build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Велосипедски патеки и пунктови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 353637
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5450
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #721 Posted: 22-Jul-2020 at 11:07
[Видео] Велосипедистите на мака: Како да се справат со скопскиот сообраќаен хаос?



https://www.radiomof.mk/video-velosipedistite-na-maka-kako-da-se-spravat-so-skopskiot-soobrakjaen-haos/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5450
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #722 Posted: 22-Jul-2020 at 16:07
Овозможувајќи безбедно и непречено движење на велосипедистите, на бул. Јане Сандански, извршивме поткастрување на гранки и чистење на велопатеките









https://www.facebook.com/ЈП-Паркови-и-зеленило-Скопје

Потегот е добар,треба и по должината на други булевари да се средат гранките,конкретно пречи последната фотка а тоа е камиончето за собирање на гранките кое укажува дека столбчињата се искршени и тоа е веќе така долг период,никој не ги санира...би можело да се постават едно-две хидраулични столбчиња на крајот од секоја патека за да може сервисните возила по потреба да ги користат за вакви цели и не дај боже пожари и слично но за некој да си носи роба до продавница или пак да пие кафе во најблиското кафуле навистина нема смисла.Но за жал уште долго ќе гледаме вакви ситуации со узурпирани патеки.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 440
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #723 Posted: 22-Jul-2020 at 16:19
Цел град е со вакви непоткастрени гранчиња така што срамота е да има фалење со 100 m.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7308
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #724 Posted: 22-Jul-2020 at 19:30
Originally posted by stef4o

[Видео] Велосипедистите на мака: Како да се справат со скопскиот сообраќаен хаос?



https://www.radiomof.mk/video-velosipedistite-na-maka-kako-da-se-spravat-so-skopskiot-soobrakjaen-haos/
„граѓаните се приморани да го користат коловозот и да се соочат со опасноста да бидат прегазени“
*во истиот момент прикажува велосипедисти како возат на сред улица ко да го освоиле Скопје*

„посебен проблем се и пешаците загрозувајќи ја својата и безбедноста на велосипедистите“
*прикажува како велосипедист им се улетува на луѓе што влегуваат/излегуваат од автобус*

Edited by zabegan - 22-Jul-2020 at 19:34
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5450
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #725 Posted: 24-Jul-2020 at 11:17
И со и без коронавирус, исти се проблемите за возење велосипед во земјава

Прашањето за тоа колку велосипедите се важно превозно средство за граѓаните во земјава повторно се актуелизираше со пламнувањето на бројот на заболени лица од COVID-19. Брзото ширење на коронавирусот преку блиските контакти на граѓаните доведе до сериозни потешкотии во функционирањето на јавниот превоз во градовите, како и до зголемен интерес на граѓаните за користење на индивидуално превозно средство кое не сакаат да го споделуваат со други лица при патувањата.
Никола Крстаноски, професор по јавен градски превоз на Отсекот за сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет во Битола, посочува дека проблемите со одвивањето на јавниот превоз во екот на коронавирусот ги затекнал и превозниците и експертите.

– По самата природа на работите, јавниот градски превоз е масовен превоз. Од друга страна, пандемиите го бараат токму спротивното – исклучување на било какво масовно собирање. Во големите градови, каде маси на луѓе имаат потреба на движење на големи растојанија, пак, градскиот превоз е неопходен – вели професорот Никола Крстаноски.

Во периодот на долгите полициски часови, неработењето на школите и факултетите, како и работењето од дома на голем дел од популацијата, и во Скопје бројот на патници во јавниот превоз изминатава пролет беше драстично намален во споредба со тоа колку граѓани вообичаено ги користат градските автобуси. Но, со олабавувањето на мерките за заштита, враќањето на граѓаните на работните места и укинувањето на полицискиот час, се поставува прашањето за тоа како ќе се реализираат патувањата во иднина. Постојат граѓани кои не сакаат да ризикуваат од евентуално заразување со коронавирус во јавниот превоз, па најчесто ги одбегнуваат автобусите.

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ посочуваат дека постојат три логични опции. Првата е двојно да се зголеми возниот ред на автобусите од јавниот превоз за бројот на патници соодветно да се распореди. Оваа опција тешко кој град во светот може да си ја дозволи, па и Скопје. Останува опцијата граѓаните да се префрлат од јавен превоз на автомобили и да се зголемат акутните проблеми што ги имавме и досега со ваквиот сообраќај или пак да се развива велосипедскиот превоз.

„На Точак“, заедно со Здружението на граѓани Одржливи иницијативи и со поддршка на 40 формални и неформални иницијативи, уште во април побара интервенции од надлежните власти со кои ќе им се помогне на велосипедистите во нивното движење низ градовите. Тие бараат привремени велосипедски патеки со одземање на цела коловозна лента онаму каде што се главните протоци на луѓе и каде на јавниот превоз му треба најголема поддршка за време на корона кризата, изведба на велосипедски ленти со стеснување на коловозните ленти на улиците, ослободување на тротоарите од паркирање и преземање мерки за намалување на брзината на движење на возилата.
Наместо брзо прифаќање и реализација на ваквите сугестии, кај македонските општини и државните власти се појави збунетост и недостиг на стратегија што да се преземе во моментот. Велосипедистите и пешаците никој не ги брои како учесници во сообраќајот, ниту пак редовно води статистика и извлекува податоци за нивниот пораст или намалување. Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС) во Скопје го брои единствено протокот на возила по улиците. Следствено на ова, не постојат бројки за тоа колкав е бројот на велосипедисти.

Последната сообраќајна студија изработена за Скопје е од 2011 година, а во другите градови од земјава воопшто не е изработен ваков плански документ.

– Бидејќи нема сообраќајни студии, нема ни вистински податоци за велосипедскиот сообраќај, особено не за процентот на патувања со велосипед – укажува професорот Никола Крстаноски.

Од „На Точак“ посочуваат дека постои голем проблем со недостаток на податоци и неразбирање од институциите за важноста да се имаат точни податоци во секое време, како би можеле тие да се анализираат и врз ваква основа да се носат одлуки.

– Нашиот предлог е ЦУКС да се трансформира од центар за броење возила, во центар за прибирање податоци за сите типови сообраќај: вклучително и патувања со автобус, патување со велосипед, пешачење, како и нивно анализирање – велат од граѓанската иницијатива „На Точак“.

Наспроти ова, од Градот Скопје потенцираат дека периодов почнале да го ослободуваат просторот за велосипедисти и пешаци со отстранувањето на 240 билборди и ситилајти од јавните површини. Во моментов се работи на изведба на велосипедска патека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ кај Рамстор, каде со намалување на ширината на сообраќајните ленти се обезбеди велосипедска лента на коловозот. Градските власти работат и на поставување столчиња на неколку локации за да се ослободат тротоарите од несовесните возачи, додека годинава биле доделени субвенции за велосипеди во висина од 10 милиони денари.
Тие велат дека работат на подобрување на условите за користење велосипед, а во моментов ги разгледуваат идеите и иницијативите од други градови во странство кои пронашле начини за обезбедување поголем простор за велосипедистите на улиците.

– Во 2017, 2018 и 2019 година беа изградени и реконструирани повеќе од 30 километри велосипедски патеки. Изминативе неколку години Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ работат на ослободување на просторот и пешачките и велосипедските патеки од непрописно паркираните возила, каде изминативе две години се поставени повеќе од 5.000 заштитни столпчиња и ослободена е вкупна површина во должина од повеќе од 8 километри – велат за META.mk од Град Скопје.

Не постои јавен систем за самоизнајмување на велосипеди

Еден од главните недостатоци на Скопје и на останатите поголеми градови во земјава е непостоењето на јавен систем за самоизнајмување на велосипеди. Во екот на коронавирусот, ваквите јавни велосипеди можеа да бидат идеална замена за користењето на јавниот превоз за оние граѓани кои одбегнуваат да ги делат затворените простории со непознати лица.

ЈСП – Скопје минатото лето доби за задача да управува со новиот систем за изнајмување велосипеди, но коронавирусот ги затекна градските власти сè уште во процес на подготовка на проектната документација. На 30 локации низ Скопје, треба да се постават терминали за самоизнајмување на велосипеди и 20 држачи за велосипеди.

– Проектирањето на овој проект сè уште не е завршено и токму тие треба да дадат прецизни одговори за тоа на кои локации да се постават пунктовите, каков вид на велосипеди, нивниот број, распространетоста и слично – велат од Град Скопје.

„Еко – свест“ беше дел од тимот што го реализираше проектот „Скопје изнајми велосипед“, којшто веќе трета година по ред не функционира во главниот град. Оттаму велат дека систем за изнајмување велосипеди му треба на Скопје, дури и ако тоа значи делегирање на оваа надлежност на компанија.

– Низ европските градови можат да се сретнат безброј успешни примери на градски системи за изнајмување на велосипеди, повеќето дадени под концесија за управување на приватни компании како партнерство со градот. Сметаме дека ист принцип може да биде успешен и кај нас – потенцираат од „Еко – свест“.

Доколку е проблем висината на финансиските средства што треба да се одвојат, од „Еко – свест“ посочуваат дека може да се набават и половни велосипеди од европските градови кои сигурно нема да чинат толку многу средства.

И професорот Никола Крстаноски посочува дека Скопје не треба да се откажува од системот за изнајмување велосипеди, туку да вложи дополнителни средства во технологија за надзор и следење на велосипедите и да се направат законски измени за поефикасно казнување на граѓаните кои ги оштетуваат јавните велосипеди. Важно прашање е и интегрирањето на јавниот градски превоз со велосипедскиот сообраќај.

– Верувам дека значаен процент на граѓани би откриле најпогодна варијанта за движење, ако со велоспед доаѓаат до стојалиште на ЈСП, таму го паркираат велосипедот и го продолжат патувањето со јавен градски превоз – посочува професорот Никола Крстаноски за можноста да се проектираат стојалишта и станици за јавен превоз на кои ќе има и безбедни паркинзи за велосипеди.

Немаме вело-автопати за поврзување на градовите и руралните средини

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Охрид во 2015 година ја пласираше идејата една лента од стариот пат Охрид - Струга да се пренамени за велосипедистите. Коловозот на овој пат во меѓувреме се реконструираше, но велосипедистите кои патуваат меѓу двата града или до околните рурални средини не добија засебен простор за движење. Тажен факт е дека Македонија е една од последните земји во Европа што нема изградено велосипедски пат меѓу два града, ниту пак има посебни велосипедски патеки што ќе ги поврзат градовите со околните рурални средини.

Од „Еко – свест“ велат дека работеле на Смарт Охрид проектот за изградба на велосипедска и пешачка патека долж крајбрежјето на Охридското езеро, но за жал тој проект не постанал приоритетен кај властите во моментот. Од „На Точак“ дури посочуваат дека велосипедска патека веќе е изградена од другата страна на крајбрежјето на Охридското езеро во Албанија.

Македонија се наоѓа на Рутата 11 од Еуровело рутите, која минува по течението на реката Вардар и која меѓународна рута треба велосипедски да ги поврзе Норвешка и Грција.

Од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“ ја потврдуваат ваквата иницијатива за изградба на велосипедски коридор низ нашата земја, но и посочуваат дека досега не е пронајдена прецизна институција која што би работела на развојот на велосипедските патеки на државно ниво. Од ова министерство велат дека изградбата на велосипедските патеки е оставена на општините.

И додека се префрла топката во однос на оваа тема, од институциите нема одговор на прашањето каде ќе се движат велосипедистите кои сакаат од приградска населба или село да се превезат со велосипед во градот, или пак, меѓу два града да отпатуваат со велосипед.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во изминативе години опаднал бројот на домаќинства што имаат велосипед. Лани 33,5 отсто од домаќинствата во земјава поседувале велосипед во своите домови. Сепак, расте бројот на домаќинства кои се занимаваат со земјоделство, а поседуваат велосипед. 47,8 отсто од земјоделските домаќинства во 2019 година имале велосипед, што е раст од над 15 отсто во споредба со 2018 година.
– Бројот на неземјоделски домаќинства кои поседуваат велосипед благо се намалува, а се зголемува бројот на земјоделски домаќинства кои поседуваат велосипед. Занимливо во ситуација кога немаме ниедна патека меѓу рурални населени места – велат од граѓанската иницијатива „На Точак“.

Оттука, не треба да зачудуваат податоците дека во изминативе една и пол деценија двојно се зголемил бројот на сообраќајни незгоди со повредени велосипедисти. Лани загинале тројца велосипедисти, додека 232 возачи и патници на велосипеди биле повредени. Велосипедистите се приморани да се движат по коловозот на патиштата, наместо по велосипедски патеки, а со тоа често се жртви на несовесните возачи. Дури и некои подалечни населби во Скопје, како што се Драчево, Сарај или Радишани, немаат посебни патеки по кои велосипедистите би се движеле до центарот на градот.

– Се надеваме дека нема да го испуштиме прозорецот кој ни го даде епидемијата за брзи прогресивни промени. Возењето точак како поволна активност за физичкото и менталното здравје и со минимален ризик по ширењето на вирусот е препорачано и од светските и од нашите здравствени власти. Следен чекор е да обезбедиме што подобри услови да се прави тоа – поентираат од граѓанската иницијатива „На Точак“ за актуелната можност што ја имаме за развој на велосипедскиот превоз во земјава.

https://kajgana.com/i-so-i-bez-koronavirus-isti-se-problemite-za-vozene-velosiped-vo-zemjava
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5450
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #726 Posted: 25-Jul-2020 at 15:01
Velosipedska pateka Opstina Gazi Baba 2020 god.(od fb)









https://www.facebook.com/groups/145337166272043

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2451
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #727 Posted: 26-Jul-2020 at 09:59
Originally posted by zabegan

Originally posted by stef4o

[Видео] Велосипедистите на мака: Како да се справат со скопскиот сообраќаен хаос?



https://www.radiomof.mk/video-velosipedistite-na-maka-kako-da-se-spravat-so-skopskiot-soobrakjaen-haos/
„граѓаните се приморани да го користат коловозот и да се соочат со опасноста да бидат прегазени“
*во истиот момент прикажува велосипедисти како возат на сред улица ко да го освоиле Скопје*

„посебен проблем се и пешаците загрозувајќи ја својата и безбедноста на велосипедистите“
*прикажува како велосипедист им се улетува на луѓе што влегуваат/излегуваат од автобус*


сакаш да кажеш дека монтажата не чини?

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7308
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #728 Posted: 26-Jul-2020 at 15:51

сакам да кажам дека проблемот е очигледен и се игнорира... дури и со поназадна инфраструктура, може да се одвива сообраќајот ако има меѓусебна почит меѓу учесниците
еве контра на ова што го пишав, вчера бев сведок на тоа двајца пензионери да си стојат на сред патека и да си прават муабет, и да не се мрднат кога велосипедистов им заѕвони, па уште и се расправаа, а просторот околу нив огромен...

сакам да кажам, повеќе ни треба памет во глава, отколку велодроми
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1615
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #729 Posted: 27-Jul-2020 at 03:50
Originally posted by fichot

сакаш да кажеш дека монтажата не чини?


јас би рекол закасниле со истава едно деценија две, но ајт се сетиле дека додека чекаат во празно, не е лошо да си срочат муабетењето и визуелно, но со то фонот незнаеш дали муабетов им е мајтап или озбилно очекуваат нешто на поарно, и од кого од урбанисти кои закасниле побајаѓи со својте аптедијти на светогледи, кои сеуште живејат во време на танзициски каубојштилак, уверувајќи не радувајте се и на ова бидејќи порано ни тоа го немавте! и точно, порано многу што беше терсене наопаку, но дека треба на ова да застане муабето или да се вадат компромисни решенија ко то најновиот смиксан уличен вело мод, тоа јет хм глупост на попуст, нели доколку претендираме да впгреме Атрактивен Велосипедски Мод ...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3744PID=243478#243478


... ко што велат за елитен туризам требит и елитни хотели, така и за брзи бајкои си барат брзи траси, а тоа значи нивно трасирање средишно булеварски, при што единствен кусур би било она турни-ме-да-кинисам зеленило по сегашнинте средишни жардињери, а кое доколку се сака може да се искористи пак но во подруга форма налик Зелен Ѕид кој би ги оградил така Велосипедисти од издувните гасои колку толку, сепак многу простор за експерименти Пејсажно во тој случај нема, евентуално Жива Ограда да се игра каскадно или брановидно ко топиари, евентуално разиграна со Дрвца и Цветни Грмушки ...

,,, битно би се добиле 4-ри Вело Ленти по една Брза и една Спора во правец, дефинитивно правците поделени со некое платно, а булеварски кај зеленилото осигурани со Бетонски Огради, сепак за да сето ова бидне навистина привлечна транспортна алтернатива, пак ќе повторам чинам во Урбано Скопје без Вело Подвозници под Булеварски Раскрсници (како би се добил Проток без Застој за Велосипеди) повторно прашање е колку ваквите тргни-застани урбани вело автопати ќе биднат инстант хит!? ако Сакате Масовно Шалтање Кон Велосипедизам, нормално треба и Соодветна Инфраструктура, но Пополека не се брзајте, бидејќи самите еТротинети и еБајкои по Улици ќе си го наметнат ова како логично-неоподно решение, причини многу зијан единствено постојните жардињери, хм, зар нив не сакаа да ги бутнат за "Трам" едно време, чудо големо утре пак може ќе го сторат тоа, а во кој случај можеби чаре е над трамвајсакта траса да има Брза Вело Пегола!? само тро со Маски што би морало да се вози!



Edited by Zelenikovo - 27-Jul-2020 at 03:51
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1615
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #730 Posted: 28-Jul-2020 at 00:27

имам Наум полесен амортизер, а знаејќи дека кај нас ова горе предоченото е мишн-импасибл од повеќе аспекти како Идеја, прв не им текнале на удбалитичарските мастадонти, практично мора да се бара чаре како од постојната шема да се извади максимум, а кога и ако дочекаме вистински Урбани Вело Магистрали тоа ќе биде само бонус!

вечерва потскитнувајќи по Кеј заприметив добар дел Пешаци скиткаат по Вело Патеката, а како реакција веднаш забележав дека нема друго чаре туку да се обележи истата на краевите со некоја ниска ограда, сепак за да тоа биде вкусно најдобро е да се оди со плитки жардињери и вонив Жива Ограда за да случајно при падови не се доискрши дали Пешак или Велосипедист од метални или бетонски препреки, тоа може да се и Ниски Цветни Грмушки токму за да дополнително обележувајќи ја Вело Патеката на Кеј да им се дугерира и со таква бариера на сите дека намената на истата е за Велосипедисти еТротинети и Блејдери, сепак мора да се припушти уште една паралелна за Џогери Детски Велосипеди Шетачи, мислам тоа и така оние кои скиткаат сега одат по запуштена земјена подлога, а така и со фосфорсцентна боја ќе се обележи нејзиниот крај до коритото о може да се остави чисто мал Зелен Појас од полметро донего за да имаат предострожност и скитковци та да не завршат в Река случајно!

конечно истиов пристап со ниска жива оограда како бариера може да се примени и на Тротоари, но прашање е како да им се всади навика на Пешаци онаму каде минуваат сечејќи ја патека дека мора предност да им дадат на Велосипедисти, бидејќи се случува да откаже кочница, се случува да стегне грч, се случува да исклиза некој на песок, значи мора на тие дадени попречни места за премин да им азнал со Предупредување дека Право На Предност таму имаат Велосипедисти, а доколку дојде до куршлус за тоа одговорноста е кај Пешаците кои се затекнале на Велосишедската Патека, ако треба и рампи нека стават за да не доаѓа до кармбол и ризици по живот кога некој збрчил поднозе Точако или еТротинетот со голема брзина, сепак во овој случај проблем се оние Булевари каде Тротоари се тесни или има Дрвореди, а таму незнам чаре е можеби Прва Жолта Лента каде Автобуси и Велосипедисти ќе имаат главен збор без притоа таму да е дозволено да застане какво било моторно возило освен На Итни Служби ... реално, мора да се бара Чаре, во спротивно никогаш нема Велосипедскиот Транспортен Мод да зажовее позозбилно од рекреативно и случајно, но најслучајно и многу несреќи се случуваат, нам пак ко да ни се посреќило да фураме случајности сосила, типинг поинт, додека не рокне светка економија та Велосипеди Да Окупираат Улици Сестрано
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5450
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #731 Posted: 30-Jul-2020 at 15:35
ПОСТАВЕНИ РЕФЛЕКТИРАЧКИ СТОЛПЧИЊА НА ВЕЛО ПАТЕКАТА НА УЛИЦА МОСКОВСКА
Рефлектирачки столпчиња за поголема безбедност на велосипедистите и подобра видливост во сообраќајот, деновиве, беа поставени долж улицата Московска во општина Карпош.
Со рефлектирачките столпчиња, комплетно се одвојуваат велосипедските патеки кои што се наоѓаат на коловозот на сообраќајниците, а на овој начин секако се обезбедуваат и подобри услови за овој алтернативен начин на сообраќај.











https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #732 Posted: 30-Jul-2020 at 18:11
Ova deluva lancano. Avtomobilite gi zagrozuvaat velosipedistite a velosipedistite pesacite. Nekako site treba da posetuvaat avtoskoli ili kursevi za ucestvo vo soobrakaj a sekako porigorozni merki od soobrakajnata policija. Poznato e deka najgolemiot haos go pravat avtomobilite no i velosipedistite se agresivni i golemi nepocituvaci na soobrakajnite pravila. Koga nema obelezano velosiedsla pateka, velosipeddistite MORA da vozat na krajnata desna strana od kolovozot a ne trotoarot bidejki trotoarite se nameneti za pesacite. Vo Makedonija praksata e sprotivna so soobrakajnite pravila pa duri i mopedi i vespi se pocesto vozat po trotoarite kade gi zagrozuvaat pesacite, pogotovo malite deca.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1615
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #733 Posted: 31-Jul-2020 at 01:00

се согласувам Денко кај нас дрма карамбол од измешани суштини, на сите нивоа би рекол, но во случајов пак ќе речам И Една Жртва Вака Да Има чуму постојнава столбец шема, која само и во однос чистење на овие столбци па колку го нагрдува Градот ем е непотребен вишок за Комунални Служби!

туку додека сум близу моине думи погоре би додал дека вака сега Велосипедисти инстант ќе дишат цо2, налет ризиците некој да им влетуе по грешка во постојните булеварски вело траси, а за што повторно чаре би била идејата за средишни при што истите и само со Ползавци да се стегнати па ќе прави тоа озбилна разлика! плус може ако стануе збор и за вовлечени метални столбои во метални стопи за Оградата на ваквите средишни вело автопати, потенцијално утре се отвора брза основа и за сторуење на булеварите во Писти, може делуе смешно но и ова е некој бонус кога и како истиот да е случајно некако неопходен, идеално и за Паради и Манифестации по Булевари, а воедно и спремна основа за идно LRT или BRT т.е. вреди да се проба како тоа би изгледало и дали таквите СВБ-а ќе ја осигураат и зголемат Употребата на Велосипеди, хм, сега која Мајка би пуштила Тинејџер да оди на Улица, така пак со две Вело Ленти во насока, една спора една брза ем Заштитна Ограда чунки и отпојќе би се опуштиле, тие пак за десетина години кога ќе стекнат Здрава Вело Навика ем имаат ваква Здрава Вело Инфраструктура посекако ќе заборават бар на инвестирање во второ ауто!

патем вака не ме Чуди Народ Масовно да почне да користи и Вело Приколки за да си транспортира се што му треба во Прва Вело Лента на ваквите СВБ-а, заштедувајќи озбилно на Живејачка доколку си дозволи Голема Вело Приколка предна или задна, особено посиромашните Сограѓани кои сигурно вака и биз би терале можеби разнесувајќи Дрва од Расадници и Пазари по муштерии, бреј пред една година на Бит Пазар батето со олдскул Вело Приколка стаил десет големи саксии Грмушки и шиба во Трета Лента за да си фати со време порана позиција за в Лево, за малку ми кидна да го сликнам, ама беше Шпиц и сите урликаат свират аплаудираат, можа, да замислам морал сигурно и често, но нели ако го казниш тој ќе се опамети, мислам каде, ако морал морал и пак ќе мора особено она категорија Сограѓани кои и така виа извршители се спржени, токму од Инат му пркосат на систем, што не значи дека тоа треба да се толерира, но укажувам дека има и за тоа вака потенцијално Чаре со пуштање на Средишни Булаварски Вело Автопати во Скопје, а зошто не и останатите поголеми Градои, што ќе биде воедно и чакмак Туристички Вело Спин, а потенцијално тоа може да биде бонус за и од тука да се појават Опасни Светски Велосипедисти кои бидејќи како Држава немаме некој стандард па дури и имале талент најчесто истиот им завршува на фејкбук чекајќи Поубаи Вело Времиња во Градо ...
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1742
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #734 Posted: 31-Jul-2020 at 13:29

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5450
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #735 Posted: 01-Aug-2020 at 11:40
Во изминатите 9 дена ископани се дупки на ~550 метри од планирани вкупно 5,5 километри од Рузвелтова до Мост Обединети Нации, во двете насоки.

















https://www.facebook.com/NaTochak
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5450
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #736 Posted: 01-Aug-2020 at 11:42
На Точак“ реагира за уништување на велосипедска патека на булеварот „Партизански одреди“

Неформалната група на велосипедисти „На Точак“ реагира за уништување на велосипедска патека на булеварот „Партизански одреди“. Уништувањето, како што посочуваат, се должи на работата на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кои преку нивната Фејсбук страница на 21 јули објавиле дека започнуваат со „реконструкција на зеленилото во жардиниерата од левата и десната страна на бул. ‘Партизански одреди’, на потегот од мостот Обединети нации се до ул. ‘Рузвелтова’“.

Со фотографиите кои ги имаат објавено од групата посочуваат дека дупките на некои места од велосипедската патека се длабоки и по 2 до 3 центиметри. Во нив, како што велат, лесно може да заглави тесно тркало. Меѓудругото, додаваат и дека големи количини земја се оставени врз патеката, но и дека не е изведено безбедно заобиколување на булеварот кој има 3 ленти со 3.5 метри широчина.

Од групата реагираат и за локацијата веднаш по автобуската спроти Педагошкиот факултет, пред булеварот „8ми Септември“, каде велат дека е целосно ископана велосипедската патека за изведба на цевковод.

„Освен што и на оваа автобуска постојка е потребно да се изведе заобиколување со велосипедска патека, во моментов поради работата цевководот велосипедистите се приморани да се симнат на коловоз (без безбедно заобиколување) или да возат меѓу пешаците, притоа загрозувајќи ја нивната безбедност“, велат од групата.

Преку визуелизација, „На Точак“ тврдат дека во изминатите 9 дена се ископани дупки на околу 550 метри од планирани вкупно 5.5 километри, од Рузвелтова до мостот Обединети Нации, во двете насоки.

„Освен што патеката дополнително ќе се уништува ако се продолжи да се работи на овој начин, самото нејзино користење ќе биде многу отежнато.
Ова е сериозен проблем во време кога многу луѓе се решија да ги користат своите велосипеди како средство за рекреација и транспорт во период кога заради КОВИД-19 не се препорачува движење со јавен превоз, а условите за спортување се драстично намалени. Згора на тоа, оваа велосипедска патека е една од главните сообраќајни артерии, а освен патеката на Илинденска, нема друг начин велосипедстите безбедно да се движат од западниот дел на градот до неговиот центар и обратно“, реагираат тие.

На потегот на кој се работи, велат дека има 12 автобуски постојки, односно по шест во насока на кои не е изведено заобиколување, односно, додааваат, како што е направено на три од четирите постојки во делот на булеварот кој минува низ Општина Центар.

„Ако се врши ‘реконструкција на зеленилото’ и очигледно раскопува велосипедската патека, сега би било право време да се изведат овие заобиколувања“, посочуваат „На Точак“.

„На Точак“ поднеле пријава до Секторот за уредување и просторно планирање на Град Скопје на 22 јули, следниот ден, и побарале итен прекин на работата со тешка машинерија, но и санација на настанатите дупки, за која велат дека ако не се копа целосно од почеток до крај на потегот на кој се работи, таа никогаш нема да може да се врати во прботитната состојба. На пријавата, како што додаваат од групата, одговор се уште не добиле.

https://www.radiomof.mk/na-tochak-reagira-za-unishtuvanje-na-velosipedska-pateka-na-bulevarot-partizanski-odredi
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 927
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #737 Posted: 01-Aug-2020 at 21:07
Прекрасно, едноставно прекрасно
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 353637

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.