build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Такси превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 20-Jul-2011 at 16:04
Е ова ни во сон не би можел да го замислам. Прво џандарот им свирна да се тргнат, овие се повозеа 20 метри и почнаа да се враќаат назад. По една минута џандарот ја сврти колата филмски и кога почнаа таксистиве да бегаат им го попречи патот. Као амерички џандар излезе од кола, им собра документи, пиша казни и за 5 минути си отиде. Овие кукаа и се јавуваа по телефони, а типов ниту да им прозбори собра документите и среди работа.


Плус деновиве слушам дека луѓе што до скоро работеа уште една работа освен такси превоз, се откажуваат од таксито, затоа што според нив, градов почнал ептен контроли да им пушта. Јас лично не верувам дека градот навистина почнува да се справува со таксистиве, но барем неколку веќе се откажаа од таа работа.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 20-Jul-2011 at 16:13
Браво за џандарот, само остро.

Од кожа се вадам кога ќе видам како некој прави очигледен прекршок пред џандар а овој дреме и не реагира.

Скоро гледав слична (иако не вака драматична) ситуација кај раскрсницата Сава Ковачевиќ - Народни херои. Едно типче си чекаше семафор во обратен правец на едносмерната. Џандарот жив го фати.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 20-Jul-2011 at 16:20
Јас ја следам одамна ситуацијата на такси превозот, треба да се има ред ,тоа е во ред,само што проблем е малку со тие како што ги нарекуваш ти имаат по 2 работни места,тој да зима плата повеќе од 20.000 денари никогаш нема да излезе да работи такси,сите знаат дека такси работата е заебана ,имаш работа со секакви луге,наркомани,пијаници,багабонти,мафијаши  идр. Повеќето имаат мала плата и не им стигаат 9.000 или 12.000 денари за да ги покрие сите трошкови ,сигурно 5000 ке му отидат за струја ,телефон,и вода ,има одредена точка во законот за вработување како ДОПОЛНИТЕЛНО ВРАБОТУВАЊЕ максимум раб од 4 часа, но премногу се бара документација и затоа никој не помислува на тоа ,треба да се уреди оваа точка за да може да се даде  ХОНОРАРНА или ДОПОЛНИТЕЛНА работа  на лица што веќе се вработени да можат да работат по 4 часа јас би рекол  6 се доволно ,без да отстапи од претходното работно место бидејќи таму му тече стажот ,картони и др. Би можело и ова да стане регуларно доколку се даде можност на еден вработен да работи дополнително со договор на дело ,пример секој месец ,или секој 3- месеци ,или годишно,со тоа што би се платил некој данок на државата од неговата заработувачка и се то тоа ке биде легално.Ќе се има бројка, евиденција ,дури ке има простор и за тие што не се вработени.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 20-Jul-2011 at 16:23


митатос проблемот е повеќеслоен. Еден од проблемите е што секој невработен станува таксист така што има премноги и легални и диви таксисти а тоа ја бутка цената на границите на рентабилноста. Во таква состојба, нормално е луѓето тешко да врзуваат крај со крај како што опишуваш.

Не се криви луѓето што се обидуваат да заработат за живот, но оваа ситуација ја има урнисано професијата таксист која треба да се изгради одново во Македонија.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 20-Jul-2011 at 16:44
Јас се чудам зошто ги гонат таксистите што имаат компанија и си ги плаќаат давачките на државата ,а не ги гонат тие дивите таксисти кои не плаќаат ни давачки,ни лиценци,ни радиодифузија итн, пошто повеќето таксисти веќе долго време имаат лиценци и тие ги извадиле тие лиценци мислејќи дека такси превозот ке се среди но двапати биле манипулирани, извадиле лиценци и пак продолжувало на старо,и затоа повеќето ги избегаваат лиценците мислејќи дека властите не се сериозни во врска со средувањето на такси превозот, а досегашните лиценци пагаат во вода важат само новите,а не се продолжуваат старите.

Edited by mitatos - 20-Jul-2011 at 16:45
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 20-Jul-2011 at 16:58

Нелиценцираните таксисти преку огласи прават пазар со патници

Од Групацијата за автотакси-превоз велат дека такси-превоз на диво вршат дури и хотели, автосалони и рентакар-служби

Снежана Калабакова



По унифицираното обележување на таксистите, ги снема автомобилите од такси-стојалиштата во населбите на сите оние што вршеа такси-услуги на диво. Исплашени од најавата на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, дека градските и сообраќајните инспектори ќе вршат зачестени контроли, а казните за нелиценцираните за извршување такси-превоз ќе бидат ригорозни, дивите таксисти побегнаа од локациите на кои претходно собираа патници. Сега тие бараат нови начини како да дојдат до нив и најчесто такси-турите ги договараат преку огласи на разни веб-страници. Инволвираните во такси-дејноста тврдат дека ова е единствениот начин на кој можат да заработат, а да побегнат од инспекциските контроли. Во некои од огласите, освен цените за одредени дестинации, има информации каков комфор нуди возилото со кое се патува. Така, на пример, такси-тура од Скопје до аеродромот „Александар Велики“ чини 800 денари, додека за патувањето до Велес се плаќа 1.500 денари, а релацијата до Куманово чини 1.000 денари. Турите до главните градови на нашите соседни земји Србија и Бугарија имаат цена од 170 и 90 евра. Од Скопје до Солун во соседна Грција треба да се издвојат од 90 до 100 евра. Согласно со новата одлука за автотакси-превоз на подрачјето на Скопје, досега се лиценцирани повеќе од 1.000 такси-возила.

Од Одделението за односи со јавноста во Градот велат со сигурност не може да посочат точна бројка на нелегални таксисти што оперирале претходно, но велат сосема сигурно е дека, по воведувањето на унифицираното обележување, бројот на нелиценцирани е сосема незначителен во однос на периодот пред да стапи одлуката во сила. Постојаното присуство на градските инспектори на теренот во координација со сообраќајната полиција со ефикасна контрола во текот на целиот ден и на сите локалитети придонело видно да се намали бројот на нелиценцирани такси-превозници. Досега велат се поднесени 350 прекршочни пријави од кои 130 платиле казна.

„Навистина драстично е намален бројот на таксисти во сите три смени откако Градот почна да ги лиценцира и обележува такси-возилата, а инспекцијата се забележува и ноќе. Уште мал дел од таксистите што решија да се занимаваат со оваа дејност останаа да ја комплетираат документацијата. Во Скопје би требало да има околу 3.000 легални таксисти. Но, како и во секоја друга држава, така и кај нас нелегалните си бараат начини како да дојдат до патници и тоа најчесто го прават преку огласи на неколку веб-портали. Отворете само на „Пазар 3“ и ќе најдете такви, па има дури и хотели, автосалони, рентакар-служби и физички лица што имаат по неколку возила, кои нелиценцирани вршат такси-услуги“, вели Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата за автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија.

Од Градот објаснуваат дека согласно со Законот, казната за нелиценцираните изнесува 500 евра во денарска противвредност, но доколку се плати по налогот во рок од осум дена, казната се преполовува.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=41EA00B5CDB3A940A7D7CD090B7E4001

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1749
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 20-Jul-2011 at 20:02

Тоа у теоријата се вика социјален мир и мора некогаш да се прогледа кроз прсти. Исто е и со дивите превозници кои гравитираат кон Тетово и Куманово.[/QUOTE]N23, sto stana so tvojot socijalen mir? Da ne te citiram sto gluposti imas iznakazano od prethodnata strana, no akcijata na "Grad Skopje" i MVR za sreduvanje na taksi prevozot gi otvrlija tvoite nelogicni tezi vo celost. Doagame pak na toa deka se se moze ako drzavata resi da sozdade red vo opstestvoto.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 20-Jul-2011 at 23:45
Originally posted by N23

Прво џандарот им свирна да се тргнат, овие се повозеа 20 метри и почнаа да се враќаат назад. По една минута џандарот ја сврти колата филмски и кога почнаа таксистиве да бегаат им го попречи патот. Као амерички џандар излезе од кола, им собра документи, пиша казни и за 5 минути си отиде. Овие кукаа и се јавуваа по телефони, а типов ниту да им прозбори собра документите и среди работа.


Applause

Дај боже што повеќе вакви полицајци, а помалку флегми кои со прст не мрдаат дури и кога пред нос им прават сериозни прекршоци!
(од мое искуство, засега доминираат вториве)
Back to Top
theMac3donian View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 30-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote theMac3donian Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 21-Jul-2011 at 06:42
Инспектори ги гонат нелегалните ТАКСИ превозници. (Извор: ТЕЛМА)

Нема текст, само видео.
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 21-Jul-2011 at 09:55
Originally posted by Denko


Тоа у теоријата се вика социјален мир и мора некогаш да се прогледа кроз прсти. Исто е и со дивите превозници кои гравитираат кон Тетово и Куманово.N23, sto stana so tvojot socijalen mir? Da ne te citiram sto gluposti imas iznakazano od prethodnata strana, no akcijata na "Grad Skopje" i MVR za sreduvanje na taksi prevozot gi otvrlija tvoite nelogicni tezi vo celost. Doagame pak na toa deka se se moze ako drzavata resi da sozdade red vo opstestvoto.


Ај прво што ме навреди, нема да ти реплицирам за тоа, втора ствар ако имаш очи ќе видиш ќе прочиташ и дека пишувам за дивите таксисти накај Тетово и Куманово, а социјалниот мир најповеќе се однесува на тие категории. Град Скопје не е задолжен за дивите превозници на територија на РМ, а јас секој ден ги гледам истите тие и си возат без пречка. За нив сигурно ќе се измисли нов закон ко со дивоградбите.
Штета што работите ги гледаш буквално и не знаеш да читаш меѓу редови, нешто што јас не можам да ти помогнам. Социјален мир не се побива преку казнување на 500 души. Дај боже сите да ги казнат, но јас и погоре пишав дека тие што се откажуваат од такси се луѓе кои работат две работи. Јас би бил задоволен некој што нема никаква работа, но не сака да се лиценцира, веднаш да добие забрана.
А сам ќе си ја побијам тезата ако отидам за месец дена пак во Чаир, Шутка и кај Холидеј ин и не видам повеќе диви таксисти.
Вчера повеќе од 20 диви таксисти седеа пред Холидеј Ин и ги собраа сите странци додека легалниве такси компании седеа со празни раце.

Edited by N23 - 21-Jul-2011 at 09:56
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1749
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 21-Jul-2011 at 16:37
Originally posted by N23

Originally posted by Denko


Тоа у теоријата се вика социјален мир и мора некогаш да се прогледа кроз прсти. Исто е и со дивите превозници кои гравитираат кон Тетово и Куманово.N23, sto stana so tvojot socijalen mir? Da ne te citiram sto gluposti imas iznakazano od prethodnata strana, no akcijata na "Grad Skopje" i MVR za sreduvanje na taksi prevozot gi otvrlija tvoite nelogicni tezi vo celost. Doagame pak na toa deka se se moze ako drzavata resi da sozdade red vo opstestvoto.


Ај прво што ме навреди, нема да ти реплицирам за тоа, втора ствар ако имаш очи ќе видиш ќе прочиташ и дека пишувам за дивите таксисти накај Тетово и Куманово, а социјалниот мир најповеќе се однесува на тие категории. Град Скопје не е задолжен за дивите превозници на територија на РМ, а јас секој ден ги гледам истите тие и си возат без пречка. За нив сигурно ќе се измисли нов закон ко со дивоградбите.
Штета што работите ги гледаш буквално и не знаеш да читаш меѓу редови, нешто што јас не можам да ти помогнам. Социјален мир не се побива преку казнување на 500 души. Дај боже сите да ги казнат, но јас и погоре пишав дека тие што се откажуваат од такси се луѓе кои работат две работи. Јас би бил задоволен некој што нема никаква работа, но не сака да се лиценцира, веднаш да добие забрана.
А сам ќе си ја побијам тезата ако отидам за месец дена пак во Чаир, Шутка и кај Холидеј ин и не видам повеќе диви таксисти.
Вчера повеќе од 20 диви таксисти седеа пред Холидеј Ин и ги собраа сите странци додека легалниве такси компании седеа со празни раце.
Vaka sega, vo mojot post nema nikakva navreda. Toa sto malku poostro ti replicirav e inspirirano od tvojata replika od porano vo koja mi velis "А Денко шо си по професија или што имаш студирано па за вака да ги дефинираш работите? Све паметњаковичи се наредија на форумов".
Ovie repliki nie gi pocnavme od iznesenoto mislenje deka za opstojuvanjeto na divite taksisti najvinovni se graganite sto se vozat vo niv. Za deceniskoto postoenje na divite taksisti, (rekov togas a sega povtoruvam) najvinovni se vlastite. Od tuka pocna nasata diskusija. Znaci vlastite nie gi birame i plakame da stvorat red i mir vo opstestvoto, a toa znaci, da gi kaznuvat prekrsitelite na zakonite (site do eden). Toa e nivna zakonska dolznost. Toa e sustinata. Sekoj obid za opravduvanje na postoenje na divi taksisti e cista glupost i krsenje na zakonite od strana na vlastite. Toa sto postojat uste divi taksisti, kako sto spomnuvas ti, e isto taka krivica na nadleznite organi. pozz
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 21-Jul-2011 at 17:12

Ама и тие диви таксисти бираат свои претставници во Владата кои се борат за да ги задржат нивните интереси. Значи едни се бирани за да спроведат закон, други се бирани тој закон да не се спроведе на цела територија. Тоа сакам да го кажам. Исто е како и со законот за пушење. Се знае во кој град не се почитува, а во кој град се почитува 80%. Селективна правда е тоа, која мора да се истрпи, во име на некакви добри односи меѓу народот. И јас не сакам да гледам диви таксисти, кои прават егзибиции низ градов и по автопат, ама како што ти си избрал еден владин претставник, така он избрал друг и за да има каква таква рамнотежа мора едниот да преќути за некои работи.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 21-Jul-2011 at 17:21
N23 @ повеќето од твоите зборови се точни ,има сега групи да ги наречам , едните се такси компаниите со нови коли кои ги здружија нивните компании и кои се поблиски со властите, и другите се старите традиционални компании кои од секогаш имале лиценци ,но овој пат не успеале да извадат пошто им се поништиле претходните лиценци кои ги имале, градот сепак става цена на такси превозот во согласност со групата со новите возила да не ги набројам ,а другите не ги прашуваат во општо ,после се бунат зошто ние ги качивме а тие не ги качија цените и ајде сега КАЗНУВАЈТЕ ГИ ,за мене лично повеќе би се возел со традиционална фирма ,поштена, од колку со нова кола со аматерски шофери ,зборот ми е за компаниите кои се водат како такси, ( а не за дивите таксисти ) јас сметам дека градот треба да биде еднаков за сите компании ,а не само за новите, сите треба тие компании да креваат рака за цената или пак за некое друго правило за таксито, а не градот да им го крои законот според тоа како на некој друг му одговара, градот треба законот да го направи во согласност со таксистите бидејќи тие се што плаќаат данок ,лиценци , и др.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 1749
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 21-Jul-2011 at 18:04
Originally posted by N23


Ама и тие диви таксисти бираат свои претставници во Владата кои се борат за да ги задржат нивните интереси. Значи едни се бирани за да спроведат закон, други се бирани тој закон да не се спроведе на цела територија. Тоа сакам да го кажам. Исто е како и со законот за пушење. Се знае во кој град не се почитува, а во кој град се почитува 80%. Селективна правда е тоа, која мора да се истрпи, во име на некакви добри односи меѓу народот. И јас не сакам да гледам диви таксисти, кои прават егзибиции низ градов и по автопат, ама како што ти си избрал еден владин претставник, така он избрал друг и за да има каква таква рамнотежа мора едниот да преќути за некои работи.
Institucijata na "Inindenska BB" se vika Vlada na Republika Makedonija. Vladata i ostanatite drzavni institucii se dolzni po zakon da gi kaznuvaat site prekrsiteli na zakonite. Tuka nema moi i tvoi pretstavnici, nema trpenje, nema ramnoteza. Ima samo dve raboti: ili ke bideme drzava kako sto treba ili ke bideme (toa veke odamna sme) banana drzava, vo koja se (ne)funkcionira improvizaciski. Pak ke kazam, nasite institucii za zal nemaat kapacitet da ja menadziraat drzavata. Vladee korupcija i nadleznite vo mnodu slucaevi namerno go krsat zakonot (toa e krivicno delo).
Vaka, za zal, ke funkcionira uste mnogu... Inaku (kolku da znaes) licencite i kontrolite vo taksi prevozot vo Skopje se pojavija poradi osnovanje na golema taksi kompanija na eden nas (golem) politicar, pa so toa (bidejki ima mok kaj vlastite) si ja ras cistuva nelojalnata konkurencija. Da ne bese negovata taksi-kompanija den denes ke imavme ista situacija kako sti vprocem ima(v)me so decenii nanazad.  
Back to Top
Климент View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 27-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Климент Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 27-Jul-2011 at 23:50
Originally posted by lslcrew

Дури и да постои компанија со повластена улога на пазарот на такси, тоа сигурно ќе доведе до укинување на дивите таксисти како интерес на тие што се во таа позадина. За некоја година кога ќе дојде нова градска управа таа компанија веќе нема да ја има таа позиција на пазарот, ама укинатите диви таксисти ќе останат како комунално наследство од предходната гарнитура. Таа тогашна гарнитура нема да има потреба да форсира една компанија, нормално доколку нема своја, старата сигурно нема. Така да и не е тоа толку лошо што полициски структури влегуваат во овој бизнис. Сигурно не е сјајно што одредена компанија некое време ќе има нелојална конкуренција, таман работа, ама си носи со себе и решение за некој проблем друг.
Некое време го следам форумов и навистина ми се допаѓа ама не сум некој интернет-комуникативен тип па до сега не се уклучив во дискусија. Ама ова што си го пишал пријателе толку ме испровоцира што не можев да премолчам. Овде зборуваш дека повластеното влегување во такси бизнисот на една добро позната крупна ѕверка од МВР (гледам станало страшно табу дури и да му се спомне името па нема ни јас да го именувам, мада сигурно повеќето го знаеме а тие што не го знаат нека прашаат било кој таксист ќе им каже) е добра работа и дека малтене треба да ја подржиме ради тоа што ќе значело удар за дивите таксисти. Дека беше удар за дивите таксисти си во право ама дека треба подршка за полу дивиот бизнис на ѕверката едноставно не можеш да грешиш повеќе од тоа. Криминал со криминал не се решава а нелојална конкуренција не е добар модел во никој бизнис. Ти зборуваш ко да треба признаница да и дадеме на ѕверката за злоупотреба на позицијата, за едниот позитивен ефект што си го увидел, ама ги изигнорира сите негативни ефекти од таквиот упад во системот. МВР до сега требаше 1000 пати да ги расчисти дивите, ама на памет не им паѓаше. Сега што се смени? Јас во случајов гледам само злоупотреба на должноста за личен интерес а тоа е многу различно од борба против дивите таксисти затоа што така треба и затоа што тоа е од интерес на граѓаните. Од едното до другото има огромна разлика.









Edited by Климент - 27-Jul-2011 at 23:52
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 28-Jul-2011 at 00:50
Originally posted by Denko


Institucijata na "Inindenska BB" se vika Vlada na Republika Makedonija. Vladata i ostanatite drzavni institucii se dolzni po zakon da gi kaznuvaat site prekrsiteli na zakonite. Tuka nema moi i tvoi pretstavnici, nema trpenje, nema ramnoteza. Ima samo dve raboti: ili ke bideme drzava kako sto treba ili ke bideme (toa veke odamna sme) banana drzava, vo koja se (ne)funkcionira improvizaciski. Pak ke kazam, nasite institucii za zal nemaat kapacitet da ja menadziraat drzavata. Vladee korupcija i nadleznite vo mnodu slucaevi namerno go krsat zakonot (toa e krivicno delo).Vaka, za zal, ke funkcionira uste mnogu... Inaku (kolku da znaes) licencite i kontrolite vo taksi prevozot vo Skopje se pojavija poradi osnovanje na golema taksi kompanija na eden nas (golem) politicar, pa so toa (bidejki ima mok kaj vlastite) si ja ras cistuva nelojalnata konkurencija. Da ne bese negovata taksi-kompanija den denes ke imavme ista situacija kako sti vprocem ima(v)me so decenii nanazad.  


Вака друже. Знам дека ти е јасно дека ние неаме една влада, туку две (неформално). Едната ги штити интересите на сите, вклучувајќи го и мнозинството, а другата на најголемото малцинство. Мислам дека поголемо објаснување за оваа и сите други ситуации не можеме да добиеме. Ако сакаш да градиш верски објект, ќе дозволиш во Тетово да се пуши, ако сакаш автопат накај Штип ќе треба да дадеш закон за знамиња и ред други работи кои не би ги спомнал во оваа прилика. Се си има свој корен, а коренот со овој бизнис е ептен дебел. Не ме интересира дали е ради дотичниот господин оваа лиценца или не, ме интересира мене толеранцијата врз дивите таксисти, а таа е јасна ко ден. Владата е тотално немоќна (не зборам конкретно за оваа владеачка гарнитура, туку општо за Влада како институција) за некои работи, а оваа е токму таква. И да има некој храброст да ги сопре дивите таксисти, после тоа ќе мора дел од нив да ги вработи во администрација и сето тоа се врти во круг.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 28-Jul-2011 at 04:02
Климент си провоциран, само забораваш дека констатирам дека останува наследство што ќе ги нема таксиситите после тоа. Јас, ако приметиш, никаде не констатуирав дека е супер тоа што мвр чека да биде од подиректен интерес на некој внатрешен да си јазаврши рабоптатат, согласен сум тука, сно во случај има некоја корист од тоа. Така да ако го препрочиташ поново мојот пост ќе видиш сосема друга работа кажана, не тоа што тебе така на прва ти се прочитало.
Back to Top
Mjölnir View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Jul-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Mjölnir Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 18-Aug-2011 at 10:51
Ова е добра работа


Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, изминативе денови работеа на изградба на десеттина нови такси стојалишта.

taksi-stojalista1-500

Такси стојалиштата се наоѓаат на улиците „Ѓорче Петров“, „Љубљанска“, „Мирче Ацев“,„Горѓи Капчев“, „Трета Македонска Бригада“,„12 Македонска Бригада“,„Водњанска“, неколку улици во населба „Пинтија“, како и на булеварот „Кочо Рацин“.

taksi-stojalista-vo-izrabot

Изградбата на такси стојалиштата се одвиваше во неколку фази: ископ на земјена површина, поставување рабници, тампонирање и асфалтирање.

Сите стојалишта што се изградени досега се со слични димензии од 30 до 40 метри должина, а со широчина од 3 метри.

Такси станицата што е изградена во Ѓорче Петров е со поголеми димензии, долга е 30м, а широка 15 метри.

taksi-stojaliste2-500

На улицата „Мирче Ацев„ во близина на Тинекс кај Градскиот трговски центар за потребите на лиценцираните такси компании направени се две такси стојалишта во двата коловозни правци.

Град за проектот потрши околу 4 милиони денари, но во Скопје, се бараат и нови алтернативни локации каде што би се изградиле уште вакви такси стојалишта.

http://www.kurir.mk/republika/skopje/39578-Izgradeni-novi-taksi

Edited by Cloverstack - 18-Aug-2011 at 11:28
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 18-Aug-2011 at 10:54
Браво, ова е навистина одлично Applause
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 18-Aug-2011 at 12:41
Еве и еден предлог да направат еден кружен тек за влезот на паркингот на таа раскрница, од другата страна е и влезот за паркингот пред синдикат и се ствара гужва, а и често таксистите кога веќе еве и ја изградија станицата имаат потреба од полукружно свртување, така да тука стварно ќе врши работа кружен, а и има простор.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1011121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.