build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Србија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 18>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 26-Jul-2009 at 23:58
Супер конечно, браво за проектов остануваат уште Климент Охридски, Илинденска и Јужен Булевар
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 27-Jul-2009 at 00:57
..... Северен Буилевар, Крушевска, Првомајска, Цветан Димов, Словенечка, Хрватска, Црна Гора, тунел под плоштад .....

Edited by lslcrew - 27-Jul-2009 at 00:58
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 27-Jul-2009 at 01:18
Почна проширувањето на булевар „Србија“

Новата сообраќајница ќе има вкупно четири ленти широки по 3,5 метри, тротоари и велосипедски патеки

Сања Наумовска

Булеварот „Србија“ ќе добие уште две нови ленти, на потегот од раскрсницата со булеварите „Јане Сандански“ и „Видое Смилевски-Бато“ до раскрсницата со „Првомајска“, во должина од 1.720 метри. Капиталниот проект на Градот Скопје започна со реализација вчера, во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Скопје, Аеродром и Кисела Вода, Коце Трајановски, Ивица Коневски и Марјан Ѓорчев.

Премиерот Груевски почетокот на изградбата на улицата симболично го поврза со растот на Скопје, кој трае и 46 години по катастрофалниот земјотрес, кога разурнатиот град броел само жртви и урнатини.

Новата сообраќајница ќе има вкупно четири ленти широки по 3,5 метри, тротоари и велосипедски патеки, како и средишно зеленило. Неодамна беше обновена атмосферската канализација, а улицата ќе добие и ново осветление. Сообраќајницата ќе биде продолжение на веќе изградениот булевар на потегот од раскрсницата со „Јане Сандански“ во правец кон мостот „Близнак“.

Заради проширувањето на булеварот, во текот на изградбата ќе биде направена и реконструкција и проширување на двете раскрсници со улиците „Првомајска“ и „Трета македонска бригада“. Со новиот булевар ќе се поврзе и сообраќајницата, која беше изградена минатата година, покрај цементарницата „Усје“, во правец кон населбата Припор.

За капиталниот проект Градот Скопје ќе плати 2 милиона евра. За градоначалникот Трајановски новата сообраќајница ќе обезбеди подобра комуникација меѓу три општини, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба, и ќе ја зголеми безбедноста и проточноста на улиците.

Неговиот колега од Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, посака булеварот да биде побрзо направен, па в година тој да биде домаќин на проширувањето на третиот дел на „Србија“, од раскрсницата со „Првомајска“ до раскрсницата со „Димо Хаџи Димов“. На трасата на новиот булевар нема имотноправни проблеми, а Општина Аеродром неодамна ги расчисти и сите привремени објекти.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=103022837D87EA46B49D5C1C3DC27131

Еве еден подетален текст кој делумно ги расчистува дилемите околу тоа што конректно ќе се работи и некои други ситници.


Edited by lslcrew - 27-Jul-2009 at 01:22
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 27-Jul-2009 at 01:20
Цело време ме бунеше должината што се споменува од 1720 метри, а неколку пати го имам мерено потегот од раскрницата со Јане Сандански до Првомајска и добивам должина од 1500 метри. Всушност ќе се работи и за овој дел кој ќе го поврзе неодамна изградениот сегмент евидентиран поназад во нишкава. Исто така ги расчистува и дилемите кои ги имавме околу проширувањето на раскрниците.... Cheers




Edited by lslcrew - 27-Jul-2009 at 01:23
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 27-Jul-2009 at 02:53
Единствено не ми е јасно како се планира да биде раскрсницата помеѓу Булевар Србија и влезот на цементарницата. Односно оваа јужната раскрсница што се гледа горе на сликата. Дали тоа ќе биде класично прекрстување со семафори или без семафори?! Пошто влезот на Усје иако е изграден со профил на булевар сепак има многу помало значење и од маалска улица пошто по него има многу малку сообраќај, односно само камиони од фабриката. Најлогична варијанта ми е дека ќе биде обично прекрстување без можност за вртење на лево (без потребна тахикардија, се мисли од сите кон сите правци), пошто реално нема потреба од класична раскрсница, со тоа што предност на минување би имал булевар Србија. Изградба на ќошеви за свртување во десно воопшто не пречи дополнително на сообраќајот, напротив е пожелно и ќе овозможи делумно растеретување на раскрсницата Првомајска/Србија, а и не коштаат многу таквите ќошеви, а може би и нема да треба да бидат сите четири. Всушност не само што не ми е јасно како планираат да биде оваа раскрсница, туку не ни можам со сигурност да се одлучам за најлогично решение за оваа раскрсница (имајќи го в предвид комплетот од трите раскрсници од кои Првомајска/Србија е главната според која треба да се раководиме). Да се вратам малку на најпростото и може би најефективно решение, односно единствено прекрстување на улиците со првенство на булеварот, без вртења.

п.с. Надвозник не го ставам во игра зашто нема економска исплатливост за него, односно ако Усје изрази желба да гради нешто вакво...нема проблем тогаш.

Edited by lslcrew - 27-Jul-2009 at 03:00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 27-Jul-2009 at 16:24
Originally posted by pbanks

4 ленти? Каква е оваа заебанција мислев дека ќе ја шират улицата како што треба? Па таму веќе има профил од 3 ленти. 

Не е заебанција, таму моментално нема профил од 3 туку од 2 ленти, а и ДУП-от не предвидува 3+3. Плус тоа изградените делови од прстенот на други места никаде немаат 3+3, дури ни помеѓу Ново Лисиче и Аеродром каде е 2+3. А не сум загледал дали воопшто може да се протне 3+3 под железничкиот мост на излез од депото Лисиче, со сите нишани се разбира.

Доколку има проширувања на крстосниците, сметам дека во догледна иднина 2+2 е сосема доволно за остатокот.
ДУП-от понатака предвидува дополнителни колекторски улици помеѓу крстосниците со Првомајска и 3 Македонска Бригада (сигурно поради клучката со Јужен булевар која за малце не е опфатена на сликава):




Edited by Cloverstack - 27-Jul-2009 at 16:37
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9025
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 27-Jul-2009 at 17:27


профилот таму е малку шашав. Точно е дека улицата функционира како 1х1 но во голем дел има барем 3 ленти ако не се лажам.

Друга работа не сум сигурен дека 2 ленти по правиц би биле доволни за еден во иднина битен правец а тоа е јужен булевар (кој собира сообраќај од доста населби) со излезот на Скопје. Тоа што сега на многу мест овој прстен е 2х2 јас го гледам и го осеќам на своја кожа како возач, како проблем. Особено во делот од ФОН до клучката Естекада. На чист терен без врска ми е да се иде на 2х2.

За железничкиот мост пак мислам дека си во право, таму е тесно грло.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 27-Jul-2009 at 18:02


3 ленти има само како проширувања во близина на крстосниците. Се надевам и со овој проект ќе има повеќе ленти кај крстосниците.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 27-Jul-2009 at 18:44
4 ленти за кратко време ќе бидат малку, па ќе испадне пак со години да чекаме уште две ленти Wallbash
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 27-Jul-2009 at 20:29
Профилот на железничкиот мост е 2+2+2+2 (за овие не сум сигурен), и од секогаш сум се чудел зашто е толку широк додека го немав видено планот. Мостот е доста поширок од што изгледа само премногу е забатален. А ме зачудува и каде се планираат тротоарите да бидат. А може би Си мислев дека е нешто поради теренот, ама теренот всушност е насипот за пругата.

Edited by lslcrew - 27-Jul-2009 at 20:32
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 28-Jul-2009 at 17:19

a toj mostot na planot za sto e

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 28-Jul-2009 at 19:13
Тоа е постоечкиот железнички мост кој беше спомнат

41°58'29.16"N   21°27'44.35"E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 29-Jul-2009 at 11:55

Политичарите се изнасликаа, но булеварот Србија не се гради

Се фрлаа лопати, се читаа говори, се осветуваа машини и се кршеше погача на годишнината од скопскиот земјотрес и од формирањето на сегашната влада, но оттогаш градилиштето зјае празно

%20
Таблата со амблемот на градот Скопје и со натписот дека се гради булеварот Србија, затскриена зад многу поголемиот билборд со кој се нудат станови на продажба, е единствениот знак дека на сообраќајницата од Ново Лисиче до Усје би требало да се извршуваат градежни работи. Во околината нема ниту еден работник со лопата, а камоли багери, булдожери и друга градежна механизација, потребна да се изгради булевар.

Пред само три дена на местото се одржа голема манифестација со која беше означен почетокот на проширувањето на булеварот, на која присуствуваа тројца градоначалници предводени од Коце Трајановски, премиерот Никола Груевски ја одбележа годишнината од формирањето на неговата влада, а свештеници од МПЦ на големиот празник Свети Архангел Гаврил ги осветуваа работите што ги извршуваа неколку машини, камиони и повеќе работници.

Сепак, локалните жители раскажуваат дека кратко време по свеченостите сé било собрано, а машините го израмниле теренот што го поткопале за потребите на манифестацијата и се разотишле. Оттогаш не виделе ниту еден работник таму.

- Не ни е јасно што се случува. Ја ставија само таблата, се изнасликаа и толку. Пишува дека се гради булевар, но нема ништо такво - велат жителите околните населби.

Од градот, пак, одговараат дека градежните работи ќе почнат откако ќе се трасира проектната линија за проширувањето и кога ќе се формира градилиштето, за да се обезбеди изградбата да се одвива непречено, а учесниците во сообраќајот да бидат безбедни.

Во неделата беше означен почетокот на втората фаза од проширувањето, со што треба да се изгради источниот коловоз на овој булевар на потегот од крстосницата со булеварите Видое Смилевски Бато и Јане Сандански до таа со Првомајска, со вкупна должина од 1.720 метри. Новиот коловоз ќе биде широк 3,5 метри и со него булеварот ќе биде ист како и на потегот од мостот „Близнак“ до Ново Лисиче. Од двете страни се планираат тротоари и пешачки патеки, а во средината зелен појас. Изградбата ќе чини два милиони евра, а работите ќе ги изведува „Маврово инженеринг“.

Проширувањето на овој булевар се планираше уште во времето на градоначалникот Ристо Пенов, кога на тој потег се поставуваше атмосферска канализација. Според урбанистичките планови, тој треба да продолжува до населбата Кисела Вода, но тоа би било трета фаза од изградбата .

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72991036256&id=14&prilog=0&setIzdanie=21750
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 31-Jul-2009 at 19:32
Делумно знаеме што опфаќа доградбата на булевар Србија, но мене ми останаа нејасни некои поситни раскрсници. Дали конкретно овдека (41°58'52.24"N 21°28'12.95"E) се планира да се изгради пристап до реонски центар Аеродром, и ако се планира дали ќе се изведе со сегашнава доградба. На една скица што ја имаме за изградбата на реонски ценатар Аеродром овдека не е предвиден влез, но на скицата го нема ниту влезот од каршија кој е веќе оддамна изграден. Така да во недостаток од урбанистички план на форумов за опфатов дилемата останува нерешена. Па сега ме интеренсира значи конкретно дали се планира, ако се планира дали ќе се изгради. И уште нешто поделикатно, ако веќе се гради дали ќе биде директно во линија со излезот од каршија па ќе се формира комплетна раскрсница што би било конфликтна до некаде ситуација имајќи ја в предвид онаа на само неколку метри но може би и најсреќно со вантрешни трети ленти па сообраќајот да тече непречено, втора опција дали се планира да бидат во линија со тоа што нема да има раскрница односно од еден правец ќе може да се пристапува исклучиво во една населба, со што се укинува пристапот од правец на кисела вода кон населбата позади бисер (што ионака е по гуп) и единствено останува да се кружи по Јане Сандански, трета опција слична на вторава само што нема да бидат во линија пристапите и уште една најзафрканата опција да не бидат во линија и де факто да имаме три последоватлен раскрници (без разлика дали ќе имаат натрешна трета лента решението само по себе е тахикардија). Би сакал ако може некој малку да ми ја одмати магловитата ситуација со оваа точка тука. Инаку според овие планови на кои делумно се познава еден дел од булевар Србија (http://www.aerodrom.gov.mk/Images/dup/IndustriskaZonaUE_V.jpg и http://www.aerodrom.gov.mk/Images/dup/JaneSandanski.jpg) нема нешто такво предвидено, доколку не се некои постари планови кои се постар од плановите за реонски ценатар Аеродром.

Во прилог скицата за реонски центар Аеродром...


И сателистска снимка понова од онаа на Google Earth, односно од MapsLive...



Edited by lslcrew - 31-Jul-2009 at 19:41
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 31-Jul-2009 at 20:13


Бидејќи на   41°58'50.31"N  21°28'8.52"E  се планира крстосница со влез и за во реонски центар, мислам дека влез на локацијата која ја посочи не е воопшто потребен, може само да пречи. А тек крстосница (со прилагодување према влезот од другата страна) воопшто не доаѓа во предвид бидејќи претходно спомнатата планирана крстосница е на само 90 метри од таму.
Ти промаклнал планот за реонски центар што го имаме благодарение на цифра. Таму е предвидено влез да има само таа крстосница.





Во склад е и со она што е зацртано од другата страна



Edited by Cloverstack - 31-Jul-2009 at 20:14
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 04-Aug-2009 at 02:26
Во контекст на муабетот од пред неколку поста во врска со железничкиот мост. Прееска пројдов и проверив, сигурно се четири сегмента, секој со простор за две ленти. Моментално во употреба е единствено вториот сегмент од запад према исток. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 04-Aug-2009 at 02:29
Има простор и за тротоари и велосипедски патеки  Question
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 06-Aug-2009 at 13:21
НАДЛЕЖНИТЕ НЕГИРААТ ДЕКА НЕ СЕ РАБОТИ НА СРБИЈА
Се врши проверка на инсталациите Проширувањето на булеварот Србија во Ново Лисиче, кое минатата недела беше свечено најавено од двајца градоначалници и од премиерот лично, и после една недела од официјалниот старт се уште не е почнато. Скопјани велат дека багерите биле донесени само за сликање и сега веќе ги нема. Од Градот и од Општина Аеродром тврдат дека, сепак, се работи, иако она што во моментов таму се спроведува не се видливи градежни активности. Според нив, во моментов се врши трасирањето на булеварот, проверка на подземната инсталација и околчување на просторот. - Градежните работи ќе почнат откако ќе биде извршено трасирањето на проектната линија за проширување и кога ќе биде формирано градилиштето за да се обезбеди непречено одвивање на работите и сигурност на минувачите и учесниците во сообраќајот “ велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Од Општина Аеродром велат дека паралелно со проширувањето на булеварот, ќе бидат направени тротоари и ќе биде променета атмосферската канализација, за што се подготвува дополнителен проект. Според најавите на градските власти, булеварот Србија ќе биде проширен на потегот од крстосницата со булеварот Јане Сандански до улицата Првомајска. Вкупната должина на делницата што ќе се проширува е 1.720 метри, а за изградбата ќе се потрошат два милиона евра.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1776&ArticleID=119006
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 22-Aug-2009 at 07:02
Овдека почнале работи на терен!


Edited by lslcrew - 22-Aug-2009 at 07:03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12021
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 22-Aug-2009 at 19:15
Да, се работеше на делот од Бул. Јане Сандански до бензинската на Макпетрол и плус беше расчистено до 12та Македонска Бригада. Накај Првомајска се уште нема ништо.

1



2


3


4

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 18>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.218 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.