build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Експресен пат Штип - Радовиш

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 24-May-2020 at 15:01










































Имав проблем на почетокот со поставувањето на сликите, но се снајдов.

Сепак, назад на темава.

Еден дел има карпести одрони и мислам дека тој највеќе ќе го средуваат, а и изгледа има нов пат кон рудникот дамјан, видов од десната страна таму и една машина во бело. Е тоа незнам што е ама таму ќе има мост, дали за пат или за нешто друго врзано со рудниците дамјан и бучим. (Ова е малце подолу после клучната кај Рудникот бучим).
Делот кај клучката после бучим го немаат почнато, а кај Штип Југ, работат турбо. Вториот мост кај река Брегалница уште не е почнат, а кај налдолгиот мост кај лакавица, последните столбови се поставени, и останува да се доврши па после асфалтирање.
Клучката накај Неготино не е целосно завршена, но насекаде низ овој пат има багери, камиони, значи турбо се работи, сигурно пред време ќе го завршат.
За другото, се си е релативно исто како на видеото што го поставив пред некое време.

Сега за делот со фабриките, позади нив видов повеќе ископано. Си викам, патов може да помиува од каде што поминува веќепостоечкиот покрај фабриките, и таму има место да се прошири, но ако со тоа што го копаат позади фабриките се направи нов влез кон тие фабрики, и се затвори постоечкиот влез, каде што има простор да се прошири патот и да прерасне во експресен пат до клучката Штип Запад.
Секако, ако тој ископот позади фабриките е навистина нов влез кон фабриките.
Плавата боја означува каде првично би минувал експресниот пат (Се надоградува, т.е. проширува веќепостоечкиот пат. Се прави друг влез за фабриките, позади нив, ако тоа што го копаат е навистина нов влез за фабриките).
Црвената боја е новиот влез кон фабриките.
Зелениот круг е нова клучка, која што би се вртело за спортскиот аеродром, и за фабриките.

Подолу имам прикажано сликовито како би можело да се изведе тоа:


Edited by Џоле - 26-May-2020 at 08:15
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Online
Posts: 1979
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 24-May-2020 at 15:18

Пробај со imgur, најдобар е за форуми и самиот ги генерира BB кодовите.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 24-May-2020 at 19:51
Originally posted by Staro Skopje


Пробај со imgur, најдобар е за форуми и самиот ги генерира BB кодовите.

Средив. Погоре ги ставив сите слики, и објаснив.
За делницата Штип Југ неможев да фатам, оти не ни очекував дека до толку ќе бидат зафатени со неа, се работи турбо.

Edited by The Wild Boy - 24-May-2020 at 19:58
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 24-May-2020 at 20:01
Ако има некој што се разбира, или има близок што работи во овие фабрики нека се распраша, дали тоа што се ископува позади фабриките, е за нов влез кон фабриките, или за нешто друго.
Back to Top
none_ski View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 17-Jan-2019
Online Status: Offline
Posts: 19
  Quote none_ski Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 26-May-2020 at 07:35
Вториот мост на р. Брегалница е веќе направен, кога преминуваш преку стариот мост накај Радовиш до него лево е новиот мост. Стариот останува исто така во функција, така да нема да има друг мост.
Позади Актива се копа за проширување на капацитетот на фабриката, се доградува нов дел. Двата објекта што се над фабриката се мислам приватни куќи за сопствениците на Актива. Исто така и патот што е пробиен под фабриката за да излезе на булеварот го пробија од Актива и го асфалтираа. Ставија рампа за влез така да мислам дека тоа е нивен приватен пристап. Нема ништо од пристапен пат за до фабриката од експресниот пат. Улицата е со остри кривини и е тесна, нема шанси да свртат поголеми камиони таму.
Како што кажав претходно, првата секција од експресниот пат Штип-Радовиш (заедно со пристапните патишта за фабриките) немаат градежна дозвола (значи не смее да се гради) и се препроектира.
the more you use your brain, the more brain you will have to use.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 07-Jun-2020 at 15:34
Имам новости.
Се враќавме од Струмица, и на делот малце пред клучката кај Радовиш, можев да видам неколку работници како поставуваат табла дека овде ќе се гради експресен пат.
Ова укажува дека наскоро ќе започнат со другата фаза после рудникот Бучим.
Инаку што е финтата со белиот мост кај Рудниците, за што ќе се користи тој. Гледам имаат и ископано (нов пат???) кон рудниците Дамјан и Бучим. За што ќе биде тој бел мост?

Edited by The Wild Boy - 07-Jun-2020 at 15:52
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 895
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 07-Jun-2020 at 20:50
Па како што знам Бучим прават нов рудник Боров Дол, може за тоа ќе се користи.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 249
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 07-Jun-2020 at 21:33
Со црвено новиот експресен пат, со зелено локална/регионална патна мрежа, со бело нова лента за руда према новиот рудник БоровДол за користење на машинските згради на процесирање на рудата на старата локација Бучим.





Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 07-Jun-2020 at 21:51
Ааах значи за тоа било. Мене ми се виде како нов пат дека градат, ама и од далеку не се виде убаво.

Edited by The Wild Boy - 07-Jun-2020 at 21:56
Back to Top
Marxentric View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 50
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 08-Jun-2020 at 14:01
Originally posted by The Wild Boy

Имам новости.
Се враќавме од Струмица, и на делот малце пред клучката кај Радовиш, можев да видам неколку работници како поставуваат табла дека овде ќе се гради експресен пат.
Ова укажува дека наскоро ќе започнат со другата фаза после рудникот Бучим.
Инаку што е финтата со белиот мост кај Рудниците, за што ќе се користи тој. Гледам имаат и ископано (нов пат???) кон рудниците Дамјан и Бучим. За што ќе биде тој бел мост?

Moстот е за премин преку експресниот, на тој дел најверојатно нема да има клучка.
Back to Top
The Wild Boy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2020
Online Status: Offline
Posts: 160
  Quote The Wild Boy Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 08-Jun-2020 at 14:57
Денес се враќавме, и на некои места делот Бучим Радовиш, и обратно имаше ископано.
Јас како што видов, изгледа ќе прават и нов регионален пат, оти таму каде што завршува делот на стариот пат, малце после клучката Бучим, и каде што се спојува со експресниот пат за кратко, е таму стариот пат изгледа ќе продолжи кон Радовиш, по веќепостоечкиот стар пат кој што не е асфалтиран, и тој најверојатно ќе се користи за трактори, и сите оние кои што ќе гравитираат од околните села близу Радовиш, а веќепостоечкиот пат како што сите знаме ќе се надгради во Експресен пат од делот Бучим до Радовиш. Тоа сега и го имаат почнато, со помалите ископи кои што ги видов, ќе треба неколку кривини да се исправат, нови надвозници, и за клучката Радовиш и онаа кај с.Иењво незнам дали ќе се менуваат. Ако некој знае, или ако им е во план зацртано нека прати.
За другото мостот кај с. Лакавица можам да кажам дека е 85-90% завршен. Другиот по големина мост е готов уште од по - одамна, тој го спојуваат со ридот. На едно место има и одрони, на тоа се работи исто така горе да го средат делот, а доле на постоечкиот пат сеуште ги немаат тргнато. Тоа мислам дека беше пред или после клучката со Неготино. Надвозникот кај Бучим им е готов, исто и за надвозникот кај Штип Југ.
Кај оној надвозникот што го утепаа давајќи по сликите (мислам кај винарија имако беше, или пред), поставуваа електрична инсталација на осветлувањето, на некои места ги пошумуваа косините, значи доста работа вршеа, и работат во полна пареа.
Back to Top
Expresway View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 18-Apr-2020
Location: Steyr
Online Status: Offline
Posts: 21
  Quote Expresway Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 11-Jun-2020 at 10:54
https://www.facebook.com/1723716297849902/posts/2729923043895884/?d=null&vh=e.Prezemeno od facebook.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.