build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Верски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Верски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 545556
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 738
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1101 Posted: 12-Mar-2019 at 17:53


Па и јас не знаев, но тргнав од Википедија, каде како извор за статијата се користи страницата на Управата за заштита на културното наследство, бидејќи оваа џамија е споменик на културата. Тој линк не работи, но благодарение на Википедија зачуван е преку вебархив (тука).

Инаку, за ТИКА не е прв пат да спроведува вакви контроверзни проекти.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1102 Posted: 14-Mar-2019 at 21:06
https://24.mk/details/se-najvuvaat-protesti-vo-okhrid-protiv-nelegalnata-gradba-na-alipashinata-dzamija?fbclid=IwAR2UV6y2UlZ2EY17vGuSDJmQckoCgSQNS_Rquzlb9buc3LyDGNjlGvEJVZI


Статија од 24вести. Наводно не станувало збор за обнова на минарето туку само за реставрација на џамијата. Се најавуваат и протести доколку не се превземат мерки од страна на институциите и ако се изгради минарето кое треба да е 32 метри високо.

Не знам, треба да си има закон и да се почитува, сепак тоа е стар дел на градот и треба да се зачува таков каков што е. Но од друга страна не гледам зошто мора да е 34 метри, ако го нарушува изледот нека виде пониско, не дека нешто ќе смени. Освен ако има правила за тоа како треба да изледа еден исламски верски објект тогаш треба да се дозволи, но сум приметил дека повеќе се фри стајл   
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1103 Posted: 19-Mar-2019 at 15:54
Стопирана изградбата на минарето од Али Пашината Џамија

Изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во Охрид, е запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно наследство, јавува Вечер. Како што посочиле од институцијата, инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.


“Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција”, вели за Вечер Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија.

“Се работи за објект од крајот на 15 и почетокот на 16 век и треба да се направи стручна експертиза од страна на професори, архитекти и градежници и да се утврди дали треба да се гради минаре со височина од 32 метри. Со Заводот и Музеј во Охрид, пак, инвеститорот требаше да се консултира за измените кои се направени во внатрешноста на џамијата, а кои не одговараат на издаденото одобрение”, додава Николовски.

По ваквата реакција на надлежните, за денес закажаниот мирен протест на здружението на граѓани „Совест“, е откажано на неодредено време.  Од здружението најавуваат средба на нивни претставници со со премиерот Зоран Заев, на 20 март во Скопје, на која ќе се разговара за ова прашање.

Конзерваторското решение за ревитализација на Али Пашината Џамија, издадено во 2016-та, кое според ЗГ „Совест“ не е веќе во важност, предвидуваше изградба на минаре високо 32 метри. Проектот го финансира турската вакуфска заедница.

https://www.ohridnews.com/stopirana-izgradbata-na-minareto-vo-ali-pashinata-ami-a/

Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #1104 Posted: 27-Mar-2019 at 17:09
Originally posted by ironm


Стопирана изградбата на минарето од Али Пашината Џамија
Изградбата на 32 метри високото минаре на Алипашината џамија во Охрид, е
запрена од страна на инспекцијата на Управата за заштита на културно
наследство, јавува Вечер. Како што посочиле од институцијата,
инспекцијата која во петокот излегла на терен утврдила неправилности и
отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и
парично санкциониран.

“Проблемот е во тоа што инвеститорот не се придржува до
конзерваторското одобрение и за џамијата и за минарето. По спроведениот
надзор донесено е решение за запирање на работите. Иако инвеститорот
тврди дека има анекс на конзерваторското одобрение, тоа не е доставено
до нас и колку што знаеме, е предмет на Основното јавно обвинителство
(ОЈО). Изградбата е стопирана и има парична санкција, што исто така беше
направено и минатата година. Нашите ингеренции се до тука, а понатаму
ингеренциите треба да ги преземе градежната инспекција”, вели за Вечер
Звонимир Николовски, раководител на секторот за превенција и инспекциски
надзор на културното наследство, при УЗКН. Како што посочува
Николовски, крајната цел е запирање на градежните активности со оглед
дека, како што вели, неправилности има и во ентериерот на самата џамија.


“Се работи за објект од крајот на 15 и почетокот на 16 век и треба да
се направи стручна експертиза од страна на професори, архитекти и
градежници и да се утврди дали треба да се гради минаре со височина од
32 метри. Со Заводот и Музеј во Охрид, пак, инвеститорот требаше да се
консултира за измените кои се направени во внатрешноста на џамијата, а
кои не одговараат на издаденото одобрение”, додава Николовски.


По ваквата реакција на надлежните, за денес закажаниот мирен протест
на здружението на граѓани „Совест“, е откажано на неодредено време.  Од
здружението најавуваат средба на нивни претставници со со премиерот
Зоран Заев, на 20 март во Скопје, на која ќе се разговара за ова
прашање.


Конзерваторското решение за ревитализација на Али Пашината Џамија,
издадено во 2016-та, кое според ЗГ „Совест“ не е веќе во важност,
предвидуваше изградба на минаре високо 32 метри. Проектот го финансира
турската вакуфска заедница.https://www.ohridnews.com/stopirana-izgradbata-na-minareto-vo-ali-pashinata-ami-a/




Нема грешка стопирано. Ова е се со амин на власта, а се друго е мачкање очи. Очајно им требаат гласовите од страна на ИВЗ и муслиманите.

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%B8%D0%B2%D0%B7-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81-%D0%B7%D0%B0-%D1%9F%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D1%85%D1%80%D0%B8/
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1105 Posted: 27-Mar-2019 at 18:32
Настрана религијата, ова е срам за државата, ако воопшто можам така да ја наречам. Со ова Владата покажува дека нема контрола врз својата територија, и дека законот не важи подеднакво за сите. Што ако утре на пример на МПЦ му текне да гради камбанарија од 20 метри врз темелите на Св.Јован Канео? Објект кој е во исто време од религиозно и културно историско значење. Тоа е, див запад, или по ново север?
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1106 Posted: 27-Mar-2019 at 22:49
Ова е со амин на сите политички партии, а не само власта, бидејќи освен ова здружениево Совест сите други молчат. Иако може слободно да се констатира дека здружениево е составено од група на хипокрити. Но, ова не е никаква новост, целиот хаос во нашава земјоделска задруга се случува со амин на сите, во спротивно некогаш ќе престанеше.

Инаку околу "Што ако утре на пример на МПЦ му текне" - МПЦ веќе го прави тоа 20-30 години наназад, ИВЗ сега само почна да учи од најдобрите. Зарем веќе го заборавивте бетонирањето на неколку илјади години историја на Плаошник? Тие објекти (кои се градени со државни пари со амин на етнички македонските партии) ќе бидат во владение на МПЦ, дел за нивни канцеларии, дел за универзитетот, дел за студентски дом, итн. Тие објекти беа дел од списокот на УНЕСКО поради коишто Охрид можеше (и сеуште може) да биде сместен во загрозени подрачја. Или пример градбата во Св. Наум пред неколку години? Целиот проект беше дивоградба, па Тимотеј се закануваше (на тогашниот градоначалник Бакрачески) во случај да не се легализира и да се сруши целата градба, буквално во ист стил на ИВЗ денеска со минарево. Или пример конаците во Св. Заум? Само затоа што имотот бил нивен, влегоа со бетонот во езеро и ја заградија цела плажа.

Ова ти е исто како Мерко што рече за случајов со плаживе (ако ги пратите тие случувања) - додека во Охрид палеа трска и бетонираа плажи сите ќутеа (освен еко здруженијава кои посекако никој не ги есапи). Сега ние ќе палиме трска и ќе бетонираме.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1107 Posted: 28-Mar-2019 at 04:03
Изградбата на руската црква во Аеродром,црквата во Ново Лисиче,црквата на Нова железничка,црквата во Карпош,новите цркви во Бутел,Ченто,Центар,Даме Груев...се е правено со помош од општините,државата особено во делот на земјиште.
Крстот кај Џевахир...
Овие трендови беа насадени од МПЦ,а овие другиве сега за да не останат покуси...

Edited by kiriOK - 28-Mar-2019 at 04:06
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1108 Posted: 31-May-2019 at 10:18
„Совест“: Охриѓани се разочарани, измамени, превеслани, Заев со бомбониера да дојде на отворањето и легализирањето на дивоградбата

Охрид, 31. мај 2019 (ОХРИДПРЕС) – Екипите кои работат на минарето на Али Пашината џамија во Охрид, денес полека го отстрануваат скелето и се’ повеќе се гледа градбата, по што се зголемуваат и реакциите во јавноста.

Од Здружението на граѓани „Совест“ преку објава на нивниот официјален профил на Facebook го повикуваат премиерот Зоран Заев да дојде на „отворањето и легализирањето на дивоградбата“.

– Еве и ние од „Совест“, додека си чекаме да не (не) покани за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот на Заштита од УНЕСКО, јавно го покануваме премиерот Зоран Заев да дојде со бомбониера на легализирање и отворање на дивоградбата – Али Пашина џамија со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид. Да му порачаме да нема гајле Охрид си стана Исламабад на Балканот и стана најголема атракција и приказ како со дијалог се решаваат проблемите на религиите. Сега заради повеќегодишната толеранција на безаконието од сите влади на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе има мораториум на донесување планови на цело подрачје на град Охрид, каде наместо само тој мораториум треба да важи за централно градско подрачје и крајбрежието кое е во таа заштитена зона, истиот ќе важи за „будали“ луѓе кои веќе почитувале закони и си чекале дозволи за градба, а во меѓувреме куќите им станале трошни и подложни на рушење, па сега нека пропаднат сосе куќите нека ги снема најдобро зошто верувале во закони и правда. Разочарани, измамени, превеслани, Ве поздравуваат Охриѓани, порачаа од „Совест“.





Edited by ironm - 31-May-2019 at 10:20
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1109 Posted: 31-May-2019 at 10:39
Епа тоа е им е. Тражили сте гледајте и за цела држава важи ова. Во Тетово Баба Јага сѐ уште не дава дозвола за нова црква а џамиите си никнуваат од ден за ден, па дури и по планини почнаа да градат.

Инаку пред да се јават бранителите на мултикултирализмот, мене не ми смета ни црква ни џамија, нека се гради ако луѓето си имаат потреба, но ми смета таа поделба и непочитување на закони. Впрочем ако погледнат граѓаните нагоре ќе видат дека МПЦ пола шума исече за да ги направи тие објекти на Плаошник, па така треба да се запрашаме зошто државата го дозволи ова.

А Охрид не само што ќе го изгуби статусот во УНЕСКО, за некоја година ќе се претвори во Струга, и така среќно ќе си живееме сите заедно.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1110 Posted: 31-May-2019 at 15:40
Зарем треба да ги оштетиме резил реџепи и чичко никола заради некое си Унеско таму?!

Кога ќе заврши црниот период на анти-просветителство кој моментално го уништува светот (а тој ќе заврши кога саудиска трибалија и катар ќе им се придружат на монголската империја, третиот рајх и останати злотворби, а регресивната левица и фашистите ќе имплодираат) време ќе биде да се ограничат религиските објекти (зарем сѐ уште се градат во 21 век?!):

- максимум 1 верски објект на секои 7,500 припадници на религијата, односно деноминацијата на којашто се поклонува храмот;
- забрана за користење на звучници;
- лимитирање на висината на верските објекти на 10 метри;
- максимална основа на верските објекти од 400м2;
плус:
- ветинг на сите верски организации и нивно чистење од криминалци, особено педофили, радикалисти и крадци;
- оданочување на верските организции.

Доколку веќе постојат повеќе и/или поголеми храмови од пропишаното, тогаш тие ќе се заштитат доколку имаат историска, архитетктонска, културна или религиска вредност. Доколку немаат, тогаш ќе се вклопат во законската рамка и ќе се претворат во библиотеки или културни центри, или пак во паркови.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1111 Posted: 31-May-2019 at 16:18
Ниското ниво на едукација во Мк не дозволува луѓето да се оддалечат од религиозните институции. Тоа што го предлагаш е научна фантастика за држава ко нашава. Ако ги земеме за споредба Германија, Бенелукс и Скандинавија таму без никакви ограничувања или закони бројот на верници е во слободен пад, а кај нас е во пораст, па дури и бевме прогласени за најрелигиозна држава во Европа.

Во конкретниов случај не е во прашање само религијата туку и тоа што ја газиме под нозе сопствената држава прекршувајќи закони како сакаме и кога сакаме зависно од интересот. Жално е колку сме незаинтересирани да се еманципираме како држава и да се издигнеме над моменталното ниво - земјоделска задруга.

Мислам дека минарево без разлика на тоа колку закони се прекршија и колку историја се уништи нема да биде срушено, туку само ќе се заташка целава работа додека не поминат неколку години и сите заборават (или додека не се иселат). Тоа ќе биде така бидејќи:
- никој нема да има храброст да руши дел од религиозен објект во религиозно сензитивна држава како нашава
- џамијата се реставрира (и минарето се изгради) со пари од ТИКА (Турција) и ако направиме било што на џамијата ќе го разгневиме чика Ердоган, а тоа не ни оди во корист имајќи во предвид дека допрва следува ратификација во НАТО, пола армија се опремува со пари од Турција, еден куп други проекти како противпожарни возила, училишта, итн. се добиваат со пари од ТИКА
- ќе треба да се рушат и цркви дивоградби, ама интересот не е таков

Ова би се променило единствено ако УНЕСКО експлицитно напише во некој следен извештај: Срушете го минарето! иако дури и тогаш е прашање дали ќе се случи нешто во земјоделскава задруга кај што препораките на УНЕСКО се спроведуваат преку рушење билборди и корнење палми.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1498
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1112 Posted: 31-May-2019 at 16:56
Поентата околу анти-просветителството повеќе ми беше насочена за западниот свет, кои моментално имаат проблеми со исламот, што (не) е исламофобија и сл. Колку побрзо го решите тоа, толку подобро за сите. Среќа па христијанството забрзано исчезнува во Европа.

Конкретните предлози ми беа за Македонија. Нивна реализација набрзо не гледам - народот засега не е доволно развиен да се ослободи, а АД МПЦ-ОА и АД ИВЗ си имаат бизнис интереси со политичарите и ич не им чуе.

Минарето како такво и не е толкав проблем - џамијата имала минаре до пред неколку децении. Нелегалната изградба, неговата непотребност и ароганцијата на АД ИВЗ се проблем. А Ердо е во криза Гласачите ги привлече со идеологија, а ги задржи со економија. Сега економијата му колабира, а со идеологијата малку застрани па нема да владее уште долго, особено ако го изгуби Истанбул следниот месец.

Се надевам дека во извештајот на УНЕСКО ќе стои „Државните претставници, вклучително и премиерот на Република Северна Македонија, активно поттикнуваат и учествуваат во уништувањето на природното и културното наследство на охридскиот регион, како што е овозможувањето на нелегална изградба на минаре на Али-пашината џамија, ургенциите на власта да не се руши дивоградба во селото Лагадин, и палењето на трска во Општина Струга. Затоа, УНЕСКО донесе одлука Охрид да се прогласи за загрозено природно и културно наследство. На Владата на Република Северна Македонија ќе ѝ биде доставен извештај со насоки како да се подобри состојбата“. Македонија да беше човек, ќе ѝ ја одземеа деловната способност. Треба таков институт да се воведе во меѓународното право.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1113 Posted: 02-Jun-2019 at 07:01


Edited by kiriOK - 02-Jun-2019 at 07:03
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Rouen,Normandie
Online Status: Offline
Posts: 141
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1114 Posted: 10-Jun-2019 at 09:18
Сликата е од Твитер. Чисто за споредба колку е гломазно минарето. Инаку, штом нешто од ваков каректер е веќе изградено, ќе си стои така независно дали е со документација или не.

And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 513
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #1115 Posted: 15-Jun-2019 at 21:20
Ердоган доаѓа на отворањето на Алипашината џамија во Охрид

Скопје/Охрид, 15. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Турската амбасадорка во Македонија, Тулин Еркал Кара денеска ја посети Алипашината џамија во Охрид, притоа најавувајќи дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ќе допатува на свеченоста по повод промовирањето на реконструираниот верски објект.

Таа уште истакна дека се работи на усогласување на терминот со македонските власти за присуство на свеченото отворање на обновената џамија.

Алипашината џамија беше реконструирана и реновирана согласно одлука на Управата за заштита на културно-историското наследство, со финансиска поддршка на Република Турција.

– На претседателот Ердоган му беше сон реставрирањето на објектот. Република Туриција и Република Северна Македонија се братски држави. Турција преку агенцијата Тика и вакавското здружение има реновирано повеќе обејкти во Северна Македонија. Нашето пријателство е засекогаш и долгорочно, рече меѓу другото амбасадорот Кара.

Таа уште нагласи оти не гледа ништо спорно во реконтрукцијата, односно оти било испочитувано се што било договорено помеѓу двете држави во врска со реконструкцијата на верскиот објект. (Крај)


Оди сруши ја сега џамијава Како што спомнав погоре
Originally posted by ironm

- џамијата се реставрира (и минарето се изгради) со пари од ТИКА (Турција) и ако направиме било што на џамијата ќе го разгневиме чика Ердоган, а тоа не ни оди во корист имајќи во предвид дека допрва следува ратификација во НАТО, пола армија се опремува со пари од Турција, еден куп други проекти како противпожарни возила, училишта, итн. се добиваат со пари од ТИКА

Со среќа да ја си ја користиме и имаме дивоградбата, една од илјадниците. Следно една црква или џамија на пристаниште, уште поголема од едно 50тина метри, за да не собери сите внатре едно масовно самоубиство да извршиме за да ја затвориме меаната.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4468
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1116 Posted: 15-Jun-2019 at 21:32
Со исклучок на Босна, Албанија и Косово (знаеме сите зошто) ние сме единствената поранешна отоманска држава која е блиска со Турција.

Да ги мразиш соседите до толку за да бидиш пријател со државата која те окупирала 500 години е next level neighbor feud.

Ајде малку гео-политика, бидејќи е неодминлив дел од темава:
Мислам дека е очигледно дека владата на Заев е многу поблиска со Бугарија и Грција (со тоа и со и ЕУ), отколку со Турција. Владата на Груевски беше многу поинаку настроена, и беше многу блиска со Турција.

Реално се сменаа и неколку фактори, во последно време Турција стана скоро непријателски настроена кон ЕУ, и економијата потона, така што иако ќе добие етикета „велепредавство“, многу е пологично да сме пријатели со Бугарија и Грција, отколку Турција (сојузник на Иран и Русија, а богами и Венецуела).

Ако не сакаме политика на изолационизам, многу попаметно е (иако многумина ќе речат себедеструктивно) да се свртиме кон „православните браќа“ отколку кон Турците. Видовме што се случи со Албанија и Босна, а Ердоган дефинитивно сака да стане султан.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12190
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1117 Posted: 21-Jun-2019 at 10:43
Маџир Маало









извор: твитер
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12190
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1118 Posted: 14-Jul-2019 at 17:43
ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНЕСЕЦ ВО МЕСНОСТА ПЕШТЕР

Митрополитотот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со свештениците од тетовското намесништво извршија осветување на црквата Свети великомаченик Георгиј Победонесец која се наоѓа во месноста Пештер во тетовското село Јегуновце.



Црквата почна да се гради на 25 јули 2004 година со поставување на камен темелник. Во текот на градбата во предвечерието на патрониот празник Ѓурѓовден на 5 мај верниците од овој крај доаѓаат на одбележување на патронот на црквата Свети Георгиј кога се врши мал водосвет и режење на славските колачи.

Месноста Пештер го добила името поради огромната вдлабнатина во карпестиот дел од планината Жеден која личи на пештера, долга и широка околу триесетина метри. Воедно претставува археолошки локалитет т.е. некропола од доцниот среден век во тетовското село Јегуновце.

https://lokalno.mk/osvetena-tsrkvata-sveti-velikomachenik-georgij-pobedonesets-vo-mesnosta-peshter/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2425
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1119 Posted: 18-Jul-2019 at 18:31
Еве го целиот текст тука...

Политичарите ги предадоа, на верниците само им остана да се крстат
Отец Ванчо од Скопската епархија уверува дека за четири години ќе бидат изградени сите започнати храмови. Во црквата „Свети Константин и Елена“ што се наоѓа до Домот на АРМ се работи на фрескоживописот, а во наредните четири години ќе се прави иконостасот и ќе се цртаат иконите. Во најскоро време ќе продолжи доизградбата на црквата Света Софија во Ново Лисиче

Онаму каде што се граделе училишта, таму секогаш постоеле и цркви. Барем така било во минатото. Но сега е поинаку. Во Скопје има недостиг од верски објекти, затоа на седум локации во главниот град започната е изградбата на црковни храмови кои, како што уверува отец Ванчо од Скопската епархија при Македонската православна црква, би требало верниците да ги примат за три–четири години.

Иако досега требаше да биде осветена црквата „Свети Константин и Елена“ што се наоѓа до Домот на АРМ, отец Ванчо вели дека ќе бидат потребни околу четири години таа комплетно да се заврши и да биде осветена.

– Пред еден месец започнаа работите на фрескоживописот. Тој е голем и потребно е внимание и посветеност, а со тоа и подолг временски период. Засега 50 до 60 проценти од него се завршени. Освен тоа, треба да се работи и на иконостасот, да се исцртаат иконите и затоа се потребни три до четири години за да се заврши комплетно и да се освети – информираше отец Ванчо.

Оваа црква започна да се гради на 11 ноември 2012 година кога беше извршено осветувањето на темелите, лично од поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан. Идејното решение и основниот проект на црквата се изработени од архитектите Искра и Владимир Лековски од студиото „Лелелеле“, додека за изградбата беше задолжена градежната фирма „Бетон“. Инвеститор на изградбата на храмот е МПЦ кој за таа цел ја основа Фондацијата „Свети цар Константин“. За да собере пари за изградба на црквата, фондацијата одржа три донаторски конференции.

Освен оваа, во изградба е и црквата „Света Софија“ во Ново Лисиче, кај трговскиот центар „Лиса“. Изградбата на оваа црква, како што истакна отец Ванчо, веќе две години е во застој.

– Во најскоро време изградбата на црквата ќе продолжи. Постоеше пречка од страна на ктиторот Скопски Пазар, со кој заедно ја градиме црквата. Пречката е веќе надмината – истакна отец Ванчо, не сакајќи да ги образложи причините за застојот.

Според него, изградбата на оваа црква започнала во 2013\2014 година. Работите се одвивале до 2017 година, а потоа две години тие биле во прекин.



– Црквата е изградена до фаза на карабина. Сега ќе се започне со втората фаза. Ќе треба да се донесе решение за фасадата на црквата, а потоа ќе се работи и на внатрешното уредување и уредување на партерот – вели отец Ванчо.

Тој додаде дека ќе се работи фазно.

– Прво да се заврши надворешната конструкција, да се покрие црквата, а потоа ќе се премине на внатрешниот дел. Сè ќе се решава според можностите – уверува отец Ванчо.

И црквата „Свети Три Ерарци“, кај меѓуградската автобуска станица во Мичурин, посветена на свети Василиј Велики, свети Јован Златоуст и свети Григориј Богослов чија изградба почна во 2014 година, не е доизградена. Според отец Ванчо оваа црква е во завршна фаза.

Во моментов се работи на фрескописот внатре и се очекува да биде осветена до крајот на оваа година или на почетокот на наредната – дециден е отец Ванчо.

И црквата „Свети Јован“ во Бутел се очекува да биде осветена во октомври годинава. Според отец Ванчо, останува да се доработат иконите на иконостасот. Оваа црква почна да се гради во 2013 година.

Црквата „Свето Преображение„ во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров, пак е до фаза на карабина, а почна да се гради во 2015 година. Таа е покриена и се очекува пролетта, наредната година да започне втората фаза, поточно фасадата и внатрешното уредување (малтерисување, електриката). Отец Ванчо очекува оваа црква да биде комплетно завршена за две години и да биде осветена.

Во изградба е и црквата „Света Нина“ во Сопиште чиј камен-темелник беше поставен на 30 декември 2015 година.

– Оваа црква е во фаза на карабина. Кровната конструкција е завршена. Втората фаза, односно внатрешното уредување се очекува да започне есенва или до крајот на годината. Бидејќи се работи за огромен храм, треба време да се направи внатрешното уредување и фрескоживописот. Потребни се четири до пет години сето тоа да биде завршено – цени отец Ванчо.

Следна црква која сè уште се гради на територијата на град Скопје е „Христос Спасител“ лоцирана на аголот од булеварот „Илинден“ и улицата „Љубљанска“. Камен-темелникот на оваа црква е поставен на 19 декември, на Свети Никола.

– Доколку се продолжи со истата динамика оваа црква треба да биде готова за две до три години, бидејќи и таа е голема – информира отец Ванчо.

Две од црквите „Христос Спасител“ лоцирана на аголот од булеварот „Илинден“ и улицата „Љубљанска“, како и „Свети Јован“ во Бутел имаат ктитори. На црквата „Христос Спасител“ ктитор е Зоран Антиќ, додека на црквата „Свети Јован“ е Мите Јовановски. Останатите цркви ги гради Скопската епархија.

Од Скопската епархија се надеваат дека ќе има доволно средства за да се завршат до крај црквите во предвиденото време.

– Во моментов се работи според предвидената динамика. Се надеваме дека за три до четири години сите цркви ќе бидат готови – дециден е отец Ванчо.

(А.П.) – Фото: Ѕ.П.

https://www.vecer.press/политичарите-ги-предадоа-на-верницит/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 545556

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.