build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Објект на Мајка Тереза на плоштад „Македонија“
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Објект на Мајка Тереза на плоштад „Македонија“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 19>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7468
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 26-Jan-2013 at 21:49
Хуго, почав да ти се радувам на коментарот, се додека не ја затера накај Ск2014... не знам која ти е логиката, повеќе од половина од Ск20914, нарушува барем некаква инфраструктура и насочени простори (всушност, од таму потекнуѕва и најголемата фрустрација), и впрочем, овој објект на Мајка Тереза, е само продолжение на сето тоа, од истите луѓе, во ист стил на однесување...
а инаку, Мајка Тереза нема ништо помало значење, отколку другите личности на плоштадот, ако тебе лично не ти се допаѓа и не се согласуваш со нејзе, тоа е не е наш проблем...

а највеќе ме чуди тоа што, за секое урбанистичко прашање околу плоштадот, најмногу луѓе се загрижени за неговите споменици и погледот и пристапот кон нив, наместо за плоштадот како пешачка површина, низ која поминуваат пешачки коридори, со масивно голем промет... навистина не знам каде работите тргнаа наопаку тука Dunno


Edited by zabegan - 26-Jan-2013 at 21:49
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 26-Jan-2013 at 22:27
zabegan, колку и да има споменици во центарот на градот ниту еден од нив не е поставен дирекно врз пешачка улица, и тоа главна пешачка улица која води дирекно кон плоштадот. Дај ми еден пример за таков споменик?

Инаку не викам дека Мајка Тереза нема значење. Викам дека Мајка Тереза нема никаков допринес за Македонија и македонската историја. Настрана тоа што Мајка Тереза веќе има спомен-куќа и споменик со нејзиниот лик во непосредна близина. Зарем тоа не е доволно?! Вака испаѓа дека Мајка Тереза е меѓу најзначајните личности за Македонија, што нема блага врска со реалнста. Никогаш не нема ни спомнато барем еднаш во своите говори. Но тоа не е важно нема да и замериме. Мене највеќе ме фрустрира нејзината поставеност.

Edited by HugoGoulding - 26-Jan-2013 at 22:34
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7468
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 26-Jan-2013 at 22:43
Originally posted by HugoGoulding

zabegan, колку и да има споменици во центарот на градот ниту еден од нив не е поставен дирекно врз пешачка улица, и тоа главна пешачка улица која води дирекно кон плоштадот. Дај ми еден пример за таков споменик?

Инаку не викам дека Мајка Тереза нема значење. Викам дека Мајка Тереза нема никаков допринес за Македонија и македонската историја. Настрана тоа што Мајка Тереза веќе има спомен-куќа и споменик со нејзиниот лик во непосредна близина. Зарем тоа не е доволно?! Вака испаѓа дека Мајка Тереза е меѓу најзначајните личности за Македонија, што нема блага врска со реалнста. Никогаш не нема ни спомнато барем еднаш во своите говори. Но тоа не е важно нема да и замериме. Мене највеќе ме фрустрира нејзината поставеност.
кој ти збори за споменици, само споменици ли се прават? што е со редот објекти на кејот? со портата? со маркицата на плоштад? со изгубените паркови и пешачки патеки насекаде во мал ринг?

и не сакам да навлегувам во историски дебати, ќе кажам само дека во Македонската историја, не постои такво нешто како „најзначаен лик“... и не знам што е со таа преокупација со национално значење и водење на патриотизам, онамуи каде што и не мора да го има? во име на нацијата, ги заборавивме локалните културно-историски вредности и ги фрливме во ќош... Скопје може да се пофали дека се гордее со личности како Јустинијан, Карпош и Мајка Тереза на пример, и го прокоцкува сето тоа во име на нацијата...
што ако Скопје е главен град? никаде не е пишано дека главниот град е тој што треба да ја претставува нацијаа, и имаш добри примери за тоа низ светот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 04-Mar-2013 at 17:33
Дали Субрата Рој се откажа од споменик на Мајка Тереза?



Никаде ја нема плочата која индискиот милијардер и премиерот симболично ја открија во знак на најавената донација

Индиецот Субрата Рој се откажа од донацијата на Мајка Тереза на скопскиот плоштад. Вакви коментари се' почесто се слушаат од минувачите на плоштадот „Македонија“, испровоцирани од фактот што никаде ја нема плочата која симболично Рој и премиерот Груевски ја открија во знак на најавената донација. Шпекулациите се се' поголеми со оглед на тоа дека неодамна индиските власти му ги замрзнаа сметките на Рој поради неплатен данок.


Пред еден месец кога речиси целиот државен врв го пречека Индиецот на Плоштад, откриената плоча беше поставена на маса. Што се случи потоа со неа, официјално никој не знае. Плочата ја нема во непосредната околина на местото на кое беше одржана свеченоста, ниту, пак, на парцелата која е резервирана за таканаречениот паметник за Мајка Тереза.

Од Општина Центар велат дека немаат никакви сознанија и оти во целиот случај се надлежни од Министерството за култура. Оттаму, пак, не ја разоткриваат дилемата дали можеби Субрата Рој се премислил за донацијата или постапката се турка независно од случувањата со неговиот имот и богатство во Индија. Од Министерството и овој пат не одговорија што планира точно Индиецот да му подари на Скопје и каде исчезна плочата која беше откриена при најавувањето на донацијата.

При посетата, Рој накусо најави дека донацијата ќе биде спомен-обележје на Мајка Тереза. Ниту тој ниту премиерот Груевски не прецизираа што, всушност, ќе се изгради, кога ќе почне и колкава е вредноста на донацијата. „Тоа нема да биде само статуа на Мајка Тереза, туку нејзин голем дом“, рече Рој.

Инаку, во интерес на најавената донација, неодамна Општина Центар нацрта маркичка во ДУП „Мал ринг“ наменета за спомен-обележјето на Мајка Тереза. Планот дозволува изградба на објект на плоштадот „Македонија“ висок до 32 метра на површина од 621 квадратен метар. Дали во чест на најголемата хуманистка ќе биде изграден некој вид објект, или фонтана слична на „Фонтана ди Треви“, како што се шпекулира во јавноста, не откриваат надлежните. (Дс.Т.)


http://utrinski.com.mk/?ItemID=D6E826A79265604C8B02C43A7CEBA7DA


Да се надеваме дела овој проект навистина нема да се реализира на таа локација. Инаку уште пред повеќе од еден месец пуштив допис до министерството за култура и тоа луѓето кои се директно инволвирани во процесот. Досега не сум добил никаков одговор. Но мислам овие денови повторно да им пишам. 

Како што имам во погорните постови наведено мојата идеа е да се направи спомен обележје (најдобро во вид на фонтана) помеѓу Феудалната кула и Спомен куќата на Мајка Тереза а просторот кој и онака е ограден со објекти да се претвори во некој вид АРТ плоштад со форум и слични содржини кои ќе бидат пригодни за собирање и одржување на разни манифестации. Мислам дека дефинитивно на Скопје му е потребен таков простор.

Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 22-Mar-2013 at 19:11

Успеав да дојдам до некој информации за објектот. Значи сепак се работи за еден вид габаритен објект во кој ќе се влегува а во средината ќе има голема скулптура. Ми беше кажано дека идеата за плоштад Мајка Тереза кај спомен куќата генерално е добра идеа но дека планираниот објект е премногу гломазен за тој плоштад. Што се однесува до избраната локација во центарот на градот , таа локација е желба на индиските инвеститори а нашите институции гледаат по секоја цена да им угодат што никако не го одобрувам и мислам дека требале да им понудат неколку локации а не вака кај ќе им текне. Но нејсе сега за сега инвеститорот го нема а јас планирам и во иднина да се борам за тоа помеѓу Феудалната кула и Спомен Куќата на Мајка Тереза да се направи еден вид Арт Плоштад на кој ќе можат да се одржуваат разни манифестации. Еден вид на театар на отворено. 

Би било супер заедно да изработиме некоја идеа ако има заинтересирани а истата јас ќе се обидам да ја протнам до советот на општина Центар. 

Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 22-Mar-2013 at 20:22
Јас сметам дека величењето на ликот и делото на Мајка Тереза во градов е сосема недефинирано, неконципирано и раштркано. Да се потсетиме, објекти и споменици на Мајка Тереза во Скопје има (номинално по хронолошки редослед, но не стриктно):

1. Спомен плочата со маркери на куќата во која се родила. Оваа беше преместувана барем еднаш, ако се сеќавам добро.
2. Споменикот кој до денешната спомен куќа.
3. Спомен соба во феудалната кула.
4. Спомен куќата на Вангел Волшебникот, која содржи...
5. ...уште еден помал споменик, нелогично наместен кон внатрешноста на спомен куќата
6. Гинеколошката болница во Чаир која го доби нејзиното име.
7. Клинички комплекс „Мајка Тереза“, бивша државна болница (што ме наведува да помислам дека кога-тогаш ќе се случи недоразбирање, кога ќе се праша „во која болница?“, а ќе се одговори со „во Мајка Тереза“, незнаејќи дали се мисли на чаирската или комплексот клиники).
8. Спомен плоча за фиктивниот камен темелник за идниот...
9. ...габаритен објект кој незнаеме дали е зграда или споменик, на Плоштадот „Македонија“.
10. Улицата „Водњанска“ која е преименувана во „Мајка Тереза“.

Според мене, идеално е ако се стокми се' ова во следниве рамки:
1. Спомен плочата на Плоштад да си остане, но да се утврдат прецизно рамките, бидејќи не сум сигурен дека локацијата е баш таа.
2. Да се сруши на Вангел чудото, да се направи плоштадче низ целиот простор околу, да се помести бронзениот (поголемиот) споменик некако централно.
3. Нека се откупи дел од зграда карши предложеното плоштадче, нека направат внатре музеј и десет спомен соби ако сакаат. Со тоа и нема смисла да има спомен соба во феудалната кула, која би се отстапила на Музејот на Град Скопје, и би имала поставка поврзана со историјата на централното подрачје на Скопје, а особено улица Македонија.
4. Нека одлучат која од здравствените институции да го задржи името, другата нека ја преименат. А улицата не ми смета да си остане „Мајка Тереза“, иако лично сум уверен дека секогаш ќе ја викам „Водњанска“

Edited by alexgizh - 22-Mar-2013 at 20:22
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
strumica arch View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 23-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote strumica arch Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 24-Mar-2013 at 19:52
Originally posted by kultuzin

Успеав да дојдам до некој информации за објектот. Значи сепак се работи за еден вид габаритен објект во кој ќе се влегува а во средината ќе има голема скулптура. Ми беше кажано дека идеата за плоштад Мајка Тереза кај спомен куќата генерално е добра идеа но дека планираниот објект е премногу гломазен за тој плоштад. Што се однесува до избраната локација во центарот на градот , таа локација е желба на индиските инвеститори а нашите институции гледаат по секоја цена да им угодат што никако не го одобрувам и мислам дека требале да им понудат неколку локации а не вака кај ќе им текне. Но нејсе сега за сега инвеститорот го нема а јас планирам и во иднина да се борам за тоа помеѓу Феудалната кула и Спомен Куќата на Мајка Тереза да се направи еден вид Арт Плоштад на кој ќе можат да се одржуваат разни манифестации. Еден вид на театар на отворено. 

Би било супер заедно да изработиме некоја идеа ако има заинтересирани а истата јас ќе се обидам да ја протнам до советот на општина Центар. 



Bez da me sfatis pogresno se odusevuvam na tvojot entuzijazam i go pozdravuvam no, ona sto e uzasno vo celata situacija e sto ti (citaj individua na nekoja pozicija) ke se obides da protnes nekoja ideja do sovetot na opstinata, sto ti ke se boris do kraj da se napravi art park i sl... Jas pak od sekogas smetav deka javnite objekti, spomenici i javnite prostori se opstestveno dobro i za niv e potrebna javna debata na koja strucnata javnost ke dade nekakov sud....

PS. Pod strucna javnost ne smetam deka treba da se glasa na nekakva anketa!!! ))
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 03-Apr-2013 at 15:05
shok na denot:

http://libertas.mk/%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BA%D0%BB%D1%83%D0%B7%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8-%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D0%B5-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%9C%D0%B5-%D0%B8%D0%B7/

Ексклузивни фотографии: Еве како ќе изгледа споменикот на Мајка Тереза

Споменикот на Мајка Тереза кој ќе се издигне неколку чекори од „Воинот на коњ“ ќе биде висок 32 метри, а ќе почне да се гради по завршувањето на хотелот „Мериот“. Инвестицијата е донација на индискиот милијардер и претседател на групацијата „Сахара Индија Паривар“, Субрата Рој, контроверзен бизнисмен и име за кое се поврзани бројни финансиски афери.

- На ова место ќе се издигне дом каде ќе почива споменот за оваа голема и милостива жена. Оваа статуа која ќе и биде посветена предлагам да го носи името „Статуа на хуманоста“ – рече индискиот бизнисмен при поставувањето на камен темелникот на 25 јануари годинава, и кој истовремено многу ги пофали премиерот и Владата велејќи дека „не сретнал почесни, поамбициозни и попосветени политичари во светот“.

subrata-roj-spomenik-majka-tereza-645x310

На фотографиите до кои дојде Либертас се гледа макетата од проектот по кој ќе биде изработен споменикот.

 

spomeikmajkatereza4

spomenikmajkatereza1

spomenikmajkatereza2

spomenikmajkatereza3

spomenikmajkatereza5














Edited by Cloverstack - 03-Apr-2013 at 20:23
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 03-Apr-2013 at 15:14
Lelelele uzas! Idealno ke bide da se srusi spomen kukata I da se postavi na nejzino mesto!
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 03-Apr-2013 at 15:18
УАТ'ДА'ФАК??????? 
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 03-Apr-2013 at 15:18
inace, samo za sporedba, kapuljacata na tereza ke bide otprilika kolku san marko i ke ja pokrie celosno posto e na 3 metra od nea
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 03-Apr-2013 at 15:31
Грдо, морничаво, нездраво...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
tiberix View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote tiberix Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 03-Apr-2013 at 15:31
Човече не зезај!!! Јас уште на себе си не можам да си дојдам од она што го видов!!! 
Back to Top
anti-modernista1 View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote anti-modernista1 Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 03-Apr-2013 at 15:33
ova ni po koja cena ne sme da se dozvoli da se izgradi.. toj covek sto go odobruva ova za gradba za sluzuva da bide obesen na plostad... ova ako se izgradi ke bide pogreb na centarot na skopje..

Edited by anti-modernista1 - 03-Apr-2013 at 15:34
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 03-Apr-2013 at 15:35
Is this some kind of sick late april fools joke?
Грозно, болно...
Traveling.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9100
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 03-Apr-2013 at 15:44
Одличен! Се надевам дека ова ќе се реализира во целост, битно е овој процес да се дотурка до крај, за можеби и оние кои се заслепени од „барокот“ конечно да разберат каде е проблемот. 
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 03-Apr-2013 at 15:51
Кој е за да направиме еден протест? Или ви е страв да не не' истепаат како што ги истепаа тие против црквата пред некоја година?
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 03-Apr-2013 at 16:02
мхмм... ќе испаднеме оние кои го омаловажуваат делото на Мајка Тереза... најголеми хулагани и неморални личности... а уствари... it's the other way around... ама тоа е... свесни сме за тоа како се процесираат и сервираат работите во оваа наша "држава"...

Како и да е... ајде да видиме што може да се стори...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1917
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 03-Apr-2013 at 16:02
ako veke stvarno e donacija i ne e plateno so nashi pari, bi poddrzal negovo miniranje bez oko da mi trepne. ona e najgrozno nesto sto nekogas sum go videl i ne mozam da dojdam na sebe.
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 616
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 03-Apr-2013 at 16:08
СМРТНА КАЗНА !!!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 19>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.