build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Велосипедски патеки и пунктови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2442
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #621 Posted: 20-Mar-2020 at 17:46
не стигнаа ни да го ослободат во центар, а еве сега го блокираа и тука.

Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 45
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #622 Posted: 20-Mar-2020 at 18:32
Мора да се изгради мостот сега. Да не претеруваме. Од другата страна е слободно, само пази се од кучињата.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 339
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #623 Posted: 20-Mar-2020 at 18:34
Да, да не претеруваме. Мостот мора да се изгради. Се надевам што е можно побрзо.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #624 Posted: 20-Mar-2020 at 19:10
Opravdano e zatvoreno,proektot e od golema važnost...se nadevam nema da ima prolongiranja i vlečkanje kako što e slučajot vo Centar.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2442
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #625 Posted: 20-Mar-2020 at 21:26
(за записникот) само информирам, не се бунам. Нормално очекувам да го завршат за рокот што го рекле, а во меѓувреме да го ослободат кејот во Центар.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1229
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #626 Posted: 20-Mar-2020 at 23:12

ко што велам другде, иако паушално, тука треба да се сторат вело монтажни мостои кои би го прерипале градилиште [1] но тоа би било напорно за извозуење макар успонот е подолг ем мора затворен сегмент над самота градежна локација, проблематично можеби но ако се стори масовен притисок ќе мораат а тоа зависи од самите аеродромци и новолисичани, бреј веројатно чекаат опозицја да ги организира изгледа за да се блокира пристап до градилиште додека ова не се го исполнат градските власти!?

идеално ќе беше со време дпмн своевремено да го стореше реалност Пешачкиот Мост кај Керамидница [1][1][1] па да си врти одоколу Народ чоеки на велосипед а повторно кај Крњево да се врати по другиот на Кеј кај Пензиско ... впрочем и Шилегов го предвидел пешачкиот мост но еве за приоритет го зел колскиот [2]

но никој не ни е крив што десет години се влечкаат проектите, особено поедноставните за пешачки мостови, а сега нели заради популизам предност наследниците стаиле наопаку во однос приоритетите, ним може не ни ми е до пешачки мостои!? сепак ко што реков доколку Народ стори притисок та да се врати муабетот до пологично темпо на приоритети, а знаејќи дека и така заради се потешкото пазарење со ќерамидчани за дислоцирање на веќе легализираните објекти по трасата (може и претходно биле или се влезени во процедура за легализација) и да се заврши колскиот мост уште долго нема да биде во функција, та прво нека ги договорат сите а потоа нека почнуваат со изградба на колскиот мост, а за тоа време инстант можат да го сторат тука пешачкиот!

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #627 Posted: 30-Mar-2020 at 11:09
Градилиштето на новиот мост да се заобиколи со велопатека

Градилиштето на новиот мост што треба да никне во близина на Паркот на езерцата во населбата Аеродром, треба да се заобиколи со пешачка и велосипедска патека за да се овозможи и натаму непречено движење. Од групата скопски велосипедисти ентузијасти „На точак“ сугерираат, пред да се постават тараби за градежни работи преку постоечката велосипедска патека, дека треба однапред да се обезбедат патеки за заобиколување со соодветна сообраќајна сигнализација.

– Возењето до тарабите и присилното враќање назад без навремено известување, како и носењето на велосипедот по скали не е еднакво на безбедно и соодветно заобиколување – сметаат од „На точак“ и затоа бараат доколку сè уште не се започнати градежните работи да се тргнат тарабите до моментот на обезбедување рампи, но и безбедно и означено заобиколување за велосипеди и пешаци.

Тие предлагаат и да се постават рампи за туркање на велосипеди и соодветна привремена сигнализација и насочување, а во догледно време (наредниве месеци) и подобро пофункционално решение со возливи рампи.

– Велосипедскиот сообраќај и кејот не смеат да страдаат во наредните години додека се вршат градежните работи како што беше случајот (и сè уште е) со прекинот кој го направи мостот за панорамското тркало и сите останати мостови во проектот „Скопје 2014“ – реагираат од „На точак“.

Со проектот за новиот мост има предвидени велосипедски патеки, а од „На точак“ дополнуваат дека мора да има и велосипедски пристапни рампи за спуштање/качување до/од кејот, од двете страни на Вардар.

– Зошто тогаш мостот не се испроектира така што тие рампи би се користеле во овој меѓупериод додека се гради мостот и сè да тече во вонредни услови, со заобиколување, но без функционален прекин – прашуваат оттаму.

Од „На точак“ велат дека кејот е место за рекреација, но и клучна градска велосипедска и пешачка сообраќајница и дека и како таква треба да се третира.

– Велосипедската патека на кејот од нејзината изградба до денес, подолго време е во прекин отколку што е целосно функционална. Не смееме да дозволиме да се случи истото повторно, онака како што се склучи со мостот за панорамското тркало и тоа сега, кога конечно има некаков пораст на велосипедскиот сообраќај. Патем, беше најавено дека оваа пролет кејот ќе биде ослободен и поврзан и во центарот на градот, конечно, после речиси 10 години прекин – потенцираат од „На точак“.

Од Град Скопје информираа дека се работи на изнаоѓање на привремено, алтернативно решение што ќе овозможи слободно движење на велосипедистите.

Подготвителните работи за изградбата на новиот 150-метарски мост, кој по својата конструкција ќе е сличен на мостот „Гоце Делчев“, започнаа на трети март годинава, а вкупната вредност на изградбата на мостот и булеварот низ Керамидница изнесува 365,6 милиони денари. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов тогаш истакна дека всушност ќе се градат два моста, секој со по три коловозни ленти и по една велосипедска и пешачка патека.

– Изградбата на овој мост постои во планската документација на градот уште од 1965 година. Поради отсуство на визија за развој на градот и немање чувство што се вистинските приоритети на овој град, изградбата секогаш била одложувана за некои таканаречени подобри времиња. За помалку од две години Аеродром, Гази Баба и Центар ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје – нагласи Шилегов.

(А.П.)

https://www.vecer.press
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #628 Posted: 01-Apr-2020 at 10:29
Една фотка од Загреб. Не се работи фушерајски само кај нас.



За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12761
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #629 Posted: 06-Apr-2020 at 09:06


По реакциите на граѓаните

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #630 Posted: 08-Apr-2020 at 14:28
СЕ РЕКОНСТРУИРА ПЕШАЧКАТА И ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НАСПРОТИ ГЛАВНА ПОШТА







Екипите на Град Скопје деновиве ја реконструираат пешачката и велосипедската патека на булеварот ВМРО, на потегот од раскрсницата со булеварот Илинден до раскрсницата со булеварот Партизански одреди, наспроти објектот на главна Пошта.

Овој новоуреден јавен простор во градот ќе биде дополнет и со зеленило. Нашата цел е пешаците и велосипедистите да добијат уредена и безбедна патека за движење, поврзана со другите патеки на околните булевари.

На терен работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #631 Posted: 12-May-2020 at 12:25
Уште од јануари искршија 4-5 столбчиња на велопатеката во Аеродром(што минува поред зградата на Неоком) за неколку околни фирми да си ги паркираат возилата пред влез и да не поодат 10-20 метри до канцелариите.Срамота! И сега од ден на ден се повеќе луѓе си ја користат патеката за паркинг и достава на роба до продавниците и локалите





Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #632 Posted: 19-May-2020 at 08:49
Проектот „Велоштад“ е прогласен за најкреативен велопаркинг



Проектот „Велоштад“ на Михајло Стојановски и Теа Дамјановска е избран како најкреативен дизајн на велосипедски паркинг кој ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје. Овој предлог е еден од предлозите на 11 тимови учесници на јавниот повик кој го објави Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб. Целта на Вело паркингот е да ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди, да промовира интермодален транспорт (велосипед, автобус, воз, итн.) а со тоа и да придонесе кон зајакнување на инфраструктурата за алтернативен транспорт.

„Како страсни возачи на велосипед, знаеме што е она што им треба и што сакаат велосипедистите и тоа знаење некако го преточивме во идеја. Целиот процес на создавање беше интересен и возбудлив“, изјави Михајло Стојановски по прогласувањето за најкреативно решение.

Целта на „Велоштад“ е создавање нова вело локација во градот, а со проектот покрај паркирање, предвидено е овој плоштад да нуди простор за основен сервис на велосипедот, гардероби за брза промена на облеката, кабини за долговремено стационирање на велосипеди и урбана опрема. Со „Велоштад“ ќе се овозможат 12 држачи за 24 велосипеди, како и шест кабини за заклучување на велосипеди за подолг временски период.

Имено, креаторите на „Велоштад“ се наградени со ваучер од 700 евра и нивното решение ќе помине во фаза на изведба. Вкупниот буџет предвиден за реализација на првонаграденото решение е 11.500 евра, со дополнителна поддршка од 3.000 евра кои се обезбедени за реализација и уредување на локацијата каде ќе биде поставен велосипедскиот паркинг – модул.

Второнаградено решение со сума од 500 евра е на Ана Георгиева, Бојана Палифровска и Бојана Николовска, додека пак третонаградени се Владимир Ристески и Елена Пазарџиевска Ристовска со 300 евра бруто сума.

Проектот се реализира со финансиска и техничка поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ North Macedonia) преку компонентата за спроведување на активна мерка за развој на велосипедската инфраструктура, проектот Градови на иднината на Југо-источна Европа кој го спроведува SmartUp – Social Innovation Lab, организација која истовремено го води Центарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб, и Град Скопје.

https://meta.mk/proektot-veloshtad-e-proglasen-za-najkreativen-veloparking/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4398
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #633 Posted: Yesterday at 15:10
Се стеснува коловозот на „Кирил и Методиј“ за нова вело патека



Јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновиве изведуваат нова велосипедска патека на коловозот на улицата „Кирил и Методиј“ во центарот на градот, стеснувајќи го просторот за автомобилите.

Од Градот потенцираат дека со отстранувањето на рекламните објекти и одвојувањето на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај, се создава #ПросторАнтиКорона и се поттикнува користењето на алтернативниот сообраќај во градот.

https://www.vecer.press/се-стеснува-коловозот-на-кирил-и-мет/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #634 Posted: Yesterday at 17:26
Колку ќе биде широка? Од една или од двете страни ќе биде?
Ова е една од улиците на кои многу лесно може да се изведе ваква патека. Железничка треба да биде следна; штета што пропуштија прилика на АСНОМ.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4606
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #635 Posted: Yesterday at 17:30
Originally posted by Staro Skopje

Колку ќе биде широка? Од една или од двете страни ќе биде?
Ова е една од улиците на кои многу лесно може да се изведе ваква патека. Железничка треба да биде следна; штета што пропуштија прилика на АСНОМ.


На АСНОМ ќе има голема двонасочна патека одделена од коловозот со дрворед (само на едната страна, на страната на станбените згради - не на страната на Хилтон).

Edited by гитардемон - Yesterday at 19:40
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1840
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #636 Posted: Yesterday at 17:34
На АСНОМ има голема патека (оваа од страната на зградите ми личи дека е таа за која збориш), ама од практични причини, пред се` вртење на кривини во еден чекор, подобро е таа да биде на коловоз.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4606
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #637 Posted: Yesterday at 19:39




Многу точно! Сум ги помешал страните поради паркинзите. Значи на страната до станбените блокови.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 303132

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.