build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Експресен пат Штип - Радовиш
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Штип - Радовиш

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Експресен пат Штип - Радовиш
    Posted: 22-May-2018 at 13:53


Објавено на 21.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Австриската компанија „Штрабаг“ денеска започна со градежни работи за изведба на новиот експресен пат од Штип до Радовиш. Капиталниот проект е со вредност од над 1,7 милијарди денари (28 милиони евра) и ќе се реализира во наредните три години. Финансиските средства ги обезбеди Европската банка за обнова и развој. Станува збор за целосно нова траса на потегот помеѓу штипското село Софилари и клучката кај радовишкото село Бучим. Градежните работи на терен ќе се изведуваат врз основа на изготвениот проект на кумановската фирма „Простор“.

 

* Постојниот пат меѓу Штип и Радовиш

 

Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш беше најавена од македонската влада уште кон крајот на минатата година. Коловозот ќе се состои од две сообраќајни ленти со широчина од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри. Реализацијата на овој зафат ќе овозможи побрз проток на патници и стока измеѓу југоисточна Македонија и Скопје, земајќи ја во предвид и изведената автопатска траса меѓу Скопје и Штип. Воедно, австрискиот изведувач „Штрабаг“ ќе биде одговорен за одржување на идниот експресен пат во период од 5 години по завршувањето на проектот.

 







Edited by Cloverstack - 22-May-2018 at 13:53
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-May-2018 at 18:59
Работата е почната од пред неколку недели. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 29-May-2018 at 23:25

Четири археолошки локалитети на трасата на експресниот пат Штип-Радовиш

Напишано од
 МИА
 -
261

Изградбата на новиот експресен пат Штип-Радовиш откри четири археолошки локалитети. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип, Митко Штерјов на денешната прес-конференција истакна дека тимот од археолози веќе е на терен и се почнати истражувањата на локалитетите, а низ кој поминува новата траса. Четирите археолошки  локалитетите се од праисторијата до средниот  век. Штерјов забележува дека за нив се од големо  значење.

– Карактеристични се два локалитетa. Едниот, е од таканaречниот хеленистички период, а другиот, од железнодобскиот период. Токму од нив, очекуваме да дадат артефакти, како одговори на повеќе непознаници од животот на населението од овој регион, како и археолошки придонес во обемната македонска архелошка карта на вредни пронајдоци – вели Штерјов.

Архолошките истражувања на трасата на новиот екпсрен пат Штип-Радовиш ќе чинат околу 100.000 евра и  ги обезбедува Владата. Археолозите на терен на овие четири локалитети ќе работат до крајот на август.


https://plusinfo.mk/%D1%87%D0%B5%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D0%B0%D1%80%D1%85%D0%B5%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%81/

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 02-Jun-2018 at 13:33
Почна изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш

Градежните работи за изградба на експресен пат Штип-Радовиш почнаа денеска. Инвестицијата во патот, во должина од 23,5 километри, изнесува 27 милиони евра за изградба на патниот правец во должина од 23,5 километри.

Новиот експресен пат ќе има две коловозни ленти со широчина од 3,5 метри и две ленти за застанување од по два метри.

Патот го гради компанијата „Штрабаг“, која е избрана за најповолен понудувач на меѓународниот тендер објавен од Европската банка за обнова и развој.

https://kanal5.com.mk/articles/336830/pochna-izgradbata-na-ekspresniot-pat-shtip-radovish



Отпочнување изградба на експресен пат Штип - Радовиш by Влада на Република Македонија, on Flickr

Отпочнување изградба на експресен пат Штип - Радовиш by Влада на Република Македонија, on Flickr

Отпочнување изградба на експресен пат Штип - Радовиш by Влада на Република Македонија, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Aug-2018 at 15:24


Геометриски напречен профил на патот:





Клучки:









Повеќе на
https://www.porta3.mk/se-gradi-patot-shtip-radovish/

Edited by Џоле - 07-Aug-2018 at 15:27
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1545
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Aug-2018 at 19:28
Vrz starata trasa li se gradi?
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Aug-2018 at 20:29
Originally posted by Denko

Vrz starata trasa li se gradi?


Скрос нова лево од старана(правец Штип-Радовиш), и кај клучка Бучим се префрла од десна страна
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 165
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Aug-2018 at 20:34
Според текстот на Порта3, првата и четвртата делница ќе бидат рехабилитација и проширување на постоечката делница, а втората и третата се комплетно нови траси.
Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Aug-2018 at 20:39
Originally posted by ironm

Според текстот на Порта3, првата и четвртата делница ќе бидат рехабилитација и проширување на постоечката делница, а втората и третата се комплетно нови траси.



Да ама тоа е од Три Чешми - до мостот на Брегалница(првата) и од после клучката Бучим - клучка Радовиш(четвртата), а главната работа и најобемната е скрос нова рута - барем ја така го разбрав концептот...
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Aug-2018 at 00:11

Во право е О.М.

А што е работава со клучката Штип Југ, зошто раздвоен коловоз на надвозникот? Вака е поскапо, а не ја гледам причината зошто е ова потребно или пожелно.


Back to Top
Obedineta Makedonija View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Aug-2011
Location: Macedonia
Online Status: Online
Posts: 1509
  Quote Obedineta Makedonija Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Aug-2018 at 06:22
Originally posted by Cloverstack

Во право е О.М.
А што е работава со клучката Штип Југ, зошто раздвоен коловоз на надвозникот? Вака е поскапо, а не ја гледам причината зошто е ова потребно или пожелно.


Мост на Брегалница
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Aug-2018 at 17:34



Сеедно што воедно е и премостување на Брегалница, тоа само по себе не е причина. Всушност со оглед дека патов е проектиран со можност да прерасне во автопат, ова делува уште почудно, освен ако обата моста немаат ширина од минимум 8 метри, а не делува така.

Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2018
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 08-Aug-2018 at 22:14

Не знам што е толку чудно, и мостовите преку Вардар на А1 го имаат истиот профил со по две ленти. Бидејќи сообраќајот по експресниот пат е двонасочен, веројатно не е оправдано стеснување од двете страни за да се премине преку сегашниот мост. Во овој случај, со оглед на тоа што патов треба да прерасне во автопат во иднина, се оди со втор мост - копија на првиот. Сликите од клучките мене ми личат на најобични скици и јас не би проценувал димензии според нив.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11998
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 08-Aug-2018 at 22:48

Сегашниот мост сигурно не е дел од експресниот пат, односно од оваа клучка , затоа што е премногу краток (а веројатно и премногу низок) за под него да може да помине подвозникот прикажан на скицата.

Претпоставувам дека ова е малку поисточно од сегашниот мост.

Не можам да тврдам со сигурност, затоа што информациите се оскудни, но ова ми изгледа како два нови моста за експресниот пат.

Ако си во право дека ова се груби скици и дека не треба да извлекуваме заклучоци за ширината, тогаш може да се два моста со доволна ширина за тука во иднина да помине автопат. Но повторно не прави логика зошто би ги правеле двата моста сега, кога еден со адекватна ширина во оваа фаза е доволен, а вториот би можел без проблеми да се изгради кога ќе биде потребно.




Edited by Cloverstack - 08-Aug-2018 at 22:49
Back to Top
Théoden View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 31-May-2018
Online Status: Offline
Posts: 10
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 09-Aug-2018 at 13:33
Првичната претпоставка ми беше дека ќе се прави засебен потпатник нешто појужно од постоечкиот мост. Но правецот на патот кон Штип не остава многу простор. Во овој случај, наспроти изградба на целосно нов мост како поевтина опција можеби е земена продолжување на сегашниот мост, зафат кој не сум запознаен дека воопшто е извршен негде кај нас.

Исто така, ако еден од двата моста на скицата е стариот мост, тогаш тоа повеќе ми изгледа како да е западниот.

Но секако, ова може да се само наши нагаѓање без да знаеме повеќе детали за проектот.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11668
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 21-Sep-2018 at 10:44
За сè има вторпат
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1545
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 21-Sep-2018 at 11:24
Postojnava magistrala ke ostane ili ke bide vmetnata vo ekspresniot pat?
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Oct-2018 at 02:47
https://www.youtube.com/watch?v=W_g_qjz7bVE
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1846
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 05-Oct-2018 at 21:18
Само го видов насловот, ништо повеќе нема потреба да видам, срамно за министерот, трасата можеби е пробиена околу 60-70 проценти, кога бев пред две недели натаму , немаше ни 50 проценти пробиеност, кај винаријата нема поместувања , кај кањонот каде што е карпест дел исто така нема поместување , само во лесниот предел е средено солидно. Лично не верувам дека и со натчовечки напори и решени сите проблеми успеале да ги пробијат тие делови за две-три недели. Веројатно наредната недела повторно ќе одам натаму па ќе погледнам, штета немам никој со мене за да може да слика.
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 483
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 06-Oct-2018 at 05:39
Epten lazat a ccc , ja mislev samo Misajlovski lazese ovie beter od nego se , toj so ni pola zavrsena rabota zavrseno vikase deka avtopatot e gotov , a ovie so nepocnat proekt vikat gotov e
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.