build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Велосипедски патеки и пунктови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 32333435>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 26-Jun-2020 at 16:14
ГРОЗОМОРЕН ЧИН - НАЈЛОНСКИ КОНЕЦ ПОСТАВЕН КАКО СТАПИЦА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА, ПОВРЕДЕН Е ВЕЛОСИПЕДИСТ



Околу 20 часот беше, квечерина, поминував тука кај рекламата каде што е. И оддеднаш ме закачи конец, овде, преку окото, наредните два три метри успеав да прикочам и паднав. Го осетив оној конец, не можам да кажам кој го поставил, но во секој случај во висина на велосипедист.“ - вели Зоран.

Зоран присебно веднаш по несреќата го собрал и отстранил конецот, вели присутните на место на настанот не знаеле да одговорат кој го поставил, но според него ова е знак за велосипедистите, дека мора да бидат многу внимателни во возењето, бидејќи со овој чин е загрозена нивната безбедност.

„Па тоа може да го направи или некој злонамерен или недоволно умен човек, или пак некој да работел и намерно да го заборавил тој конец, не може толкав конец да се остави тек така и на таа висина.“ - вели Зоран.

Најлон конецот, кој бил растегнат од рекламното пано па до знак преку велосипедската патека, за среќа ги оштетил само белките од очите на Зоран, кои сами се регенерираат, но според доктор Сашо Петров, офталмолог, последиците можеле да бидат фатални, доколку брзината на движење била само малку поголема.

„Според мене, ако возел со нијанса поголема брзина од таа со која возел, мислам дека ќе се оштетеле двете рожници, тоа ќе довело дотрајни последици на неговиот вид. Несфатлива е таа повреда, затоа што се работи за нешто што ние не можеме да го претпоставиме. Замислете таа жица да се спуштела малце подоле, на меките ткива, на врат на пример да го притисне, ќе има трајни последици по грлото и нед ај боже да го пресече, да загине.“ - вели доктор Петров.

Телевизија 24 за овој настан ги информираше наджелните служби во Град Скопје, од каде со вчудоневидување ја примија оваа вест и веднаш на терен го испратија Инспекторатот за сообраќај, кои ќе извршат во увид во случајот, и откривање на мотивите за овој грозоморен чин, како и дали истиот е намерно исцениран или не. Не е исклучено и проверување на околните камери за откривање на сторителите.

Од Министерството за внатрешни работи пак, велат дека во последните години ваков случај не е познат на министерството. Информираат дека случајот ќе биде темелно истражен, а веќе на терен се вршат засилени контроли и инспекции.

https://24.mk/details/grozomoren-chin-najlonski-konec-postaven-kako-stapica-na-velosipedska-pateka-povreden-e-velosipedist
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 906
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 26-Jun-2020 at 17:14

Не ме чуди воопшто.

На Водно неретко се случува поставување камења како одмазда за претпоставувам брзото возење на ДХ-возачи кои возат надолу по планинарските патеки. Пред една недела буткав камен на сред патека, откопан неколку метри погоре, со што значи некој се мачел да го постави. Дали се свесни луѓево дека тоа е рамно на обид за убиство?
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 26-Jun-2020 at 21:07
Многу често вакви работи прават деца, но е случај и со возрасни. Покрај случајот со конецот и велосипедистот и случајот на ehrlich, меѓу најпознатите е каменувањето на возови на пругата Тетово - Кичево.

Во општество како македонското девијантни однесувања како овие се очекувани и не се изненадување. Тоа што "надлежните служби" се вчудоневидиле и на министерството не му бил познат ваков случај зборува за еден друг сегмент од нашето општество, а тоа е игнорантноста која делува како гориво на девијацијата.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 628
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 26-Jun-2020 at 21:43
Originally posted by ehrlich


Не ме чуди воопшто.

На Водно неретко се случува поставување камења како одмазда за претпоставувам брзото возење на ДХ-возачи кои возат надолу по планинарските патеки. Пред една недела буткав камен на сред патека, откопан неколку метри погоре, со што значи некој се мачел да го постави. Дали се свесни луѓево дека тоа е рамно на обид за убиство?


Епа памет у глава, вози на маркирани велосипдески траки,а?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4669
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 27-Jun-2020 at 08:08

А пријателов од веста возел на маркирана патека па со конец ќе го убиеја.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #666 Posted: 27-Jun-2020 at 12:45
Сте возеле ли по новата велосипедска лента на ул. Борис Сарафов (поранешна ул. 4-ти Јули) во Општина Ѓорче Петров?
Таму Скопје ја доби веројатно најшироката велосипедска лента (на коловоз) од сите велосипедски ленти изведени досега.
Отприлика на 1 km должина исцртана е велосипедска лента од двете страни долж улицата која е 2.5 km долга.



https://www.facebook.com/NaTochak/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 906
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #667 Posted: 27-Jun-2020 at 14:46
@kiriOK И јас би сакал да има маркирани патеки за велосипедисти на Водно, ама нема. Баш поради таа причина јас одбирам патеки каде има најмалку можност за луѓе, над Горен Грчец, Горен Крушопек и Горно Нерези, каде малкумина и одат. Но, не е поентата тоа. Треба системски да се реши проблемот, а не меѓу себе да се тепаме.

@stef4o Ова е велосипедска лента (според вистинска терминологија) и е навистина како што треба да биде. Сум ја возел неколку пати и ситуацијата е следна: почнува од нигде никаде, возила пред секоја продавничка, контејнери си стојат на сред улица (на лентата) и завршува најфасцинантно на тротоар каде вечно стојат паркирани возила, ама си рекле изгледа ова за наредна година, сега толку.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #668 Posted: 27-Jun-2020 at 18:15
@ehrlich

Прашањата ги копирав од групата На Точак не беа поставени од мене но во секој случај патеката е многу небезбедна(гумени столбчиња како на бул.Кочо Рацин мора да стават).
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2005
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #669 Posted: 27-Jun-2020 at 18:55
За Водно за јули најавија обележани патеки за велосипедисти.

Колку би биле корисни и финансиски оправдани паметни улици, односно поставување хидраулични платформи помеѓу коловозните ленти, десната сообраќајна и велосипедската и хидраулични рабници на тротоарите, со што ширината и брзината на движење на улицата би се модификувала согласно потребите? Има вакво или подобро решение некаде? Отприлика нешто вакво; може да се направи комбинација и со велосипедски ленти. Од подигнатите платформи би излегувала милиметарска прачка како крајна бела линија.


Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #670 Posted: 27-Jun-2020 at 19:07
Како и да е, велосипедската патека треба да биде физички одделена од сообраќајната И на исто ниво како сообраќајната. Не знам што е толку тешко ова... На овој начин нема да има потреба од возење низ градов како по планина.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #671 Posted: 29-Jun-2020 at 16:22
Овој месец улицата АСНОМ во Охрид доби велосипедски ленти на коловозот.
Браво!
Бидејќи според сликите лентите се целосно обоени, се надеваме дека се со нелизгачка боја и дека широчината го исполнува барем минималниот стандард од 1.5м.



https://www.facebook.com/NaTochak/
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 882
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #672 Posted: 30-Jun-2020 at 07:45
Минимален стандард од 1.5м? Улиците во Охрид се неколкупати помали од тие во Скопје, не знам дали дечкиве од "На точак" живеат во некој паралелен свет или се рекреираат со стимуланси.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #673 Posted: 01-Jul-2020 at 15:46
СЕ АСФАЛТИРААТ ПЕШАЧКИТЕ И ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА БЛАГОЈА СТЕФКОВСКИ ВО МАЏАРИ

Деновиве започна асфалтирањето на пешачките и велосипедските патеки на дел од улицата Благоја Стефковски во Маџари.

Градежните работи се изведуваат на потег од крстосницата кај улиците 15.Корпус и Методија Андонов - Ченто до крстосницата со улицата Петре Филиповски – Гарката и свртувањето кон улицата Перо Наков и Металски Завод – Тито, во вкупна должина од 870 метри.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #674 Posted: 02-Jul-2020 at 16:20
Битола,проблем со високи рабници







https://www.facebook.com/InicijativaEden
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7260
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #675 Posted: 03-Jul-2020 at 01:39

добро, може на пример наместо критика према високите рабници, да се упати критика до недостигот на нивелација на местата каде што има пешачки премини или една патека се приклучува на друга

вака само се напаѓаат рабниците, кои се добри за безбедност во сообраќајот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #676 Posted: 04-Jul-2020 at 10:33
ПОСТАВЕНИ РЕФЛЕКТИРАЧКИ СТОЛПЧИЊА НА УЛИЦАТА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Поставени се рефлектирачки заштитни столпчиња по целата должина на улицата Свети Кирил и Методиј.

Овие рефлектирачки столпчиња овозможуваат подобра видливост и ја зголемуваат безбедноста на велосипедистите.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #677 Posted: 04-Jul-2020 at 13:20
Битно тој со комбето си нашол место да се бутне за да застане...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5092
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #678 Posted: 11-Jul-2020 at 17:02
УЛИЦАТА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ДОБИВА НОВА ВЕЛО ПАТЕКА

Улицата Свети Кирил и Методиј во центарот на Скопје довива нова велосипедска патека на коловозот со ширина од 1,5 метар. Со поставување на заштитни рефлектирачки столпчиња на коловозот, физички се издвојува новата вело патека и се стеснува просторот за автомобилите, односно постојните три коловозни ленти се стеснуваат од 3,5 на 3 метри







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 295
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #679 Posted: 11-Jul-2020 at 17:53
Некако движејќи се по овие патеки, не ми даваат некое чувство на сигурност. Пак да се осеќа човек како по улица да вози и дека некој може да се те собере со кола. Одвојување како у Франција целосно со бетонски прагчиња е далеку побезбедно.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7260
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #680 Posted: 11-Jul-2020 at 21:01

ја се противам на овој концепт, можеби е супер за веќе развиени средини каде што има објекти директно на улицата и улицата е обично со профил по лента по правец

ама на булевари каде што би требало да се развијат поголеми брзини, воопшто не ми се допаѓа, особено кога има проастор да се развие велосипедската патека на самиот тротоар, сосе пешачка патека, и сите три, коловозот, велосипедската и пешачката, може да се физички разделени
решението е особено лошо на Кочо Рацин, тука се вари некако
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 32333435>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.