build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 28-May-2014 at 00:36
Им пишав на уредниците да го обноват линкот.Се надевам дека ќе има луѓе со слух
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 23-Jul-2014 at 04:23
„Тајмиште“ ќе стопанисува со рудникот за железо кај Кичево



Акциоерското друштво „Тајмиште“ од Кичево, наредните 30 години ќе стопанисува со истоимениот рудник за железо во близина на Кичево. Компанијата и официјално го потпиша договорот за концесионерство за рудникот за железо „Тајмиште“, објави веникот Нова Македонија.

Кичевската компанија ја имаше најдобрата понуда на тендерот објавен за овој рудник...

http://lider.mk/2014/07/22/tajmiste-ke-stopanisuva-so-rudnikot-za-zelezo-kaj-kicevo/

Edited by jyvation - 21-Oct-2014 at 14:37
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 30-Aug-2014 at 00:07
Имаше тема за рударство се убив од барање и ништо. Ако сакате префрлете ја веста таму

Вторник, 23 Април 2013 13:12

Рудникот за сол Кевра, кој бил откриен дури во 320 година пред новата ера од страна на војниците на Александар Македонски е вториот најголем рудник на светот.

rudnik500

 Во неговите 40 километри долги тунели скриени се освелена џамија направена од камена сол, електрична железница и клиника за лечење астма.

rudnik4

Кевра се наоѓа јужно од пакистанската престолнина Исламабад, а годишно истиот го посетуваат повеќе од 250 илјади посетители.

rudnik2

Железницата во рудникот која била изградена уште во 30-те години на минатиот век и која тогаш ги извлекувала работниците од рудникот, денес служи за да ги пренесува туристите кои се заинтересирани да ги разгледаат необичните структури од сол кои светкаат во различни нијанси на розова и бела боја.

rudnik3

Рудникот и денес е најголем извор на сол во Пакистан, токму тука се произведуваат повеќе од 350 000 тони годишно, а ископувањата се вршат на 18 нивоа. Се со цел големиот рудник да не се сруши, само половина од пронајдената сол се ископува.

rudnik5

Експериментална клиника којашто е отворена во рудникот за лечење астма се повеќе привлекува пациенти од целиот свет.

Единствениот рудник за сол во светот, кој е поголем од овој во Пакистан, е рудникот Сифто во Канада.

http://www.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/113196-FOOT-Poglednete-go-magicniot-rudnik-otkrien-od-Aleksandar-Makedonski


Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 21-Oct-2014 at 14:38
Ројал Голд вложува 175 милиони долари во рудникот Иловица



Еуромакс Ресорсес Лтд. склучи Договор за откуп на произведено злато со РГЛД Голд АГ, подружница во целосна сопственост на американската компанија Ројал Голд Инк, вреден 175 милиони долари за дополнително финансирање на следните фази на развој и изградба на проектот за бакар и злато Иловица во Република Македонија.

Исплатата на средствата според Договорот за откуп на произведено злато ќе се реализира во три транши и тоа, првата транша во износ од 7.5 милиони УСД ќе биде исплатена во период од 90 дена од денот на потпишување, втората транша од 7.5 милиони долари една година од денот на потпишување и третата транша од 160 милиони долари, ќе се реализира до капитализирање на проектот.

Првите две транши од Договорот за откуп на произведено злато ќе се искористат за продолжување на развојот на Проектот во однос на дозволите за Проектот и завршување на Дефинитивна Физибилити Студија („ДФС“) и инженерски дизајн („ФЕЕД“) планирани за 2016 година. Третата транша треба да се користи за финансирање на сите капитални расходи на Проектот, пропорционално со други извори на финансирање.

Според Договорот за откуп на произведено злато, Еуромакс ќе испорача физичко злато во износ еднаков на 25 отсто од златото за исплата произведено од Проектот додека да се испорачаат 525.000 унци на Ројал Голд и 12,5 отсто до крајот на животниот век на рудникот. Ројал Голд ќе го купува испорачаното злато во готово во вредност од 25 отсто од фиксната пазарна Лондон ПМ цена на златото на Лондон Билион Маркет Асосиешен на денот на испорака за секоја испорачана унца и ќе се примени платниот биланс како одбиток од авансот од 175 милиони долари. Нема да се пресметува камата на авансното плаќање.

Коментирајќи во врска со ова соопштение, Варшан Гокол, Главен финансиски директор на Еуромакс Ресорсес УК Лимитед, рече:

-Задолжувањето со 175 милиони долари соопштено денеска е многу подалекусежно од едноставно регулирање на потребите за финансирање на Фаза 1 и ни овозможува да се држиме до програмите ДФС и ФЕЕД за испорака во 2016 година. Во согласност со нашата стратегија за финансирање, успеавме да ја мултиплицираме вредноста на основните средства на Иловица и со тоа да го минимизираме распрскувањето на вредноста на акционерите. Важно е дека стримингот претставува само 14 отсто од нашето производство на злато и ќе задоволи 31 отсто од нашите очекувани капитални расходи за изградба и понатамошно ќе го подобри внатрешниот поврат на средства на Проектот.

Исплатата на средствата од втората и третата транша ќе биде реализирана доколку Ројал Голд е задоволен со напредокот и крајните резултати на ДФС и оцената на влијанието врз животната средина и социјалните услови и резултатите во тој момент, како и од позицијата на Проектот во однос на релевантните дозволи и пристапот на Еуромакс до доволно финансиски средства за да се заврши ДФС и да се обезбедат сите неопходни одобренија за развој и на сите трошоци за градба.

Коментирајќи во врска со ова соопштение, Steve Sharpe, Претседател и Главен извршен директор, рече:

Во предфизибилити студијата за локалитетот Иловица и Штука се утврдени 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според преценките, има присуство на 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Од овие количини истражувањата потврдуваат искористување од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот. Според податоците, површинскиот коп кај Иловица и Штука се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони годишно. Просечното годишно производство ќе биде 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Според количините што ги поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години.

Еуромакс поседува две концесии и тоа, концесија за експлоатација која опфаќа простор од 1,68 км2 и концесија за детални геолошки истражувања на друга соседна локација која се простира на 3,27 км2. Рудникот за бакар и злато треба да започне со работа во 2017 година, а вкупните инвестиции за реализација на оваа грин-филд инвестиција се 500 милиони долари.

http://republika.mk/?p=332671

Edited by jyvation - 21-Oct-2014 at 14:39
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 04-Nov-2014 at 19:40

Во валандовско ќе се ископува бакар

04.11.2014 | 17:26
Прочитано: 211
На почетокот на идната година украинската фирма  Константиновски плант ќе започне со површински коп на бакар од рудникот Казан дол кај  Валандово.
 
Сите истражувања се завршени  и во наредниот период општината заедно со  украинците  ќе работат на  патната и комунална инфраструктура на локалитетот. Градончалникот Николче Чурлиновски тврди дека најдоцна до февруари украинската компанија  ќе започне со експлоатација на бакар
 
За општината, влезот на украинската компанија ќе значи раздвижување на економијата во наредните 20 тина години бидејки истражувањата кај Казандол  покажале одлични количини на бакар
 
,,Константиновски плант,, доби концесии за истражување и експлоатацијана руда од три локации  во земјава а привчно нивната  инвестицијата се проценува на околу 200 милиони евра.

http://24vesti.mk/vo-valandovsko-kje-se-iskopuva-bakar
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 22-Jan-2015 at 15:58

Во април површински коп на бакар во рудникот „Казандол“

За неполни два месеца ќе почне површинскиот коп на бакар во рудникот „Казандол“, изјави денеска градоначалникот на општина Валандово Николче Чурлиновски, откако целосно завршија истражувањата за присуството на бакар на одредената локација.

Во март или најдоцна во април годинава ќе почне површинскиот коп на бакар,а со отворање на рудникот, посочи Чурлиновски, се очекува вработување на околу 400 лица од различни профили.

Според Чурлиновски тоа е огромна перспектива не само за населеното место Казандол,туку и за целото население на општина Валандово.

Украинската фирма „Констатиновски плант“ ја доби концесијата за истражување и експлоатација на рудата во што инвестира околу 200 милиони евра.


http://denar.mk/69798/ekonomija/vo-april-povrsinski-kop-na-bakar-vo-rudnikot-kazandol
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #207 Posted: 22-Jan-2015 at 22:12
Има размислувања дека цела источна Македонија лежи на бакар
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #208 Posted: 22-Jan-2015 at 22:45
Рудата во Бучим е со најмал процент на бакар во свет.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #209 Posted: 22-Jan-2015 at 23:00
Ѓоко процентот и количината на бакар се релевантни за тоа дали се исплати или не експлоатацијата. Можно е да има бакар но ако е во мали колични или со мала процентуална застапеност тогаш нема ефект
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15036
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #210 Posted: 05-Feb-2015 at 08:27
„ИЛОВИЦА“ КРИЕ 70 ТОНИ ЗЛАТО

Производството на злато во Македонија ќе стане значајна стопанска гранка. „Иловица“ крие 70 тони од овој благороден метал и 410.000 тони бакар, покажуваат проценките на Геолошкиот завод на Македонија. Заводот деновиве ја објави ревизијата на Елаборатот од извршените геолошки истражувања за проектот за изградба на рудник за бакар и злато кај „Иловица“ и Штука во општина Босилово и ги потврди количествата од рудни резерви во наоѓалиштето.

Рудникот, според планот на компанијата „Еуромакс рисорсис“, треба да почне да се гради летово, а со работа да почне во 2017 година. Според количествата на руда што ги поседува, рудникот се предвидува да работи околу 23 години.

Геолошките истражувања потврдиле дека во наоѓалиштето за бакар и злато „Иловица“ се утврдени 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Од овие количини, истражувањата потврдуваат искористувања од 86,5 отсто за златото и 84 отсто за бакарот.

Површинскиот коп кај „Иловица“ и Штука се предвидува да има експлоатација од 10 милиони тони руда годишно. Просечното годишно производство е проектирано на 95 илјади унци злато и 16 илјади тони бакар. Како што неодамна најави првиот човек на компанијата Стив Шарп, во план е да се извезува концентрат, но и да се произведува злато на самата локација, кое потоа ќе се испраќа на рафинирање, со што тоа ќе биде првото македонско производство на злато.

Со ревизијата на Геолошкиот завод на Македонија практично заврши фазата на деталните геолошки истражувања и се исполнија сите услови за понатамошно продолжување со развојот на проектот, согласно со регулативите. Вкупната инвестиција за развој и изградба на рудникот ќе изнесува околу 500 милиони американски долари, а предвидено е да се вработат околу 400 лица.

Сопственикот „Еуромак рисорсис“ неодамна склучи договор за продажба на акции во проектот за развој на рудникот за бакар и злато со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Преку непосредна приватна продажба на акции ЕБОР ќе поседува околу 20 отсто од акциите минус една акција од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Друштвото. ЕБОР купи обични акции од компанијата по цена од 0,25 канадски долари за акција, при што бруто-приливот е еднаков на 5 милиони американски долари. Компанијата планира и да изврши дополнителна приватна продажба од максимум 2,5 милиони канадски долари на други инвеститори по истите економски услови.

„Еуромакс рисорсис“ има договор за стратешко партнерство и со американската компанија „Ројал голд“, која ќе вложи 175 милиони долари во развој на рудникот за бакар и злато „Иловица“. Според договорот, склучен во октомври лани, исплатата на средствата ќе се реализира во три транши. Првите две транши ќе се искористат за продолжување на развојот, а третата ќе биде за финансирање на сите капитални расходи.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0D52ADF680E9DC4BAD1B55FC2BD614F2
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #211 Posted: 05-Feb-2015 at 14:44


Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #212 Posted: 05-Feb-2015 at 16:12
И нормално ќе го дадат под концесија за некоја смешна сума на пари...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #213 Posted: 06-Feb-2015 at 13:06

Пронајдени две нови наоѓалишта на злато во Македонија

Македонија | петок, 6 февруари 2015, 12:41
Исклучени коментари
konsjko_dvoriste

Резервоар Минералс е меѓународна компанија за минерални истражувања, која досега вршела истражувања во Европа и Африка. Компанијата во последниве години врши истражувања и на територијата на Република Македонија, а на својата веб страна, како и во повеќе водечки светски економски портали ги соопшти резултатите од истражувањата за наоѓалиштата на злато во локалитетот Коњско и истражувањата за наоѓалиштата на бакарно-златна руда во Двориште на својата веб страна.

– Откривањето на значителни количества на златна руда во Коњско, Македонија е охрабрувачки резултат за нашите тековни активности во регионот. Компанијата има задоволство да работи во Македонија каде воспоставиме значајно присуство во истражувањето и во рударските заедници и добивме поддршка од Владата и нејзините агенции. Се надеваме дека ќе го повториме успехот и во следниот локалитет Двориште каде ќе ги вложиме сите наши вештини во истражувањето на бакарно-златната руда, изјави Др. Симон Инграм, претседател и извршен директор на Резервоар Минералс.

На веб страната на компанијата се вели дека Македонија има долга рударска традиција која продолжува и денеска со повеќе активни рудници, меѓу кои рудниците за оловно-цинкова руда Саса, Злетово и Тораница и рудникот за бакар и злато Бучим, како и новите проекти што допрва се развиваат Иловица, Казандол и Кадиица.

„Рударската дејност според  Македонската влада, значајно придонесува на износот на БДП и е поддржана од сите релевантни министерства; странските директни инвестиции се главната определба во стратегиите на македонската влада. Рударскиот сектор е регулиран со модерен закон за рударство, кој за последен пат е ревидиран во 2014-та година“, пишува на веб страната на компанијата.

zlato_konsjkooo

Концесија за истражување во наоѓалиштето Коњско

Оваа област опфаќа околу 29, 97 квадратни километри, а концесијата за истражување во оваа област трае до 4-ти јули 2017-та година. Наоѓалиштето се наоѓа на планината Кожув, јужна Македонија.

Се претпоставува дека во наоѓалиштето „Главен коп“ има околу 2 грама/тон руда, а дека има непрекинат површински коп од 19 метри.

Овој планински регион е познато дека содржи епитермални руди на злато, талиум и антимон. Таму се наоѓа и малку познатиот рудник Алшар кој бил експлоатиран во периодот од 1880 до 1908. Според претходните истражувања на канадските истражувачи Персивал и Радтке (Canadian Mineralogist, Vol. 32, 1994) рудата во Алшар е слична со рудата во рудникот за злато Карлин стајл во Невада, САД. Наоѓалиштето на златна руда, арсен и антимон Коњско се наоѓа на 20 километри оддалеченост од рудникот Алшар и досега не било истражувано, а не постојат докази за претходни бушотини. Срушените окна укажуваат на тоа дека наоѓалиштето било експлоатирано во античкиот период.

Компанијата во периодот од 2013 и 2014 та година направи мапирање на наоѓалиштето и вршеше гео-хемиски испитувања на составот на почвата и карпите. Утврдено е дека постои наоѓалиште на златна руда во карпа во структуралниот коридор долг2, 5 километри, како и златна руда, арсен и антимон во карпата и почвата. Во рамки на овој коридор, кој се карактеризира со силна структурна деформација има мешавина од златна руда во северозапдниот дел, арсен, антимон и талиум во југоисточниот дел.

Според компанијата, покрај наоѓалиштето „главен коп“ досега се најдени уште пет други наоѓалишта во истиот локалитет.

Компанијата планира во текот на оваа година да иврши испитувања уште во неколку други наоѓалишта во локалитетот, како и да ги заврши гео-физичките испитувања (магнетометрија и индуцирана поларизација) во областа.

konjsko_dvorishte_2

Концесија за локалитетот Двориште

Истражувањата во локалитетот Двориште започнаа на 26-ти јануари годинава и ќе траат цели 4 години.

Ова наоѓалиште се простира на површина од 24,53 квадратни километри и е сместено во источна Македонија, на оддалеченост од 15 километри североисточно од рудникот за бакар и злато на Еуромакс Рисорсис Иловица. Според првичните податоци, се претпоставува дека ова наоѓалиште располага со бакарно-златна руда.

http://netpress.com.mk/pronajdeni-dve-novi-naogjalishta-na-zlato-vo-makedonija/


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15036
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #214 Posted: 28-Feb-2015 at 09:25
НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 250 МИЛИОНИ ЕВРА И 250 ВРАБОТУВАЊА ВО РУДНИК КАЈ КАЗАНДОЛ

Вкупна инвестиција од 250 милиони евра за четири години и 250 нови вработувања само во првата фаза предвидува договорот за концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол што денеска го потпишаа министерот за економија Беким Незири и менаџерите на компанијата САРДИЧ МЦ ДООЕЛ - Скопје.

Согласно договорот, најпрво ќе се гради фабрика за катоден бакар со капацитет од 4.000 тони годишно, а геолошките истражувања продолжуваат на уште два локалитета каде се планира изградба и на објекти за финални производи. Како што информира извршниот управител на компанијата Генадиј Сичов, изградбата на фабриката почнува во мај, а производството треба да стартува најдоцна до крајот на годинава.

"Експлоатацијата на бакарната руда ќе се врши со најсовремена технологија, според сите еколошки стандарди, без какви било влијанија на животната средина", напомена Сичов.

Бакарните катоди ќе бидат наменети за македонскиот пазар, но дел и ќе се извезува. Се очекува приливот на средства во државата да изнесува околу два милиона евра. Во подготвителните активности за целиот процес САРДИЧ досега вложи пет милиони евра.

Компанијата во јануари минатата година по електронското наддавање го доби тендерот за детални геолошки истражувања во рудните наоѓалишта Казандол, Плавуш и Петрошница. Истражувањата завршија во рекордно време и беа изготвени потребните елаборати. (Ек.Р.)

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0C7FDBEF8C80984190E882A071C9E974
За сè има вторпат
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 125
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #215 Posted: 28-Feb-2015 at 11:33
Може ли некој да ми ги објасни позитивните ефекти од ископувањето на руда од странска компанија? Колку што гледам, освен вработување и инвестирање во градењето на рудникот, не гледам други позитивни ефекти. Странската компанија доаѓа, копа и прави профит, кој би се оданочил во државата. Меѓутоа во секој случај профитот не се заддржува во државата, туку го заддржува компанијата. Претпоставувам немаме способни компании, кои би се занимавале со оваа индустрија, но никако не ми прави логика да го дадеш под концесија рудникот за некоја мала сума на пари, во однос на тоа колкава заработка ќе има концесионерот.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #216 Posted: 28-Feb-2015 at 11:47
Тоа е проклетството на странските инвеститори.секаде е така.И во Кина странски инвеститори произведуваат роба,а кинезите имаат само ќар од таксите и даноците.

Кај нас од приходот би има корист ако го реинвестираат,тогаш останува овде,а ако поделат дивиденда тогаш државата зема 10% .и тоа е тоа
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #217 Posted: 01-Mar-2015 at 20:35
Англичани ќе бараат злато во Македонија

Во Министерството за економија ќе биде потпишан договорот за доделување концесија за експлоатација на бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ во општините Валандово, Богданци и Дојран. Договорот e за Друштвото за експлоатација, преработка и производство „Сарич МЦ ДООЕЛ увоз – извоз“ Скопје. Покрај реализација на планираната англиско-украинска инвестиција, ќе биде промовиран и нов начин на вадење руда со напредна технологија, во затворен систем, што овозможува заштита на животната средина.

http://republika.mk/?p=395922
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #218 Posted: 02-Mar-2015 at 11:43
Originally posted by gjoko

Тоа е проклетството на странските инвеститори.секаде е така.И во Кина странски инвеститори произведуваат роба,а кинезите имаат само ќар од таксите и даноците.

Воопшто нема проклетство во случајот на странските инвеститори, напротив, тоа е win-win ситуација. Само пробајте да ја гледате реално. Странскиот инвеститор вложува онаму каде што трошоците на производство се пониски, затоа што се бори за поголем профит, како и секоја друга компанија. Од друга страна, државите што очајно се борат да привлечат странски инвеститори, како нашата, имаат недостаток на слободен капитал што може да се инвестира за да се зголеми национоналното производство или БДП. Тие држави најчесто и технолошки заостануваат зад развиениот свет. Странците тука помагаат со свеж капитал и нова технологија. Вработуваат, плаќаат локални даноци, ја подобруваат надворешната размена, ја стабилизираат националната валута. Тоа е "добивката" за државата. Е сега, тоа што дел од профитот го изнесуваат, а дел го реинвестираат, тоа е нивна работа. Тоа никој (освен можеби Куба, Белорусија или делумно Кина) не може да го ограничи затоа што е избор на компанијата. Извинете на израз, не сакам да ве навредам, ама малку просто звучи кога зборувате со ваква одбојност кон странските инвеститори. Божем домашните инвеститори се што ќе заработат реинвестираат, па уште во матичната држава. Па и за усшените домашни инвеститори народот има полна уста лоши зборови. Ако имате проблем со успешноста на оние што знаат како многу да заработат, извинете што ќе ве разочарам, ама вие сте за некое друго време, за некој друг систем.

Originally posted by gjoko

Кај нас од приходот би има корист ако го реинвестираат,тогаш останува овде,а ако поделат дивиденда тогаш државата зема 10% .и тоа е тоа

Државата во овој случај нема да добие дивиденда, ниту дивидендата е фиксна на 10% некаде. Освен тоа, за да подели дивиденда, компанијата треба да се биде АД и да котира на наша берза, а тоа ниеден инвеститор кај нас не го прави затоа што нема потреба од локално финансирање на инвестициските проекти. Зборувајте за тоа што го знаете.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #219 Posted: 02-Mar-2015 at 18:01
Навигатор-вака стојат кај нас работите:

-Не е така дека дивидентата е 10%.Не реков така.

Кога ќе се направи билансот на една фирма остануваат пари вишок или мањак,што е добивка или загуба.Добивката можи да се реинвестира или не.Ако реинвестира,тие пари не се оданочуваат(како во многу земји).Ако парите не се реинвестираат тогаш државата ги оданочува со 10%.

Значи ако една фирма инвестира во фабрика кај нас ,дирекните придобивки се:
        -материјали,работна рака во градбата на фабриката,
        -плати и придонеси за работниците,
        -евентуалното одночување од 10% на нераспределаната добивка.

од парите од извозот немаме многу корист,освен прилив на девизи и стабилизирање на девизниот пазар

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #220 Posted: 02-Mar-2015 at 18:36

- индиректни вработувања
- соработка со локални компании итн итн..
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 910111213>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.