build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пошта 1

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 16-Jan-2013 at 10:50
Главната пошта по вчерашниот пожар. Објектот се` уште е чуван од полициски возила и од едно противпожарно возило, заграден е со лента, веројатно ќе се одвива полициски увид на лице место:






Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 16-Jan-2013 at 14:54
Доколку штетите предизвикани од вчерашниот пожар во седиштето на Македонски Пошти во Скопје навистина се минимални и доколку навистина објектот биде повторно функционален за 1 до 2 недели, тогаш не гледам никакво оправдание зошто би се менувала фасадата на истиот.
 
Единствено е потребно фасадата, која според сликите се забележува дека нема претрпено сериозно оштетување од пожарот, да се обнови со современи материјали, како и обновување на покривот кој изгоре во пожарот.
 
http://www.24vesti.mk/shtetite-vo-pozharot-vo-makedonski-poshti-se-minimalni
 

Штетите во пожарот во Македонски пошти се минимални

 
16.01.2013 | 14:07
 
Штетите од вчерашниот пожар во главната зграда на АД „Македонска пошта“ - Скопје се минимални бидејќи не е оштетена сервер салата ниту архивата. Оштетени се покривот, шалтер салата и некои канцеларии од вториот кат. Првиот кат не е оштетен.
 
Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на АД „Македонска пошта“ - Скопје, Рафиз Алити кој рече дека функционираат нормално и оти очекуваат денеска да се поврзе опремата за да функционира уплатата и исплатата, а пратките се сигурни.
 
- Засега не можеме да ја кажеме висината на штетата во пожарот. Управниот одбор на АД „Македонска пошта“ - Скопје и денеска ќе се состане. Уште утре ќе се формира Комисија која ќе ги направи проценките за висината на штетата. Денеска истражните органи се во зградата и ги утврдуваат причините за пожарот, посочи Алити.
 
Пожарот, истакна тој, почна на вториот кат и претпоставуваме дека тоа било спој на електричните жици.
 

 
Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имале отворен тендер за осигурителна компанија, кој уште не е затворен, има клаузула во која стои дека секој кој ќе го добие ќе го надомести осигурувањето на зградата, кое важи од 1 јануари годинава. - Тој што ќе го добие треба да ја покрие штетата. На тендерот имавме четири-пет компании кои се заинтересирани, потенцира Алити.
 
Нагласи дека во шалтер салата имало и пари во железните каси, кои се уште не се отворени бидејќи трае истражната постапка.
 
- Очекуваме за четири до пет дена да се вратиме во зградата бидејќи сите канцеларии што ги користевме се во добра состојба, додаде Алити.



Edited by Dexter26 - 16-Jan-2013 at 15:45
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12452
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 16-Jan-2013 at 14:58
Бидејќи се присобраа постови, а и во очекување на истрагата за пожарот и градежните работи за санација на штетата, еве посебна нишка за овој објек.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Jan-2013 at 15:26

Јас мислам дека ова ќе биде ‘‘добра‘‘ прилика за ‘‘барокна‘‘ реконструкција на објектов...

Да не одам до толку со во црни и несериозни сценарија... ама имам мал сомнеж дека пожаров е од дотраена електрична инсталација... најверојатната ‘‘причина‘‘ со која ќе излезат надлежните органи...

Не тврдам... можно е... може и од други причини да е... сеуште не се знае... но после се... не ја потиснувам мислава дека ова не е така чисто и случајно... иако секако сакам да не верувам и се надевам дека истрагата ќе успее потполно да го отстрани тој сомнеж... секако само ако е концизна, дефинитивна и јасна... 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 16-Jan-2013 at 15:52
ГАЛЕРИЈА Поштата била најдобро архитектонско дело во Македонија за 1975 година

Објекот во кој работеа „Македонски пошти“, кој се запали вчера, е најпознато дело на битолскиот ликовен уметник и архитект Јанко Константинов (1926 - 2010), за кого се смета дека ја внел современата светска архитектура на македонскиот простор. Авторот, за Телекомуникацискиот центар во Скопје, ја има добиено престижната Борбина плакета за архитектура во Македонија за 1975 година.

За овој објект е пишувано со пофалби и во угледните странски списанија, како во италијанското „Л аркитектура“.

За неговото дело карактеристични се формата што прераснува во скулптура и откривањето на експресивноста на натур бетонот.

Како етаблиран и афирмиран проектант од Калифорнија, Константинов по катастрофалниот земјотрес во 1964 година одлучил да се врати во Скопје и да придонесе во изградбата на разурнатиот град. Работел на планот на централното подрачје на Скопје, на сеизмолошката станица во Валандово. Од 1966 година ги изработил своите највредни конкурсни проекти: „Младински дом, седум секретари на СКОЈ“ во Загреб, Собрание на град Скопје, Трговски центар во Скопје, споменик на Илинден во Крушево, МАНУ во Скопје, административна зграда на ГП Пелагонија, Ормен банка во Техеран, повеќенаменска кула во Кувајт, вила во Грција и вила во Солун. Во овој период се проектирани и изведени неговите архитектонски ремек-дела: Педагошка гимназија „Никола Карев“ во Скопје 1965-1968; Медицински центар во Скопје 1968-1970; Телекомуникациски центар за ПТТ во Скопје - прва фаза 1972-1974 и шалтер салата, втора фаза 1979-1980,
хотелот „Александар Палас“, објектите на „Т-мобиле“ МК во комплексот на Македонски телекомуникации.

Студирал на Архитектонскиот факултет во Белград. Во 1954 година заминал на специјализација во Кралската данска академија за архитектура и уметност во Копенхаген. Оттогаш, па сè до крајот на 1964 година, работел во странство. Во тој период Константинов бил во центарот на актуелните светски збиднувања во архитектурата, имајќи можност да работи во најелитните проектантски бироа.
Во 1958 година го проектирал музејот во градот Олборг во Данска. Од 1958 до 1964 година, престојувал во Лос Анџелес, во САД.
Од проектите од овој период се издвојуваат: покриениот пливачки базен во Лос Анџелес 1960-1962 и Научниот центар за Јужна Калифорнија 1962-1965.

Покрај наградата за Телекомуникацискиот центар, Константинов е носител и на Борбина плакета за архитектура во Македонија во 1969 година за Педагошка гимназија „Никола Карев“ во Скопје, наградата „11 Октомври“ на СР Македонија за архитектура и уметност во 1975 година за Телекомуникацискиот центар во Скопје, наградата „Андреј Дамјанов“ во 1994 за севкупното архитектонско творештво и др.
Донирал 108 акварел слики во Битолското биро и музеј. Работел и на фрески и икони за битолската црква „Пресвета Мајка Божја“.

Извор: Порта3 и Википедија




Back to Top
chelsea View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote chelsea Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 16-Jan-2013 at 17:03
Iskreno ne mozam da zamislam kako ovoj objekt bi go prepravile vo "barok"verzija.Samo da go urnat od koren.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 16-Jan-2013 at 18:07
Се слагам со chelsea, поради својата специфичност во деталите а и целината објектот според мене е невозможно да претрпе било каква баркона реконструкција a и обид за такво нешто би бил неуспешен, тежок за изведба а воедно и катасатрофален. Eдинствено може да се реконструира исто како што изгледаше, во никој случај да се урне или да претрпе било какви модернистички или барокни измени. Овој објект мора да си остане таков како што е и во матерјалите и во изгледот.

Edited by HugoGoulding - 16-Jan-2013 at 19:46
Back to Top
zdravozivo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2012
Location: Kavadarci
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote zdravozivo Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 16-Jan-2013 at 19:51
Еве и јас да дадам едно пророштво

-Или пожарот ги фати неспремни (непланиран трошок кој мора итно да се санира),па ќе ја реставрираат така малку без да ја чепкаат демек ги вреднуваат убавите градби
-Или ќе видиме проекти со стаклени куполи,метал/стакло кули,јарболи,знамиња...
-Секако можно е и варијантата на тук таму по некое столбче,нова боја со по некое релјевче,скулптуричка некоја,лавчинња бронзени.... и оп...
нео класикааа

Јас сепак се надевам на првата варијанта

П.С. Многу ќе ми биде ќеив да видам некоја слика од поштата кога била нова посебно ако е сликана одблизу.Ако видел некој некаден би сакал да ја постира тука
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 16-Jan-2013 at 19:55
Originally posted by HugoGoulding

...објектот според мене е невозможно да претрпе било каква баркона реконструкција....


da bidam malku cinicen: aj se kladime deka moze
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 16-Jan-2013 at 20:07

Може, може... секако дека може...

Ако не... ќе ја прогласиме за несоодветна и неисплатлива за реновирање... ќе ја срушиме и ќе изградиме нешто ново... барокно...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
CenterCityKid View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote CenterCityKid Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 16-Jan-2013 at 20:11
Steta so ogled na toa teka se raboti za eden od najmarkantnite objekti vo Skopje, no so srekja nemalo covecki zrtvi.
 
Mislam deka redno vreme e da se postavi prasanjeto za protivpozarnata zastita na pogolemite objekti (pred se' javnite objekti), no i positoko (narocno stanbenite). Ne e prv pat da izbie pozar koj se rasplamtuva vo najkratok rok (sto znaci nema sprinkleri), i pristapot na protivpozarnite vozila e oteznat.
 
Za nedostatokot na osiguruvanje vo momentot na pozarot, za toa nemam komentar, ednostavno mora da leta necija glava zaradi toa (po moja zelba, se znae, pocnuva toa so direktorot). Imalo tender, a toj sto kje go dobiel tenderot kje platel za stetata ... kako da ne, kje se zatrca sega nekoj da go dobie tenderot.
 
Smetam ova se daleku povaznite elementi koi proizleguvaat od nastanov. Ako se ide na nekakva rekonstrukcija po povod pozarot (a treba da se instalira barem protivpozarna zastita), neka se sredat i klima uredite i drugite apendiksi na fasadata. Sekakva diskusija okolu barok e neseriozna.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 16-Jan-2013 at 20:13
Па самиот скопски ‘‘барок‘‘ во суштина е несериозен...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 750
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 16-Jan-2013 at 23:20
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 17-Jan-2013 at 01:07

Ма не и е ништо, градена е во најсериозното градителско време што Скопје некогаш го видело. Ќе направат нова купола, стакла, ентериер и како нова ќе биде. Сигурно нема да ги обноват партизанските мурали, но антички мотиви не би ме изненадиле. Не брзајте да се збогувате со Поштата.

Инаку новинарскиот текст внесува заблуда - делот што гореше е изграден во втората фаза 1979-1980.

Некои постари фотографии: 

и некои понови

"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Jan-2013 at 02:39
Originally posted by Dexter26

Одговарајќи на новинарско прашање директорот Рафиз Алити рече дека имале отворен тендер за осигурителна компанија, кој уште не е затворен, има клаузула во која стои дека секој кој ќе го добие ќе го надомести осигурувањето на зградата, кое важи од 1 јануари годинава. - Тој што ќе го добие треба да ја покрие штетата. На тендерот имавме четири-пет компании кои се заинтересирани, потенцира Алити.

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 17-Jan-2013 at 02:49


SEEMS LEGlT
Back to Top
DIMITAR View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote DIMITAR Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 17-Jan-2013 at 20:28
Originally posted by macedonia




Отидоа прекрасните мурали  Unhappy
Важно Рафиз Алити вика дека штетата била минимална. Има ли очи тој?  Bash
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 17-Jan-2013 at 22:51
Del od unistenite murali. Blagodarnost do Aleksandar Kondev.







Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 18-Jan-2013 at 11:04
sega ke napravat i "poubavi" i "postari"
Back to Top
JimmyN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Dec-2012
Location: Germany
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JimmyN Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 18-Jan-2013 at 11:18
еве уште некој слики:

Вредни кубистички фрески на Борко Лазески се уништени во пожарот во поштата

По уништените фрески на скопската железничка станица по земјотресот во Скопје во 1963 година, пред два дена во пожарот во главната пошта изгореа и други фрески на познатиот македонски уметник Борко Лазески.

Уништени се пет големи кубистички фрески со мотиви од Народноослободителната борба во Македонија, создадени во 1981 година. Фреските на Борко Ласески на површина поголема од 200 квадратни метри беа поставени на ѕидовите на главната сала од главната пошта.

Мојот татко се залагаше за јавна уметност, за уметнички дела достапни за сите, тој секогаш сметаше дека уметноста им припаѓа на сите, па затоа неговите главни дела се поставени на јавни места“, вели Росица Лазеска, ќерка на Борко Лазески.

Од „Македонска пошта“ велат дека сѐ уште немаат целосна процена на штетите од пожарот, но дека тие не се мали.

Муралот на Лазески, изработен во акрилна техника, со години ја красеше просторијата во која влегуваа странките во поштата.

Од Управата за заштита на културното наследство најавуваат дека ќе направат комисија што ќе ја процени штетата на муралот и ќе донесат одлука за негова евентуална санација.

Сѐ уште не сме направиле увид на самото место, бидејќи нема услови за тоа и немаме никакви информации во каква состојба се наоѓа муралот. Во вакви ситуации постои процедура, која ние ќе ја почитуваме. Како културно добро, тој треба да има посебен третман. Ако има помали оштетувања, ќе се прави реконзервација“, изјави Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство.

Уметникот Борко Лазески (1917-1993) е познат како првиот македонски посткубист. Го карактеризираат динамични искршени линии, а носечки мотиви му се сцени од Втората светска војна. Неговите мурали се наоѓаат во повеќе јавни објекти во земјава, како на пример муралите на споменикот „Македониум“ во Крушево, во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, а негови фрески се наоѓаат и во Мексико.

А.Д.

Фотографија: Александар Кондев




Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.