build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Такси превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 02-Nov-2017 at 12:55

no no, uber taxi mozhe da naprai od nas uber makedoshe, prosto postojnite taksi kompanii da se obvrzani na bulevarski arterii (kako Sandanski-Pitu il Partizanska-prodolzetokot kon Gjorche) da vozat liniski, dokolku imaat slobodno mesto da sobiraat zainteresirani popat ... verojatno so fiksna cena brzo kje se standardizira koi kompanii kako bi se vklucuvale od strana na Gradot, pr. za proba moze ova da vazi samo za shpicovite od 7am do 10am i 3pm do 7pm ...

edna od pogolemite prednosti bi bila apropo posiromasnite koi se getoizirani vo komibloite da mozat da ponesat so sebe i kufer+ do transporten ... onie od Partizanska bi odele tokmu do tuka, a onie od Sandanski do centar pr. GTC preku Olimpiski ...

besplaten gradski avtobuski prevoz, vo kostec vakvo linisko taksi, i te kako kje pridonese za namaluvanje na avtomobilite vo optek, no za da ova se osigura, neophodno e i kachuvanje na cenata za zonsko parkiranje v Centar, no i rfid dnevni vinjeti za sekoj koj saka so kola da mine niz mal ring, mislam deka vekje i vo registarskite tablicki ima rfid antena, no se dodeka ne go bidne tunelot pod Kale, no i klucka i prosiruvanje kaj Topana ova nema da moze da se napravi i so Cvetan Dimov kako bi imalo protochna alternativa za ostanatite taksisti ...



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 05-Mar-2020 at 15:38
НАСКОРО ВО ГЛАВНИОТ ГРАД
Такси Камео и во Македонија, првото „зелено“ такси во Скопје

Македонија и Скопје се петтата држава и четириесетиот град во кои ќе работи Камео такси компанијата. На македонскиот пазар сопственикот на оваа компанија Владимир Миновски влегува со инвестиција од 2 милиона евра и во старт отвора 250 работни места. Акцентот го става на европски стандарди за квалитет на такси услуги, како и на еколошката компонента, при што oд 2 мај Камео (Cammeo) ќе биде првото „зелено“ такси на улиците на Скопје.
Освојувањето на нови пазари е дел од визијата на Владимир Миновски, сопственик и генерален директор на Такси Камео. Планот е овој регионален такси-лидер во догледно време да ја заземе водечката позиција на такси картата на Европа.

Владимир Миновски, успешен бизнисмен и визионер во доменот на такси превозот, е инволвиран во развојот на компанијата од самите почетоци во Риека во 2006-та година. Во следните 14 години ги помина сите фази во развојот и растот на овој такси гигант, а последните 6 години е ангажиран како генерален директор.

Како што самиот постојано повторува, за успехот во еден дел е заслужна и неговата спортска кариера. Имено, тој 6 години професионално се занимаваше со кошарка, а токму навиките со кои се стекна низ спортот, како што се дисциплината, тимскиот дух и посветеноста, му помогнаа во работата, а му помагаат и денес.

Конкретно, Миновски тврди дека е лесно да се повлече паралела помеѓу бизнисот и спортот. И едното и другото бараат добра подготовка, квалитетни играчи, тактика, добар тренер и желба за победа, а кога сите тие елементи ќе се состават, нема да недостигаат ниту поени, ниту успеси.

Македонските градови, а пред сѐ Скопје во однос на квалитетот на воздухот редовно се на листата најзагадени во светот. Меѓу главните причинители на аерозагадувањето се посочени возилата и транспортот, пред сѐ заради застарениот возен парк со високо ниво на издувни гасови. Што ќе понуди компанијата Камео на македонскиот пазар, за да придонесе во заштитата на воздухот и генерално во намалување на загадувањето?

- Камео како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свесност и заштита на животната средина.

Во таа насока, токму Камео ќе биде првото и единствено „зелено“, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Камео групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, исто така истите возат на плин (ЛПГ) кој е еколошки прифатлив. Кога е во прашање македонскиот пазар, такси возилата на Камео ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Камео порачува дека токму неговите „зелени“ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално.

Притоа, Камео нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе започна и со електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Камео работи со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина.

Македонските работници се ценети во светот. Но, за да се успее во бизнисот е потребно нешто повеќе, идеа, услови, храброст... Што е тоа што најмногу придонесе еден Македонец, г-динот Владимир Миновски, да успее во бизнисот со Такси Камео во Хрватска. И не само тоа, туку истиот бизнис да го развие и успешно да настапи и на меѓународниот пазар?

- Камео како регионален гигант денеска брои 1.400 вработени и има флота од 900 автомобили. Достапен е во 40 градови и 5 држави. Во последните 14 години стана дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Србија и Чешка, а токму поради Камео, такси превозот им стана достапен на сите – од ученици и студенти до пензионери. На илјадници патници во овие држави по појавувањето на Камео, возењето со такси им стана своевидна дневна рутина.

Денес, Камео континуирано пишува нови поглавја во својата успешна приказна, а следното ќе го испишеме во Македонија. Конкретно, за почеток на улиците на Скопје.

Вашиот бизнис е брзорастечки, но е непходна голема инвестиција при настапот на нов пазар, како и соодветен кадар, без кој компанијата би ги загубила својата препознатливост, имиџ и еден од адутите за привлекување задоволни клиенти. Што е тоа што ќе го понудите како инвестиција при настапот на македонскиот пазар?

- Што се однесува до доаѓањето на македонскиот пазар, Камео влегува со инвестиција вредна 2 милиона евра и во стартот ќе отвори 250 работни места, од кои 200 за возачи и 50 за менаџмент функции т.н. „ладен погон“.

Настапот на Камео сигурно ќе придонесе за подобрување на економската слика во земјата со оглед на бројката на работни места кои се планира да се отворат. При вработувањето секогаш се дава предност на локалното население и така се придонесува за осигурување на нивната и егзистенција на нивните семејства.

Ретки се компаниите каде се среќни и работодавачите и клиентите, но и вработените. Која е тајната токму вашата компанија да биде пожелна за вработување? Што е тоа што им го нудите или овозможувате на вработените, а што тешко можат да го најдат на друго место?

- Камео од самите почетоци се води од идејата дека компанијата е од луѓето за луѓето. Тоа значи дека еднакво се грижи за вработените, кои ги смета за свое семејство, но и за патниците на кои секогаш настојува да им пружи најдобра услуга.

Возачите на Камео во Македонија, првите три месеци ќе имаат загарантирано највисока плата во нивната бранша. Освен тоа, ќе им биде понудено и флексибилно работно време, а на располагање ќе имаат логистичка и секаков вид поддршка 24 часа, 7 дена во неделата.

Исто така, ќе се погрижиме новите камеовци да почнат со смените целосно подготвени за да можат својата работа да ја извршуваат квалитетно, сигурно и на крајот да бидат задоволни. При што, истите ќе бидат дел од Камео академијата преку добивање на стандардизирана едукација за постигнување на најквалитетни такси услуги. Имено, Камео е единствената такси компанија во ЕУ со ИСО 9001 сертификат. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани за работа да се јават преку контакт-образецот на www.cammeo.mk.

Вашиот бизнис се соочува со различни и пробирливи клиенти. Сите тие сакаат да го добијат тоа што им е понудено и што го плаќаат. Каква е разликата во услугите што ги нудите вие во споредба со конкуренцијата, за да бидете пожелен партнер на корисниците?

- Услугата за превоз на Камео се води од слоганот кој гласи: „Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец“. Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз на кој ќе можат да се ослонат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Камео ќе може да се нарача преку кол-центарот и преку апликација на ИОС и Андроид смарт телефони. Освен тоа, нудиме и бројни погодности за патниците, како што е плаќање со картичка преку апликацијата и во возилото, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно.

Владимир Миновски не го крие задоволството заради доаѓањето на новиот пазар, во родната Македонија, а како што вели самиот, тука не е крајот на експанзијата на Камео.

- Засега не би открил премногу. Само можам да кажам дека во блиска иднина возилата на Камео ќе ги гледате по улиците на уште неколку регионални и европски градови, најавува Миновски.

https://vesti.mk/read/article/https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fskopje%2Ftaksi-kameo-i-vo-makedonija-prvoto-zeleno-taksi-vo-skopje
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 12-Apr-2020 at 19:53

пост погоре аберот од 2007-ма за тунелот под Кале откако се официјализира го апстрахирам како неопходен онаков како вијадуктовски е предложен

деноиве со ковид-пандемијата се наметна едно прашање зошто масовно онлајн шопингот не е норма, особено во и за време карантинот, разбрав тинекс и рептил чинам имале достава до дома, но зошто сите на ова да не се обврзани, и тоа по избор дали доставата да им е по Такси или Сити-Бајк, ако им се брза една регуларна цена откако пазареле онлаин, доколку не, комотно можат нарачките дента кои се во една улица или реон со дополнително смс известување да се испорачаат во еден здив Од-До ... мислам како поинаку да му се излезе во пресрет на Народ а не пак не Таксисти кои велат нема излез, а всушност вака бар малку од малку ако не друго би биле од Корист некому ако веќе сега немаат Аир од таксиратот ...

можеби треба да не чекаат на државата да ги стандардизира во однос дезинфекција и час поскоро да воведат UV-C неонки за да муштерии им бидат мирни натака, сепак мора сами уште сега да бараат државата да интервенира во итно носење дезинф. регулатива како тоа не би било импровизација и Народ натака без стравои би се возел со Такси ...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 27-May-2020 at 22:33

после цела карантин-паника се наметнуваат неколку прашања!

1. дали е задолжително ковид-тестирање за Таксисти?

2. дали таксирањето Ковид Патници е некако регулирано, пр. мора да има сепарирање на предниот и задниот дел од возилото [1]

3. дали полисите за осигурување признаваат отштета доколку Таксист се констатира дека е носител на вирусот?

4. дали фејкбук-фрупите за споделување меѓуградски превоз ала блавлакар

5. дали е дозволиво да се отвори сервис како блаблахелп кај нас а на тоа да немаат замерка такси компаниите?
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 29-May-2020 at 22:04

сигурно би било издаток за Таксисти да вложуваат во ова, но сигурно погребален би бил и поскап, секоја Чест за волјата да му пркосат на ветрот, но не секој Чоек сред Бура има капацитет за ота, треба внимание од самите власти, сретнав таксисти кои немаат друго него да мораат и да возат и на Дијализа да одат, колку малку треба за да скапо ги чини токму нив изложеноста на екстра комуникација во мал простор, бар Животните Полиси да им се зголемат во премиите, сепак ТИЕ и да сакаат да воведат некоја своја стандардизација тоа е незаконски ... ех да имаа и тие ксмет ко да се сепарирани ко Шофери на Двокатните, за што кусур би било патниците во Приколки да ги Возат ... дозволено ли е кај нас сега Точак или Веспа Рикши да таксираат ...

https://www.buzzfeed.com/stephenlaconte/coronavirus-pictures-show-how-much-world-has-changed

Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 01-Jun-2020 at 09:06

znae nekoj dali e dozvolivo da pobaram prevoz sred vakvi vreminja po ona fejkbuk grupite nalik blablacar koi kaj nas sheruvaat megjugradski prevoz ...

ете упатството од blablacar горе вели Може но само еден патник да вози во Кола на задно седиште, јасно со маска ...

biva li ova da e ostaeno samo da se regulira, нели можат да извадат брза стандардизација ако не за Таксисти за вакви Солидарни Сограѓани кои ете пример бар Постари Лица ќе ги помагаат да ризикуваат да одат со Јавен Меѓуградски Превоз!
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 05-Jul-2020 at 23:16



и без сарс-2 вакво нешто кај нас е ризик од повеќе аспекти како денес си тера на фејкбук, а редно време ет некој да стори Џева ако не Промо за МакБлаБлаКар ... но може да се има и поатрактивен пристап доколку секое возило натака бидне задолжително да има даш-кам, кое како во црна кутија би можело да препознае и рфид-тагот од личните карти, под претпоставка дека при следна светска економска рецесија за мнозина ќе биде невозможно скапо да користат редовно меѓуградски превоз, а во кој случај не само што поефтина опција би било БлаБлаКар ко шеред-превоз, туку со комоција ќе може секој еден шофер така виа тагнат авѕостопер да качи непознат напат ...

во однос пак Такси Превоз фора која порано или подоцна ќе се појави тука ќе биде Uber Moto што и сега сред ковид-околности функционира, а не пак натака ...

https://www.thequint.com/tech-and-auto/tech-news/uber-moto-india-bike-taxi-riding-safe-and-fun



https://www.voanews.com/east-asia-pacific/uber-others-change-vietnams-motorbike-culture



Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 07-Jul-2020 at 19:01
На релација Сарај-Ново Лисиче може да се организира уникатно градско такси со амфикари по Вардар.

Cars%20of%20Futures%20Past%20-%201961-1968%20Amphicar%20770%20|%20Hemmings
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 21-Jul-2020 at 22:55
во однос пост погоре (од феноменалнава поука за акватаксират)

http://www.safetravelsmagazine.com/2019/07/24/quick-read-are-motorcycle-taxis-making-the-ebola-crisis-worse/

https://www.unicef.org/drcongo/en/stories/motorcycle-taxi-drivers-engage-fight-Ebola

~

но кој да мисли по ризиците на таксистите

[1] http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3583&PID=243148#243148

this happens very often with taxi drivers. but Unfortunately there is no law ...



~

па бар Паник + Алерт Копчина да се задолжителни

[1] [1] https://staysafeapp.com/blog/2020/04/01/panic-alarms-lone-workers/

[1] https://www.oraforyou.com/pages/workplace-safety [1]



Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 22-Jul-2020 at 01:24

можеби едно Чаре е да мора секој еден Таксист да има и Задолжително Дозвола За (Ем) Огнено Оружје, кусур доколку имаат и блиндирани аута таман да може Чоек да побара сигурно засолниште, бреј удбалитичарските кланои сите ќе си отворат такси-компании така таман да си реосигураат општественио апашлук и малтретирање Нормален Народ, та и ова нема да ет цилисходно решение денес, но можеби Оградена Кабина (што дополнително заради се’ почестите пандемии е неопходна) би сторила побезбедна професија од Такси Службата, иако од горнио пост може да се види во ЊуЈорк и тоа ет малку ...

еве во еу што ет тренд

https://www.iru.org/resources/iru-library/taxistars-booklet

http://training.taxistars.eu/en/mod1/mod1.html

https://www.youtube.com/user/taxistarseu/videos

~

инаку Германија си се реосигурани од пред пола век

Уште Денес Куферите Да Може Да Ги Скенираат
18.12.1972 ~ Has Eibe Kanone ~
Свират Док Возат И На Оружје Ако Треба


Hamburg's Higher Administrative Court gave fire protection to a taxi driver. Recognizing that "normal police protection is not sufficient" - this is how the judicial authorities interpreted the judges allowed the cab man a Colt: Smith & Wesson, caliber 32, "long". тачки еј дугачка цевка да го гаѓа ако му бега и по керамиди!

That was on Friday the week before last (1972) and promptly there were tons of gun license applications in Hamburg's offices. As of Thursday last week, 145 taxi drivers had already expressed their willingness to take up arms, and an average of 100 chauffeurs asked Hamburg district offices every day about the gun license conditions.

Government director Siegfried Schiller from the Hamburg Interior Authority showed hit results: "Now the gas station itself could come. Night service doctors or innkeepers come. And why not the prostitutes?" Rejoiced "Image": "Now it starts in Hamburg."

That was the Hanseatic Rolf-Dieter Reinhardt. 30, thanks. The taxi driver and hobby shooter ("10,000 rounds a year") had applied for a gun license for a Colt in 1969 and was knocked down by the North District Office - as usual in Hamburg. where hardly any citizen has been granted the weapon, even if it is particularly threatened by profession.

Reinhardt brought an action before the administrative court. But he also got a removal from there in 1971, although he had been able to postpone a relevant experience - in 1970 the "taxi driver in the Hamburg free port fended off a robbery. The judges dry:" This robbery showed that the plaintiff was in the Is able to defend itself against assault even without a sharp weapon. "

Without legal protection, the defensive taxi man then fought before the next instance, where he leafed through comments by hand, such as laws, and won. The senior administrative judges referred to "the particular risk to taxi drivers". which is based on the official obligation to transport.

The chauffeurs who are required to be transported and who, in fact, cannot refuse the freight. If dubious passengers want to drive into deserted corners at night, the Munich Administrative Court had already given support in 1970: "As a rule, a need for hand guns to be carried by powered cab drivers is assumed."

Even revolver owner Reinhardt doubts that guiding is usually to be desired: "There are also bullies under it or those who easily go crazy. For all the love - just don't put a gun in everyone's hand."
With all the love: No other guild has suffered as serious damage to the image of the members of the Kraftdroschken chauffeur as the rabid behavior of individual members. Whether they demand the death penalty for "taxi killers" (especially after a series of deaths during the 1960s) or they conjure up the Third Reich where "antisocial people were housed elsewhere" (as in 1964 the Stuttgart taxi official Willy Schneider) whether they Beating passengers or chasing drivers - there was always enough happening to nourish the common cliché, the industry likes to lynch.

It is hardly surprising that the low-earning diesel men (monthly net income of a self-driving entrepreneur an average of 1,000 Marks) react irritably in stressful situations given the annoyance they have with idle business and cautious passengers. The Bonn social psychologist Hans Thomae thought they were jamming. "Frustrations that discharge at the slightest occasion".
But: This then discharges against customers and competitors - for law and order. and often with a bloody outcome.

So
* In January 1967 the police barely managed to stop 150 Düsseldorf taxi drivers from lynching a pair of robbers - and came too late in January 1971. when 50 Frankfurt taxi drivers rushed a car with four passengers into the Main (three people drowned);
* In May 1971, 100 Berlin taxi drivers threaten demonstrators. in order to "clean up" - as one of the fellow soldiers said:
* In September 1970, a Munich taxi driver shot at his passenger because he felt threatened
and a Hamburg chauffeur left his customer at the end of November. whom he had beaten up. lying seriously injured on the street. Unaffected by such attacks, association officials sometimes adhere to the fact that "every taxi driver who is authorized to transport passengers is also entitled to a gun license" - says Josef Kuffer. Taxi chairman in the Federal Association of the German Passenger Transport Industry.

Since taxi drivers are subjected to an official reliability check before they are issued with the transport permit, they are - officially found to be good anyway - also suitable for carrying weapons. But even then - by law, it wouldn't be enough. In addition to "reliability", the law also requires the citizen of arms to prove "need".

Before Colt-Mann Reinhardt made his way. In Hamburg and in the other federal states, most of the gun license applications failed due to this second criterion. The official examination of the need for the weapon already required extraordinary danger to the life and limb of the applicant in accordance with the (state) weapon laws. The federal law, which comes into force on January 1, 1973, additionally requires that "the acquisition of firearms ... is capable of reducing this risk".

Experts believe that this should be possible when driving a taxi, where the perpetrator usually attacks unexpectedly from the rear, if not excluded. Hamburg's government director Schiller characterizes the driver situation as follows: "Either you shoot or you drive." The Hanseatic authorities regularly withheld the gun from the taxi drivers for lack of practical use.
The epigones of the applicant Reinhardt, who was successful in court, have little chance of doing the same as their pioneer. Because: In contrast to the new arms law, the way to the Federal Administrative Court will in principle be free in future. However, unlike the higher administrative courts in Hamburg and Munich, this has so far been rather restrictive in matters of arms - in case of doubt, disarming.

Of course, the Hamburg cab drivers will hardly want to advise their members to defy the Hanseatic city up to the Federal Administrative Court. Because Georg von Alm from the Hamburg Association for the Passenger Transport Industry does not like it when the passenger knows that the taxi driver has a cannon.
Either way. Alm: "Anyone who has hijacked a driver previously wanted the money. Now there is a new moment: the weapon."

https://www.spiegel.de/spiegel/print/d-42787318.html
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1631
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 24-Jul-2020 at 01:45

ме Чуди зошто Такси Службата не се размислува како да бидне втора рака на Полиција, а во костец постојните ризици од криминал, а не пак идни кога евентуално со Мигранти би биле преплавени по следната светска рецесија!? прво доколку е задолжително Секој Таксист да поседува Огнено Оружје и бар некаков урбан Курс за Самоодбрана, така мнозина Луѓе затекнати во неволха на Улица попрво би се стрчале до првиот таксист него да чекаат Полиција да притекне, Такси Возила имет на секој чекор Џандарски тук-таму, второ доколку имаат задолжително и дашкам може да бидат повикани од Полиција како пазачи на некоја локација, и трето би било паметно така да може да се користат Солидарно од страна на ВелоПолиција Пожарникари или Доктори за Прва Помош на кои им треба Итно трансфер од локација до локација а не се во можност со Службено Возило да ја завршат работа, нормал за ова би им биле покроени трошоците во однос Гориво а Бонус би им било што би им дозволиле Бесплатна Патарина надвор од Град или која и да е друга поволност како компензација, Просто Е Таксистите Треба Да Се Во Полна Служба На Народ и Негоите Итни Служби, пр. Вело Полиција така брзо би можела да се вдаде и со Возило во Потера за додека дочека Засилување да ги има на око разбојници, што можеби нема да биде честа појава, но којзнае, зошто да не е ова уредено некако со Закон!?

~

туку како ќе го рекетираат Хрватскиов Велешанец
тро тешко бидејќи би се дигнало регионално џева
ако се одважи да пропее за евентуален удбалитичарски мобинг

https://sitel.com.mk/kameo-makedonec-sopstvenik-na-najgolemata-taksi-kompanija-i-taksi-softver-vo-hrvatska



Edited by Zelenikovo - 24-Jul-2020 at 01:45
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 17-Aug-2020 at 16:30
CAMMEO TAXI ГО ВОЗИ ЦЕЛО СКОПЈЕ 3 ДЕНА ГРАТИС – ИНТЕРВЈУ СО М-Р СТЕФАН НИКОЛИЌ, ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА CAMMEO ГРУПА МАКЕДОНИЈА

CAMMEO – Најдоброто такси во регионот започнува со превоз на патници во Скопје

Стефан Николиќ е Извршен Директор на Cammeo Група Македонија, кој доаѓа на оваа позиција од висока менаџерска функција од Банкарскиот Сектор, при што, со амбициозен план и дефинирана стратегија, како и know how и поддршка од Cammeo Групацијата која работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, верува во целосен успех на Cammeo на Македонскиот пазар. Имајќи ја предвид неговата посветеност за остварување на поставените цели, како и неговите професионални квалитети, сигурен е дека Cammeo ќе биде компанија од која граѓаните со задоволство ќе ги користат услугите за превоз, но и во која луѓето ќе сакаат да се вработат, затоа што Cammeo е креиран според високи европски корпоративни стандарди по принципот „од луѓе за луѓе“. Со Cammeo, европскиот квалитет на давање на услуги во такси дејноста преку понуда на еколошки, поволен, достапен, квалитетен и безбеден превоз, како и европските услови за работа и корпоративната култура ќе ги донесеме овде – вели Стефан Николиќ.

Cammeo ќе биде компанија во која клиентите ќе уживаат во користењето на Cammeo услугите, а луѓето ќе сакаат да се вработат.

Кога започнувате со оперативно работење?

Стефан Николиќ: Одбројуваме и со нетрпение очекуваме да започнеме со оперативно работење и одблизу да се запознаеме со граѓаните на Скопје и сите останати граѓани кои доаѓаат во главниот град со цел да им понудиме најдобри услуги и најквалитетен превоз по најповолни цени. Веруваме дека нашиот квалитет и високите стандарди кои што ги имаме поставено на ниво на цела Групација како единствена такси компанија во ЕУ со ISO 9001 сертификат, ќе донесат нова димензија и нов квалитет во такси превозот во Скопје како што доликува за една метропола.

Официјално нашиот почеток ќе биде во четврток на 20.08.2020 година, при што цели три дена од 20.08.2020 година од 09 часот и 30 минути до 23.08.2020 година до 06 часот, CAMMEO TAXI ЌЕ ГО ВОЗИ ГРАТИС ЦЕЛО СКОПЈЕ, односно нема да наплатува за дадените услуги во висина од 200 денари по возење во рамките на градот.

Затоа, ги повикувам и поканувам сите граѓани на Скопје заедно да започнеме една успешна приказна во која тие ќе уживаат во користењето на нашите услуги, а ние ќе направиме се да бидат задоволни со превозот до нивната дестинација на најдобар и најквалитетен начин - вели Стефан Николиќ.

Cammeo започнува со превоз на патници во четврток на 20.08.2020 година, при што, цели три дена ќе го вози гратис цело Скопје

Како може корисниците да ги нарачаат вашите услуги?

Стефан Николиќ: 15 777 е бројот на кој што може да не добијат корисниците на нашите услуги каде што 24 часа секој ден во годината нашиот Call centеr тим стои на располагање за сите наши клиенти и е подготвен да одговори на сите нивни барања и да ги опслужи на најбрз и најпрофесионален начин. Исто така, функционален е и телефонскиот број 02/2 777 666 кој генерално е наменет за корисници на нашите услуги кои доаѓаат од странство, а кои со нивните телефонски броеви не можат да го повикаат нашиот специјален скратен број. Сепак, наша најголема компаративна предност и наша најкористена алатка за нарачка на такси услуга и возила е постоечката подобрена апликација која всушност нуди многу можности и тоа: од нарачка на возило, промена на дестинација во текот на возењето, до оценка на возачот и директно плаќање преку самата апликација.
Затоа, им препорачувам на сите наши потенцијални клиенти да ја симнат Cammeo апликацијата и да уживаат во нејзините придобивки и можности и да нарачаат возилo и услуга на најпрактичен и најзабавен начин.

Повикајте 15 777 или нарачајте возило директно преку мулти функционалната Cammeo апликација - симни апликација на Android: https://goo.gl/gtozU5 и iOS: https://goo.gl/MPtXIM

Cammeo ќе биде првото зелено такси во град Скопје – што значи тоа за неговите жители?

Стефан Николиќ: Cammeo како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свест и заштита на животната средина.

Во таа насока, токму Cammeo ќе биде првото и единствено ,,зелено‘‘, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Cammeo групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, истите возат на плин (LPG) кој е еколошки прифатлив. На македонскиот пазар, такси возилата на Cammeo ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Cammeo порачува дека токму неговите ,,зелени‘‘ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално.
Притоа, Cammeo нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе постигна електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Cammeo работи, а со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина. Според тоа, Cammeo е високо општествена одговорна компанија со која сите заедно ќе се „возиме зелено“ за наша подобра и „зелена иднина“.

Cammeo ќе биде првото и единствено ,,зелено‘‘ - еколошко такси на улиците на Скопје

Ќе понудите услуга на сосема ново ниво – кои ќе бидат придобивките за клиентите?

Стефан Николиќ: Услугата за превоз на Cammeo се води од слоганот кој гласи:,,Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец‘‘.

Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз кој ќе можат да го користат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Нови возила, униформирани и професионални возачи со сертифицирана обука во Cammeo Aкадемијата, највисоки стандарди од аспект на хигиена и чистота во возилата, како и највисок степен на безбедносна и здравствена заштита за клиентите, но и за возачите, се наша карактеристика и поставен стандард за квалитет, но и постојан приоритет. Cammeo вработува возачи со почетна загарантирана нето плата од 400 евра и бонуси за остварувања и инвестира во нивната едукација и лиценцираност, при што креира вистински професионалци подготвени за давање на најдобра услуга на патниците.

Во услови на Covid 19 вирусната пандемија, сите наши возила на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и перење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на нашите патници и возачи е највисок. Со тоа, Cammeo ќе биде првото такси во Скопје во кое здравјето на патниците и вработените е приоритет и на тој начин ќе го олесни животот на сограѓаните во овие ново настанати корона услови.

За нашите патници покрај можноста да се нарача услуга преку Call center-от и преку Cammeo апликацијата на iOS и Android смарт телефони, нудиме и бројни погодности, како што се плаќање со картичка преку Pos terminal-и, плаќање преку нашата апликација со поврзување на нивните платежни картички (Card on file) или со паричните средства на нивниот account во самата апликација, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно.

Покрај тоа, ќе понудиме најповолен и најквалитетен Корпоративен Бизнис ВИП превоз за сите правни лица кои имаат потреба од таква услуга, но и превоз на деца врз основа на договор и согласност од нивните родители.

Нови возила, униформирани и професионални возачи, највисоки стандарди од аспект на хигиена, како и највисок степен на безбедносна и здравствена заштита за клиентите и возачите се стандард и постојан приоритет за Cammeo.

Какви се идните планови на Cammeo за македонскиот пазар и генерално за соседните земји од регионот?

Стефан Николиќ: Во моментов наша примарна цел е градот Скопје и постепен раст на нашето пазарано учество во дејноста во него, а во блиска иднина постепено ќе ги понудиме нашите услуги и во останатите поголеми македонски градови директно или индиректно преку програмата Cammeo Partner.

Под лидерство и со визија на г-дин Владимир Миновски - сопственикот, основач и CEO на цела Cammeo Групација, Cammeо денес не е само такси превозник, туку нуди и широк спектар на услуги на пазарот и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП личности, продажба на франшиза, развој и продажба на IT софтвер и познатата Taxi Navigator платформа која ја користат повеќе од 13 000 такси возила во светот од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила.

Cammeo е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и увид во аналитички извештаи и бази на податоци во живо, што води до висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за нашите клиенти.

Со долгорочна стратегија и сигурен и стабилен раст, Cammeo покрај понуда на услуги во главниот град, во блиска иднина постепено ќе ги понуди своите услуги и во останатите поголеми македонски градови, а подоцна и во соседните земји од регионот.

За крај што ќе им порачате на граѓаните на Скопје?

Стефан Николиќ: Ни преставува огромна чест и задоволство да ви ги понудиме нашите услуги и да станеме дел од вашето секојдневие, а такси превозот со нас да стане достапен како вода што е и наша основна цел.

Cammeo постои од Вас и за Вас и наша најголема награда и сатисфакција е да имаме задоволни клиенти и заедно со нив да создадеме едно големо Cammeo семејство.

Од 20.08 (четврток) нарачајте услуга преку нашиот специјален број 15 777 или нашата Cammeo Апликација, а ние со нетрпение очекуваме да се запознаеме со Вас и да постигнеме „љубов на прв поглед“ меѓу нас. Cammeo тимот ќе направи се да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти.

За сите наши патници ќе има многу изненадувања и поволности, но за сега не би откривал премногу, а за да ги дознаете први сите Cammeo информации и акции следете не на нашата web страна: cammeo.mk или на нашиот Facebook page: Тaxi Cammeo – mk.

Каде и да одите Cammeo секогаш оди во вашиот правец.

https://faktor.mk/cammeo-taxi-go-vozi-celo-skopje-3-dena-gratis--intervju-so-m-r-stefan-nikolikj-izvrshen-direktor-na-cammeo-grupa-makedonija
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4751
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 17-Aug-2020 at 21:31
Налик на Uber?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6907
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 20-Aug-2020 at 15:55
Видео) Регионалниот такси-превозник „Камео“ почна со превоз на патници во Скопје



На големиот паркинг на средно Водно, преку официјално претставување на својот возен парк на свечен настан, со присуство на претставници на град Скопје, претставници на медиумите, компании соработници, гости и граѓани на Скопје, „Камео“ го промовираше своето започнување со работа.

Со обраќање на извршниот директор на „Камео груп Македонија“, Стефан Николиќ, кој верува дека „Камео“ ќе донесе нова димензија и нов квалитет во такси-превозот во Скопје, денеска се отвори едно ново поглавје од приказната на „Камео“ групацијата во Скопје.

Николиќ ги повикува сите граѓани на Скопје и нивните гости да нарачаат услуга преку бројот 15 777 или апликација „Камео“, а тимот „Камео“ ќе направи сè да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти. Притоа, порача дека со огромна чест и задоволство започнуваат со работа и со нетрпение очекуваат да се запознаат со граѓаните на Скопје, при што од денес „Камео“ го вози цело Скопје 3 дена гратис, а понатаму ќе има многу изненадувања и поволности за патниците на „Камео“.

Камео такси“ доаѓа со флота од нови возила со метан како погонско гориво, коешто е еколошки најприфатливо гориво, со најмала емисија на загадување и како такво се смета за „зелено гориво“, со што, „Камео“ е првото еколошко – „зелено такси“ на улиците на Скопје.

„Камео“ се води од слоганот кој гласи:,,Каде и да одиш, ние одиме во твој правец‘‘, при што нуди такси-превоз 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Од компанијата велат дека вработуваат возачи со почетна загарантирана нето-плата од 400 евра и бонуси за остварувања. Гарантираат дека инвестираат во нивната едукација и лиценцираност, при што преку сопствената академија „Камео“ креираат професионалци подготвени за давање најдобра услуга на патниците.

Во услови на Ковид-19 вирусната пандемија, сите возила на „Камео“ на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и миење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на патници и возачи е највисок.

Групацијата „Камео“ работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, брои речиси 1.500 вработени и 1.000 автомобили со коишто годишно превезува повеќе од 12 милиони патници и тоа со поминати приближно 50 милиони километри. Во последните 14 години е дел од секојдневието на илјадници луѓе во Хрватска, Словенија, Чешка и Србија, при што се води од мислата дека такси-превозот мора да стане достапен како вода и прифатлив за сите – од студенти до пензионери.

Од денес „Камео“ e и дел од секојдневието на граѓаните на Скопје што за целата групација „Камео“ претставува посебна чест и задоволство имајќи го предвид македонското потекло на сопственикот и директор на групацијата, Владимир Миновски, којшто е роден во Македонија.

„Камео“ нуди и широк спектар на услуги на пазарот, и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП-личности, продажба на франшиза, развој и продажба на IT-софтвер и познатата Taxi Navigator платформа, која ја користат повеќе од 13.000 такси возила во светот, од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила.

„Камео“ е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за своите клиенти.

„Камео“ покрај понуда на услуги во главниот град, во блиска иднина постепено ќе ги понуди своите услуги и во останатите поголеми македонски градови.

https://24info.mk/видео-регионалниот-такси-превозник/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 121314

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.