build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 02-Mar-2015 at 18:47
Originally posted by gjoko

Навигатор-вака стојат кај нас работите:

-Не е така дека дивидентата е 10%.Не реков така.

Кога ќе се направи билансот на една фирма остануваат пари вишок или мањак,што е добивка или загуба.Добивката можи да се реинвестира или не.Ако реинвестира,тие пари не се оданочуваат(како во многу земји).Ако парите не се реинвестираат тогаш државата ги оданочува со 10%.

Значи ако една фирма инвестира во фабрика кај нас ,дирекните придобивки се:
        -материјали,работна рака во градбата на фабриката,
        -плати и придонеси за работниците,
        -евентуалното одночување од 10% на нераспределаната добивка.

од парите од извозот немаме многу корист,освен прилив на девизи и стабилизирање на девизниот пазар

Нема потреба да ми објаснуваш како стојат работите. Економист сум и го работам тоа, така што одлично сум запознаен. Ќе пробам и тебе да ти го разјаснам митот со придобивките од странските инвестиции.

Две различни ситуации се кога компанијата нема да ја реинвестира добивката и кога ќе подели дивиденда. Ако едноставно не ја реинвестира, ќе плати 10% данок на добивка. Ако се одлучи да дели дивиденда (што најчесто е мал дел од вкупната добивка), акционерите ќе платат 10% персонален данок на добиената дивиденда, а не компанијата. Како и да е, не разбирам зошто спомнуваме некаква дивиденда кога оваа компанија што ќе искупува или преработува руда нема да биде македонско АД. Така да, ирелевантна е дивидендата.

Околу придобивките од инвеститорите, далеку се побројни од тоа што ти го наведуваш. Претпоставувам не си стручњак во економија и не замерувам што ги спомнуваш само "видливите" ефекти. Земи просечен инвеститор во некоја од зоните. Најпрво ангажира правна канцеларија и финансиски советник. Потоа проектантско биро. Следно е градежна компанија. Ангажира HR агенција, понекогаш и агенција за недвижности. Откако ќе стане оперативен ангажира агенција за обезбедување, компанија што ја води мензата, транспортни компании, различни компании кои ги снабдуваат со репроматеријали. За нивните вработени од другите ф-ки низ светот, за нивните партнери, за клиентите, ангажираат локални хотели и ресторани. И за уште многу други ситници, а сите тие фирми се локални. Ваквите инвеститори ја раздвижува цела локална економија. Гледам дека си од Кичево, па предлагам овој ист муабет да го направиме по година и пол, кога КСС ќе стане оперативен. Дали градот ќе го осети тоа или не.

А девизите од извозот се исклучително важни, исклучително! Особено за ваква економија како нашата каде курсот и фиксен и врзан за друга, многу посилна валута. Не сакам да замислам што ќе се случуваше со нашата надворешна трговија и со притисокот врз курсот доколку не беше извозот од странските компании. Еве, земи ја само Џонсон Мети како пример: Извоз од околу 1 милијарда евра, кога вкупниот извоз е околу 4,9 милиони. И притоа прашајте ги вработените дали и колку се задоволни, што научиле, колку се вреднуваат сега, а колку пред да почнат со работа таму.

Edited by Navigator - 02-Mar-2015 at 18:51
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 02-Mar-2015 at 18:55
Originally posted by jyvation


- индиректни вработувања
- соработка со локални компании итн итн..


затоа пишав дирекни
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 02-Mar-2015 at 19:01
За све си во право,и ме беше јасно досега,само сакав да објаснам дека не е толку све розово како што изгледа.Многу подобро би било наши фирми да можеа да отвораат вакви инвестиции,ама неможат.немаат таква сила,капацитет и знаење.

И една информација-многу од фирмиве во зониве само ги преселуваат фабриките од некоја друга земја каде им завршиле бенифицираните услови.Ако и кај нас еден ден условите ги пооштрат,т.е. ги изгубат бенифициите,и од кај нас ќе си заминат

јас сум силен подржувач на отворањето на овие фабрики,а коментариве ми се само како еден вид на дебата,а не критика

Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 02-Mar-2015 at 19:31
Би можеле и наши доколку би се оформил фонд со капитал од неколку стотици милиони евра, а не смешни грантови од по 2-3.000 евра.
Кај нас се таканаречени "мрзливи" претприемачи, кој не го уклучуваат мозокот туку гледаат шанса да се пикнат во државна администрација и да имаат сигурна плата.
Воведување на предмети како претприемништво, лидерство итн.. се мисловна именка во нашиот образовен систем.
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 02-Mar-2015 at 22:51
Знам дека е посложено да се направи, ама нели е возможно да се направат корпорации со професионален менаџмент, каде како акционери ќе се јават сите заинтересирани страни, кои бараат профит. На овој начин голем дел од граѓаните ќе имаат можност да инвестираат и потоа да се обогатат. Менаџментот од кај сака нека е, само да си ја завршува работата професионално и го води бизнисот правилно. Верувам дека ќе треба да се повикаат експатријати, бидејќи реално во нашава држава нема способни менаџери, што ја познаваат оваа индустрија. Секако дека ова е многу сложено, меѓутоа еден од условите за една земја да биде богата и развиена е да има природни богатства. Е сега кога имаме природни богатства, за да имаме напредок, мора да знаеме како да ги искористиме истите. Овој начин со давање на концесија на рудниците, за мене е еден вид самоколонизирање кон странците. Не ги негирам предностите од давањето под концесија и знам дека ќе има предности и за нашата земја, меѓутоа ако сакаме вистински напредок, треба да се поставиме како надреден, а не како подреден.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 03-Mar-2015 at 11:32
Originally posted by gjoko

За све си во право,и ме беше јасно досега,само сакав да објаснам дека не е толку све розово како што изгледа.Многу подобро би било наши фирми да можеа да отвораат вакви инвестиции,ама неможат.немаат таква сила,капацитет и знаење.

И една информација-многу од фирмиве во зониве само ги преселуваат фабриките од некоја друга земја каде им завршиле бенифицираните услови.Ако и кај нас еден ден условите ги пооштрат,т.е. ги изгубат бенифициите,и од кај нас ќе си заминат

јас сум силен подржувач на отворањето на овие фабрики,а коментариве ми се само како еден вид на дебата,а не критика

Ја гледам кај тебе прогресивната и позитивна мисла и извини ако бев малку груб во постовите, немав намера да навредам. Понекогаш ме вадат од такт неаргументираните плуќања по странските компании, божем има компании што се будат со желбата да и се помогне на Македонија, наместо да се оствари поголем профит.

Само уште за ова ќе ти реплицирам... Ниедна, буквално ниедна компанија што отворила или што гради фабрика во зоните, пред да отвори погон кај нас не затворила друга фабрика како последица на завршување на бенефиции. Тоа одговорно го тврдам. Има примери каде дел од нив имале потешкотии предизвикани од разни причини, во други погони низ светот. Еве како пример земи ја ситуацијата во Украина. Голем дел од компаниите кои производството го потпираат на фабриките во Украина, сега се во панична потрага во нова локација. Верувај дека е премногу скапо да префрлиш цел погон, само затоа што завршиле некакви фискални бенефиции. Но еве и да претпоставиме дека, на пример, Џонсон Мети има потреба да затвори фабрика заради кратење на трошоци, преструктуирање, спојување, итн. Џонсон Мети, само во Европа, има фабрики во 15 земји. Мислиш ли дека некој нормален менаџер ќе се одлучи да затвори погон во Македонија, каде што трошоците на производство се едни од најниските, а ќе продолжи да функционира во држави како Данска, Финска, Ирска, Шведска, Франција? И уште еден аргумент во насока на незатворањето на погоните во догледна иднина: Џонсон Мети - 2 инв. проекти, трет во најава; Џонсон Контролс - 2 инв. проекти, трет многу набрзо; Текнохозе и Кемет - ги спореведуваат вторите проекти, Амфенол во Кочани - втор проект, 5 пати поголем од првиот; Кромберг и Шуберт и Дрекселмаер - далеку надмашени првичните бројки за вработувања; Ван Хоол - префрлува се повеќе и повеќе од бизнисот од ф-ката во Белгија во Македонија... Бавни се овие процеси, ефектите доаѓаат полека и ја разбирам скептичноста, но според мене, ова е единствениот пат кој може да накрене нашата инертна и предолго заспана економија.

Edited by Navigator - 03-Mar-2015 at 15:02
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 03-Mar-2015 at 14:04
Ova so presulavenjeto go objasnuvaše kako odelo samiot premier vo edna emisija,no zboruvaše opšto,a ne konkretno
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 07-Apr-2015 at 23:44
Океј, ај некој нека ми објасни како тоа за експлоатација на гипсот во Дебар се плаќа само 1,5 милиони денари годишно концесија???

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 07-Apr-2015 at 23:59
Меѓу првите во државата ја приватизираа оваа фабрика,и вероватно уловиле нешто во матното.Друго објаснување нема
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 08-Apr-2015 at 00:31
Баш на саем имаа штанд Кнауф и го видов кристалот.Неверојатна чистина има.Можеби меѓу ретките во светот, заедно со рудниците во Мексико.
Back to Top
Svarog View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Mar-2015
Online Status: Offline
Posts: 92
  Quote Svarog Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 08-Apr-2015 at 00:45
Еве и линк од информацијата
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=46835
Back to Top
liverpool View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 09-Mar-2015
Location: kocani
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote liverpool Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 10-Apr-2015 at 18:47
znae li nekoj dali nekade ima potreba od rudarski inzener?
petrov
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 10-Apr-2015 at 21:20
Можам да прашам во фирмиве што работат на автопатов Кичево-Охрид.Знам дека бараат инженерски кадар,многу донесоа од Србија,а дали се пополнија сите места-незнам.

Повеќе информации следната недела,а ти пиши ми на ПП за раб.искуство,теренска работа(издвоена од дома) и слични работи за да знам што да им кажам.

јас сум во секојдневна комуникација со сите фирми на автопатот
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 03-May-2015 at 15:18
Еуромакс ресурсис обезбеди 215 милиони долари за проектот Иловица

Рокот за отплата на аранжманот за финансирање е 12 години, со каматна стапка со разлика од 3,75% - 4,25% пред завршување, односно разлика од 2,75% - 3,25% над ЛИБОР по завршување на проектот.



http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/269092-euromaks-resursis-obezbedi-215-milioni-dolari-za-proektot-ilovica
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1355
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 03-May-2015 at 20:51
ГАЛЕРИЈА Рудникот за бакар и злато во Валандовско може да биде опасен!


Под наслов „Вакви слики не му требаат на Валандово“ , еколошкото друштво „Калинка’ на својот веб сајт објави галерија од фотографии кои покажуваат дека рударскиот басен во кој е предвидено да се топи бакарна руда е во водотекот на реките Мичкова и Анска Река. При поголем порој, може да се наруши не само објектот на басенот, туку може да дојде до излевање на јаловина. Освен тоа, позицијата на рудникот е на подземни води кои се на самите горни слоеви на површината. Затоа валандовски еколози предлагаат да се побара сигурна заштита и гаранција.

Повеќе тука
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 02-Jul-2015 at 00:09
Руски „Солвеј“ доби зелено светло за изградба на рудник во Пехчево

Министерството за економија и „Кадиица метал“, фирма – ќерка на руската компанија „Солвеј“ го потпишаа договорот за концесија на рудното богатство во локалитетот Кадиица кај Пехчево. По двегодишна пауза во истражувачките активности, во претстојниот период ќе продолжи истражувањето на рудното богатство на Кадиица. Иако не е објавен конкретен рок, русите најавуваат дека наскоро ќе почне и експлоатацијата на металите, со што се овозможува вработување на 300 лица од Пехчево и од околните населени места. Планирано е рудата да се експлоатира преку надворешен коп, по принципот што веќе функционира во рудникот „Бучим“.



Покрај истражувачкиот дел, во претстојниот период ќе се набави и неопходната опрема за извршување на активностите во рудникот. Проценките се дека отворањето на рудникот би се реализирало во период од две години, со што рускиот инвеститор би можел годишно да произведува 5.000 тони катоден бакар. Од фирмата – инвеститор пројавуваат интерес за изградба на фабрика за производство на катоден бакар, за која наведуваат дека ќе се изведе во согласност со сите еколошки стандарди.

Руската компанија „Солвеј“ во моментов управува со рудниците „Саса“ од Македонска Каменица и „Бучим“ од Радовиш. Истражувањето на рудните наоѓалишта кај Кадиица започна пред пет години.

http://www.build.mk/?p=45173
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 486
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 17-Mar-2016 at 21:01
Бугарски „Минстрој“ ќе ги рестартира рудниците „Добрево“ и „Тораница“

Бугарската компанија „Минстрој“ ќе биде новиот концесионер на рудниците за олово и цинк „Добрево“ во Злетово и „Тораница“ во Крива Паланка.

На денешната електронска лицитација, бугарската компанија со седиште во Софија понудила највисока понуда во
конкуренција на „Градежен институт“ и фирма со руски капитал. Двата рудника на североистокот беа во стечај, откако досегашниот сопственик „Индо минерали и метали“ престана да стопанисува со нив, оставајќи долг од близу девет
милиони евра кон државата, доверителите и работниците, кои останаа покуси за неколку плати. Бугарски „Минстрој“ ќе плаќа годишно по два милиони евра концесија на државата, а ќе треба за најкусо време да ги рестартира рудниците и да ги врати рударите во рудничките јами.


http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=56976
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11620
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #238 Posted: 21-Mar-2016 at 20:40
Рудникот „Дамјан" близу Радовиш е наоѓалиште на железна руда, кое било во редовна експлоатација од 1968 до 1992. Во него работеле околу 200 рудари од Радовиш, Крива Паланка, битолско и прилепско, а за рударите биле изградени и три станбени згради во Радовиш. Рудникот затвора по три децении работа откако површинските резерви на руда биле исцрпени.













За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11620
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #239 Posted: 21-Mar-2016 at 20:41
За сè има вторпат
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #240 Posted: 21-Mar-2016 at 21:05
Жално...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 10111213>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.324 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.