build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Булевар Србија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 21-Jan-2011 at 15:31
Па да, четири ленти се, ама без средишен дел.
Back to Top
vlatko.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 17-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote vlatko.mk Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 24-Jan-2011 at 00:45
Сега е одлично, конечно е растеретен сообраќајот, откако новиот - преостанатиот дел ќе влезе во функција значително ќе се намалат гужвите кои се создаваа на првомајска во делот помеѓу влезот за цементарницата и раскрсницата ...
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4678
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 24-Feb-2011 at 14:45
Проверете го Булевар Србија на Google Earth или мапс


Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 28-Feb-2011 at 14:38
ПРОШИРУВАЊЕТО СЕ УШТЕ СЕ ОДЛОЖУВА
Се изјалови работата на булеварот Србија

Роза Петкова

Најмалку уште еден месец ќе се довршува изградбата на булеварот Србија, кој, според сите досегашни најави од градските власти, веќе одамна требаше да биде пуштен во употреба. Последните информации велат дека подземните инсталации ја успориле работата, а дополнително проблематична била соработката со компаниите што се сопственици на таа инфраструктура. Згора на тоа, жители на градот, кои секојдневно ја користеле сообраќајницата, забележале дека веќе е пропаднат асфалтот на некои делови. Прашањето за Србија и за неговото завршување се отвори на минатата седница на Советот на Град Скопје. Советничката од СДСМ, Виолета Симиќ, се интересираше зошто булеварот се уште не е пуштен во употреба.
- Изведувачот доцни со изведбата, а тоа не е по вина на Градот. Можеме да им простиме од 30 до 45 дена, да се одложи рокот поради дислокацијата на подземната инсталација. Ова е комплицирана работа, а особено е тешко со ЕВН да се заврши - рече Мичо Поповски од секторот за уредување и за планирање на просторот.
На неговиот одговор реагираше советничката која тврди дека булеварот е неквалитетно изведен.
- Проблемот не е само што се доцни со изведбата и што сите рокови што беа дадени досега се преминати. На веќе изведениот дел има оштетувања. Се појавија дупки на делот каде што се сечат Првомајска и Србија, а тоа не е мала грешка од изведувачот, туку голема. Тоа се пари од граѓаните - рече Симиќ.
Единствениот одговор што го имаа надлежните од секторот беше дека постои гарантен рок за сите недостатоци и сигурно нема да му се плати на изведувачот додека тие не се отстранат. Проширувањето на булеварот Србија се развлече две години, а посебно проблематична се покажа втората фаза. Градоначалникот Коце Трајановски прво најави дека булеварот ќе биде готов до 13 ноември, кога се планираше свечено да се пушти за роденденот на Скопје. Потоа рокот се одложи до Нова година, а непосредно пред 31 декември градоначалникот објави дека на трасата има нерешени имотно-правни односи. Излезе дека е нерасчистена и сопственоста на земјиштето на потегот од општината Аеродром кон цементарница „Усје“. За ова градските власти вината ја посочија во изведувачот „Маврово инженеринг“ кој навреме не ги известил. Втората фаза предвиде проширување на Србија, од крстосницата со булеварите Јане Сандански и Видое Смилевски-Бато до улицата Првомајска. Станува збор за четири коловозни ленти со широчина од 3,5 метри, тротоари и велосипедски патеки од двете страни како и средиштен зелен појас. Вкупната должина на овој потег е 1.720 метри.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2253&ArticleID=157089
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 01-Mar-2011 at 14:26

Новиот булевар Србија со пропаднат асфалт

Свеченото пуштање на булеварот Србија, во делот на Лисиче, доцни веќе шест месеци, а на последната седница на Советот на Скопје опозицијата го отвори прашањето и за неговата неквалитетна изведба. Виолета Симиќ, од советничката група на СДСМ, ги пренесе поплаките на граѓаните. Тие забележале дупки, како и пропаѓање на асфалтот.

- Тоа се пари на граѓаните - реагираше таа.

Администрацијата на градоначалникот Коце Трајановски, пак, уверуваше дека с` ќе биде во ред, и дека доколку има оштетувања, ќе бидат поправени. Надлежните тврдат дека сето тоа брзо ќе биде санирано.

- Изведувачот нема да биде исплатен, доколку не ги отстрани оштетувањата. Булеварот ќе биде пуштен за еден и пол месец - изјави Мичо Поповски од Секторот за урбанизам.

Но, ова не е првпат надлежните да најавуваат завршување на градежните работи, а потоа да се правдаат со непредвидливи проблем како подземни инсталации, имотно-прави недоразбирања, или тешкотии со фирмата-изведувач. Сепак, како што признаа и самите градски власти, рокот е одамна пробиен, и веќе нема место за толеранција. Одговорноста, пак, ја префрлија на изведувачот.

- Градот не е виновен, туку изведувачот кој доцни со дислокацијата на подземната инсталација - рекоа од Секторот за урбанизам.

Втората фаза од проширувањето на булевар Србија предвидува изградба на уште две ленти на оваа делница, и тоа од крстосницата меѓу булеварите Јане Сандански и Видое Смилевски-Бато, па до улицата Првомајска.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C309AD923975ED4A8AC2B5CEFC26757B
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 08-Apr-2011 at 11:11

Проширениот Булевар Србија ќе го намали метежот

Сега се асфалтира новопробиената улица, која ќе ги спојува Првомајска со Кисела Вода, а веќе од наредната недела, како што изјавија од Градот, ќе се случи свеченото пуштање на целиот проект

Живеам во Кисела Вода, а работам во Автокоманда. Со години секојдневно кружам и возам по Првомајска, за да можам преку Аеродром да стасам до работа. Во ова време кога бензинот е скап, тоа е вистински луксуз. Очекувам Градот набрзо да ја пушти во употреба новопробиената улица кај „Усје“ со која од Сава Ковачевиќ директно ќе излегувам на Првомајска - вели Томислав М. од населбата Кисела Вода.

И од Градот така најавија, дека со пуштањето на оваа улица очекуваат значително намалување на метежот и помалку превозни трошоци за граѓаните. Но, во меѓувреме, градежните работи се одолжија поради, како што изјавија од Градот, проблеми со изведувачот околу преместување на подземната инфраструктура. Но, и имотно-правни проблеми.

- Булеварот Србија веќе неколку месеци е готов, односно изградени се уште неколку ленти во делот на населба Ново Лисиче, а и се вози по нив. Но, сепак, с` уште не е официјално пуштен во употреба. Можеби затоа што с` уште не е завршено со пробивањето на улицата кај „Усје“, како продолжение на булеварот, каде што секојдневно гледаме работници и машини - коментира Трајче Божиновски од Лисиче.

Од Градот, пак, објаснуваат дека сега работите привршуваат и парчето што ќе ги спојува Лисиче и Кисела Вода се асфалтира.

- Свеченото пуштање на целиот проект околу булеварот Србија ќе се случи нареднава недела, во зависност од временските услови - изјави портпаролот Неделчо Крстевски.

Според досегашните објаснувања, проширувањето на улицата Србија за уште една лента и средиштен дел, како и негово пробивање, изминативе две години се одвиваше во две фази. Првата беше од булеварот Видое Смилевски-Бато до булеварот 12 македонска бригада, а втората од раскрсницата кај Средното хемиско училиште па с` до Првомајска. Новата улица, сообраќајна врска на Првомајска со Сава Ковачевиќ, велат надлежните, овозможува поврзаност меѓу општините Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. Истовремено е и врска со излезот на Скопје.

Кај фабриката „Усје“, пак, ќе биде изграден кружен тек.

Со овој проект е решен и долгогодишниот проблем на граѓаните од населеното место Усје. Градската власт со самото пробивањето на делницата од Србија, изгради и атмосферска канализација, со што го реши проблемот со поплавување на куќите зад цементарницата.

Градежните работи почнаа во 2009 година на 26 јули, кога беа одбележани 46 години од земјотресот во Скопје.

Фросина ЗДРАВЕСКА


Податоци за проектот

  • Цена: 2 милиона евра
  • Прва фаза од булеварот Видео Смилевски-Бато до Првомајска(вкупно 5 коловозни ленти, ширина 3,5 метри, средишно зеленило)
  • Втора фаза, пробивање на булеварот Србија, од Првомајска кон Кисела Вода (вкупно 4 коловозни ленти, ширина 3,5 метри, без средишно зеленило и тротоари со велосипедска патека. Кружен тек пред Цементарница, дијаметар 40 метри)
  • Реконструкција на тротоарите со нови бекатон-плочки, ново осветление, пешачки и велосипедски патеки
  • Очекувања: Помал метеж и издувни гасови
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3539A35C77F4604A86D8B624195C3DD6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 08-Apr-2011 at 16:06
Само што возев по булеварот. Кружниот тек функционира во обратен смер, така им доаѓа полесно. После мојот инат да си пројдам во нормална насока и една кола позади мене, се воспостави редовен режим. Bow

Edited by lslcrew - 08-Apr-2011 at 16:08
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 08-Apr-2011 at 16:18
Лсл изгледа сме се разминале на булевар србија пред малку.
Back to Top
strajk View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 19-Mar-2011
Location: Skopyeah
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote strajk Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 09-Apr-2011 at 21:51
Bulevarot se otvara na 14 april 
ФК Вардар гордоста на Скопје
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 10-Apr-2011 at 04:17
Ме интересира дали ќе го применат решението претставено на сликата подолу. Значи да се искористи кружната улица околу малата индустриска зона каде би се возело само еднонасочно. Со ова се добива еднонасочен правец на движење скоро до улицата Сава Ковачевиќ.


Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 11-Apr-2011 at 01:17
Хмммм не верувам... Нема премногу сообраќај за да се бараат алтернативни решенија, мада реално е да се очекува пораст на сообраќајот (прашање е колкав), ама сепак делот накај Сава Ковачевиќ би останал тесно грло. Јас се надевам дека нема да чекаме предолго за булевар Србија да го пробијат до спојката со Сава Ковачевиќ како што си е трасата според урбанистичките планови.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 11-Apr-2011 at 18:47
Точно е дека во тој дел нема голем проток на возила. Сепак т-клучката близу М&А е целосно непрегледна (поради објекти на аглите). Не постојат знаци за тоа кој има предност на минување а и покрај тоа што нема Стоп знак возачите се принудени да застанат пред да свртат. Тоа го забавува движењето на возила а и ја прави оваа клучка потенцијална опасност по сообраќајот. Еднонасочниот режим претставува решение за оваа ситуација.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 12-Apr-2011 at 20:06
ПОКАНА

Градот Скопје Ве поканува на официјалното отворање на булеварот Србија (втор дел) коешто е закажано за утре /13.04.2011 година, среда/ во 13 часот  на крстосницата меѓу булеварот Србија и улицата Првомајска.

Проширениот булевар Србија ќе го предаде во употреба градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 12-Apr-2011 at 21:30
Булеварот е скоро ичистен, сеа поминуваа и со вода, се гланца за свеченото отворање. Толку чистачи не сум видел низ цел Аеродром, колку што имаше деновиве на булеварот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 13-Apr-2011 at 14:39
Свечено пуштање во употреба на Булеварот Србија
Во присуство на премиерот  Никола Груевски и градоначалникот Коце Трајановски свечено беше пуштен во употреба Булеварот Србија каде беше завршена втората фаза на негова реконструкција и доизградба.

За проектот се издвоени два милиони евра од Буџетот на Град Скопје а градежните работи ги изведува “Маврово Инжинеринг“.

Трајановски денес одбележува и две години од неговиот мандат како градоначалник на Скопје.

“Ми претставува огромна чест на денешниов ден, кога одбележувам две години од мандатот како градоначалник на Град Скопје, да го најавам отворањето на овој голем проект. Булеварот Србија кој се протега од “Јане Сандански“ до улицата “Првомајска“ денес доби нов модерен изглед со пет коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки, нови семафори, шахти и странично зеленило со уредни садници. Поставени се нови штедливи светилки и воедно крстосницата пред Цементарницата “Усје“ доби кружен тек“, изјави Трајановски.

Средствата со кои е реализиран овој проект се во целост обезбедени од буџетот на град Скопје.

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски го искажа своето задоволство од реализација на овој проект, пред се’ заради подобрите услови кои им се овозможуваат на граѓаните.

“Општината Аеродром со својата администрација овозможи донесување на деталниот урбанистички план и легализирање на дивоградбите на тој потег, со што се обезбеди побрзо извршување на проектираните задачи“, изјави Коневски.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Маријан Ѓорчев ја дефинираше премисата идеи- проекти- резултати, како една од клучните детерминанти за остварување приоритетните цели.

“Резултатот кој сега е видлив за сите е плод на заедничката соработка на општините за доброто на граѓаните“, истакна тој.

Премиерот Груевски, потенцираше дека Булеварот Србија е вистинска манифестација на капиталните мотиви и волја.

“Вистинската работа се гледа во максимата “заврши еден, а започни друг проект“. Со оваа динамична работа, Градот Скопје ќе го подобри животот на граѓаните. Со реконструкција на улиците, со новите спортски објекти, жичарата до крстот на Водно, урбаниот изглед на Зоолошката градина и многу други проекти Скопје ќе прерасне во метропола на Република Македонија“, истакна Груевски. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=85189&kategorija=1
Back to Top
zarko View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 28-Jan-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote zarko Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 13-Apr-2011 at 15:19
Баш вчера копаа точно на средина под семафорите кај Ново Лисиче,денеска само нафрлале асфалт,можеле тоа многу подобро да го средат ама тоа е.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 13-Apr-2011 at 19:24
ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ БУЛЕВАРОТ СРБИЈА

Градот Скопје успешно го заврши проектот за изградба и проширување на булеварот Србија (втор дел), на потегот од булеварот Видое Смилевски Бато до улицата Првомајска, со вкупна должина од 2.000 метри. Булеварот Србија денеска /13.04.2011 година/ и официјално го предадоа во употреба градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, премиерот Никола Груевски, и градоначалниците на општините Аеродром и Кисела Вода, Ивица Коневски и Марјан Ѓорчев.

- Ми претставува особена чест што токму на овој ден, кога одбележувам две години од мојот мандат како градоначалник на Скопје, го предаваме во употреба проширениот булевар Србија. Успешната реализација на овој значаен сообраќаен проект го симболизира растот на Скопје во модерна метропола. На булеварот Србија, од булеварот Видое Смилевски Бато до улицата Првомајска е изградена нова сообраќајна траса со 3 коловозни ленти со широчина од по 3,5 метри. На овој потег сега има вкупно 5 коловозни ленти, средишно зеленило, тротоари со велосипедски патеки и странично зеленило. Вкупната широчина (профилот на сообраќајницата) на овој потег изнесува 50 метри. На потегот од улицата Првомајска кон цементарницата „Усје“ е изградена комплетно нова сообраќајница со 4 коловозни ленти со широчина од по 3,5 метри (без средишно зеленило), тротоари со велосипедска патека и странично зеленило. Вкупната широчина (профилот на сообраќајницата) на овој потег изнесува 30 метри. Асфалтирана е вкупна површина од 42.200 квадратни метри, при што се вградени 16.500 тони асфалтна маса. Крстосницата пред цементарницата „Усје“ е решена со кружен тек со дијаметар од 40 метри – рече градоначалникот Трајановски.

Тој додаде дека по должината на булеварот е изведена секундарна атмосферска мрежа во должина од 794 метри со профил Ф 250 и 784 метри со профил Ф 200. Поставени се 80 сливници и 25 ревизиони шахти, а изведена е и комплетна семафоризација на крстосниците со улиците Трета Македонска Бригада и со Првомајска.

- По должината на коловозот се поставени големи рабници со вкупна должина од 6.085 метри и мали рабници со вкупна должина од 11.118 метри. Со бекатон-плочки се покриени тротоари и пешачки острови со вкупна површина од 17. 250 квадратни метри. Поставено е комплетно ново осветлување, со 108 столбови со висина од 8 метри и 176 штедливи светилки. Употребени се 108 конзоли од кои 58 еднокраки, 49 двокраки и 1 шестокрака. По должината на булеварот Србија е уредено парковско зеленило со површина од 12.700 квадратни метри. Засадени се 910 грмушки, зимзелени и листопадни садници. За наводнување на зеленилото e изведена хидрантска мрежа со комбиниран систем на полевање, капка по капка и прскалки, со вкупна должина од 2.350 метри. Изградбата на булеварот Србија е целосна инвестиција на Градот Скопје во вредност од 2 милиона евра. Градежните активности ги изведуваше „Маврово инженеринг". Изградбата на булеварот Србија ќе ја подобри комуникацијата меѓу трите општини, Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром, ќе ја зголеми проточноста на сообраќајот, а со тоа ќе го намали загадувањето на средината – објасни градоначалникот Трајановски.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, нагласи дека раскопаните улици во градот сведочат за големиот број почнати проекти, а настаните како денешниот - за успешно завршените проекти.

- Изградбата на булеварот Србија е пример за тоа како се решаваат тесните сообраќајни грла. Булеварот ќе одговори на зголеменото ниво на сообраќај во овој дел од градот и во годините што следуваат – рече премиерот Груевски.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4153&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 13-Apr-2011 at 19:29
Koga ke se setam so krugovi sum vrtel i sto koloni sum cekal!!!Laugh
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 13-Apr-2011 at 22:32
Дали имаат грешка во сигнализацијата? Не ми текнува да сум видел на некој кружен тек такви стрелки за излегување од кружен тек.

Што бара тротоар на кружен тек. Па нели се гради за да обезбеди проток, зарем на сред кружен тек ќе има пешачки што ќе го закочи цело кружење на возила за да некој прејде на кругот. Логика нема, кружниот тек треба да е и за пешаците па околу да си дојдат до саканата дестинација.

Централната сијалица е ексцентрично поставена, можно е да има некое знаме во средина или па тоа е само остаток од старата инсталација која не проаќа по средина на кружниот тек туку кружниот тек беше поставен малку понастрана.


Edited by lslcrew - 13-Apr-2011 at 22:34
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 13-Apr-2011 at 23:09
Коце вчера во интервјуто меѓудругото рече дека објектот на 24-ка што смета за пробивање е објект на ЈП Улици и Патишта и тоа е таа база мислам за бетон афалт или што и да е. барачленова локација па ќе го преселат за целосна улица.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.