build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пошта 1

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 27-Dec-2014 at 17:15
Originally posted by maks

и Zabegan, те молам немој да рецитираш песнички од дедо ти и баба ти за тоа,,што не учи државата, што е вредно а што не!,, Никому не му се допаѓа поштата, ниту кога се градела ниту сега. Дека е наградувана, искоментирав погоре, а дека и се восхитувале, треба да го прашаш обичниот граѓанин-надбљудувач за кого е наменета. Предимензиониран простор, без никаква суштинска содржина. По мое мислење - изграден по директива, оти ете и нашава република требала да има нешто репрезентативно. Та режимскиот архитект, создава кубистичка апстракција со која шаката академици и црвена буржоазија ќе можат да се пофалат во Белград . За жал и тие имале/имаат воздишки многу повеќе за ,,Београдско позориште,, и Фонтаните во Рим.
Конечно, треба да се запрашате, откого ли овие новокомпонирани режимски архитекти(значи системот не изумрел) ја учеле филозофијата за градење објекти на ваков начин ? Smile

 
И на мене ми се допаѓа зградата на Македонска Пошта во Центар - Пошта 1.
 
Со обновување на цветот кој изгоре на покривот на објектот и со едно добро варосување, верувам дека објектот ќе биде прекрасен.
 
А кога сме кај едноумието, очигледно треба да си ја избистриш главата со еден факт - ова што се случува денес во Скопје од урбанистички гледна точка е одличен пример за едноумие.
 
Од една страна ги имаш владата и градските власти како уништуваат паркови и објекти, наспроти граѓаните кои протестираат против истото тоа уништување, а за нивната одлучност во одбраната на урбанистичкиот изглед на пост-земјотресно Скопје, завршуваат наградени со апсења спроведени не од регуларна полиција, туку од над 200 специјалци и тоа ноќе, како анти-терористичка акција, а не задушување на протест против уништување на оние малку траги од природата кои останаа во централното градско подрачје.
 
Ако ова не ти е пример за едноумие, тогаш не знам што е.


Edited by Dexter26 - 27-Dec-2014 at 17:16
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 28-Dec-2014 at 16:36
Originally posted by maks

и Zabegan, те молам немој да рецитираш песнички од дедо ти и баба ти за тоа,,што не учи државата, што е вредно а што не!,, Никому не му се допаѓа поштата, ниту кога се градела ниту сега. Дека е наградувана, искоментирав погоре, а дека и се восхитувале, треба да го прашаш обичниот граѓанин-надбљудувач за кого е наменета. Предимензиониран простор, без никаква суштинска содржина. По мое мислење - изграден по директива, оти ете и нашава република требала да има нешто репрезентативно. Та режимскиот архитект, создава кубистичка апстракција со која шаката академици и црвена буржоазија ќе можат да се пофалат во Белград . За жал и тие имале/имаат воздишки многу повеќе за ,,Београдско позориште,, и Фонтаните во Рим.
Конечно, треба да се запрашате, откого ли овие новокомпонирани режимски архитекти(значи системот не изумрел) ја учеле филозофијата за градење објекти на ваков начин ? Smile
сум кажал дека мене лично ми се допаѓа поштата некогаш? не ми се допаѓа, еве јас, што толку ја бранам, ќе ти кажам дека не ми се допаѓа... и сега што?
ај сеа сите ќе седиме и ќе се жалиме како не ни се допаѓал објект изграден пред 30 и кусур години, така? и сите фрустрации од тој објект ќе ги пренесеме во се што ќе се креира денес... еден архитектонски период на градов, кој не зафаќа ни 10% од неговата архитектура, треба да биде центар на фрустрации, во наредните 500 години, очигледно
...бог да чува

тоа се обидувам да го објаснам бре човече... доста веќе со тој глуп однос према архитектурата ...аман што е толку тешко да се помириш со нешто што не ти се допаѓа и што е една минијатурна точка во скопската градителска оставштина?
ти нејќеш ова, ја нејќам она, и што?
а што ако секој граѓанин на земјава сакаше на местото на поштата да има една голема раскопана нива? требаше да го трпиме селското мнозинство, кое се импресионира од ниви наместо од современи објекти?
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 12-Mar-2015 at 09:23
Главната пошта во Скопје влегува во агендата за реконструкција

Враќањето на препознатливиот архитектонски изглед на зданието „Пошта – 1“ конечно се најде во работната агенда на Македонски пошти. Компанијата денеска го распиша огласот за пронаоѓање изведувач што ќе ги промени светлосните куполи над шалтер – салата во објектот што го краси центарот на Скопје. Најавениот реконструктивен зафат доаѓа откако целосно беа санирани канцелариските простории на дирекцијата на Македонски пошти. Како дополнителна обврска, допрва треба да се изврши санација на шалтерската сала. Еден од најрепрезентативните ентериерни простории во главниот град во иднина ќе биде вклучен во владиниот проект за едношалтерски систем, во кој граѓаните ќе можат да завршат дел од административните обврски.



Идејниот проект за обнова и ентериерно уредување на шалтерската сала во главната пошта засега не е даден на увид на македонската јавност. Она што досега се знае е дека уништениот мурал на уметникот Борко Лазески нема да биде обновен. Кога станува збор за изведбата на светлосните куполи на објектот, Македонски пошти во зафатот планира да инвестира 5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Рокот за реконструкција на овој дел од објектот „Пошта – 1“ треба да се комплетира во рок од 12 месеци, додека градежните компании треба да ги достават своите понуди за учество на тендерот до 31 март.

Шалтер – салата, некогашните куполи и дел од канцеларискиот простор на главната пошта настрадаа во катастрофалниот пожар во јануари 2013 година. Огнените јазици проголтаа дел од архитектонскиот труд на авторот Јанко Константинов, за чија бравурозност и визионерска идеја тој ја доби државната награда „11 Октомври“ во 1975 година.

http://www.build.mk/?p=43544
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 12-Mar-2015 at 18:38
Имам понуда да правам сушервештачење за овој случај,ама иако ми е предметот тука ,се двоумам веќе 2 недели дали да прифатам.

Треба да се влези меѓу чеканот и наковалната,а тоа знае да боли
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 12-Mar-2015 at 20:24
Originally posted by gjoko

Имам понуда да правам сушервештачење за овој случај,ама иако ми е предметот тука ,се двоумам веќе 2 недели дали да прифатам.

Треба да се влези меѓу чеканот и наковалната,а тоа знае да боли


Не знам што да кажам, освен дека електричната струја не беше исклучена додека објектот почна да гори, а алармот за пожар не работеше. Тоа е сигурно бидејќи јас со уште стотици други луѓе живеат спроти Пошта 1 и го видоа ова.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 12-Mar-2015 at 23:41
е на овој објект барем навистина не му дихтуваат прозорите, зашто ги нема... тука нема аргумент
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 11-Jun-2015 at 09:12
Втор тендер за реконструкција на главната пошта во Скопје

По првиот неуспешен обид за пронаоѓање на изведувач, АД „Македонски пошти“ денеска го објави вториот по ред тендер за изведба на новите светлосни куполи над шалтер салата на објектот „Пошта-1“ во центарот на Скопје. Изведувачот треба да го оформи некогашниот препознатлив изглед на главната пошта, кој беше уништен по пожарот во јануари 2013 година. Проценките говорат дека за изведба на куполите ќе се потрошат финансиски средства од 5 милиони денари, без вклучен ДДВ. Изведбените активности што ќе го вратат сјајот на зданието „Пошта-1“ треба да се комплетираат во рок од 12 месеци.



Реконструктивниот зафат следува по целосното санирање на канцеларискиот простор во објектот. Во иднина, репрезентативната шалтерска сала е предвидено да се вклучи во владиниот проект за едношалтерски систем, во која граѓаните ќе можат да завршат дел од нивните обврски кон државата. Објектот „Пошта-1“ е архитектонска творба на авторот Јанко Константинов, за која ја има добиено државната награда „11 Октомври“ во 1975 година.

http://www.build.mk/?p=44810
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 20-Oct-2015 at 09:05
По две и пол години, се најдоа пари за реконструкција на главната пошта

Конечно се најдоа финансиски средства за заштита на бравурозното дело на македонскиот архитект Јанко Константинов. Македонски пошти во изминативе два месеци активно работи на делумна реконструкција на зданието „Пошта – 1“ во центарот на Скопје. Изведбените работи периодов се фокусирани единствено на покривната конструкција. Оштетените бетонски делови се санираат, а во моментов се поставува и хидроизолација на бетонската површина. Како што можеше да увиди екипа на „Билд“ на терен, градежните работи во внатрешноста на шалтер – салата не се започнати. Не се знае ниту кога ќе започнат активностите за нејзина санација.



Врнежите во овие две и пол години се сливаа во внатрешноста на врвното архитектонско дело, кое од очите на јавноста е заштитено со црни фолии. Од Македонски пошти се одлучиле да ја изведат полиуретанската хидроизолација на покривот, со која ќе се заштити канцеларискиот простор. Во следната фаза ќе мора да се изведат куполите на главната пошта, со што ќе се реши проблемот со навлегување на вода во внатрешните простории. За санацијата на шалтер – салата засега нема решение. Единствената позната информација е дека во иднина таа ќе се вклучи во владиниот проект за едношалтерски систем, во која граѓаните ќе можат да завршат некои од административните обврски кон државата.

За изведба на хидроизолацијата на кровот на главната пошта во Скопје се издвоија финансиски средства во износ од 4.253.374 денари.

http://www.build.mk/?p=46806
За сè има вторпат
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 25-Oct-2015 at 20:15
Кое црно бравурозно дело бе
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5359
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 25-Oct-2015 at 22:16
Ајде оди на Цеца и на Шабан Шаулиќ малку степај се со некој, таман да се ослободиш од бесот.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 25-Oct-2015 at 23:09
Originally posted by гитардемон

Ајде оди на Цеца и на Шабан Шаулиќ малку степај се со некој, таман да се ослободиш од бесот.


Не ги слушам наведените,нит ме занимаат.Ај објасни ако сакаш што има БРАВУРОЗНО во тој објект?
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 26-Oct-2015 at 00:00
Originally posted by ja_licno

Originally posted by гитардемон

Ајде оди на Цеца и на Шабан Шаулиќ малку степај се со некој, таман да се ослободиш од бесот.


Не ги слушам наведените,нит ме занимаат.Ај објасни ако сакаш што има БРАВУРОЗНО во тој објект?
за почеток.. објасни што ти значи тоа „бравурозно“
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2543
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 26-Oct-2015 at 07:11
бравура   

мн. бравури
Вид збор: Именка, женски род
Големо вештина во изведба на уметничко дело.
Англиски: bravura Француски: bravoure Албански: bravurë
Употреба: Уметност
Слично со: вешт (прид.) , мајсторски (прид.)
Изведенки
бравурозен прид.
бравурозниот
Пример: бравурозен пијанист
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 26-Oct-2015 at 17:54
дали објектот е грандиозен? - Да
дали е уникатен, со уникатен изглед и концепт? - Да
дали е совршен? - Не
дали мене лично ми се допаѓа? - Не
дали поради тоа што не ми се допаѓа треба сета можна фрустрација од денес да ја исфрлам на него? - Не

едноставно...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 26-Oct-2015 at 19:37
Овој објект има изворна скопска идеја. Константинов црпи инспирација за објектот од кулите на Скопското кале, кои во финалната реализирана верзија треба да го спојат стариот лев дел на Скопје со новоизградениот десен дел на градот.

Има многу страници од архитектонски учебници напишани за овој објект.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7763
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 27-Oct-2015 at 00:54
Originally posted by BOJAN

Овој објект има изворна скопска идеја. Константинов црпи инспирација за објектот од кулите на Скопското кале, кои во финалната реализирана верзија треба да го спојат стариот лев дел на Скопје со новоизградениот десен дел на градот.

Има многу страници од архитектонски учебници напишани за овој објект.
еве јас како поборник за правата на брутализмот во Скопје, може да ти кажам дека објектите како комплексот на пошта не ми се јасни
ок, лежат на стварно добри издржани концепти, ама финалната изведба и нивната положба во околината, според мене се неразбирливи и тешки за прифаќање... премногу се вон временски, со мал допир со реалноста... овие објекти би имале смисла само доколку целиот простор околу нив би се трансформирал во брутализам, и не знам како точно ги сметаат за потполнување на целина, поврзување со калето или со остатокот од градот
многу повеќе време на нив е трошено од скулпторски аспект, па да не речам дека се занемарува фактот дека се работи за архитектура
...има многу работи кои конкретно може да наведам што лично не ми се допаѓаат на мене, ама тоа е лично... вака барем набрзински се обидов да склопам што е тоа што не е во ред и зошто објектите ги начекува толкава омраза

ама јас пак ги респектирам како и да е и не се замарам толку дали ми се допаѓаати најцивилизиран однос спрема нив би бил оној каде што би можеле да се освежат во очите на јавноста, а да не се нарушат како објекти, а за тоа треба стварно мајсторски памет... некој со бравурозни квалитети
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 27-Oct-2015 at 01:12
Да ставеле адетив за бела боја на бетонот, 100 % сите ќе ги сакаа
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 27-Oct-2015 at 02:08
Originally posted by zabegan

Originally posted by ja_licno

Originally posted by гитардемон

Ајде оди на Цеца и на Шабан Шаулиќ малку степај се со некој, таман да се ослободиш од бесот.


Не ги слушам наведените,нит ме занимаат.Ај објасни ако сакаш што има БРАВУРОЗНО во тој објект?
за почеток.. објасни што ти значи тоа „бравурозно“


Незнам што значи,ја само цитирав од текстот погоре.А не навлегувам во тоа колку објектот е ''грандиозен'',само ме интересираше што е толку бравурозно...
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 27-Oct-2015 at 11:16
Бравурозна е идејата на авторот за да се спои историското со модерното Скопје, едни до други, од двете страни на реката Вардар. Притоа, идејата на авторот да лежи на мотивираност да се преслика едно историско здание во сегашноста. Истовремено, тоа здание да ја поттикнува имагинацијата на секој поединец од реализираните форми на објектот, замислата дека човекот во неговата внатрешност се наоѓа во некој вонземски брод на некое далечно патување надвор од планетата. Поштата е бравурозна, од причина што е едно уметничко дело изведено во реалноста на Скопје. Плени со својата невообичаеност, апстрактност, прогресивност. До денешен ден е мета на фотографирање и разгледување на многу посетители на градот. Бидејќи живеам спроти главната пошта, секојдневно гледам како се вртат околу поштата, ја набљудуваат, сакаат да влезат внатре, се распрашуваат по случајните минувачи од околу. Главната пошта е вистински репрезент на Скопје.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14143
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 27-Oct-2015 at 15:19
Мала исправка

Originally posted by BOJAN

Главната пошта е вистински репрезент на модерно Скопје.
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.