build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Верски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 545556
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 724
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1101 Posted: 12-Mar-2019 at 17:53


Па и јас не знаев, но тргнав од Википедија, каде како извор за статијата се користи страницата на Управата за заштита на културното наследство, бидејќи оваа џамија е споменик на културата. Тој линк не работи, но благодарение на Википедија зачуван е преку вебархив (тука).

Инаку, за ТИКА не е прв пат да спроведува вакви контроверзни проекти.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1102 Posted: 14-Mar-2019 at 21:06
https://24.mk/details/se-najvuvaat-protesti-vo-okhrid-protiv-nelegalnata-gradba-na-alipashinata-dzamija?fbclid=IwAR2UV6y2UlZ2EY17vGuSDJmQckoCgSQNS_Rquzlb9buc3LyDGNjlGvEJVZI


Статија од 24вести. Наводно не станувало збор за обнова на минарето туку само за реставрација на џамијата. Се најавуваат и протести доколку не се превземат мерки од страна на институциите и ако се изгради минарето кое треба да е 32 метри високо.

Не знам, треба да си има закон и да се почитува, сепак тоа е стар дел на градот и треба да се зачува таков каков што е. Но од друга страна не гледам зошто мора да е 34 метри, ако го нарушува изледот нека виде пониско, не дека нешто ќе смени. Освен ако има правила за тоа како треба да изледа еден исламски верски објект тогаш треба да се дозволи, но сум приметил дека повеќе се фри стајл   
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 356
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1103 Posted: 19-Mar-2019 at 15:54
Стопирана изградбата на минарето од Али Пашината Џамија

Изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во Охрид, е запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно наследство, јавува Вечер. Како што посочиле од институцијата, инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.


“Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција”, вели за Вечер Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија.

“Се работи за објект од крајот на 15 и почетокот на 16 век и треба да се направи стручна експертиза од страна на професори, архитекти и градежници и да се утврди дали треба да се гради минаре со височина од 32 метри. Со Заводот и Музеј во Охрид, пак, инвеститорот требаше да се консултира за измените кои се направени во внатрешноста на џамијата, а кои не одговараат на издаденото одобрение”, додава Николовски.

По ваквата реакција на надлежните, за денес закажаниот мирен протест на здружението на граѓани „Совест“, е откажано на неодредено време.  Од здружението најавуваат средба на нивни претставници со со премиерот Зоран Заев, на 20 март во Скопје, на која ќе се разговара за ова прашање.

Конзерваторското решение за ревитализација на Али Пашината Џамија, издадено во 2016-та, кое според ЗГ „Совест“ не е веќе во важност, предвидуваше изградба на минаре високо 32 метри. Проектот го финансира турската вакуфска заедница.

https://www.ohridnews.com/stopirana-izgradbata-na-minareto-vo-ali-pashinata-ami-a/

Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 426
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #1104 Posted: 27-Mar-2019 at 17:09
Originally posted by ironm


Стопирана изградбата на минарето од Али Пашината Џамија
Изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во Охрид, е
запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно
наследство, јавува Вечер. Како што посочиле од институцијата,
инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и
отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и
парично санкциониран.

“Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до
конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот
надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот
тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено
до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство
(ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше
направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму
ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција”, вели за Вечер
Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски
надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува
Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед
дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија.


“Се работи за објект од крајот на 15 и почетокот на 16 век и треба да
се направи стручна експертиза од страна на професори, архитекти и
градежници и да се утврди дали треба да се гради минаре со височина од
32 метри. Со Заводот и Музеј во Охрид, пак, инвеститорот требаше да се
консултира за измените кои се направени во внатрешноста на џамијата, а
кои не одговараат на издаденото одобрение”, додава Николовски.


По ваквата реакција на надлежните, за денес закажаниот мирен протест
на здружението на граѓани „Совест“, е откажано на неодредено време.  Од
здружението најавуваат средба на нивни претставници со со премиерот
Зоран Заев, на 20 март во Скопје, на која ќе се разговара за ова
прашање.


Конзерваторското решение за ревитализација на Али Пашината Џамија,
издадено во 2016-та, кое според ЗГ „Совест“ не е веќе во важност,
предвидуваше изградба на минаре високо 32 метри. Проектот го финансира
турската вакуфска заедница.https://www.ohridnews.com/stopirana-izgradbata-na-minareto-vo-ali-pashinata-ami-a/




Нема грешка стопирано. Ова е се со амин на власта, а се друго е мачкање очи. Очајно им требаат гласовите од страна на ИВЗ и муслиманите.

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B8%D0%B2%D0%B7-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81-%D0%B7%D0%B0-%D1%9F%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1105 Posted: 27-Mar-2019 at 18:32
Настрана религијата, ова е срам за државата, ако воопшто можам така да ја наречам. Со ова Владата покажува дека нема контрола врз својата територија, и дека законот не важи подеднакво за сите. Што ако утре на пример на МПЦ му текне да гради камбанарија од 20 метри врз темелите на Св.Јован Канео? Објект кој е во исто време од религиозно и културно историско значење. Тоа е, див запад, или по ново север?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 356
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1106 Posted: 27-Mar-2019 at 22:49
Ова е со амин на сите политички партии, а не само власта, бидејќи освен ова здружениево Совест сите други молчат. Иако може слободно да се констатира дека здружениево е составено од група на хипокрити. Но, ова не е никаква новост, целиот хаос во нашава земјоделска задруга се случува со амин на сите, во спротивно некогаш ќе престанеше.

Инаку околу "Што ако утре на пример на МПЦ му текне" - МПЦ веќе го прави тоа 20-30 години наназад, ИВЗ сега само почна да учи од најдобрите. Зарем веќе го заборавивте бетонирањето на неколку илјади години историја на Плаошник? Тие објекти (кои се градени со државни пари со амин на етнички македонските партии) ќе бидат во владение на МПЦ, дел за нивни канцеларии, дел за универзитетот, дел за студентски дом, итн. Тие објекти беа дел од списокот на УНЕСКО поради коишто Охрид можеше (и сеуште може) да биде сместен во загрозени подрачја. Или пример градбата во Св. Наум пред неколку години? Целиот проект беше дивоградба, па Тимотеј се закануваше (на тогашниот градоначалник Бакрачески) во случај да не се легализира и да се сруши целата градба, буквално во ист стил на ИВЗ денеска со минарево. Или пример конаците во Св. Заум? Само затоа што имотот бил нивен, влегоа со бетонот во езеро и ја заградија цела плажа.

Ова ти е исто како Мерко што рече за случајов со плаживе (ако ги пратите тие случувања) - додека во Охрид палеа трска и бетонираа плажи сите ќутеа (освен еко здруженијава кои посекако никој не ги есапи). Сега ние ќе палиме трска и ќе бетонираме.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 465
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1107 Posted: 28-Mar-2019 at 04:03
Изградбата на руската црква во Аеродром,црквата во Ново Лисиче,црквата на Нова железничка,црквата во Карпош,новите цркви во Бутел,Ченто,Центар,Даме Груев...се е правено со помош од општините,државата особено во делот на земјиште.
Крстот кај Џевахир...
Овие трендови беа насадени од МПЦ,а овие другиве сега за да не останат покуси...

Edited by kiriOK - 28-Mar-2019 at 04:06
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 545556

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.342 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.