build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Велосипедски патеки и пунктови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 631
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #641 Posted: 29-May-2020 at 18:21
Ок де, велосипедска лента нека направат. Ама не со пиши бриши линии и со пластични столпчиња, туку со фрлање некој денар.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 906
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #642 Posted: 29-May-2020 at 21:24
Тоа што ти го бараш (а јас го посакувам) е вистинскиот ВелоГрад
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #643 Posted: 29-May-2020 at 22:15
Originally posted by <Fresno>

Без врска. Има тука доволно простор да се прошири тротоарот и да се направи класична велосипедска. Решението на Кочо Рацин е крајно небезбедно особено во свиоците за автобуси и возилата околу нив.

Па нема да е небезбедно доколку сите возачи се придржуваат до сообраќајните правила.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2005
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #644 Posted: 29-May-2020 at 23:29
Прееска на бул. Кочо Рацин една кола беше косо влезена помеѓу столпчињата и паркирана пола на патека, пола на тротоар, а 200 метри подолу друга кола си возела по патеката и се паркирала на тротоар. Дали големата раздалеченост помеѓу столпчињата е превид на проектантите или намерно е оставен простор за пристап на возила на итните служби?

Целосно одвоени, широки и двонасочни велосипедски ленти се најдобро решение, ама на многу малку места во Скопје не се возможни. На булеварите овие „копенхашки ленти“ се добри; многу е битно велосипедскиот сообраќај да биде одвоен од пешачкиот.

Повеќе простор за пешаците и велосипедистите изгледа ќе биде една од долгорочните придобивки на сегашнава криза. Фино е што и нашиве почнаа со baby steps да ги следат светските трендови, но треба мноооогу поголема ангажираност. Мислам дека би било добро општините и Градот Скопје, а потоа и самата централна власт, да донесат Правилник за класификација на градски улици, и за секоја да важат посебни правила:
1. Урбан автопат / с.л. 3.5m / max. 70km/h / целосно одвоена велосипедска лента и пешачка патека / сив (оригинален) коловоз;
2. Булевар од прва категорија / с.л. 3.5m / max. 50km/h / одвоена велосипедска лента и пешачка патека / бордо офарбан коловоз;
3. Булевар од втора категорија / с.л. 3-3.2m / max. 50km/h / велосипедска лента на коловоз, одвоена пешачка патека; ако не е можно тогаш одвоена велосипедско-пешачка патека / темно зелен коловоз;
4. Улица од прва категорија / с.л. <=3.2m / max. 40 или 50km/h / по можност велосипедска лента на коловоз, одвоена пешачка патека, ако не е можно -||- / син коловоз;
5. Улица од втора категорија / с.л. 3m / max. 40km/h / одвоена пешачка патека, велосипеди или на тротоар или на коловоз / жолт коловоз;
6. Улица од трета категорија / с.л. <3м / max. 30km/h / пешачка патека, велосипеди -||- / зелен коловоз.

Велосипедските патеки би биле тиркиз или црвени, а пешачките бели.

Во Велингтон патеката е раздвоена вака:

извор

Додека во овој северноамерикански град (чијашто слика се нашла во текст за Копенхаген), решението е слично како кај нас. Како што напоменав, можеби и тука патеките на улица треба да ги фарбаат дреч тиркиз/зелени - лентата би била повоочлива, а со тоа и побезбедна, подобро би изгледала, а и температурата би била помала.

извор

Edited by Staro Skopje - 29-May-2020 at 23:34
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #645 Posted: 30-May-2020 at 00:08
И двете решенија, на првата и втората слика, се изводливи во Скопје. Второто решение веќе и го има во Скопје, но добра забелешка, дополнителна безбедност ќе се добие ако се обојат во некоја боја ваквиот тип велосипедски патеки во градот. И секако дополнителната придобивка е помалата топлина, но и од естетски аспект е далеку подобро.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #646 Posted: 30-May-2020 at 12:16
Почнале со исцртување на патеката спроти Рамстор...



https://www.facebook.com/NaTochak/

.............

СТЕСНАТИ КОЛОВОЗНИТЕ ЛЕНТИ КАЈ СТАРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА ВО СКОПЈЕ ЗА ДА СЕ НАПРАВИ ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА



На улицата Свети Кирил и Методиј кај Старата железничка станица, каде што е сместен музејот на Град Скопје, се стеснуваат коловозните ленти за да се изведе велосипедска патека.

Велосипедската патека долж улицата е широка 1,5 метар, а е добиена откако постојните три коловозни ленти од 3,5 метри се стеснуваат на 3 метри.

„Велосипедистите ќе добијат нова патека за движење низ центарот на градот, а ќе придонесеме и за побезбеден сообраќај преку смирување на автомобилскиот сообраќај. Ширината на сообраќајните ленти од 3 метри е идеална ширина за проектна брзина на движење од 50 километри на час колкаво што впрочем е законското ограничување на максималната брзина на движење на автомобилски сообраќај на градските улици“, велат од Град Скопје.

На овој дел како и низ целиот центар на градот од тротоарите ќе се отстрануваат и билбордите. Градоначалникот Петре Шилегов најави дека ќе се тргнат 240 билборди поставени на јавни површини низ градот и со тоа ќе почне да се воспоставува ред во узурпирањето на градот со билборди и рекламни паноа, кои го ограничуваат движењето на пешаците и велосипедистите.

На седница на Советот на Град Скопје одржана пред два дена беше усвоена одлука за ослободување на компаниите кои стопанисуваат со билбордите од надоместокот за закуп на рекламен простор за трите месеци додека трае вонредна состојба, како и намалување за 20 отсто на вкупната закупнина бидејќи ќе се отстранат 240 билборди. Од Градот велат дека следи потпишување на анекс-договорите со фирмите за новите услови и број на билборди, по што ќе почне постапката за ослободување на тротоарите

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-se-stesnat-kolovoznite-lenti-kaj-starata-zheleznichka-vo-skopje-za-da-se-napravi-velosipedska-pateka/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7260
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #647 Posted: 31-May-2020 at 23:52
не ме гаѓајте со камења, ама не сфаќам која е поентата на место каде што има доволно простор за пешачка и велосипедска патека, или доколку ја нема може да се прошири, валосипедистите се ставаат на коловозот?
кога веќе знаеме дека ќе ги отстранат билбордите, а во инднина се надевам и контејнерите, сообраќајните знаци и останати пречки, зошто се воведув ваков систем кој и онака не се почитува и е помалку безбеден за сите учесници во сообраќајот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #648 Posted: 01-Jun-2020 at 12:36
Нова велопатека во Ѓорче Петров на реконструираната улица 4-ти Јули

Најдолгата велосипедска патека во Скопје - онаа на Партизански одреди ја продолжуваме со нова патека во двата правци на ул. 4-ти Јули. Оваа сообраќајница беше една од најцрните точки во градот заради лошата сообраќајна сигнализација и несоодветните урбанистички решенија.

Со стеснувањето на коловозните ленти, страничните велопатеки, како и мерките за смирување на сообраќајот, очекуваме оваа улица во Ѓорче Петров да биде далеку побезбедна од порано.









https://www.facebook.com/p.shilegov/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 221
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #649 Posted: 01-Jun-2020 at 18:56
„Велопатека“ или „паркинг“? Ќе видиме...
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12905
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #650 Posted: 01-Jun-2020 at 19:58
Паркинг, макар и да стават портокалови столпчиња. Денес се изнагледав паркирани возила на патеката што ја прават на ул. Кирил и Методиј (има вест за тоа на претходната и на оваа страница).

Edited by Џоле - 01-Jun-2020 at 19:58
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #651 Posted: 02-Jun-2020 at 12:48
Редовна ситуација на велопатеката која води кон Тобако 2 во Аеродром,во рок од неколку месеци неколку пати беа ставани нови столбчиња но без успех...



Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #652 Posted: 02-Jun-2020 at 13:10
Рабникот кај велосипедската патека ако може уште подигнат да е.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #653 Posted: 15-Jun-2020 at 15:56




https://www.facebook.com/skopjelab/
https://skopjelab.mk/redizajnskopje/proekt/reshenie-7/#
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #654 Posted: 19-Jun-2020 at 06:42
Срамота,ова е вело патеката од Железничка кон Тобако 2(столпчињата ги откорнаа од фирма ангажирана од општина Аеродром за да го прават детското игралиште во Мичурин,од другата страна им беше далеку да ги влечат материјалите)







...
ова малку подолу веќе паркинг си го направиле



https://www.facebook.com/skopjesmogalarm/

Edited by stef4o - 19-Jun-2020 at 06:44
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #655 Posted: 20-Jun-2020 at 12:42
Овој простор никогаш нема да се среди ниту ќе биде безбеден за пешаци ниту за велосипедисти постојано треба човек да е на штрек кога се движи во овој дел...па барем да го средеа тоа плочникот и бетонот доле целото е крпеници







https://www.facebook.com/skopjesmogalarm/
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1445
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #656 Posted: 20-Jun-2020 at 13:12

ова е само огледало на Исклучивоста на Удбалитичарските Мастадонти од Партии со се’ цел затворен систем од регулативи рокои и рогои, а што може да се искористи и како турситички спин од страна на тур-операторите како индиректно би вршеле преку своите турисити Народен Притисок врз властите да се опаметат час поскоро, можеби делејќи им разгледници со потпис од тековнио градоначалник и премиеро!?

инаку на повеќе места имам фрлено думи за Кеј 13.11 еве една во однос никаквата стандардизација во однос тендите и кровоите на проширените кафиќ-тераси [1] но поинтересна е оваа за партерниот калабалак во цел Голем Ринг [2] во следнио фус па сум рецнал то балустрите одоколку кои ќе реметат визури мака средени се по кејов плочнико и тендите [3]

што е до Вело Патеки мислам требаше некако пооштроумно да се искориста новите пешачки мостои, можеби со еднонасочни странични Вело Коридори [4] но сепак мора да имет и Вело Лифтои (кои би се користеле и за други намени пр. Инвалиди) освен Вело Рампи за влез/излез кај секоја целина по бедемот в Центар ...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #657 Posted: 20-Jun-2020 at 13:32
Зелениково дали би можел да не едуцираш малку подетално за терминот "Удбалитичарските Мастадонти"?
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #658 Posted: 20-Jun-2020 at 13:32
Originally posted by stef4o

Овој простор никогаш нема да се среди ниту ќе биде безбеден за пешаци ниту за велосипедисти постојано треба човек да е на штрек кога се движи во овој дел...па барем да го средеа тоа плочникот и бетонот доле целото е крпеници







https://www.facebook.com/skopjesmogalarm/

Треба подземна улица до Телеком, и овој простор да се реновира, и така ќе биде скроз безбеден.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 360
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #659 Posted: 20-Jun-2020 at 13:57
Замисли вака да ти изгледа главниот кеј во главниот град. Оваа "држава" треба да се самораспушти.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2005
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #660 Posted: 25-Jun-2020 at 23:09
Ветувањата на двете големи партии во овој дел, како и во урбанизмот, се прилично скромни и површни. Нема радикални напредни идеи, детали за тоа како би ја развивале велосипедската инфраструктура, би создале привремен #ПросторАнтиКорона, кој подоцна би станал траен, ниту пак како би го намалиле уделот на автомобилскиот сообраќај. Покрај примена на црвените велолинии на НаТочак (петиција за нив покрената вчера), има уште многу работи кои би можеле да ги направат за развој на велосипедизмот и озеленување на Македонија. Само треба креативност, која отсуствува, и пари, кои ги има и, поради големиот поврат на инвестицијата, ќе се вратат многу повеќе.

Владата и единиците на локална самоуправа треба да работат на три полиња, и тоа (I) Обезбедување на секој жител со велосипед, (II) Едукација на луѓето и поттикнување на велосипедизмот и (III) Развој на инфраструктурата.

(I) Обезбедување на секој жител со велосипед

Не успеав да најдам бројка колку велосипеди има во РСМ и колку луѓе ги поседуваат истите, а нема податоци и за нивниот квалитет, намена и старост. За таа цел потребно е создавање Национален регистар на велосипеди, а на секој жител да му се препорача истиот бесплатно да се регистрира како сопственик или располагач и да ги наведе неговите велосипеди со сите карактеристики. Секој велосипед би добил регистарска табличка, а на „членовите“ на овој Регистар би им се пружиле привилегии, како бесплатен ГПС уред за наоѓање на точакот при кражби, дополнителен поврат на ДДВ при купување и сервис на велосипеди, делови и опрема и попуст во користењето на паркингот или изнајмувањето велосипеди.

За олеснување на финансискиот товар на населението, Владата во наредните 4 години треба да се откаже од сите финансиски приходи кои ги има од велосипедите - од царина до ДДВ. Централната власт да им се приклучи на локалните во субвенционирањето на набавката на велосипеди, и тоа:
- Локалните власти секоја година да субвенционираат купување точаци на најмалку 1% од своите жители, во висина од 60% од вредноста на возилото, но не повеќе од 4,500 денари. Централната власт би учествувала со 20% до 60% од средствата, во зависност од финансиката моќ на општината. Принцип прв дојден-прв услужен (пдпу). Во Градот Скопје и другите урбани општини со развиена инфраструктура, бројот на субвенции да биде најмалку 1.5% од жителите годишно. ГС и градските општини би го поделиле товарот 50-50. Субвенцијата едно лице ќе може да ја искористи еднаш, а бројот на велосипеди е неограничен - ако сака, може да добие 4,500 денари за еден или по 450 денари за 10 точаци. Следствено на ова, подолу наброените категории не би можеле да добијат регуларна субвенција. Во 2019 во Скопската област и општините Битола, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Куманово, Охрид, Струга, Теарце, Тетово и Штип живееле 1,258,453 луѓе, а во остатокот од Македонија 817,802. Тоа се субвенции за 27,055 луѓе годишно, или 5.27 милиони евра;
- На сите вработени во во јавните институции - државни, локални и јавни претпријатија - да им се даде ваучер во износ од 18,000 денари за купување велосипед(и) и велосипедска опрема. Од овие, 4,500 би биле субвенција, а 13,500 заем кој ќе треба да го вратат (или да им се одбива од плата) во рок од три години (375 денари месечно). Буџетарите кои во претходните 6 месеци имале просечна плата поголема од 60,000 денари ќе добијат само заем од 18kMKD. Ваучерот ќе може да се искористи само за купување на еден или повеќе велосипеди, резервни делови или опрема до наведениот износ. Административецот ќе може да го одбие ваучерот и средствата да ги врати во буџетот, да ги донира во солидарниот фонд против КОВИД-19 или да ги донира на заболено лице на листата на ФЗО. Шокантно, не знаеме колку точно административци има во државава, но во 2018 биле изброени 139,009. Тоа се 10.14 милиони евра субвенции, во рок од четири години, или 2.54 годишно;
- Ваучер од 18,000 денари, од кои 12,000 би биле субвенција, за сите средношколци и студенти. Месечно би враќале по 125 денари во рок од 4 години. Во 2018/2019, односно 2019/2020, имало 53,677 студенти на додипломски студии и 69,980 средношколци, па би се потрошиле 24.06 милиони евра. Во прва средно имало 19,097 ученици, а прва факултет 13,931 (вкл. и повторувачи), па секоја година би се издвојувале 6.43 милиони евра. Важат истите правила од погоре;
- Субвенција-ваучер од 10,000 денари за 5,000 активни баратели на работа и социјални случаи годишно - 811 илјади евра, плус заем од 8,000 денари кои може, но не мора да се искористат за велосипед. Принцип пдпу. Исти правила;
- Поттик за приватните компании кои ќе ги снабдат сите свои вработени со велосипеди и истите ќе ги користат како замена за автомобил при извршување на работните активности доколку тоа е можно - намалени даноци, зелени субвенции, зелени грантови и слично.

(II) Едукација на луѓето и поттикнување на велосипедизмот

- Часови по велосипедизам на физичко во основно и средно, учење велосипедизам во автошколите, организирање на возење велосипеди барем еднаш секое полугодие/семестар за сите од 6-то одделение до апсолвенти (на оние кои немаат точак бесплатно би им се позајмил од bike sharing);
- Финансиска поддршка преку ФИТР на оние кои ќе изумат нови или ќе ги подобрат сегашните возила - велосипеди за инвалиди, за деца, за планини; систем за транспорт во автобусите, БРТ, возови; паркинзи, адаптација на објекти за паркинг и транспорт...
- Кампањи;
- Олеснување на пешачкиот, велосипедскиот и јавниот транспорт на сметка на автомобилскиот. Намалување на ширината на сообраќајните ленти во урбаните средини на 3 метри (освен на булевари I кат.), ограничување на брзината на 20, 30 и 40 km/h на најголем дел од градските улици, поскапување на паркингот, а поевтинување на јавниот превоз и воведување на нов данок на возило на моторен погон и данок на возило на хибриден или електричен погон (за вториве би имало други поволности, на пример ослободување од царина за возилата и нивните компоненти или бесплатен/поевтин паркинг). Данокот на возило ќе се состои од два елемента, и тоа имотен и еколошки. Имотниот би бил 1.5% од проценетата вредност на возилото + 5 евра за возила до 10k€ или 10 евра за возила над таа сума, а еколошкиот би го намалувал тој од 1.5% за вредност 5 пати поголема од ЕУРО категоризацијата, односно за 5% ако возилото е ЕУРО1 и 30% ако тоа е ЕУРО6. Таа давачка за електричните би била помала за 70%. Може да се направи разлика и помеѓу типот на возилото, со што автомобилите би плаќале повеќе (125%), потоа автобусите и товарните возила (75%), па тракторите (70%), па мотоциклите (65%). Во 2018 имало 485,612 возила. Ако просечна цена е 5,000 евра, а ниво ЕУРО3, тогаш би се собрале ~33.87 милиони евра - доволно да се покријат субвенциите.
- Ревизија на пеналната политика во сообраќајот, помали, но многу почести казни и нивно градациско зголемување. Има интересни предлози во програмите, но прашање е дали ќе се озаконат и применуваат. Со последниве две би се ублажил трошокот за заем и изградба на инфраструктура.
- Мултимодален јавен транспорт - оспособување на автобусите, БРТ и железницата за велосипеди.

(III) Развој на инфраструктурата

Оваа точка би требало да биде прва и да ги повлече другите две, но поради нејзината обемност ја оставив за крај. Велосипедската инфраструктура во државава е на незавидно ниво, а само Скопје има колку-толку велосипедски патеки, но во недоволен број. Централната власт мора да донесе Правилник за стандарди за велосипедска инфраструктура и истиот да го применува и да започне со изградба на државни велосипедски патеки - долж автопатите и експресните патишта, помеѓу градовите и селата, до туристичките атракции, околу езерата и природните добра; локалната да ја развива инфраструктурата во градовите. Правилникот ревносно да се применува и јасно да се знае која патека на кој ранг е, што е лента, што е патека, сите да бидат проодни - без паркирани или движни автомобили, без контејнери, без знаци, без семафори, без билборди сред патека. Раскрсниците да се средат и да им служат на велосипедистите, рабниците да бидат ниски, а секоја лента и патека поврзана меѓу себе.

На државно ниво, приоритет треба да биде изградба на европскиот Коридор 11 (Источна Европа - долж Вардар) и Коридор 13 (Железна завеса - долж границата со Бугарија) и ленти до автопатите и експресните патишта, помеѓу Прилеп и Битола и Радовиш и Струмица, околу трите природни езера и туристички развиените вештачки и Куманово-Бугарија. Стремеж на државата е сите ленти и патеки кои се засебни или се на постоечки булевари и патишта или патишта кои се во некој план, но во скора иднина нема да се градат, да се изградат до 2026 година, а оние кои треба да се покрај булевари и патишта кои не се изградени, а се во план во средна иднина, да се изградат до 2031 година. Ако до крајот на 2020-тите патот не почне да се гради, да се започне со велосипедската.

Во Скопје, предлагам изградба на вкупно 505.23km велосипедски ленти и патеки. Со ова, градот би имал одлично развиена мрежа и секој дел од него би бил лесно, брзо и безбедно достапен со велосипед; здравјето, животната средина, мобилноста, пријатноста, слободата и економската активност би биле во полза. Сите 505 километри се засебни велосипедски патеки - непречени и сосема провозни. Осветлени се со ЛЕД светилки (препорачливо 4000K), а на одредено растојание (не повеќе од 500 метри во урбани и 3500 вон урбани средини) има простор за одмор, рекреација и дружба. На сите ленти и патеки е забрането движење на возила на мотор на внатрешно согорување, без разлика на брзината и големината, за да се намали изложувањето на директно загадување.



Велосипедската инфраструктура е поделена на 4+1 категории:
241.76 километри ленти I категорија. Тие се исклучиво двонасочни велосипедски ленти со ширина од min. 4.5 метри, а до нив би имала одвоена пешачка патека. Предлагам:
- Доизградба на велосипедската патека од двете страни на Вардар од Горно Лисиче до Сарај;
- ВП од двете страни на Лепенец, од вливот во Вадар до Волково;
- ВП од десната страна на Лепенец до ГП Блаце (Косово);
-* ВП внатрешно од скопската обиколница и авопатот, од Кондово до Петровец, со свртување кај аеродром Стенковец;
- ВП на јужното подножје на Скопска Црна Гора Стенковец-Кучевиште-Љубанци-Стајковци;
-* ВП Хасанбег-Арачиново;
- ВП Кондово-Долно Свиларе;
- ВП Сарај-Треска-Матка;
- ВП Средно Водно-јужно од Долно Соње;
- ВП Инџиково-Батинци-Нова Брезница;
- ВП Горно Лисиче-Зелениково;
- ВП Охис-Драчево;
- ВП Бујковци-Петровец-Таор;
- ВП Маџари-МА Скопје;
- ВП Јурумлери-Драчево;
- ВП Бутел-Ченто;
- ВП Бардовци-Волково
- низа внатрешни, собирни и поврзувачки патеки и мостови.

*=дел од малку изменет Коридор 11


82.71km ленти II категорија - посебни велосипедски ленти покрај улици и булевари, по 1.8m во правец.


78.26km ленти III категорија - на коловозот на булевари и улици, одвоени со столпчиња, по 1.5m во правец.


102.48km ленти и патеки IV категорија - од една страна на коловоз на улици или булевари, или од двете, но со помала ширина, или на посебно обележана површина на тротоар, до 1.5m во правец.


20.91km патеки и насоки V категорија - на поважна улица без посебно одделен простор или на тротоар.


Нужна би била имплементација на bike sharing систем кој би имал и паркинг за приватни велосипеди. Сите велосипеди би имале геолокатори, а системот би можел да се користи и со картичката „Скопска“. Предлагам поставување на 93 станици - 18 големи и 75 мали - во секоја населба и кај секоја железничка станица (вкл. и оние од приградската железница).


Edited by Staro Skopje - 25-Jun-2020 at 23:28
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3132333435>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.