build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Велосипедски патеки и пунктови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 49>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 17-Jun-2009 at 15:48
ПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА НА МОСТОТ „ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ“

Екипите на Градот Скопје денеска /17.06.2009 година/ почнаа да ја асфалтираат велосипедската патека на мостот „Обединети нации“, во општината Карпош. Реконструкцијата се врши само на едната страна од мостот, зашто другата страна е во добра состојба.

Велосипедската патека е комплетно реконструирана, а работите се одвиваа во неколку фази:

  • Раскопување на горниот слој на асфалтот и вадење на оштетените армирано – бетонски капаци. Новите капаци се изработија на лице место според потребните димензии.
  • Се изврши санација на гредите и се бетонираа новите греди на кои се поставија новите армирано-бетонски капаци.
  • Поставени се заштитни столбчиња по целата должина на мостот.
  • Во последната фаза се асфалтира со асфалтна маса АБ - 11 со слој во дебелина од 4 до 5 сантиметри.

Градот Скопје во наредниот период ќе продолжи со реконструкција на пешачката патека на мостот. Таа патека ќе биде затворена за пешаци кои ќе може да се движат по велосипедската патека.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2671&mid=24&tabId=1&tabindex=0


www.vecer.com.mk


Edited by lslcrew - 18-Jun-2009 at 03:35
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 22-Jun-2009 at 11:49

Патеката на кејот тешкопристапна за ролерки

Од Влае до центарот има само четири рампи за спуштање за ролерџиите, од кои две се во лоша состојба, така што тие безбедно можат да се симнат на патеката само кај мостот „Обединети нации“ и кај скејт-паркот во Карпош

%20
За да се стигне до велосипедско-ролерската патека на Кејот на реката Вардар, градските власти им препорачуваат на рекреативците во ранец да ги носат своите ролерки, бидејќи тоа било единствен начин за да се дојде до неа. Граѓаните се незадоволни од пристапните рампи што водат до патеката на кејот и истакнуваат дека скалилата што се покрај патеката треба да се реновираат бидејќи не било безбедно симнувањето по нив.

- На потегот од мостот „Обединети нации“ до крајот на патеката во овој дел, односно кај Владата, има само четири пристапни рампи, од кои три се на мала оддалеченост, а четвртата е на крајот на патеката. Ние, рекреативците, од пристапните рампи можеме да ги користиме само онаа кај мостот во Влае и кај скејт-паркот, бидејќи кај хотелот „Александар палас“ и кај Владата се целосно уништени. По калдрма не можеме да се спуштиме, а намалена ни е безбедноста и кај „Палас“, бидејќи скалите се цели со дупки. Навистина е потребно надлежните да преземат нешто. Не можеме секогаш да одиме до кејот со патики, а потоа од ранец да ги вадиме ролерите за да се рекреираме. Потребна е санација на скалите што ќе ни користи и нам, но и ќе ни го разубави кејот. Но тоа не ни е единствен проблем. Неповрзаноста на двете патеки ни е проблем и се надеваме дека идното лето ќе можеме да роламе од Влае до Аеродром. Проблем имаме и со тоа што кај патеката нема чешми за вода, но и неосветленоста во делот од мостот кај „Палас“ до стадионот - велат рекреативците.

Од градската управа соопштуваат дека ја увиделе грешката на оваа патека и се потрудиле на следната, односно од Транспортниот центар до мостот „Близнак“, да не ја повторат.

- Грешки има при изградбата на патеката. Во делот кај Аеродром направивме повеќе пристапни рампи за да не им се повторуваат проблемите на жителите. Сега се работи на изградба на пристапна рампа во делот кај Лисиче. А оние што ја користат патеката од страната на Карпош, за да ја зголемат безбедноста, им препорачуваме пеш да стигнат до неа, а потоа да си ги обујат ролерките - велат градските власти.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6229104456&id=14&prilog=0&setIzdanie=21718
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 06-Jul-2009 at 03:00

Велосипеди ќе се паркираат на домати и на пиперки

За паркиралиштата за велосипеди што ќе ги поставува општината Карпош ќе се употребуваат иновативните форми што ги осмислија студенти по архитектура

%20
Паркинзи за велосипеди во вид на домати, пиперки и човек што носи две кошници ќе бидат поставени покрај пазарите во општината Карпош. Овие креативни дизајни се дело на студентите што учествуваа во проектот „Со велосипед е во ред, но каде да се паркирам“, со кој осмислуваа држачи за велосипеди. Освен како зеленчук, тие осмислија и паркиралишта во вид на силуета од град, тантела, симболи од карти за играње...

Општината, која го поддржуваше овој проект, ќе поставува паркинзи и на други места, но сé уште не е одлучено какви форми тие ќе имаат.

- На локациите кај трговските центри „Лептокарија“ и „Карпош 3“, пред маркетот „Тинекс“ во Карпош 3, како и кај пазарчето во Тафталиџе, ќе поставиме по десет места на кои ќе можат да се паркираат велосипедите, а по потреба нивниот број може и да се зголеми. Паркиралиштата ќе бидат поставени до 21 септември, а за нивниот изглед се погрижија студентите по архитектура што учествуваа во овој проект, кој беше во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија и Коалицијата за одржлив развој. Какви фигури, односно во каква форма ќе бидат паркинзите, за тоа ќе се одлучува деновиве. Знаете дека студентите од Архитектонскиот факултет изработија интересни и практични фигури по европски стандарди - изјави градоначалнико Стевчо Јакимовски.

Сé уште не се знае колку ќе чини реализацијата на целиот проект, а се знае дека паркинзите ќе бидат на фреквентни места за да се спречи кражбата на велосипеди. Според Јакимовски, општината има капацитет за развој на велосипедот како транспортно средство.

Како основа за своите дизајни студентите го имале држачот за велосипеди од типот „шефилд“, во форма на буквата П, со должина од околу 80 сантиметри и со висина од околу 75 сантиметри. Оваа практична форма овозможува лесен и безбеден пристап, потпирање на по еден велосипед од двете страни, врзување и на рамката и на тркалото и едноставно излегување од паркиралиштето.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=749939438&id=14&prilog=0&setIzdanie=21729
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 20-Jul-2009 at 22:11
Велосипедската патека не е за корзо


Општина Аеродром апелира до граѓаните да не ја користат велосипедската патека покрај кејот на реката Вардар за пешачење, трчање и возење детски колички, особено во попладневните часови од безбедносни причини, како за самите нив така и за велосипедистите и ролерџиите, за кои всушност е наменета патеката.

Исто така, тие напоменуваат дека на велосипедската патека е строго забрането возење моторни возила.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=067048E8FD3A0B448D7AB0870A5846C9
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 21-Jul-2009 at 00:08

Амин!
Она што се случуваше на кејот во Аеродром буквално ги нарушуваше сите културни граници.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 23-Jul-2009 at 19:53
Апели тешко дека ќе ја сменат ситуацијата. Казни да!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 24-Jul-2009 at 03:00

Патека за мангупирање

Граѓаните се жалат дека метежот на велосипедската патека покрај Вардар е се поголем, а градските власти објаснуваат дека за безбедноста е надлежна сообраќајната полиција

Велосипедската патека покрај Вардар станува претесна да ги прими сите скопјани што сакаат да се рекреираат крај реката. Уште во почетокот стекна голема популарност и кај младите и кај постарите жители и се' повеќе се посетува, особено откако се догради и во населбата Аеродром. Со зголемувањето на популарноста, на патеката се зголемија и проблемите. Таа стана место и за пешачење, за трчање, па и за возење детски колички. На исто место велосипедисти возат спортски велосипеди, а деца мали велосипеди со помошни тркалца. Хаосот го дополнуваат и моторџиите, кои ги има се' повеќе. Тие сакајќи да се истакнат пред девојките и другарите, не ја почитуваат забраната за движење со моторни возила и ги загрозуваат другите.

Општините предупредија дека патеките покрај кејот се наменети исклучиво за велосипедисти и за ролерџии. Но, кој да слуша. Метежот на патеката е секојдневен.

Граѓаните што се рекреираат таму се загрижени за својата безбедност. Велат дека инциденти има се' повеќе, бидејќи нема место за сите, а нема ниту спаувачка екипа, ниту сообраќајна полиција.

- На патеката секојдневно има моторџии, но и пешаци, кои им пречат на велосипедистите. Има и мали деца, кои доаѓаат со своите родители и кои се возат на тротинетчиња, ролери, мали велосипеди итн. Се туркаат и колички со бебиња. Тоа е проблем. Патеката не е наменета за сите категории, да речам возачи, кои доаѓаат таму. Треба многу да се внимава на брзината со која се вози, но мора да има и контрола. Еднаш една девојка се преврте од велосипедот, бидејќи се исплаши од моторџија, кој забрзано помина покрај неа. А никој не презеде ништо, односно немаше кој да го казни. Навистина е срамота - вели еден велосипедист на патеката.

Еден друг рекреативец се жали дека на патеката воопшто нема јавна говорница од каде може да се повика помош ако некој се повреди, а нема ниту спасувачки екипи.

- Едно мало девојче еднаш поради метежот падна од велосипед и многу лошо си го прегриза јазикот. Немаше од каде да се побара помош. Младите јурат на патеката и воопшто не внимаваат. Од друга страна, таа стана претесна за да ги прими сите заинтересирани - вели жител на Влае.

Граѓаните се жалат дека патеката на некои места има и деформации, односно тумби и дупки, кои никој не ги санира.

Од одделението за односи со јавноста во Градот Скопје велат дека на патеката е поставена соодветна сигнализација, со која е забранет пристап и користење какви било моторни возила.

- Поставена е и хоризонтална сигнализација, односно обележани се места на кои може да минуваат пешаците. За контрола на патеката е одговорна сообраќајната полиција, која треба да го регулира и санкционира возењето на мотоцикли - велат од Градот.

Оваа патека, позната и како трим-патека, е нешто подолга од 15 километри. Составена е од два дела и се протега на двете нивоа на кејот на Вардар. На горното ниво на одбранбениот ѕид е изградена патека за прошетка, со клупи за одмарање и соодветно осветление. Доле се наоѓа велосипедската патека, а до неа е патеката за милениците на џогингот. Најпрво беше изградена патеката од мостот во Хром кон центарот на градот, а подоцна патеката беше продолжена и до населбата Аеродром.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4394537B434EC0439A075C52CFD91CEA
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 28-Jul-2009 at 13:49
Пуштена велосипедската патека во општина Аеродром

Ивица Коневски и Коце Трајановски, градоначалниците на Општина Аеродром и на Град Скопје, денес со сечење лента свечено ја пуштија во употреба патеката за велосипеди и за ролери покрај Вардар.

Патеката е долга 2.600 и широка четири метри, има повеќе пешачки скали и пристапни рампи, а во план е дополнително да се изградат и забавни содржини за децата и иста таква патека од спротивната страна на реката.

„Со пуштањето во употреба на ролерската патека се подобруваат условите за рекреација на жителите на Општината, особено на младата полпулација, а на овој начин Аеродром полесно се поврзува со општините Центар, Карпош и Ѓорче Петров“, изјави градоначалникот Коневски, додавајќи дека е ова е уште еден доказ дека добрата соработка со Град Скопје дава резултати.

Двајцата градоначалници најавија дека во иднина патеката ќе се продолжи за уште 2 километри кон Ново Лисиче, како и тоа дека во близина на мостот „Близнак“ покрај кејот се планира да се изградат реквизити за вежбање, кои ќе може да ги користат не само велосипедистите и ролерџиите, туку и другите граѓани.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 28.07.2009 13:44:44

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=59720&kategorija=1
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 28-Jul-2009 at 20:32
ima sliki
СВЕЧЕНО ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА РОЛЕРСКО–ВЕЛОСИПЕДСКАТА ПАТЕКА ВО АЕРОДРОМ
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општината Аеродром, Ивица Коневски, денеска /28.07.2009 година/ свечено ја пуштија во употреба ролерско–велосипедската патека по кејот на реката Вардар, во делот на општината Аеродром.
 
-       Патеката е долга 2.600 метри, а широка 4 метри. Таа почнува кај мостот кај Транспортниот центар, каде што се спојува со патеката во општината Центар, а крајот е кај мостот „Близнак“ во населбата Ново Лисиче. Во нејзината изградба вложивме пет милиони денари. Граѓаните на Скопје сега имаат убава можност да се рекреираат и да уживаат крај реката Вардар. Веќе работиме на проектот за продолжување на оваа велосипедска патека кон Ново Лисиче и Лисиче, како и за изградба на патека на левата страна на кејот – рече денеска градоначалникот Трајановски.
 
Ролерско–велосипедската патека се изведуваше во 2 дела. Првиот дел со должина од 800 метри го изведуваше ГД „Гранит” и се простира од мостот кај Транспортен центар до рибарската куќичка во Аеродром. На оваа патека има 2 пешачки скали и 2 рампи за лица со посебни потреби. Поставена е вертикална и хоризонтална сигнализација. Се планира да се постави осветлување.
 
Вториот дел со должина од 1.800 метри го изведуваше А.Д. „Пелагонија Инженеринг” и се простира од рибарската куќичка до мостот „Близнак“ во населбата Ново Лисиче. На овој дел има 5 пешачки скали и 2 пристапни рампи за лица со посебни потреби. Како дел од оваа патека, екипите на ЈП „Улици и патишта“, под мостот „Близнак“, изработија свртувалиште со површина од околу 1.000 квадратни метри на кое се планираат забавни содржини за децата, но и за повозрасните. Исто така, изработен е пристапен пат во должина од 300 метри кој ја спојува ролерско–велосипедската патека со булеварот АСНОМ. На овој дел исто така е поставена комплетна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и осветлување.
 
 
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 28-Jul-2009 at 20:44
mi se dopaga ova sto ovoj del od kejot se ikoristuva na vakov nacin , znam deka moze i podobro , no ja licno se sekavam deka koga sum pominuval bas po ovaa novata izgradena pateka stvarn obese katastrofa, milo mi e sto ja uredile i ocistile, togas pominav so tocak imase flashi skrseni, nekoi konji , pa nekoi kolibi , se nadevam i toa e sredeno i ocisteno ,aj bas utre ako pominam po taa pateka ke proverime i ke naslikame nesto
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 28-Jul-2009 at 21:11
Малку офтопик, колку е долга патеката (кејот) од кај Вучко па до мостот Близнак? Ако од Железничка е 2.6km, од тој дел би требало околу 2km да е?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 29-Jul-2009 at 19:07

Пишува во вестите, патеката е долга 2600m



Инаку погледнете го краткиов клип, извадок од вестите на Телма во врска со „падобранците“ на велосипедската патека.

Додека во кадар јасно се гледа сообраќајната сигнализација и додека девојче со мал трицикл си вози кај свечената црвена лента, градоначалникот изјавува дека не секогаш можело на граѓаните да им се забрани движење „на било кој од деловите“.
Како бе Коце не можело да им се забрани???  Doh  
Па сообраќајни правила и сообраќајна сигнализација не се за украс, туку се обврзувачки, а нивното непочитување предвидува казни! Не знам дали во случајов тоа треба да го прават вашите инспектори или полицијата (што ми звучи пологично), но не е ни моја работа да го знам тоа, си има кој треба да го знае и да брка работа.

Ајде еве заедно ќе се надеваме (бидејќи освен твојата лична надеж за подобрување ништо не понуди) дека со укажувања (на инспекторите кои никогаш не сум ги видел, а често возам по патекава или пешачам покрај нејзе) ќе се подобри ситуацијата... иако искуството не учи поинаку - дека апели во вакви ситуации не даваат блескави резултати. Но доколку наскоро нема промени, ваљда и тоа надевање ќе се исцрпи, па ваљда конечно ќе се применат сериозни мерки, бидејќи меѓудругото зборуваме и за загрозување на безбедноста.


Извор: http://telma.com.mk/




Edited by Cloverstack - 29-Jul-2009 at 19:13
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4077
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 29-Jul-2009 at 19:13
ostaj koce, super gradacalnik e, barem dosega
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 29-Jul-2009 at 19:16

Ајде генералните оценки да ги оставиме за други посоодветни нишки. Во врска со темата на нишкава мене ме интересира што ќе се превземе за конечно да почне да се подобрува ситуацијата на велосипедските патеки. Не само на оваа покрај кејот туку воопшто.
Предолго е оставено на патеките да владее хаос...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 15-Aug-2009 at 19:27

Велосипедски патеки за сите намени





 

Околу еден милион денари чинеше обележувањето на велосипедските патеки покрај булеварот Јане Сандански во општината Аеродром, но тоа воопшто не помогна за возачите на автомобили да им ги отстапат овие простори на велосипедистите

 
 
%20  
Во близина на трговскиот центар „Скопјанка“ површините за пешачење се користат како паркинг-места, а по патеките за велосипеди се движат сите, и автомобилите за да излезат од тротоарот, и пешаците, бидејќи нивното место е зафатено, и велосипедистите.

Општината Аеродром упати апел до своите граѓани да не ги паркираат возилата на зелени површини, на тротоари и на велосипедски и пешачки патеки, бидејќи така уништуваат зеленило, ја загадуваат околината и ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот.

- Од граѓаните се бара поголема соработка и нивно активно учество во грижата за почиста и за поздрава околина. Возилата не треба да се паркираат на недозволени површини, особено на места каде што тие ги попречуваат екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да си ги извршуваат своите задачи - велат од општината.

Апелот следува по неколкуте писма и реакции од граѓаните, кои фотографирале несовесни возачи што узурпирале пешачки и велосипедски патеки. Од Аеродром додаваат и дека граѓаните што имаат гаражи да ги оставаат своите возила во нив, за на јавните паркинзи да останат повеќе места за другите возачи.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=815995999&id=14&prilog=0&setIzdanie=21764
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 15-Aug-2009 at 19:34
мислам дека треба да престанат сите да се жалат на културата на народот и да с еобидат да ја сменат, нормално дека никој нема да ја почитува патеката ако само некој фрли боја врз неа, треба драстична контрола и казни, и не е семо патеката за велосипеди, што е со „паркингот“ до неа, особено на сликава?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 17-Aug-2009 at 13:55

Снајди се, па паркирај велосипед

Клупите, кантите, бандерите и сообраќајните знаци многу често се користат за врзување велосипеди, во отсуство на соодветни паркинзи. Но и тие паркиралишта што ги има воградот се според застарени стандарди и велосипедистите имаат проблеми кога ги користат

%20
Потпирач висок осумдесетина сантиметри и долг до еден метар во облик на буквата П, на кој може од двете страни да се потпре и да се врзе по еден велосипед, е формата за велосипедски паркиралишта што најчесто се користи во западноевропските градови, каде што ова превозно средство граѓаните масовно го користат за своите секојдневни потреби, не само за рекреација. Во Скопје, пак, и покрај многубројните кампањи за популаризацијата на велосипедизмот, има многу малку паркинзи, а и тие што се поставени се според застарени стандарди и не овозможуваат едноставно оставање и земање на превозното средство.

Современите паркиралишта се составени од повеќе потпирачи поставени паралелно еден со друг на одредено растојание, за возачот да може лесно да се симне од велосипедот, да го потпре, да ги врзе и рамката и тркалото, а потоа, кога ќе си заминува, лесно и безбедно да го извади од паркингот и да го продолжи патувањето. Тие што се поставени во Скопје, пак, се состојат од попречни метални прачки меѓу кои може да се стави само тркалото и велосипедите се паркираат еден до друг во редица. На овој начин ставањето и вадењето се отежнати, бидејќи еден велосипед треба да се пробива низ другите, па многу често се заплеткуваат тркалата, рачките или педалите.


ЗАТСКРИЕНИ И ТЕСНИ ПАРКИНЗИ


Каков избор имаат велосипедистите за да го остават своето превозно средство во центарот на градот? На повеќето локации нема никакви паркиралишта, па за таа намена се користат бандери, украсни канделабри, клупи, огради околу зеленило, канти за ѓубре и други несоодветни предмети, каде што велосипедите им пречат на минувачите. Но и таму каде што се поставени паркинзи, според граѓаните, постојат проблеми со нивната примена.

Така, на улицата Македонија пред неколку месеци се наместија кружни потпирачи, кои очигледно биле избирани поради изгледот, а не поради функционалноста. И во нив може да се заклучи само тркалото, а остатокот од велосипедот да „виси“ надвор, а полукружните метални прачки се испрчени нагоре и на нив може некој да се повреди ако не внимава доволно. Во Градскиот трговски центар има метална прачка под скалите на влезот, каде што возачите повисоки од 160 сантиметри мораат да се наведнат за да остават велосипед, ако можат некаде да го бутнат меѓу другите. Во Градскиот парк има метални прачки каде што може да се остават тркалата. Кај „Рамстор“ паркингот е затскриен зад трговскиот центар и зад влезот на гаражите, па граѓаните често го избегнуваат, бидејќи сметаат дека велосипедите се побезбедни на прометни локации, каде што се по мали шансите некој да извади алати и да почне да ги сече синџирите за врзување. Има метална прачка и кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, поставена до ѕид, што исто така ги отежнува ставањето и вадењето на велосипедот. Поранешната фабрика МЗТ има интересен покриен паркинг за велосипеди, каде што тие се закачуваат и висат на куки, за да не зафаќаат многу простор.

Многу прометни места, како трговските центри „Бисер“ или „Карпош 3“, воопшто немаат посебни места за оставање велосипеди. Таков е случајот и со многу јавни институции, театри, концертни сали, здравствени установи и слично. Паркинг за велосипеди нема ниту пред Амбасадата на Холандија, иако оваа земја и нејзината амбасадорка Симоне Филипини се едни од најголемите промотори на велосипедизмот во Скопје.


МЕСТО ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ПРЕД СЕКОЈА ЗГРАДА


Граѓаните често имаат проблеми кога сакаат да ги паркираат своите велосипеди. Некои од нив што имале лоши искуства поради несоодветните паркинзи велат дека сега ги избегнуваат и бараат дрвја за да ги остават велосипедите.

- Пред неколку години ми го украдоа велосипедот додека бев на предавање на факултет. Беше врзан само за тркалото и тоа беше сé што остана од него. Некој го отшрафил и го однел остатокот. Затоа сега барам дрво или клупа, каде што може да се заврзе целиот велосипед. Но насекаде низ градот може да се оставаат само тркалата. Тоа е и нестабилно и небезбедно. Особено на местата каде што металните прачки се поставени зад згради, каде што речиси никој не поминува - вели скопјанецот Зоран Стојановски.

Минатата година градската управа најави две паркиралишта за по 40 велосипеди на плоштадот „Македонија“, но тој проект сé уште не е реализиран. Од градот велат дека соработуваат со многу фондови и со невладини организации за да го промовираат велосипедот како алтернативно средство за сообраќај.

- Работиме на засилена промоција на велосипедите. Ги довршуваме црвените патеки покрај булеварите и бараме локации за паркиралишта. Општината К0арпош учествуваше во проект за дизајнирање паркинзи и можно е и ние да ги користиме тие дизајни, но сé уште нема одлука за тоа. Ако се покажат како функционални во Карпош, тогаш и ние ќе ги употребуваме - велат градските власти.

Соња Дамчевска од Коалицијата за одржлив развој, која го спроведе проектот за дизајнирање на паркинзите со студентите по архитектура, вели дека тие во облик на буквата П најмногу се користат во Европа.

- Најпрактични се и најевтини за изработка. Чинат од 50 до 100 евра и имаат место за поставување реклами, за да се вратат тие пари. Тие беа основата во дизајнирањето нови паркинзи, што го правеа студентите - вели Дамчевска.

Таа додава дека доставиле и барање до Министерството за транспорт и врски во новите детални урбанистички планови да се предвидува задолжително место за оставање велосипеди секаде каде што ќе се гради нова зграда.

- Колку повеќе паркинзи има, толку полесно ќе ги поттикнеме граѓаните да ги користат велосипедите - смета Дамчевска.




И градската администрација на ножен погон

Градската управа ќе купува 15 велосипеди за потребите на својата администрација, како и за инспекцијата. Овој предлог од градоначалникот Коце Трајановски го усвои градскиот совет. Според одлуката, се предвидува набавка на десет машки и на пет женски велосипеди, со кои би се извршувале активности поврзани со редовното работење на градската администрација.

- Откако ќе се купат овие велосипеди ќе се наменат за превоз на вработените во градот, а ќе им послужат и на инспекциските служби. Нема да се употребуваат за некои посебни проекти - истакнаа од одделението за односи со јавноста во градот.

За еден велосипед градската управа ќе потроши околу 200 евра или вкупно три илјади евра за сите. Парите се обезбедени во буџетот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81791032401&id=14&prilog=0&setIzdanie=21765
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 13-Sep-2009 at 15:39
ПРОЕКТ НА ОПШТИНА КАРПОШ И НА „ЕКОСВЕСТ“
Стигнаа првите 30 велосипеди за изнајмување

Во Општина Карпош стигнаа првите 30 велосипеди што ќе можат да ги изнајмуваат граѓаните. Станува збор за реализација на проектот, кој преку меморандум за соработка го потпишаа Општина Карпош и невладината организација „Екосвест“ за воведување алтернативни средства за превоз, односно за засилена промоција на велосипедизмот. Велосипедите се донација на организацијата „Глобален еколошки фонд - Програма за мали грантови“.
Условите и цените за изнајмување ќе бидат познати најдоцна до 22 септември.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1811&ArticleID=121608
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 22-Sep-2009 at 12:22

Велосипеди ќе се изнајмуваат само во Карпош





 

Проектот „Со велосипед е во ред! А каде да паркирам?“ имаше цел да го промовира велосипедот како рамноправно транспортно средство

 
 
%20  
Пункт со 30 велосипеди за изнајмување се постави во општината Карпош, пред општинската зграда како дел од проектот „Велосипеди за сите“, кој треба да се реализира во сите скопски општини. Од кабинетот на градоначалникот Стевчо Јакимовски истакнуваат дека овој пункт со велосипеди ќе биде пуштен во употреба денеска, по повод Меѓународниот ден без автомобили.

- Пунктот е поставен пред општинската зграда. Имаме 30 велосипеди што граѓаните ќе можат да ги изнајмуваат. Ние сме првата општина што навреме го заврши проектот, кој требаше денеска да се презентира во сите општини. Се надеваме дека граѓаните ќе создадат навика за користење на велосипедот како транспортно средство, со што ќе се крене свеста за зачувување на животната средина. Манифестацијата започнува во 9 часот на паркингот пред општината - велат од Кабинетот на Јакимовски.

Градските власти, пак, денеска во 11 часот ќе го одбележат Меѓународниот ден без автомобили со карван од велосипеди што ќе се движи од градските бараки до трговскиот центар „Буњаковец“, со што ќе се означи и крајот на проектот „Со велосипед е во ред! А каде да паркирам?“. Од градската управа велат дека овој проект имал цел да го наметне велосипедот како алтернативно транспортно средство.

- Со проектот сакавме да го промовираме велосипедот како рамноправно алтернативно тра­нспо­ртно средство во урбаните средини. Преку конкретни акции, односно поставување на паркиралишта за велосипеди на повеќе локации во градот да придонесеме за подобрување и зголемување на капацитетот за паркирање велосипеди - велат од градската управа.

Проектот „Со велосипед е во ред! А каде да паркирам?“ е резултат на соработката на Градската управа, здружението на граѓани „Коалиција за одржлив развој - КОР“ и општината Карпош.
 
   
Автор: Б.С.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92291021171&id=14&prilog=0&setIzdanie=21793
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 23-Sep-2009 at 19:48
Па не е ваљда да треба да се остави лична карта. Што ако во меѓувреме полицаец те легитимира? И како ќе си ја земеш личната карта ако велосипедот го оставиш на друг пункт (што сметам дека се подразбира како опција, инаку се губи голем дел од логиката). Новинарска каша или ова навистина не е воопшто обмислено?

И зошто побогу стартуваат со повисока цена, а од 30-ти ќе оделе со симболична???

Дваесет денари од час за изнајмување велосипед во Карпош





 

Јавната свест на граѓаните,градските власти ќе ја издигнуваат со спот за новата кампања на проектот „Возете велосипед“

 
 
%20  
Креирање подобри услови за користење на велосипедот како превозно средство беше целта на седуммесечниот проект „Со велосипед е во ред! А каде да паркирам?“, кој го спроведуваше здружението на граѓани „Коалиција за одржлив развој - КОР“, во соработка со градската управа и општината Карпош. Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, го презентира и проектот „Рент а бајк“, кој е во соработка со невладината организација „Екосвест“ и целосно е финансиран од Глобалниот еколошки фонд - Програма за мали грантови. Градоначалниците Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, министерот за животна средина и просторно планирање Неџат Јакупи и претставници на повеќе амбасади вчера го предводеа и карванот со велосипеди од градските бараки до трговскиот центар „Буњаковец“, каде што беа промовирани новите паркиралишта.

Јакимовски истакна дека на територијата на општината има три пункта за паркирање велосипеди, и тоа пред маркетот „Тинекс“ во Карпош 3, пред пазарчето „Тафталиџе“ и во трговскиот центар „Лептокарија“.

- Велосипедот често го користам и со овој проект ќе им се овозможи на оние што го немаат да можат да го користат. За почеток еден час ќе го наплаќаме 20 денари, сé до 30-ти овој месец, додека да се затвори цел систем во градот со вакви пунктови, а потоа цената ќе се намали, ќе биде некоја симболична и секој што ќе сака да изнајми велосипед ќе може да си го дозволи тоа. Имаме 30 велосипеди, изнајмувањето ќе оди на тој начин што граѓанинот што ќе изнајми велосипед ќе треба да ја остави својата лична карта, со што ќе се заштитиме од кражби. Мораме да работиме и на одвојување на патеките, бидејќи во сообраќајот како учесници постојат пешаците, велосипедистите и корисниците на моторни возила, со што ќе придонесеме за нивна безбедност. Ќе поставуваме уште шест пункта во Влае, Козле и на кејот на Вардар, а пролетва треба да се реши и прашањето за наплаќање на изнајмувањето со кредитни картички - изјави Јакимовски.

Паркиралишта за велосипеди има поставено и кај трговскиот центар „Буњаковец“, пазарчето „Буњаковец“, во Луна-паркот, како и пред библиотеката „Браќа Миладиновци“. Трајановски истакна дека идејата за поставување паркиралишта за велосипеди ја добиле кога се поврзувала велосипедската патека од Ново Лисиче до Карпош.

- Кога се воспостави врската исток-запад, односно од Ново Лисиче до Карпош, се постави прашањето каде граѓаните ќе можат да се паркираат. Во рамките на проектот на седум локации поставивме паркиралишта за велосипеди по должината на патеката. Сакаме да направиме велосипедот да не се користи само како рекреативно, туку и како транспортно средство, за да се спречат загадувањето на воздухот и уништувањето на животната средина. Работиме на изградба на нова инфраструктура со чија помош велосипедот ќе заземе поголемо место во нашиот живот. Почнуваме и со кампањата „Возете велосипед“, преку која ќе се издигнува свеста кај граѓаните за користење на велосипедот како алтернативно транспортно средство - изјави Трајановски.

Градската управа најави дека за една недела би требало да го завршат проектот за изнајмување велосипеди, со што ќе се покрие целата територија на Скопје.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92391059549&id=14&prilog=0&setIzdanie=21794
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 7891011 49>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.414 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.