build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Фото/Видео > Културно наследство
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Марков Манастир

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10946
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Марков Манастир
    Posted: 22-Oct-2014 at 08:30
За сè има вторпат
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 30-Aug-2010 at 20:30
Ako odite peski po rekata nad manastirot ke stignete do seloto Malciste (no ve predupreduvam nikako sam). Seloto e mosno siromasno no koga ke se iskacite do nego vi se pojavuva edno prostransvo so bogata priroda. izminuvajki go seloto ke naidete na edna strmna karpa na koja se gleda razruseni dzidini vo koi vo sredinata se naogja eden trkalezen kamen od koi izvira voda ( znaci strmna karpa visoka na cij vrv ima trkalezen kamen i od nego izvira voda) po nekoi mislenja se smeta deka bilo crkva uste vo vremeto na rimsko, a vo blizina na podnozjeto na karpata imalo rimski grobista. A ovde e zavedeno kako Markovo kale - Malciste - Skopsko. Predelot e preubav, a se osekjate kako da ste zaboraveni vo vremeto i ziveete nekolku vekovi nanazat. Selo Markova Susica ne e odaleceno  od Skopje mnogu , a namastirot i Markovo kale uste pomalku od seloto (se odi peski 500 m) . VREDI DA SE POSETI

Edited by lupo - 30-Aug-2010 at 20:35
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 30-Aug-2010 at 20:20
Manastirot e mnogu ubav imam vikendica tamu i cesto odam. Ima otvoreno i muzej vo konacite za sredniot vek, prodavnica za lancinja i ikoni koi gi slikaat monahinjite. Kolku sto znam vo edniot konak ima mosti na nekoj svetec, i toj dej e pretvoren vo mini crkvicka. Imalo nekogas golema biblioteka za vremeto na Kiril Pejcinovik. Posleden pat koga bev se renovirase i prostorijata na slikava sto se gleda vo leviot konak dole. Ja spremaa za trpezarija so golemi ikoni podarok od Umetnicko. Za ovoj manastir ednas bese toa pred mnogu godini vo ucebnik po istorija ( koj ne veruvam deka denes e vo upotreba zasto toj bese za 4 generacii pred mene, a jas koga stignav ne ucev preku nego ) imase gravura od manastirot vo sreden vek, najveroatno bese XI ili XII vek. slikata mi ostana i den denes vo oci zasto bese preubavo. Manastirot ili srednovekovno gratce - poveke mi licese na vtoroto, go imase oblikot nadvoresno so sidot okolu manastirot sto e denes, a vnatre bese so poveke kuli vo vidot na kambanarijata sto e na Presveta Bogorodica vo centar. Ja barav so godini slikata no nikako ne mozam da ja najdam, ako ima nekoj pri raka star ucebnik po istorija neka prolista  - ke mu bidam blagodaren ako ja najde Big%20smile
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Jun-2009 at 22:13

Марков Манастир - Св. Димитрија ... Markov Manastir - Sv. Dimitrija ... фото и видео сторија ...


Марков Манастир се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река, на двесеттина км од Скопје. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија. Капијата на манастирот е искована од масивно дрво. Веднаш од десната страна започнуваат манастирските конаци и други помошни простории. Покрај конаците се наоѓа уште и фурна, казани за печење ракија, бунар со студена вода и мошне стара воденица која е сочувана како секавање на времето кога житото се мелело на таков начин. Името на манастирот е добиено по популарниот јунак Крале Марко. Црквата Св. Димитрија е изградена во 1345 год. за што сведочи натписот над јужната врата од внатрешната страна на црквата. Таа била обновена од кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од неговиот син Марко (меѓу 1366 и 1371-72 година). Во почетокот на XIX век во манастирот како негов игумен престојувал и работел македонскиот преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ.










Повеќе слики и неколку видеа погледајте на линкот Марков Манастир - Св. Димитрија ... Markov Manastir - Sv. Dimitrija ... фото и видео сторија ...
волан
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Mar-2008 at 21:07
Ееее по тој, што иде накај козјак.
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 02-Mar-2008 at 20:14
Ок, значи истиот пат што води накај Козјак, натаму сум бил! Тенкс! 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 02-Mar-2008 at 03:29
Да де.

п.с Се вратив сега од град малце дудук. Sorry за грешката!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-Mar-2008 at 03:27
мислиш обратно Smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Mar-2008 at 03:17
Идеш према драчево. Значи од кисела вода по првомајска. И токму8 пред влезот на драчево патот се дели на две. Десно е драчево, а право е патот за марков манастир. Има знаци ќе се снајдеш.
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 01-Mar-2008 at 22:19
Originally posted by Cloverstack

Значи ProMKD ја отвори нишкава, напиша пола реченица, па после кидна...

LOL

Cool Ова ми беше најлесен начин да извадам информации хахаха. Но најозбилно, појма си неам од Манастиров а слушам дека било убаво место за излет? Па не знам ни точно каде е. Фала многи Ла Линеа за инфо, и дали ќе може некој да ми објасни како е најлесно да се стигне до таму од Скопје?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11810
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 01-Mar-2008 at 16:24
Значи ProMKD ја отвори нишкава, напиша пола реченица, па после кидна...

LOL
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 01-Mar-2008 at 14:16


Национално богатство на Марковиот манастир:

1.
Св. Димитрија Милостив (Добродетел)

Автор: Анонимен од 1400/1405г

2.

Исус Христос
Пантократор и Животодавец

Автор: Анонимен од 1400/1405г

3.

Богородица одигитрија
( патоводителка )
Автор: Анонимен од 1400/1405г.

4.

Архангел Господов
Страшен Чувар

Автор: Анонимен од 1400/1405г

5.

Св. Јован Претеча (Продромос)
Гласник на покајувањето од цариградскиот кварт Петра
Автор: Анонимен од 1400/1405г.

6.


7.

8.
9.


10.

11.


12.


13.


14.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 01-Mar-2008 at 13:58

Марков Манастир

Од Википедија, слободна енциклопедија

Марков Манастир се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река, на двесеттина км од Скопје. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија. Капијата на манастирот е искована од масивно дрво. Веднаш од десната страна започнуваат манастирските конаци и други помошни простории. Покрај конаците се наоѓа уште и фурна, казани за печење ракија, бунар со студена вода и мошне стара воденица која е сочувана како секавање на времето кога житото се мелело на таков начин. Името на манастирот е добиено по популарниот јунак Крале Марко. Црквата Св. Димитрија е изградена во 1345 год. за што сведочи натписот над јужната врата од внатрешната страна на црквата. Таа била обновена од кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од неговиот син Марко (меѓу 1366 и 1371-72 година). Во почетокот на XIX век во манастирот како негов игумен престојувал и работел македонскиот преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ.

Основата на црквата е во форма на впишан крст во правоаголно протранство, со купола што се издига над централниот дел, носена од четири камени столбови. Нартексот е одделен со троделен отвор од наосот, а во неговиот горен дел се наоѓа слепа калота, јасно назначена и видлива на покривот. Црквата е ѕидана од делкан камен и тули кои се изведени во интересни шари, особено на олтарната апсида, во десетте декоративно изведени ниши. Кон црквата, од јужната страна, во подецнежниот период додадена е просторија во вид на параклис кој служел за крштевање и е изграден од слаб материјал. Од западната страна на црквата, во 1830 год., изграден е отворен трем ѕидан од делкан камен, за кој средства дал Хамзи-паша Скопски.

Меѓу зградите на конаците се наоѓа старата трпезарија која има форма на еднокорабна црква со апсида на северната страна. Ѕидовите на трпезаријата биле покриени со фрескоживопис.

Живопис

Фреска%20од%20црквата%20со%20претстави%20на%20Кралот%20Mарко%20%28лево%29%20и%20Волкашин%20%28десно%29
Фреска од црквата со претстави на Кралот Mарко (лево) и Волкашин (десно)

Внатрешноста на црквата е живописна, а живописот е рапореден во повеќе зони. Во првата зона наликани се светители во цел раст, меѓу кои, на северниот ѕид биле насликани и портретите на ктиторите. Меѓутоа, овие ликови се оштетени, па е тешко да се констатира што преставуваат. Втората зона ги опфаќа композициите што го илустрираат акатистот на св.Богородица, а другите зони животот, чудата и страдањата Христови, дванаесетте "Големи празници", како и сцени од животот на св.Никола и патронот на црквата св.Димитрија.

Меѓу композициите е прикажана и една тешка човечка трагедија "Плачот на Рахела". Станува збор за убиството на сите првородени деца, од страна на Понтиј Пилат со цел да се изврши егзекуција на божјиот син - Исус Христос. Од портретите на северниот ѕид на црквата останале само незначителни фрагменти, додека од портретите насликани на јужната фасада на црквата, над влезната врата, зачуван е целиот ансамбл. од десната страна е прикажан во цел раст кралот Марко, облечен во кралска облека, во боја на печен окер, украсена со бисери и бесценети камења. Тој во левата рака држи развиен свиток на кој е испишан текстот: "Во Христа Бога благоверен крал Марко, го соѕодав и попишав овој божествен храм". Од другата страна над вратата во цел раст е прикажан кралот Волкашин со свиток во рацете на кој се споменува неговото име.

Иконостас

Првобитниот иконостас на црквата наполно е зачуван. Тој се состои од камени столбови со капители кои се орнаментирани, со што потсетува на камените иконостаси на црквата Св.Пантелејмон во Нерези, или црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Дел од старите икони се зачувани, меѓутоа, тие биле пресликани во периодот на XIX век.



Манастирскиот комплекс

1.

2.


3.


4.


5.



Црквата Св. Димитрија

    - Градба

Архитектурата на црквата е од типот цркви со една купола која високо се издига над кровната конструкција. На источната страна има голема олтарна апсида, а на западната нартекс. Кон западната страна од црквата подигнат е отворен трем во триесеттите години на XIX век со парична помош на Х'мзи-паша.
За време на изградбата на црквата или нешто подоцна бил изграден и параклис на јужната страна каде биле насликани ктиторските портрети на крал Волкашин и крал Марко, а откриени за време на конзерваторските работи во 1963-1964 година.

Внатрешните површини од црквата се исполнети со фрески од XIV век; илустрации од Богородичниот акатист, Чудата Христови, неговите страдања, големите празници и повеќе поединечни фигури на светци, ангели, пророци, испосници и ратници. Зографите насликале повеќе сцени од животот на Св. Димитрија – патронот на црквата, како и сцени од животот на Св. Никола, Св Нестор и др. Во куполата е претставен Христос Пантократор, а тука се мноштво ангели, архангели пророци и други светци. Во олтарниот простор е илустрира на Божествената литургија со архиереи облечени во бели фелони, украсени со црни крстови. Големите празници ги исполнуваат сводовите на црквата, а во нивно продолжување се насликани композиции со претстави од маките и чудата Христови.

Во нартексот видно место им е дадено на ктиторските портрети претставени на северниот ѕид. Во горните партии на нартексот се илустрирани сцени од животот на Св. Димитрија, а неизостануваат ни фигурите на бранителите на христијанството: епископи, проповедачи, маченици и др.


6.

7.


8.


9.



Архитектонски план на црквата Св. Димитрија


10.


11.


12.


13.


14.



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Feb-2008 at 23:29
Слики, информации итн...
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.