build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Верски објекти (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Верски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 59>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 15-Oct-2011 at 19:05

15 October 2011

По барање на монашкото братство од манастирот “Успение на Пресвета Богородица - Трескавец” советниците на општина Прилеп на последната седница ја одобрија идејата за донација на 100 економични светилки. Покрај тоа наскоро ќе се отпочне со реконструкција и изградба на пристапните патишта кои водат до двата најатрактивни манастири препознатливи за Прилеп и регионот: “Успение на Пресвета Богородица  - Трескавец” и “Свето Преображение” кај селото Зрзе.

 

Решението за доделувањето на светилките е донесено со цел овој религиозно - културен центар да биде попристапен за посетителите, но и за поголема безбедност на манастирскиот комплекс “Трескавец” кој е прогласен за споменик на културата на Македонија. Локалната самоуправа изготви  проект за изградба на патот до манастирот. Финансиската конструкција со оглед на оддалеченоста и висинската разлика изнесува околу еден милион евра.

- Станува збор за покомплициран градежен зафат заради висинската разлика од 800-900 метри. Првата кота од каде треба да тргне патот е 600 метри, а манастирот се наоѓа на 1300 метри надморска височина. Треба да се направи квалитетен пат со испусти за водата. Патот до манастирот е влезен во програмата на Владата на РМ. Изградбата е планирана да се реализира во 2012 та или на почетокот на 2013 година, вели Марјан Ристески градоначалник на Прилеп.

Во програмата е предвидена и изградба на патот за манастирот Зрзе што со децении претставуваше проблем при посетата за големиот број туристи и почитувачи на културното наследство.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 21-Oct-2011 at 15:21

Црквата „Света Богородица“ ќе стане централен храм

Нормално е да се раздвојат зградите на скопската епархија и на архиепископијата, зашто постојниот објект станува премал, но тоа нема да ја намали важноста на соборниот храм, вели отецот Драги Костадиновски, старешина на „Свети Климент Охридски“




Нов атрактивен архиепископски комплекс, кој ќе биде седиште на поглаварот г.г. Стефан и на владиците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, ќе се гради на просторот околу црквата „Света Богородица“ во центарот на Скопје. Трите објекти, предвидени за библиотека, резиденција и за дополнителни црковни простории, ќе бидат поставени околу црквата, веднаш спроти зградата на МАНУ.
Со тоа, постои можност овој верски храм да стане централна црква во главниот град и да го засени соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Црквата „Света Богородица“ ќе стане главно сврталиште, каде што ќе се одржуваат сите главни настани поврзани со работата на МПЦ-ОА. Градежните маркици веќе се внесени во последниот детален урбанистички план на општината Центар за таа област.

Од кабинетот на архиепископот велат дека сегашното седиште на митрополијата и архиепископијата во близина на соборниот храм „Свети Климент Охридски“ има мал просторен капацитет и не ги задоволува нивните административни потреби.

- Во иста зграда е сместена администрацијата на скопската епархија и на архиепископијата. Одамна е во план околу црквата „Света Богородица да се изгради комплекс. Имаме потреба за нов црковен објект, во кој ќе бидат сместени кабинетите на владиците и на поглаварот, библиотека на стари црковни книги, како и простории за пречек на важни црковни делегации. Г.г. Стефан има своја резиденција во близина на тврдината Кале, но таа повеќе е негово живеалиште - објаснуваат од кабинетот на поглаварот.

Оттаму не сакаат да коментираат детали за проектот на црковниот комплекс, како и дали неговата изградба ќе биде финансирана со пари од МПЦ-ОА или ќе се бараат други донатори.

Во православниот свет се практикува црквата каде што се наоѓа седиштето на архиепископијата и патријаршијата да биде прогласена за централен храм.

Некои свештеници на МПЦ-ОА, пак, велат дека ваквата идеја е со цел да се намали значењето на соборниот храм како централна црква за сите православни верници во државата.

Отец Драги Костадиновски, старешина на „Свети Климент Охридски“, вели дека е нормално да се раздвојат зградите на скопската епархија и на архиепископијата, зашто постојниот капацитет станува премал, но тоа нема да ја намали важноста на соборниот храм.

- Седиштето на соборниот храм е стратегиско. Објектот е граден со функција да биде главен храм за верниците од целата држава. „Света Богородица“ е градска црква и не е чудно на околниот простор да се смести црковен објект за повеќе намени, како на пример, канцеларии за администрација на архиепископот и синодот, простории за пречек на битни црковни делегации - нагласува отец Костадиновски.

Пред три години скопјани добија нов православен храм, посветен на заштитничката на градот - Пресвета Богородица. Обновената црква, која се градеше три години, беше осветена на празникот Свети Атанасиј и во присуство на стотици верници. Црквата, која се наоѓа спроти МАНУ, во познатото Пајко Маало, на самиот кеј од левата страна на реката Вардар и е обновена под ктиторство на Трифун Костовски, кој ја финансираше изградбата со 1,5 милион евра.

Оригиналниот објект бил изграден во 1835 година. Некогашната црква била запалена и ограбена во текот на Втората светска војна и урната во земјотресот во 1963 година.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето.
Исто така, и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.
Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот попознат како Голема Богородица.

%20


Седумкатна палата за г.г. Стефан

Седумкатна синодска палата ќе биде местото каде што архиепископот Стефан и македонските архиереи ќе ги носат клучните одлуки за функционирањето на МПЦ-ОА. Тука ќе се пречекуваат и црковните делегации од православниот свет. Според ДУП на општината Центар, објектот е поврзан со трикатна зграда, во која ќе се чуваат скапоцени црковни книги. Црковни лица велат дека библиотеката ќе биде наменета и за потребите на студентите на Теолошкиот факултет. На спротивната страна, пак, комплексот е дополнет со уште еден трикатен објект, што ќе биде наменет за црковни простории и за канцеларии на владиците, надлежни за другите епархии во земјата. Идејата е и тие да имаат свој кабинет во синодската зграда, каде што ќе постават свои лица за извршување на црковната работа. Просторот во целиот комплекс ќе биде дополнет со фонтани и споменици.



http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10211187588&id=9&prilog=0&setIzdanie=22411
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 21-Oct-2011 at 15:33
Тешко дека со било какква административна одлука може да се измести централанат апозиција на Соборниот Храм, затоа се вика и Соборен. Тоа што е Св. Сава за Србија или Св. Александар Невски за Бугарија тоа е Соборниот Храм Свети Климент Охридски за Македонија. Така да ова може да биде само црква во склоп на тој административно-теолошки центар на мпц. И текстот ја обајснува ситуација, незнам зашто таков наслов. Толку години ете резиденцијата е на Кале па речиси лучето и да незнаат дека тамо има црква Свети Ѓорѓи, а камо ли да е со некаква нагласена позиција зашто тамо живеел Архиепископот. Така да еве оваа идеј за тој комлекс е стара и ме радува што се ближи до реализација. Кога веќе го градат комелексот требада подразмислат и за темелите на Св. Мина да не стојат така зафрлени како див паркинг со ѓубриња депонија одозгоре. Би требало да им стане и дел од планот некаква реконструкција, за тоа еве сега најави нема, а природно е логично да биде реконструирана во рамки на ваков комплекс.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2155
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 29-Oct-2011 at 19:42
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2155
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 30-Oct-2011 at 12:23
изградба на нова манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица

На 15. 10. 2011 година, Св. мч – ци Кипријан и Јустина, препод. Андреј Јуродив, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништо, изврши осветување и поставување на камен – темелник за изградба на нова манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – радовишко чиј што ктитор е г. Николајчо Николов, Ивршен Директор на Рудникот „Бучим“ во Радовиш.

http://www.bregalnickaeparhija.org.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 31-Oct-2011 at 14:28
Во присуство на голем број верници во Мралино на свечен начин беше осветена црквата “Покров на Пресвета Богородица”.

crkva-mralino500

 

Осветувањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

 

За време на чинот на осветувањето, честа да го запали светиот оган, заедно со архиепископот г.г. Стефан ја имаше градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

 

Црквата “Покров на Пресвета Богородица” почна да се гради пред 11 години, односно камен темелникот беше поставен и осветен од Неговото блаженство г.г. Стефан на 30 септември 2000 година

 

Осветувањето беше проследено со богата културно-уметничка програма во која настапија повеќе естрадни уметници.

 

Во пресрет на осветувањето на црквата Општина Илинден изврши уредување на просторот околу неа, при што, покрај другото, со бехатон плочки е поплочена површина од 750 метри квадратни од црковниот двор.

crkva-mralino500

osvetuvanje500

http://www.kurir.mk/republika/opstini/47827-Osvetena-crkvata-Pokrov-na-Presveta-Bogorodica-vo-Mralino
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2155
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 06-Dec-2011 at 20:38
ОСВЕТУВАЊЕ НА НОВАТА МИТРОПОЛИТСКА ЗГРАДА И ЈУБИЛЕЈ 30 ГОДИНИ МИТРОПОЛИТСКА СЛУЖБА НА МИТР. ТИМОТЕЈ (20.11.2011)

Дебарско-кичевската епархија оваа година го слави големиот Јубилеј - 30 години од доаѓањето на својот духовен водач и настојател, Митрополитот Тимотеј. Радоста, пак, беше уште поголема и поради пуштањето во употреба на новиот Административен центар на Дебарско-кичевската епархија.

http://www.dke.org.mk/novosti/slikimaligolemi/Jub2011%2032.jpg
http://www.dke.org.mk/novosti/slikimaligolemi/Jub2011%2034.jpg
http://www.dke.org.mk/novosti/slikimaligolemi/Jub2011%2036.jpg
http://www.dke.org.mk/
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2155
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 06-Dec-2011 at 20:53

Осветена црква во с. Градец– Виница

На 19. 11. 2011 година, Св. Павле патријарх Цариградски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од Брегалничката епархија, ја освети новоизградената црква посветена на „Св. пр. Илија“ во с. Градец – Виница и отслужи Света Архиерјска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа во која ја искажа Својата радост за изградбата на овој прекрасен Божји дом и на сите што помогнаа во изградбата на овој свет храм им додели Благодарници од името на МПЦ - ОА – Брегалничка епархија. На чинот на осветувањето присуствуваше многуброен православен народ како и преставници од Општинита Виница и личности од Јавниот и Приватниот сектор.


http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/


ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2155
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 06-Dec-2011 at 21:10

[QUOTE=Makedonij]
[QUOTE=Makedonij]
[QUOTE=Makedonij]Св.Архиѓакон Стефан - Истибања (Виница)АПЕЛ ДО СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ВЕРНИЦИ! (03.06.2010)Пред две години во село Истибања - виничко се постави камен темелник за
изградба на нова црква посветена на „Свети архигјакон Стефан“.Со ажурна работа на верниците од селото се исчисти теренот  и со
благослов на неговото високопреосвестенство Митрополит брегалницки
г.Иларион се освети камен темелник.Средствата кои беа соберени од месното население беа доволни за
поставување на темелите од црквата и полнење на делот наречен цокле. По
двегодишна пауза инициајтивниот одбор за градба повторно се активира за
со цел се почне повторна работа на црквата.Се известуваат сите верници од село Истибања и од секаде во
православието, а и оние кои се на печалба во странство од село  Истибања
а секако и од околните места, ако се заинтересирани за помош да се
обратат кај парохискиот свештеник (отец Душко Пецов-070 336 045) и
кај членовите на одборот .

Edited by Makedonij - 22-Jan-2013 at 11:47
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 739
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 07-Dec-2011 at 18:55
МПЦ заборави да го заврши храмот на Свети Kлимент

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=ED001C85051D4548AF11D410B05E1FBB


Ненасликани бетонски ѕидови, зачадени и загрозени фрески, нечисти прозорци, долгови кон комуналните претпријатија... се дел од загрижувачката состојба во која се наоѓа црквата

Соборната црква посветена на основоположникот на МПЦ, свети Kлимент Охридски, поради лоша финансиска состојба, по две децении од осветувањето с` уште стои незавршена

Голи бетонски и ненасликани ѕидови, зачадени и загрозени фрески, таму каде што ги има, прозорци што веќе не пропуштаат никаква светлина и неисчистени којзнае од кога, греење кое во овие зимски месеци ту го има ту го нема, долгови кон комуналните претпријатија... Тоа е загрижувачката состојба во која се наоѓа Соборниот храм на Македонската православна црква - „Свети Kлимент Охридски“.

Состојбата во која се наоѓа овој наш најголем црковен храм, кој го носи името на патронот и основоположник на МПЦ, кој се празнува утре, е уште поразочарувачка бидејќи тој практично с` уште е незавршен објект, по речиси цели четириесет години од почетокот на неговата градба и 22 години откако е отворен за верниците. Според сегашната економска состојба во која се наоѓа Скопската епархија, но и самиот храм, тешко дека наскоро би можело да се очекува неговото целосно завршување или, пак, реставрација на одредени делови.
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2155
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 17-Dec-2011 at 15:49
ПОСТАВЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА МУСЛИМАНСКАТА КАПЕЛА

На градските гробишта во Охрид денеска беше поставен камен-темелникот на современата капела за погребни церемонии за муслиманските верници

Според градоначалникот Александар Петрески треба да се мисли на потребите и интересите на сите граѓани во општината. Изградбата на овој објект, според Петрески е вистински пример за соживот и почитување на различностите на етничките заедници.
- Досега се користеше заедничката капела на гробиштата, но потребите на луѓето за ваков објект, за жал, се повеќе растат. Неминовна беше  и една ваква инвестиција за да ги задоволиме потребите на муслиманските верници- рече градоначалникот Александар Петрески.

Муфтијата во охридското муфтиство Африм Џелили не го криеше задоволството што неговите верници имаат објект за своите обреди. Добрите дела остануваат и по нас, рече тој.
- Едно дело коешто останува, во кое што, како што рекол нашиот пророк, дека човекот иако се пресели од овој свет, неговите добри дела ќе останат. Човекот може само да го смени животот, а неговите дела остануваат вечно. Во нашиот град имаме многу вакви дела, рече во своето церемонијално обраќање, Џелили.

Охрид е средиште на различни цивилизации, култури и традиции во кои почитувањето на различноста е вредно наследство. Изградбата на капелата за потребите на муслиманските верници е само еден доказ дека различноста во Охрид се почитува, рече на поставувањето на камен-темелникот, иницијаторот за изградбата, членот на Советот на Општина Охрид Кујтим Хусеини.
- Ова е уште еден доказ дека сите ние носиме одговорност за унапредување на нашиот соживот и соработка. И оваа иницијатива е заедничка и ќе им служи на сите граѓани, истакна Хусеини.

Согласно законот за градски гробишта, во секое населено место со повеќе од 5 илјади жители треба да постои капела. Токму затоа , на иницијатива на советникот Кујтим Усеини , неодамна Советот на Општина Охрид  донесе одлука и му дозволи на ЈП „ Градски гробишта“ да земе кредит за почеток на изградба на објектот. Остатокот од средствата , како што е најавено , ќе се обезбеди од спонзори и донатори.Објектот, на површина од околу 200 метри квадратни, чија инвестиција чини околу 100 илјади евра, треба да биде изграден до напролет.

http://www.ohrid.gov.mk/pictures/ktemelnik4905.jpg

http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?PodatociID=2327
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 23-Dec-2011 at 14:48
Моменти во црквата Св. Троица во Радовиш





антика христијанство
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 23-Dec-2011 at 14:51
Runaway
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 23-Dec-2011 at 14:57
Тоа што е нацртан Александар, прво не е претставен со ореол, уште тоа да беше, само со портрет. Да се цртаат и ликови што не се светци е дозволено, ама доколку се ктитори на црквата, односно ако ја основале. Ама Александар нема што да бара тука, така да ова е ефтин фолклор. А подот е многу интересна апликација, зашто и така како поубава форма за под бил мозаикот, а ова е некоја помодерна верзија на тоа, така да не е спорен.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 23-Dec-2011 at 15:53
помодарство
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 24-Dec-2011 at 12:44
Свети Илија, Аеродром

1


2


3

Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 28-Dec-2011 at 17:55
Makedonij ne sum bil nikogas vo crkva ama bas sakav da te prasam zosto vo edna crkva ima slika od aleksandar?
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2155
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 28-Dec-2011 at 18:16
Pa pošto vaka:

Ktitor na toj hram e najbogatiot Makedonec g. Gušterov, vo ta crkva se vloženi milijoni i verovatno e najskapa i najvredna crkva (materialno) vo Makedonija, toa kjoše e freskopisano kompletno za ktitorot bez nikakvi verski simboli vo tia freski, opišani (nacrtani) se predaniata za makedoncite, makedonskata istorija pa duri i celata familija na Gušterov, so deca i ženata (čitaj ženite). Toa kjoše e sosema distancirano od ostanatite freski vo crkvta. Verovatno (sigurno) čovekot toa go postavil kako uslov, bidejki potrošil mastni pari za objektot. Ušte nekolku karakteristiki, graden e od najdobrite majstori zografi od Ukraina i Rusija, ikonostasot e ultrabig i celiot pozlaten so čisto zlato,....... ako nešto te ušte zanima za taa crkva slobodno pitaj .....Big%20smile

A da, za podot kako šo kažah toa e nekoj simbol (makedonski) koj crkvata go uveduva, i sekoja nova crkva go ima na podot-PROvERI, a se stava i vo renoviranite stari crkvi, mislam deka so toa crkvata si gi markira objektite od razni sektaši i ubacuvači, pa proceni sam....

Vo Srbija duri sum videl kako ima nacrtano kola i  vo nea ktitor, ke go najdam na net, obično tia stvari site se naogaat na desnata strana posle vlezot vo crkvata 

Vo rilskiot manastir ima grbovi na četiri zemji (imalo) na oltarot (makedonija, bugarija,srbija, bosna) so koji kao upravuval Krilatiot Reljo, znači pak poželba na ktitorot....
 http://img376.imageshack.us/img376/717/filesfile20d0bdd0b020d0sf2.jpg

Edited by Makedonij - 28-Dec-2011 at 18:34
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3881
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 28-Dec-2011 at 20:55
Aha fala ti. Sega bez navreda, za mene vakvo nesto e tragicno! Deka investiral 1 milion evra ne znaci deka toj treba da se meri so gospotOhno. Da bev jas hristijan, nitu ne bi vlegol tamu posto toa lici povekje na nekoj svoj dom otkolku crkva a i so ova crkvite gubaat vrednost(znaci crkvite so imat sliki od licnostite sto gi gradile crkvite) A toa so aleksandar i antikata nemam komentar.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 28-Dec-2011 at 21:53
не е 1 милион туку 7 мил  LOL според христијанските закони тоа не е забрането,мене воопшто не ми смета иако не знам точно што се има насликано,сум слушнал за цркви изградени пред многу години дека го има напишано името на градителот (донатор) и насликана неговата слика
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 59>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.344 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.