build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Такси превоз

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 16>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 03-Sep-2009 at 10:39
ХАОС СО ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ ВО ГРАДОТ
Никој не знае колку диви таксисти има по улиците

Никоја од надлежните институции не знае колку диви таксисти има на територија на град Скопје. Според нив, лиценца имаат околу 2.800 превозници, но дали бројот на дивите таксисти што возат е поголем од оваа бројка, никој нема евиденција. Сепак и од Министерството за транспорт и врски и од Град Скопје велат дека со донесувањето на новиот Закон за превоз на патници, кој во моментот е во собраниска процедура, значително ќе се намали бројот на оние таксисти кои превезуваат патници, а немаат дозвола да го работат тоа. Граѓаните, пак, кои секојдневно користат такси-превоз, се скептични околу решавањето на долгогодишниот проблем со пренатрупаноста во градот со такси-возила. - Обично се качувам во тоа такси што прво ќе го забележам без притоа да гледам дали е од некоја компанија или, пак, можеби станува збор за див таксист. Сепак, неколку пати имам забележано дека во зависност од тоа со кого се возам, цената што ја плаќам за една иста дестинација се разликува и“вели Каролина од Аеродром. Лиценцираните такси-компании, пак, се жалат дека низ улиците на Скопје имаат многу конкуренција од страна на тие што не се овластени да превезуваат патници. Според нив, секојдневно се случува дивите таксисти да им ги крадат патниците, и покрај тоа што нив не им е дозволено да работат. Сашо Рајчановски, претседател на групацијата на автотакси-превоз при стопанската комора на Македонија, вели дека за да се реши долгогодишниот проблем со нивните нелиценцирани конкуренти, тие вршат интензивни преговори со Град Скопје и со Министерството за транспорт и врски. - Во моментот во собраниска процедура е новиот Закон за патен сообраќај, кој се надеваме дека во голема мера ќе го реши проблемот со дивите таксисти. Според новиот закон, место една година, како што беше случај до сега, лиценцата ќе важи четири години, што можеби ќе влијае повеќето таксисти да си извадат лиценца и - вели Рајчановски. Тој вели дека во моментот голем број превозници ја имаат изработено потребната документација, која е предадена во Градот за нејзино разгледување, по што најверојатно голем дел од доставената документација ќе финализира со издавање на лиценци за работа на подносителите. Дури и во СВР Скопје, немаат конкретна бројка, колку вкупно диви таксисти, возат низ улиците на главниот град. - Од почетокот на оваа година до сега сообраќајната полиција има одредено прекршочни пријави за вкупно 345 таксисти. Сепак во врска со тоа колкав е конкретниот број на таксисти кои возат патници без дозвола, немаме конкретна бројка и“вели Лиза Бендевска, портпаролот на СВР Скопје.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1803&ArticleID=121032
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 15-Sep-2009 at 17:47

Тротоарот пред „Тифани“ е станица за диви таксисти





 

Граѓаните што живеат во околните згради и куќи постојано се жалат дека немаат мир од паркираните возила, од кои се слуша гласна музика, како и дека поднеле пријави до сообраќајната полиција, но сé било без успех

 
 
%20  
Дивите таксисти барајќи место каде да се скријат од сообраќајната полиција, изминатата половина година имаат ново стојалиште во близината на познатата зграда „Тифани“ во центарот на градот, од каде што почнува булеварот Партизански одреди. Најмногу паркирани возила има во попладневните часови, кога таму има голема фреквенција на луѓе. Граѓаните што живеат во околните згради и куќи постојано се жалат дека немаат мир од паркираните возила, од кои ечи гласна музика, како и дека поднеле пријави до сообраќајната полиција, но сé било без успех. Најчесто возат за Шуто Оризари и за Топаана, но и по договор застануваат по пат.

- На тротоарот пред мојата куќа постојано се паркираат автомобили што превезуваат патници, но без табла дека се такси-превозници. Веднаш до нивното стојалиште има и автобуска станица, каде што застануваат броевите 19, 2, 12, 35, но граѓаните секогаш се решаваат да си одат со автомобил, наместо да чекаат автобус. Превезуваат и до шест патници, а наплаќаат вкупно 250 денари од центар до Шуто Оризари. Во текот на денот тука се прави голем метеж, бидејќи таксистите чекаат да се соберат до пет патници за да тргнат. Покрај тоа што прават бучава, тие додека чекаат фрлаат отпадоци од храна и шишиња. Се жалевме до сообраќајната полиција и до инспекциските служби, но откако ќе добијат опомена, ги нема неколку дена и потоа пак по старо - објаснува една жителка во околните згради.

Таа додава дека нема против луѓето да си го заработуваат лебот, ама треба да се има ред во градот и не може кој каде и како сака да се паркира.

Од сообраќајната полиција велат дека не можат да дадат извештај за тоа дали ги казниле дивите таксисти кај зградата „Тифани“, бидејќи евиденција се води на ниво на целиот град.

- Од почетокот на годината досега сообраќајната полиција изрекла околу 345 прекршочни пријави каде што бил увиден превоз на патници без лиценца. Пријавите понатаму ги доставуваме до секторот за сообраќај во градот, а тие до судот, кој и ја одредува казната. Глобата е различна, па затоа не можеме да кажеме една сума која ќе важи за сите - објаснуваат од СВР-Скопје.

Оттаму додаваат дека на терен излегуваат и по пријава на граѓани, но дека откако ќе изречат прекршочна пријава, тоа не значи дека дивите таксисти нема повторно да вршат превоз на патници.

Градските инспектори немаат право да ги казнуваат дивите таксисти, нивна надлежност е само да постапуваат по прекршочната пријава од сообраќајната полиција.

Оние такси-превозници што се лиценцирани велат дека дивите превозници им прават проблеми, им преземаат патници, како и дека никој не е одговорен за тоа.

- Тие не плаќаат ниту лиценца, возат со стари коли и имаат помалку трошоци од нас. Нормално е дека кај нив цената за превоз ќе биде пониска. Имам забележано дека во последно време има сé повеќе диви превозници на тротоарот пред познатата зграда „Тифани“. Местото е во центарот на градот и не е можно некој од надлежните да не го видел тоа и во старт да ја смени нивната навика за тоа стојалиште - смета Игор Поповски, возач во компанијата „Вардар“.
 
   
Автор: Р.З.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91591032117&id=14&prilog=0&setIzdanie=21788
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 09-Oct-2009 at 13:07

Такси-групацијата чека одлука за автотакси-превоз





 

Групацијата за автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија очекува до крајот на неделава да се подготви предлог-одлука за оваа дејност и таа да се стави на дневниот ред на наредната седница на градскиот совет.

 
 
%20  
Сашо Рајчановски, претседателот на оваа групација, вели дека веќе имале средби со градоначалникот Коце Трајановски, како и со раководителот на градскиот сектор за сообраќај и со претседателот на советничката комисија за оваа област, со кои ги посочиле проблемите и разговарале за да се надмине оваа состојба. Таксистите им доставиле на градските власти барања за конкретни измени и дополнувања на постојната одлука за автотакси-превоз.

Се бара рамноправно и наизменично да се користат сите такси-станици во Скопје по принципот на кружен тек, преку формирани групи што ќе мораат да имаат радиофреквенција. При издавањето лиценци треба да им се даде предност на тие што веќе имале, но им истекла важноста во меѓувреме, за да влезат во ограничениот број од 3.000 такси-возила. Бојата на автомобилите, пак, треба да биде или по слободен избор или единствена, освен за такси-групите што веќе ја имаат заштитено својата комбинација на бои.

- Веруваме и очекуваме дека градот ќе ја напушти старата политика на штитење интереси на поединци и ќе дозволи сите такси-форми, компании или здруженија, да градат подобра иднина, како и дека ќе овозможи таксистите како кооперанти или здружени во такси-формите заеднички да вложуваат во помодерен, поквалитетен и посигурен автотакси-превоз - вели Рајчановски.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099103329&id=14&prilog=0&setIzdanie=21808
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 01-Dec-2009 at 23:05
Повторно текст на оваа тема. Не знам што фајде доколку властите би го знаеле бројот.

Убеден сум дека проблемот со дивите таксисти може да се реши многу брзо, само доколку се има политичка воља. Не велам дека е лош овој новиов закон кој се спомнува, но проблемот требало да се решава и без него.

СЕ УШТЕ НЕМА РЕД ВО ТАКСИ-ПРЕВОЗОТ ВО ГРАДОТ
Бројот на дивите таксисти загатка за градските власти

Елена Мачевска

Ниедна од надлежните институции не знае колку диви таксисти возат низ Скопје. Според нив, лиценца поседуваат околу 3.000 превозници, но дали бројот на тие што возат нелегално е поголем од таа бројка, никој нема евиденција. Од Министерството за транспорт и врски и од Град Скопје очекуваат дека со новиот Закон за превоз на патници, кој стапи во сила во септември годинава, значително ќе се намалат таксистите што превезуваат патници без соодветна дозвола. Скопјани се скептични дека ќе се реши долгогодишниот проблем со пренатрупаноста во градот со такси-возила. - Обично се качувам во тоа такси што прво ќе го забележам без притоа да гледам дали е од некоја компанија или, пак, можеби станува збор за див таксист. Сепак, неколку пати имам забележано дека во зависност од тоа со кого се возам, цената што ја плаќам за една иста дестинација се разликува - вели Лидија од Аеродром. Лиценцираните такси-компании, пак, се жалат дека низ улиците на Скопје имаат многу конкуренција од тие што не се овластени да превезуваат патници. Според нив, секојдневно се случува дивите таксисти да им ги крадат патниците и покрај тоа што нив не им е дозволено да работат. Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија, вели дека за да се реши проблемот со нелиценцирани превозници, тие вршат интензивни преговори со Град Скопје и со Министерството за транспорт и врски. - Се надеваме дека новиот Закон за патен сообраќај во голема мера ќе го реши проблемот со дивите таксисти. Според новиот Закон, место една година, како што беше случај досега, лиценцата ќе важи четири години, што можеби ќе влијае повеќето таксисти да ја извадат и“8211;вели Рајчановски. Тој тврди дека во моментов голем број превозници ја имаат подготвено потребната документација, која е предадена во Градот, па се очекува наскоро да ги добијат и лиценците за работа. - Ние како здружение постојано бараме од градските власти да не им издава дозвола за работа на таксистите што не поседуваат радиостаници. Така доколку некој направи каков било пропуст во работата, односно патникот да се жали од односот на возачот или, пак, од наплатената цена, превозникот многу лесно може да се најде - смета Рајчановски. Од Град Скопје велат дека до нив досега се поднесени 300 барања за нови лиценци, кои се веќе процесуирани и се во завршна фаза за издавање. - Бројот на таксисти без лиценца не може да се утврди точно. Инспекторите за патен сообракај од Градскиот инспекторат во текот на изминатите единаесет месеци имаат поднесено околу 800 прекршочни пријави за таксисти кои илегално ја вршат дејноста - објаснуваат од Град Скопје. Дури и во СВР Скопје не располагаат со конкретна бројка. Оттаму велат дека од почетокот на годината досега полицијата изрекла вкупно 353 прекршочни пријави за нелиценцирани таксисти.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1881&ArticleID=127973
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 15-Dec-2009 at 21:07
ТАКСИСТИТЕ СТОЈАТ КАЈ ЌЕ ИМ ТЕКНЕ

Дивите стојалишта никој не ги чепка

Во борба за патници, таксисите не избираат каде ќе застанат- стојат на улици, по тротоари, пред крстосници, на автобуски постојки,па не ретко се случува возила на Итна медицинска помош да не можат да влезат на потребниот паркинг или пред болница

Таксистите се паркираат кој кај ќе стигне, па не ретко се случува возила на Итна медицинска помош да не можат да влезат на потребниот паркинг или пред болница. Во борба за патници, таксисите не избираат каде ќе застанат- стојат на улиците, по тротоарите, пред крстосници, на автобуски постојки... Возилата ги блокираат улиците и приодите кон зградите, поради што станарите не можат да ги паркираат сопствените автомобили.Иако во градот точно се знае бројот на легални такси-станици и бројот на возила кои смеат да стојат таму.Диви станици никнуваат насекаде.И во центарот на Скопје и во населбите.
"Живеам во Тафталиџе, веднаш до пазарот и секој ден мака мачам да се паркирам на паркингот пред зградата. Не можам да си влезам на паркингот, бидејќи, иако тука нема такси-станица, постојано има испаркирано по неколку возила.Само неколку метри подолу има обележана станица за таксистите, но тие не го почитуваат тоа", вели револтирано жител на оваа населба.
Од Градот се правдаат дека немаат ингеренции да ги казнуваат и да ги растеруваат, бидејќи тоа е во надлежност на Министерството за внатрешни работи.
"Со Одлуката за такси-превоз, Град Скопје има определено 103 стојалишта за такси- превозниците. До сега обележени се повеќе од 40 отсто од стојалиштата со соодветна сигнализација и со број на возила кои можат да се паркираат на стојалиштето. Сообраќајната полиција треба да ја спроведува Одлуката и да го одржува редот на постојките, за да не доаѓа до прекубројно паркирање и нарушување на сообраќајниот режим околу нив", велат од Град Скопје.
Тие не објаснуваат зошто досега не се поставени сите табли за означувањена на такси станица.
Од МВР пак велат дека тие постојано ги казнуваат таксистите кои ги прекршуваат сообраќајните правила, но откако тие ќе си заминеле иста локација или улица повторно се узурпирала од нив.
Најдраматичен е примерот со паркирањето на такситите пред Државна болница, каде што возилата на Брза помош или возила со болни пациенти чекаат и по 10-тина минути за влез поради метежот што се создава пред болниците. Во моменти кога секоја секунда е важна, ваквото чекање може да чини живот.
Неколкупати досега раководството на Клиничкиот центар реагирало до полицијата, но резултатите биле краткотрајни, по неколку дена, додека стоеле полицајци. Откако ќе заминеле метежот продолжувал.
"Зар треба да ставаме редари и пред болница. Мислевме дека ако еднаш ги казнат и ако им се укаже дека тука на некои луѓе животот им виси на конец,тоа нема повторно да го направат.Но, попусто се продолжува по старо", коментираат од Државна болница. (А.А.)

http://vest.com.mk/?ItemID=87022C2F90C70F4EAD24D0FF688D4F0F
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 21-Jan-2010 at 01:18
И управителите на такси компаниите со сертификат
СРЕДА, 20 ЈАНУАРИ 2010 18:40



Од 1 јануари оваа година стапија на сила новите услови за добивање автотакси лиценца. Во Битола според новиот закон и новите услови со жолта боја и фискален таксиметар се издадени вкупно 190 лиценци. Покрај стандардните документи кои досега се доставуваа за добивање лиценца, новина е тоа што и управителот на фирмата треба да поднесе сертификат за професионална компатибилност.



-Тој сертификат значи дека управителот на фирмата е подобен и има познавања за работењето на таа такси фирма. Значи ги знае деталите околу работата, законските регулативи, изјави Владимир Прчков, сообраќаен инспектор во Општинскиот инспекторат.

А токму непоседувањето лиценца е најголемиот проблем при контролите на општинскиот инспекторат.

-Немање фискален таксиметар, необележаност на возилото, вели Прчков.



Инаку казните за ваквите недоследности се движат од 10.000 до 100.000 денари за правното лице, а од 4000 до 40.000 денари физичко лице.


http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=16930&Itemid=106
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 12-Feb-2010 at 11:41
Лиценцираните таксисти имаат бесплатен влез на паркинзите

Некои превозници ја користат неинформираноста
и наплатуваат екстра

Сања Наумовска


Лиценцираните таксисти имаат право бесплатно да влезат на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“. Доколку патниците побараат таксистот да ги однесе на некоја локација што се наоѓа внатре во кое било од паркиралиштата на јавното претпријатие, влезот за такси-возилата е слободен.

Сепак, и покрај оваа одлука на „Градски паркинг“, голем број од таксистите дополнително им наплатуваат на своите патници за влегувањето во паркинг. Откако Јавното претпријатие ја укина поволноста за бесплатно паркирање во првиот половина час, поради злоупотреби голем број скопјани останаа неинформирани дека, сепак, таксистите и натаму имаат слична привилегија.

Најкарактеристичен е случајот со паркиралиштето „Камен мост“ каде што рампата на „Градски паркинг“ го ограничува пристапот кон повеќе јавни објекти, како хотелот „Стоун бриџ“, Комерцијална банка, Министерството за транспорт и врски, црквата „Свети Димитрија“ и уште неколку институции на овој потег.

Патници се жалат дека такси-возилата речиси секогаш застануваат на улицата пред наплатната рампа. Ако на инсистирање на патникот треба да продолжат за да ги остават до крајната дестинација, веднаш им се бараат дополнителни 45 денари, колку што чини еден час паркирање на паркингот. На тој начин, велат граѓаните, превозниците заработуваат на сметка на неинформираноста на луѓето.

Во „Градски паркинг“, пак, појаснуваат дека таксистите треба да покажат само важечка лиценца на вработениот на наплатниот киоск и влезот нема да им се наплати. Се разбира, влегувањето треба да биде само во функција на оставање на патникот, а паркингот мора да го напуштат најмногу за петнаесетина минути.

„Сите компании што имаат лиценци се информирани за оваа можност за користење на нашите паркиралишта. Не само кај Камениот мост, туку и кај Градска болница, Музејот на Скопје и секаде каде што има потреба да се донесе патникот што поблиску до институцијата“, информираат од јавното претпријатие и нагласуваат дека посочените ситуации може да се случуваат само доколку превозникот нема важечка лиценца со која ќе си обезбеди бесплатен влез.

Во дел од такси-компаниите, пак, велат дека знаат за поволноста што ја нуди „Градски паркинг“ и дека очекуваат возачите да ја применуваат. Сепак, признаваат оти не можат постојано да контролираат дали некој од нивните вработени ќе ја искористи неинформираноста на патникот и ќе наплати екстра пари.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3A6FC3437ADFC44D8AC3BC4D5F12233E
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 07-Apr-2010 at 12:14

Скопските општини до градската управа треба да достават точни локации на кои ќе може да се постават новите такси-станици кои нема да го попречуваат сообраќајот, решија првите луѓе на скопските општини на вчерашната средба на Координативно тело на градоначалници. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски вели дека во наредниот месец и половина ќе се решава на кој начин ќе се реализира проектот

 

 
%20  
- Земјиштето не сакаме да го дадеме под закуп, за да може таа такси-станица да ја користи само една компанија, туку сите таксисти да бидат еднакви. Во тек е тендерска постапка, а од општините чекаме да ги одредат фиксните станици – вели Трајановски.

На средбата е договорено и да се намали фирмарината за 2010 година, која за трговските друштва наместо 8.000 ќе биде 7.000 денари, а за трговците поединци наместо 2.700 да се намали на 2.400 денари. Градоначалникот Трајановски е задоволен и од брзината со која се доставуваат решенијата за данок на имот.
 
   
Автор: Б.С.
                                                                                                                                                                                                                                                                                                    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=47101037217&id=14&prilog=0&setIzdanie=21952  
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 07-Apr-2010 at 22:59

Кирија за такси-стојалиштата

Општините ќе му предложат на Градот прифатливи локации за такси-станици, по што ќе се дадат под закуп

Градоначалникот Коце Трајановски изрази сериозна намера да воведе ред во паркирањето на таксистите, односно нивното стоење на обележаните стојалишта, а нередот со лиценците е оставен за подобри времиња. Пред него средување на такси-стојалиштата најавуваа и неговите претходници Ристо Пенов и Трифун Костовски, но на улиците и натаму остана истиот хаос.

Прв чекор, најави Трајановски, е да се воведе наплата за користење такси-стојалиште. Ова било договорено на последната средба на Координативното тело со останатите скопски градоначалници. Втор чекор е справување со дивите стојалишта, кои со години опстануваат без проблем, а за кои од Градот ентузијастички најавија дека ќе ги отстранат за век и навек.

- Пред да се донесе и официјално одлука за стојалиштата, надлежните служби во Градот ќе преиспитаат како е тоа регулирано во европските метрополи, односно какви се стојалиштата, како се уредени и колку се наплатува за нив - објасни Трајановски.

Замислено е легалните станици да бидат фиксни, а допрва ќе се преиспита дали сегашните локации се добри. Од Градот рекоа дека последниот збор која станица каде ќе се наоѓа ќе го дадат општините, за што станало и збор на средбата на градоначалниците.
Наплатувањето на користење на јавна површина за такси-стојалиште, не е идеја на оваа локална власт. Пред повеќе од една година, во времето на градоначалникот Трифун Костовски, беше донесен Правилник со кој меѓудругото беше одредено стојалиштата да бидат давани под долгорочни концесии на такси-компаниите, но тоа никогаш не заживеа. Сега од Градот се премислиле, односно дошле до заклучок дека е подобро да ги издаваат под кирија наместо под концесија.

Проблемот со дивите такси-станици, кои често го блокираат нормалниот тек на сообраќајот, Градот ќе го решава со строги казни.

- Инспекцијата ќе работи поажурно - велат оттаму.

Поради самоволието на таксистите, но и премолчаното одобрување од самата градска власт, со години атрактивни локации во Центар, Карпош и во Аеродром, поради дивите стојалишта, се претворени во тесни грла. На пример, таксистите на улиците Рузвелтова и Ленинова, како и оние на влезот кон паркингот на Трговскиот центар „Лептокарија“ се одамна одомаќинети.

- Едната лента од „Рузвелтова“ е буквално целата зафатена од таксисти. Постојано се расправаме, се караме, доаѓа до инциденти. Морам да ги молам да се тргнат за да се паркирам на обележаното место, а истото го правам и кога имам намера да излезам. Сега гледам дека и подолу, кај Министерството за економија, има ново диво стојалиште - вели Никола М. од Капиштец.

Од Градот цело време тврдат дека никому не дале дозвола да се паркира на овие места. Топката со години ја префрлаат на сообраќајната полиција бидејќи, според нив, таа требало да ги казнува возачите што непрописно се паркираат. Од МВР, пак, редовно го нудат одговорот дека ги казнуваат неправилно паркираните возила. И покрај сериозноста на институциите, низ годините излезе дека се работело за празни објаснувања, бидејќи од ден на ден се појавуваат се' повеќе диви такси-стојалишта, а самоволието на таксистите не престана.

Јорданка Ивановска

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 08-Apr-2010 at 16:13

Дивите таксисти побројни од легалните

Лани биле поднесени над 1.000 прекршочни пријави, но колку од нив добиле судски епилог, не се знае

Сања Наумовска


Во Скопје има 3.000 таксисти со лиценци. Колкав е бројот на дивите превозници - не се знае, а претпоставките одат дека ги има и повеќе од легалните. Градот Скопје има вработено само тројца сообраќајни инспектори, кои мора да се справат со оваа состојба. Тие имаат надлежност да напишат прекршочна пријава, но не и да одземат возило. Минатата година биле напишани над илјада пријави, но градските власти немаат податоци колку од нив добиле судски епилог.

Новите лиценци за работа важат 4 години, а досега ги извадиле околу 1.000 таксисти. На останатите им истекуваат дозволите годинава, па бројот на дивите превозници може да биде и поголем.

„Лиценците чинат 3.000 денари, токму колку и административните трошоци за нивно издавање, но обновувањето е бесплатно“, велат во Градот.

Состојбата со такси-превозот ќе се уредува со нова одлука, најави градоначалникот Коце Трајановски, кој потенцираше дека на неа веќе работи Секторот за сообраќај. Во меѓувреме, градската администрација ќе собира искуства од тоа како соседните главни градови го решиле проблемот со бројноста и организацијата на такси-превозот. Според најавите, средувањето ќе почне од такси-стојалиштата. Постојните ќе им бидат еднакво достапни на сите лиценцирани компании, што значи дека се напушта идејата за концесионирање. До крајот на април сите општини ќе треба да предложат и нови локации за стојалишта, ако сметаат дека има потреба од нив. Во Градот велат дека ќе побараат совети и од такси-здруженијата што егзистираат во главниот град.

„Одборот за сообраќај веќе започна да разгледува можни решенија за конечно консолидирање на такси-превозот, од аспект на организација. Веќе се во тек консултации за зголемување на бројот на такси-постојките, за што се очекуваат сугестии од општините, до крајот на април. Ќе се прифаќаат и идеи од сите такси-асоцијации, како во однос на постојките, така и по сите други прашања поврзани со подобрување на превозот“, информираат од Градот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CF9C8DEAE282F94F9EE19A6AE8A95357
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 08-Apr-2010 at 23:36

Нема да има наплата за такси-стојалиштата

Градските власти информираат дека немаат намера да воведат наплата за користење на такси-стојалиштата. Оттаму објаснуваат дека на последната седница на Координативното тело на градоначалници воопшто не станало збор за воведување наплата за такси-станиците.

- На средбата со градоначалниците беше нагласена определбата на Градот Скопје и на градоначалникот Коце Трајановски да се воведе ред во такси-превозот и да се уредат стојалиштата со потребната урбана опрема. Комисијата за сообраќај во Градот Скопје долго работи на дефинирање на такси-стојалиштата, за што ќе се изјаснат и скопските општини. На седницата на Координативното тело беше нагласено дека на такси-стојалиштата ќе има место за сите заинтересирани лиценцирани таксисти и оти тие нема да функционираат по системот на ротирање - велат во Градот Скопје.
 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 20-Apr-2010 at 11:30

Ниедна општина не доставила локации за такси-стојалишта


Во Скопје има 3.000 лиценцирани таксисти, од кои само 1.000 ја имаат обновено лиценцата за следните четири години

 
 
%20  
Дваесетина години таксито е главно јавно градско превозно средство. И за ова време, освен евтината такси-услуга, речиси ништо не е направено на овој план. Секој скопски градоначалник ветува ред во своевидниот хаос, но не и решенија. Таксистите сé уште се делат на редовни и диви, бројот на такси-стојалишта е непроменет, условите за работа никакви. Последната најава од градската управа е дека ќе се унифицираат такси-стојалиштата. Но со локациите за новите такси-станици нема да се подобрат условите за работа на такси-превозниците. На новите станици нема да има ниту монтажен тоалет, ниту, пак, чешма за вода. Од градската управа велат дека тие се задолжени само за нивно уредување со знаци, обележување на просторот на такси-станицата, како и за внатрешно обележување на точниот број на возила што може да се паркираат. Дел таксисти со кои разговаравме велат дека треба да се направи нешто повеќе на местата каде што ги чекаат патниците, а бараат и поголемо разбирање од полицијата.

- Секојдневно се соочуваме со различни проблеми. Работиме за на клиентите да им обезбедиме подобра услуга. Често се случува крајната дестинација на нашиот патник да биде на булеварот Партизански одреди и каде и да застанеме полицијата нé казнува. Исто е и кога почетната станица е на некој од булеварите, нема каде да ги пречекаме клиентите, а да не нé казнат. Потребно е и да се организираат стојалишта што ќе собираат повеќе возила. На пример, стојалиштето на улицата Никола Вапцаров, спроти „Мекдоналдс“ во строгиот центар на градот, собира само 8-10 возила. Потребно е да се подобрат и условите за работа. Никаде нема тоалет, ниту чешма за вода. Од друга страна, добивањето лиценца за работа е прескапо. Самата лиценца и условите се сосема неприфатливи. А што се однесува за дивите таксисти, знам дека ни се конкуренција, но и тие имаат семејства - велат таксистите.

Во Скопје има регистрирано 3.000 такси-превозници, од кои само 1.000 ја имаат обновено својата лиценца, а на другите дозволата им важи до крајот на годинава. Од Градската управа, пак, не ни одговорија колкав е бројот на дивите превозници, ниту на кој начин планираат да ја спречат нелојалната конкуренција.

- Се разгледуваат можните решенија за консолидирање на такси-превозот од аспект на организација и веќе се во тек консултации за зголемување на бројот на такси-станиците, за што се очекуваат сугестии од општините до крајот на месецот. Но досега нема пристигнато ниедна сугестија од општините. Такси-станиците и понатаму ќе ги одржуваме, во смисла на нивно обележување, и ќе го регулираме нивното користење од регистрираните такси-превозници - велат од градската управа.

Оттаму додаваат дека унификацијата на боите на такси-возилата не значи дека ќе се унифицира бројот на такси-здруженијата, ниту дека се за тоа сите такси-здруженија да имаат иста боја. Нивната цел е успешно да го регулираат и уредуваат такси-превозот, според потребите на корисниците и на превозниците.

Градоначалникот Коце Трајановски пред еден месец изјави дека земјиштето на кое се наоѓаат такси-стојалиштата не сакаат да го дадат под закуп на едно такси-здружение, туку сакаат тие да бидат отворени за сите да ги користат.
 
   



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=420101017226&id=14&prilog=0&setIzdanie=21963
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 27-Apr-2010 at 11:44

Таксистите бараат стојалишта без диви превозници

Дел од општините веќе доставиле барања до Градот за обележување на нови локации

Сања Наумовска

Скопје има потреба од нови и уредени такси-стојалишта во сите општини, велат во такси-групациите, кои од Градот Скопје бараат освен обележувањето на локациите, да ги ослободи од дивите превозници.

Најголемиот број од такси-стојалиштата се полудиво направени, без соодветни сообраќајни решенија и знаци и со премалку паркинг-места за возилата. Најголемиот дел од нив се создале спонтано во текот на годините, на места каде што граѓаните имаат навика да побараат такси. Но, овие локации не се ниту прописно обележани, ниту, пак, според капацитетот одговараат да бидат стојалиште, негодуваат таксистите.

„Пред две години, градските власти почнаа да обележуваат на терен нови локации што одговараат да бидат стојалишта. Сугериравме на некои улици да се направат џебови за две-три возила, како и за автобусите, а каде што има простор, пак, да има стојалишта што ќе примаат и по дваесетина коли. Сепак, проектот не се реализираше докрај, а се обележаа едвај неколку стојалишта, претежно во центарот“, вели Марјан Спасовски, претседател на Групацијата на таксисти, и објаснува дека во секоја општина има потреба од повеќе уредени такси-стојалишта, а особено центарот на градот.

Градоначалникот Коце Трајановски на последната седница на Координативното тело побара од општините да предложат нови локации за такси-стојалишта, за кои подоцна ќе се изготват проекти за обележување. Рокот за доставување на предлозите е крајот на месецот, а дел од општините веќе го сториле тоа.

Гази Баба ќе бара уредување на пет локации, од кои дел веќе се користат како стојалишта, но не се воопшто обележани. Ѓорче Петров размислува за шест нови локации во центарот и низ населбите. Најважни се стојалиштата кај СП „Планет“, кај Геронтолошкиот завод во Дексион и градинката во Хром.

Во општината Аеродром, пак, се задоволни од бројот на такси-стојалиштата, за кои сметаат дека имаат доволен капацитет на возила со кои успешно се опслужуваат потребите на граѓаните. Во Карпош нема да се бараат нови локации за такси, додека, пак, во Центар, се' уште се разгледуваат можните опции. Во Кисела Вода општинарите ги очекуваат предлозите од месните заедници кои се најсоодветните локации каде што треба да се направат нови стојалишта. Општина Бутел, покрај веќе постојните две такси-стојалишта, од Градот бараат уредување на уште две. Предложените локации се до пазарот во Бутел 1 и во Радишани.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=674FF30E91F03647A224F22DF8F7D508
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 29-Apr-2010 at 17:01
Скопје: До јуни ќе се регулира такси превозот
 
28 април 2010, 17:36
Извор: Макфакс
 
 
Градот Скопје до почетокот на јуни ќе ја донесе  одлуката за регулирање на такси превозот во Градот Скопје, најави денеска Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„Комисијата за сообраќај и стручните служби активно работат околу една година за до јуни конечно да ставиме некој ред во такси превозот во Градот Скопје,“ рече Трајановски по одржувањето на Деветтата седница на координативното тело на градоначалниците на Градот Скопје.

„Исто така донесена е одлука оние такси стојалишта што се кај булеварите, како на пример кај Бисер и слично, да бидат тргнати, за да не ја зафаќаат десната лента на булеварите и со тоа да го оневозможуваат сообраќајот,“ додаде Градоначалникот.

Според информациите од надлежните во Градот Скопје, Општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Чаир, Бутел и Аеродром веќе поднеле предлози за такси стојалишта, и сега стручните служби заедно со секторот за сообраќај на Градот Скопје и соодветните сектори на Општините ќе ги разгледуваат барањата.
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 06-May-2010 at 01:45

Јагма за такси-стојалишта

Кога може да обележуваат паркинг-места по тротоарите за зонско паркирање, зошто да не се обезбедат повеќе стојалишта, реагираат таксистите, кои бараат соодветен простор за да можат полесно и побезбедно да си ја вршат работата

До крајот на март Градот Скопје ќе донесе нова одлука за регулирање на такси-превозот во Скопје, со што градските власти очекуваат конечно да стават ред во дејноста. Со оваа одлука ќе се зголеми бројот на такси-стојалиштата, што е долгогодишно барање на самите таксисти, а тие ќе почнат да се уредуваат во втората половина од годинава.

- Комисијата за сообраќај и стручните служби активно работат речиси една година за конечно да ставиме ред во такси-превозот. Одлуката нема до крај да го реши проблемот, бидејќи се работи за чувствителна проблематиката, а со дејноста се занимаваат голем број граѓани. Сепак сметам дека со оваа одлука ќе се надминат многу проблеми во оваа област - вели градоначалникот Коце Трајановски.

Стојалиштата се битен сегмент од одлуката, а Градот се консултирал и со таксистите за начинот на нивното користење.

- Дискутиравме дали такси-станиците ќе функционираат по принципот на кружен тек, по принципот кој прв стигне или ќе бидат закупувани. Тоа треба да го дефинираме до летово и во втората половина на годината да ги уредиме сите - најави Трајановски.

Скопските таксисти повеќе години бараат да се обележат и да уредат такси-стојалиштата, но и да се зголеми нивниот капацитет и број. Тие велат дека само половината од тие што се предвидени на хартија функционираат во пракса. Другите ги нема или поради тоа што на нив е изградено нешто или се поставени заштитни столпчиња.

- Потребни се нови стојалишта на пофреквентните места. Се' повеќе се зголемува бројот на таксистите, а градот се шири. Потребно е стојалиштата да се распределат по општините, за да не се преоптоварува центарот. Исто така треба да се зголеми и капацитет на постојните стојалишта, оти не е доволно да може да се паркираат само пет возила - вели Марјан Спасовски, претседател на Групацијата на автотакси-превоз при Регионалната комора на Град Скопје.

Тој смета дека е потребен поголем простор за паркирање такси-возила под Транспортниот центар, како и кај Клиничкиот центар. Спасовски предлага да се направат џебови на секое пофреквентно автобуско стојалиште, на пример на булеварот Партизански одреди, каде што таксистите би можеле да чекаат патници.

- Кога може да обележуваат паркинг-места по тротоарите за зонско паркирање, зошто да не се обезбедат повеќе стојалишта? Нема оправдување дека не може да се најде простор. Не може таксито да кружи и да чека патник со рака да го запре, па потоа да застане на недозволено место и да се доведе во опасност и себеси и патникот. Мора да постојат места каде што таксистите ќе чекаат - реагира Стојановски.

Раководителот на Секторот за сообраќај во Градот, Јани Христовски, вели дека се преземаат активности за зголемување на бројот на станиците.

- До крајот на месецов секоја од општините треба да достави предлози на локации за такси-станици за да може Градот да ги утврди најповолните. За такси-стојалиштата за кои имаме техничка документација обележувањето ќе почне од средината на мај, кога почнува и редовното обележување на улиците. Тоа ќе го реализираат екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“. Ќе се започне од централното подрачје, а ќе се бележи во ноќните часови, кога нема фреквенција на возила - најави Христовски.

Досега свои предлози за стојалишта доставиле општините Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром, Чаир и Кисела Вода.

- Донесена е и одлука стојалиштата што се наоѓаат на булеварите, како, на пример, пред ТЦ „Бисер“, да бидат тргнати или да бидат вгнездени, за да не ја зафаќаат крајната десна лента - вели Христовски.

Во Скопје има 104 такси-станици, од кои според Христовски, 90 проценти се во функција.

Од Одделението за односи со јавноста велат дека откако ќе бидат уредени, стојалиштата и понатаму ќе ги одржува Градот.

- На стојалиштата, во зависност од просторот, може да се постават евентуално клупи и канти за отпадоци. Иако таксистите бараа и тоалети, тоа никаде во светот не се практикува, па нема ниту во Скопје. Постојките не служат за долго задржување на таксистите, туку за брзо преземање патници - велат оттаму.

Официјално во Град Скопје се регистрирани 3.000 такси-превозници. Од нив, 1.000 имаат лиценци во согласност со новата уредба во законот, според која тие важат четири години. На другите 2.000 рокот на важноста на дозволата им истекува во текот на оваа година и ќе мора да поднесат барање за продолжување.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0D8002C4EBFA274CB20D26F2BF2E5795
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 12-May-2010 at 12:54
Идната недела штрајк на таксистите



 
Идната недела таксистите ќе го блокираат градот. Од групацијата за автотакси-превоз објаснуваат дека планираат да штрајкуваат затоа што од Министерството за финансии им бараат наеднаш да ги платат сите давачки за пензиско и за здравствено и инвалидско осигурување стари 10 години, а згора на сето тоа треба да платат и камата  

 
%20  
Таксистите бараат долгот да го намират на 36 рати, но иако уште минатата недела побарале средба со министерот за финансии Зоран Ставрески, одговор сé уште немаат. Тие додаваат дека повторно ќе испратат писмо до Ставрески и дека ако не им одговори до крајот на неделата, ќе излезат на протести и ќе го блокираат целиот град.

Скопските таксисти штрајкуваат неколку години по ред. Прво протестираа против воведувањето лиценци и унифицирани такси-возила. Минатата година, пак, не се согласуваа со законските измени со кои се предвидува важноста на лиценцата за такси-возачите наместо четири да трае две години, секое такси-возило да има вградено клима-уред, воздушни перничиња, АБС-сопирачки, а беа и против посебниот технички преглед за возилата постари од 12 години.
 
   
Автор: А.М.Д.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=512101033202&id=14&prilog=0&setIzdanie=21981

Edited by Cloverstack - 12-May-2010 at 12:54
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 12-May-2010 at 14:01
Јас ги поддржувам во сите нивни протести, ама не затоа што мислам дека не треба да се воведат сите овие стандарди, туку како смее некој да им налага да вадат лиценца на секои две години, да ги префарбаат сите возила, да отворат фирма и милијарда други работи, кога државата подеднакво ги третира и оние кои криминално ја работат истата работа!? Не може на исто стојалиште див таксист кој освен горивото и амортизација на возилото нема никаков друг трошок да му го зема прометот на некого кој си платил најуредно секакви трошоци!

Додека не се искоренат од корен дивите, ни унификација, ни систематизација. Таксито не е социјална служба да, ама во професионалните фирми нема социјалци, дивите таксисти се социјалци. Што се виновни бизнисмените што вложиле? Ако нема волја од властите да се борат против криминалците (дивите таксисти), тогаш зошто и легалните да не постанат диви. Така барем нема никој да ги гони ако не платат, за разлика од сега. Кој парадокс!


Edited by гитардемон - 12-May-2010 at 14:02
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 19-Jul-2010 at 05:50


Проект за 40 нови такси-стојалишта

Градот Скопје подготвува проект за 40 нови такси-стојалишта кои како предлози пристигнаа од осум општини. Со тоа во иднина бројот на стојалишта ќе се зголеми на 700. Проектот треба да биде готов следниот месец, по што ќе следува нивното средување. На секое стојалиште поединечно ќе се обележи бројот на такси-места, а ќе се постават и информативни табли.

Според одлуката на градската власт, стојалиштата ќе бидат на слободно располагање на сите компании. Од нив, практично, ќе зависи како ќе го уредат користењето, или како ќе може да застане кое било такси-возило во кое било време. Единствено, велат во Градот, санкции може да има доколку дивите таксисти се обидуваат да ги узурпираат местата наменети за лиценцираните колеги.

„По предвидениот рок за доставување предлози за нови такси-стојалишта, бројот од 668 ќе се зголеми до 700 стојалишта. Моментно се работи на проектот, а во текот на август точно ќе се дефинира бројот на такси-локации“, велат во Градот Скопје.

Наесен, на седница на Советот на Скопје ќе се најде и одлуката за такси-превоз, која сега е во нацрт-верзија. Градоначалникот Коце Трајановски, информираат од Градот, веќе одржал средби со сите такси-асоцијации, на кои ги запознал со измените што ги предвидува новата одлука. Здруженијата на таксисти имаат рок од 20 дена да ги соопштат своите предлози. (С.Н.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0C24B7BBD38D6D48B6A67DEBEE055462


Edited by Cloverstack - 19-Jul-2010 at 12:52
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 08-Oct-2010 at 18:58

Ќе поскапува такси-превозот

Лиценцираните возила ќе имаат унифицирани табли
и бело-жолта боја

Сања Наумовска



Поскапува такси-превозот. Според најновата одлука, која пред Советот на Скопје ќе се најде идната недела, одделно ќе се наплатува стартот и секој нареден изминат километар од возењето. Само за седнување во такси, во иднина граѓаните ќе плаќаат 40 денари, а за секој километар по 25 денари. Досега стартот заедно со 2 изминати километра чинеше 50 денари, а секој нареден километар се плаќаше 20 денари. Така, за дестинација од 5 километри, ако досега се плаќаше 110 денари, во иднина цената ќе биде 165 денари, или приближно 10 денари повеќе за секој километар.

Поскапувањето, образложуваат во градската администрација, се должи на долгогодишните барања на такси-превозниците за зголемување на цената на превозот која тие ја сметаат за прениска. Сепак, дел од превозниците се на став дека на поскапувањето мора да му претходи обезбедување услови за одржување на цената. Од синдикалната организација „Плава лагуна“ велат дека дел од такси-компаниите за да привлечат повеќе патници нудат различни попусти и не ја почитуваат ниту сегашната цена.

„Не смееме да дозволиме да ги избркаме патниците, особено од компаниите кои ги почитуваат сите одлуки на Советот на Скопје и да ги препуштиме на несериозни превозници кои ќаруваат на нелегален начин. Сметаме дека иако е неопходно поскапување, за него сега нема услови“, вели Марјан Спасовски од синдикалната организација.

Новата одлука за такси-превоз предвидува и унифицирање на таблите на сите лиценцирани превозници. Идната година ќе ги набавува Градот, за што во буџетот за 2011 година ќе се предвидат 4 милиони денари. Секој таксист ќе има налепници со грбот на Градот и бројот на такси-возилото. Ќе се унифицира и бојата на возилата, која треба да биде бела „талк“, освен багажникот и хаубата, кои треба да се жолти. На овој начин, велат во Секторот за сообраќај, и визуелно ќе се одвојат лиценцираните од дивите таксисти.

По собирањето на предлозите од сите општини, со одлуката се утврдува и новата бројка од 152 такси-стојалишта. Обврска на Градот ќе биде да ги обележи такси-местата и да ги уреди со информативни табли и друга урбана опрема.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=36F31E0A6DE6084A8C0FD155212CC8C4

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 13-Oct-2010 at 17:07

Унифициран изглед и поскап такси превоз

Повисоки цени и унифициран изглед на такси возилата предвидува новиот Правилник кој денеска се најде пред советниците на градската управа.

Сител пресмета дека ако една просечна такси релација од 4 километри, досега чинеше 95 денари, според новите услови за истата патниците ќе треба да платат 120 денари.

Повисоката цена беше причина за реакција на советниците од опозицијата.

Освен новата цена, се менува и изгледот на возилата. Сите ќе мора да бидат во бело жолта боја, со унифицирана табла на која освен такси ознаката ќе стои грбот на Градот и единствениот број на секој од такси превозниците.

Правилникот предвидува и таксистот да не му дозволи на патникот да влезе во возилото доколку е во алкохолизирана состојба или пак со нечиста облека.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/unificiran-izgled-i-poskap-taksi-prevoz

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 34567 16>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 9.553 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.