build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 49>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 25-Aug-2015 at 09:10
Моментално е непровозен плоштадот/кејот кај Т-мобиле.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 25-Aug-2015 at 14:08
Во СКопје е вест ако е проодна патеката, а не ако е непроодна.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 26-Aug-2015 at 22:46
Асфалтирана велосипедската патека од мостот пред Сарај до раскрсницата пред СП Планет.Најверојатно следниот период следува одбележување како во Автокоманда.
Сликите се матни бидејќи се сликани во движење.



Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 16-Sep-2015 at 12:51
Originally posted by Џоле

Од левата страна на бул. Александар Македонски во нас. Автокоманда (десната страна беше завршена уште пред неколку месеци). Ова е во правец кон хотел Континентал. Мислам дека патекава е во употреба веќе некое време.




 
Десната страна - кај студентскиот дом Стив Наумов, беше завршена во јули 2015, но асфалтот не дочека ни месец дена за да стврдне, бидејќи веќе во август 2015, од Водовод раскопаа дел од патеката за да санираат дефект. Тогаш немав време за да ја фотографирам патеката, но еве како изгледа сега патеката, 2 месеца по асфалтирањето, откако го санирале дефектот и повторно ја покриле патеката со асфалт.
 

 

Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 16-Sep-2015 at 13:07
Originally posted by jyvation

Асфалтирана велосипедската патека од мостот пред Сарај до раскрсницата пред СП Планет.Најверојатно следниот период следува одбележување како во Автокоманда.

ne, vo sledniot period sleduva parkiranje na koli na noviot svez asfalt
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 21-Sep-2015 at 20:35
И неизбежното, повеќе пешаци на велосипедска отколку на пешачка. Дали е некој тренд или мерак за патиките по нов асфалт да ги прошетаат ? 
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 24-Sep-2015 at 00:39
Originally posted by fichot

Originally posted by jyvation

Најверојатно каде што се гради пешачкиот мост кај Систина, и нормално велосипедската патека е непроодна.




Денес поминав. Најверојатно темелите на насипот горе се готови, а сега се работи на столбовите (поблиску до реката). Има мал дел кај што е непроодна, ама изводливо е заобиколување.



Препрекава е отстранета и патеката е повторно проодна т.е. провозна.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 30-Sep-2015 at 18:35
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 02-Oct-2015 at 05:07
Зошто од матично до Љубљанска, кога веќе ја прават не можат до крај на Илинденска (кај ул. Парапунов) да ја истераат? И на другата страна после матично до наредниот семафор? И накај влад да се тргнат тие каналите за да може да се вози колку толку.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 14-Oct-2015 at 16:47
ВЕЛОРЕПОРТАЖА (1)
Возењето велосипед во Скопје е како трчање бос во поле со коприви!

Ентузијаст, акробат, авантурист, роб на сообраќајна структура... Скопскиот велосипедист добива разни квалификации. Тој е продукт на различни дефиниции и манифести за урбаниот изглед и патните релации, истовремено дел од процесот на социо-културно „пркнување“ на Скопје. Мора да научи акробации и нагли движења цик-цак ако сака да се адаптира во сообраќајната џунгла. Кочниците, амортизерите, задолжителното бело светло, мачкиното око или рефлектирачката лента нема многу да помогнат ако немаш очи и на тилот.















Урбаните скопски транспортни текови знаат да бидат екстремен предизвик. Возењето велосипед низ Скопје понекогаш е како летање со авион над исландскиот вулкан Ејафјалаокул. Како пливање во сезона на медузи. Како трчање бос во поле со коприви.

Скопските коловозни артерии годишно одземаат десетици животи на пешаци и велосипедисти, кои, за жал, спаѓаат во категоријата ранливи учесници во сообраќајот. Истовремено, периодов, се отвораат дискусии што често одат во правец на полемика од типот: сообраќајна (не)култура, брзо возење версус нефункционална инфраструктура, како можни „аргументи“ за црната листа на сообраќајки. Сето тоа е со позитивна критика и притисок за побезбеден транспорт.











Едното е поврзано со другото. Инфраструктурата ја креира културата. Улогата на инфраструктурата, од техничка перспектива, подразбира можност да се движиш непречено низ неа. Но каде е мојот личен избор за превозно средство ако немам слобода да стигнам од точка А до точка Б? Ако не сум третиран еднакво со другиот вид транспорт? За попријателска велосипедска средина се потребни атрактивни и удобни патеки, кои генерираат помалку стрес, а се осветлени за ноќни тури. Исто како и коловозите.







Неодамна еден австриски експерт по сообраќајна социологија и психологија, Ралф Рисер, подвлече дека инфраструктурата, исто така, има и општествена улога. Бидејќи она што го гледаме во јавниот простор до одреден степен го одразува она што општеството го мисли за различните типови корисници на патот. Па, ако ја погледнете велоинфраструктура во Скопје, вие ќе завршите со мислење или разбирање за ставот на креаторите на транспорните политики и модели на Скопје.

Оваа (пре)долга уводна ментално-сообраќајна гимнастика нема поента доколку некој не се качи на точак, сврти педали низ Скопје, па да сфати „колку е саат“. Едноставно, некои искуства мора да бидат забележани, подвлечени, па да дискутираме за инфраструктура и третман кон велосипедистите. Затоа, на точак и... авантури по скопски улици! Од студентскиот „Гоце Делчев“ до Железничката станица. Ракописот е апсурден, хаотичен и духовит, заради спонтано урбано доживување. Сите средби со граѓани, коли, семафори, знаци, дупки, контејнери... не се случајни. Одраз се на секојдневната велорута. Фотографиите не се сечени, лепени и монтирани, автентични се! За време на создавањето на велорепортажава нема загинати или прегазени граѓани. Така што, текстов нема да влезе во рубриката Црна хроника.







„Гологанов“ веќе не е „Рибар“, но дали стана „Велосипедист“!?

Тргнувам од проширената улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (бивша „Иво Лола Рибар“), на раскрсницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“. Тука велосипедскиот и пешачкиот простор се споени во иста зона. Во „превод“ - тротоар поплочен со бекатон, од десна страна покрај проширени коловозни ленти. Ова е еден од поновите градежни зафати на градските власти. Еден од пофункционалните за велосипедизам. Ќе стане дел од коридорот на проектот „Скопје велоград“. Така кажаа на телевизија.





Наспроти објектот на архитектот Георги Константиновски, некогашна осмислена градба-симбол на студентската полетност, најпрво наидувам на автобуска станица, насред патека. На 30-40 метри подолу поставени се контејнери на ЈП „Комунална хигиена“, зеле добар дел од патеката. Слободно можеш да се залеташ на точак и со шише да дадеш „кош“! Нема бонус поени за забивање, но бонусот доаѓа ако погодиш со амбалажата во жолтиот контејнер (за пластика). На мешовитата велосипедско-пешачка патека наидувам и на дупка. Недостигаат бекатон-плочки. Можеби се разлабавиле, па си ги присвоиле локални дечки... Во секој случај, одлично место да се повежба скок во воздух!

По „Олимпико“, каде што почнуваат куќите и вулканизерите, тука насред патека паркирана црвена кола и „инцидентно“ оставено комби за утовар-растовар на најблиското продавниче. Нема простор минување за велосипеди, колички за бебиња, за инвалидски колички. Мора симнување на коловоз, бидејќи момците од продавницата треба да си завршат работа. Заборавете на лекциите по логика и законите на физиката, ова е убава можност за развивање летачки способности! Да прелетат над возилата! Понатаму, на патеката уште една автобуска постојка, па уште едно застанато комби. Од оние со аргумент „се враќам за пет минути“.





„Што сликаш!?“, ми довикнува човек од страна. „Сообраќаен прекршок“, одговорив.

„Е, го откри Марс. Море фати се нешто за работа“, почна да се дере човекот.

Фин муабет. Продолжувам понатаму. Во земјата на палмите, во егзотичниот дел од метрополата, кога поминувам покрај палморедот покрај „Гологанов“, сѐ уште нема црвен означен дел за велосипеди. Возам по мешана велосипедско-пешачка патека. Мора да признаам, ако нема минувачи, има доста простор за разминување на точаци. И тука, нормално, забележувам шахти, автобуски станици, но се наоѓа и по некоја дупка од некогашна/идна бандера или свелика. Импровизирана обележана велопатека (со црвени бекатон-плочки) почнува кај ресторанот „Македонска куќа“, на аголот кај некогашна „Алумина“. Оди натаму покрај паркот накај Центар, накај Млечен. По пат на еден дел обраснала трева - не се гледа левиот граничник на патеката. Ова е прилично нов тротоар, нели? Следуваат знак на пат, семафори, луѓе чекаат јавен превоз на автобуска. Мало цик-цак и нема гајле! Како на скијачки слалом. Има и вдлабнати, напречно пропаднати плочки. Прекрасна локација за симулација за скок, за ридско-планински трки!







Мапата на „Гугл“ покажува 1,9 километри од улицата „Московска“ (кај „Гоце Делчев“) до раскрсницата со „Рузвелтова“. Според моите пресметки, на овој сегмент на возниот дел од патеката изброив 5 автобуски станици, 2 знаци, 24 шахти, 1 локација со контејнери, 3 дупки од бандери/светилки, 1 жолто столпче, 2 коли, 2 комбиња и 9 семафори. Нема потреба повторно да ги споменувам локациите со пропаднати/извадени плочки. Тоа одзема од возбудата.

Кога веќе сме кај возбудливи и непредливи нешта, треба да се потенцираат и парчињата распрскано стакло од нечија шофершајбна, наспроти Министерство за економија. Којзнае од кога стојат овде. Веројатно имало судир, сообраќајка, па стаклата од улицата брзо се преместени на патеката. Сѐ што не е на коловозна лента не пречи. Решен проблем. Како што не пречи ниту локацијата на раскрсницата пред „Треска“ - на размер од 8-10 метри се поставени семафор, бандера за светло, кутија за електрика, бандера за камери, дрво и семафор. Сето тоа во делот на пешачко-велосипедската зона.



Од другата стана на „Гологанов“, пак, се развива поинаква интензивна приказна. Различна димензија за транспорт. Овде нема место за велосипеди. Иако стои таков знак. На патеката „никнуваат“ дрвја, лимени и пластични контејнери, паркирани се коли и мотори. Исто така, стандардите укажуваат на 2,2 метри за висината на патеката, но овде гранките и лисјата на дрвјата се спуштени и до 1 метар височина, па следува бесплатно „шишање“.

Освен тоа, недостига каква било патека од кружниот тек кај Каталичка црква до пред Млечен ресторан. Проширувањето на „Гологанов“ редовно учествуваше во отчетите. Репризно по стопати одекнува на ТВ како оваа улица е комплетно обновена, средена и претворена во протечен булевар, со растоварен сообраќај. Еве, уште еднаш повторувам, јас не возам автомобил - па како за мене е „средена“ оваа улица? Дали да се симнам по коловозната лента, да вртам брзо педали со надеж дека нема да завршам на нечија хауба, под нечии „мишелинки“ или да се пикам на она метро тротоарче со бандери, семафори, знаци, пукнатини?

Најадекватна е изјавата на Холанѓанецот Ралф ван дер Зејден, директор на „Ај бајк Белгрејд“ (I Bike Belgradе) и поранешен советник во Хаг: „Скопје има голем потенцијал за велосипедизам. Но од моето присуство тука и ’средбата’ со возилата, забележав дека понекогаш не треба да пиеш утринско кафе, туку само да се повозиш со велосипед, а адреналинот и стравот ќе те разбудат!“, рече Холанѓанецот при својата неодамнешна посета на Скопје.

Зејден живее во Белград и се обидува таму да поттикне искра, а властите да инвестираат во велосипедска инфраструктура, наместо велосипедот да го третираат како рекреативна дисциплина. Неговата матична земја, пак, е позната по лалињата и ветерниците, но Холандија е и единствената земја во светот со повеќе велосипеди отколку луѓе - 19 наспроти 17 милиони. Сепак, Холанѓаните не се толку толерантни кога станува збор за узурпирањето велопатеки. Муабетот ми е - ако се случи да се паркира кола на црвена патека како во Скопје, ништо чудно да се соберат десет велосипедисти, да го кренат и да го дислоцираат возилото.

Холанѓанецот го зедов за пример и во однос на неговите констатации што треба да значи еден „Велоград“ - велосипедите да имаат еднаков третман со сите моторизирани возила, без страв дали ќе се „залепиш“ во контејнер на патот, дали некој ќе те „собере“ под гуми. Едни непречени и обележани велосипедски коридори заедно со ажурноста на сообраќајната полиција и пајак-службата, но и соодветни „Зони 30“, може да донесат дополнителен стимул за ваквиот екотранспорт. Инфраструктура што ќе овозможи социјална сигурност и ќе ги минимизира конфликтите со сите учесници во сообраќајот. Од позитивен агол, Скопје во 80 отсто е рамен град, има солидна клима и просечна температура од 13,5 Целзиусови степени. Долг е 20-ина километри, со шаховска поставеност на булевари и помали сообраќајни артерии, па ги има сите предуслови да стане велосипедски град. Но дотогаш, како што велеше едно другарче, „ај да те видам вози точак без да пцуеш!“.

(ПРОДОЛЖУВА)

Бојан Шашевски

http://www.mkd.mk/makedonija/vozenje-velosiped-vo-skopje-e-kako-trchanje-bos-vo-pole-so-koprivi-foto#1
За сè има вторпат
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 14-Oct-2015 at 18:32
За катастрофалните услови за возењето велосипед може да потврдам денес со кинењето на гума. Имено, на велосипедската патека од Веро кон Железничка на пешачките семафори, веднаш после тротоарот има толкава дупка, што имам среќа што завршив само со целосно скината гума. Среќа имам добри амортизери, па не се утепав. Ајде што рабникот од тротоарот е висок, ама да направиш дупка, за некоја реконструкција и да не ставиш знак, стварно не знам што да кажам. И навистина е така „вози точак без да пцуеш“ е невозможна работа во градов. Не само заради сообраќајната култура, туку и затоа што нема соодветни услови за велосипедистите.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 14-Oct-2015 at 19:19
500 години под Турција, 45 години комунизам, транзиција, муслиманство и православие и после сакаме Европа и велосипедски патеки... Не критикувам за се ова добри сме.

Edited by one1 - 14-Oct-2015 at 19:19
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 14-Oct-2015 at 20:50
Originally posted by one1

500 години под Турција, 45 години комунизам, транзиција, муслиманство и православие и после сакаме Европа и велосипедски патеки... Не критикувам за се ова добри сме.

Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 15016
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 14-Oct-2015 at 22:18
ВЕЛОРЕПОРТАЖА (2)

Акробации, адреналин, пцуење: Еден нормален велосипедски ден низ центар на Скопје

Ентузијаст, акробат, авантурист, роб на сообраќајната структура... Скопскиот велосипедист добива разни квалификации. Тој е продукт на различни дефиниции и манифести за урбаниот изглед и патните релации, истовремено е дел од процесот на социокултурното „пркнување“ на Скопје. Мора да научи акробации и нагли движења цик-цак ако сака да се адаптира во сообраќајната џунгла. Кочниците, амортизерите, задолжителното бело светло, мачкиното око или рефлектирачката лента нема многу да помогнат ако немаш очи и на тилот.











Возам покрај „Св. Кирил и Методиј“ (бивша „Мито Хаџивасилев Јасмин“). Насред патека е поставено жолто столпче. Механизам да не проаѓаат коли. Гледам еден стар искривен лежечки хидрант што дава можност при забрзување да рипнам во воздух. Кај НИП Нова Македонија, пак, велосипедската патека е споена со пешачката. Тука патеката се стеснува и до два метри, до метро и пол. Завршува кај Паркот на новинарите, каде што патеката влетува буквално во паркот, меѓу клупи и луѓе, па директо на семафор. Или на чешмичка да се напиеш вода. Цело е кога има сѐ, нели?











Кај ЕУ Инфоцентар (пред Европски факултет) постои дел кај што недостигаат бекатон-плочки, па е „закрпен“ со асфалт. Распукан дел. Гледам нова паркирана кола (црно пежо) пред раскрсницата на „Св. Климент Охридски“ и „Димитрие Чуповски“.

Невладината „Еко-логик“ имаше симпатична иницијатива за ваквите ликови, наречена „Сељак на денот“. Втора асоцијација ми се прекршоците во „Ѕид на сообраќајниот срам“. Со неколку клика ќе ја најдете страницата по социјалните мрежи. Секој може да фотографира, а потоа да пушти по социјалните мрежи јавноста да види како некој несовесен шериф си ја паркирал колата врз тротоар, патека, по тревник... Каде и да му се видело удобно, без многу да кружи во потрага по паркинг. Понатаму уште една црна кола чиј возач е „печен“ да се најде во овие категории! Интернет-револуцијата нема да им прости на оние што мислат дека ако поседуваат автомобил, поседуваат и цела улица. На градот му е доста од антихерои. Градот не е монопол на автомобилите.











На аголот наидувам на две големи бетонски коцки. Ме потсети ова на превртената жардиниера кај Железничка станица. Има околу 90 отсто шанси да добиете кила ако пробате да ги подигнете коцките, а околу 102,5 отсто шанси да завршите со фрактура ако не ги утнете. Особено ноќе. Поставени се за да не влегуваат коли по тротоар. И за да ве збунат дали всушност се возите по некаква патека. На едно метро на кривината е поставен семафор, а понатаму знак за забрането паркирање, знак за велосипеди-пешаци, и опаа - мени за најблиската палачинкарница. Тост 35 денари, палачинка 35 денари, а тост и палачинка заедно - 60 денари. Пријатно јадење!

Понатаму пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ сѐ уште стои билборд... Уште еден симбол за маргинализирањето и непочитувањето на велосипедистите. Додека со поглед трагам по фамозниот билборд, насред тротоар каде што се сврзува со патека, ни два ни три, си застана млекарско комби. Не проба да влезе на пристапот до паркингот на гимназијата, туку застана буквално на самата пешачко-велосипедска зона! Двајцата дечки со пратката млеко „натенане“ си растоваруваат и си носат во образовниот објект. Комбито ќе ги почека да се вратат, а и сите учесници во сообраќајот. А веднаш до нив, на метар од комбито, на тротоарот боде очи знакот за забрането паркирање. Да, тука е и билбордот, а до него и такси. Фина глетка. Нема кај да се поминува. Уште една слободна зона за развивање летачки способности на сите велосипедисти, пешаци, луѓе на ролери, лица со инвалидитет, за мајки со колички...

Мора да се спомене трендот - сѐ повеќе светски градови центарот го претвораат во пешачки зони. Или зони со предност за немоторизиран и јавен транспорт. Прв пример што ми доаѓа на памет - Љубљана. Овој словенечки град има околу 270.000 граѓани, а скоро 300.000 велосипеди. Љубљана содржи 85 километри велосипедски патеки, а Скопје моментално 60-ина (прашање е колку од нив се функционални). Таму има полицајци, поштари и градски редари на велосипед, постојат 10.000 паркинзи за ова превозно средство (дел со настрешници), мали мостови наменети за пешаци и велосипедисти, но и неколку улици низ централното подрајче по кои е дозволен сообраќај единствено за велосипеди, автобуси и такси-возила. Кај нас во Скопје е најавено дека „Димитрие Чуповски“ може да прерасне во пешачка зона, а колите би оделе одзади по проширената „Даме Груев“. Времето ќе покаже колку ќе се реализира таа идеја.

Дотогаш, кога поминувате на „Димитрие Чуповски“, свиркаат стотици коли. На тротоар наидувате на ученици, луѓе се враќаат од пазар, брзаат на состаноци, парови се шетаат рака за рака... Раздвижено. Си има и дрвја, знаци, паркирани возила, фраери што „се враќаат за пет минути“, а ги нема половина час. Гледам и мајка со две деца. Ги фатила под рака и поминува насред улица, а на 30 метри пешачки премин, со соодветна сигнализација. Едукација на дело. Фина порака до децата. Од генерација до генерација.

Пред бивш „Мекдоналдс“ паркирани возила. Истовремено, на „Рекорд“ е лудило! Урбан хаос. Луѓе поминуваат по пешачки, меѓу коли, претрчуваат меѓу автобуси, дел чекаат ред пред угостителските објекти, па немаат поим каде стојат, дали минуваат пешаци и велосипедисти. Нема шанси да возиш, мора да го буткаш точакот меѓу луѓе. Тргни-застани, тргни-застани. Цело време. Ако ти здодее ваквото недвижење во просторот, немаш можност да се качиш во автобус со велосипед. За разлика од градовите со поразвиен и поимагинативен транспортен модел, во скопските автобуси нема место за точаци, нема можност да се закачат, па луѓето да пропатуваат неколку станици...

Најдолгата скопска велосипедска патека е покрај кејот на Вардар, од Карпош до мостот „Близнак“ во Аеродром. Оваа патека не е дел од транспорните текови, повеќе служи за рекреација. Ќе стане далеку пофункционална ако на повеќе локации се поврзе со сообраќајната структура. Се упатив токму кон неа, поточно над неа, бидејќи неколку години е прекината кај ГТЦ заради изградба на мостови и бродови во духот на „Скопје 2014“.

Сега сите велосипедисти мора да се движат по некогашното препознатливо шеталиште, кое, за жал, од пред две-три години е претворено во слободна сообраќајна зона. На шеталиштето сега пресретнав пешаци, но и туристи со апарат и желба за сликање локални знаменитости и кичерај... За успомен од Странција.

Покрај оградените кафулиња на ГТЦ поминуваат камиони, комбиња, застануваат и разни коли, џипови, па некогашното 320-метарско корзо од кејот, практично, служи и како инцидентен јавен паркинг. За низ сончевите денови дел од гостите на локалите, додека пијат кафе, возилото да го остават „пред нос“. Иако, од друга страна, бодат очи неколку знаци за забрането паркирање. Откорнат беше знакот „Внимание, градилиште“, во меѓувреме беше поставена и минирампа за да го спречи неконтролираниот влез на возила, а сега, пред две-три недели, и официјално беше потврдено дека ќе се гради пристапна надземна улица од „Холидеј ин“ до Телеком.

„Извинете!? Дојдени сме со велосипеди, сакаме да го посетиме Археолошкиот музеј. Каде има паркинг за велосипеди?“, ме праша еден забраден човек во своите педесетти. Излезе од толпата. Зборуваше на нејасен англиски јазик, но беше пристоен, културен. Отпозади тројца пријатели го чекаа да најде солуција.

„Ха! Добро прашање... Во вистинско време! Знам дека постојат велопаркинзи на улица ’Македонија’ и одзади, кај ’Жена-парк’. На излезот од трговскиот центар, од другата страна на објектов“, му одговорив, а човекот се заблагодари и тргна да ја собере дружината.

Ја минав пешачко-велосипедско-моторизираната зона покрај ГТЦ, следува избледена црвена патека до зградата на Народна банка. Некаде се гледаат мали апликации, хоризонтална сигнализација за велосипеди. Тука е тумби-румби, излижана патека, испукани плочи, дупки... Одисеја 2015-та!

Конечно стигнав до булеварот „Кузман Јосифовски Питу“. Точно пред објектот на НРБМ има паркирано 3-4 возила. За возачите да си завршат работа и потоа си се качат во кола накај дома. Од спротивната страна, пак, пред ТЦ „Веро“, на ист тротоар има исцртано и бела и црна лента за велосипеди. Изборот е на ваша сметка. Пред трговскиот центар нема поставено столпчиња, па автоматски се наредени неколку таксиња. Чекаат патници од „Веро“. По нив рој од луѓе што чекаат, излегуваат и се симнуваат од автобуси. Автобуската станица ја минувам со цик-цак. На луѓето очигледно не им пречи што застанале на патека. Звончето не помага многу додека да стигнам до Железничка станица...

Повторно треба да одлучам дали да се симнам по улица, да вртам педали со надеж да не ме „качи“ некој на хауба, да завршам под нечии гуми, или да буткам точак меѓу луѓе?

Целосната велосипедска рута од студентскиот дом „Гоце Делчев“ до тука не е долга. Таа, едноставно, е „нанижана“ со дупки, паркирани коли, столпчиња, семафори или високи рабници. Нема шанси за слободно непречено движење, иако повеќе истражувања покажуваат дека велосипедот треба да биде најбрзото средство за минување на 5 до 7 километри во градски метеж.

Дополнителен проблем е и нескротливата некултура на дел од учесниците во сообраќајот. Ова влече потреба за поголеми, поефективни и подолготрајни кампањи, каде што би се тргнало она тенденциозно социјално клише дека велосипедистите се алтернативна категорија возачи, со која властите тешко се идентификуваат. Каде се тука јавните личности, политичарите, бизнисмените? Колкумина од нив одат на работа со велосипед? Зошто не се почитуваат и не се препознаваат до крај идеите и насоките што доаѓаат од автохтоните граѓански иницијативи?

Инфраструктурата е очигледен проблем. Потребен е стратегиски пристап, а не крпење дупки. Рецептот за реална трансформација во „велоград“: партнерство со сообраќајните инженери, детален нацрт-план за мобилност низ градот, почитување на стандардите. Ако во заднината имате општество што со секој детаљ укажува дека велосипедизмот е важен, секако ќе биде полесно да се образоваат децата и младите да ги почитуваат велосипедистите, да возат самите, да развијат позитивен став кон велосипедистите. Но ако во заднината имате општество каде што не е присутна идејата дека велосипедизмот може да има важна улога во транспортот, тогаш образованието би било многу тешко, бидејќи образованието во тој случај делумно оди против општествените цели.

Бојан Шашевски

http://www.mkd.mk/makedonija/akrobacii-adrenalin-pcuenje-eden-normalen-velosipedski-den-niz-centar-na-skopje-2#1
За сè има вторпат
Back to Top
Boomerang View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 31-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Boomerang Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 31-Oct-2015 at 15:11
На Илинденска ставаат асфалт, на делот од фонтана до Влада, мислев ќе ги остават глупите бекатон плочки на тој дел, кои заедно со тие одводните канали, го прават возењето удобно само со downhill точак.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 16-Nov-2015 at 22:42
Eve odlicna inicijativa. So sto mesto mlatenje prazna slama i filozofiji ima sekoj moznost da dade svoj predlog.
http://dnevnik.mk/?ItemID=DF5A48392208A447B8C9A96FFC44ADBB
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 18-Nov-2015 at 22:27

Култузин, одамна си давам јас предлози, ама за жал градските власти како сите бирократи ништо не преземаат за решавање на проблемите. Да, признавам одлична идеја, но нема да бидам изненаден ако остане само на идеја.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 19-Nov-2015 at 04:11
без платформа ништо не се прави, нормално е како рандом граѓанин воопшто да не ве земат во предвид и тоа е нормално во било чија политика... засега единствена ницијатива која допре до градските власти е „на точак“ и мислам дека посоодветно да се поработи на оваа организација да има посилно влијание и да иницира одредени посериозни проекти
и тоа доволно е „на точак“ да ги врши само поплаките до општините, понатаму се е ствар на договор и реализација

само никако не би требало граѓаните да ги одредуваат решенијата... како и за се друго, за тоа се потребни експерти, кои можат да калкулираат се што е потребно и да се направаат проекти на генерален план на градот, а не да се прикрпува ваму и таму... решенијата би требало да имаат одговорност да бидат ставени на увид на граѓаните од „на точак“ како најголеми и најблиски познавачи на проблемите и потребите на велосипедизмот во градов, и ако е потребно , да се ревизираат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 08-Dec-2015 at 14:50
Браво.

На Илинденска, на делот околу Ленинова, приметив дека се работи на асфалтирање на тротоарите за да може да се вози по нив.
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 12-Nov-2017 at 05:33

еве добра мотивација, ако не за експресни вело патеки [1] тогаш бар за гумени препреки по дел од постојните [2] особено критични точки ко булеварските исток-запад, каде напливот на паркирани возила по тротоари, а за сметка на тоа пешаци по вело патеките, прави таква збрка, да лично попрво би се симнал да возам по улица, него да ризикувам некого да срушам доколку се брзам ...

http://ist-socrates.berkeley.edu/~fajans/Teaching/StopSigns.htm

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 49>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.242 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.