build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Такси превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 18-Aug-2011 at 12:57
Денес слушнав информација од која нивото на нервоза ми се дигна до максимум. Некои од возачите во ИН такси работат за само 50 евра месечно! Па каква држава е оваа? Па и банана држава да беше ќе се ценеше работата на луѓето. Наводно од компанијата оправдување е дека ретко кој се јавувал во нивната компанија да побара такси превоз и затоа прометот бил мн мал. Плус од тие 30 посто што шоферот ги зема од секоја вожња, на крајот од месецот од целокупната сум што ќе ја заработи парите одат за пензиско и здравствено осигуравање, па аналогно на тоа, остануваат тие мизерни пари да ги земе шоферот на крајот од месецот. Секоја чест за постојкиве и за воведувањето каков таков ред, но некој да се потценува со такви мизерни пари е крајно безобразно и нехумано.
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 18-Aug-2011 at 13:41
Не ме чуди. Цело време одат огласи за вработување по весници, а тоа може да значи следново:
1. Компанијата расте, се зголемува бројот на возила и возачи кои треба да управуваат со нив, или
2. Возачите напуштаат или ги отпуштаат од работа, па се јавува недостаток од возачи за возилата кои ги поседуваат.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 12-Oct-2011 at 15:51
Се прави црна листа со возачи-измамници!


Градските власти појаснуваат дека нивните инспекторски служби имаат евиденција на сите таксисти кои по добивањето на лиценците ја затвориле фирмата и на сите кои отстапиле од такси-здруженијата во кои претходно членувале и на сите истите ќе им бидат одземени


Започнува одземањето на лиценците на оние таксисти кои ги злоупотребуваат лиценците и налепниците кои се обележја за работа во оваа дејност, информираат надлежните на Градот Скопје. Оттаму додаваат дека според нивните сознанија, во Скопје како таксисти работат лица кои се пензионери, но и лица кои се вработени на други места што е спротивно на Правилникот за такси превоз.

Од Градот појаснуваат дека нивните инспекторски служби веќе направиле и листа на оние таксисти кои конкурирале за лиценца и обележја преку основање на фирма, а по нејзиното добивање, фирмата ја затвориле или пак отстапиле од такси-здруженијата во кои претходно биле членови.
- Ваквата постапка, доведува до измама не само кон Градот, туку и кон Управата за јавни приходи, која нема целосен увид дали лицето по затворањето на фирмата продолжило да остварува приходи од такси дејноста. Но, исто така треба да се приклучи и Трудовата инспекција. Овие лица ги прекршуваат правилата со тоа што на своите корисници им даваат попусти, односно се ценкаат за цената. Според Правилникот за работа во такси дејноста, од Регистарот ќе бидат избришани сите оние лица кои направиле промена на бројот на вработените или во регистрацијата на фирмата, а за тоа не доставиле никакво известување до Градот, велат надлежните од Град Скопје.

Тие најавуваат дека инспекторите патролираат деноноќно низ градот со цел да го намалат бројот на дивите таксисти и дека акцијата за разобличување на овие појави, ќе продолжи и понатаму, се со цел да се заштитат легалните таксисти од оние кои непрофесионално се занимаваат со оваа дејност, односно ја третираат како еден вид хоби.

Инаку, голем број од такси стојалиштата за паркирање на легалните таксисти се обележани, но доколку се појави потреба од зголемување на бројот на стојалиштата, од Градот велат дека се подготвени да преземат нови активности за нивно зголемување. Бројот на лиценци е ограничен и изнесува 3.000, а се дозволува и издавање на уште 300 лиценци за еколошки и хибридни возила, но засега, нема поднесено ниедно барање за лиценца за возила од ваков тип.  http://vecer.com.mk/?ItemID=6FFAA1C46CFC064BA851A68D76616970

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 01-Dec-2011 at 17:04

„Ин такси“ ќе отвори нови 600 работни места

Еколошки превоз е само една од многуте работи кои ги нуди такси компанијата „Ин такси“. Со повеќе од 150 возила кои возат само низ Скопје, од компанијата најавуваат и проширување од наредната недела во Битола и Охрид, а потоа и во другите градови низ Македонија, со што ќе се отворат нови 600 работни места.

intaxi500

-Водечката идеја на „Ин такси“ е да направиме најдобар и најквалитетен такси превоз во регионот, во што и успеавме. Да се прошириме низ сите поголеми градови во Македонија на што работиме.  Да вработиме што повеќе луѓе и да максимизираме стандардот за квалитет во такси превоз во Македонија, со цел да бидеме пример за многу такси компании во државата и во странство бидејќи работиме по сите светски стандарди, домашни правила и закони, изјави менаџерот на компанијата, Оливер Никушев.

Никушев велејќи јавниот превоз е огледало на Скопје, се заблагодари на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, кој според него, после многу долги години хаос во такси превозот започнал да внесува ред. Тој воедно испрати и пораки до градоначалниците на другите градови да го следат неговиот пример.

Такси компанијата „Ин такси“ овозможува превоз до сите дестинации низ Македонија, но и низ странство.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/51922-In-taksi-ke-otvori-novi-600-rabotni-mesta

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 26-Dec-2011 at 02:57

ОД 1 ЈАНУАРИ СТАПУВА НА СИЛА ОДЛУКАТА НА ГРАДОТ ЗА КОМПЛЕТНО УНИФИЦИРАЊЕ НА ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ


Само бело-жолти таксија ќе парадираат низ Скопје


Град Скопје ги отфрла шпекулации дека унифицираната боја на такси-возилата нема да се применува од први јануари 2012 и дека истата ќе се пролонгира, граѓаните пак ја поздравуваат оваа одлука


По унифицираните такси-ознаки за автотакси-превозниците кои стапија на сила од неодамна од 1 јануари 2012 година градот информира дека таксистите ќе мораат да ги префарбаат своите возила во бело-жолта боја, како дел одлуките на властите за справување со нелегалниот такси-превоз. Град Скопје децидно ги отфрла сите шпекулации на скопските таксисти дека унифицираната боја на такси-возилата нема да се применува од први јануари 2012 и дека истата ќе се пролонгира.
- Сите што ќе поднесат документи за нови лиценци од 1 јануари 2012 година нивните возила ќе мораат да се исфарбани во бело-жолта варијанта. Останатите кои имаат важечки лиценци не ќе мораат да го сторат тоа веднаш, туку при обновата на документацијата за вадење на нова тековна лиценца велат од Град Скопје. Од таму информираат дека според донесената одлука за унифицирање на такси-превозот во Скопје покрај налепниците кои веќе важат, такси-превозниците своите возила ќе мораат да ги префарбаат или облепат со жолто-бела боја своите возила. И тоа со жолто на предната и задна хауба, а останатиот дел од колата да биде бел. Со овој финален потег градските власти велат дека еднаш за секогаш ќе се реши хаосот со нелегалните такси-превозници низ скопските улици. Скопските таксисти со поделено мислење за одлуката од Град Скопје за унифицираност на возилата.

Дел од таксистите кои се сложуваат да ги исфарбаат своите возила велат дека Град Скопје треба да го зголеми капацитетот на такси-стојалиштата и да ги отстрани дивите таксисти кои им се нелојална конкуренција. Досега градот остана глув за овие наши барања, додадоа тие. Останатиот дел од таксистите велат дека оваа година имале направено големи трошоци, па би било добро надлежните од Град Скопје да го одложат фарбањето на возилата со кои вршат превоз на патници, затоа што тоа би ги чинело околу 1.000 евра. Оние најзасегнатите, граѓаните, ја поздравуваат оваа одлука на градските власти. Иако пак дел од нив кои го користат такси-превозот велат дека најважно е тие да се возат со попуст.

Дејан Србиновски

http://www.time.mk/read/902f7a73d8/277c58a6e0/index.html
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 26-Dec-2011 at 15:54
Originally posted by axel

<div ="line">

          

               
               <h1 ="title">

                    
                         „Ин такси“ ќе отвори нови 600 работни места</h1><h2>Еколошки превоз е само една од многуте работи кои ги нуди такси
компанијата „Ин такси“. Со повеќе од 150 возила кои возат само низ
Скопје, од компанијата најавуваат и проширување од наредната недела во
Битола и Охрид, а потоа и во другите градови низ Македонија, со што ќе
се отворат нови 600 работни места.</h2>

intaxi500


-Водечката идеја на „Ин такси“ е да направиме најдобар и
најквалитетен такси превоз во регионот, во што и успеавме. Да се
прошириме низ сите поголеми градови во Македонија на што работиме.  Да
вработиме што повеќе луѓе и да максимизираме стандардот за квалитет во
такси превоз во Македонија, со цел да бидеме пример за многу такси
компании во државата и во странство бидејќи работиме по сите светски
стандарди, домашни правила и закони, изјави менаџерот на компанијата,
Оливер Никушев.


Никушев велејќи јавниот превоз е огледало на Скопје, се заблагодари
на градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, кој според него,
после многу долги години хаос во такси превозот започнал да внесува ред.
Тој воедно испрати и пораки до градоначалниците на другите градови да
го следат неговиот пример.


Такси компанијата „Ин такси“ овозможува превоз до сите дестинации низ Македонија, но и низ странство.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/51922-In-taksi-ke-otvori-novi-600-rabotni-mesta



               
               

          



Вчера попладнето едно 20-тина возила видов овде кај нас со ознаки на ИН, значи исти вакви Флуенс паркирани блиску до такси НОВА.Вечерта видов две од нив со табла од НОВА и скопски таблици
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 26-Dec-2011 at 16:33
Скопските таблици значат дека се на лизинг (бидејќи ако се на лизинг се на име на банката, а банките се скоро сите со седиште во Скопје). Имаше и низ Битола две-три такси компании со возила на скопски таблички.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3214
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 26-Dec-2011 at 19:15
Мене не ми е логично ова, навистина дека треба да отпочне унифицирањето на такси - превозот, но сметам дека кампањата требаше да биде многу подолготрајна од страна на градот, а не 5 дена пред стапувањето во сила на одлуката.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 26-Dec-2011 at 21:15
Originally posted by BOJAN

Мене не ми е логично ова, навистина дека треба да отпочне унифицирањето на такси - превозот, но сметам дека кампањата требаше да биде многу подолготрајна од страна на градот, а не 5 дена пред стапувањето во сила на одлуката.


Нема да треба СИТЕ таксисти на 1ви да имаат унифицирани возила. Ова е само за тие што од 1ви натака ќе бараат лиценци(нови или обнова на старите). Што значи додека на сите не им истече лиценцата(знае некој на колку години им се?) до тогаш ќе имаме шаренило
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 26-Dec-2011 at 21:17
Америка е закон,жолта боја и чао
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 26-Dec-2011 at 21:44
Originally posted by BOJAN

Мене не ми е логично ова, навистина дека треба да отпочне унифицирањето на такси - превозот, но сметам дека кампањата требаше да биде многу подолготрајна од страна на градот, а не 5 дена пред стапувањето во сила на одлуката.

Не би се согласил дека кампањата започнала денес. Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на град Скопје беше донесена во октомври 2010. Лиценците (налепници) и унифицираните табли требаше да се изготват по 2 месеца, но на градот му требаше повеќе време па налепниците почнаа да се издаваат во јуни 2011, а бесплатните табли во јули кога започна и официјалната промоција на новите услови и новиот изглед на такси возилата. Истиот месец започнаа и зачестените инспекции за отстранување на дивите таксисти.

Накракто, такси превозниците уште пред повеќе од 1 година знаеа дека ќе мора да го унифицираат изгледот на такси возилата од 1.1.2012, а јавната промоција на конечниот изглед се одржа 6 месеци пред тој да стане задолжителен.

@Djole88

Според Законот за превоз во сообраќајот, лиценците за авто-такси превоз на патници се издаваат со рок на важење од една година.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 27-Dec-2011 at 00:28
Originally posted by гитардемон

Скопските таблици значат дека се на лизинг (бидејќи ако се на лизинг се на име на банката, а банките се скоро сите со седиште во Скопје). Имаше и низ Битола две-три такси компании со возила на скопски таблички.


Не ми беше муабетот за лизингот (барем 50% се такви), туку дека ги имаше истите шари како од ИН такси, а возат за друга компанија во друг град.Можно е ИН Такси да ги презеле Такси НОВА (нели најавуваа влез во БТ и ОХ) или па да им дале возила изнајмени
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 27-Dec-2011 at 16:50
Рокот на лиценти е од 2011/12 до 2015 ,значи три години, а фарбањето требаше да стапи во сила од 1прив Јануари 2012 ,но тоа нема да биде возможно бидејќи навистина таа инвестиција е од 500 до 1000 евра, и не би можел секој да си дозволи такво нешто но доколку се ставаат само фолии тоа кошта само 200 евра но може да ја наруши фарбата кога возилото ке престане да работи такси,кога ке се извадат истите тие фолии.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3214
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 27-Dec-2011 at 22:11
Originally posted by mitatos

Рокот на лиценти е од 2011/12 до 2015 ,значи три години, а фарбањето требаше да стапи во сила од 1прив Јануари 2012 ,но тоа нема да биде возможно бидејќи навистина таа инвестиција е од 500 до 1000 евра, и не би можел секој да си дозволи такво нешто но доколку се ставаат само фолии тоа кошта само 200 евра но може да ја наруши фарбата кога возилото ке престане да работи такси,кога ке се извадат истите тие фолии.


Се надевам дека оваа дилема ќе ја објаснат подетално градските власти, бидејќи и мене ми изгледаат многу нејасни во информациите што ги нудат низ медиумите.
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 28-Dec-2011 at 00:59
Сите оние кои ќе сакаат да извадат прва лиценца или да ја обвноват старата по 1.1.2012 ќе мора возилата да ги бојадисаат според Одлуката. Тоа во пракса значи дека до декември следната година сите такси возила ќе бидат унифицирани. Прашање е како ќе се одвива имплементацијата, но јас не гледам неправда кон таксистите. Градот се ангажира да воведе ред во такси превозот - се обележаа голем број на такси столјалишта, беа доделени бесплатни табли за реклами, се зголеми цената на превозот и се намали бројот на диви превозници. Одлуката етапно стапува во сила, а со нејзе таксистите беа запознаени пред повеќе од една година.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11811
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 31-Dec-2011 at 00:13
Скопските таксисти ќе се унифицираат во бело – жолта боја

#


Секој што сака да се занимава со такси превоз во Скопје ќе мора да го обои возилото во бело – жолта боја. Од 1 јануари 2012 година ќе започне применувањето на членот 13 од Одлуката за авто такси превоз на патници на подрачјето на главниот град. „Сите кои ќе поднесат барање за лиценца од Нова година ќе мора да ги унифицираат и боите на автомобилите со кои ќе ја извршуваат такси дејноста“, истакнуваат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Градските власти потврдуваат дека е постигнат договор со такси компаниите во однос на ова прашање, а оние таксисти кои имаат важечки лиценци ќе треба да ја унифицираат бојата на возилата при поднесувањето на документација за обновување на тековната лиценца.

 

Членот 13 од Одлуката на Советот на Град Скопје е дециден дека бојата на такси возилата со кои што се врши авто – такси превоз на патници треба да биде бела, освен бојата на предниот поклопец на моторот и задниот поклопец на багажниот простор која треба да е жолта. Такси компаниите сеуште не се расположени да даваат официјални изјави во врска со новиот критериум што треба да го исполнат за извршување на дејноста. Сепак, реакциите се очекуваат при обновувањето на постоечките лиценци.

 

На почетокот од јули 2011 година беа промовирани унифицираните ознакина легалните авто такси превозници на територијата на Град Скопје. Ознаките на такси компаниите им беа доделени бесплатно од страна на градските власти, а секој автомобил доби табла со натпис TAXI и  налепница со број од изводот на лиценцата. Согласно донесената одлука, уредени се 135 такси стојалишта со капацитет за 683 возила на територијата на главниот град. Максималниот број на такси возила е ограничен на 3.000 со можност за зголемување на бројката за дополнителни 300 такси возила, доколку се работи за еколошки автомобили со ниска емисија на издувни гасови.

 

 

Бојан Блажевски



#
Објавено на 30.12.2011 во категорија Вести. 

Тагови: Јавен превоз, Скопје, Такси превоз


http://www.build.mk/?p=11438
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4391
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 14-Jan-2012 at 02:01
http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/Reglicenci+so+konverzija.nsf/1.Registar+na+licenci?OpenView

Чесно и поштено на увид сите лиценци по реден број, и важечки и неважечки. Изненадува (или не) што има толку многу фирми регистрирани. Секое возило, заведено како посебна фирма. Тоа нели бидејќи се такси здруженија повеќето, а не такси компании.

P.S. Гледам на Рива им е одземена лиценцата.

Edited by гитардемон - 14-Jan-2012 at 02:05
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3214
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 15-Jan-2012 at 12:21
Originally posted by гитардемон

http://ipserver.skopje.gov.mk/e-skopje/Reglicenci+so+konverzija.nsf/1.Registar+na+licenci?OpenView

Чесно и поштено на увид сите лиценци по реден број, и важечки и неважечки. Изненадува (или не) што има толку многу фирми регистрирани. Секое возило, заведено како посебна фирма. Тоа нели бидејќи се такси здруженија повеќето, а не такси компании.

P.S. Гледам на Рива им е одземена лиценцата.


Морам да признаам дека сум изненаден од малиот број на такси компании на кои им е одземена, поточно истечена лиценцата. Мислев дека во градов повеќе компании возат без важечка лиценца. Знае ли некој дали редовно се апдејтува оваа страница на градот?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 274
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 02-Nov-2017 at 02:24

пред некое време Лотус имаа мислам кеди-а, што бидна со нив, сега едвај најдов едно пикап такси во Експрес, просто да ти треба нешто кабасто да носиш нема друго него комбе за преселби ... мислам дека секоја такси компанија во скопје бар со некои 3% од возниот парк да бидат условени со пикап или моноволѕменци ...

друга битна новина би била линиско такси, и буквално доколку таксито вози по главните булеварски артерии Сандански-Партизанска да мораат да застанат секому попат пр. за 70 ден од вожња до центар, евентуално исклучоци да бидат итни случаи ... колку и да е невозможно утешко ова да се спроведе, самото тоа што ќе се растерети сообраќајот, а воедно имаат дополнителен избор патниците, мислам дека би се дошло до поголемо олабавување на шпицовите, просто добар дел од луѓето би избрале за до центар и назад линиско такси наместо кола, уште повеќе ако се наметнат дневни е-вињети за низ центар ...

друга корисна работа би било, таксистите задолжително да имаат магнети со ракови за точак, а истите би биле од корист и за инвалидски колички, но доколку се оди со генерална норма, не е лошо преку државен тендер да се набават унифицирани па и електро магнети, ем со некој загарантиран државен сервисер во ЈСП ил слично, единствен начин ваква новина да е долгорочно осигурана, ем единствен начин да се избегне какафонична атмосфера од милион марки, но му колку му сече, та и без тоа и топтан шаренило од носачи за велосипеди, битно да се отвори опција за што повеќе баби и дедовци да се развозат на точак, хм линиско такси, бреј ќе го утепаат од вожња во ваков случај ...




Edited by Zelenikovo - 02-Nov-2017 at 02:24
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2281
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 02-Nov-2017 at 12:32


Mислиш на Uber taxi и Flix bus?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.