build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Верски објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Верски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 575859
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12960
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1161 Posted: 30-Jul-2020 at 10:03
Една релативно непозната црква и за скопјани...

За сè има вторпат
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1162 Posted: 30-Jul-2020 at 11:05
Епа до новата се наоѓа доста постара црква, која беше со помали димензии и ја немаше камбанаријата, па затоа луѓе не ни знаеја дека постои
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5529
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1163 Posted: 01-Aug-2020 at 09:23
Верниците задоволни, Општина Карпош ќе врши обнова на еден од најпознатите манастири








Oпштина Карпош на 41. седница (29 Јули) на Советот ја изгласа предлог одлуката за конзерваторски и реставраторски работи на манастирот ,,Св.Пантелејмон” кој датира од 12-тиот век и е еден од културно-историските обележја не само на општина Карпош, туку и на градот Скопје.
Еве зошто овој манастир е толку важен за верниците:
„Св. Пантелејмон“ — манастирска црква во истоимениот манастир во с. Горно Нерези, на планината Водно, се наоѓа на осум километри југозападно од Скопје. Манастирскиот комплекс е ограден со високи ѕидови, а во него се наоѓаат црквата изградена во македонски стил и манастирските конаци. На ѕидовите на овој споменик на културата е сочувано фрескосликарство, коешто по своите квалитети се вбројува меѓу врвните дострели на византиското сликарство од времето на династијата Комнини.
Црквата била подигната од византискиот принц Алексеј Ангел син на Константин Ангел и Теодора, ќерка на византискиот цар Алексеј I Комнин (1081 – 1118). За подигањето на црквата во 1164 година сведочи натписот на мермерниот надвратник помеѓу нартексот и наосот на црквата, а чија содржината вели: „Се разубави овој храм на светиот и славен Великомаченик Пантелејмон со средства на господинот Алексеј Комнин, син на перфирородна госпоѓа Теодора во месец септември индикт 13 година 6673 (=1164), при игуменството на Јоаникиј монах“
За градење на црквата бил употребен обичен кршен камен, изваден во околината на манастирот и тули, кои со големо мајсторство се претворени во полихромни површини што го нагласува впечатокот како објектот да израснал од една монолитна карпа.

Живописот во нерешката црква, е дело на повеќе раце, пред сè на рацете на двајцата главни мајстори. Главниот мајстор е повиканиот мајстор кој дошол од Цариград. Неговата рака го извела живописот на најодговорните и најосветлените делови во црквата. Врвно дело на главниот зограв се композициите Оплакување Христово и Симнување од крст.
Композицијата „Оплакување Христово“ е позната тема која се сретнува речиси во сите цркви насликани пред и после живописувањето на нерешката црква. Оваа композиција во Нерези се смета за предвесник на ренесансата во Италија и дека всушност ги има сите потребни елементи што ја карактеризираат и Џотовата Св. Богородица, која е претставена како млада силна жена со малку натажено лице. Ова значи дека преобразбата во ликовниот израз својствена за него и раноренесансните дејци во Италија е всушност започната во Македонија, 150 години претходно.

https://skopje24.mk/opstina-karpos-ke-obnovuva-eden-od-najpoznatite-manastiri/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1164 Posted: 01-Aug-2020 at 21:11
Колку глуп наслов, кога се работи за еден од најважните споменици на културата воопшто во цела Македонија и каде се прикажани едни од најраните предренесансни фрески.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 575859

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.