build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Верски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 55>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #381 Posted: 07-Apr-2011 at 17:06
Црква кај браната Света Петка. Црквата веројатно е посветена на Света Петка.


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #382 Posted: 21-Apr-2011 at 15:51

Г. Петар: - Во Австралија се гради најголемиот манастирски комплекс

Во Австралија се гради најголемиот манастирски комплекс во целата македонска дијаспора

Ова вчера на традиционалната предвелигденска средба со новинарите го истакна владиката Петар, одговорен за преспанско-пелагониската и австралиско-новозеландската епархија. Комплексот ќе биде поделен на црква и конак, се наоѓа во областа Илавара, блиску до Волонгонг, и се гради со предвидената динамика.

- Станува збор за манастирот „Св. Петка“, за кој најмногу се ангажира претседателот на црковната општина Св. Климент од Порткембла, Гоце Петковски. Досега се инвестирани околу 1,2 милион долари, а целиот објект ќе чини околу 4 милиони долари - пари што се обезбедуваат од прилози и даренија. Завршена е градбата на конакот, црквата е покриена, нарачан е иконостас, а потоа ќе бидат ставени и иконите - појасни митрополитот Петар.

Тој додаде дека во Австралија во тек е изградбата на соборната црква „Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн, потоа манастирската црква на „Св. Прохор Пчињски“ во Донибрук и манастирска црква во стилот на средновековните цркви посветена на свети Наум во Роклин, како и црквата посветена на света Богородица Пречиста во Ливерпул, а завршена е градбата на црквата „Св. Димитрија Солунски“ во Спрингвајлд, близу Мелбурн.

- Нашиот народ градел во најтешките периоди, а доказ за тоа е и што во Македонија најголемите цркви се создадени во најпроблематичните економски времиња - додава г. Петар.

Во преспанско-пелагониската епархија, со Божествена Василева литургија ќе биде одбележан Величетврток, кога е установена Тајната вечера и денот кога се вапсуваат првите велигденски јајца, а за време на велигденските празници митрополитот г. Петар ќе богослужби и во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, додека на третиот ден Велигден и во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Ресен.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4211172786&id=9&prilog=0&setIzdanie=22263
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #383 Posted: 21-Apr-2011 at 22:18
Со љубов и донации црквата Св. Никола во Долна Влашка Маала- еден од најубавите храмови во градот



  
Во црквата Свети Никола во долна Влашка Маала, деновиве поставен е нов мермерен под и подно греење, со што може да се каже дека се финализира целосната реконструкција на црквата која започна во 2008 година. 

Како што раскажува Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник во црквата Свети Никола, реконструктивните  работи започнале пред 2008, кога била срушена старата градба и на незјзино место, првично, се изградиле просторија за продажба на свеќи, канцеларија, влез, се доградила крстилница за кршетевање.









- Моја желба и на црковниот одбор  е овој храм да биде еден од најубавите во градот и за тоа максимално се грижиме. Во изминатите 20 години, храмот беше неактивна црква во парохиска смисла. Немаше секоја недела служба и парохиски свештеник кој ги извршува тие служби. Од јануари 2008, со одлука на Владиката Тимотеј сум поставен за свештеник и црквата стана парохиски активна, а задоволството е уште поголемо поради фактот што последните три години се поголем е бројот на верници кои редовно доаѓаат, вели Отец Сашо. 

Изградена е камбанарија и поставено е ново звоно, а во јануари годинава и нов иконостас од ореово дрво, изработен во резба.



 
- Поголемиот дел од градежните работи и внатрешното уредување финансиски се покриени преку донации. Новиот мермерен под и иконостасот, во целост, се донација на Љубе Јовчески од Скопје. Морам да ги споменам и останатите кои ја помогнаа реконструкцијата- Јован Милошески при набавката на камбанаријата и сега реставрацијата на иконите, Климе Талев, кој помогна за поставувањето на олтарот и новиот престол. Благодарни сме и на сите останати кои донирале макар и еден денар, секој според можностите, но најважно е тоа да биде од срце, потенцира Отец Сашо.

Околу значењето на големиот празник кој ни претстои и обичаите, повеќе во најновото издание на “Охридски разговори”.

http://ohridnews.com


Edited by Makedonij - 05-Apr-2012 at 08:12
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #384 Posted: 29-May-2011 at 17:31
Нова црква во населба Железничка - Штип

На 29. 05. 2011 година, Препод. Теодор Освештен, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, го изврши чинот осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква посветена на Светиот Иларион епископ Мегленски и одржа содражајна пригодна беседа.

http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/images/stories/zeleznicka/1.jpg

http://www.bregalnickaeparhija.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #385 Posted: 29-May-2011 at 17:33
Нова црква во село Рајчани, Кочанско

На 28. 05. 2011 година, Св. Ахил еп. Лерински; св. Пахомиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерјско намесништво, го изврши чинот осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква посветена на Света Троица во с. Рајчани, Спанчевка парохија – Кочанско архиерејско намесништво, општина Кочани во присуство на многубројен народ како и на Заменик Министерот за Одбрана при Владата на РМ г. Емил Димитров, Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски.

http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/images/stories/rajcani/1.jpg

http://www.bregalnickaeparhija.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #386 Posted: 01-Jun-2011 at 09:15
Црква во иѕградба на излезот од струмица накај Дојран, незнам но мислам дека станува збор за католичка, веднаш до неа, односно неколку десетина метри накај Струмица има уште некаква започната црква но не успеах да ја сликам.




Edited by Makedonij - 01-Jun-2011 at 09:15
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #387 Posted: 01-Jun-2011 at 14:14
Католичка не е, веројатно е адвентистичко-методистичка, во тој дел на Македонија има население од оваа конфесија од времето на Кукушка Унија. За католичка имаме најава во Штип, ама што се случи со тоа нема информација оддамна.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #388 Posted: 02-Jun-2011 at 09:54

Originally posted by Makedonij


Originally posted by Makedonij

Св.Архиѓакон Стефан - Истибања (Виница)АПЕЛ ДО СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ВЕРНИЦИ! (03.06.2010)Пред две години во село Истибања - виничко се постави камен темелник за
изградба на нова црква посветена на „Свети архигјакон Стефан“.Со ажурна работа на верниците од селото се исчисти теренот  и со
благослов на неговото високопреосвестенство Митрополит брегалницки
г.Иларион се освети камен темелник.Средствата кои беа соберени од месното население беа доволни за
поставување на темелите од црквата и полнење на делот наречен цокле. По
двегодишна пауза инициајтивниот одбор за градба повторно се активира за
со цел се почне повторна работа на црквата.Се известуваат сите верници од село Истибања и од секаде во
православието, а и оние кои се на печалба во странство од село  Истибања
а секако и од околните места, ако се заинтересирани за помош да се
обратат кај парохискиот свештеник (отец Душко Пецов-070 336 045) и
кај членовите на одборот .http://preminportal.com.mk



Edited by Makedonij - 22-Jan-2013 at 11:50
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #389 Posted: 02-Jun-2011 at 16:14
Што е со градежниот матерјал, ваква полна т.н. "циганска" цигла оддамна не се сеќавам да се градело нешто со такви цигли. Да не се работи за некакво искористување цигла од некој предходно срушен објект?
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #390 Posted: 02-Jun-2011 at 16:35
a mene pa bas mi se sviga, so ovaa cigla mnogu avtenticno izgleda...
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #391 Posted: 02-Jun-2011 at 16:42
Добро не реков дека не ми се свиѓа, интересно изгледа и афтентично, само не до толку афтентично туку потсеќа на византиски стил одоколу.
Back to Top
spaceman091 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 26-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote spaceman091 Quote  Post ReplyReply #392 Posted: 02-Jun-2011 at 17:11
dobro ova e veke prasanje na vkus, mene poveke toj vizantiski stil na crkvi mi se sviga
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #393 Posted: 02-Jun-2011 at 17:29
Na orginalniot post,postovi nanazad, se vide kako na toa mesto imaše nekakov objekt, šo go urivat, verovatno e upotreben materialot od toj objekt....
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #394 Posted: 02-Jun-2011 at 20:33
Originally posted by Makedonij

Црква “Свети апостоли Петар и Павле” – Ерџелија. Камен темелникот е поставен на 11. 11. 2006 година од Митрополитот Брегалнички г. Иларион.


http://a3.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/200671_1860903052290_1532355837_2743738_3716269_n.jpg
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #395 Posted: 08-Jun-2011 at 15:59
На 28. 05. 2011 година Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши осветување на камен-темелник за нови конаци на манастирот „Св. Ѓорѓи Полошки“ на Тиквешкото езеро, а беа осветени и постоечките конаци на манастирот. Пред чинот на осветување, Митрополитот отслужи Света Божествена Литургија во манастирскиот храм.

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/poloskiosvet8.jpghttp://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/poloskiosvet6.jpg
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/poloskiosvet7.jpghttp://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/poloskiosvet1.jpg
http://www.povardarska-eparhija.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #396 Posted: 08-Jun-2011 at 16:02
ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМ „СВ. ПЕТАР И ПАВЛЕ“ С.ВЕЛГОШТИ,ОХРИД

На 28.05.2011 година го прославивме споменот на св. Ахил епископ Лариски, чии мошти во времето на цар Самоил почивале на островот Голем Град во Преспанското Езеро. На овој ден беше осветен новиот храм посветен на светите апостоли Петар и Павле во селото Велгошти, Охрид. Изградбата на овој храм беше почната во 2008 година по иницијатива на веќе починатиот верник Петар Николиќ, а со Божја помош се заврши оваа година. Беше отслужена и света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Кипријанов и Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа која во целост ви ја пренесуваме. Пред верниот народ се обрати и г-дин Илче Буџакоски, член на црковниот одбор, кој се заблагодари на сите што допринесоа за изградбата на овој храм.

http://www.dke.org.mk/novosti/slikimaligolemi/svahil2011%2010.JPG
http://www.dke.org.mk/novosti/slikimaligolemi/svahil2011.JPG
http://www.dke.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #397 Posted: 08-Jun-2011 at 16:34

На 08.05.2011 година на празникот на светиот апостол и евангелист Марко, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на свештеници и ѓакони од Кумановско архиерејско намесништво во с. Бујковци освети ново светилиште посветено во чест на Успение на Пресвета Богородица. Благодарение на пораките и укажувањата на Митрополитот г. Кирил верниците на ова село како и повеќето села од Епархијата успееја да изградат во нивната средина свети храмови каде што некои се осветени а некои уште се во изградба. Посебно Митрополитот ја нагласи потребата од нови светилишта и им искажа благодарност на сите што учествуваа во изградбата. По евангелисувањето на светиот храм се ослужи и првата Света Божествена Литургија, а потоа настана сенародна веселба кај сите верници во с. Бујковци.




http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/bujkovci080520113.jpghttp://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/bujkovci080520116.jpg

http://www.mpc.org.mk


Edited by Makedonij - 08-Jun-2011 at 16:37
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #398 Posted: 08-Jun-2011 at 16:44
Осветување нов конак во манастирот на св. Јоаким Осоговски (26.04.2011)

На третиот ден од Воскресението Христово, 26.04.2011 година, во манастирот на св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Полошко-кумановски господин Кирил, заедно со свештениците од Кривопаланечкото архиерејско намесништво го осветија новоизградениот конак и свечено го отворија за прием на верници и гости намерници.

http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/osogovski260420113.jpghttp://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/osogovski260420115.jpghttp://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/osogovski260420114.jpg

http://www.mpc.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #399 Posted: 08-Jun-2011 at 16:50
Камен-темелник на нов храм во с. Миладиновци (29.04.2011)

На 29.04.2011 година, Источен Петок – Балаклија, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на кумановскиот намесник протоереј-ставрофор Драги Стојановски и свештенството од епархијата благослови камен-темелник на нов храм на свети Илија во с. Миладиновци. Новиот храм се гради до малата стара црква. Пред присутните верници Митрополитот г. Кирил ја нагласи потребата од ново светилиште со апел што побргу да го изградат. Па така преку лицитација златната лопата ја зеде градоначалникот на Општина „Илинден“ г. Жика Стојановски донирајќи 1500 евра; сребрената лопата „Сервис Колевски“ г. Љубе Колевски – 500 евра; бронзената „Мавит“ г. Марјан Марковски – 300 евра; челичната г. Дамјан Блажевски од с. Миладиновци – 300 евра. Потоа како донатори пристапија клуб „Милениум” со 1000 евра, фирмата „Блик Мак” со 500 евра, фирмата „Турбо Инзинеринг” со 100 евра, фирмата „Того Миладиновци” со 150 евра, г. Борче Мицановски со 150 евра и црковниот одбор од с. Миладиновци со 100 евра. Понатаму пристапија со донации повеќе благочестиви верници од с. Миладиновци како и од околината со цел и тие да се вградат како втемелувачи на новото светилиште. Потоа присутните естрадни уметници настапија со своите изведби на сеопшта радост на сите присутни.

http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/miladinovci040520111.jpghttp://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/miladinovci040520115.jpghttp://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/miladinovci040520116.jpg

http://www.mpc.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2113
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #400 Posted: 08-Jun-2011 at 16:58
Осветување на новоизградена црква во село Тромеѓа (кумановско) (25.04.2011)

На 25.04.2011 година, Воскресение Христово - втор ден, во с. Тромеѓа, Кумановско архиерејско намесниство, Митрополит Полошко-кумановски г. Кирил во сослужение на повеке свештеници и ѓакони изврши осветување на новоизградена црква посветена во чест на светиот великомаченик Георгиј. Камен-темелник на ова светилиште беше поставен на 27 октомври 2000 година од Митрополит Кирил. Црквата се изгради од доброволни прилози на верниците од с. Тромеѓа, Ајдучка Чешма, Иго Тричковиќ, како и бизнисмени од Куманово.

http://images.kumanovonews.com/content/golemi/vesti/dnevni/crkva-tromedja-g.jpghttp://images.kumanovonews.com/content/golemi/vesti/dnevni/crkva-tromedja.jpg
http://www.mpc.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1819202122 55>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.