build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Велосипедски патеки и пунктови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #581 Posted: 26-Nov-2018 at 15:28
Нови 7 километри велосипедски патеки во Скопје

За да се подобрат условите за возење велосипед екипите на Град Скопје изминатиов период изградија и реконструираа 7 (седум) километри велосипедски патеки по должината на градските улици и булевари, во општините Кисела Вода, Центар, Чаир и Бутел.



Во текот на градежните работи беа запазени сите стандарди за изградба на велопатеки – обележана е хоризонталната и вертикалната сигнализација, а на влезот и на излезот од крстосниците рабниците се слеани, за да се овозможи непречено движење на велосипедистите. Изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки се одвиваше во консултација со граѓанските активисти посветени на промоција на велосипедизмот.

Во последниов период нови пешачко-велосипедски патеки добија следниве улици и булевари:

-булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до бараките на Општина Кисела Вода (вкупно 3.029 метри);
-булеварот Борис Трајковски, на потегот од Рампа до крстосницата со булеварот Крушевска република (вкупно 103 метри);
-улицата 11.Октомври, на потегот од крстосницата со булеварот Крушевска република до крстосницата со булевар Кочо Рацин (вкупно 1.332 метри);
-булевар Крсте Мисирков, од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до клучката кај Бит-пазар (вкупно 1.704 метри);
-улица Бутелска, од улицата Босна и Херцеговина до крстосницата со улицата Душко Поповиќ (вкупно 620 метри).



Новоизградените седум километри велосипедски патеки се дел од речиси 12 километри велопатеки што се изградени и реконструирани во Скопје, од почетокот на мандатот на градоначалникот Шилегов. Односно, од ноември 2017 година се изградени и реконструирани и делниците: на улицата Ѓорче Петров, на потегот од улицата Кузман Шапкарев кон излезот на Скопје (240 метри); на булеварот 8.Септември, од булеварот Партизански одреди до мостот кај хотелот „Александар палас“ (900 метри); на булеварот Кочо Рацин, од кеј „13.Ноември“ до улицата 11.Октомври - запад и од улицата 11.Октомври до булеварот Кузман Јосифовски Питу, кај ВЕРО маркетот – исток (1.200 метри); на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, на потегот од улицата Џон Кенеди до улицата Рокомија (600 метри); како и на улицата Втора македонска бригада, од булеварот Христијан Тодоровски Карпош до кружниот тек на улицата Лазо Трповски - велосипедска лента на коловозот (2.000 метри).

Во тек е изградбата на велосипедските патеки на булеварот Србија, на потегот од крстосницата со булеварот Борис Трајковски до крстосницата со булеварот АСНОМ; на булеварот Киро Глигоров, на потегот од крстосницата со булеварот АСНОМ до клучката во Автокоманда; како и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, наспроти Млечниот ресторан.



Ова значајно унапредување на велосипедската инфраструктура во градот ќе го оценува и Европската комисија при евалуацијата на Градот Скопје за престижното признание „Европска зелена престолнина“ во 2021 година, која што го вреднува напредокот што ќе го постигне еден град во спроведувањето на зелените политики, односно напредокот во подобрувањето на животната средина.

https://skopjeinfo.mk/novi-7-kilometri-velosipedski-pateki-vo-skopje
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #582 Posted: 26-Dec-2018 at 12:54
За сè има вторпат
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #583 Posted: 04-Jan-2019 at 01:15
Originally posted by Џоле

Една година откако го пуштија во употреба булеварот Борис Трајковски



https://www.facebook.com/dupki.net/photos/a.1286725264746404/1823160261102899/?type=3&theater


Ова го средија пред нешто повеќе од еден месец. На рабовите од тротоарите од двете страни на булеварот, а до пред некое време и на самата патека има(ше) доста ѓубре.

27.12.2018 by Ani.build, on Flickr

Edited by Staro Skopje - 04-Jan-2019 at 01:15
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1784
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #584 Posted: 04-Jan-2019 at 02:46
Трета среќа е за овој дел од патеката. Два пати пропаѓа на исто место.
Дали ќе стават автобуски постројки на Бул.Борис Трајковски како што има низ цело скопје?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #585 Posted: 23-Jan-2019 at 00:36
Колку што се сеќавам, само еднаш пропадна овој дел, стоеше така 2-3 месеци, и минатиот месец го поправија. Под „средија“ мислев „поправија“, не „расипаа“.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #586 Posted: 17-Feb-2019 at 13:41
Originally posted by Џоле

Скопје за една година доби нови 14,6 километри патеки за велосипеди





Лажат за бул. Киро Глигоров. Имаат почнато само еден дел од семафорите ФОН-Бриколаж и тоа чинам не е завршено.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #587 Posted: 29-Mar-2019 at 14:21
Асфалтирање на велопатеката на бул.Србија(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #588 Posted: 15-Jun-2019 at 16:37
Изведба на вело патеки на Втора Македонска Бригада и на дел од бул.8-ми Септември(од фб)









Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2423
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #589 Posted: 12-Jul-2019 at 21:59
немам фотки ама периодов се работеше и уште се работи на велопатеките на бул. Киро Глигоров. Средено (не многу квалитетно али дај шта даш) од ФОН до Бриколаж од двете страни, и нагоре до Фершпед има проширување со асфалт само не знам дал се стигнати до семафорот. И кај Мерцедес моментално работат.

Се надевам ќе ја истераат до надвозникот па накај Алкалоид кај што би се споила со постоечката а убаво би било и по Перо Наков да фатат.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #590 Posted: 13-Jul-2019 at 11:20
Во меѓувреме, скопските велопатеки...



Edited by Џоле - 13-Jul-2019 at 11:21
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #591 Posted: 08-Aug-2019 at 12:44
Велопатека вдолж бул.Србија(од фб)





Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #592 Posted: 08-Aug-2019 at 13:00
Улични светилки по средина од велопатеката. Ова е најдобар показател како го третираме велосипедизмот во МК. Импровизација. Дали има некоја улица каде што има улични светилки и бандери на сред коловозна лента?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #593 Posted: 08-Aug-2019 at 17:29
Еве уште една на ул.Московска на самата улица ова тешко ќе функционира бидејќи нонстоп ќе биде блокирана од возила може да се забележи и на фотографиите(од фб)





Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #594 Posted: 17-Sep-2019 at 16:07
Шилегов: За две години Скопје ќе стане вело-град

Годинава се градат и реконструираат нови 16 километри велосипедски патеки, а Скопје за две години ќе стане вело-град, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната презентација на Акцискиот план за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 година.

Акцискиот план кој се очекува да биде усвоен на 19 септември е направен од работна група во соработка со неформалната организација „НаТочак“.

„Согласно нашите планови, со гордост можеме да најавиме дека Скопје ќе биде велоград со развиена велосипедска мрежа, што ги поврзува сите населби во нашиот град“, потенцираше Шилегов.

Даниел Павлески од секторот за сообраќај на Град Скопје, детално образложувајќи го акцискиот план ги презентираше главните цели. Планот предвидува зголемување на должината на велосипедската мрежа за најмалку 50% до 2021 година, во однос на 2018 година, при што за истиот период се очекува 5% од вкупниот број на патувања да бидат реализирани со велосипед. Дополнително, реализирањето на планот треба да доведе до нула вело-сообраќајки со смртни последици, како и намалување на уделот од сообраќајот во емисиите на CO2 до 10% до 2021 година, споредено со 2017 година.

Планот се состои од 5 области на делувања: промена на однесувањето, на патниците, пријателска инфраструктура за возење велосипед, мултимодалност и примена на интелегентни транспортни системи, финансиска поддршка и мултифункционална рамка за управување и делување.

„Визијата е трансформација на Скопје во пријателски град за возење велосипед, и со тоа да се придонесе Скопје да стане град кој ќе биде пријатен за живеење, пристапен, паметен, одржлив, со безбедна сообраќајна мрежа, квалитетна животна средина и здрави и активни граѓани“, истакна Павлески.

Како што соопшти скопскиот градоначалник, лани биле изградени 14.6 километри велосипедски патеки, а годинава се градат и реконструираат велосипедски патеки со вкупна должина од нови 16 километри.

Мартин Колоски

https://www.radiomof.mk/shilegov-za-dve-godini-skopje-kje-stane-velo-grad/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 529
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #595 Posted: 17-Sep-2019 at 21:26
Охрид доби девет нови локации за паркирање велосипеди

Охрид, 17. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид, денес беа пуштени во употреба девет нови локации за паркирање велосипеди.

Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески присуствуваше на промоција на проектот „Паркинзи за велосипеди“ што денес се одржа во непосредна близина на Поштата во центарот на Охрид и истакна дека општината застанува зад сите активности кои значат поредуцирано користење автомобили, кои можат да се заменат со велосипеди или одење пеш до предвидената локација.

– Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИЗ и ЗЕЛС остваривме проект вреден околу 600.000 денари за поставување на девет велосипедски постојки на повеќе локации во градот. Имаше потреба од соодветни места за паркирање велосипеди. Станува збор за проект кој е корисен и практичен за охриѓани. Всушност малите нешта го поедноставуваат животот на луѓето и го прават поефикасно нивното секојдневно движење низ градот, рече градоначалникот Георгиески.

Тој најави и нов проект на задоволство на сите оние кои сакаат да возат велосипеди.

– Ние сме во фаза на изработка на еден проект за формирање систем на градски велосипеди којшто ќе биде електронски како во сите модерни градови. Сите нови улици кои се проектирани или се во фаза на градење ќе добијат велосипедски патеки како што е случајот со улица „АСНОМ“ каде се градат две, додаде Георгиески.

Постојки за велосипеди се поставени на девет локации во Охрид. Две паркиралишта има во непосредна близина на поштата, по едно на улица „Македонски Просветители“ кај скаличките во близина на трговски центар „Амам“, на улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар, кај Меѓуградската автобуска станица во Охрид, пред „Маларична“, кај Факултетот за туризам и угостителство и пред општинската зграда.

Во рамки на одбележување на Европската недела на мобилност утре напладне во просториите на Општина Охрид ќе се одржи промоција на Планот за одржлива урбана мобилност (ПОУМ на град Охрид). (Крај)







https://ohridpress.com.mk/?p=96472

Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2465
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #596 Posted: 18-Sep-2019 at 06:56


https://sitel.com.mk/uzurpacija-na-velosipedskiot-prostor-soobrakjajna-bitka-koja-sekojdnevno-ja-vodat-velosipedistite
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 282930

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.