build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 464748
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #941 Posted: 18-Nov-2021 at 13:03
АВТОМОБИЛИ ПАК СЕ ПАРКИРААТ НА УЛИЦАТА ВО ТЕТОВО КАДЕ ШТО ДО ВЧЕРА БЕШЕ ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА



Таму каде што до вчера се протегаше велосипедската патека на улицата Илинденска во Тетово сега се редици паркирани автомобили.

Новата општинска власт започна да ги отстранува безбедносните столпчиња на два километра долгата велосипедска патека од судот до Универзитетот на Југоисточна Европа. Патеката беше изградена пред неколку месеци и иако на почетокот беше цел на бројни саркастични коментари на социјалните мрежи поради лошо изведените работи, откако се отстранија проблемите, таа стана прифатливо решение за велосипедистите.

Илинденска е една од најоптоварените улици во градот. Сообраќајот се одвиваше по само една лента, бидејќи другите две редовно беа зафатени од паркирани автомобили. Во таа гужва, патеката овозможи барем велосипедистите да можат безбедно да се движат по оваа улица. Токму затоа, тие сега најмногу негодуваат на одлуката да се отстрани оваа патека.

„Јас секој ден ја користев оваа велосипедска патека кога одев на факултет. Знам дека не беше најидеално направена, но по неа можев слободно да се движам со велосипед, без да се грижам дали некој несовесен возач на автомобил ќе ме удри. Гледам дека засега отстраниле само мал дел од патеката, но ако целосно ја затворат, ќе морам да користам друг превоз до факултетот. Премногу е опасно со велосипед да се вози по оваа улица“, вели Мифтар Муртезани, студент на Државниот универзитет во Тетово.

Отстранувањето на велосипедската патека од двете страни на булеварот е една од приоритетните задачи кои во првите 100 дена од доаѓањето на чело на Општина Тетово ги најави новиот градоначалник Билал Касами. Тој рече дека таа се отстранува затоа што за тоа имало судско решение.

„Тука спроведуваме едно судско решение, со кое се покренува постапка за противзаконско поставување на оваа патека. Судот бара да се тргнат овие пречки и овој булевар да се врати во првобитната состојба. Судот веќе имал постапка против Општината и против поранешната градоначалничка и тие постапки ќе одат и понатаму. Значи, постапуваме по барање на полицијата и по одлука на судот бидејќи овој проект е направен спротивно на законот“, изјави Касами.

Тој најави дека ќе изгради нова велосипедска патека, која требало да биде по сите европски стандарди, но не наведе каде и кога ќе го реализира ова.

Сега во Тетово има само една велосипедска патека, долж булеварот Маршал Тито.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/avtomobilite-povtorno-se-parkiraat-na-bulevarot-ilindenska-vo-tetovo-kade-do-vchera-beshe-velosipedska-pateka/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #942 Posted: 05-Dec-2021 at 15:03
Велосипедска патека направена со јавашлак





Од двете страни на патеката има камења, остатоци од асфалтот, а во зеленилото е расфрлано ѓубре. Направени се и каналчиња кои не се затворени, поради што постои опасност некој што вози велосипед да излезе од патеката и да удри во каналот и да падне, а со тоа и да се повреди.

https://www.vecer.press/велосипедска-патека-направена-со-јав/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #943 Posted: 05-Dec-2021 at 21:54

ова треба да е пешачка патека, а не велосипедска, велосипедската треба да е до коловозот и мора некогаш да се научиме на овие стандарди ваљда
меѓудругото, поголема е опасноста асфалтот да пропадне после некое време поради каналите до него, отколку некој пијан велосипедист да скршне и пропадне во каналчето
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #944 Posted: 16-Jan-2022 at 14:53
СО ГРАНТ ОД ЕУ ОД 750 ИЛЈАДИ ЕВРА СТРУМИЦА ЌЕ СТАНЕ ПАМЕТЕН ВЕЛО ГРАД

Со средства од ЕУ во висина од 750.000 евра, во Струмица ќе се гради велосипедска инфраструктура односно патеки во должина од околу 13 километри.

Оваа година треба да започнат работите на терен, а ќе бидат опфатени булеварските решенија.

Градоначалникот Костадинов со овој проект очекува менување на навиките кај струмичани за поголемо користење на велосипедот како превозно средство, а не само за рекреативни цели.

Проектот „Струмица - паметен вело град“ ќе се реализира во наредните три години, а во истиот ќе бидат вклучени повеќе граѓански здруженија и велосипедски клубови. Целата намера е системски да се реши проблемот и да се подигне свеста кај струмичани за алтернативни решенија за превоз.

Во рамките на проектот ќе бидат набавени и 150 смарт велосипеди за што во градот ќе има и неколку пункта за користење на истите.

Во Струмица пред неполна деценија беа обележани патеки за велосипедисти кои беа на тротоарите. Но заради узурпација од пешаци или паркирани возила, тие речиси и не се користат.

Со проектот „Струмица - паметен вело град“ се очекува современите велосипедски патеки да бидат по петте булевари во градот.

https://24.mk/details/so-grant-od-eu-od-750-iljadi-evra-strumica-kje-stane-pameten-velo-grad
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 14967
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #945 Posted: 17-Jan-2022 at 16:36
Град Скопје сè уште нема систем за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз

Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“.

Со некогашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, на дел од паркинзите во главниот град се изнајмуваа јавните велосипеди со лична карта и плаќање во готово од граѓаните. Сепак, ваквиот систем во годините на своето работење не прерасна во сериозна алтернатива за транспорт, која што би можела да се вклопи во системот на јавен градски превоз.

Во последните три години од неговото функционирање меѓу 2015 и 2017 година, приходите од изнајмување велосипеди преку ЈП „Градски паркинг“ изнесуваа меѓу 9.000 и 20.000 денари на годишно ниво, што пак говори дека интересот за негово користење од страна на граѓаните бил пренизок.

Новата скопска градоначалничка Данела Арсовска во предизборната кампања за минатогодишните локални избори вети дека ќе го врати системот за изнајмување велосипеди во Скопје, кој би бил модернизиран со современа апликација за само изнајмување велосипеди, а по истиот принцип ќе бил воспоставен систем за изнајмување електрични тротинети. Ова ветување за развој на велосипедскиот превоз во Скопје беше објавено на нејзината страница на Фејсбук на 6 октомври, на само неколку дена пред локалните избори.

Мета.мк во понеделникот испрати прашања до Град Скопје за тоа дали планираат да го реализираат даденото ветување за воведување на автоматизиран систем за изнајмување велосипеди и електрични тротинети во Скопје, но и дали во градскиот буџет за 2022 година се предвидени средства за реализација на еден ваков проект. Прашавме и кога би почнала изведбата на овој систем за изнајмување, колкави средства ќе бидат потребни за неговата реализација и од кога граѓаните ќе можат да го користат истиот.

„Велосипедската инфраструктура и поттикнувањето на граѓаните да го користат велосипедот е еден од најголемите приоритети на Град Скопје во следниот четиригодишен мандат. Во четиригодишната програма се предвидува унапредување на системот на изнајмување велосипеди, со цел реализација на проектот Скопје вело град“, се наведува во одговорот од Град Скопје.

Кога е велосипедизмот во прашање, Градот Скопје за 2022 година има предвидено 15 милиони денари за субвенции за купување на велосипеди, тротинети и електрични возила на две тркала. Сепак, во доставените одговори од градската власт не е наведено дали годинава се предвидени средства за воведување на системот за изнајмување велосипеди во главниот град. Мета.мк не успеа да го разгледа во детали Буџетот на град Скопје за 2022 година, бидејќи истиот не е објавен на веб-страницата на Град Скопје, иако нивна законска обврска е да го направат истото.

Инаку, претходното раководство на Град Скопје го прекина проектот „Скопје изнајми велосипед“, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“. Образложението беше малиот интерес на граѓаните и сложената неавтоматизирана процедура за изнајмување на велосипедите. Притоа, градските власти се одлучија идниот автоматизиран систем за изнајмување велосипеди да го префрлат на ЈСП-Скопје, којшто би го вклучил рентањето велосипеди во системот на јавен градски превоз.

Во 2020 година, Градот Скопје работеше на проектирање на автоматизираниот систем за изнајмување велосипеди, со кој граѓаните со кредитна картичка или СМС порака ќе можат да земат јавен велосипед на еден од 30-те планирани пунктови во Скопје, да се возат низ градот со ова превозно средство и да го вратат назад на било кој друг пункт. Идејата беше пунктовите за изнајмување на велосипеди да се постават на најпрометните локации низ Скопје, така што би им се овозможило на граѓаните со велосипед да завршат работни обврски, да пазаруваат, да одат на школо или да се рекреираат.

Сепак, ваквиот систем не беше воведен, а претходното градско раководство појаснуваше дека треба да се пронајде оптимално решение за реализација, со кое нема да се повторат грешките на ЈП „Градски паркинг“ од пред 10 години, кога поради несоодветната набавка и понуда дошло до пропаѓање на проектот. Градот Скопје преку ЈП „Градски паркинг“ на почетокот од минатата година ги стави на продажба обичните велосипеди, тротинетите и електричните велосипеди кои беа набавени за изнајмување од претходни проекти.

Мета.мк веќе подолг период наназад пишува дека Скопје е еден од ретките главни градови во Европа што нема јавен систем за изнајмување велосипеди и тротинети. На пример, во Љубљана системот за изнајмување велосипеди „BicikeLJ“ функционира од 2011 година и до денешен ден има над 60 пунктови и 600 јавни велосипеди за изнајмување, а првиот час од користењето на овие велосипеди низ Љубљана е бесплатно.

https://meta.mk/grad-skopje-se-ushte-nema-sistem-za-iznajmuvanje-velosipedi-kako-alternativen-prevoz
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14147
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #946 Posted: 30-Jan-2022 at 20:01
Кај пешачката патека на брегот на езеро Младост (Велес) направен е паркинг за велосипеди, баш добро изгледа... На таблата пишува „Киоскот и станицата за велосипеди се изградени со финансиска поддршка од ЕУ“.







За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 464748

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.