build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 11-Dec-2009 at 17:55

Полесно истражување на минерали

Со предложените измени во Законот за минерални суровини ќе се овозможи полесно истражување, експлоатација и стопанисување со минералните суровини. Според Комисијата за економски прашања, се отвора можност за доделување концесии за детаљни истражувања на минералните суровини и се нуди можност за проширување на експлоатационото поле, до една третина во делот на минералните суровини со површински коп, со исклучок на водите, а две третини за минерални суровини чија експлоатација се врши подземно.

„Измените на Законот ќе овозможат зголемување на улогата на општините во начинот на распределбата на концесиските надоместоци. Наместо досегашниот сооднос 60 : 40, во корист на буџетот, со измените се предлага 78 отсто од надоместокот да добиваат општините, а 22 отсто да оди во буџетот, од кои четири отсто ќе се користат за ревитализација на местото од каде што се врши експлоатација на минералната суровина“, рече Методи Хаџи Васков, заменик-министер за економија.

Тој прецизира дека се зголемува и улогата на единиците на локалната самоуправа во доделувањето концесии преку давање мислење за видот експлоатација и видот суровина. Исто така, сопствениците на земјиште на кое има песок, чакал или глина ќе имаат приоритет во добивањето концесија. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CFE0B5B823F0DA429B400853799B90B1
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 11-Dec-2009 at 17:58
Сè ова убаво со повеќе пари за општините, ама колку се способни (и праведни) општините за доделување на вакви концесии... Во металите има многу пари, нормално дека секој градоначалник ќе му го даде прво на кумот или братучедот, сигурно нема на некој непознат. Не сме дораснати за вакви одлуки на локално ниво.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 29-Dec-2009 at 17:48

Доделени концесии, ќе има ли нови рудници?





 

Министерот за економија Фатмир Бесими вчера потпиша договори за концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини со најдобрите понудувачи на јавниот оглас објавен од Министерството за економија на 31 август 2009 година, пренесе МИА

 

 
%20  
Договори беа потпишани со фирмите „Цементарница Усје“- АД Скопје, „Жикол“, „Шаза компани“, „Мали Љошињ“, „Годинг петрол“, „Канет агро“, „К-комерц Каме“, „Оранчери“, „Гамер“, „Мис Вато“ и „Еуро Мим“.

Бесими информира дека тоа ќе им овозможи на најдобрите понудувачи да почнат со деталните геолошки истражувања од кои во најголем дел се очекува да се добијат позитивни извештаи и потоа да се пристапи кон отворање нови рудници.

- По спроведување на постапката и евалуацијата извршена од специјална комисија, на 15 декември годинава Владата донесе одлуки да додели концесии за вршење геолошки истражувања на 84 локации на домашни и странски фирми. Од нив, 41 се договори за неметални минерални суровини, 20 се за украсни камења, како што се мермер, оникс, травертин, гранит и слично, 10 се договори за води, и тоа подземни, геотермални и термални води и 13 се договори за метални минерални суровини - рече Бесими.

Тој истакна дека нето-финансискиот ефект во корист на буџетот на Република Македонија од овој тендер ќе изнесува 65 милиони денари по основа на концесија, односно еднократен надомест за извршување геолошки истражувања. Тој најави дека и во почетокот на наредната година се планира да се објави уште еден ист јавен оглас. Тоа, според него, ќе придонесе за развој на рударството и отворање нови работни места во државава.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122991059421&id=10&prilog=0&setIzdanie=21874
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 01-Feb-2010 at 13:44
Не е темава за подфорумот Енергетика?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 01-Feb-2010 at 14:21
Ако беше исклучиво за рудници за јаглен, тогаш да
Ама вестите што ги регистриравме во најголема мерка немаа никаква врска со енергетика.


Edited by Cloverstack - 01-Feb-2010 at 14:22
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 18-Feb-2010 at 02:13
Несекојдневен потег навистина, ама ако бројката 70000 тони чист бакар е вистинска, тогаш Cheers


Бучим“ ќе прави профит и од отпадот

Од јаловината создавана три децении може да се извадат 70.000 тони чист бакар

Радовиш - Рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш изготви проект чија имплементација ќе овозможи да се искористи отпадот што е создаван во текот на тридецениското работење и да се оствари профит од тој процес. Овој несекојдневен потег во рударството ќе овозможи продолжување на работниот век на рудникот за уште едно десетлетие. „На подрачјето на рудникот имаме планина јаловина создавана низ тридецениската историја на рудникот, со тежина од 130 милиони тони. Од неа, според нашите првични стручни анализи, може да се добијат 70.000 тони чист бакар. Доколку се има предвид дека вкупниот годишен капацитет на рудникот е производство на 7.000 тони бакар, тогаш станува јасно дека целиме на потенцијал што ќе може да се експлоатира најмалку десет години“, вели Николајчо Николов, заменик-генерален директор на „Бучим“.

Историскиот отпад се наоѓа пред влезот на рудникот, а неговото ставање во производна функција ќе има значење и за подобрување на еколошката слика на ова подрачје.

Проектот наречен „Лужење“ е доставен до раководството на руската компанија „Солвеј“, која е стратешки инвеститор во „Бучим“. Истовремено проектот е испратен и до соодветен научен институт, кој врз основа на проектот ќе донесе одлука дали компанијата е подготвена во оваа иновација во рударството да инвестира дванаесет милиони евра. За реализација на овој проект „Бучим“ е подготвен да го активира и рудното тело „Вршник“, од каде што за процесот на лужење ќе се експлоатираат пет милиони тони сурова руда.

За годинава во овој рудник се планира физичкиот обем на ископаната јаловина да се зголеми за 60 проценти. Но, тоа не значи дека на крајот од процесот ќе се добие поголемо производство на бакар. Според Николов, зголеменото ископување на јаловина е резултат на фактот дека рудата во североисточниот дел на централното рудно тело од каде што сега се врши експлоатација, бакарната руда била во подолните слоеви. Годинашниов план предвидува преработка на 37.000 тони бакарна руда, од која се очекува годишно производство на 8.000 тони чист бакар и 450 килограми злато. „За реализација на производството годинава набавивме два багера, секој со носивост по сто тони, за кои плативме 1,8 милиони евра. Благодарение на оваа инвестиција ќе бидеме во можност годинава да ископаме шест милиони тони јаловина и четири милиони тони руда. Тоа е максимумот што нашата флотација може да го преработи“, потенцира Николов. (И.Б.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9661B21A94B4D24F9A40BDBC278E77D0

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 01-Mar-2010 at 22:21

„Бучим“ реализира инвестиција од 5 милиони евра

; background-repeat: repeat-x;">




 

Рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш од јануари интензивно работи на североисточниот дел од централното рудно тело ,при што се инвестирани пет милиони евра, изјави викендов заменик-менаџерот Николајчо Николов

 
 
%20  
- Во изминатите два месеци во североисточниот дел имаме експлоатирано еден милион јаловина, со што се создаваат услови да се дојде до рудата и со тоа да се овозможи континуитет на рудникот во наредните 10 години - рече тој, додавајќи дека од тој дел очекуваат експлоатација на 12 милиони тони руда, а за реализација на инвестицијата „Бучим“ веќе купи два дампера, една дупчалка и вработи 30 лица.

Во завршна фаза е и реализацијата на зафаќањето на водите од сливното подрачје на Бучим, проблем стар триесетина години, со што ќе се реши загадувањето на Маденска Река, која се слива во реката Крива Лакавица.

Раководството на радовишкиот рудник е задоволно од цената на бакарот, која на светските берзи се движи околу 7.000 долари за тон. „Бучим“ годишно произведува 8.000 тони бакар и од 300 до 400 килограми злато.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=31101032297&id=10&prilog=0&setIzdanie=21922
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 24-Mar-2010 at 13:19
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА НЕМА НИ ДЕНАР ЗА ЗАШТИТА НА СПОМЕНИЦИТЕ НА ПРИРОДАТА
 
Никој не го чува Алшар
 

"Спомениците на природата се мошне битни, особено Алшар каде што треба да се вра­бо­ти чуварска служба и да се направи план за управување, но досега ниш­то не е преземено, оти нема пари", признава ми­нис­те­рот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи

Ми­нис­терс­тво­то за животна средина и просторно планирање во го­ди­неш­ни­от буџет нема ниту денар за заштита на спомениците на природата и на заш­ти­те­ни­те подрачја. Лани за споменици на природата беа прог­ла­се­ни локалитетот Локве во Долно Коњари, Прилепско, ло­ка­ли­те­тот на скаменети фигури Куклица кај Кратово, и Алшар на планината Ко­жуф. Овие локалитети се заштитени само на хартија, додека конкретни мер­ки за нивна заштита и зачувување сe уште нема.
"Овие локалитети се мошне битни, особено Алшар каде што треба да се вра­бо­ти чуварска служба и да се направи план за управување. Но досега ниш­то не е преземено, бидејќи немавме средства. Ниту во годинешниот бу­џет имаме пари за заштита на овие споменици на природата", рече ми­нис­те­рот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.
На прашањето зошто две години по ред во буџетот нема пари за заштита на природното богатство, Јакупи се пожали дека побарале сред­ства од Владата, но оти не им биле одобрени.
Иа­ко годинава Министерството нема пари за конкретна заштита на при­род­ни­те реткости, министерот Јакупи минатата недела поднел ини­ци­ја­ти­ва до Владата Шар Планина да се прогласи за национален парк.
Пор­тпа­ро­лот на Владата Мартин Мартиноски објасни дека иницијативата за прогласување на Шара за национален парк не е отфрлена туку оти на Вла­да било договорено да се формира меѓуресорска комисија која до јули го­ди­на­ва ќе даде прецизна анализа што може да се заштити.
"Ини­ци­ја­ти­ва­та беше поздравена како добра, но предлогот не беше добро под­гот­вен. Се дискутираше во кои граници може да се заштити Шара, што ќе значи тоа од аспект на зимскиот туризам и од економски аспект, дали тоа ќе пречи за туризмот. Беше одлучено тоа детаљно да се анализира, па по­тоа да се донесе финална одлука", вели Мартиновски.
(Е.А.)
http://www.vest.com.mk/?ItemID=358C0CB3AA08474DA8CA47766D96F689

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 07-Apr-2010 at 16:02

Затвор за нелегалните копачи

Последнава година имало дваесетина нелегални ископувања минерали. Со двојното зголемување на концесискиот надомест за експлоатација на рудното богатство е зголемена наплатата, но и интересот кај инвеститорите

 

Природните богатства се важен предуслов за моќта и економскиот развој на секоја држава. Македонија нема гас, ниту нафта, но има доволно количества други суровини, кои ако неконтролирано се вадат ќе се направи пустош, а одредени рударски краеви може и целосно да замрат. За значењето на рудното богатство, концесиските надоместоци, но и санкциите, разговаравме со Ејуп Љатифи, раководител на секторот за минерални суровини во Министерството за економија.



Во завршна фаза е Стратегијата за геолошки истражувања и рационално искористување на минералните суровини за периодот од 2010 до 2030 година. Кои се целите на оваа долгорочна стратегија?

- Во документот се дава значење на основните геолошки истражувања на енергетски минерални суровини, металични и неметалични суровини, подземни минерални и термални води, искористување на енергијата од карпите итн. Од нив најголемо значење имаат јаглените, бидејќи претставуваат основна суровина за добивање електрична енергија. Во Македонија повеќе од 80 проценти од произведената електрична енергија отпаѓаат на јагленот. Така, реализацијата на стратегијата ќе придонесе за отворање повеќе рудници, продолжување на векот на работа на термоцентралите, стабилизирање и снабдувањето со електрична енергија привлекување инвестиции и усогласување на геологијата.



Колку ќе чини спроведувањето на стратегијата?

- За завршување на почнатите активности на изработката на геолошките карти, кои се во тек, и изработката на другите геолошки карти за целата територија на Република Македонија според сегашните цени од буџетот потребно е да се обезбедат вкупно 24,5 милиони евра.



Од Македонската асоцијација за рударство реагираат на голем број случаи на незаконска експлоатација, што го отежнува работењето и ја намалува конкурентноста на легалните концесионери. Претежно станува збор за диво копање песок од речните корита. Кои се вашите сознанија за ова?

- Како Министерство ние немаме ингеренции за речните корита. За тоа е надлежна управата за водостопанство. На нашата веб-страница секој граѓанин може да пријави доколку некој копа на диво. Од 15.12.2009 година до денес се регистрирани 21 бесправно копање на минерални суровини. Со последните законски измени ќе се стегне обрачот за нелегално копање и ќе се заострат казните.



Велите построги санкции. Што значи тоа?

- Со измените на кривичниот законик, кои ќе стапат во сила идниот месец, нелегалниот ископ на минерални суровини се третира како кривично дело. Тоа значи казна затвор за оние што нелегално копаат како и одземање на целокупната опрема и механизација. Веруваме дека со ова еднаш за секогаш ќе и се стави крај на бесправната експлоатација. Истовремено во тек е постапката за вработување на уште 8 инспектори, со што уште повеќе ќе се зголеми мобилноста на терен.



Од почетокот на годинава концесискиот надомест за експлоатација на минерални суровини се зголеми двојно (од 0,5 на 1 процент). Како ова се одразува на привлекување на потенцијалните инвеститори и полнење на државната каса?

- Со измените се наплаќа 1 процент според процентот на метал на тон произведен концентрат, според цените што се важечки на лондонската берза. Само по основа на концесиски надомест во државната каса се влезени над 10 милиони евра, од што само за геолошки истражувања над 2 милиони евра. Годинава се доделени околу 120 локации за геолошки истражувања, 250 концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини и околу 50 концесии за експлоатација на подземна вода за пиење. Ова покажува дека има голем интерес за добивање концесии за минерални суровини. Во Струмица и во Валандово во тек се активностите на странска компанија што врши истражување за пронаоѓање бакар, злато, сребро и други металични суровини.
 
Автор: Александар С. Димковски
 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 17-May-2010 at 13:20
Повторно поскапеа концесиите за минерали
 
Од Македонската асоцијација на рударство сметаат дека толку брзите промени многу негативно се одразуваат на работењето на рударскиот сектор  
 
%20  
%20



%20За пет месеци, три поскапувања на концесискиот надомест за експлоатација на минерални суровини. Во споредба со лани, концесискиот надомест скокна неколкукратно, со износи што се и двојно поголеми од претходно. Државата очигледно реши да го стегне ременот кога се работи за нејзиното природно богатство. „Нова Македонија“ уште минатата година во текстот „Државното богатство се распродава за бадијала“ укажа на овој проблем, за потоа од 0,5 проценти концесискиот надомест во јануари двојно да се зголеми на 1 процент. Се промени и методологијата на пресметка според количеството на метал на тон произведен концентрат, по цени важечки на лондонската берза на метали. Но државата не издржа долго со оваа цена и на 1 април одново го зголеми надоместокот на 1,5 процент. Од Владата велат дека од 1 јуни цената повторно ќе се зголеми на 2 проценти.

- Мора да се менуваат работите кога станува збор за екстракција на вредност и извлекување на природните богатства, кои не се непресушни. Затоа и го зголемивме надоместокот за концесија. Значајно е и тоа што сега надоместокот се пресметува според содржината на метал - ни изјави вицепремиерот Владимир Пешевски. Поволностите од новата методологија ги истакнуваат и во Министерството за економија.

- Само по основа на концесиски надомест досега во државната каса се влезени над 10 милиони евра, од што за геолошки истражувања над 2 милиони евра. Годинава се доделени околу 120 локации за геолошки истражувања, 250 концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини и околу 50 концесии за експлоатација на подземна вода за пиење. Ова покажува дека има голем интерес за добивање концесии за минерални суровини - вели Ејуп Љатифи, раководител на секторот за минерални суровини. Според претходната метдоологија, тој што добил концесија за цинкова руда на пример плаќал само за тоа, додека другите метали што ги има во рудата, како сребро, злато, кадмиум му биле бесплатни, велат нашите извори. Тие предупредуваат и на опасноста странските компании, кои се концесионери во нашите рудници, профитот да го изнесуваат надвор од земјата. Зголемените концесии би требало да бидат рампа и за вакво нешто. И додека власта трие раце, концесионерите се незадоволни од поскапувањата и сметаат дека тие лошо ќе се одразат на бизнис-климата, инвестициите и вработувањата.

- Толку брзите промени многу негативно се одразуваат на работењето на рударскиот сектор генерално. Компаниите не стигнуваат да направат ниту планови за буџетирање. Во споредба со претходно, зголемувањето е за четири пати. Досега рудникот „Бучим“ плаќаше 40.000 долари концесиски надомест секој месец, а сега ќе треба да плаќаме 60.000 долари месечно. Тоа се многу пари - ни изјави Николајчо Николов, директор на „Бучим“ и прв човек на Македонската асоцијација за рударство. Тој вели дека слична е состојбата и кај другите рудници, а мерката посебно ќе ги погоди новите концесионери. Со измените на кривичниот законик, кои неодамна стапија во сила, нелегалниот ископ на минерални суровини се третира како кривично дело.

 

 

 
   
Автор: Александар С. Димковски
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=517101031218&id=10&prilog=0&setIzdanie=21985

Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 13:20
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 23-May-2010 at 17:27

Рудниците имаат век на траење

Резервите од рудниците што се во работна состојба еден ден ќе бидат целосно потрошени, предупредува професорот Тодор Серафимовски

Иван Бојаџиски

ШТИП – „Македонија мора целосно да го либерализира доделувањето концесии за геолошки истражувања, бидејќи во рудните потенцијали се кријат значајни ресурси од значење за нашата економија. Ова е неопходно од две причини. Прво, државата нема доволно пари сама да финансира во геолошки истражувања. Второ, интересот на странски компании што се подготвени да вложат во истражувањата на потенцијалите на минералните суровини и развој на рударството во светот е се' поголем“, вели професорот Тодор Серафимовски. Тој е годинашен добитник на наградата „Гоце Делчев“ од областа на науката за капиталниот труд „Генеза на рудни наоѓалишта“. За оваа област Серафимовски предава цели 28 години, најнапред на рударскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а од пред три години на Факултетот за природни и технички науки при штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.

„Мора да бидеме свесни дека секој рудник има свој век на траење и дека не се обновува. Притоа мора да ги користиме поуките од минатото кога Македонија затвори три значајни рудници за железо, хром и за антимон „Тајмиште“, „Дамјан“ и рудникот кај Демир Хисар. И потенцијалот од рудниците што се во работна состојба еден ден ќе биде целосно потрошен. Најдолг век ќе имаат рудниците за олово и за цинк. Тој факт пред нас како држава ја поставува историската одговорност упорно да работиме на откривањето на новите рудни потенцијали, кои во Македонија несомнено ги има. Но, за да дојдеме до една таква фаза мора целосно да го либерализираме издавањето концесиски дозволи за истражување на минерални суровини. За ова бев голем поборник во времето кога се работеше на содржината на новиот Закон за минерални суровини“, потенцира Серафимовски.

Тој оценува дека државата има обврска да наоѓа нови рудни наоѓалишта, пред се', поради сознанијата за нејзиниот значаен руден потенцијал. „На теренот на источниот дел од државата, во реонот на Иловица кај Струмица, Казан Дол кај Валандово и во близина на Пехчево, компанијата ’Фелпс Доџ‘ од САД вложува два милиона долари во истражување на рудните потенцијали на бакар и на злато. Нивните досегашни резултати само ги потврдуваат претпоставките дека Македонија е земја со солидно рудно богатство. Во централниот, а посебно во западниот дел од државата, покрај мермерот, постојат значајни потенцијали на бакар, злато, олово, цинк, молибден. Кога постапката за добивање концесии за рудни истражувања би се либерализирала, односно кога заинтересираните странски компании побргу и без многу администрирање би добивале концесии, тие полесно би се одлучиле да инвестираат во геолошките истражувања кај нас“, убеден е Серафимовски.

Според професорот, само на ваков начин Македонија ќе може да се здобие со комплетна документација за својот руден потенцијал, која останува во домашните архиви како трајна сопственост. Од оваа работа корист ќе имаат концесионерите, државата, но и подрачјата на чии локации ќе бидат отворени новите рудници.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=56CEA2B0775B32488B4409C9B244672C
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 26-May-2010 at 20:10

Концесиите за металите да не се менуваат

Ние не сме против да се плаќа концесиски надомест и не приговараме на неговата висина, која може да биде и поголема, но сме против тој да се менува на секои три-четири месеци - рече претседателот на Македонската асоцијација за рударство при СКМ Николајчо Николов

Министерството за економија да направи добра анализа за да се утврди реалниот концесиски надомест што треба да се плаќа за експлоатација на минералните суровини и тој да биде константен, бара Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора на Македонија.

- Ние не сме против да се плаќа концесиски надомест и не приговараме на неговата висина, која може да биде и поголема, но сме против тој да се менува на секои три-четири месеци и бараме да важи најмалку пет години - рече претседателот на Македонската асоцијација за рударство при СКМ Николајчо Николов на вчерашната прес-конференција.

Тој посочи дека концесискиот надомест во Македонија, кој изнесува 1,5 отсто од просечната цена на металите на Лондонската берза, во последните неколку месеци дури три пати се менувал.

- Лани во август висината на концесискиот надомест изнесуваше 0,5 отсто од пазарната вредност на металите на Лондонската берза, на 31 јануари годинава се зголеми на 1 отсто, а од 1 мај на 1,5 отсто. Висината на концесискиот надомест во Македонија не е проблем бидејќи е релативно помала од земјите во регионот, но проблем е нејзиното често менување поради што рудниците не можат реално да ги планираат средствата за концесиските надомести во своите буџети. Вака честото менување на процентот создава несигурност кај инвеститорите, кои кај рудниците за метали се најчесто странци и дел од нив се одлучуваат да инвестираат во соседството и покрај повисоките надоместоци - рече Николов.

Тој истакна дека за последната промена на висината на концесискиот надомест воопшто не биле консултирани и разбрале по објавувањето во „Службен весник“.

Асоцијацијата побара Министерството за економија да направи добра анализа за реалниот надоместок, кој можеби треба да биде и повисок од 1,5 отсто, но да биде константен, како и да престане со честите измени на Законот за минерални суровини, основниот закон со кој се регулира работењето на компаниите што вршат истражување и експлоатација на минерални суровини.

- Македонија од производството на руда остварува значаен девизен прилив и во него се ангажирани голем број работници. Затоа очекуваме поадекватно разбирање од Министерството за економија и бараме да направи подалекурочно согледување за надоместот за концесии - рече Николов.

Според статистиката, земјава од извозот на метали пред заживувањето на рудниците во 2005 година инкасирала 0,3 милиони долари, во 2006 година 30 милиони долари, во 2007 година 70 милиони долари, а во 2008 година 158 милиони долари. Лани поради кризата девизниот прилив од металите изнесувал 104 милиони долари. Во првите три месеци од годинава од извоз на метали биле инкасирани 44 милиони долари.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=86479B37906F584BA98DA6994561D227
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 29-Jun-2010 at 19:15

Проценка за над 45 тони злато во Кратовско

09:00 | 03.06.2010 | Автор: Владимир Петрески

„Џенезис рисорсис“, австралиска компанија за истражување на минерални ресурси, која котира на австралиската берза, ја објави својата процена за нова и досега неексплоатирана жила на метали проценети во износи од 45,4 тони злато и 8.000 тони сребро во рамките на својот проект во близина на месноста Плавица во општина Кратово, објави американскиот неделник за рударство „МMining Weekly“, според соопштение на компанијата. Инаку, ова е прва процена направена во месноста Плавица според правилата на меѓународниот Заеднички комитет за резерви на руда. Во рамките на проектот е откриен и ресурс со проценет износ од повеќе од 14.787 тони бакар со просечна чистота

од 0,28 отсто. Во своето соопштение компанијата изјави дека сега ќе почне металуршкото тестирање и студија за опфатот на проектот. Директорот за развој, Педро Кастелоризос, изјави дека ова е прва процена на ресурсите кога било направена во рамките на проектот во Плавица. - Ние планираме да спроведеме понатамошни истражувања во блиска иднина, кои ќе вклучуваат екстензивна програма на дупчење, преземена од страна на компанијата во рамките на потпишаниот договор за заедничката соработка, која компанијата ја има со конгломератот „Силекс“. „Џенезис“ го потпиша договорот со „Силекс“ во декември 2007 година за концесиите врз Плавица и Црн Врв, месности во близина на Кратово, кои официјално беа доделени од страна на Министерството за економија на владата на РМ по пролонгиран период на одложување. Во рамките на договорот меѓу двете компании, интересот на „Џенезис“ изнесува 62 отсто и компанијата целосно го финансира истражувањето и студијата за економска оправданост, а исто така и управува со сите операции во рамките на проектот. Кастелоризос додава дека компанијата, исто така, планира и програма на целосно истражување кое ќе се однесува на претходно идентификуваните можности во рамките на територијата што ја има добиено под концесија. Проектот е составен од две лиценци за истражување, кои покриваат околу 200 квадратни километри во карпатскиот вулкански лак, сегмент кој поминува низ Југоисточна Европа и има огромни потенцијали за откривање на минерализација на злато, бакар и сребро. - Компанијата има голема доверба во истражувањето и потенцијалните рударски можности во овој дел од југоисточна Европа и овие резултати ја оправдуваат таквата доверба - коментира Кастелоризос.

http://www.time.mk/read/f616275865/8aaf394974/index.html
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 14-Jul-2010 at 14:27

Бучим од јаловина ќе произведува чист бакар

Од отпад до скап производ. Бучим почна со реализација на проектот кој предвидува од јаловината складирана во изминатите триесетина години да произведува чист бакар.

Инвестицијата чини 9 милиони евра, а ќе се произведуваат од 2 до 3 илјади тони електролитен метал годишно. Во јули 2011 година од Македонија ќе биде извезен првиот бакар со домашен квалитет.

- За прв пат во Македонија ќе се појави готов производ на електролитен бакар. Значи ќе изградиме мала електролиза од која ќе се добие нов производ, чист бакар кој ќе се извезува од Македонија во количина од 2-3 илјади тони вели директорот на Бучим Николајчо Николов.

На глобално ниво недостасува овој метал, па оттука и оптимизмот на менаџерскиот тим дека цените ќе се задржат и ќе одат во нагорна линија. Однапред било продадено производството за наредните десет години.

- Пазарот е отворен, прашањето кај овие метали е цената инаку колку ќе се произведе толку и ќе се продаде. Ние го имаме продадено производството за наредните 10 години. Воопшто не е проблем пласманот туку цената на берзите но очекуваме дека и тука нема да има многу колебања, цената е стабилизирана и ќе остане на ова ниво кое е на задоволително ниво за позитивно работење во Бучим - вели Николов.

Николов вели дека иако вложените средства не се големи, проектот е од огромно значење како за Бучим така и за Радовиш, бидејќи металите ќе бидат извадени, а јаловината ќе биде пошумена. Од друга страна пак и во криза новото производство ќе обезбеди работа за четириесеттина радовишани.

- Во наредните 20 години се решава еден многу еколошки момент. Ќе се извади металот од јаловината, ќе се умртви јаловината и тоа во иднина нема да претставува опасност за човековата околина. Тоа за нас не е голема инвестиција но е битен проект за Радовиш и цела Македонија. Ќе се направи континуитет бидејќи нашиот рудник е проценет на уште десет години потоа ќе нема рудни резерви. Но за овие 10 години ќе се појават и ние ќе учевствуваме на тендери, ќе се појават нови наоѓалишта каде имаме желби рудникот да го зголемиме што подолго можеме - вели директорот Николов.

Рудниците годинава работат со полна пареа. Само во Бучим двојно е зголемен ископот.

Првично планираните 6 милиони тони до крајот на годинава со сиугурност ќе бидат надминати при што очекуваат производство од над 12 милиони тони руда и јаловина.

А овој несекојдневен потег во рударството само ќе го продолжи животниот век на рудникот за уште десеттина години.

Борче Пауновски

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/buchim-od-jalovina-ke-proizveduva-chist-bakar

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 20-Jul-2010 at 05:24

Тополница сака колективна селидба

Со досегашните екоинвестиции и со очекуваниот почеток на производство на бакар од јаловината, „Бучим“ нема да биде опасен за човековата околина, тврдат од радовишкиот рудник, а жителите на Тополница не се откажуваат од барањето за дислокација на селото

Радовишкиот рудник „Бучим“ веќе нема да биде закана за селото Тополница, чии жители, поради загадена вода и прашината од јаловиштето, неколку години бараат селото да се премести на нова локација, ветува раководството на рудникот. Со реализацијата на еколошкиот проект вреден 1,5 милион евра, со неодамнешното поземјување и пошумување со 45 илјади садници на јаловиштето старо три децении, како и со новата инвестиција од девет милиони евра за производство на бакар од старата јаловина, „Бучим“ повеќе нема да ја загадува животната средина, а и ќе се справи со големото количество отпад складиран на коповското јаловиште. Еден милион од парите за проектот се холандска донација преку УНДП, а 500 илјади евра беа инвестиција на рудникот. Жителите на Тополица неколку години бараат селото да се дислоцира покрај магистралниот пат Радовиш - Штип, три километри подалеку од сегашната локација. Загадени беа и околните реки, чија вода беше сина од присуството на метали.

Раководството на „Бучим“, единствениот рудник за бакар во Македонија, ветува чиста животна околина, пред почетокот на реализацијата на новата капитална инвестиција за производство на чист електролитен бакар од старата јаловина. Сега „Бучим“ произведува само бакарен концентрат, кој се топи во Бугарија. Ако потребните дозволи се добијат навреме, руски „Солвеј“, кој го купи и го рестартира рудникот пред пет години, очекува производството и извозот на по две-три илјади тони бакар годишно како финален производ да почнат од јули 2011 година.

- Освен отворањето на педесетина нови работни места. со новата инвестиција ќе го продолжиме и векот на рудникот за десетина години, односно очекуваме негова активност уште две-три децении, а во меѓувреме ќе се истражуваат и нови рудни резерви. Со новата технологија, со лужење, односно со растворање на бакарот од оксидната бакарна руда, и со електролиза ќе добиваме чист електролитен, односно катоден бакар од историскиот отпад на коповското јаловиште. На него се складирани 140 милиони тони јаловина, со присуство на бакар од околу 0,1 отсто, што е неисплатливо за преработка во топилница. Со новиот метод, од 140-те илјади тони бакар од јаловината ќе може да се извадат половината, односно околу 70 илјади тони - објаснува Николајчо Николов, заменик-генерален директор на „Бучим“.

Тој истакнува и дека на овој начин се затвораат еколошките проблеми присутни уште од отворањето на рудникот во 1979 година.

- Дефинитивно, ова значи умртвување на коповското јаловиште. Системот е модерен, со затворен циклус и не претставува никаква опасност за животната средина. Со овој и со досегашните зафати повеќе нема да има загадена и сина вода во околните реки, а ќе работиме и на дополнително чистење на Меденска Река - вели Николов.

Жителите на Тополница, најголемото село населено со Турци-Јуруци во општината Радовиш со 130 семејства и 600 луѓе, на овие најави реагираат воздржано и не веруваат дека долгогодишните проблеми ќе се решат. Нагласуваат дека водата во Тополничка Река сега била бистра, но не била чиста, па во неа немало жив свет. Водата не била чиста за пиење ни во многуте селски бунари. Со техничка вода семејствата се снабдуваат од хидрофорски системи, а со вода за пиење од резервоар на „Бучим“. Но, таа вода е достапна само за една третина од жителите. Другите одат со километри за да донесат чиста вода.

- Дај боже да биде така како што вели раководството на „Бучим“. Ние него не го обвинуваме. Тие го купија рудникот пред пет години, а проблемите се присутни одамна. Изгледа при изградбата на секој рудник мора некој да биде жртвуван, да биде колатерална штета, а во случајот тоа сме ние. Рудникот бил изграден, а Тополница осудена на смрт, без право на жалба. Не го повлекуваме барањето за дислокација на селото, кое го испративме до радовишката локална самоуправа, а преку пратеници и до Собранието на Македонија. За реализација на идејата баравме парична поддршка и од Турција - вели Усин Усинов, претседател на Месната заедница во Тополница и претседател на Здружението на јуручките Турци во источна Македонија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CD50A275478FC440B016BA27D57EF9C8
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 25-Aug-2010 at 18:26

Економија

Инвестиции во прилепско

Нов%20рудник%20започна%20со%20работа%20во%20околината%20на%20Прилеп%20

Нов рудник започна со работа во околината на Прилеп

25.08.2010

Во околината на Прилеп, кај селото Нов Присад, започна со работа нов рудник, инвестиција на македонско-турски конзорциум. Веќе се ангажирани 50 работници.

Македонско-турскиот конзорциум што го сочинуваат двете фирми, „Орто-мермери„ и „При Мар Интернационал„ и покрај кризата одлучија да инвестира во рудникот за експлоатација на надалеку прочуениот прилепски мермер. Почетната инвестиција е вредна околу 4 милиони евра, а веќе се ангажирани 50-ина работници.
Овој бизнис и овој камен што го поседува Република Македонија и Општината Прилеп е еден од најатрактивните во светот. Концесијата според сите истражувања покажа дека има доста доволно капацитети за експлоатација, времетраењето на концесијата за 20 години, ни даде простор за понатамошни инвестирања и вложувања и развој на овој бизнис


,,Овој бизнис и овој камен што го поседува Република Македонија и Општината Прилеп е еден од најатрактивните во светот. Концесијата според сите истражувања покажа дека има доста доволно капацитети за експлоатација, времетраењето на концесијата за 20 години, ни даде простор за понатамошни инвестирања и вложувања и развој на овој бизнис, така да тоа ни беше предизвик и покрај кризната година, се решивме да инвестираме."

Изјави Феркан Бербери, управител на турската фирма „При Мар Интернационал„, И од „Орто-мермери„ посочуваат на бизнис-мотивите.

,,Овој конзорциум понуди најквалитетни услови, најјасна визија и најстабилна позиција во нивната визија како ова да работи. Брендот на нашиот камен да биде присутен во целата дистрибутерска мрежа."

Вели Мишо Веселиноски, директор на „Орто мермери„.Концесијата е добиена за период од 20 години, во должина од 2,5 километра. Плановите на инвеститорите се во догледно време, тука да се изгради и фабрика за финално производство на мермерни плочи, со што ќе се задоволат потребите на потрошувачите ширум светот. Зашто мермерот е во редот на производите чија побарувачка на светскиот пазар, не е условена на светските финансиски движења.

,,Значи ние имаме спремно се за нив, комплетна инфраструктура и фабрика е спремна, но динамиката ќе каже овој рудник како ќе движи, која брзина, за да можеме да дојдеме до тоа. Се што е добра светска пракса, ќе се примени."

Прилеп
Додава Веселиновски.Оваа извозно ориентирана компанија, веќе обезбедила пазари во Турција, Хонг Конг, Дубаи, Абу Даби и Италија.

,,Сега сме сконцентрирани на отворање на првите етажи во рудникот и вадење на комерцијалните блокови. Според сите испитувања и истражувања што се извршија во претходниот период, очекуваме да на годишно ниво достигнеме од 5-6 000 кубни метри."

најавува Бербери. Секако со зголемување на обемот на производство, ќе се зголемува и бројот на нови вработувања. Околината на Прилеп, особено Мариовско е се поатрактивно за странските, во најголем број грчки инвеститори кои трагаат и експлоатираат рудни богатства, што ги извезуваат на пазарите ширум светот, остварувајќи висок профит.

http://www.makdenes.org/content/article/2137392.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 27-Aug-2010 at 09:02
Германска инвестиција за нов рудник за „габро“ во село Пантелеј, Кочанско

Кочани, 26 август 2010 (МИА) -  Германскиот инвеститор Гинтер Капраун и неговата фирма продолжуваат со инвестициските активности во селото Пантелеј Кочанско, за откривање на рудата „габро“.

- Добиените резултати охрабруваат, а досегашните испитувања на рудата „габро“ од лежиштето кај село Пантелеј се со добар квалитет, со голема густина и специфична тежина, изјави Капраун.

Тој смета дека каменот од типот  „габро“ е иднинатата на градежната индустрија во Македонија и светот.

- Се планира набавка на машина за дробење на цврстиот камен во гранулации со различна големина, според барањата на пазарот, истакна Капраун.

Овој производ може да се употребува во градежната индустрија за производство на асвалт за аеродромски писти и патишта со голема цврстина.кг/вј/17:49

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=76455295&lId=1&pmId=
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 25-Oct-2010 at 18:28

Каменица гледа со страв кон иднината

На рудникот „Саса“ му даваат уште 12 години. Што ќе прават потоа жителите на рударското гратче

Иван Бојаџиски

Каменица – Рудникот „Саса“ ќе работи најмногу уште дванаесет години. Таква изјава доаѓа од раководството на најдобриот и најпрофитабилниот рудник за олово и цинк на Балканот. И додека меѓу жителите од рударското гратче постои страв од иднината, рударски и геолошки стручњаци ценат дека место за паника нема, но само под услов на случајот да почне да се работи уште од денес.

„Лично мислам дека со сегашното темпо и со начинот на вадење руда од јамите на ’Саса‘ рудникот нема да живее ниту дванаесет години. Но, тоа е само еден од проблемите што му се закануваат на рударскиот град како можност за исчезнување.

Најголем проблем е тоа што на подрачјето пребогато со руда воопшто не се работи на подготовките за експлоатација на нови рудни резерви, кои би биле ставени во функција откако постојните ќе бидат исцрпени“, вели Марин Александров, доктор на геолошки науки, еден од најценетите европски геолози, кој долго време беше главен геолог во овој рудник и ги знае сите негови вредности, а сега работи за странска компанија што истражува нови рудни лежишта во Македонија.

Според него, дванаесет години се веќе утре. На тој дел од Осоговијата има рудни резерви што овозможуваат „Саса“, со една контролирана и во исто време економски исплатлива и профитабилна експлоатација, да работи и во наредните најмалку сто години. „Ако не се постапува во таа насока тогаш Македонска Каменица ќе се најде пред прашањето на својот опстанок, бидејќи целиот економски и социјален живот во оваа општина се темели на монопроизвод, односно на капацитетите на ’Саса‘“, нагласува Александров.

Тој е еден од оние експерти што тврдат дека во „Саса“ се експлоатираат само деловите најбогати со метали, додека оние со послаби содржини се занемаруваат. Тоа, според него, носи високи профити и ја вбројува „Саса“ меѓу петте македонски компании со најголема добивка во минатата година, но другата страна на медалот е содржана во фактот што таквата експлоатација битно влијае на намалувањето на животниот век на рудникот.

„Во ’Саса‘ има и еден друг феномен, а тоа е фактот што таму исклучително малку се работат истражно–подготвителните работи, па и поради тоа инвеститорот нема многу трошоци и остварува високи профити“, тврди овој експерт.

Најголемите геолошки истражување на ова подрачје се правени во периодот 1970-1985 година. Биле извршени геофизички работи и било докажано огромното присуство на олово и цинк на подрачјето на Осоговските Планини. Тие истражувања овозможиле рудникот да работи од 1966 година досега и да има иднина под услов со него рационално да се стопанисува.

Дека овој рудник има перспектива за наредните сто години тврди и Љупчо Трајковски, до неодамна рударски инспектор, кој во седумдесеттите години беше и управник во „Саса“. Тој, за разлика од Александров, тврди дека актуелниот сопственик на „Саса“ водел и води политика на правилна експлоатација на минералните суровини и оти високите профити биле резултат на големите вложувања на оваа компанија и на добрите цени што оловото и цинкот ги постигнуваа на берзата.

„Постојано се говори за начинот на кој се врши експлоатацијата на рудното богатство во овој рудник и се изразуваат сомневања во насока дека се експлоатираат само најбогатите делови со метали. Пред две години во Министерството за економија дојде рударски стручњак, кој порано работел во овој рудник, и побара да се изврши увид во однос на оваа проблематика. И овој стручњак на самото место се увери дека нема ништо спорно во однос на ова прашање“, појаснува Трајковски. Конечно, секако дека и за сегашниот инвеститор е поисплатливо да работи на зголемување на векот на рудникот со отворање нови јамски простори, бидејќи купувањето и активирањето нови рудници на други места е многу сложен и скап процес, појаснува нашиот соговорник.

Градоначалникот на малата рударска општина, Дарко Митевски, вели дека и тој е загрижен за иднината на општината доколку рудникот престане да работи во 2022 година. „Ние немаме друга стопанска база, па во прашање се доведува иднината на 8.810 жители од нашата општина. Пред рестартирањето на рудникот голем број млади заминаа на работа во странство, а новиот старт на ’Саса‘ покажа дека овој капацитет е темел на севкупниот економски и социјален живот, дека за него, едноставно, нема замена. Општината од рудникот, на име концесија, добива пари во висина од 60 проценти од нашиот општински буџет, што доволно говори дека без ’Саса‘ општината нема иднина. Како градоначалник ќе барам од Министерството за економија да ја оцени состојбата и да се најде начин рудникот да живее и во наредните сто години, бидејќи за тоа постои основа“, вели Митевски.

Разговаравме и со десетина граѓани за најавениот крај на „Саса“. Група млади момчиња велат дека ќе ни дадат изјава, но без име и презиме.

„Во нашето гратче има само 2.000 жители, сите други заминаа на работа во странство. Во нашите згради и куќи свети само по една светилка. Само за Богородица за Италија заминаа 300 млади луѓе, а се вратија само педесетина. Младите заминуваат, бидејќи во ова место има живот само за вмровци, градоначалникот е биро за вработување, тој кажува кој и каде ќе се вработи, во рудникот се примаат само лица од списокот на Митевски. Не смееме да зборуваме со име и презиме, бидејќи на 2.000 луѓе имаме 70 полицајци, па само ако кажеш нешто против неправдите веднаш ќе имаш проблеми, ти или твоите блиски. А за рудникот, па и врапчињата во Каменица знаат дека газдите се тука за во колку што е можно покус рок да соберат што повеќе пари и да фатат магла, да најдат некои други кокошки што на вака мизерен начин ќе можат да ги искубат, а притоа државата да не води сметка за своите граѓани“, со видна доза на револт зборуваа овие млади луѓе.

На друга локација разговараме со стар познаник, кој во најдобрите години на рудникот и на градот беше еден од позначајните стручњаци, а сега е пензионер. Човекот ја знае проблематиката и вели дека ако газдите не инвестираат во нови рудни наоѓалишта, со сегашното темпо на експлоатација, нема шанси „Саса“ да работи повеќе од седум-осум години.

„Тоа за овој крај ќе биде катастрофа, нас ќе не' снема, бидејќи ќе нема од што да се живее. Овде премногу се говори за лошата експлоатација на рудата и некој од државата мора да го провери тоа. Во социјализмот имаше седум услови што мораше да ги исполнува рудникот, меѓу нив и социјалниот елемент, но и политичкиот во кој спаѓаат опстанокот и развојот, односно среќата на населението во општината. Овде не смее да се работи само за интересите на инвеститорот, туку и за иднината на цела една општина. За тоа државата мора да има ингеренции, да поведе сметка“, ни рече овој човек. (И.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E8296D518540644F88D56750CDA5D865
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 05-Nov-2010 at 00:21

„Бучим“ го продолжува векот за две децении

Единствениот рудник за бакар конкурира за концесија за рудните лежишта „Боров Дол“ и „Кадиица“

Иван Бојаџиски

Штип - За единствениот македонски рудник за бакар „Бучим“ работа ќе има и во наредните две децении. Со отворањето на две нови рудни наоѓалишта, векот на работа на „Бучим“ ќе се зголеми за уште десет години, па заедно со сегашните рудни резерви што се експлоатираат, овој капацитет ќе може да работи и во наредните дваесетина години. Станува збор за рудните лежишта „Боров Дол“ во соседната општина Конче и за рудното лежиште „Кадиица“ кај Пехчево, за кои радовишкиот рудник преку две свои фирми-ќерки формирани специјално за оваа намена, конкурирал за геолошки истражувања.

„’Боров Дол‘ е оддалечен од нашиот рудник само осум километри и оттаму рудата, ако ја добиеме концесијата, ќе ја носиме со транспортни ленти што е една исплатлива можност. Бакарната руда од ’Кадиица‘, која е оксидна, што значи дека за нејзина преработка не е потребна флотација, ќе ја преработуваме на самото место за што ќе изградиме соодветен погон. Рудата од ’Боров Дол‘ е сулфидна, иста како што е во лежиштето што го експлоатираме сега, што овозможува да се преработува во капацитетите на самиот рудник и што целата инвестиција ја прави исплатлива и профитабилна“, вели Николајчо Николов, претседател на Македонската рударска асоцијација.

„Но, пред тоа ние ќе мораме да вложиме значајни инвестиции во детални геолошки истражувања, па со елаборат за утврдените рудни резерви откако резервите ќе бидат утврдени ќе го очекуваме конечното доделување на концесијата по што ќе можеме да започнеме со работа на терен“, појаснува Николов.

Во Министерството за економија во понеделникот вечерта се отвораа понудите за нови концесии за истражувања во областите на металните и неметалните суровини, подземните води и украсните камења. Над стотина заинтересирани фирми во малата и претесна сала на ова Министерство будно го следеа процесот, со надеж дека секоја од нив ќе ја има најдобрата понуда. Министерството за економија пред 45 дена распиша јавен тендер за доставување понуди за геолошки истражувања на вкупно 73 локации, меѓу кои 54 локации се за неметални суровини, девет за подземни води, осум за метални суровини и два за украсни камења. За сите нив имало многу интересенти.

„Невообичаено голем беше интересот кај нашите фирми за добивање концесија за истражување во овие области што говори дека е профитабилно инвестирање. Големиот интерес е најдобар знак дека од нашава држава има големи потенцијали на разновидно природно богатство и согласно со тоа дека стои потребата од почесто распишување тендери и доделување концесии како за геолошки истражувања, така и за експлоатација на тоа богатство. Конечно, од сето тоа корист ќе имаат компаниите, невработените и државата, која ќе го збогатува буџетот од концесиите“, вели Николов.

Според него, за Македонија е значајно тоа што имаше тендер за доделување концесии за геолошки истражувања, кој дојде по пауза од цели четири години. „Интересот покажа во која насока треба да се развива дел од економската иднина на државата“, вели Николов.

Инаку, во „Бучим“ во тек е реализација на најновата инвестиција вредна девет милиони евра со која треба да се овозможи преку систем на лужење да се искористи оксидната руда од сегашните копови, која не може да се преработува по пат на флотирање во флотацијата на рудникот. На ваков начин се отвора можноста за добивање годишно производство од 2.800 тони катоден бакар, со што вкупното производство ќе се зголеми од 7.000 на 9.800 тони катоден бакар на годишно ниво. За потребите на лужењето ќе се изгради нова хала од 2.000 квадратни метри и ќе се отворат 60 нови работни места.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D59CDBB4E65F2A4CB39FCE2EBC115E0D
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 23-Nov-2010 at 23:26

Нема куп пари, ама може да се продава приказната за Алшар

Во рудникот има ретки минерали, но тие немаат вредност во милиони евра

Сања Наумовска



Алшар не крие никаква мистерија, ниту, пак, огромни богатства, смета научната јавност. Во рудникот се наоѓаат ретки минерали, од кои неколку ги има само на ова место. Но, тие немаат вредност која се мери во милиони евра. Алшар е најголемо лежиште на талиум во светот, а во него се најдени и 13 различни минерали на оваа руда. Од нив осум ги има само на ова место.

Приказните дека тие претставуваат неискористен економски потенцијал кој може да донесе огромни профити се далеку од реалноста, сметаат стручњаците. Потврда за тоа е побарувачката за талиум на светските берзи, која не ги оправдува овие наводи.

Привлечноста на ретките минерали е во спектарот на бои, од жолта до црвена, кои им ги подарила природата, како и реткоста на нивната појава, во толкав број на едно место. Минералите, заедно со приказните и мистериите што се плетат со децении околу рудникот, можат да се продадат само на туристи.

Алшар минатата година е прогласен за споменик на природата, но за да стане вистинско туристичко место му недостасува инфраструктура. За добро да се продаде приказната дека фалангите на Александар Македонски на штитовите имале мали сонца од минералот лорандит, со кои ги заслепувале противниците и лесно ги победувале, треба туристите да се донесат до Алшар. Мора да се изгради патот, да се обезбеди околината, да се направат ресторани. За туристички прошетки во рудникот треба инвестиција и во старите ходници кои одамна се небезбедни.

Од друга страна, пак, за ископување и преработка на рудата се потребни огромни инвестиции, кои не можат да се оправдаат со резервите рудно богатство што лежат под земја. Талиумот, велат стручњаците, моментно се користи само за подобрување на квалитетот на некои челици. Се јавува и како отпаден материјал во топилнички процеси, при обработката на олово и цинк. Се произведува во мали количини и е скап, но и потребата од него засега не е голема. Поради тоа, се смета дека инвестиции во рудни ископувања само заради талиум не се економски оправдани, велат експерти.

За Трајче Стафилов, професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, Алшар е природно богатство, а не мистерија. „Приказните за скриени блага датираат од седумдесеттите години на минатиот век, кога беа актуелни експериментите за детектирање на честичките неутрино, со кои научниците сметале дека подобро ќе се разберат процесите што се одвиваат во јадрото на сонцето. За нив им бил потребен лорандитот, еден од минералите на талиумот, кој го има во Алшар. Бидејќи експериментите ги правеле тимови научници од САД, тогашната југословенска влада не им дозволила вадење руда од Алшар. Во годините што следувале се менувале групи истражувачи, а кај населението се зголемувала мистеријата што има во Алшар толку вредно“, објаснува Стафилов.

Сепак, вели тој, испитувањата на неутриното завршија пред повеќе од една деценија, а двајца физичари, Дејвис и Кошиба, кои ги направија експериментите, во 2002 година добија Нобелова награда за физика. „Фактот што за детектирање на сончевото неутрино не беше искористен лорандитот ја расчистува мистеријата за богатствата на Алшар“, вели професорот Стафилов.

Алшар е богат со арсен и антимон, а злато, сребро и талиум има во трагови. Најголема резерва, утврдена при последните испитувања пред триесетина години, има од арсен антимоновата руда. Проблемот, според Стафилов, е што се појавуваат како поврзани елементи, а процесот на одвојување е тежок, бидејќи во антимонот не смее да има арсен. „Доколку во иднина технологијата напредне во насока на олеснување на овој процес, можеби резервите на антимон во Алшар ќе станат интересни за инвестиција. Другото, засега е неисплатливо“, смета Стафилов.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8A44131B725E024A80B4E626460D6049
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.