576 Posted: 10-Sep-2018 at 08:01
Веќе има поминато еден месец откако се поставени и за чудо мештаните главно ги почитуваат, со исклучоци. Сепак, патеката нема смисла бидејќи почнува од никаде и завршува никаде, т.е. не се надоврзува на претходна патека и не продолжува во друга, со што тие кои ја користат пак се принудени да возат или на тротоар или на улица.
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #577 Posted: 19-Sep-2018 at 07:32
Кај Воена болница, на бул. 8-ми септември

За сè има вторпат
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3371
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #578 Posted: 19-Sep-2018 at 09:08
Би сакал да кажам за една работа што многу ме нервира, а тоа е неодржувањето на велосипедските патеки во Скопје. Многу ретко се чистат од уличните чистачи на Комунална хигиена, а цистерните што прскаат низ улиците целото ѓубре го качуваат директно на самите велосипедски патеки. Сите можни зулуми од кои може да ти се дупне гума се наоѓаат на самата патека. Треба да обрнат внимание на ова.

Edited by BOJAN - 19-Sep-2018 at 09:08
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 88
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #579 Posted: 19-Sep-2018 at 12:03
Дефинитивно е голема утка што се направени на ваков начин велосипедските патеки. Подобро би било да се физички одделени од пешачките патеки, бидејќи со самото тоа и побрзо ќе се движат велосипедите, ќе биде побезбедно и за оние кои возат велосипед и за пешаците, а и поубаво ќе изгледа.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #580 Posted: 19-Sep-2018 at 15:27
Originally posted by BOJAN

Би сакал да кажам за една работа што многу ме нервира, а тоа е неодржувањето на велосипедските патеки во Скопје. Многу ретко се чистат од уличните чистачи на Комунална хигиена, а цистерните што прскаат низ улиците целото ѓубре го качуваат директно на самите велосипедски патеки. Сите можни зулуми од кои може да ти се дупне гума се наоѓаат на самата патека. Треба да обрнат внимание на ова.


Потпис за ова. Денес ја возев патеката на бул. Борис Трајковски до Пинтија, човече, колку ѓубре имаше на неа, просто се чудам како не ми се дупна гума. И на едно место пропаднат е асфалтот, тоа е сериозен безбедносен проблем, но веќе подолго време ништо не се презема околу тоа.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 272829

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.