build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Такси превоз
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Такси превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1433
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 02-Nov-2017 at 12:55

no no, uber taxi mozhe da naprai od nas uber makedoshe, prosto postojnite taksi kompanii da se obvrzani na bulevarski arterii (kako Sandanski-Pitu il Partizanska-prodolzetokot kon Gjorche) da vozat liniski, dokolku imaat slobodno mesto da sobiraat zainteresirani popat ... verojatno so fiksna cena brzo kje se standardizira koi kompanii kako bi se vklucuvale od strana na Gradot, pr. za proba moze ova da vazi samo za shpicovite od 7am do 10am i 3pm do 7pm ...

edna od pogolemite prednosti bi bila apropo posiromasnite koi se getoizirani vo komibloite da mozat da ponesat so sebe i kufer+ do transporten ... onie od Partizanska bi odele tokmu do tuka, a onie od Sandanski do centar pr. GTC preku Olimpiski ...

besplaten gradski avtobuski prevoz, vo kostec vakvo linisko taksi, i te kako kje pridonese za namaluvanje na avtomobilite vo optek, no za da ova se osigura, neophodno e i kachuvanje na cenata za zonsko parkiranje v Centar, no i rfid dnevni vinjeti za sekoj koj saka so kola da mine niz mal ring, mislam deka vekje i vo registarskite tablicki ima rfid antena, no se dodeka ne go bidne tunelot pod Kale, no i klucka i prosiruvanje kaj Topana ova nema da moze da se napravi i so Cvetan Dimov kako bi imalo protochna alternativa za ostanatite taksisti ...



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5063
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 05-Mar-2020 at 15:38
НАСКОРО ВО ГЛАВНИОТ ГРАД
Такси Камео и во Македонија, првото „зелено“ такси во Скопје

Македонија и Скопје се петтата држава и четириесетиот град во кои ќе работи Камео такси компанијата. На македонскиот пазар сопственикот на оваа компанија Владимир Миновски влегува со инвестиција од 2 милиона евра и во старт отвора 250 работни места. Акцентот го става на европски стандарди за квалитет на такси услуги, како и на еколошката компонента, при што oд 2 мај Камео (Cammeo) ќе биде првото „зелено“ такси на улиците на Скопје.
Освојувањето на нови пазари е дел од визијата на Владимир Миновски, сопственик и генерален директор на Такси Камео. Планот е овој регионален такси-лидер во догледно време да ја заземе водечката позиција на такси картата на Европа.

Владимир Миновски, успешен бизнисмен и визионер во доменот на такси превозот, е инволвиран во развојот на компанијата од самите почетоци во Риека во 2006-та година. Во следните 14 години ги помина сите фази во развојот и растот на овој такси гигант, а последните 6 години е ангажиран како генерален директор.

Како што самиот постојано повторува, за успехот во еден дел е заслужна и неговата спортска кариера. Имено, тој 6 години професионално се занимаваше со кошарка, а токму навиките со кои се стекна низ спортот, како што се дисциплината, тимскиот дух и посветеноста, му помогнаа во работата, а му помагаат и денес.

Конкретно, Миновски тврди дека е лесно да се повлече паралела помеѓу бизнисот и спортот. И едното и другото бараат добра подготовка, квалитетни играчи, тактика, добар тренер и желба за победа, а кога сите тие елементи ќе се состават, нема да недостигаат ниту поени, ниту успеси.

Македонските градови, а пред сѐ Скопје во однос на квалитетот на воздухот редовно се на листата најзагадени во светот. Меѓу главните причинители на аерозагадувањето се посочени возилата и транспортот, пред сѐ заради застарениот возен парк со високо ниво на издувни гасови. Што ќе понуди компанијата Камео на македонскиот пазар, за да придонесе во заштитата на воздухот и генерално во намалување на загадувањето?

- Камео како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свесност и заштита на животната средина.

Во таа насока, токму Камео ќе биде првото и единствено „зелено“, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Камео групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, исто така истите возат на плин (ЛПГ) кој е еколошки прифатлив. Кога е во прашање македонскиот пазар, такси возилата на Камео ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Камео порачува дека токму неговите „зелени“ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално.

Притоа, Камео нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе започна и со електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Камео работи со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина.

Македонските работници се ценети во светот. Но, за да се успее во бизнисот е потребно нешто повеќе, идеа, услови, храброст... Што е тоа што најмногу придонесе еден Македонец, г-динот Владимир Миновски, да успее во бизнисот со Такси Камео во Хрватска. И не само тоа, туку истиот бизнис да го развие и успешно да настапи и на меѓународниот пазар?

- Камео како регионален гигант денеска брои 1.400 вработени и има флота од 900 автомобили. Достапен е во 40 градови и 5 држави. Во последните 14 години стана дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Србија и Чешка, а токму поради Камео, такси превозот им стана достапен на сите – од ученици и студенти до пензионери. На илјадници патници во овие држави по појавувањето на Камео, возењето со такси им стана своевидна дневна рутина.

Денес, Камео континуирано пишува нови поглавја во својата успешна приказна, а следното ќе го испишеме во Македонија. Конкретно, за почеток на улиците на Скопје.

Вашиот бизнис е брзорастечки, но е непходна голема инвестиција при настапот на нов пазар, како и соодветен кадар, без кој компанијата би ги загубила својата препознатливост, имиџ и еден од адутите за привлекување задоволни клиенти. Што е тоа што ќе го понудите како инвестиција при настапот на македонскиот пазар?

- Што се однесува до доаѓањето на македонскиот пазар, Камео влегува со инвестиција вредна 2 милиона евра и во стартот ќе отвори 250 работни места, од кои 200 за возачи и 50 за менаџмент функции т.н. „ладен погон“.

Настапот на Камео сигурно ќе придонесе за подобрување на економската слика во земјата со оглед на бројката на работни места кои се планира да се отворат. При вработувањето секогаш се дава предност на локалното население и така се придонесува за осигурување на нивната и егзистенција на нивните семејства.

Ретки се компаниите каде се среќни и работодавачите и клиентите, но и вработените. Која е тајната токму вашата компанија да биде пожелна за вработување? Што е тоа што им го нудите или овозможувате на вработените, а што тешко можат да го најдат на друго место?

- Камео од самите почетоци се води од идејата дека компанијата е од луѓето за луѓето. Тоа значи дека еднакво се грижи за вработените, кои ги смета за свое семејство, но и за патниците на кои секогаш настојува да им пружи најдобра услуга.

Возачите на Камео во Македонија, првите три месеци ќе имаат загарантирано највисока плата во нивната бранша. Освен тоа, ќе им биде понудено и флексибилно работно време, а на располагање ќе имаат логистичка и секаков вид поддршка 24 часа, 7 дена во неделата.

Исто така, ќе се погрижиме новите камеовци да почнат со смените целосно подготвени за да можат својата работа да ја извршуваат квалитетно, сигурно и на крајот да бидат задоволни. При што, истите ќе бидат дел од Камео академијата преку добивање на стандардизирана едукација за постигнување на најквалитетни такси услуги. Имено, Камео е единствената такси компанија во ЕУ со ИСО 9001 сертификат. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани за работа да се јават преку контакт-образецот на www.cammeo.mk.

Вашиот бизнис се соочува со различни и пробирливи клиенти. Сите тие сакаат да го добијат тоа што им е понудено и што го плаќаат. Каква е разликата во услугите што ги нудите вие во споредба со конкуренцијата, за да бидете пожелен партнер на корисниците?

- Услугата за превоз на Камео се води од слоганот кој гласи: „Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец“. Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз на кој ќе можат да се ослонат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Камео ќе може да се нарача преку кол-центарот и преку апликација на ИОС и Андроид смарт телефони. Освен тоа, нудиме и бројни погодности за патниците, како што е плаќање со картичка преку апликацијата и во возилото, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно.

Владимир Миновски не го крие задоволството заради доаѓањето на новиот пазар, во родната Македонија, а како што вели самиот, тука не е крајот на експанзијата на Камео.

- Засега не би открил премногу. Само можам да кажам дека во блиска иднина возилата на Камео ќе ги гледате по улиците на уште неколку регионални и европски градови, најавува Миновски.

https://vesti.mk/read/article/https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fskopje%2Ftaksi-kameo-i-vo-makedonija-prvoto-zeleno-taksi-vo-skopje
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1433
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 12-Apr-2020 at 19:53

пост погоре аберот од 2007-ма за тунелот под Кале откако се официјализира го апстрахирам како неопходен онаков како вијадуктовски е предложен

деноиве со ковид-пандемијата се наметна едно прашање зошто масовно онлајн шопингот не е норма, особено во и за време карантинот, разбрав тинекс и рептил чинам имале достава до дома, но зошто сите на ова да не се обврзани, и тоа по избор дали доставата да им е по Такси или Сити-Бајк, ако им се брза една регуларна цена откако пазареле онлаин, доколку не, комотно можат нарачките дента кои се во една улица или реон со дополнително смс известување да се испорачаат во еден здив Од-До ... мислам како поинаку да му се излезе во пресрет на Народ а не пак не Таксисти кои велат нема излез, а всушност вака бар малку од малку ако не друго би биле од Корист некому ако веќе сега немаат Аир од таксиратот ...

можеби треба да не чекаат на државата да ги стандардизира во однос дезинфекција и час поскоро да воведат UV-C неонки за да муштерии им бидат мирни натака, сепак мора сами уште сега да бараат државата да интервенира во итно носење дезинф. регулатива како тоа не би било импровизација и Народ натака без стравои би се возел со Такси ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1433
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 27-May-2020 at 22:33

после цела карантин-паника се наметнуваат неколку прашања!

1. дали е задолжително ковид-тестирање за Таксисти?

2. дали таксирањето Ковид Патници е некако регулирано, пр. мора да има сепарирање на предниот и задниот дел од возилото [1]

3. дали полисите за осигурување признаваат отштета доколку Таксист се констатира дека е носител на вирусот?

4. дали фејкбук-фрупите за споделување меѓуградски превоз ала блавлакар

5. дали е дозволиво да се отвори сервис како блаблахелп кај нас а на тоа да немаат замерка такси компаниите?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1433
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 29-May-2020 at 22:04

сигурно би било издаток за Таксисти да вложуваат во ова, но сигурно погребален би бил и поскап, секоја Чест за волјата да му пркосат на ветрот, но не секој Чоек сред Бура има капацитет за ота, треба внимание од самите власти, сретнав таксисти кои немаат друго него да мораат и да возат и на Дијализа да одат, колку малку треба за да скапо ги чини токму нив изложеноста на екстра комуникација во мал простор, бар Животните Полиси да им се зголемат во премиите, сепак ТИЕ и да сакаат да воведат некоја своја стандардизација тоа е незаконски ... ех да имаа и тие ксмет ко да се сепарирани ко Шофери на Двокатните, за што кусур би било патниците во Приколки да ги Возат ... дозволено ли е кај нас сега Точак или Веспа Рикши да таксираат ...

https://www.buzzfeed.com/stephenlaconte/coronavirus-pictures-show-how-much-world-has-changed

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1433
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 01-Jun-2020 at 09:06

znae nekoj dali e dozvolivo da pobaram prevoz sred vakvi vreminja po ona fejkbuk grupite nalik blablacar koi kaj nas sheruvaat megjugradski prevoz ...

ете упатството од blablacar горе вели Може но само еден патник да вози во Кола на задно седиште, јасно со маска ...

biva li ova da e ostaeno samo da se regulira, нели можат да извадат брза стандардизација ако не за Таксисти за вакви Солидарни Сограѓани кои ете пример бар Постари Лица ќе ги помагаат да ризикуваат да одат со Јавен Меѓуградски Превоз!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Online
Posts: 1433
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 05-Jul-2020 at 23:16



и без сарс-2 вакво нешто кај нас е ризик од повеќе аспекти како денес си тера на фејкбук, а редно време ет некој да стори Џева ако не Промо за МакБлаБлаКар ... но може да се има и поатрактивен пристап доколку секое возило натака бидне задолжително да има даш-кам, кое како во црна кутија би можело да препознае и рфид-тагот од личните карти, под претпоставка дека при следна светска економска рецесија за мнозина ќе биде невозможно скапо да користат редовно меѓуградски превоз, а во кој случај не само што поефтина опција би било БлаБлаКар ко шеред-превоз, туку со комоција ќе може секој еден шофер така виа тагнат авѕостопер да качи непознат напат ...

во однос пак Такси Превоз фора која порано или подоцна ќе се појави тука ќе биде Uber Moto што и сега сред ковид-околности функционира, а не пак натака ...

https://www.thequint.com/tech-and-auto/tech-news/uber-moto-india-bike-taxi-riding-safe-and-fun



https://www.voanews.com/east-asia-pacific/uber-others-change-vietnams-motorbike-culture



Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2391
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 07-Jul-2020 at 19:01
На релација Сарај-Ново Лисиче може да се организира уникатно градско такси со амфикари по Вардар.

Cars%20of%20Futures%20Past%20-%201961-1968%20Amphicar%20770%20|%20Hemmings
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.