build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Рудници и рудни богатства
    Posted: 04-Mar-2008 at 14:06
ОК, можеби е бош местово за оваа вест, ама сакав да се дискутира на оваа тема, мислам дека е многу интересна. Верувам дека сите знаеме дека Македонија е единственото познато место во светот со значителни количини од овие минерали, и имаме слушано многу митови за него. Знам дека науката многу го цени лорандитот поради неговата способност да го „зароби“ неутриното, а ако се одредат некои својства на неутрионото, науката ќе може да одоговори на многу прашања за универзумот.

МАКЕДОНИЈА НЕ ЗНАЕ ДА ГО ИСКОРИСТИ МИНЕРАЛНОТО БОГАТСТВО
Во „Алшар“ лежи талиум вреден 1,5 милијарда евра

Снежана Лупеска

Рудникот „Алшар“ на планината Кожуф, од каде што некогаш Турците ископувале злато, крие големи и скапоцени резерви талиум и лорандит, но државата не знае како да ги употреби, велат геолозите. Во „Алшар“ има најмалку 500 тони талиум, богат со минералот лорандит. Вредноста на килограм талиум на светските берзи е околу 5.000 евра, што значи дека резервите во „Алшар“ вредат околу 1,5 милијарда евра. Неговата цена од ден на ден се зголемува, иако потрошувачката е мала, велат експертите. - „Алшар“ е реткост и поради бројот минерали откриени во лорандитот. Од 40 минерали на лорандитот, 13 се откриени токму во „Алшар“ - тврди професор Блажо Боев, кој предава на Универзитетот во Штип. Тој објаснува дека лорандитот е минерал со помош на кој може да се детектира неутриното - честичка која, доколку се изолира, може да генерира енергија слична на сончевата. Поради тоа, американски и европски фирми во средината на минатиот век тука вршеле испитувања, а се интересирале и експерти на НАСА. Иако Македонија го има ова светско богатство, до денеска тоа воопшто не е искористено. Поголема сума за испитувања на рудникот (150.000 евра) досега издвоила само владата на Анте Марковиќ, но тоа не било доволно. Македонските научници денес добиваат едвај пет до десет илјади евра годишно за да го истражуваат „Алшар“. - Кај нас нема разбирање. Средствата се лимитирани, па не можеме да копаме подлабоко за да извадиме талиум потребен за научни испитувања кои се од светско значење - вели Трајче Стафилов, професор од Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во Министерството за екологија велат дека разгледуваат три опции како да се искористи „Алшар“. - Едната опција е „Алшар“ да се промовира туристички - во геопарк, втората е да се експлоатира и третата опција е да се користи само за научни експерименти. Во моментов се подготвува студија за ова - вели Соња Липиткова, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање. Сега рудникот не работи, а фирмата „Руткоп“, која ја има концесијата, е во стечај. Фирмата се обидувала да ги експлоатира резервите злато, кои се проценуваат на 20 тони, но не успеала поради отровните гасови, пред се арсенот, кои ги содржи рудникот. - Концесијата ни заврши во 2006 година, но доколку има можност, повторно ќе побараме концесија за „Алшар“ - вели Анѓел Еленов, претставник на „Руткоп“. Жителите од селото Мајдан, населени во подножјето на „Алшар“, само ги раскажуваат легендите за тоа место. За рудникот се снимени неколку документарци и телевизиски прилози, и, засега, за него се чини најмногу се интереси

раат новинарите и уметниците.

Vreme




Edited by La Linea - 04-Mar-2008 at 14:07
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8871
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Mar-2008 at 14:14


мислам дека тука е посоодветно место за темава а и ќе може поубаво да се развие дискусијата во посебна нишка.

Ако имаш замерка за насловот кажи, ќе го сменам (уствари мислам дека можеш и сам да го едитираш бидејќи твој е првиот пост).

Cheers
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 06-Mar-2008 at 14:04
Ова со Александар ме изнасмеа...LOL

ЛОРАНДИТ ВО ЧИСТА ФОРМА ИМА САМО ВО МАКЕДОНИЈА
„Алшар“ може да храни нуклеарна централа

Владо Ѓорчев

Минералот лорандит, кој го има во рудникот „Алшар“, отсекогаш ги интересирал светските научни кругови затоа што е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка. Овој минерал инаку е природен детектор на неутрино, честичка што од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди, а само лорандитот ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото. Досегашните испитувања потврдиле дека овој минерал во одредени ситуации испушта огромно количество енергија, која во иднина може да биде соодветна замена за нуклеарна енергија. Според професор Симеон Јанчев од Технолошкиот факултет во Скопје, во толку чиста форма лорандитот го има само во Македонија. - Функцијата на овој минерал е само за научната јавност. Од рудникот „Алшар“ моментно не може да се извлече затоа што едното окно што функционираше сега е затрупано. Го нема на површината на земјата и затоа моментно не може да се истражува - вели Јанчев. Во 80-тите години на минатиот век се спроведувал посебен проект, наречен „Лорандит лорекс“, кој го финансирале повеќе европски земји. Меѓутоа, со почетокот на војните на Балканот проектот бил прекинат. Со лорандит се поврзани и легенди за Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките што тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Наводно, тоа била тајната на воените успеси на Александар. Легендата не е научно потврдена, но се знае дека рудникот „Алшар“ бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен. Според професор Јанчев, тие сознанија се само приказни и не се поткрепени со никакви факти. - Античките Македонци не знаеле за постоењето на лорандитот. Тие користеле некој друг минерал, кој е азотна сол и е доста токсичен. Можеби и затоа во тоа време имало доста труења. Тогашните жители не знаеле за токсичноста на овие соли кои ги користеле за депилација - вели Јанчев. Пред стотина години рудата од „Алшар“ се испитувала во елитните универзитети во Прага, Будимпешта и во Виена и биле пронајдени дотогаш непознати минерали. Во околу 250.000 тони руда има 2 проценти арсен, 2,5 отсто антимон и 0,1 процент талиум. Оваа концентрација го прави рудникот најбогато наоѓалиште на талиумот, што се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии. Првпат во Македонија официјално е извлечен лорандит во 1976 година од американски истражувачи, иако дотогаш сето црпење руда од „Алшар“ било противзаконско.

Околу рудникот расте уникатна темјанушка

На просторот околу „Алшар“ расте една карактеристична темјанушка, виола алшарика. Оваа темјанушка е светска реткост и застапена е само тука. Реткост се и жолтите карпи во чиишто отвори се среќаваат разни животинки слични на човековата рипка што ја има во длабоките пештери.

Време



Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Mar-2008 at 15:09
Chitav od damna za ova. Dosta interesno...samo treba poveke informacii, dali nesto planira vladata, i se toa.

Ama toa za Aleksandar sigurno se znaelo za ova vo toa vreme, ama sepak.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 30-Nov-2008 at 04:24

и така е темава замината во шпекулации бар за сега, па додека не се наполнила со корисни информации за опипливите жици на метали и неметали од кои можеме да профитираме, да фрлам една интересна информација во контекст на богатсвата, но во случајов геолошки џебови исполнети со нафта...!

Неоткриено богатство?
БУГАРИЈА ЛЕЖИ НА НАфТА, ЕДНО ЕЗЕРО ИМА И ВО РМ
под Карнобат, на половина пат меѓу Сливен и Бургас, има море од нафта во кое се влеваат три артерии, тврди бугарскиот радиостезист Иван Милев, за бугарскиот електронски весник Фрог.
Црното злато оттаму истекува кон Североисточна Грција и кон европскиот дел на Турција. На исток од Источна Украина под Црното Море се движи друга подземна река и двете се сретнуваат во Турција. Тие ги хранат нафтените извори во Ирак и Кувајт. Една од артериите минува и покрај Кипар, а во Израел образува петно под морето од 150 км2.
Турција има ресурси да се претвори во една од најбогатите држави, ако ја извади нафтата
од земјата, тврди Иван Милев, кој во Бугарија е познат и како феноменот од Димчево. Неговите способности да открива нафта и гас биле експериментално докажани во СССР и признати од Тодор Живков, комунистичкиот лидер на НР Бугарија.
Според истражувањата на Милев, посебно богата со нафта е Украина. Една од нафтените артерии во оваа земја извира од нејзиниот западен дел, се движи кон југ минува низ територијата на Молдавија и под нејзе прави големо езеро. Оттаму продолжува кон југозападна Романија. Таму се собира во подземен базен од кој истекува кон Бугарија каде создава ново езеро од 300 км2. Од тоа езеро истекуваат две артерии. Едната оди кон Перник, а другата, тврди Милев, оди кон Македонија каде според неговите зборови образува доста големо петно. Според Милев, во Европа најголемата артерија на земен гас извира од Швајцарија. Оттаму се движи на исток, минува низ Северна Италија, Словенија,
Хрватска и Србија, каде образува езеро од 22 км2, доволно за оваа земја да си ги задоволи потребите.
Своевремно неговите спосбности станале познати кога открил дека една болница во Бургас и изградено врз земјишто во кое има уран. Лекарите масовно умираа од рак, вели тој, се додека не открил за што се работи.

Фокус - ДДВ - 28.11.2008 [1][2]

Албанија лежи на 300 милиони барели нафта!?

Албанија има нафтени резерви од околу 300 милиони барели нафта и може да заработи 1,6 милијарда долари од извоз, покажува независна студија од канадската компанија „Банкерс петролеум“.

Оваа нафтена компанија ги има под концесија полињата во Патос-Мартинез, а друга канадска компанија стопанисува со изворите во Кучово. Двете компании лани произвеле 2,1 милиона барели нафта.

Во студијата е наведено дека околу 60 милиони барели нафта има на полињата во Патос-Мартинез, а уште 2,4 милиона барели во зоната на Кучово. Вкупната испитана резерва, заедно со онаа со која се верува дека располага земјата според процените на канадската компанија, достигнува над 302 милиона барели нафта. Од нив, во полињата во Патос-Мартинез се проценува дека има околу 267 милиони барели, триесетина милиони барели повеќе во споредба со претходните претпоставки. Во зоната на Кучово се оценува дека има околу 35,5 милиони барели нафта.

Според процените на двете канадски компании, вкупната вредност на потврдените резерви, по оданочувањето со 10 отсто, би изнесувала 233 милиони долари. Вредноста на проценетите резерви, пак, се движи околу 1,6 милијарда долари. Пресметките се спроведени според проценетата цена на нафтата на меѓународниот пазар во 2025 година.

Дневник - 19.02.2009



Edited by beTon - 21-Feb-2009 at 03:40
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Feb-2009 at 12:40

300 милиони тони бакарна руда кај Струмица!


Коментари (0)   
20.02.2009 12:29
„Бучим“ од Радовиш е единствениот наш рудник за бакар

 

Според првичните рударско-геолошки истражувања, во близина на селото Иловица, општина Босилово, Струмичко, се откриени околу 300 милиони тони резерви на бакарна руда со задоволителен процент на злато во неа.

Со темпо на експлоатација што во моментот ја применува единствениот наш рудник за бакар „Бучим“ од Радовиш овие резерви би биле доволни за работа во наредните 70 години. Само за споредба сегашните резерви со кои располага „Бучим“ се проценуваат на седум до 10 години.

„Под непосреден надзор на Американско-македонската фирма ФЕЛПС „Доџ - Вардар“ петгодишните истраги му беа доверени на експертски тим составен од македонски и бугарски рударски инженери. Според мислењата на некои домашни стручњаци, ова рудно наоѓалиште се уште докрај не е истражено и во иднина ќе треба да се направат дополнителни напори за уште попрецизно одредување на вкупните количини рудни резерви и на квалитетот на рудата, а во погоден момент, односно кога цената на бакарот на светските берзи ќе достигне оптимални вредности, може да се почне со подготовките за отворање рудник за експлоатација на бакар и злато од ова наоѓалиште“, изјави за МИА Георге Манушев, градоначалник на општина Босилово.

Постојат идеи рудата од Иловица со специјална подвижна лента, како што е тоа случај со „Фени“ кај Кавадарци, да се транспортира до рудникот „Бучим“ каде што постојат капацитети за флотација и јаловиште. Покрај заштедите, истовремено со тоа би биле избегнати последиците од загадување со тешки метали на зеленчукот и на другото земјоделско производство во струмичкиот аграрен регион. Како што се проценува, вкупните почетни инвестиции за активирање на рудното наоѓалиште кај Иловица ќе изнесуваат од пет до шест милиони евра.

http://www.time.mk/?slot=117&cluster=12-r&forward=http%3A//www.a1.com.mk/vesti/default.aspx%3FvestID%3D104685&size=3
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 10-Apr-2009 at 03:10
Нов рудник за гранит во Кочанско

Нов рудник за гранит од типот „габро“ за неполн месец ќе почне со работа кај кочанското село Пантелеј. Подготовките се целосно завршени, направени се анализите во Германија, добиена е концесијата и се очекува почеток на работата на рудникот со површински коп. Инвеститор е германската фирма „Маска кабраун“ од Франкфурт, регистрирана во земјава под името „Меристон тоби“, јави МИА.

- Според анализите, каменот е мошне скап и многу е тешко да се најдат купувачи. Намерата на сопственикот од Германија е да ја префрли фабриката за примарна преработка на каменот од Германија во кочанското село Пантелеј со што ќе се вработат најмалку 50-ина работници - вели Дејан Михајлов, рударски инженер, раководител на површинскиот коп во Пантелеј. На површина од 15 хектари се вади јаловината во длабочина од 12 до 15 метри за да се дојде до каменот, чии примероци испитани во лабораториите на Германија, додава Михајлов, се повеќе од задоволителни.

- Токму затоа уште на почетокот рудникот ќе работи за познати купувачи, бидејќи каменот ќе се користи во автомобилската индустрија. Склучените договори со познатите автомобилски индустрии „Волво“ и „Ербас“ се потврда за интересот за овој камен од типот „габро“ - вели Михајлов.Инаку, германскиот инвеститор поседува две фабрики за обработка на гранитен камен во Франкфурт, а досега овој тип гранит го вадел во Јужна Африка. Концесијата за експлоатацијата на рудата од површинскиот коп кај Пантелеј е добиена во 2002, а обновена во 2007 година и е за период од 30 години.

Дневник - 02.04.2009

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 10-Apr-2009 at 05:00



Edited by beTon - 10-Apr-2009 at 05:06
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 30-Apr-2009 at 10:38
Мистичниот „Алшар“ ќе го одгатне постанокот на вселената
Автор:  Огнен Чанчаревиќ; Бранислав Закев
Македонија
Од злато за турскиот султан, суровини за кремови и козметика за неговите анами, преку антимон за легирање топови до извор на минерал што ќе направи револуција во атомската физика и вселенска технологија, а можеби и ќе ја открие мистеријата на раѓањето на вселената.

Вака со неколку збора би можела да се опише историјата на рудникот

„Алшар“, кој со децении мами интерес кај светската научна јавност и гради митови за херојски подвизи и мистерии, кои почнуваат од антиката, продолжуваат во сегашноста, а за нив редови чува и времето што е пред нас.

Приказните велат дека ретките минерали и кристали што Господ или мајката природа, сеедно, решиле да ги стокмат само тука, и никаде на друго место во светот, им биле познати уште на нашите предци од антиката

Но модерниот мит за македонскиот рудник почнува да се гради на самиот крај на 19 век, благодарение на ентузијазмот и научниот порив на еден унгарски физичар, професор на универзитетот во Будимпешта.

И додека во тоа време битолскиот валија, обременет со ударите што од сите страни ја тресат империјата и го најавуваат нејзиното скоро згаснување, се обидува со експлоатација на рудниците, меѓу кои и „Алшар“, тогаш по турски „Мајден“ (рудник), да ги пополни резервите со злато на султанот, поразвиените империи веќе на големо го освојуваат светот на науката.

Мистериите на универзумот

Така во 1894 година, кај валијата доаѓа универзитетскиот професор од Будимпешта Е. Лоранд и бара дозвола да врши истражувања во рудникот „Алшар“ за научни цели. Валијата, чиј интерес за науката бил на нивото на апсолутна нула, сепак му удоволува на својот гостин, не сонувајќи дека откритието на Лоранд, црвеникавиот минерал своето име ќе го добие токму според него, ќе биде научната реликвија во која денешните научници гледаат решение за мистериите на универзумот, за што зборуваат и гласините дека токму лорандитот од „Алшар“ се користи во експериментот на столетието во огромниот акцелератор на честички на ЦЕРН.

Истражувал кој стигне

Откривањето на минералот од рудникот „Алшар“, како и секое големо откритие, во тоа време со секавична брзина се шири по научните кругови во Европа и во светот. Научните експедиции стануваат сè почести гости на Кожув Планина и рудникот го нотираат како место што врие од ретки минерали и кристали.
Рудникот, кој се протега на површина од 60 квадратни километри, освен злато, крие огромни количества арсен, антимон и талиум. Во почетокот на минатиот век рудникот станува сопственост на француска компанија, која од рударското окно го експлоатира антимонот, кој тогашната француска воена индустрија го користи за легирање на цевките од топовите. Токму по имињата на сопствениците на компанијата, браќата Алатини и главниот инженер што го водел ископувањата Шарито, рудникот го добива денешното име Алшар.

Не е познато кога завршила балканската одисеја на француските браќа, но извесно е дека причината за тоа биле војните што ја зафаќаат Европа и чија главна фронтовска линија во најголем дел се протега на географската територија на Македонија.

Но, интересот за „Алшар“ не стивнува и истражувањата продолжуваат и во наредните кратки години мир, но и за време на Втората светска војна, кога научници од нацистичка Германија, во почетокот на 1940-тите години таму вршат свои истражувања. Познавачите велат дека испитувања во рудникот на средината на седумдесеттите години од минатиот век вршеле и југословенските научници, по налог на власта, но како и другите истражувањата од тоа време биле со краток век. Причините за откажувањето, според експертите, најверојатно лежат во недостигот од финансии и немањето технологија за натамошни експерименти со ретките руди од „Алшар“. Во меѓувреме на вратите на тогашните федерални власти постојано чукаат научници од странски земји, кои бараат дозволи за истражување на рудникот. Се шпекулира дека во најголема тајност, биле водени преговори со германските тимови, но епилогот од нивните сеанси останува непознат.

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој век повторно се буди интересот за рудникот, а македонската јавност можеби првпат дознава за богатствата скриени во окната во атарот на селото Мајдан.

Истражувања нема

И додека се плетат митовите и мистериите за уникатниот рудник, окната мируваат, истражувања нема, а во малото село Мајдан со дваесетина куќи чиниш како времето да запрело пред еден век по средбата меѓу битолскиот валија и Лоранд. До Мајдан има околу еден час возење од Кавадарци, по исклучително лош земјен пат. Селото се наоѓа на само неколку километри од границата со Грција.

Педесетината жители, претежно старци, го минуваат времето обработувајќи ги нивите и воопшто не обрнуваат внимание на рудникот и на неизваденото богатството што лежи внатре. Селаните велат дека често оттука минуваат луѓе. Некои се заљубени во природата, некои трагаат по злато, некои го копаат лорандитот, а некои илегално одат за Грција.

- Одвреме-навреме можеш да видиш луѓе тука. Најмногу одат во Грција, каде што работат како сточари. Патот е пробиен речиси до самата граница. Како го направија така го оставија да пропаѓа. Има и понекој златар и некој што го интересира „Алшар“, најчесто странци. Ама ние не можеме да се разбереме со нив - раскажува Митре Рамов.

Неговата сопруга вели дека за Велигден сретнала двајца странци што ваделе руда од окното. Нивните ранци биле полни, а автомобилите биле паркирани пред селото.

- Јас на македонски, тие на странски јазик. Не се разбравме, си одмавнавме со рацете и јас си продолжив на нивата. Вечерата соседот ми кажа дека тие си заминале - вели Елена.

Додека разговаравме со Митре и Елена, на чардакот од нивната трошна куќа, забележавме две лица на ридот над селото.

- Одат накај Грција и ќе се вратат наесен. Тешко им е на луѓето. Сигурно и тие не сакаат да одат и да наемничат - вели Митре.

Откако го испивме кафето за добредојде, тргнавме кон „Алшар“.

До окната од рудникот води тешкопрооден пат, направен од бугарската окупаторска војска во 1942 година. Самото место и не личи на рудник. Две окна во ридот, две напуштени бараки и минипештера, каде што порано се чувале експлозивот и динамитот. Едната е изградена од американските научници што вршеле ископувања пред осум години, а другата од памтивек. И двете се ограбени и соголени. Дури и каблите од бандерите, поставени од американската истражувачка екипа, кои носеле струја до нив се украдени. Во едната барака сè уште стојат сандаците полни со примероци ископани пред десетина години. Никого тоа не го интересира.

- Јас колку што знам први копале тука Турците, и тоа пред пет века. По нив имало француски и англиски екипи. Последни беа Американците. Тие дупчеа до 2.000 метри длабочина. Пред неколку години тука беше и Никола Кљусев. Одржа некој говор, нешто ветуваше и си замина со тајфата. Сега и самиот гледаш дека нема ништо. Дури и чиниите и лажиците ги украдоа - раскажува Митре.

Рамов во педесеттите години од минатиот век работел во рудникот. Во тоа време се вршеле ископувања, а рудата се носела во Скопје на истражување. Митре вели дека не знае што е тоа лорандит и зачудено ги крена рамениците кога ја чу неговата цена.

- Синко, јас не ни знам како изгледа таа руда. Ние ја копавме рачно и ја исфрлавме надвор, а таму ја товареа во два камиони. Надзорниците ни велеа дека ја носат за Скопје да ја испитуваат - вели тој.

„Алшар“ се состои од шест окна нумерирани со цифрите 825, 1, 2, 13, 14 и 15. На ридот уште окната 825 и 1 се видливи, другите се затрупани од времето. Окната одат во длабочина и од стотина метри, меѓусебно поврзани со канали и тунели и сите завршуваат на исто место, во Црвената долина, која се наоѓа на неколку километри од окната.

- Најдобро зачувано е окното 825. Има ѕидови дебели и по метар и пол. Поставени се пред стотина години и уште држат. Тунелите се поврзани и сите завршуваат во Црвената долина. Таа е преку ридот - раскажува поранешниот рудар.

Црвената долина го добила името по бојата на почвата полна со минерали, но и по водата што извира оттаму. Според месното население, водата секогаш е црвена.

- Чиниш како да е крв. Како некој да заклал добиток на изворот - вели Бино Спасов.

Во близината на Црвената долина има уште една реткост - Зелената долина. Месното население го вика тој рид Билје. Таму има огромни количества арсен во почвата и расте само трева и понекоја ендемска синоличка. Месното население избегнува да го водат добитокот дотаму оти ако се напасе паѓа зашеметен од арсенот. Низ селото кружи приказна за некој сточар од околното село Витолиште, кој кога го здогледал зелениот рид веднаш ги донел овците да пасат. Сите до една се отруле. И додека времето крај „Алшар“ тече со своето вообичаено мирно темпо, државата планира местото да го прогласи за природна реткост. Ако се случи тоа, Македонија никогаш нема да се офајди од скриеното богатство во длабочините на „Алшар“ оти никој не ќе може да истражува или да го експлоатира.




Рудно богатство за милијарда и пол евра

Истражувањата покажуваат дека во рудникот има 20 тони злато, а уште позначајно е присуството на талиумот и неговите 32 минерала, од кои 17 ги има само во „Алшар“, потоа, антимонот и арсенот.

Талиумот како ретка руда на светскиот пазар чини 5.000 евра по килограм, а според процените вредноста на вкупните резерви што се наоѓаат во рудникот изнесува околу 1,5 милијарда евра.

- Талиумовата руда во светот се користи за добивање метал, кој потоа се користи во процесот на легирање на висококвалитетни челици. Хемиската индустрија го користи како катализатор - вели д-р Трајче Стафилов, професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје

Пред неколку години „Алшар“ беше даден под концесија на кавадаречката фирма „Рудкоп“, која извесен период вршеше некакви истражувања во рудникот, заедно со екипи од американската компанија „Хасај пало алто“, кои завршија во 2001 година, наводно поради воениот конфликт. Две години подоцна „Рудкоп“ отиде под стечај.




„Малите сонца“

Секако најголемото внимание е свртено кон минералот лорандит. Станува збор за минерал на талиумот, кој, според научниците, во рудникот го има во изобилство. Неговата хемиска формула е ТИАсС2 и е составен од педесет проценти талиум, четириесетина проценти арсен и мал процент сулфур. Што го прави лорандитот толку посебен, освен што го има само во македонскиот рудник и тоа што во најчиста форма и во најголеми количества го има само тука. Според научниците, лорандитот е единственото нешто на Земјината топка што може да ја улови сончевата честица неутрино, која од сонцето до Земјата патува за околу осум секунди и во себе ја крие тајната за создавањето на сончевата енергија.

- Лорандитот, кој е минерал на талиумот, служи за детекција на неутринот, кој има директно потекло од сонцето. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе го разбие процесот со кој се генерира енергијата на сонцето - вели професорот Блажо Боев од институтот за рударство и геологија во Штип, кој го испитува богатството на „Алшар“.

Ако науката успее да ги одгатне тајните на оваа честица, во иднина би можеле да изградат централи за производство на енергија, кои иноваторите љубат да ги нарекуваат мали сонца, кои би биле неколкупати помоќни, но и еколошки побезбедни од денешните атомски централи.

Сепак, за жал, денот кога ќе добиваме енергија од малите сонца нема да го видиме во блиска иднина, оти темпото со кое се истражува богатството на рудникот не е на потребното ниво. А некоја посериозна иницијатива за соработка со светските научностражувачки центри засега нема.





„Бела земја“

Веднаш над селото Мајдан има природно наоѓалиште на абразивен талк со беспрекорно чиста бела боја. Жителите на селото талкот го користат за чистење на садовите и алатите и велат дека е подобар од кој било детергент произведен во хемиските индустрии. Тие велат оти не се плашат дека „белата земја“ е отровна бидејќи со години ја користат.

- Јас садовите ги мијам со белата земја веќе со години. Момче, поубаво чисти од „вим“ што ми го купува дедото. Едвај го натерав и тој да проба и сега и тој алатките си ги чисти таму - раскажува баба Вила.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=382&ArticleID=23584
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 30-Apr-2009 at 10:44
Обично кога се пишува за Алшар по веснициве, обавезно се придодава некоја доза мистичност на целава работа која се обидувам да не читам и да се задржвам на фактите кои доволно говорат дека се работи за уникатно место недоволно заштитено. Но мене од целава оваа работа најголема користи ми изгледа можноста за еколошка енергија добиена од минералот без никакви загадувања. Јасно е дека науката не е баш блиску до некое вакво откритие но стварно не ми е јасно зашто толку време све се започнува некое истражување и оди во ендек. Зашто никој н се најде до сега да се зафати со истражување до крај па макар и требало да се одважи и каже дека лорандитот нема никакви својства.

Но доколку стварно се открие тогаш ќе можеме нуклеарната централа у мариово од ураниум да ја прешалтаме на лорандит исто како што стариве застави ги префрлаат на плин !


Edited by lslcrew - 30-Apr-2009 at 20:22
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 30-Apr-2009 at 17:39
alsar e dobar rudnik za drzavata, drzavata moze da go obnovi i da se vrabotat luge, zosto vaka rudnikot e izlozen na kradci
A za misterijata sto ja krie treba poveke eksperti za da dokazat zosto ovaj e edinstveniot rudnik vo svetot

Но доколку стварно се открие тогаш ќе можеме нуклеарната централа у мариово од ураниум да ја префрлиме на лорандит исто како што стариве застави ги префрлаат на плин !

AKO NE VIKAM NE SAMO AKO SE MOZE DA SE PREFRLI MESTO URANIUM LORANDIT

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 30-Apr-2009 at 19:31
Добро, сега барем е јасно зошто не примија во едно такво фино друштво какво што е ЦЕРН, па уште под уставно име и без фиансиски обврски.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Apr-2009 at 20:22
Јас не сакав да шпекулирам дали е под уставно име, претпоставув, па затоа и не пишав но дефинитивно сум на исто мислење со Кловер околу ЦЕРН-ов. Ако се сака све се може.

Не сакам сега развивам политики но оноа типчето што дојде да земам примерок 400 кила пред некој ден (примерок се зема кило-две, а не 400) можно е и да беше пратен од југ на некој начин "да изрази незадоволство" и да промрчи дека ќе идел у Грција каде што ископувањето било слободно, а воедно и ни посака среќен ДОЛГ пат кон ЕУ. А да биде по лесновоочлива работава при толку испитувачи што хараат по рудников (според кажувањата на мештаните) нашава полиција баш овој најде да го уапси. Да видиш да не веруваш! Roll%20eyes

Евроскептицизмот ми е пораснат до таван од вакви лицемерија како ова со ЦЕРН-ов, но да се вратиме на рудников.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4408
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 30-Apr-2009 at 20:54
Мене тој 'европјанинот' ми изгледаше како од Ocean's 11 (или 12/13) Дошол тука само во Сев. Кореја го има ова, а јас копам 400 кила од државен рудник за рекреација. Очигледно беше дека е со некој таков Ocean's 11 план. Јас се чудам зошто не го задржаа.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11922
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 30-Apr-2009 at 21:01
Ми промакнало ова, дечки пуштете линк да се информирам за изјавите на господинот.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4408
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 30-Apr-2009 at 21:03
Еве ја веста






28.04.2009 17:18
440 килограми руда која планирале да ја изнесат од земјава

 

Слободни се. Вака гласеше пресудата за четворицата Германци и двајцата Унгарци кои завчера граничната полиција ги фати како на диво копаат руда на напуштениот рудник „Алшар“.

Кавадаречкиот суд денеска не најде вина кај нив, откако полицијата им поднесе прекршочни пријави, оти вршеле геолошки испитувања без дозвола.

Судот им ги врати личните работи и документите, но не и 440 килограми руда, која планирале да ја изнесат од земјава.

Странците денеска за Студио 2 се претставија како научници кои патуваат низ светот, истражувајќи минерали.

За нив е несфатливо зошто во Македонија им било забрането да истражуваат, оти минералите ги ископувале за научни, а не за економски цели.

Рајлендер

 

„Во ниедна друга земја во светот не е потребна било каква дозвола , освен во земји како Северна Кореја на пример.

Тоа е главната причина зошто ни се случи ова. Неможевме ни да замислиме дека некој ќе ни побара таква дозвола“, изјави Рајлендер, еден од приведените.

Повеќе од прилогот погледнете во видеото.




Edited by гитардемон - 30-Apr-2009 at 21:05
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-May-2009 at 23:47
Конечно текст без онаа неизбежна мистика што новинарите обавезно ја додаваат кога пишуваат за Алшар. Оние кои имаа големи очекувања од лорандитот ќе доживеат мало разочарување.



ТАЈНАТА НА „АЛШАР“ СЕ КРИЕ ВО БЕЛГРАД



Професор Зоран Здравковски за тајните на контроверзниот рудник

Пишува: Зоран Здравковски

zoran@pmf.ukim.edu.mk

По повод последните настани кога професори од Германија беа „фатени“ со примероци на минерали во Алшар, повторно во сите наши медиуми се појавија написи за потенцијалите на овој рудник. Повеќе новинарски екипи, по кој знае кој пат, го посетија Алшар и преку разговори со месното население се трудеа да ги одгатнат тајните на ова наоѓалиште. Сите „знаат“ дека има нешто недоречено, мистериозно, нешто неизмерно важно што ќе реши многу суштински светски проблеми. Меѓутоа, резултатите од научните истражувања се познати и не се спектакуларни. Постоеле две потполно различни научни истражувања со минералите од Алшар, едното е општопознато, другото може да се каже дека било тајно. Остануваат нерасчистени вистинските мотиви за второво истражување, може само да се претпостават, но одговорот за тоа не се наоѓа во Мајден, туку пред се' во архивите во Белград – таму треба да се „копа“ и да се побараат документите и вистинските причини. Во продолжение би сакал да дадам поедноставен опис на научните истражувањата и резултатите од нив кои се надевам ќе придонесат да се разбијат некои заблуди околу овој рудник.

Рудникот бил познат уште многу одамна, според најдени алатки во рудникот некои тврдат уште од античко време, иако според други поконзервативни процени тој е познат од 12 или 13 век. Поголема експлоатација на рудникот започнува во 1881 година кога една англиско-француска компанија добила концесија од Отоманската империја. Населбата и рудникот во близина на с. Рожден биле познати како Мајден, што на турски јазик означува место каде што има руда. Концесионери на рудникот биле браќата Алатини, а главниот инженер бил Шарто и така рудникот бил прекрстен во Алшар (Allchar)) од почетните букви на нивните имиња. Заради разните транскрипции од кирилица во латиница, се сретнуваат и следниве имиња: Alsar, Alsar, Alshar или Alchar. Браќата Алатини биле Евреи од италијанско потекло и прво започнале со мелници, а потоа се прошириле и во други дејности. Познато е дека Евреите биле добро прифатени во Отоманската империја и затоа во тоа време Солун бил град со најголема популација на Евреи во Европа. За жал, како и во Македонија, во Втората светска војна 95 отсто од нив биле испратени во концентрациони логори. Во времето на браќата Алатини, се' до почетокот на Балканските војни, арсен-антимоновата руда преку пристаништето во Солун била извезувана во Англија и во Германија. Интересно е дека во летната резиденција на фамилијата Алатини, кога е отворен во 1926 година, бил сместен Универзитетот на Солун, а денес таа се користи како зграда на локалната самоуправа.

По Втората светска војна извршени се три темелни геолошки истражувања на Алшар, од 1953-57, 1962-64 и 1970-74. Истражувањата од 1960 биле во централниот дел на рудникот и тогаш се утврдени резервите на антимон, арсен и талиум. Според овие процени, резервите на арсен изнесуваат 15 000 тони, антимон 20 000 тони со просечна застапеност од 0,5 отсто што се смета за средна и талиум над 500 тони, со просечна застапеност од 0,1 отсто. Покрај тоа се проценува дека во Алшар има околу 20 тони злато.

Талиумот во Алшар се сретнува пред се' во форма на минералот лорандит, кој хемиски претставува талиум арсен сулфид. Најчесто има кармин црвена боја и има релативно мала тврдина, слична на гипсот. Значи дека е многу кршлив и бидејќи најчесто се сретнува диспергиран во реалгар или аурипигмент, кристалите што може да се издвојат се мали, обично помали од 1 цм. Заинтересираните може да видат кристали од лорандит изложени во минералошката збирка во холот на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје.

Лорандитот бил за првпат опишан во 1894 година од страна на Кренер , познат минералог, подоцна и член на Унгарската академија на науките. Како да го антиципирал неговото значење за фундаменталната физика и новиот минерал го крстил во чест на Барон Лоранд фон Етвос, физичар од Унгарија. Лоранд едно време бил претседател на Унгарската академија на науките, како и Министер за религија и образование, но многу брзо дал оставка затоа што функциите не му дозволувале да се занимава со она што најмногу сакал, научна работа. Покрај името на минералот лорандит, меѓународната научна заедница во негова чест го има доделено префиксот Е за означување на 1X10-9, во сега веќе напуштениот CGS систем на единици. Универзитетот во Будимпешта, каде поминал најголем дел од кариерата, во 1950 година е преименуван во Универзитет Етвос Лоранд.

Освен во Македонија лорандитот се наоѓа и во наоѓалишта на злато или жива во Таџикистан, во Кавказ, Русија, во Кина, Иран, Швајцарија и на повеќе места во САД. Меѓутоа, Алшар е најбогатиот извор на лорандит. Исто така, треба да се одбележи исто така, дека во Алшар се најдени повеќе од 40 минерали, од кои повеќе од 10 во својот состав имаат талиум.

Лорандитот дошол во фокусот на физичарите пред околу триесетина години како можен геохемиски детектор на неутрина. Според т.н. Стандарден модел, познат и како Периоден систем на физичките честички, постојат три типови, или како што физичарите ги нарекуваат „вкусови“ на неутрина. Постоењето на неутриното, за прв пат го постулирал Паули во 1930 година. Има маса нула или многу блиску до нулата, патува со брзина на светлината кога масата е нула, нема полнеж и има неверојатна продорност и затоа многу тешко може да се детектира.

Соларните неутрина потекнуваат од реакциите на фузија што се одвиваат во јадрото на Сонцето. Според Стандардниот соларен модел, предложен од Бакал , при фузија на четири протони се образува едно јадро на хелиум, а истовремено се ослободуваат две електронски неутрина. Всушност моделот е малку посложен, се одвиваат повеќе процеси и се ослободуваат и други типови на неутрина, но овој процес е доминантен. Интересно е да се одбележи дека неутрината од сончевото јадро до неговата површина патуваат само 2 секунди, додека на фотоните за да го поминат тој пат им треба милион години. Од површината на Сонцето и неутриното и фотонот патуваат со брзина на светлината и им треба околу 8 минути да стигнат до Земјата. Пресметано е дека на секој квадратен сантиметар на Земјата, колку што е, на пример, површината на еден нокт, секоја секунда поминуваат 65 милијади соларни неутрина. Бидејќи неутрината незначително се апсорбираат, практично истиот број поминува и излегува од другата страна на Земјата. Сепак, еден исклучително мал дел од неутрината стапува во интеракција со некои супстанци и таквите ретки процеси се основа на детекторите за неутрина.

Пребројувањето на неутрината, за да се потврди предложениот модел на Сонцето, започнало во средината на 1960 година од страна на Дејвис, кој поставил специјално изградена опрема во рудник на злато во Јужна Дакота, САД, на длабочина од околу 1500 метри. Длабочината е многу важна за да се елиминира дејството на космичкото зрачење кое детекторот би го регистрирал со што би се добиле погрешни резултати. Со многу макотрпни и прецизни мерења кои траеле повеќе од 20 години утврдил дека детекторот функционира, меѓутоа бројот на неутрината бил само една третина од теоретските предвидувања. Ова било наречено „проблем на соларното неутрино“ и повеќе години ги збунувало физичарите, требало или да се модифицира моделот или да се проверат експериментите – затоа почнале да се бараат алтернативни детектори за соларното неутрино.


Повеќе новинарски екипи, по којзнае кој пат, го посетија Алшар и преку разговори со месното население се трудеа да ги одгатнат тајните на ова наоѓалиште. Сите „знаат“ дека има нешто недоречено, мистериозно, нешто неизмерно важно што ќе реши многу суштински светски проблеми

Биле земени предвид повеќе реакции како неутрински детектори со употреба на галиум, литиум, манган итн. Во 1976 година Фридман од САД предложил дека како детектор може да се користи талиумот кој при интеракција со неутрина се трансформира во олово. Сметал дека ако се изврши анализа на стари талиумови минерали, количеството на олово во нив би требало да одговара на бројот на неутрина кои во текот на милениумите поминале низ минералот, а оттука би можела да се пресмета вкупната активност на Сонцето. Таткото на моделот, Бакал уште веднаш искажал сомневања за хипотезата на Фридман. Неговите резерви за геохемиските детектори, меѓу другото, биле што скоро е невозможно да се одреди уделот на космичките зрачења, како и радиоактивноста на околината, поради ерозијата во самите наоѓалишта во опсег од неколку милиони години. Веројатно затоа Фридман во 1977 година не успеал да добие проект и финансии од Националната фондацијата за наука на САД. Меѓутоа, оваа хипотеза била прифатена од германски научници во 1983 година и тогаш Алшар, заради релативно големата застапеност со лорандит бил логичниот избор за да се врши истражувањето. Движечката сила зад проектот кој бил наречен LOREX (LORandite EXperiment) бил Павиќевиќ, физико-хемичар, професор од Факултетот за рударство и геологија на Универзитетот во Белград. Почнувајќи од 1985 година, за времето на владата на Анте Марковиќ, проектот бил финансиран од сојузни фондови. Во проектот имало и учесници од неколку институции во Македонија, а за издвојување на лорандитот се потрошени 300 000 марки. Во Алшар е направен нов ископ на длабочина од 30 метри, ископани се 10 тони руда, и од неа во Железарница Скопје се издвоени 500 грама лорандит кои се испратени во Белград.

И покрај сите политички проблеми, проектот бил финансиран од разни фондови се' до 2000 година. Бил поднесен и германско-југословенски проект до Европската унија, но тој не бил прифатен и не бил финансиран. Од податоци на Интернет, се гледа дека Павиќевиќ сега е почесен професор на Универзитетот во Салцбург, и дека австриската влада од 2008 до 2010 година ќе го финансира проектот под раководство на Амтауер. Основата цел, малку сизифовска, е да се пресмета ерозијата околу рудникот во периодот на постење на лорандитот од над 4 милиони години за да се пресмета уделот на космичкото зрачење како и природната радиоактивност во тој временски период. Во меѓувреме сите проекти со геохемиски детектори за неутрина се прекинати. Инаку, Павиќевиќ, уште од почетокот, со цел што повеќе да го промовира проектот, организирал две меѓународни конференции и пет меѓународни работилници. Меѓутоа, и покрај сите негови напори и публикации, во една прегледна статија објавена во 2004 година, каде се опишани експериментите за детектирање на неутриното, LOREX воопшто не се ни споменува.

Во меѓувреме проблемот на соларното неутрино во основа е решен со серија експерименти кои се изведени на неколку места во светот. Најважни се оние вршени во Институтот за истражување на космички зраци во Опсерваторијата Камиока, Јапонија кои траеле околу 20 години. Паралелно со тоа се правени мерења во Опсерваторијата за неутрина која се наоѓа во рудниците во Садбери, Канада на длабочина од 2.000 метри. Сите овие долги и исклучително скапи експерименти покажале дека мерењата на Дејвис биле точни, но извршена е модификација на Стандардниот модел. Според зборовите на Бакал, неутриното „страда“ од multiple personality disorder или, постоење на повеќе идентитети во една честичка кои ги менува во зависност од енергијата. Овие фундаментални истражувањата продолжуваат во насока на конструирање на уште поосетливи детектори за соларни неутрина.

Во 2002 година Дејвис заедно со Кошиба, кој раководел со експериментите во Јапонија, ја добиле Нобеловата награда за физика за детектирање на сончевото неутрино. На Интернет страните на Нобеловата фондација постојат повеќе интересни и детални написи од непосредните учесници на овие настани.

nПотрага по нов хемиски елемент: ека-талиум Ако за истражувањата за детектирање на неутриното постојат голем број објавени научни трудови, биле организирани конференции и работилници, за едено друго истражување со лорандитот што било предложено непосредно пред тоа за неутриното, многу малку се знае. Се чини дека колку што за претходно изложеното истражувања се правени обиди да се наметнат на научната јавност толку овие другиве долго време останале скриени од секаква јавност.

Во природата бројот на хемиските елементи изнесува околу 90, а уште петнаесетина, наречени трансураниумови елементи, се добиени по вештачки пат. Овие трансураниумови елементи се нестабилни и всушност само се регистрирани по неколку атоми кои егзистираат во најдобар случај по неколку минути и затоа освен чисто теориска, немаат практична важност. Бидејќи овие истражувања се многу скапи, трансураниумови елементи се откриени/добиени во три лаборатории во светот: Дубна во Советскиот Сојуз, Ливермор во Калифорнија, САД и Дармштат во Германија. Натпреварот меѓу руските и американските научници за време на студената војна беше и на ова поле – кој ќе открие повеќе нови хемиски елементи. Може да е каже дека „битката“ била меѓу Флеров и Сиборг, два великани во ова поле на науката.

Во фундаменталната физика, постои хипотеза дека кај супертешките елементи ќе се јави т.н. „острово на стабилност“, односно некои од тие елементи ќе постојат долго време и радиоактивно ќе се распаѓаат со мала брзина. Се очекувало, ако се навистина толку стабилни, дека треба да постојат и во природата. Елементот 113 (се нарекува и ека-талиум затоа што во Периодниот систем на елементите се наоѓа во истата група под талимот), се очекувало дека ќе биде присутен во минералите на неговиот хемиски хомолог талиум. Во почетокот на 70-тите години на минатиот век, легендарниот Флеров од лабораторијата во Дубна, побарал од југословенската влада да добие примероци од минералите од Алшар за испитување на ека-талиум. Било договорено да се подготви југословенско-советски проект кој би го раководел Рибникар, професор на Факултетот за физичка хемија во Белград. Меѓутоа, при пишување на проектот, веројатно за да му дадат поголема тежина, тие навестиле дека супертешките елементи би можеле да имаат многу мали критични маси. Критичната маса во основа е масата за спонтано да се одвива фисиона реакција, или поедноставно кажано минималното количество за да се направи атомска бомба. На пример, критичната маса на изотопот на ураниум-233 изнесува 15 кг. Според пишувањето на Аничин од Физичкиот факултет во Белград, кога од Одборот за оценка на проектот го прочитале ова, го прогласиле и проектот и рудникот од посебна важност за државата и биле ставени под контрола на војската. Мистериозните воени хеликоптери кои според кажувањата на локалното население на Мајден слетувале во тој период може да се претпостави дека се поврзани со тој проект, затоа што малку е веројатно дека проектот со неутриното бил од интерес за војската.

Под раководство на Рибникар и Антанасиевиќ биле извршени неколку експерименти во потрага по ека-талиумот. Едниот, за кој бил направен специјален детектор со гадолиниум, траел една година, додека другиот траел 10 години. Сите експерименти покажале дека ека-талиумот не е присутен во лорандитот и какви и да биле намерите за што да се користи неоткриениот елемент, пропаднале. Истражувањата и резултатите од овие експерименти не биле никаде објавени освен во докторската дисертација на Александар Зариќ која ја одбранил на Универзитетот во Белград во 1992 година. Две години подоцна експериментите и резултатите биле презентирани во Српската академија на науките и уметностите (САНУ), а трудот со подробностите е објавен во 1996 година. Како што се гледа од сликата на насловната страна на трудот од Македонија нема ниту еден учесник. Во трудот е изразена благодарност на д-р Томислав Иванов, еден од најдобрите познавачи на Алшар, за корисни информации и помош околу локалитетот на рудникот. Дали и тој знаел за каков проект станува збор и дали воопшто некој од политичките структури во Македонија биле информирани може само да се претпоставува.

Одговорот на прашањето, кој бил вистинскиот мотив зад овие истражувања, малку е веројатно дека може да се најде во Македонија, туку во архивите на југословенската влада и/или во генералштабот на ЈНА во Белград. Познато е дека во Југославија постоела опсежна програма за мирнодопска примена на нуклеарната енергија. Покрај институтот во Винча, постоеле и два други институти каде се вршеле нуклеарни истражувања: „Руѓер Бошковиќ“ во Загреб и „Јожеф Штефан“ во Љубљана, а постоеле и други поспецијализирани, како што се Институтот за примена на нуклеарна енергија во земјоделство, ветерина и шумарство во Земун, Истражувачкиот развоен центар за термотехника и нуклеарна технологија во Сараево, Институтот за геолошки и рударски истражувања и експлоатација на нуклеарни и други суровини, Истражувачкиот и развоен центар за топлина и нуклеарно инженерство на Енергоинвест, итн. Вкупниот број на инженери и научници кои се занимавале со нуклеарни истражувања во Југославија според некои процени изнесувал меѓу 1.200 до 2.000, а покрај нив имало и 600 до 1.000 нуклеарни техничари. Југославија како водечка земја во движењето на неврзаните се залагала за разоружување и веројатно немала програма за нуклеарно оружје, но не е исклучена можноста дека развивала потенцијал ако се јави таква потреба. Дали новиот елемент со претпоставена мала критична маса требало да биде адутот во ракав? Ако мотивот да се исклучат Русите од истражувањата бил новиот хемиски елемент да биде самостојно откриен, што навистина ќе било голема работа, зошто истражувањата се држеле во толкава тајност?

Како епилог или антиклимакс на потрагата по ека-талиумот треба да се истакне дека руските научници од Дубна во соработка со американските колеги од Ливермор, веќе во релаксирани односи во 2004 година, добиле четири атоми од елементот 115 кој радиоактивно се распаднал до елементот 113 кој понатака уште побрзо радиоактивно се распаднал. Се докажало дека елементот 113 или ека-талиумот не припаѓа на островот на стабилност. Ова е уште една потврда дека Алшар не ...

e

Edited by La Linea - 12-May-2009 at 23:52
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 12-May-2009 at 23:54


Ова е уште една потврда дека Алшар не го крие овој елемент во кој се чини дека се криеле надежите на некои воено-политички кругови во Југославија од каде верувам произлегла и дел од денешната фама за Алшар.

Со други зборови, Алшар е извонредно интересен рудник по својот минералошки состав, кој во еден период бил експлоатиран заради рудата, а кон крајот на минатиот век бил „експлоатиран“ за чисто фундаментални истражувања во физиката и хемијата. Случајно се совпаднале и речиси истовремено се вршени две независни научни истражувања – резултатите од тие истражувања се доста скромни и достапни се на научната јавност. Остануваат отворени мотивите за едното истражување, а за нив мора да постојат одлуки на сојузната влада на Југославија, а кој, колку и дали бил информиран во Македонија се прашања што би било интересно да се одговорат. Се надевам дека ова ќе биде провокација да се започне со пребарување во архивите во Белград за да се разјаснат некои од овие дилеми.

Искрена благодарност до проф. д-р Трајче Стафилов за исцрпните информации, а посебно за трудот објавен во САНУ

Авторот е редовен професор на Институтот за хемија, ПМФ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје


http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=5934EC53AFD690498787FB51CC8C0FD3
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 18-May-2009 at 10:11
испуштена е главната поента во текстот исклучиво фокусирајќи се на слабите физиски реакции на т.н. ека-талиум или елемент 113 .
да талиумот можеби досега не успеале да го стабилизираат, односно веќе потврдените својства да ги експлоатираат, бидејќи истиот е воедно и многу осетлив и бара посебни услови, но и константно експериментирање, што не мора да значи и дека ова некогаш ќе се случи, но битно е да се напомене дека со истиот тој елемент е докажано теориски дека може да се улови таа неутрино честица, со која повторно теориски доколку се стабилизира т.е. улови, во само една таква чистица ќе има енергија колку едно мало сонце, фактички затоа е и цела оваа дешавка и фама, идејата е како да се стигне до беспрекорно експлоатирање на сонцето и неговата енергија, со оглед дека неутрината се директен нус ефект од сончевата радијација при процесот на фузија во сончевото јадро...

инаку што е до проектите мислам дека не се затворени на глобално ниво воопшто само што не се крева многу џева околу истите, на следниот линк наведени се досегашните јавни проекти за детекција на неутриното, меѓу кои и добар дел се и истражувања врз основа на лорандитот:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=334&PID=13362#13362


Edited by beTon - 18-May-2009 at 10:55
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 18-May-2009 at 11:12

EurOmax - project - ILOVITZA  -

www.euromaxresources.com/projects.html?project_id=14

  • Summary
  • Description
  • Logistics
  • Geology
  • Geophysics
  • Exploration Results
  • Resources
  • Documents

SUMMARY

Ilovitza is a newly discovered porphyry copper-gold-molybdenum deposit.  Mapping and drilling has defined an intrusive complex 1.2 wide and more than 1.3 kilometres long.  The project is located close to road, rail, water and power and importantly there are two smelters within 400 kilometres via heavy rail.

An independent Mineral Resource Statement has just been announced.  The Inferred resources is 303 million tonnes containing 1.6 billion pounds of copper, 2.6 million ounces of gold and 34 million pounds of Moly.

Recent 3D modelling (see below) has identified an undrilled portion of the intrusion.  This is coincident with a strong magentic high and surrounding gold, copper and molybdenum soil geochemical anomalies.  Drillholes around this feature have the highest grade of all holes drilled at Ilovitza.  A geophysical program plus ongoing diamond drilling is planned.


   DESCRIPTION

 

  Ilovitza Panorama
+ Geology

 

 

 

 

 

 

 

 

Panorama%20Ilovitza%20resource

  Ilovitza Panorama

Ilovitza is a newly discovered porphyry copper-gold-moly system. Mapping and drilling has defined an intrusive complex 1.2 wide and more than 1.3 kilometres long. The main Ilovitza hill can be seen in the images to the left. 

Ilovitza was known historically for minor Pb-Zn(Cu) and Au occurrences, confined to distal and peripheral silica-iron oxide and silica-alunite bodies outside of the pervasively-altered intrusive complex.   Numerous shallow pits and small dumps both in bedrock and colluvium in the area of proximal quartz-alunite-iron oxide alteration, may represent Au workings. Visible evidence of copper mineralization at surface includes traces of enargite, rare green copper oxides, and thin chalcocite coatings on unoxidized pyrite exposed in a creek drainage westward below the leached cap. 

Deep oxidation and leaching of the topographically-elevated intrusive complex obscured its sulphide content. A short adit excavated in the early 1900s on a Au-bearing peripheral vein located south of the intrusive complex encountered pyrite-vuggy-silica breccia grading 0.3% Cu and 3.2 ppm Au. The main mineralised granodiorite, the target of current exploration drillling, is poorly exposed as it preferentially weathers due to its strong alteration. 

Careful mapping quickly recognised the potential for a large porphyry copper-gold deposit.  Drilling soon commenced followed by soil geochemistry and ground magnetics.  No other geophysics has been conducte don the property. 

EurOmax has drilled the southern and central portion of the copper-gold mineralised granodiorite and has announced an independent resource of 303 million tonnes containing 1.6 billion pounds of copper and 2.9 million ounces of gold plus moly and silver. 

Further work will include a 25 line kilometre geophysical program, diamond drilling of the undrilled magnetic core of the system  and metallurgical testwork.






     LOGISTICS

       SE%20Europe%20logistics 

   Regional Logistics

Ilovitza is ideally located for a project of this size.

A paved road crosses the property and it is less than 20 kilometres to power and heavy gauge rail.

Via rail it is 85 kilometres to a deep water port and 350 kilometre to a smelter.





     GEOLOGY

Ilovitza%20Outcrop%20Geology

Ilovitza Geology

Regional Geology and Mineralisation

Ilovitza is located between north-northwest-striking Tertiary magmatic-related mineral belts of the Lece-Chalkidiki zone, and the southward projection of the parallel Besna Kobila belt located immediately east. Although lead and zinc are abundant in both belts, deposits of the Lece-Chalkidiki zone are notably enriched in gold and copper. Alteration and mineralization at Ilovitza are hosted in a roughly circular altered intrusion and intrusive breccia complex of probable Tertiary age, emplaced in lower Palaeozoic granite. The lower Palaeozoic granite is weakly foliated, coarsely porphyroblastic and forms a roughly northwest-elongate body some 4 kilometres by 12 kilometres in size.

Ilovitza is one of several porphyry systems in eastern Macedonia and northern Greece associated with exposed magmatic complexes. Typical of these deposits is Skouries in Greece which hosts reserves of 146 million tonnes at 0.54% copper, 0.83 g/t gold for 4 million ounces of gold and 800kt of copper.

Local Geology
The Ilovitza Tertiary intrusive complex is 1.3 kilometres in diameter and is cored by a variably textured medium grained granodiorite. The granodiorite grades vertically into a fine grained dacite. To the east and south an aerially extensive diatreme breccia has been mapped. This intrusive suite is cut by numerous dacite-granodiorite porphyry bodies and minor fine-grained andesite dykes. This complex is centred on a hill of more than 400 metres relief, surrounded at lower elevations by numerous small dikes and irregular bodies of dacitic tuff/breccia as well as non-brecciated intermediate volcanic rocks, cutting the basement granite and metamorphic rocks. The highest topography along the eastern side of the intrusive complex is dominated by an extensive silica-alunite lithocap with extensive ancient pits. Only a single short drillhole has tested the lithocap.  

    Ilovitza Geology
Two small outcrops of dacite-granodiorite porphyry are mapped at surface within the main intrusive complex, but their limits are obscured by poor exposure and intense hydrothermal alteration. Recent track construction has provided exposure of the granodiorite across 500 metres in the central part of the intrusion revealing an intensely altered granodiorite over-printed by magnetite and and quartz-iron oxide (after sulphides) stockworks. Numerous isolated outcrops of dacitic porphyry commonly have vertical flow laminations. Drilling demonstrates that dacite/granodiorite porphyry expands at shallow depths into a fairly continuous body, which is itself locally intruded by a late-mineral biotite latite-andesite porphyry.

 

Mineralization
Subsurface porphyry Cu-Au-Mo mineralization is expressed at surface by a limonitic, leached stockwork zone approximately 900m by 600m in size with anomalous Au, Cu and Mo. At highest elevations, central portions of this leached cap contain up to 50-100 quartz and limonite-quartz veins per meter, comprising up to 25% of rock volume, within a sericitzed and intensely clay-altered matrix.

Quartz-dominant veinlets have textures of both discontinuous ‘A' veins as well as linear, center-line ‘B' veins. Small exposures at lowest elevations on the western side of the stockwork zone contain 3-7% veinlet and disseminated magnetite, ~1% goethitic limonite, and lesser quartz-magnetite veinlets, within a silicified, chloritized matrix, likely representing intermediate argillic overprint of former K-silicate alteration.

Although magnetite is present at surface only in isolated outcrops, recent road construction has revealed a magnetite-hematite zone at least 500 metres wide in the central granodiorite intrusion. Ground magnetic surveys clearly define subsurface magnetite alteration as a roughly NNE-elongated, 80-1600nT magnetic high.

Surface rock chip sampling, drilling, and to a lesser extent soil sampling, define a large body containing 0.1-1ppm Au coinciding with the zone of stockwork veining. Hypogene Cu grades occur largely as disseminated chalcopyrite. Stockwork veining in the eastern and higher-elevation part of the zone is characterized by higher py:cp ratio, more intense phyllic/argillic alteration, and the absence of magnetite. Magnetite and hematite dominate in the western portion of the intrusion. Molybdenum is present largely as coarse molybdenite in quartz veinlets.

 

Ilovitza Geochemistry

 

Geochemistry

Soil sampling defines a classic, low-level Cu anomaly displaced laterally and down-slope from the topographically-high leached cap. Soil Au values >0.1ppm only partially delineate the underlying mineralized stockwork. Moly appears to peak in the central portion of the complex.

Alteration
Alteration related to Tertiary magmatic activity at Ilovitza is variably present over an area of about 8 square kilometres. Pervasive alteration is largely confined to a roughly 1.5 square kilometres area in and adjacent to the main intrusive complex. Smaller areas of pervasive and structurally-controlled alteration extend somewhat asymmetrically to the south and west of this intrusive complex.


     GEOPHYSICS

A ground magnetics program was completed during 2005. This defined a more magnetic portion of the intrusion which appears to be related to higher grade mineralisation. Until the completion of exploration track construction in 2007 this magnetic phase was only evident in a few isolated outcrops. Along these recent explroation tracks magnetitie in strongly altered granodiorite is obvious. 

In the image to the left the 3D image shows the magentics and surface geochemistry.  The magentics is coloured red and purple. 

       3d View Perspective

EurOmax has commenced a 30 line kilometre IP and resistivity geophysical survey over the 303 million tonne Ilovitza copper-gold-moly porphyry in Macedonia.

 

This will be the first IP/resistivity survey over the Ilovitza porphyry and will cover the entire intrusive complex. The program will cover the entire intrusive complex with 12, 200 metre spaced lines. It will target the untested magnetic and geochemical anomaly and the extensive silica-alunite lithocap along the eastern and southern edges of the intrusion which remains largely untested in the subsurface. All data will be modeled in 3D to better define drillhole targets.

    Geophysics Ilovica

The Image to the left shows the survey lines of the current geophysical survey. 


EXPLORATION RESULTS

Exploration during the period from 2004 through 2006 included, mapping, surface geochcmistry, ground magnetics and diamond drilling.  The mapping defined a large intrusive system cored by strongly altered and stockworked dacite porphyry and granodiorite.  Soil geochemistry defined a strong central anomaly defined by gold, copper and moly.  Magnetics confirmend the prospectivity of the central portion of the intrusive complex.  Until 2008 only a very small exposure of magnetitie stockwork (with elevated gold) had been located within the intrusive due to poor outcrop.  With construction of a new access track extensively altered granodiorite with magnetitie stockwork was exposed. 

EurOmax commenced drilling in August 2007 following the acquisition of the property in July 2007. All drillholes have intersected strongly altered intrusive rocks with quartz-sulphide stockwork and disseminated pyrite and chalcopyrite or chalcocite.  Lead and silver minerals, galena and sphalerite were rarely observed and levels of arsenic and bismuth are very low.   These holes intersected up to nearly 600 metres of quartz-sulphide stockwork, intense alteration and disseminated and vein copper minerals. 

Recent drillhole results are tabled below:

Drillhole%20results%20ilovitza

Note: Copper and gold equivalent calculations use metal prices of USD 1.25/lb copper and USD 550/oz gold. No adjustment has been made for metallurgical recoveries and net smelter returns both of which are assumed to be 100%.

3D Modelling

3D modelling of the explroation data using Leapfrog has allowed a far better understanding of the geometry of the intrusive.  As can be seen below:

Ilovita%203D%20model    

Ilovitza -  Geochemistry
topography, geophysics
 and diamond drillholes

Ilovitza -  Geochemistry
topography, geophysics
 and diamond drillholes

View towards the NE

To summarise the above:  the magnetic high (the red-purple central area) is surrounded by anomalous gold and copper geochemistry and the nearest holes have elevated levels of copper and gold compared with more distal diamond drillholes.  The closest drillhole to the magnetic high  intersected +0.6% copper over the last 92 metres but failed to test the core of the magnetic anomaly.  This feature is now a high priority target for EurOmax.


RESOURCES

Broad Oak Associates of Toronto, Ontario ("Broad Oak") undertook an independent Mineral Resource estimate on the Ilovitza copper-gold-molybdenum project. The results conclude that the Ilovitza deposit contains an inferred resource of 303 million tonnes grading 0.23% copper, 0.31 grams per tonne gold and 0.005% molybdenum. This resource contains approximately 1.6 billion pounds of copper, 2.9 million ounces of gold and 3.5 million pounds of molybdenum. In copper equivalent terms this equals 3.5 billion pounds of copper.

Highlights

Broad Oak's Mineral Resource Statement confirms:

  • An inferred resource of 303 million tonnes grading 0.23% copper, 0.31 g/t gold and 0.005% molybdenum containing approximately 1.6 billion pounds of copper, 2.9 million ounces of gold and 34.6 million pounds of molybdenum, below the base of oxidation.
  • An inferred resource of 41 million tonnes grading 0.26 grams per tonnes containing 326,000 ounces of gold above the base of oxidation.
  • The resource estimation process has also highlighted that while the deposit is open in all directions particular attention should be paid to drilling to the north and west.

The Mineral Resources below the base of oxidation is presented in the table below:

Mineral Resources - Ilovitza Deposit, Macedonia

 

Broad Oak is a Toronto, Ontario based independent engineering consulting firm. EurOmax engaged Broad Oak to initially audit the Ilovitza project and prepare an independent NI 43-101 complaint report which was dated October 3, 2007. The scope of the work was expanded to include completion of an independent NI 43-101 compliant Mineral Resource Statement.

The mineral resource estimate was prepared by EurOmax staff and consulting personnel using a sectional method and a grade cutoff of 0.2% copper or 0.2 g/t gold. Volume was estimated to the base of drilling and not greater than 100 metres from any section. A density factor of 2.42 tonnes per cubic metre was used to convert volume into tonnage, based upon 60 specific gravity determinations conducted at Eurotest Control AD in Sofia, Bulgaria an ISO 9001 accredited laboratory.

Mineral resources do not have demonstrated economic viability and future in-fill drilling and scoping, pre-feasibility and feasibility studies will be needed to determine the viability of this resource. EurOmax is not aware of any environmental, permitting, legal, title, taxation, socio-political, marketing or other issues which may materially affect this estimate of mineral resources.


DOCUMENTS

Corporate Fact Sheet (286 KB)
February 05, 2009
A two page factsheet about EurOmax and its main projects.

Ilovitza Inferred Resource Estimate 43-101 Report Filed on Sedar (104 KB)
August 12, 2008
EurOmax has filed the NI 43-101 report on the initial inferred resource on the Ilovitza copper – gold – molybdenum project in Macedonia with an inferred resource of 303 million tonnes grading 0.23% copper, 0.31 grams per tonne gold and 0.005% molybdenum. This resource contains approximately 1.6 billion pounds of copper, 2.9 million ounces of gold and 3.5 million pounds of molybdenum. In copper equivalent terms this equals 3.5 billion pounds of copper.

Ilovitza 43-101 Report (2.59 MB)
August 12, 2008
Independent 43-101 resource report on Ilovitza with an inferred resource of 303 million tonnes grading 0.23% copper, 0.31 grams per tonne gold and 0.005% molybdenum. This resource contains approximately 1.6 billion pounds of copper, 2.9 million ounces of gold and 3.5 million pounds of molybdenum. In copper equivalent terms this equals 3.5 billion pounds of copper.

Euromax Commences Ilovitza Geophysical Survey (101 KB)
July 24, 2008
EurOmax has commenced a 30 line kilometre IP and resistivity geophysical survey over the 303 million tonne Ilovitza copper-gold-moly porphyry in Macedonia. This will be the first IP/resistivity survey over the Ilovitza porphyry and will cover the entire intrusive complex.

Ilovitza Inferred Resource Estimate 303 Million Tonnes Containing 1.6 Billion Pounds of Copper Plus 2.9 Million Ounces of Gold (107 KB)
June 26, 2008
EurOmax announces independent Mineral Resource estimate by Broad Oak Associates of Toronto, Ontario (“Broad Oak”) on the Ilovitza copper-gold-molybdenum project in Macedonia. The results conclude that the Ilovitza deposit contains an inferred resour

Euromax Expands Porphyry Copper-Gold Zone at Ilovitza Project in Macedonia (32 KB)
June 16, 2008
Drilling results from three diamond drillholes at the Ilovitza copper-gold-molybdenum project in Macedonia including 412 metres at 0.51% copper equivalent. Drilling has now defined a 600 metres by 650 metres mineralized intrusive which remains open to the north, east and south.



на сајтот има и галерии со примероци од сондажите, но поконкретно нема инфо дали и каков се договор имаат со владата за понатака... овие информации мислам беа разглобени лани во фокус, па доколку го има некој текстот нека го качи, инаку архивата и сајтот на фокус им се во аут, случајно или не, жешките теми Николче одлучил да ги држи во фиока Question сигурно оправдувањето им е дека се презафатени за дигитализација на архивата... www.fokus.com.mk/advancedsearch.php


Edited by beTon - 18-May-2009 at 14:39
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.