build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 06-Aug-2013 at 14:37

Канадски Еуромакс ја објави проценката за минерали во Иловица

Резултатите од најновата надградба на ресурсите на проектот за бакар и злато Иловица потврдија 184 милиони тони во категоријата „Измерено“ и „Номинално“ и 8 милиони тони во категоријата „Претпоставено“. Ова е уште една јасна потврда за солидна основа за изградба и развој на оваа гринфилд инвестиција во рударството, прва од ваков вид во Македонија.

 RUDNIK%20OGRAZDEN-GOLEMA%20TEKST%204pg

Како што пишува Нетпрес, наоѓалиштето за бакар и злато во Иловица располага со околу 184 милиони тони во категориите Измерено и Номинално руден потенцијал, што е јасна потврда дека овој проект има солидна основа за натамошен развој. Оваа проценка на ресурсите е пресметана со завршувањето на најновата програма за дупчења. Независниот консултант „Tetra Tech“ направи нова проценка на минералните ресурси за проектот и ги категоризираше резултатите според класификацијата на Канадскиот институт за рударство, металургија и нафта.

 Новата проценка за ресурсите ја отсликува конверзијата од категоријата Претпоставено во категориите Измерено и Номинално со подобрени содржини на злато и бакар во споредба со претходната процена на ресурсите објавена минатата година. Новата проценка на ресурсите исто така ги дефинира минерализираните зони со поголеми содржини на бакар и злато кои се распоредени компактно во просторот во рамките на концесиското поле. Начинот за нивна експлоатација ќе се разгледува дополнително во предфизибилити студијата.

 „Среќни сме што ги постигнавме главните цели од нашата програма за дупчење за 2012-2013 преку зголемување на Измерени и Номинални ресурси во новите и мешани зони на Иловица од 22 милиони тони на 184 милиони тони при подобрени чистоти во однос на претходната проценка на ресурси објавена минатата година. Ова значи дека ја познаваме распространетоста и количината на минерализацијата на бакар и злато далеку подобро во Иловица и дека можеме да го развиваме проектот со повеќе доверба. Новата проценка на ресурси е добро ограничена во однос на геологијата и чистотата и е исто така ограничена на материјал кој е потенцијално достапен преку отворен коп. Нагласуваме дека зоните со поголема чистота дефинирани со поголеми исечоци се просторно кохерентни и распоредот на можностите кои произлегуваат од ова ќе бидат испитани во тековната предфизибилити студија.“ изјави  Патрик Форвард, главен оперативен директор на компанијата.

 Владата на Република Македонија и Министерството за економија на Euromax му ја доделија и концесијата за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица, што претставува најважен проект за компанијата.

Според плановите рудникот за бакар и злато во Иловица треба да стартува со работа во 2017 година, а во неговата изградба ќе бидат вложени околу 500 милиони долари.

http://ekonomski.mk/?p=50138
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 28-Aug-2013 at 13:15

Нови рудници ќе ја продолжат рударската традиција на Каменица

Објавено од  Даниела Такева

rudnici

Нови два рудници за олово и цинк ќе никнат на Осоговијата, доколку геолошките истражувања што ги вршат две странски реномирани компании ги потврдат првичните податоци дека количеството на олово-цинкова руда е респектабилен за експлоатација.

rudnikКако што дознаваме, едната компанија е канадска, а другата од ОМАН и тие веќе добиле концесии за геолошки истражувања на олово-цинковата руда што ја кријат во себе Осоговските Планини, кои се во атарот на Општина Македонска Каменица, а дел и во Кирва Паланка .
Овие нови моменти го детерминираат рударството како основна гранка во Кaменица со што се рушат шпекулациите дека за 15–ина години со исцрпување на рудното богатство од Саса, Каменица ќе згасне.
Изјава Дарко Митевски – ако се земат предвид и двете странси компании кои вршат геолошки истражувања на Осоговијата, тогаш останува фактот дека рударството и понатаму останува како гранка и како традиција на Општина М. Кaменица.
Сепак, Кaменица не се потприра само на рударството. Од септември Каменица ќе почне со ловот на инвеститорите за индустриската зона во која општината инвестира во инфраструктура, а с е планирани 30-ина парцели з а лесна и незагадувачка индустрија.
Изјава Дарко Митевски-ќе им понудиме на инвеститорите поволности, ќе им дадеме земјиште бесплатно, без надоместок за комуналии со изградена патна инфарструктура, ќе потпишеме договори дека секој оној кој го зел земјиштето има обврска да почне да гради за 6 месеци, да вработува, нашата цел не е да земеме пари од градежното земјиште, туку да вработиме што поголем број на луѓе.
За потребите на потенцијалните инвеститори, Каменица ќе отвори и проектна канцеларија, а Општината веќе работи на стратегија за економски развој за што ќе бидат ангажирани и надворешни експерти.

Веста е прочитана 561 пати
Објавена во Економија

http://kanal77.com.mk/mk/vesti/ekonomija/item/5630-novi-rudnici-ke-ja-prodolzat-rudarskata-tradicija-na-kamenica.html
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 19-Nov-2013 at 13:07
http://www.alfa.mk/News.aspx?id=66567
 

Загина работник во рудникот „Саса“

 
19.11.2013 12:46:09
 
Трисетгодишниот Јанче Дојчиновски, одржувач на машини во рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица, починал од повредите што ги добил кога врз него паднала машината со која поправал камион.
 

 
Трисетгодишниот Јанче Дојчиновски, одржувач на машини во рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица, починал од повредите што ги добил кога врз него паднала машината со која поправал камион.
Менаџерот за развојни инвестиции во „Саса“ Максим Прохоров информира дека несреќата се случила утрината околу 6 часот додека Дојчиновски работел на поправка на рударски камион во јамата и во критичниот момент машината паднала врз него.
 
Проховор вели дека Дојчиновски по несреќата бил свесен и веднаш со возило е упатен кон болницата „Систина“ во Скопје, но пред Кочани му се влошила состојбата и е пренесен во кочанската болница каде што починал.
 
Во моментов во рудникот „Саса“, увид вршат екипи на полицијата, истражен судија и јавен обвинител.
 
Дојчиновски е роден во селото Саса, живеел во Македонска Каменица и е родител на две малолетни деца.

Back to Top
Goran View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Jul-2009
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote Goran Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 09-Jan-2014 at 03:28
ЦИА над половина век знае дека има ураниум близу Битола
Среда, 08 Јануари 2014 08:24

Една од најважните функции на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) не е теренското шпионирање и регрутирање агенти низ светот, туку собирање податоци за рудните и енергетските богатства на земјите низ светот и инфраструктурата и индустриските капацитети за нивно искористување.
uranium500

Македонија не е исклучок и ЦИА постојано врши анализи на македонските ресурси. Една од овие проценки, од октомври 1955 година, била заведена како таен документ во архивите на ЦИА и во неа се наведува дека Македонија располага со ураниум, во близина на границата со Грција.

- Најбогатите наоѓалишта на ураниумска руда во Југославија се смета дека се во близина на југословенско-грчката граница, во планините јужно од Битола.

Рудата се наоѓа во глина која Југословените ја нарекуваат диатомејска глиница (диатомејска земја). Југословените планираат да изградат шесткилометарска жичница до Прилеп, каде би се отворила постројка за дробење на рудата. Изградбата на оваа жичница се проценува на милион динари, пишува во информацијата која е достапна за јавноста, но откако значителен дел од документот претходно бил избришан.

Овој кус податок е најинтересното сознание од записите за рудните богатства на Македонија кои ЦИА ги има отворено за јавноста. Од другите македонски ресурси, ЦИА го нотирала постоењето на рудникот за злато Дудица кај Демир Капија, за кој забележува дека германските окупациски сили сакале да го експлоатираат во текот на Втората светска војна, а во времето на Југославија биле извршени пробни копови и се утврдило дека златната жила продолжува до границата со Грција.

За рудникот за хром Цер во близината на Кичево записите во архивите на ЦИА се толку детални што е забележан не само капацитетот на рудникот и механизацијата со која рудникот располага, туку и имињата на тогашните управители Ристо Влахов и Иван Георгиевски, како и тоа дека германски воен заробеник по име Хојнц работи на одржување на механизацијата во рудникот.

Документот, изработен во 1953 година, не содржи информација дали ЦИА имала некои планови во врска со овој рудник. ЦИА под ознаката доверливо, ги бележела имињата на управителите и на хидроцентралата Маврово, како и другите помали енергетски инсталации кои функционирале во 1950-ите години во Македонија, како и имињата на раководството на градежната компанија Бетон.

Ураниумот и во Викиликс

Но, информациите за резервите на ураниум во Македонија се од најголем интерес, имајќи ги предвид повремените иницијативи за изградба на нуклеарна централа во Македонија. Објавувањето на тајните документи на американскиот Стејт департмент од страна на организацијата Викиликс откри дека американскиот интерес за македонскиот ураниум не завршил во 1950ите години.

Во еден од овие документи, подготвени во 2008 година, штотуку пристигнатиот амбасадор Филип Рикер во разговор со премиерот Никола Груевски се интересирал до каде се македонските планови за развој на наоѓалиштата на ураниум. За САД, ова било можност и да се спречи проширувањето на руското влијание во регионот, преку нивните инвестиции во снабдувањето со гас.

- Амбасадорот сугерираше тој и премиерот подетално да разговараат за македонската енергетска ситуација. Ја разбираме македонската зависност од рускиот гас, но средбите на високо ниво, како посета на Груевски на Москва, не би биле препорачливи, имајќи ја предвид состојбата во Грузија. Премиерот додаде дека Македонија плаќа значително повисока цена за рускиот природен гас во споредба со другите земји во регионот.

Амбасадорот се интересираше за статусот на потенцијалните рудници за ураниум во Македонија, кои Груевски ги спомна кога неформално се сретнаа во Њујорк. Груевски одговори дека се уште се потребни дополнителни истражувања. Доколку се дојде до заклучок дека треба да се оди понатаму со нивна експлоатација, македонската Влада би требало да реши дали тоа да го прави преку државна компанија или да го отвори процесот за приватна конкуренција, пишува во белешката на американската амбасада од септември 2008 година, која беше објавена во рамките на аферата Викиликс. Во оваа белешка не се наведува каде се наоѓаат овие потенцијални резерви на ураниум на македонска територија, односно дали се работи за истата локација која ЦИА ја имала забележано пред 60 години
http://kurir.mk/republika/opstini/143571-CIA-nad-polovina-vek-znae-deka-ima-uranium-blizu-Bitola
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 09-Jan-2014 at 10:18
Ova i ne e nekoja tajna,Bošeski ni go kaža na predavanja ušte pred 20 godini
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 10-Feb-2014 at 19:31

Рудник за ископ на манган во општина Дебарца, најавува украински инвеститор

Украински инвеститор ќе отвара рудник за ископ на манган на планината Стогово во општина Дебарца.Градоначалникот Трајкоски вели дека на овој начин ќе има нови работни места со кои ќе се решат  егзистенцијалните проблеми на населението.

Моментално се работи на пробивање на пристапен пат до ископот на рудата над селото Врбјани.

Геолошки истражувања покажале дека процентот на манган во рудникот е на високо ниво и економски е оправдано за да се експлоатира.

Од општина Дебарца  велат дека рудникот се очекува да започне со работа од месец март.

http://www.sitel.com.mk/mk/rudnik-za-iskop-na-mangan-vo-opshtina-debarca-najavuva-ukrainski-investitor-0

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 10-Feb-2014 at 20:51
минатата есен инвеститорот побарал 4 тони руда да му се сметнат до асфалт,за да се испита концентрацијата.вероватно е задоволен и мислам дека ако е инвеститорот сериозен нема поголеми пречки за почеток на работата
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 10-Feb-2014 at 22:27
изгледа истиот газда е и на скопски легури
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 10-Feb-2014 at 23:20
Да се надеваме дека ова не е нешто предизборно..
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 11-Feb-2014 at 00:07
не е,пошто уште во летото 2013 разговарав со човекот кој требаше да им ја донеси рудата,ме прашуваше за совет за пат,бидејќи ги познавам тие планини и тоа место многу добро.

За 4 тони сметната руда на асфалт,му дале 1000 евра.Тој сакаше да ја носи рудата со коњи,бидејќи тоа му е занает,јас му предложив алтернативен пат преку селото Радомирово и Песочан.Патот што води до рудникот преку с.Врбјани е во лоша состојба

Рудата ќе ја топеле во Скопје, и од резултатите на испитувањето ќе зависело дали ќе инвестираат.Иначе финансиите не се проблем за фирмата
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3653
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 03-Mar-2014 at 12:21

Помеѓу Кратово и Пробиштип ќе никне нов рудник

Во моментов се работи на оформување на рудното тело на „Плавица“. Во „Златица“, пак, содржината на злато е од 0,15 до 4 грама по тон руда што е погодно за експлоатација

Иван Боjаџиски


Штип – Големи се можностите нашата држава да го збогати својот економски потенцијал со отворање на нов рудник за злато, бакар и други благородни метали. Како што сега стојат работите во отворање на рудникот кој го носи името „Златица – Плавица“, (според името на локалитетот на кој се наоѓа) и кој зафаќа територија на две општини, Кратово и Пробиштип, ќе инвестираат австралиската компанија „Генезис ресурсис“ и кратовски РИК „Силекс“ кој ја има концесијата за геолошки истражувања на споменатиот терен.

Васил Ристов, управител на „Силекс неметали“ вели дека постојат реални и големи можности една приказна која датира од времето пред римскиот период да ја доживее својата реализација преку отворање на рудник според најновите светски стандарди.

„Во 1976 година РИК ’Силекс‘ од Кратово ги превзема геолошките истражувања на регионот ’Златица – Плавица‘ каде на утврдување на рудните резерви работи се' до 1990 година. Во тој период ’Силекс‘ изврши над сто дупчења со вкупна должина од 3.500 метри“, вели управителот Ристов. Комбинатот извршил и флотациски испитувања за искористување на бакарната руда како доминантна, но и на златото, цинкот, оловото, среброто и други ретки метали. „Силекс“ и англиската компанија „Рио Тинто“ од Бирмингем, вложиле многу пари и извршија најобемни геолошки истражувања и тоа не само во регионот на „Златица – Плавица“ туку и пошироко. „Треба да се каже дека РИК ’Силекс‘ имаше концесија за геолошки истражувања на простор од 110 квадратни километри кој зафаќа територии на општините Кратово, Пробиштип, Свети Николе и мал дел на општина Куманово“, вели Ристов.

Но, распадот на Југославија, проследен и со големиот пад на цената на металите на светската берза, беа причина за подолга пауза во геолошките истражувања. Сепак, кратовскиот комбинат не го става ад акта ова прашање туку во континуитет бара странски компании кои имаат финансиска моќ и кои би посакале заедно да го финансираат отворањето на новиот рудник.

Според Ристов, „Силекс“ и „Рио Тинто“ имаат извршено авиогравиметриско снимање, имаат направено геохемиски и за првпат мултимедијални индексни карти за кратовско – злетовската вулканска област. Приказната продолжува по воениот конфликт во 2001 година, кога во геолошките истражни работи, со свој капитал и стручен тим се вклучува и компанијата „Еуро минералс“ од Лондон. Сепак, извршените истражувања не биле доволни за да се изготви елаборат за рудните резерви од кој може да се види дали отворањето на рудникот може да биде профитабилна работа, а кој елаборат е услов да се бара концесија за експлоатација на рудниот потенцијал.

„Во 2010 година ’Силекс‘ склучи договор со ’Генезис ресурсис‘, која во Македонија формира своја фирма ќерка. Со оваа компанија се направени досега најсеопфатните истраги и се извршени дупчења на 60.000 метри должни. Од добиените резултати може да се заклучи дека постои добра основа за изработка на елаборат за рудните резерви и за изработка на целокупната потребна документација за добивање концесија за експлоатација со што би се тргнало во реализација на отворање на новиот рудник“, нагласува Ристов.

Во моментов, според нашиот соговорник, се работи на оформување на рудното тело на Плавица кое се состои од две зони – оксидна и сулфурна. Во „Златица“ е утврдена содржина на злато од 0,15 до 4 грама по тон сурова руда што е погодно за економска експлоатација. Содржината на бакар е од 0,16 проценти па нагоре што, со оглед на цените на светската берза на овој метал исто така гарантира профитабилност.

Душко Николовски, поранешен генерален директор на рудникот „Злетово“ во Пробиштип, а сегашен декан на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романовиќ Державин“ во Свети Николе - Битола, вели дека „Златица“ го добила името по доминацијата на златоносната руда додека „Плавица“ е именувана по плавата боја која ја има бакарот. Истражувања се вршени уште во 1927 година, концесијата ја имале Англичани, а во подоцнежниот период приоритет е даден на „Плавица“.

„Станува збор за две посебни микро локации кои претставуваат една целина. Посериозни истражувања се вршени од 1950 до 1965 година и од 1980 – 1990 година. Во овие истражни периоди е констатирано дека двата локалитета поседуваат квалитетни рудни резерви при што позначајна концентрација може да се очекува на бакар, злато, сребро, олово и цинк. Комплексно гледано се работи за подрачје кое има економска оправданост за отворање на рудник. Секако дека таму се потребни дополнителни истражувања“, вели Николовски. Тој додава дека на „Плавица“ има отворено рудно лежиште, истото е заокружено со рударско-геолошки работи и со мали вложувања таму може да се тргне во експлоатација. „Во периодот 1980 – 1990 година изградена е цела инфраструктура со пристапни патишта и рударски објекти, а знам дека годишниот капацитет на овој локалитет е 200.000 тони сурова руда“, вели Николовски.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=B63DFF8F0E5C2245AE61D160502C51AE

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 03-Mar-2014 at 17:35
Во слбен весник бр.19/2014 ги има извадено парцелите за патот до рудникот за манган Стогово кој допрва треба да се гради,но во него е наведено дека тие парцели се експроприраат за автопатот за Охрид и тоа мислам делницата Пресека-Ќафасан

Утка голема
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 27-May-2014 at 22:19
ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА: КРИСТАЛНА ПЕШТЕРА ПОЛНА ЛЕКОВИТА ВОДА И СЕЛЕНИТ – ГО ИМАМЕ САМО НИЕ И МЕКСИКО
Објавено: 04/04/2014 10:15

Некаде на половина пат, меѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа рудникот на германската фирма “Кнауф” кој длабоко во својата утроба крие едно ретко место од кое навистина запира здивот. Тоа е Кристалната пештера како што ја викаат локалните жители, но и малкутемина кои воопшто знаат за нејзиното постоење. Во неа може да се најде и види уникатниот кристал – селенит кој освен на ова место го има само уште во Мексико.

pestera6Поминувајќи оттаму не може а да не се забележи големиот бел рид чија површина е всушност алабастерот во чие подножје се крие рударското окно – “кристалната пештера”. Први кои го откриле ова место се римјаните кои пред повеќе од две илјади и двесте години поставиле рудник.

Влезот е на неколку метри над нивото на Дебарското Езеро. По само неколку метри почнува да се чувствува студениот воздух но и мирисот на сулфурот, кој доаѓа од неколкуте извори на термална вода во околината. Огромните кристални столбови и сводови ја прекршуваат и пропуштаат светлината на неколкуте светилки и батериите кои ги држиме во рацете. Потребни биле да поминат илјадници години додека тие да се формираат, но и условите кои ги има во ова место.

Температурата во пештерата е секогаш седумнаесет степени. Кристал на селенит кој може да се најде само тука е со 99 отсто чистота. Уникатен е пред се поради условите, притисокот на земјата и ридот, хемискиот состав и термалните води. Овој кристал спаѓа меѓу најмеките. Можете да го изгребете со прст. Но тој е компактен и поради уникатниот состав нема потреба од потпора.

Малку подлабоко во рударското окно, се забележува дека огромните сводови и таванот, кој некаде е висок и по десетина метри не се потпира на греди или било каква конструкција. Се држат самите.

pestera1На секои десетина метри во рудникот има огромен ходник кој води лево или десно од минијатурната пруга по која рударите ги туркаат количките полни со кристалот. Подот е испресечен со минијатурни поточиња од термалната вода, која иако мириса на сулфур има лековито влијание. Во играта на светлина, зраци и сенки, се забележавуваат неколку мали барички на чија површина има тенка кора, како матно стакло, а на дното нешто што потсетува на алги, но со бела боја.

- Оваа вода е многу лековита. Извира на околу еден километар од тука и под притисок го пробива патот до тука. Температурата кај изворот е меѓу 40 и 50 степени но тука е поладна, кристалот ја лади. Полна е со калциум, магнезиум и сулфур кои прават исклучително и уникатно соединение. А кората, на површината, се користи во козметиката и во фармацијата и е многу здрава за човечката кожа.

Ако површината на ридот е со алабастер, целата внатрешност на овој рид е кристалот. Колку всушност има, засега никој не може да каже со точност. Досега рударите стигнале околу 420 метри во хоризонтален правец. Испитувале и во длабочина и во висина, секаде е полно со кристалот.

pestera5Дупчено е до 23 метри во длабина и целото е полно со кристалот. Исто е и во висина. Засега има три ката меѓу кои има плочи дебели меѓу 5 и 6 метри со оџаци за воздух и материјали поради безбедност на рударите.

Овој кристал на селенит се користи исклучиво во медицината. Од него се произведува фин прав кој се користи за изработка на гипс и лонгети. По ископувањето кристалите се дробат и потоа се печат на температура меѓу 140 и 160 степени Целзиусови. Со печењето се одзема дел од водата која ја содржи хемиското соединение на кристалот. Но , мора да се внимава да не се препече. Најдобриот прав се добива кога во кристалот останува околу 25 отсто вода. Разликата во количеството вода се гледа при сврзувањето. Повеќе вода повлекува подолго време на сврзување, но во никој случај не влијае на квалитетот.

Многумина експерти и студенти од целиот свет биле во Кристалната пештера, вршеле испитувања и си заминале со еден ист заклучок, ова е чудо на природата.

www.radioilinden.com.au
http://mkd-news.com/chudesna-makedonija-kristalna-peshtera-polna-lekovita-voda-i-selenit-go-imame-samo-nie-i-meksiko/?fb_action_ids=10204050088597707&fb_action_types=og.likes
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 27-May-2014 at 22:21
И јас го читав истото и проверив после тоа затоа и не го пуштив тука, нема врска Селенитот го има на многу места низ светот. Инаку убава сторија.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 27-May-2014 at 22:26
Даци може овде лежи „зајакот„ „Кристал на селенит кој може да се најде само тука е со 99 отсто чистота„.
Како и да е јас првпат слушам и би сакал да го посетам местото. Но не ми е јасно дали тоа е можно и под кој услови со оглед на тоа дека рудникот е активен. Ако не се лажам порано пред едно 10 години имаше ескурзии од машински факултет. Така да веројатно има можност во организирани групи да се види местото.

Edited by kultuzin - 27-May-2014 at 22:28
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 27-May-2014 at 22:29
Можеби но ме чуди зашто на Википедија воопшто не е спомната Македонија ,ниту на некој други места каде што прочитав. Доколку лежи таму зајакот би требало да ја пишува Македонија како одделно место каде што може да се најде, како што го пишува Мексико и некое место во САД.

Инаку и јас би сакал да го посетам.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 27-May-2014 at 22:38
Даци Википедија мислам дека не е основа за добра дискусија. Особено што Википедија црпи информации од веќе познати странски извори а како што знаеме Македонија не е баш приоритет на обработка од светската стручна јавност. Јас ако се сеќавам добро како што спонмав колеги од машински го имат посетено рудникот во Дебар (е сега незнам дали точно оваа место или евентуално има и некое друго окно) но тие тогаш беа фасцинирани од чистотата на крсталот кој е прозирен како стакло. Импресионирани беа и од големината на кристалните плочи. Е сега дали ваков рудник има само во Мексико и Македонија незнам.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 27-May-2014 at 23:37
имам постирано многу слики од оваа пештера на форумов.ги начекав на некој сајт и стварно се воодушевувачки
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 27-May-2014 at 23:58
Originally posted by gjoko

имам постирано многу слики од оваа пештера на форумов.ги начекав на некој сајт и стварно се воодушевувачки


Ѓоко може линк или нешто каде што има фотографии од рудникот.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 28-May-2014 at 00:10
штета ги отстраниле сликите,а мојот пост е бр.#180.го побарав вечерот во архива,ама најубавите слики ги нема

http://www.vecer.mk/?ItemID=62AA4934447B8F47925BD501DAA3DDED
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.