build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објект на Мајка Тереза на плоштад „Македонија“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 17181920>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 25-Feb-2020 at 15:56
А некако да го зазеленат со оној мов или како и да се вика баш би било кул
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 20-Jul-2020 at 11:05
од твитер

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 20-Jul-2020 at 14:51

кога го гледаш од одозгора е уште поодвратно... жалосно е што вакви чирови си стојат вака додека чекаме да поминат судски спорови, односно да се нагодат едни со други, наместо уште у прв ден владеење да му удреа една хилта
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 515
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 20-Jul-2020 at 17:25
Во овој дел само чистка од непотребни работи. Првин ова чудо, тоа терасата на Дистрикт. Да може нормално да се проаѓа.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 20-Jul-2020 at 19:46
Споменик МајкаТереза, терасата на Дистрикт, машинските елементи на хотелот кои се исто така на среде улица. Улицата (миниплоштадот) се заебаа урбанистички уште со објектот на комерцијална банка (тогашен во изградба деловен центар Магор), ама овие другите три кои ги набројав стварно се испрчени на среде улица.

Тука требаше по сите нормални урбанистички критериуми по свет, да се оформи само плоштадче и да му се даде само поента некоја со еден од испрчените споменици по плоштад. Така ќе имавме и добро оформен јавен простор и еден споменик помалку на главниот плоштад. Овакво размислување е, како да кажам, 1+1=2, во урбанизам.

Полигоните не баш прецизни на сликава, ама се што е црвено е вишок овде.



Edited by user8642 - 20-Jul-2020 at 19:48
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 21-Jul-2020 at 17:28

баш си е ок објектот на комерцијална, со оглед на тоа дека се две улици, а не една, а без маасивниот објект на Мериот, се формираше како некој визуелен лендмарк на вилушка на две улици
не е потребен плоштад, затоа што на целиот регион таму, има една цела шака вкрсувања меѓу улици каде природно си се формираат плоштадчиња

вистинските натрапници се споменикот, терасата на дистрикт и агрегатот на Мериот... агрегатот на Мериот мора да е таму, затоа што секој објект што работи 24/7 мора да има свој извор на енергија, и може да забележиме дека многу објекти имаат такви... проблемот е што објектот на Мериот е премасивен за својата локација, и мора да трпи вакви импровизации

многу наивно е да се мисли дека ако тука имало простор за споменик, дека ќе немало на плоштад... сите знаеме дека спомениците се нафрлани без концепт, и дека ако имаше тука споменик, ќе имаше на плоштад, а ако мислиш на дислокација, мислам дека сега барем сите знаеме дека тоа со сигурност нема да се случи во блиска иднина

фонтаната и споменикот на мајка тереза е најлесно да се отстранат, затоа што немаат никаква функција, не се доградени и можат да се отстранат на база на тоа дека се буквално на сред улица
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 21-Jul-2020 at 18:10
Originally posted by zabegan

баш си е ок објектот на комерцијална, со оглед на тоа дека се две улици, а не една, а без маасивниот објект на Мериот, се формираше како некој визуелен лендмарк на вилушка на две улици
Не се гледа на "виљушката" само од една страна. Еве ти една перспектива од другата страна. Овој објект е натрупан кајшто не му е место урбанистички, "краде" јавен простор, твој простор. Тоа што ова зграда е остров на модерна архитекура во гипсаното море, не ја оправдува воопшто погрешната урбанистичка позиција. Нема потреба да ја браниме на тој начин.





Originally posted by zabegan

агрегатот на Мериот... агрегатот на Мериот мора да е таму, затоа што секој објект што работи 24/7 мора да има свој извор на енергија
Како тоа само на Мериот мора надвор да му бидат агрегатите?? Како тоа Телеком на 100 метра од тука, а функционира со критична инфраструктура (ИТ мрежа што не трпи испади на струја). Или Охридска банка, или Комерцијална веднаш позади? Или па ДЦ Соравиа исто така во центар на Скопје со прибрани генератори во подрум. Како тоа сите може да си ги приберат агрегатите во подруми и во рамки на имотот, само Мериот може на улица да истопори. А доволно е доле во подрум само 3 паркинг места да се пренаменат во машинска сала за агрегати.

Edited by user8642 - 21-Jul-2020 at 18:10
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 21-Jul-2020 at 18:43

па ако се поместиш уште два метра полево, ќе ти изгледа ко да е на сред улица објектот... можеш по фотографијава погоре да видиш дека така личи Еуростандард дека отстапува од линијата на Мериот по таа логика
и линиите што ги имаш зацртано, не се најпрецизни, затоа што сателиот прави слики под агол... кога ќе излезеш на терен, ќе видиш дека тоа што отстапува од линија на улицата се „ушињата“, кои се заакривени на надвор по вертикала, а во основата отстапуваат се на се, околу метар, што при толку големи објекти не е воопшто приметен
нафтен агрегат, ако не сум грешка, не може да биде сместен во подрум, а не е како да нема веќе 500 машини, за вентилација, ладење, греење, вода и струја во подземните нивоа на хотелот и на покривот, а паркинг места нема доволно ни за гостите, а не па за вработени и за евенти...
пак ќе кажам, проблем е локацијата и масивноста на хотелот, за да може да функционира по своите брендови стандарди... не ми споредувај интернационален угостителски бренд со фирми што те шетаат по шалтери и редовно им паѓаат системи

назад на објектот на Комерцијална... ко да имаш заборавено дека е изграден пред сето тоа лудило, ама ај... сега што, треба да и удриме хилта на

и назад на споменикот, споредуваш објект што блокира цела улица со објект што блокира метри од улица, јас само ти кажав што е тука приоитетно, а тоа е повеќе од јасно дека е споменикот, па после се друго
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 21-Jul-2020 at 21:01
1. Немора да се запињаме сега. Еве по кој план е изградена зградава и јасно се гледа дека е опструирана линијата на улицата. Во прилог за споредба и стариот ДУП Мал Ринг пред да почнат глупостите од пред 15тина години каде ја нема зградава и е сосема урбаниситчки исправен. Значи не е до поместување лево десно за сликање, зградата е испрчена на сред собирна улица према централен градски плоштад.






2. Агрегати може и треба да се приберат по машински хали во подруми. По центар на Скопје има барем 30тина агрегати, немам точна бројка и сите се културно фино предвидени со проект, прибрани кај што им е место и нема никаков проблем. Па во Скопје има неколку помали-котлари за парно што се многу повеќе од агрегати и нема промблем да се во подрум, напротив треба да се баш тамо во подрум. И тука поголеми издувни гасови има па соодветно се менаџираат. Ти кажувам ствари за кои имам и некој професионален допир и не реплицирам само на памет. И апсолутно нема никаков проблем со издувни гасови тоа има како да се изведува надвор од објектот.

Edited by user8642 - 21-Jul-2020 at 21:03
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 22-Jul-2020 at 19:21

поентата ми беше дека не е исто да одземеш метар-два од улица, и да ја блокираш целата улица со масивен објект, имам милијарда пати поминато од таму и знам дека тоа што го има на маркици и на гугл мапс, не е исто во реалност
исто така, дека проблемот е поопширен, а ти почнуваш од некој кој најмалце го засега, а тоа е објектот на Комерцијална, а ако одиме по таа логика, тогаш проблемот е дека Мериот е премасивен и несоодветен за својата локација
Доколку може да стои некаде внатре ок, ама со сигурност ти гарантирам дека подземјето на објектот е веќе полно со машини и магацини, а по сите спратови посебно има машински соби и центри од кај што се управува со нив, сигурно не е дека нејќеле ова да им стои во подрум, туку има некоја друга причина

дискусијава ја правиме затоа што објектите на комерцијална и мериот се во функција и од нив опстојуваат фирми... објектот на Мајка тереза е само куп бетон со скелиња и џунгла околу него, и доколку би бил направен, никој не би имал корист од него... ако се отстрани, ќе може да се помести терасата на Дистрик на пример, а со оглед на тоа колкава улица ќе се отвори, и колку мал е обемот на комерцијална, агрегатот на Мериот ќе биде и незабележителен
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 22-Jul-2020 at 23:32
Originally posted by zabegan

знам дека тоа што го има на маркици и на гугл мапс, не е исто во реалност
Ова е едноставно невозможно. И во криминалот во урбанизмот па пак има геометри, елаборати, премер. Не е така како што викаш. Зградата е според план, ама планот е урбанистички погрешен.
Originally posted by zabegan

дискусијава ја правиме затоа што објектите на комерцијална и мериот се во функција и од нив опстојуваат фирми...
Ајде бе?! Па значи по оваа логика само индустриските зони имаат смисла, ништо друго?!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 23-Jul-2020 at 16:07

па не мораше да ми го скратиш повеќе од половина аргумент
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 01-Feb-2021 at 18:18
Ќе се урива недоградениот споменик на Мајка Тереза



https://kanal5.com.mk/kje-se-uriva-nedogradeniot-spomenik-na-majka-tereza/a459027
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 02-Feb-2021 at 01:35
Нека му објасни некој на српче дека зборот "дислоцира" не е никаков еуфемизам за "рушење". Ниту звучи помалку страшно, ниту ако се изразиш со англицизам си попаметен. "Дислоцирање" може да се однесува на нешто што се преместува од едно на друго место, а тука ќе има, и треба да има, класично рушење и единствена дислокација да биде градежниот шут кога ќе се дислоцира на некој куп во околина на Скопје. И да ја заборавиме оваа глупава идеја да се прави кацига-споменик на сред улица на десет метра од друг, нели кобајаги, побитен споменик.

Стршно е колку тоа македонските општини неспособни и неспремни кога ќе наидат на некој ваков проблем со диви градби за кои треба рушење. Па се наведени на еднократни импровизации како таа со Македонија Пат кога се ангажираше кај Мавровка. Во видевово градоначалникот среќен ни соопштува на јавноста дека нашlе правен начин како да го срушат спомеников. Прва работа, ќути сокриј се, не го занима народ тоа, појави се на телевизија кога ќе бидеш готов, не ќе ќе ќе... процедура, одлука, совет, закон, бла бла бла... Испеглајте ја правната процедура, и кажете еве готови сме. Втора работа, изволте бидете мангупи пресечете го гордиевиот правен јазол и срушете го спомеников дрско, дотолку исто како што претходната влада го направи дрско газејќи по сите планови и закови. Бидете сурови и никој нема да ви замери. Како што можеше со тревата пред ЕВН "совесни граѓани" преку ноќ да ја насадат, така еве и тука нека дејствуваат.


Edited by user8642 - 02-Feb-2021 at 01:38
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 02-Feb-2021 at 10:04
ЧЕТИРИ ГОДИНИ ВО СДСМ НЕ СЕ НАЈДЕ ЈУНАК ШТО ЌЕ ЈА УРНЕ ДИВОГРАДБАТА НА ГРУЕВСКИ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Бетонската дивоградба висока 32 метри која минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ замисли да биде споменик на Мајка Тереза, стои нечепната на влезот на Плоштад Македонија. Повеќе од четири години СДСМ е на власт на централно ниво, а над три на локално ниво во Скопје и скопските општини, но никој сè уште нема абер да ја урне грдосијата во центарот на градот.

Архитектите и урбанистите, како и комисијата која ја формираше Владата за справување со проектот „Скопје 2014“, веќе неколку години бараат објектот веднаш да се урне бидејќи се наоѓа на пешачка улица и го крши Уставот и низа закони. Но, никој не ги слуша и дивоградбата си стои на некогашната пешачка улица оградена со скелиња и тараби, при што за пешаците е оставено едвај половина метар простор за движење на едно од најфреквентните места во градот.

Споменикот е под надлежност на Министерството за култура кое почна да го гради во 2013 кога министерка беше Елизабета Канческа-Милевска. Дозволата за градба тогаш ја издало Министерството за транспорт и врски. Но, ниту еден од досегашните министри за култура не почна постапка за уривање, туку топката ја префрлаа во Владата.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ каде во моментов се прави Деталниот урбанистички план „Мал ринг“ вели дека Општината нема надлежност да реагира, односно решението за градба треба да го поништи повисок орган, па потоа да се пристапи кон уривање и бришење на маркичката. Тој вели дека за ова прашање имале неколку состаноци во Владата, а наредната недела ќе имаат нов на кој треба да се договори конечно решение.

„Јас сум согласен дека споменикот треба да се тргне. Го утврдивме правниот начин на кој тоа треба да се спроведе, останува само да имаме уште еден координативен состанок со Владата. Имаме правни аргументи дека тој простор не смее да се користи за изградба на било каков објект и тоа е доволно да се поништи решението за градба. Откако ќе се поништи решението тогаш може да се пристапи кон уривање“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

Владата пред две години одлучи споменикот на Мајка Тереза да не се урива, туку бетонската дивоградба да стои на Плоштадот само да добие нова намена и наложи на Министерството за култура да распиша конкурс за избор за идејно решение. На ваквата одлука остро реагираа од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, како и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов бидејќи не е спорна намената на објектот, туку тој воопшто не треба да постои. Тие најавија дека на конкурсот ќе учествуваат сите архитекти од Асоцијацијата и сите ќе понудат ист проект, просторот да биде улица. Шилегов побара да му го предадат споменик во негова надлежност и тој ќе го урне. По ова конкурсот не беше објавен, но оттогаш помина една година, а не е донесена одлука ниту за отстранување на споменикот.

Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013 го најавија проектот отворајќи ја спомен плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде в затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура и тогашната министерка Елизабета Канческа-Милевска го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015, а вредноста на договорот за негова изградба е 5,5, милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/chetiri-godini-vo-sdsm-ne-se-najde-junak-shto-ke-ja-urne-divogradbata-na-gruevski-vo-tsentarot-na-skopje/
Back to Top
David View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Feb-2020
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote David Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 02-Feb-2021 at 10:56
Празни зборови,исто како милион евра за уредување на кеј,милион евра за фасада на ЕВН итн итн итн така и за ова некоја фирма ќе добие милионче да го сруши а ќе си остане да чмае и да блокира пат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 19-Feb-2021 at 13:05
ГО СЛУШНАВМЕ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ, ПРОЛЕТВА ЌЕ СЕ УРНЕ ДИВОГРАДБАТА НА ПЛОШТАДОТ МАКЕДОНИЈА, РЕЧЕ ЗАЕВ

Пролетва ќе се урне дивоградбата што требаше да биде споменик на Мајка Тереза и која го блокира влезот на Плоштадот Македонија, а која почна да ја гради експремиерот Никола Груевски пред 8 години, најави денеска премиерот Зоран Заев. САКАМДАКАЖАМ.МК денеска го праша премиерот зошто власта на СДСМ четири години дозволува сред центарот на Скопје да стои 32-метарската бетонска дивоградба за која архитектите, урбанистите и граѓаните бараат да се урне оти го крши Уставот и низа закони. Заев одговори дека јасно му е што е барањето на граѓаните, го слушнал гласот на јавноста и верува дека пролетва споменикот ќе го нема и пристапот кон Плоштадот ќе биде слободен.

„Без разлика на желбите на Владата, на премиерот и на другите функционери што можете да направите со нешто за што се потрошени народни пари и е дојдено во состојба во која треба да одлучите дали ќе го отстраните или ќе го продолжите, морате да внимавате и на правните аспекти. После слушање на гласот на граѓани одлуката е јасна и кај нас како Влада и кај Град Скопје, овој објект мора да се отстрани за да може градот да дише. Но, мора да почекаме да завршат правните аспекти бидејќи не можете слушајќи го гласот на народот веднаш да постапувате. Јас верувам дека оваа пролет ќе имаме правно решение за да можеме пролетва да го отстраниме овој објект“, рече Заев кој денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи на Град Скопје за реконструкција на Кеј 13 Ноември.

Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013 го најавија проектот отворајќи ја спомен плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде в затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура и тогашната министерка Елизабета Канческа-Милевска го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015, а вредноста на договорот за негова изградба е 5,5, милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/go-slushnavme-glasot-na-narodot-proletva-ke-se-urne-divogradbata-na-ploshtadot-makedonija-reche-zaev/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 19-Feb-2021 at 15:49
Нема да се урне... како што нема ни галиите од Вардар да ги извади. Иако ги спремаат за пред избори за церемонијално "да му се исече скалпот" на политичкиот непријател, сепак нема ништо да направи. Не затоа што јас сакам/несакам или било кој друг бил за/против, туку затоа што најверојатно ни тоа неможат да го спроведат.

Edited by user8642 - 19-Feb-2021 at 15:49
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20190
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 12-May-2021 at 07:43
ВЛАСТА НЕМА НАМЕРА ДА ГО УРНЕ СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА КОЈ Е ДИВОГРАДБА И 7 ГОДИНИ ГО БЛОКИРА ВЛЕЗОТ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА



Споменикот на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје, кој е дивоградба и прекршува низа закони, уште стои нечепнат. Оваа дивоградба ја загрозува и безбедноста, бидејќи е блокиран влезот на Плоштадот. Власта на СДСМ нема абер да ја урне бетонската дивоградба која почна да ја гради експремиерот Никола Груевски, а која архитектите и стучната јавност бараат веднаш да се отстрани.

Премиерот Зоран Заев на 19 февруари на прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК кажа дека го чуле гласот на народот и споменикот пролетва ќе се отстрани. Но, од изјавата на Заев поминаа три месеци и не само што споменикот не е урнат, туку постапките за отстранување не се мрднати од место.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ признава дека нема никаков напредок во постапките за уривање на споменикот, но вели дека тоа е така бидејќи чекаат документи од Министерството за култура.

„На 26 април, испративме допис до Министерството за култура во кој бараме да ни се достави целокупната документација за овој споменик, кој е всушност нивни проект. Врз основа на таа документација треба да се утврдат прекршувањата за да може споменикот да се урне. До денеска немаме добиено одговор“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

СДСМ е на власт на централно и на локално ниво четири години и ништо не направи да отстранување на оваа дивоградба. На градоначалниците на Општина Центар Саша Богдановиќ и на Град Скопје Петре Шилегов за 4 месеци ќе им истече мандатот, а дивоградбата која и двајцата остро ја критикуваат и велат дека треба да се отстрани, уште стои.

Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013 го најавија проектот отворајќи ја спомен плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде в затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура и тогашната министерка Елизабета Канческа-Милевска го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври 2015, а вредноста на договорот за негова изградба е 5,5, милиони евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vlasta-nema-namera-da-go-urne-spomenikot-na-majka-tereza-koj-e-divogradba-i-7-godini-go-blokira-vlezot-na-ploshtad-makedonija/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2021
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 13-May-2021 at 11:10
Јас би упатил уште еден апел до власта да постапи макијавелистички во случајов. Како што можеа со тревникот пред ЕВН, нека направат и тука така. Герилски нека го срушат споменикот, нека пуштат булдожери без регистерски таблички, без ознаки на која фирма припаѓаат, притоа да и се нареди "под маса" на полицијата да остави празен терен и да не постапува по никакви пријави. Све ова звучи дифтарски, ама функционира и дава резултати!

Доста не замраат со процедури и закони и перење совест дека планираат да поспапуваат по правила и дека не биле како тие пред нив претходно. Не ни треба да случаме таков jibber-jabber. Сакаме резултати макар и сурово дифтарски освоени, на тие претходно не им беше гајле само резултати ги интересираа и затоа тој споменик уопште постои тамо!

Локалните избори се одличен момент за пред избори "да му се исече скалпот" на ВМРО и да се појават неименувани булдожери и да го срамнат ова ѓубре!

Edited by user8642 - 13-May-2021 at 11:11
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 17181920>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.191 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.