build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 48>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #761 Posted: 05-Sep-2020 at 20:14
Како што пратив, според Страва е просечно 9%.

Не знам што подразбираш под категоријата „обичен“, ама реално патеката е направена за секого, има многу кривини лево-десно, што овозможува наклонот да е помалку изразен. Има малку пострмни делови, ама не се страшни ѕидови. Во суштина, ако стигнеш да самата патека после ѕидон од Кочо до нејзе по асфалтот, мислам дека секој ќе ја качи
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #762 Posted: 07-Sep-2020 at 10:00
9% не е шала (на некои делови гледам и преку 30-40 па и 50%, не ми е јасно како тоа некој може да го извози). Да не е за даунхил патекава?
Обичен човек (без кондиција) со обичен точак (6-7 speed) малку тешко дека ќе ја искачи. Али дозволени се паузи.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #763 Posted: 07-Sep-2020 at 11:24
Добро, без кондиција не се оди нигде. Сепак, ваква-таква Водно е планина. Патеката е многу добро направена и не, не е за даунхил. Според тоа што го знам, ќе се прави специјална патека за даунхил. Воедно, на Водно поради неговата фрекфентност тоа и му треба, посебни патеки за нагоре и за надолу, за пешаци и за велосипедисти.

На пример, јас си возам по патеките од Нерези, затоа што не мора да се доведувам во опасност ниту самиот ниту некои пешаци.

Патем, како искусен планински велосипедист, верувај ми, ова е најлесната патека што постои на Водно, ама да, си треба барем малку кондиција, претходно возење по земјен терен и малку од малку подобар велосипед (пренос 2х9/10 ќе заврши работа).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #764 Posted: 08-Sep-2020 at 09:01
ГОТОВА ПРВАТА ПАТЕКА ВО ВЕЛОСИПЕДСКИОТ ПАРК НА ВОДНО СО КОЈА ЌЕ СЕ ОДВОЈАТ ПЕШАЦИТЕ ОД ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ

Заврши изведбата на првата велосипедска патека на скопската планина Водно. Деновиве треба да биде поставена вертикална сигнализација и, како што велат од Град Скопје, таа ќе го добие финалниот изглед. Оваа патека е дел од велосипедскиот парк наВодно, кој Градот го прави за да ја зголеми безбедноста на сите посетители на планината преку физичко одвојување на велосипедистите од пешаците и планинарите.

Патеката е со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица до Средно Водно. Патеката е со променлива широчина, најмногу до 3 метри и, како што велат од Град Скопје, ја следи постојната конфигурација на теренот и не го нарушува природното опкружување, а при нејзината изградба не се оштетени или исечени околните дрвја.

Патеката ќе биде официјално пуштена кон крајот на месецов со еднодневен настан односно фестивал за алтернативен туризам, кој Градот го организира по пат на јавен повик.

„Овој настан е дел од проектот кој го реализираат Град Скопје и Советот за регионална соработка. На истиот се очекува да учествуваат сите активни учесници во алтернативниот туризам, со главен акцент на велосипедизмот. Се надеваме на активно учество на што повеќе велосипедисти, а секако и на водечките компании за продажба на велосипеди и опрема во земјава. Со развој на алтернативниот туризам не само што се поттикнуваат здравите навики кај граѓаните, туку и се поттикнува и економскиот развој. Компаниите кои се занимаваат со продажба на ваков тип на опрема, па и можеби производи поврзани со здрава исхрана, ќе имаат можност на овој настан да ги промовираат своите производи. Ќе биде организирана трка со велосипеди по нагорната велосипедска патека, а за помладите можеби и трка со тротинети на паркингот на Средно Водно. Целиот настан ќе се организира на Водно на отворено, со големо внимание на протоколите и мерките за заштита од ковид-19“, вели Марко Тодоров, раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Патеката е нагорна планинска велосипедска патека и е една од трите велосипедски патеки предвидени за изведба годинава. Движењето во спротивна насока односно надолу ќе биде најстрого забрането. За оваа намена се предвидува патека која што ќе се изведе паралелно со оваа, а на неа ќе биде забрането движењето нагоре. Со тоа, велосипедистите ќе добијат комплетна алтернатива за искачување и спуштање на Средно Водно во однос на асфалтниот пат кој води до горе и е преоптеретен со сообраќај во деновите погодни за рекреација. Третата патека е предвидена за спуштање од врвот Крстовар до Средно Водно. Таа ќе биде за поискусните во овој спорт.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gotova-prvata-pateka-vo-velosipedskiot-park-na-vodno-so-koja-ke-se-odvojat-peshatsite-od-velosipedistite/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #765 Posted: 11-Sep-2020 at 15:57
ТРПЕНИЕ УШТЕ МАЛКУ: До Средно Водно по модерна велосипедска патека



Новата вело планинска патека што интензивно се гради на Водно, на радост на љубителите на велосипедизмот ќе биде ставена во функција за време на одржувањето на Фестивалот за алтернативен туризам што ќе се одржи кон крајот на овој месец.

Скопјани не издржаа и некои веќе ја сефтосаа патеката за која велат дека е прекрасно направена и е вистински рај за велосипедистите.

Оваа патека што моментално се изведува е “нагорна планинска велосипедска патека” (Uphill Flow Тrail) и е една од трите велосипедски патеки предвидени за изведба годинава. Станува збор за патека по која велосипедистите ќе можат безбедно и низ преубав шумски предел да се искачат до Средно водно. Движењето во спротивна насока, односно надолу ќе биде најстрого забрането. За оваа намена е предвидена “Flow” патека која што ќе се изведе паралелно со оваа, а на истата ќе биде забрането движењето нагоре. Со тоа, велосипедистите ќе добијат комплетна алтернатива за искачување и спуштање на Средно Водно во однос на асфалтниот пат кој води до горе и е преоптоварен со сообраќај во деновите погодни за рекреација. Третата патека е предвидена за спуштање од врвот Крстовар до Средно Водно, а истата ќе биде од типот “Еnduro” и е наменета за “поискусните” во овој спорт – велат од Град Скопје за весникот ВЕЧЕР.

На нагорната патека деновиве ќе биде поставена вертикалната сигнализација, но истата нема да биде осветлена за ноќно возење.

– Во однос на осветлувањето, истото не е планирано бидејќи патеката проаѓа низ шума и на тој начин би се нарушила животната средина. Како и планинарските патеки, така и велосипедските се наменети за употреба на дневна светлина – велат од Градот.

Инаку, патеката го прати природниот тек на планината и на сите места каде што се вкрстува со природните сливови се изведени потребните канали и одводи со цел да не дојде до поплавување или затрупување со наноси од земја, дрвја или лисја при поројни дождови. Патеката е подигната на мостови изработени од дрво.
(С.Бл.)

https://www.vecer.press/трпение-уште-малку-до-средно-водно-по-м/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #766 Posted: 11-Sep-2020 at 16:22
Обележана вело патеката на улицата Васко Карангелески во Аеродром
Со ова бележење е затворен важен конектор меѓу два булевари и сега целиот блок (зелените згради во Аеродром) е заокружен со велопатеки на градските улици. Претходно блокот имаше велосипедски пристап од само едната страна, а сега има од сите четири (бул. Јане Сандански, бул. Србија, бул. АСНОМ и улицата Вако Карангелески).





https://www.facebook.com/p.shilegov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #767 Posted: 12-Sep-2020 at 17:01
Тетово без услови за возење велосипеди



https://telma.com.mk/2020/09/12/тетово-без-услови-за-возење-велосипед/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14151
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #768 Posted: 12-Sep-2020 at 19:23
Како бе може некој да се фали со ваков „проект“, буквално нацртале две паралелни бели линии на испукан тротоар Ха-ха-ха, пукнав од смеа

Originally posted by stef4o

Обележана вело патеката на улицата Васко Карангелески во Аеродром
Со ова бележење е затворен важен конектор меѓу два булевари и сега целиот блок (зелените згради во Аеродром) е заокружен со велопатеки на градските улици. Претходно блокот имаше велосипедски пристап од само едната страна, а сега има од сите четири (бул. Јане Сандански, бул. Србија, бул. АСНОМ и улицата Вако Карангелески).





https://www.facebook.com/p.shilegov/
   
За сè има вторпат
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #769 Posted: 12-Sep-2020 at 20:16
Да, бруки...
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #770 Posted: 14-Sep-2020 at 15:02
Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска врска со Центар, активистите го бараат истото и за Чаир

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски. Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до центарот на Скопје. Станува збор за продолжување на велосипедската рута 1 од проектот „Скопје велоград“, која во моментов е изградена на потегот од населбата Автокоманда до Карпош.

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ ја поздравуваат ваквата одлука на градските власти, но и посочуваат дека ова треба да прерасне во редовна пракса при изградбата и реконструкцијата на улиците во градот. Тие деновиве испратиле и допис до Град Скопје во однос на најавата за одложување на изработката на проектната документација за тунелот под Скопското Кале, со чија што изградба општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари преку Пластичарската улица треба да се поврзат со нова сообраќајница со центарот на Скопје.

Од „На Точак“ во дописот велат дека ако навистина има потреба од изградба на новата сообраќајница, која што треба да се поврзе кај Владата со булеварите „Св.Климент Охридски“ и „Илинден“, тогаш задолжително да се обезбеди безбеден пешачки и велосипедски сообраќај по неа. Тие бараат намалување на планираната ширина на коловозните ленти од 3,5 на 3 метри, тротоари со ширина од минимум 3 метри и велосипедски патеки од по 2,5 метри во двата правци на идната сообраќајница. Ако нема услови за вакво нешто, тогаш тие бараат да се изгради посебен пешачко-велосипедски мост и тунел за да можат граѓаните на овие општини поедноставно да стигнат до центарот на Скопје.

„Оваа врска по Климент Охридски ќе биде многу, многу атрактивна за пешачење и користење точак, за скратување дистанци меѓу Чаир и Центар, сакале или не. И ако не обезбедите специјален простор за нив, луѓето ќе го користат коловозот, ќе пречат на автомобилите, а и ќе ГИНАТ. Со најавените димензии, овој вијадукт ќе донесе пребрз сообраќај (околу 100 km/h) до Илинденска во срцето на Градот и ќе ја загрози безбедноста и амбиентот на живеење во најстрогиот центар. Поради сето наведено, бараме да се ревидира тендерската документација“, се вели во дописот испратен од „На Точак“ до Град Скопје.

Од „На Точак“ забележуваат дека токму граѓаните на Чаир и Бутел немаат ниту една велосипедска врска со центарот на Скопје, а треба да ги имаат и по улицата Цветан Димов и по идната сообраќајница што ќе се гради.

Инаку, „Мета.мк“ во изминатово лето пишуваше за конкретни предлози за развој на велосипедскиот сообраќај, вклучувајќи го и прашањето за изградба на нови патеки за движење на велосипедистите до периферните населби во Скопје.

https://meta.mk/madjari-i-singelikj-kje-dobijat-velosipedska-vrska-so-czentar-aktivistite-go-baraat-istoto-i-za-chair
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #771 Posted: 22-Sep-2020 at 06:48
Originally posted by stef4o

Започна фазата на реализација и партерно уредување на првонаграденото решение - „Велоштад“ од конкурсот за #ВелоПаркинг!
Решението #Велоштад на младите Михајло Стојановски и Теа Дамјановска е победник на повикот за прототип на вело паркинг.
Нивното решение е во процес на изведба на локација во склоп на 📍Транспортен Центар, поконкретно делот кон улиците Владимир Комаров и булеварот Кузман Јосифовски Питу, непосредно до влезот и паркингот за Автобуската станица.



https://www.facebook.com/skopjelab/photos/


Се мачат со тревата,веќе 10 дена наводнуваат и пробуваат да никне ама има луѓе научени да си кратат пат оттука па си газат и така....









од твитер
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1363
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #772 Posted: 22-Sep-2020 at 18:06
И не сфаќам што е направено тука, пар трева, пар клупи, нигде не гледам држачи. Патем, што е посебното во проектов?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Online
Posts: 5360
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #773 Posted: 22-Sep-2020 at 19:38
Веројатно ќе ги сменат плочките ако ништо друго?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #774 Posted: 22-Sep-2020 at 20:42
Чинам толку од проектов ништо посебно,можеби ќе постават уште држачи за велосипеди и толку ќе биде,тревата ако опстане ќе биде чудо...всушност просторот од пеплиште малку доби шминка а колку ќе потрае ќе видиме доста труд вложуваат да ја биде тревата ама нонстоп некој гази.Сепак добро е што колку толку некако се среди просторот.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 909
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #775 Posted: 22-Sep-2020 at 20:51
Па не е добро, ниту просторот е среден како што треба, ниту автобуската е пристојна, ниту па железничката ја реновираа како што треба. Цел потег од Вардар до Трета македонска е како во паланка некоја.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #776 Posted: 22-Sep-2020 at 20:57
Ако е за така тогаш треба сите плочки од Шехерезада до Зегин и отспротива да се заменат со нови по можност бекатон пошто ова другово е ужас(постојните се полуискршени,исцрнети,со лепени мастики и плус партал патека за слепи лица) секојдневно минувам оттука и на човек му требаат 4 очи,се напрегаш да поминеш поготово кога врне под цела железничка тече. Треба убаво темелно средување на целиот потег но очигледно не е во план а срамота е да се каже дека е главна автобуска и железничка во земјава а делува како напуштена. Ова со клупите и тревата е минимален и нецелосен зафат на кој потрошија скоро месец дена.
Back to Top
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 821
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #777 Posted: 22-Sep-2020 at 23:50
Жива срамота е целиов простор околу железничката станица, на ништо не личи. Прво и основно преминот под железничката е ненормално нечист и неуреден. Сигурно не треба толку да е нечист. Претпоставувам дека има некоја врска и со вентилацијата на целиот простор (покрај тоа што очигледно е дека не се грижат за чистење), друго лаички не ми текнува.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #778 Posted: 26-Sep-2020 at 12:44
Проектот Велоштад кај Транспортен









https://www.facebook.com/skopjelab
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14986
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #779 Posted: 26-Sep-2020 at 12:46
Во рамки на Факултетот за ликовни уметности-Скопје, во објектот Сули Ан во Старата скопска чаршија, деновиве, беа поставени десетина паркинг држачи за велосипеди.
Град Скопје, со оглед на зачестената употреба на велосипедот како превозно средство во овој период, ја препозна потребата од зголемување на капацитетите за паркирање, но и за проширување на велосипедските патеки, па оттука континуирано работи на реализација на вакви проекти со кои што ќе им излезе во пресрет на бројните велосипедисти.





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14151
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #780 Posted: 26-Sep-2020 at 13:27


Мачканици
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3738394041 48>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.500 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.