build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објект на Мајка Тереза на плоштад „Македонија“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1904
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 24-Oct-2017 at 09:47
ovdeka se sozdade istoto slepo crevo kako i na drugiot kraj na plostadot kaj vrteleshkite. tolku go napikaa so gluposti sto koga se pominuva tuka osobeno so tocaci ili kolicki se ceka na red. se nadevam deka novive gradonacalnici ke go otstranat ova gjubre i ke ovozmozat priroden prokot na pesaci
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12335
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 21-Feb-2019 at 10:15


ПОСКАПО Е ДА СЕ УРНЕ СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА ОТКОЛКУ ДА СЕ ПРЕНАМЕНИ, ЗАТОА НЕМА ДА СЕ РУШИ, ВЕЛАТ ОД ВЛАДАТА

Споменикот на Мајка Тереза на плоштадот Македонија нема да се урива оти тоа било поскапо отколку да се пренамени, велат од Владата.

Работната група за „Скопје 2014“ која ја формираше Министерството за култура предложи тој да се урне бидејќи прекршува низа закони, правниот поредок и владеењето на правото. Но, и покрај тоа Владата предводена од СДСМ која додека беше опозиција го критикуваше проектот и го нарекуваше кич и криминален, реши да се распише конкурс за избор на идејно решение за негова пренамена.

„Владата на Република Северна Македонија го задолжи Министерството за култура да спроведе постапка за пренамена на објектот со скулптурална композиција Мајка Тереза согласно со предвидените можни намени во урбанистичката планска документација за предвидената парцела. На јавниот конкурс треба да се предложуваат идејни решенија за пренамена на објектот. Оваа владина одлука е резултат на направените анализи кои што покажаа дека ќе бидат потрошени повеќе пари доколку се урива, во споредба со средствата потребни за пренамена на објектот“, велат од Владата.

Од таму не одговорија на нашето прашањето колку пари ќе бидат потребни за пренамена, а колку за уривање на објектот. Владата не одговори ниту на прашање дали сметаат дека почитувањето на законите кои во овој случај се прекршени и правото на јавен простор, се поважни од парите.

Откако Владата кон почетокот на февруари донесе одлука споменикот на Мајка Тереза да не се урива туку да добие нова намена, оставка од работната група поднесе претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија Мартин Пановски.

„Споменикот на Маја Тереза е изграден во пешачки дел на влезот на Плоштадот, таа градба го прекршува Уставот, Законот за урбанистичко планирање и ред други закони. Сметам дека тој споменик треба да се урне, а не да се доградува. Не сакам да бидам алиби од довршување на проекот ‘Скопје 2014’“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК на 13 февруари Пановски.

повеќе на https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/poskapo-e-da-se-urne-spomenikot-na-majka-tereza-otkolku-da-se-prenameni-zatoa-nema-da-se-rushi-velat-od-vladata/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2850
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 21-Feb-2019 at 10:46
Незнам што мислат да прават ама плоштадот па и пошироко го натрупаа со недовршени објекти односно карабини. Хотелот и офицерски останаа недовршени,фасадите на ЕВН и Пелагонија исто така,кај Св Константин и Елена мислам дека повеќе од година дена не се работи а незнам што се случува и со новата зграда на Елем која надворешно изгледа готова но сеуште стои оградена.

Edited by stef4o - 21-Feb-2019 at 10:49
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 213
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 21-Feb-2019 at 11:35
Trazili ste, gledajte
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 155
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 21-Feb-2019 at 13:44
Епа тоа е,го тргнаа Ќосето од пред судската палата и ја тргнаа оградата од Владата бидејќи бидејќи беше поевтино (а можеби и железото си заврши во некоја хациенда) а ова веќе чини пари. Секоја популистичка мерка нема иста цена пријатели.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1818
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 21-Feb-2019 at 16:02
Во што ќе го пренаменат во ѕид на плачот?
А за оградата пред Влада утка на годината! Ама тоа е.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1512
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 21-Feb-2019 at 17:40
Значи правото (противуставноста и противзаконитоста), урбанизмот (затворањето улица), архитектурата (ужасниот изглед), политиката (губењето поени поради несправувањето), идеологијата (симбол на режимот и заробената држава), економијата (цената на довршување и, напоменувам, одржување) и здравиот разум (сѐ набројано) не се важни, важно е што ќе се дале неколку илјади евра (точните суми не се објавуваат) повеќе за рушење отколку довршување. Нека викнат волонтери, голем број скопјани со задоволство ќе го срушат натрапников без да бараат паричен надомест.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 533
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 22-Feb-2019 at 05:27
Што не ви е јасно,буџетот е усисан,празен.
Оградата пред влада то ест пола од оградата ја вадеа членови на паркови и зеленило,значи до толку гледале да не се потрошат и да најмат луѓе од градежен сектор...не е случајно што пајаци и сообраќајци секој ден крстарат и подигаат возила и фрчат казни ко да нема утре...не е случајно што укинуваат додатоци за трето дете,еве вчера од мои познати вработени во здравство слушам плата земале на 18 ти место на први,други познати во водостопанство им каснат плати пар месеци,така и оградава,неможеа да дадат токмаци и по еден багер на овие од паркови и зеленило да ги вадат фамозните 1,3 метар во земја вдлабнати колони,многу скапо ќе било.
Па вие видете на каде се движи работава.


Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2850
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 12-Jun-2019 at 16:59
Што со недоправениот постамент за споменикот на Мајка Тереза од главниот плоштад?




Кабина за тоалет, наредени гранитни плочки од некој дел од градскиот плоштад, лимени тараби излепени со плакати… тоа е она со што скопјани секојдневно се среќаваат кога поминуваат покрај постаментот за споменикот на Мајка Тереза на главниот плоштад. Од една страна притеснет е со хотелот „Мериот“, а од друга со оградениот постамент каде е и карабината на со години незавршениот хотел на градскиот плоштад. На сите им е очигледно дека големиот постамент кој сега претставува џиновски бетонски блок опкружен со скелиња и заштитни мрежи им пречи на пешаците и е прилично грда слика. Преиспитувањето на проектот „Скопје 2014“ од страна на посебна работна група потврди дека на овој споменик местото не му е тука и дека треба да се тргне. Не само заради тоа што бил изграден во една незаконска постапка туку и најмногу од причина што преставува проблем во овој важен дел од градскиот простор. Но, таков став на работната група не го прифати Владата бидејќи пресметала дека уривањето на постаментот ќе чини поскапо отколку неговото искористување за некоја друга намена. Колкава сума е во прашање, не е соопштено. Надлежното Министерство за култура во февруари годинава е задолжено да распише јавен конкурс за пренамена на овој објект. Но, оттогаш до сега ништо не е соопштено.
-Тој постамент, едноставно, не може да се пренамени во ништо и заради тоа непотребна беше таква иницијатива. Очигледно е дека тој постамент треба да се тргне, односно, целосно да се урне. Тој не само што е назаконски поставен туку многу го нагрдува просторот, го задушува одењето на пешаците и тој спој на улицата „Орце Николов“ со плоштадот треба да биде слободен. Не може цената за уривањето да биде алиби за неговото останување таму. Тој простор треба да се ослободи, ни вели архитектката Душанка Шуловиќ.
Таа не е единствена што мисли така. Архитектот Мартин Пановски, кој беше дел од работната група која предложи уривање, поднесе оставка откако Владата реши да се прави пренамената. И другите граѓани смеаат дека на овој објект местото не му е тука.
-Плоштадот е и онака пренатрупан со градби. Овој споменик уште не е направен и може да се урне. Навистина, луѓето не можат ниту да поминат за да дојдат до плоштадот. Грешка беше уште тогаш кога се определи локацијата. Сега барем таа грешка да не станува уште поголема, ни вели скопјанецот Ристе Алексовски.
Време надлежните да се откажат од идеите да го пренаменат постаментот се уште има. Овој пример е типичен за тоа како треба да се однесуваме и да го вреднуваме градскиот простор. Односно, дека одлуките за тоа што ќе има на некој простор не може да се носат со образложение дали е нешто поскапо или поефтино, туку дали со тоа просторот во градот е поубав или не.

Требаше да биде висок 32 метри и да чини 5,5 милиони евра
Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Груевски во јануари 2013 го најавија проектот отворајќи ја спомен плочата на Мајка Тереза на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде во затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015 и според договорот со изведувачот „Бетон-Скопје“ треба да чини 5,5, милиони евра и треба да биде висок 32 метри.

https://skopskoeho.mk/shto-so-nedopraveniot-postament-za-spomenikot-na-majka-tereza-od-glavniot-ploshtad/?fbclid=IwAR2K7A8fz1imAzEOlH3EFVmHvc_-W9h1B0kACcbrCyJe3a2oRIAUqgfbdaE
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2850
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 28-Oct-2019 at 15:30
Богдановиќ ја презема метлата во Центар

Ќе се брише маркичката за споменикот Мајка Тереза на влезот пред Плоштад

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денешниот брифинг со новинарите најави дека ќе се избрише маркичката за споменикот Мајка Тереза од урбанистичкиот план за Малиот ринг кој беше дел од проектот „Скопје 2014 година на ВМРО-ДПМНЕ“.
Прво треба да извршиме промена на планот и да заврши истрагата која е спроведена, па споменикот кој почна да се гради и остана незавршен ќе биде урнат. Тој пречи урбанистички, бидејќи е на самата улица – дециден е Богдановиќ.

https://www.vecer.press/богдановиќ-ја-презема-метлата-во-цент/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 161718

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.266 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.