build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 24-Dec-2010 at 20:21

Русите се заинтересираа за македонскиот бакар

СКОПЈЕ / 24.12.10 / 10:00

Нов рудник на бакар треба да биде отворен кај Пехчево со 100 рудари, додека на две нови локации во источна Македонија, исто така, Русите ќе трагаат по лежишта на овој метал.

 

Македонската влада, како што пишува „Утрински весник“ донела одлука на две нови фирми од семејствотот на руската компанија „Солвеј“ да им додели концесии за истражување на минерални суровини.

 

Новите локации за истражување се наоѓаат во источниот дел на земјата, едната кај Пехчево, а другата во атарот на општините Конче и Штип.

 

Новоформираните фирми кои ќе трагаат по бакарот, имаат обврска да ги испитуваат наоѓалиштата и евентуалното богатство за период од најмногу четири години.

 

Руската компанија „Солвеј“ е сопственик на рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица, како и рудникот за бакар „Бучим“, кај Радовиш.

 

Истражувањата ќе бидат насочени исклучиво кон рудните резерви на бакар , кои се претпоставува дека во тие наоѓалишта ги има во количини кои гарантираат профитабилно производство

http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=15184
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 24-Dec-2010 at 21:19

Русите се запалија за нашиот бакар

Отворањето на рудникот кај Пехчево ќе вработи луѓе од Малешевијата

Иван Бојаџиски


ШТИП - Нов рудник за бакар ќе биде отворен кај Пехчево, а таму ќе бидат вработени стотина рудари. На нови локации во источниот дел на Македонија, едната кај Пехчево, а другата во атарот на општините Конче и Штип ќе се истражуваат резервите бакар. Владата донесе одлука со која на две нови фирми од семејството на руската компанија „Солвеј“ им додели концесии за истражувања минерални суровини. Новоформираните фирми, „Кадиица метали“ за пехчевскиот атар и „Боров Дол“ за атарот во општините Штип и Конче, имаат обврска да го испитаат богатството на наоѓалиштата најдолго за четири години.

„Солвеј“ за истражувањата во месноста Кадиица кај Пехчево ќе плати 9,2 милиони денари, а за истражувањата во месноста Боров Дол 3,5 милиони денари. Руската компанија „Солвеј“ ги поседува рудникот за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица и рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш. За управител на „Кадиица метали“ е назначен Николајчо Николов, заменик-генерален директор на „Бучим“.

„Истражувањата ќе бидат насочени исклучиво кон рудните резерви бакар. Од определени поранешни истражувања се претпоставува дека бакар има во количини што гарантираат големо производство и профитабилно работење. ‘Солвеј‘ е подготвена во отворањето на рудниците да вложи онолку инвестиции колку што ќе биде потребно. Во овој момент е познато дека во новиот рудник, за кој сме стопроцентно убедени дека ќе биде отворен кај Пехчево, ќе бидат вработени над сто рудари. Тоа ќе биде од посебно значење за подобрувањето на социјалната слика во неразвиеното малешевско подрачје“, вели Николов.

Тој смета дека истражувањата ќе бидат завршени за најмногу две години. Откако тој процес ќе финализира, новите претпријатија формирани од „Солвеј“ ќе имаат 120 дена за да поднесат елаборати за извршените детаљни геолошки истражувања до Министерството за економија. Овој ресор ќе врши надзор за време на истражувањата.

„Концесиското поле кај Пехчево, каде што ќе има рудни истражувања, зафаќа површина од 12,35 квадратни километри. Таму ќе отвориме рудник на оксидна бакарна руда, за чие финално производство не е потребна флотација. Поради тоа, таму ќе има и погон за лужење, а преку таа постапка се добива готов производ. Во атарот на Боров Дол ќе се истражува простор од осум квадратни километри. На оваа локација бакарот е катоден, односно ист каков што сега се преработува во рудникот ‘Бучим‘. Бидејќи оваа локација од рудникот е оддалечена осум километри, планираме суровата руда до флотацијата да ја пренесеме преку транспортна лента што е најдоброто можно решение“, појаснува Николов.

Со ископот на руда од локацијата Боров Дол, рудникот „Бучим“ ќе го продолжи векот за уште десет години. Со сегашната експлоатација на постојните рудни лежишта овој капацитет ќе функционира најмалку две децении.

И додека од „Солвеј“ се подготвуваат за нови инвестиции во експлоатацијата на бакар, „Бучим“ годинава ги урна сите рекорди во производството.

„Тековната година ја завршуваме со ископана рудна маса од 14 милиони тони, што е рекорд во 32-годишното постоење на рудникот. Тој факт не' охрабри, па затоа за идната година поставивме план за ископ на рудна маса од 14,5 милиони тони. За тој успех придонесоа вработените, но и инвестициите од пет милиони евра во нова опрема. Почнавме и инвестиција вредна девет милиони евра за фабрика за катоден бакар од рудното тело „Вршник“, што е прво производство на ваков вид бакар во вкупната историја на македонското рударство“, потенцира Николов.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=690E1957D880084AA112CC47A3B24E0D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 27-Dec-2010 at 08:10

Бакарот урива цени и отвора рудници

И американската компанија „Фелпс Доџ“ најавува отворање рудник за бакар во Струмичко

Иван Бојаџиски


ШТИП - Најавата дека руската компанија „Солвеј“, која во Македонија ги поседува рудниците „Бучим“ и „Саса“, ќе отвора уште два нови рудника за бакар во источниот дел на Македонија, стана топ-тема меѓу луѓето од ова подрачје. Но, не се само Русите заинтересирани за нашиот бакар. И американската компанија „Фелпс доџ“ најавува отворање рудник за бакар кај струмичкото село Иловица, кој ќе биде меѓу најголемите во Југоисточна Европа.

Целиот овој интерес на странски инвеститори за македонскиот бакар пред три години, во разговор за „Утрински весник“, го најави Николајчо Николов, заменик генерален директор на рудникот „Бучим“. Николов, кој е и претседател на македонската рударска асоцијација, тогаш изјави дека доаѓа време кога бакарот во светот ќе се бара на лажичка. Тоа пророштво се остварува последните две години, време во кое цената на овој метал доживеа фантастичен скок на светската берза на метали, а и златото, кое го има во бакарната руда во однос на цената ги урива сите рекорди.

„Цената на тон бакар се искачи на 9.000 долари што е за трипати поголема цена од онаа што ја имавме пред шест години кога „Солвеј“ го купи рудникот „Бучим“. Ценовниот скок е резултат на фактот дека светската економска криза веќе стивнува и многу индустриски гранки, кои имаат потреба од овој метал, повторно работат со полн капацитет. Од друга страна, производството на бакар во светот е лимитирано, а зголемената побарувачка ги натера сопствениците инвестиционо да се свртат и кон рудници со поскромна содржина на метали. Меѓу таквите капацитети е и нашиот „Бучим“ како единствен рудник за бакар во Македонија. Ако во поранешна Југославија во рудниците од ваков тип воопшто и не била третирана оксидната бакарна руда, денес тоа повеќе не е така. Преку систем на лужење се оди на производство и на оксиден бакар, постапка за која инвеститорот „Солвеј“ само во рудникот „Бучим“ вложува 9 милиони евра. Таква бакарна руда ќе се експлоатира и во рудникот, кој рускиот инвеститор планира да го отвори кај Пехчево. Сега, во новонастанатите услови, се оди на експлоатација на секој грам бакарна руда“, вели Николов.

Последниве шест години интензивно се работеше на истражни рударски работи и во струмичка општина, поточно во близина на селото Иловица. Истражните работи се при крај, а оттаму пристигнуваат информации дека се работи за едно од најбогатите лежишта со бакарна руда во Југоисточна Европа. Концесијата на две локации во овој атар ја има добиено американската компанија „Фелпс доџ“, која без прекин ги извршува истражните работи. Дознаваме дека се работи за огромна количина рудни резерви со повисока содржина на металот во суровата руда од онаа што се експлоатира во „Бучим“. Нашите информации говорат дека во првата половина од идната година Министерството за економија ќе распише оглас за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини на локалитетот Иловица, при што предност има компанијата, која инвестирала во истражните работи под услов таа да е заинтересирана на условно речено „своја“ локација да отвори комплетно нов рудник за бакар.

Југоисточниот дел на Македонија, од Крива Паланка преку Македонска Каменица, Делчево, Берово, Радовиш и Струмица е македонското елдорадо на обоени метали. Оттука не е за чудење фактот што странски инвеститори покажуваат се' поголем интерес за нашето рудно богатство. Од тоа нема да профитираат само инвеститорите, туку и државата, но и општините на чии територии се рудниците.

„Секој рудник издвојува по два процента од вредноста на металите и таа сума ја уплатува на сметка на државата од каде што поголемиот дел се префрла во општинските буџети. Само минатата година на име концесија за оствареното производство исплативме еден милион евра. Од оваа сума 780.000 евра се за општина Радовиш, бидејќи 78 проценти од вкупната сума е наменета за општината, а 22 проценти за државата. Тоа говори дека отварањето на рудници двојно ги препородува локалните заедници. Еднаш преку вработувањето, а втор пат преку големите пари, кои се уплатуваат во општинските буџети“, тврди Николов.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F1FA28D09202C14EB30BDC24150C63DB
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 27-Dec-2010 at 12:50

Ретките метали ги фрламе како нуспроизвод


Топилницата во Велес во периодот 1989-2003 година и испорачала на странска компанија 47.066 тони бакарен шликер - нуспродукт од рафинирање на суровото олово, во кој имало 160 тони индиум, како и 490 тони ликвациско олово, нуспродукт од рафинирање суров цинк, со 9 тони индиум

 
 
%20  

Глобалната трка за економска моќ и превласт меѓу државите сé повеќе станува трка по ретките метали, кои се неопходни за развој на новите технологии. Без литиум, индиум, германиум, паладиум... невозможна е изработката на компјутерски дисплеи, ЛЦД-екрани, батерии, интегрални кола, оптички кабли и други уреди. Во Македонија ваквите минерали или ги нема, или се продавале како нуспроизвод, заради недостиг на технологија за нивно издвојување. Ретките метали не се наоѓаат во слободна форма, како посебни лежишта, туку најчесто се врзани во оловоцинковите руди. Кај нас најпознат и најзастапен е индиумот, кој го има во значајни количества во оловоцинковата руда, иако неговото присуство не беше валоризирано финансиски, тврдат експертите.

- Главна употреба на индиумот е преку заеднички оксиди со калај во производството на ЛЦД, плазма и друг вид дисплеи за телевизори, монитори и слично. Оловоцинковите руди што се експлоатираат во рудниците „Злетово“ и „Саса“ содржат атрактивни концентрации на ретките метали индиум и галиум, цинковите концентрати содржат 170 до 200 грама индиум по тон концентрат, кои пазарно можат да се валоризираат само преку сопствени топилнички капацитети. Топилницата во Велес во периодот 1989-2003 година и испорача на странска компанија 47.066 тони бакарен шликер - нуспродукт од рафинирање на суровото олово, во кој имало 160 тони индиум, како и 490 тони ликвациско олово, нуспродукт од рафинирање суров цинк, со 9 тони индиум - вели Антоние Ефремов, експерт по металургија.
Тој уште посочува дека француски експерт во 1996 година понудил решение за годишно производство на 15 тони рафиниран индиум, преку преработка на нуспродуктот ликвациско олово со инвестициски вложувања од 726 илјади американски долари. До реализација на инвестицијата сепак не дошло, иако вредноста на произведени 15 тони рафиниран индиум денес би изнесувала 7,95 милиони долари. Процените на светските аналитичари се дека до 2030 година тројно ќе се зголеми побарувачка за посебни метали и ретките руди. Кина години наназад е најмоќната и најбрзо растечка економија во светот токму заради искористувањето и извозот на овие минерали. Некои странски геолози дури тврдат дека Авганистан станал воена цел токму поради богатите резерви од овие елементи (слично како Ирак со нафтата). Од секторот за минерални суровини на Министерството за економија, пак, велат дека во земјата нема значителни резерви на ретки метали. Во Стратегија за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, со важност од 2010 до 2030 година, никаде не се споменува искористување на ретките минерали.

- Најголемиот број регистрирани наоѓалишта и појави на метални минерални суровини во Република Македонија отпаѓаат главно на железото, оловото и цинкот, бакарот, уранот и манганот. Во втората група на можни локалитети кои би биле од интерес за евентуално подигнување на нови рударски капацитети се неколку потенцијални простори и тоа за железо - „Пехчево“, за титанот - „Митрашинци“, оловото и цинкот - „Близанци и Самар“, за бакар - „Плавица“ и „Боров Дол“, златото - „Алшар“ - стои во документот.
Во него уште се констатира дека земјава нема ниту нафта и гас. Она што го имаме во изобилство се неметални суровини, како варовници, мермери, гранит, кварц, песок итн. И во секторот за рударство при Стопанската комора на Македонија сметаат дека кај нас нема ретки метали, и додаваат дека Македонија е мала по територија, за разлика од Кина. Дури и кога би имале такви минерали, нивните локации ќе се чуваат како тајна, тврдат од Комората. Колку за утеха, Македонија и рудникот „Алшар“ на Кожув се спомнуваат како единствено место во светот каде што има лорандит, минерал на талиумот, кој служи за детекција на неутринот од Сонцето. Ваквите претпоставки, за жал, сé уште не се потврдени.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12271083509&id=9&prilog=0&setIzdanie=22168
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 11-Jan-2011 at 17:02
СТАБИЛНА ЦЕНА НА МЕТАЛИТЕ
Рудниците го одврзаа ќесето Рудниците за метали планираат зголемување на производството бидејќи очекуваат зголемена побарувачка и стабилни цени на металите на светските берзи. Дел од нив, наредните две години ќе инвестираат во отворање нови рудници. - Очекуваме стабилни цени на металите на берзите, а тоа ќе овозможи и реализирање на плановите за производство и за завршување на инвестициониот циклус почнат годинава - вели Николајчо Николов, претседател на Здружението на рудници. Рудникот „Бучим“, вели Николов, до август идната година треба да ја заврши инвестицијата вредна девет милиони евра за производство на катоден бакар. - На ваков начин се отвора можноста за добивање годишно производство од 2. 800 тони катоден бакер и за 50 нови работни места - вели Николов. Сопственикот на рудникот „Солвеј“ преку две нови фирми доби дозвола за геолошки истражувања на рудните лежишта „Боров дол“ во општина Конче и за рудното лежиште „Кадиица“ кај Пехчево. - Претходните истражувања на ова подрачје укажуваат дека има рудни резерви, па нашите понатамошни истражувања ќе се фокусираат на можностите за нивна експлоатација - вели Николов. И рудниците за олово и за цинк очекуваат годинава да ја завршат успешно, а наредната да имаат стабилно производство. - Се надеваме дека нема да има поголема промена на цената на оловото и на цинкот во наредниот период. Ако тоа се случи, ќе може да сметаме на остварување на планот - вели Максим Прохоров, директор во рудникот „Саса“. Цената на овие метали сега на светските берзи е 2.000 долари за тон, но разликата меѓу доларот со која се плаќа рудата и еврото со кое се плаќаат трошоците, според Прохоров, не дозволуваат рудникот да забележи голем финансиски ефект. Но, и покрај тоа, во „Саса“ се планира продолжување на инвестиционата активност. Вкупно четири милиони евра ќе бидат потрошени за изградба на транспортна и на подземна инфраструктура за новиот рудник, за која „Саса“ доби дозвола за експлоатација. - Првите количини руда треба да се ископаат во 2012 година, а до тогаш треба да бидат завршени сите подготвителни активности - вели Прохоров.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2212&ArticleID=154396
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 04-Feb-2011 at 17:30

Нови инвестиции од рекордната цена на бакарот

„Бучим“, единствениот рудник за бакар во Македонија, месецов ќе почне со геолошки истражувања на нови резерви во близина на сегашниот рудник, како и кај Пехчево каде што за три години се очекува да проработи нов рудник

Рекордно високата цена на бакарот на Лондонската берза на метали, која деновиве достигна речиси 10.000 долари за тон, се должи на ограничените резерви на бакар во светот и на намаленото производство на некои големи рудници. Вака високата цена може позитивно да се одрази на производството во Македонија бидејќи резервите на овој метал се проценуваат за најмалку уште три-четири децении.

Вака ја оценуваат состојбата стручњаците во засега единствениот рудник за бакар кај нас „Бучим“ од Радовиш, кој во 2005 година го купи и го рестартира руски „Солвеј“. Заменик-генералниот директор на „Бучим“, Николајчо Николов, вели дека кога пред шест години го рестартирале рудникот цената на тон бакар на светските берзи била 2.500 долари. Потоа континуирано растела сe до крајот на 2008 година и стигнала до 8.000, но за неколку месеци во текот на светската рецесија паднала на 2.700 долари. Од март 2009 година цената повторно почнала да се зголемува за сега да дојде на рекордни 9.782 долари за тон.

- И покрај тоа што рудата во „Бучим“ е сиромашна, со овие цени може рентабилно да се работи и да се инвестира. Неодамна на тендер добивме две концесии за детаљни геолошки истражувања во месноста Кадица кај Пехчево и во Боров Дол, општина Конче, локација која е на само 8 километри од „Бучим“, со што сегашните резерви на бакар во рудникот, проценети за една деценија очекуваме да се зголемат уште за десет години. Кај Пехчево, пак, истражувањата треба да завршат за две години и се надеваме дека од 2014 година ќе почне со работа нов рудник. Концесија за истражувања во струмичка Иловица доби американска фирма, а таму се очекува да се најдат најголеми резерви на бакар во Македонија, едни од најголемите на Балканот - истакнува Николов.

Во „Бучим“ се реализира уште една голема инвестиција за производство на чист електролитен, односно катоден бакар, вредна 9 милиони евра. Сега „Бучим“ произведува само бакарен концентрат, кој се топи во Бугарија. „Солвеј“ со новата инвестиција очекува производство и извоз на две до три илјади тони бакар како готов производ годишно.

Николов вели дека со тоа во Македонија првпат ќе се произведува бакар како готов производ. Ако потребните дозволи се добиеле навреме, производството се очекува да почне на Денот на рударите, на 28 август годинава.

По рестартирањето пред шест години, руски „Солвеј“, кој е сопственик и на рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица, во радовишкиот рудник годишно произведува по 8.000 тони бакар и по 400 килограми злато.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1FB709EBDEF820498C0246C8C47DCD0A
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 21-Feb-2011 at 14:27
Потпишани договори за концесии за истражувања на минерални суровини

Министерот за економија, Фатмир Бесими, денеска потпиша 18 нови договори за концесии за истражувања на минерални суровини. Со концесиите, 31 локалитет ќе биде геолошки истражуван од домашни фирми. 

„Ние продолжуваме во правец на поттикнување на развојот на рударството со тоа што веќе во тек е и тендерот за доделување на концесии за детални геолошки истражувања по што очекувам во блиска иднина повторно да склучиме нови договори за концесии. Притоа, по основ на надоместок за геолошки истражувања уплатени се средства во износ од скоро 41 милион денари  од кои што 22 отсто се приход на Буџететот или речиси 9 милиони денари, додека останатите 78 отсто се приход на буџет на општините“, изјави Бесими.

Засега, договори за концесии добија следните фирми: „Кадиица метал“ - Скопје, „Боровдол“-Радовиш, „Фелпс доџ Вардар“ – Скопје, „РФ Индустриал солушнс“-Радовиш, Цементарница УСЈЕ – Скопје, ИГМ Џумајлија-Лозово, „Емви комерц“- Василево, „Градба промет“ – Кавадарци, „Концепт маркетинг“ – Скопје, „Борос“ – Куманово, „Хепро компани“ – Радовиш, „Фидем“ – Скопје, „Корп минералс“ – Куманово, „А-БРИК компани“ – Битола, „Алфадиас“ – Богданци и „Пела ЗЦ 2010“ – Охрид.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=83042&kategorija=2
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 27-Feb-2011 at 13:02

Бакарот го враќа оптимизмот во Малешевијата

Бакарот од пехчевска Кадиица излегува на површина гарантирајќи економска ренесанса на Малешевијата. За три месеци стартуваат првите дупчења и геолошките истражувања на површина од 12,35 квадратни километри, а за две години ќе започне постапката за отворање на рудник за бакар во Пехчево.

Првите луѓе и експертите од фирмата „Кадиица-Метал“ од семејството на московската “Солвеј“, која ги доби концесиите за истражувања, излегоа на теренот, ги видоа локациите каде ќе се работи и ја договорија соработката со Општина Пехчево.
-

-Очекуваме дека ќе се утврди големо количество на рудни богатства и квалитет и нашиот план е овде да се развие нова технологија-подземно лужење, да нема деградирање на просторот. Бучим е отворен рудник, главно сите рудници на бакар се отворени, овде треба да биде внатре во самиот рудник од каде ќе се добива готов бакар, вели Николајчо Николов, управител на “Кадиица-Метал“ .

Во малешевскиот бакар, Русите ќе инвестираат над 100 милиони евра, а во зависност од применетата технологија за експлоатација ќе се вработат најмалку 100 работници. Ова во пасивниот малешевски крај го враќа оптимизмот.

Веќе на сметката на Општина Пехчево се инкасирани 120 илјади евра ,пари од концесијата за геолошки истражувања, кои претставуваат половина од буџетот на сиромашната општина. Општината ги искористи за решавање на инфраструктурните проблеми..

-Ова не само за Пехчево, туку и за МАлешевијата и за Истоков ќе биде една каписла, подем што треба да го подобри животот на луѓето, вели Јован Станоевски, градоначалник на Пехчево.

Пред 10 години се вршени детални геолошки истражувања на Кадиица- Пехчево. Тогаш се потврдени рудни резерви на бакар тешки околу 200 милиони тони. Според екпертите, квалитетот на рудата одговара за директно добивање на бакар-метал. „Солвеј“ ќе врши геолошки истражувања на бакар и во месноста Боров Дол во атарот на Штип и Конче.

Даниела Такева
27.02.2011, 12:58

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=71918
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 28-Feb-2011 at 13:08
malku poopsirno

Кај Пехчево ќе никне нов рудник за бакар

Се очекува вo новиот рудник да има работа за 200 лица

Иван Бојаџиски

Штип – На месноста Кадиица над Пехчево ќе никне нов рудник за оксиден бакар. Него ќе го гради руската компанија „Солвеј“ преку својата новоформирана фирма во нашата земја „Кадиица метал“. Се планира инвестиција од над сто милиони евра. Во малото гратче на истокот од државата, на разговор со градоначалникот беше целокупниот менаџерски и стручен тим на рудникот за бакар „Бучим“ од Радовиш, кој, исто така, е во сопственост на „Солвеј“.

Експертите по геологија го посетија местото каде што треба да никне новиот рудник и на кое во периодот 2001-2009 година американската компанија „Фелпс Доџ“ вршеше геолошки истражувања, но се откажа од оваа постапка, по што Министерството за економија распиша нов тендер, а работата ја доби и ја продолжува „Кадиица метал“. Извештаите и резултатите од истражувањата Американците му ги предадоа на нашето Министерство за економија и тие сега се во неговите архиви, па многу работи со рудните потенцијали на Кадиица се познати.

„Наша обврска е со геолошките истражувања да завршиме за период не подолг од четири години. На терен ќе ги испратиме нашите најдобри геолози, а за процесот на дупчење со кој се утврдуваат рудните резерви и нивниот квалитет ќе ангажираме фирма од Бугарија, една од најдобрите во Европа за ваков тип работа што поседува најсовремена технологија за дупчење. Сите досега извршени истражувања ни влеваат огромен оптимизам во постоењето рудни резерви на оксиден бакар погодни за економска експлоатација“, вели Николајчо Николов, управител на „Кадиица метал“ и заменик-генерален директор на „Бучим“.

За Јованчо Станоевски, градоначалник на Пехчево, доаѓањето на целиот менаџерски и стручен тим на руската компанија, која во Македонија ги купи рудниците „Саса“ и „Бучим“ и кои одлично ги менаџира, е најубавото нешто што во последните две децении и' се случило на малата општина.

„Ова ниту на сон не можевме да го сонуваме. Пехчево го носи името од стара рударска традиција, од зборот пешти, односно печки во кои се топела железна руда. Од тие прастари времиња на рударење во нашиот крај се' уште постојат јасни траги. Доаѓале фирми да истражуваат и си заминувале, но никогаш кај нас не дошол толку репрезентативен тим. Тоа ни дава надеж дека сега работата станува крајно сериозна и ние веруваме во ветувањата на менаџерите дека овде ќе никне нов, значаен стопански капацитет што исклучително позитивно ќе влијае врз економскиот и социјалниот развој на нашето неразвиено подрачје, потенцира градоначалникот Станоевски. Тој додава дека општината веќе го почувствувала првиот благодат од рудникот.

„На име концесии за геолошки истражувања добивме 120.000 евра, пари што пристојно го освежија нашиот скромен буџет. Кога ќе стартува рудникот над 60 проценти од буџетот ќе се полни со пари од концесијата што општината ќе ги добива по основа на експлоатацијата на бакарот“, појаснува Станоевски.

Веста за присуството на десетмина менаџери и експерти на руската компанија бргу се пронесе низ малото гратче. Многу луѓе се собраа на плоштадот и разговараа со дојденците за нивната нова перспектива. Полна со нова надеж Сузана Теохарова, продавачка во трафика за весници, ни рече дека толку убава вест во своето Пехчево не слушнала со децении.

„Ни избегаа младите, бидејќи овде ништо добро не се случува. Да имав можност и јас ќе побегнев некаде во нормалниот свет. Имам син наскоро ќе се стекне со диплома за електроинжинер, сака да остане во родното место, се надевам дека ја носат нашата нова радост. Верувам во овие луѓе штом на такво ниво дојдоа во местото во кое часовникот на надежта одамна застанал“, вели Теохарова.

Антонио Карбински има 30 години, исто така, работи во трафика. За себе вели дека е млад човек што ја изгубил сета надеж и поради тоа не планира да се создава семејство, бидејќи нема со што да издржува. „Ова што денес ни се случи ги свртува работите, го олеснува стегите на нашиот огромен песимизам и влева нова верба дека за младите ќе се отворат перспективи. Од медиумите читам дека рудниците во кои влегоа Русите работат одлично, а Радовиш и Македонска Каменица доживеаја вистинска социоекономска реинкарнација. Убеден сум дека таква убава иднина не' чека и нас младите во овој град, од кој сите убави нешта одамна избегаа“, вели Карбински.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4ABC149AD7CCC4458FBE76D3FAB9104F
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 31-Mar-2011 at 10:21
Рудникот „Бучим“ ќе отвори фабрика за лужење руда

Нова фабрика за лужење и производство на катоден бакар ќе се отвори во радовишкиот рудник за бакар и злато „Бучим“.
Заменик менаџерот на „Бучим“, Николајчо Николов најавува отворање на фабриката на Денот на рударите.

- Опремата е нарачана, почнати се подготовките. Фабриката е монтажна зграда во која ќе биде инсталирана опремата и очекуваме со работа да почнеме на крајот на август, вели Николов.

„Бучим“ произведува сулфидна бакарна руда, која се преработува по пат на флотација, по што се добива бакарен концентрат, а новата фабрика ќе биде за преработка на оксидната руда, која досега не се преработуваше и како историски отпад стоеше во кругот на рудникот.

- Имаме и ново рудно тело „Вршник“, каде што има околу 7 милиони тони оксидна руда и 7 милиони тони сулфидна руда. Оксидната руда се наоѓа над сулфидната руда и треба да се извади и за да не се фрла, разработивме технологија за лужење. Што значи растварање на бакарот, односно оксидната руда е растворлива со вода и тоа го објаснува бојата на водите, кои излегуваат од рудникот, појасни Николов.

Тој додава дека со помош на електролиза се добива чист катоден бакар, кој како готов производ ќе се продава на светските берзи. Отварањето на новата фабрика и новиот начин на производство на катоден бакар е технологија, која за првпат ќе се примени во земјата.

Новата инвестиција на „Бучим“ ќе донесе искористување на рудниот отпад, кој со години се зголемува, а од аспект на заштита на животната средина водите на Меденска река нема да бидат обоени со боја на бакар
http://www.kurir.mk/republika/opstini/24464-Rudnikot-Bucim-ke-otvori-fabrika-za-luzenje-ruda
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 11-Apr-2011 at 12:54
http://www.time.mk/read/0c05e26336/9d6d641e96/index.html
Доделени 300 концесии за геолошки истражувања

Од крајот на 2010 до почетокот на оваа година, после подолг застој, се доделени над 300 концесии за геолошки истражувања, информираше претседателот на Македонската рударска асоцијација и извршниот директор на Бучим- Радовиш, Николајчо Николов.

Тој истакна дека се доделени три концесии за геолошки истражувања на Кадица кај Пехчево, Боров дол во Радовиш и една концесија за општина Струмица. Според досегашните очекувања на тие локации за две до три години ќе никнат нови рудници, оцени Николов.

Претседателот на МАР информираше дека македонското рударство излегува од кризата што го зафати од крајот на 2008 и почетокот на 2009 година.

“Ппроблемите се санирани и има зголемен обем на производство на руда“, изјави Николов.

Исто така, забележан е и  пораст на производството на градежен камен, за споредба, во 2009 година се произведени 695,000 тони, а во 2010 година 953,000 тони градежен камен. 

Претседателот на Бучим најави ново инвестиционо вложување на рудникот.

 “За прв пат во Македонија ќе се произведува готов бакар. Првото пуштање на производството ќе биде на Денот на рударите, 28. Август. Се планира годишното производство на бакар да биде 2,500 до 3,000 тони. Инвестицијата е вредна 12 милиони евра и ќе обезбеди 50 до 60 нови вработувања “, објасни Николов.


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 11-Apr-2011 at 13:04

Најавени над 200 милиони евра инвестиции во рударството


Македонското рударство полека излегува од кризата која го имаше зафатено на крајот од 2008 година и во сите сегменти се бележи зголемен обем на производство, соопшти Николајчо Николов претседател на Македонската рударска асоцијација.

nikolajco-5001142011111

Друга добра вест е и тоа што за првпат се доделени над 300 концесии за детални геолошки истражувања.

- Овие истражувања се неопходен услов за отварање на нови рудни копови. Ние освен мали каменоломи што се отвараат во Македонија, можеме да забележиме дека не е отворен ниту еден рудник во последните години изјави Николајчо Николов.

За две до три години треба да се очекува отварање на нови рударски капацитети, при што особено значајни се трите нови  рудници за бакар.

Едниот од овие три рудници се очекува да биде отворен  на локалитетот Иловица Струмица, вториот во месноста Боров двор Радовиш и третиот во околината на Пехчево. Во овие локалитети се очекува да бидат инвестирани над 200 милиони евра.

За првпат во Македонија ќе се појави прооизводство на готов бакар. Тој ќе се произведува во новоизградениот објект во рудникот Бучим Радовиш. Станува збор за инвестиција од 12 милиони евра и во овој производствен комплекс ќе можат да се вработат околу 50 лица.

Расте и производството на градежен камен па така во 2009 година биле произведени 690 илјади тони, а во 2010 година произведени се 950 илјади тони.

Николов соопшти дека се значително подобрени односите со Министерството за економија, а тоа се гледа од самиот факт дека на јавен и транспарентен начин доделени се над тристта концесии. Но исто така за пофалба е и тоа што од страна на министерството зголемен е бројот на инспектори кои треба да ја спречат бесправната експлатација на македонското рудно богаство.


http://daily.mk/cluster3/e8b7a5a99fa5ae004db839827c88564c/680766
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 27-Apr-2011 at 14:37
Се навестуваат нови рударски окна по изборите

Прилеп и Кавадaрци лежат на никел и железо?!

Катерина Попоска
Прилеп%20и%20Кавадaрци%20лежат%20на%20никел%20и%20железо?!

Дали ќе се отворат четири нови рударски окна во околината на Прилеп, Кичево и Кавадраци треба да покажат деталните геолошки истражувања на неколку заинтересираните инвеститори, кои сe уште се кријат од јавноста. Бидејќи Владата на Никола Груевски, предизборно не смее да склучува никакви договори, и иднината на овие потенцијални рудни наоѓалишта се одложува за по изборите. Првичните информации на геолозите во земјава се дека кај локалитетите Ракле и Црна Тумба во околината на Прилеп најверојатно има големи наоѓалишта на никел и железо. Кај локалитетот Арничко, пак, во близина на Кавадраци, геолозите навестуваат дека длабоко под земјата има резерви на хром. Во локалитетот Стрелци во Осломеј, пак, геолозите проценуваат дека миоже да се ископа молибден и други метали. Иако во Министерството за економија знаат кои домашни и странски компании сакаат да ја добијат концесијата за детални геолошки истражувања на овие локалитети, сe уште е неизвесно кои и кога овие потенцијални рудници ќе почнат да се истражуваат. Анализите на концесионерите треба да покажат дали ќе се отворат нови рудници за железо, никел и молибден во земјава.
  
Отворањето на нови рударски окна го посакуват и македонските компании кои ја преработуваат оваа руда и Владата, бидејќи тоа ќе значи раст на македонската економија, отворање нови работни места, како и поевтина домашна руда. Можното отворање на рудници во Прилепско е особено позитивно ако се земе предвид фактот дека токму кавадаречки Фени преработува фероникел. “Македонија има добар потенцијал и за истражување и за експлоатација на металните минерални суровини. Постојано има странски компании, докажани во истражувањето на минералните суровини, кои сакаат детално да ги истражуваат потенцијалите на земјава. Кога е рударството во прашање, Македонија има потенцијали кои допрва треба да се истражуват”, вели Ејуп Љатифи, раководител на секторот за минерални суровини во Министерството за економија.

Министерството уште од септември минатата година почна постапка за давање концесии за истражување на минерални суровини на 73 локации. Надлежните одлучиле дека најповолни понуди пристигнале само за 31 локација, која може да се истражува. Според Николајчо Николов, директор на рудникот Бучим и претседател на Македонската Асоцијација за рударство (МАР) оценува дека доделувањето нови концесии за детални истражувања ќе биде значителен инпут во рударството, гранка која годинава дава знаци на заздравување од кризата. “Ќе вршиме детални геолошки истражувања на бакар на локалитетот Боров Дол кај Пехчево, што ќе значи продолжување на континуитетот на работата на Бучим од Радовиш за следните 10 години.

Годинава треба да почнеме и со истражување на локалитетот Кадиица кај Радовиш, кој очекуваме дека ќе го продолжи континуитет на Бучим во периодот 2019-2030 година. Се работи за инвестиција од неколку стотини милиони евра, секако, доколку истражувањето ги даде очекуваните рудни резерви”, објаснува Николов. Тој додава дека можното отворање нови радарски окна е значаен момент за рударството и за неговиот понатамошен индустриски развој. “Во последните 5-6 години не се отворени нови рудници. Очекуваме позитивни резултати затоа што ќе се отвораат нови фирми, што ќе значи нови вработувања и, секако, раст нa македонската економија”, вели Николов. Во моментов во Македонија доделени се 300 концесии за експлоатација и 109 концесии за детални геолошки истражувања. Дури 28 локалитети во земјава богати со кварц, варовник, доломит, глина, андезит и шкрилец го чекаат својот концесионер.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/65779/prilep_i_kavadarci_lezhat_na_nikel_i_zhelezo_!.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 02-May-2011 at 23:52

РУДАРСКИОТ ИНСТИТУТ ИСТРАЖУВА ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО

Геолозите бараат руда за нов рудник

Ако бидат потврдени очекувањата на инвеститорот за рудните резерви, ќе бидат вложени околу 60 милиони евра во нов рударски капацитет

Нов рудник ќе биде отворен во Кривопаланечко ако се потврдат очекувањата за рудните резерви на олово, цинк, бакар, антимон, злато и на сребро во локалитетот Самар, во селото Луќе. Истражувањата на теренот веќе ги почна Рударскиот институт „Енергетика“ од Скопје, кој ја има добиено концесијата за отварање рударски капацитет.

- Со геолошките истраги треба да бидат утврдени подробни резултати за расположивите резерви на металите. Ако се потврдат очекувањата, инвеститорот планира да вложи околу 60 милиони евра во отворање нов рудник. Станува збор за мешовита австралиско-македонска фирма која е заинтересирана и подготвена за отворање нов рударски капацитет. Тоа ќе значи економско заживување на општината, а најголем бенефит ќе има месното население од руралниот регион, кое ќе биде работно ангажирано - вели градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

На локалитетот Самар, кој се наоѓа во близина на тромеѓата Македонија, Србија и Бугарија, своевремено се вршени одредени истражувања при што се откриени резерви на олово-цинкова руда, бакар, но и процент на благородни метали, односно, злато и сребро. Според геолозите, Самар се вбројува меѓу рудните лежишта каде што покрај олово и цинк, се претпоставува дека има и значајни резерви на злато.

Рударскиот институт од Скопје во оваа фаза на истражувачките работи ќе врши геодетски мерења и обележувања на теренот во Луќе, како и геофизички испитувања. Според концесионерот, при овие мерења и испитувања нема да се врши никаква деградација на теренот и на шумата, нема да се користат вода и дизел-опрема и нема да има ископи и оштетувања на подрачјето.

- Испитувањата ќе се вршат со инструменти и апарати и ќе се одвиваат во наредните 4-5 месеци - наведуваат од Рударскиот институт во известувањето до локалната самоуправа.

Концесионерот, заедно со градоначалникот Алексовски, имаше средба и со месното население од селото Луќе, кое со задоволство го прифати проектот за истражување и искористување на потенцијалите на рудното наоѓалиште. Во новата инвестиција тие гледаат можност за нови вработувања и заживување на пограничниот регион.

Во близина на локалитетот Самар се наоѓа и некогашниот рудник на антимон и киселгур - „Крстов Дол“, кој е затворен поради недоволна истраженост, а има потенцијали повторно да биде активиран.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AF5DD7BC54BA0C469FA8BA72DB2809E5
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 12-May-2011 at 22:41
Германска инвестиција во рудникот за габро
Германскиот инвеститор Гинтер Капраун" ја продолжува инвестицијата во рудникот за габро во близина на селото Пантелеј во кочанскиот регион. Поставен е првиот темел од платформата на која ќе се постави машината за преработка на каменот габро. Во германскиот град Хановер се подготвуваат и товарат постројките од дробилницата за да бидат транспортирани до рудникот.
За потребите на рудникот кај селото Пантелеј и за реализација на проектот на којшто работи фирмата Бетон" пробиен е и тампониран патот меѓу селата Спанчево и Пантелеј, којшто изнесува 8,5 километри, а што ќе озовможи непречен транспорт на рудата.

http://www.time.mk/read/495185b336/30b19d59d9/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 21-May-2011 at 16:17

Рудник за бакар во Пехчево

Се планира инвестиција од 100 милиони евра и 100 директни вработувања, како и уште стотина лица да бидат индиректно ангажирани во работењето на овој рудник.

Стартуваа деталните геолошки истражувања на бакар на пехчевска Кадиица, на 1700 метри надморска висина. Првата дупчалка, ќе зарони во длабочина од 250 метри и таа треба да го дефинира рудното богатсво. Според експертите кои први го потврдиле бакарот на Кадиица уште пред неколку години, на овој локалитет има бакарна руда што тежи 250 милиони тони, со 0,25 % бакар во форма која е многу лесна и економична за добивање.
-
Моите проценки се дека начинот на добивање на овој тип на бакар е за 4 пати поевтин од бакарот во Бучим и рудникот кој овде ќе никне ќе биде меѓу 10-те наголеми фирми во Македонија, вели проф.д-р Марин Александров, геолог.

Истражувањата ги врши фирмата Кадиица Метал, член на семејството на рускиот Солвеј и рудникот Бучим. Стартната инвестиција на Русите е 250 илјади евра, а планирано е за две години, со над 100 милиони евра да се изгради модерен рудник кој ќе има 100 директни вработувања.

- Рудата ќе се преработува по пат на лужење, вели Николајчо Николов, директор на Бучим.
Оваа инвестиција ја враќа надежта во пасивниот малешевски крај.

-
Ова е иницијална каписла за Истоков, вели градоначалникот на Пехчево, Јован Станоевски.
-
Во наредните месеци интензивно ќе се работи и следната година ќе има 200 нови вработувања, вели Влатко Ѓорчев, поранешен пратеник.

Интензивните геолошки истражувања ќе траат две години. Планирани се над 20 илјади метри дупчења на теренот, а очекувањата се оптимистички дека Пехчево ќе добие рудник за бакар.

Даниела Такева

http://www.time.mk/read/NONE/3f1d14b69e/index.html
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 21-May-2011 at 16:23
Не постирајте вакви вести, да не разбере некој, па да го укради цел бакар и да го продаде за старо железо!

Инаку добра вест, само ме интересира што е тоа лужење, и како тоа ќе влијае на природната средина.

Нема врска, еве најдов:

„Бучим“ произведува сулфидна бакарна руда, која се преработува по пат на флотација, по што се добива бакарен концентрат, а новата фабрика ќе биде за преработка на оксидната руда, која досега не се преработуваше и како историски отпад стоеше во кругот на рудникот.

- Имаме и ново рудно тело „Вршник“, каде што има околу 7 милиони тони оксидна руда и 7 милиони тони сулфидна руда. Оксидната руда се наоѓа над сулфидната руда и треба да се извади и за да не се фрла, разработивме технологија за лужење. Што значи растварање на бакарот, односно оксидната руда е растворлива со вода и тоа го објаснува бојата на водите, кои излегуваат од рудникот, појасни Николов.

Тој додава дека со помош на електролиза се добива чист катоден бакар, кој како готов производ ќе се продава на светските берзи. Отварањето на новата фабрика и новиот начин на производство на катоден бакар е технологија, која за првпат ќе се примени во земјата.

Новата инвестиција на „Бучим“ ќе донесе искористување на рудниот отпад, кој со години се зголемува, а од аспект на заштита на животната средина водите на Меденска река нема да бидат обоени со боја на бакар.


http://kurir.mk/republika/opstini/24464-Rudnikot-Bucim-ke-otvori-fabrika-za-luzenje-ruda

Edited by гитардемон - 21-May-2011 at 16:25
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 27-May-2011 at 18:55
КОМПАНИИ / ПАЗАРИ / ФИНАНСИИ

Под Иловица лежат една милијарда тони бакар?!

Катерина Попоска


Зошто се одолговлекува значајна инвестиција?!

Денеска истекува концесијата за деталните геолошки истражувања под планината Огражден во Струмица што ги врши американско-македонската фирма ФЕЛПС Доџ Вардар од 2002 година. Неофицијално, бушотините, длабоки и до 850 метри, покажале дека Иловица лежи на една милијарда тони бакарна руда. Целта на истражувањето е да се види дали е рентабилно да се отвори можеби најголемиот рудник за бакар во Југоисточна Европа.

Сега американско-македонската корпорација треба да достави до Министерството за економија елаборат со резултатите од деветгодишното истражување на терен. Врз основа на тие податоци ќе се знае дали под Огражден ќе се отвора рударско окно за ископ на бакарна руда. Според најавите, со завршното истражување, ФЕЛПС Доџ Вардар требаше да направи бушотини во најдлабокиот дел од планината, да ги сублимира резулатите и да ги испрати до Министерството, а тоа, пак, да донесе конечна одлука - дали и каде точно треба да се отвори рударско окно.

“Концесијата за деталните геолошки истражувања на локалитетот Иловица, која ја има ФЕЛПС Доџ Вардар, истекува денеска. Оваа корпорација законски има 180 дена да ги достави резултатите од истражувањето. Доколку тоа не се случи во законскиот рок, до кога корпорацијата може да побара и концесија за експлоатација на рудните резерви, сe се враќа во рацете на државата. Во меѓувреме, корпорацијата има право, доколку сака, и да ги продаде резултатите до кои дошла, во случај да реши дека не е заинтересирана да отвори рудник во Иловица“, објаснуваат од Министерството за економија.

Ништо не сакаат да коментираат ниту во претставништвото на ФЕЛПС Доџ Вардар во Скопје. Не сакаат да откријат какви било детали од досегашното истражување на терен. Тврдат дека договорот ги обврзува на тајност на податоците. Сепак и да се донесе одлука за отворање на рудникот, тоа најрано би се склучило во 2012 година.

Мештани од општина Босилово објаснуваат дека екипите на американско-македонската фирма деновиве не се на терен. Геолошкото испитување на падините над струмичкото село Иловица, според мештаните, открило лежиште на бакар со задоволителен процент злато. Некои сметаат дека се работи за наоѓалиште со двојно поголеми количества бакарна и златна руда споредено со ископот во радовишки Бучим.

Се зборува за резерви дури и до 900 милиони тони бакарна руда и повеќе од 100 милиони тони златоносна руда.

Од општината Босилово единствено велат дека истражувањата треба да продолжат, но ни тие не знаат кога. Последен пат екипите на американско-македонската фирма на терен биле пред неколку недели. Мештните велат дека фирмата најверојатно подготвува физибилити студија за влијанието на отворањето рудник во Иловица врз животната средина.

“Во југоисточна Македонија ова е заспана мечка која треба да се разбуди. Ова ќе придонесе за целокупен развој на економијата. Со години се зборува дека во Иловица има огромни наоѓалишта на бакарна и златна руда. Но, селаните велат и дека се откриле и количества на ураниум“, изјавуваат жители на Иловица.

 Иако и бугарската фирма Еуромакс покажа интерес за ископувања во Иловица, од Министерството за економија велат дека концесија добила само ФЕЛПС Доџ Вардар и тие се единствените кои засега може да ископуваат во Огражден.

Никој не зборува зошто се одолговлекува оваа исклучително надежна приказна за македонската економија. Ниту во ФЕЛПС Доџ Вардар, ниту во Министерството за економија, ниту во општината објаснуваат зошто доцнат последните истражувања на терен ако се знае дека можеби се работи за наоѓалишта со големи количества бакарна и златна руда.

http://daily.mk/cluster3/34bd7e6b8dafa135187353da73dfe1cd/748707
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 12-Jun-2011 at 12:46

Репортажа - „Саса“ обезбеди работа за уште 15 години


Дека рудникот значи живот за овој крај сведочат и мноштвото новоизградени куќи и отворени дуќани во Македонска Каменица, каде што економијата до пред само неколку години беше целосно замрена

 
 
%20  

Во буџетот на Македонија од рудникот по разни основи се слеваат над 250 милиони денари

Топол јунски ден во „Саса“. Со нашите домаќини од окното на рудникот стигнуваме на хоризонт 850. Овде, во утробата на Осоговието, во темнината се забележуваат светилките на рударите, бревтаат машините со кои се откопува рудата и се полнат вагоните за транспорт до флотацијата. Група дупчачи, минери и подградувачи од прва смена се договараат за следниот зафат со кој „челото“ на овој хоризонт ќе се помести за уште неколку метри подлабоко во планината.

- Производството го обновивме во 2005 година како нова компанија по меѓународниот тендер и влегувањето на „Солвеј“ како странски основач на новата фирма, рудникот „Саса“ - вели генералниот директор Александар Крихтин. Извршена е целосна модернизација на работењето во рудникот и воведена е нова технологија за вадење и преработка на оловноцинковата руда. Инвестициите во нова и најсовремена рударска опрема овозможија капацитетите за производство и преработка да се зголемат речиси двапати. Така, во 2009 година остварено е рекордно производство од 870.000 тони оловноцинкова руда.

Ни претставува чест што ја продолжуваме долгогодишната традиција на рударење во овој крај, продолжува Крихтин. Познати ни се и резултатите што „Саса“ ги има постигнато од почетокот на шеесеттите години на минатиот век. Овде наидовме на искусни и обучени рудари и многу сме им благодарни што ја прифатија поканата да се вклучат во рестартирањето на производството со целокупното свое знаење и искуство. Резултатите што ги постигнавме во овие пет години се должат и на нивната подготвеност да ги прифатат сите промени во организацијата на вкупното работење, производството и преработката на рудата, како и на брзото обучување за ракување со новата механизација и другите техничко-технолошки средства. Исто така, многу сме охрабрени и од интересот на младите за вработување во „Саса“. Нашите рудари и другите вработени во „Саса“ и желбата на нивните деца да ја продолжат семејната традицијата на работење во рудникот се, всушност, нашиот најголем капитал, истакнува Крихтин.

Петгодишниот јубилеј на „Саса“ претставува една мошне успешна приказна за странската инвестиција во нашиот најголем рудник од Македонска Каменица. Рударите и нивните семејства не треба да се грижат за својата иднина. Имено, со новата инвестициска програма и добиената концесија со одлука на Владата на Македонија за проширена експлоатација на нова површина од 0,84 квадратни километри, во „Саса“ е обезбедена работа за следните 10-15 години. Без тоа рудникот ќе требаше да се затвори за 4-5 години. А од рудникот егзистираат над 700 директно вработени и над 160 од други компании со кои тој соработува. Се разбира, бенефит имаат и градот и целата општина. Квартално на име концесиски надомест во касата на општината се слеваат помеѓу 21 и 24 милиони денари. Дека рудникот значи живот за овој крај сведочат и мноштвото новоизградени куќи и отворени дуќани, каде што економијата до пред само неколку години беше целосно замрена.

- Кога луѓето земаат редовно плата, добро е за сите. Порано кога рудникот не работеше, немаше од што да се живее, вели месното население. А рударските плати не само што не се воопшто лоши, туку и во услови на економска криза растеа просечно годишно за околу 5 отсто. Во „Саса“ просечната нето-плата е над 420 евра месечно, додека за оние што работат во јама и постигнуваат натпросечни норми вкупните примања се и многу повисоки. Покрај грижата за што подобри и побезбедни услови за работа во јамите, зголемувањето на платите и грижата за стандардот на рударите спаѓаат меѓу најзначајните директни социјални ефекти на управување со рудникот, по рестартирањето и доаѓањето на новиот инвеститор.
Од групацијата „Солвеј“, која е сопственик на рудникот, велат дека досега во основни средства инвестирале над 35 милиони евра. Јубилејот ќе го одбележат со почнување нов инвестициски циклус од 16 милиони евра за реализација на проширената концесија од 0,84 квадратни километри, што Владата на рудникот му ја издаде во 2010 година. Овие средства ќе бидат искористени за нови детални геолошки истражувања, вложувања во капитални објекти и подготовки за почнување со експлоатација на новото рудно поле.

- Веќе се почнати работите за изградба на 6.000 метри капитални објекти (тунели, ходници). Под земја не само што се вади руда туку и се ѕида, подградува, бетонира. Со еден збор, се работи за големо градилиште на кое се ангажирани над 100 рудари, техничари и инженери - вели Борче Гоцевски, главен инженер на рудникот.

Оваа инвестициска програма се планира да заврши до 2013 година. Рудникот „Саса“ произведува концентрат со 73 отсто содржина на металот олово и 51 отсто на цинк и тоа сепарирано, што влијае значително врз неговиот квалитет. Во рудата се наоѓа и мало количество сребро, од околу 260-360 грама во еден тон концентрат на олово.

Рудникот „Саса“ како одговорен стратегиски инвеститор исклучително големо внимание посветува на задржување на постојниот ритам на производство на руда и оловен и цинков концентрат.

- Во 2010 година Владата донесе одлука со која на рудникот му даде проширена концесија за експлоатација. Направивме детални геолошки истражувања и во моментов во тек се комплексните подготовки за експлоатација. Нејзиниот почеток ќе се синхронизира со новата дозвола за проширени детални геолошки истражувања за уште 0,84 квадратни километри. Одлуката од Владата, која е целосно во согласност на Законот за минерални суровини, ја очекуваме наскоро. Дозволата за нови детални геолошки истражувања и утврдување рудни резерви ќе создаде можности за повторно проширување на концесијата за експлоатација - вели Максим Прохоров, директор за развој и инвестиции во „Саса“.

Со проширувањето на концесијата добиваат сите. За нејзина реализација ќе бидат инвестирани дополнителни 18 милиони евра. Се очекува дека рудникот ќе има потврдени геолошки резерви за работа на подолг период, средствата од концесијата редовно ќе се слеваат во буџетите на општината и државата. Рударите ќе имаат обезбедено сигурна работа за подолго време, а од зголемените буџетски приходи ќе може да се создадат работни места и во други сектори. За реализација на веќе добиената и очекуваната дозвола ќе бидат инвестирани вкупно 34 милиони евра, што ќе претставува силен поттик за многу гранки и во локалната и во економијата на Македонија. Сегашните цени од над 2.000 американски долари за тон метал олово и цинк се стабилни и овозможуваат полесно да се инвестира и во натамошни развојни цели, додава Прохоров. Со новата инвестициска програма се планира да се задржи годишното производство од 750 до 800 тони сува руда.

Проширувањето на геолошките истражувања во рамките на добиената концесија за експлоатација ја гарантира иднината на рудникот. Очекуваат стабилно производство кое, според Гоцевски, ќе го достигне врвот во 2019 година со над 830.000 тони руда. Исто така, се очекува натамошен пораст на платите и подобрување на стандардот на рударите. Зголемен прилив на средства ќе има и во буџетот на општината. Со последните законски измени државата на име концесиски надомест наплатува 2 отсто од вредноста и количеството метал во концентратот. Од надоместокот, дури 78 проценти одат на сметка на општината. Од друга страна, со оптимализацијата на производството и високите финансиски перформанси на вкупното работење, од „Саса“ во 2010 година во буџетот на државата по разни основи се слеале над 250 милиони денари.

За ваквата планирана развојна динамика на „Саса“ исклучително големо значење има веќе реализираната целосна реконструкција на флотацијата во која се автоматизирани сите технолошки процеси и со тоа спаѓа меѓу најмодерните во овој дел на Европа. Зголемени се капацитетите за производство на оловен и на цинков концентрат, а воведен е и затворен круг на технолошка вода, што влијаеше за значително намалување на трошоците на производство и повисоки еколошки стандарди. Со високиот квалитет на своите концентрати „Саса“ ги снабдува производителите на обоени метали во земјите на Европската Унија и на тој начин активно придонесува за економското интегрирање на Македонија во неа. Потврда на високиот квалитет на производите на европскиот и меѓународниот пазар е имплементацијата и добивањето на стандардот ИСО 9001.

Во „Саса“ посветуваат големо внимание на заштита на животната средина, за што досега директните инвестиции изнесуваат над 3 милиони евра.

- Секоја година се трошат 150.000 евра за одржување на јаловиштата, при што особено е значајно дека изградбата на новото се остварува според највисоки еколошки стандарди. Старото јаловиште, познато како извор на сериозна еколошка катастрофа во 2003 година, веќе е санирано со средства на „Саса“ и на Министерството за животна срдина и просторно планирање. Со континуираното пошумување од страна на „Саса“ и во рамките на акцијата Ден на дрвото, старото јаловиште веќе изгледа како култивирана полјана со млада шума. Преку најсовремено опремената лабораторија се врши постојано набљудување на животната средина, кое покажува дека нема податоци за загриженост - истакнува директорот Прохоров.

Лабораторијата се користи и за пошироки потреби во регионот и државата, а веќе доби акредитација и од Бирото за метрологија на Република Македонија. Рудникот располага со еколошки сертификат ИСО 14001, а при крај е реализацијата и на програмата за добивање А-интегрирана еколошка дозвола.

Менаџментот на рудникот посветува исклучително големо внимание на создавање максимално безбедни услови на јамската работа. Освен квалитетните средства и опрема за лична заштита при работата, се остваруваат перманентни обуки со сите вработени во јамите, со цел да се зголеми чувството на одговорност и грижа за самозаштита. Во согласност со законските одредби, лиценцирана странска компанија секоја втора година прави обуки за безбедност. Стручните лица во рудникот за безбедност на јамско работење, заедно со инженерите и раководителите на производство, секој четврток во неделата реализираат обуки во зависност од видот на работата и степенот на квалификацијата.

„Саса“ е општествено одговорна компанија и во локални и во рамките на целата држава. Рудникот ги поддржува културните, уметничките, спортските и другите општествени активности во Македонска Каменица. Донираше 50.000 евра за изградба на црквата во градот и 15.000 евра за нејзината камбана. Рудникот учествува во изградбата и на новиот плоштад, а деновиве со 40.000 евра го поддржа и почетокот на реконструкцијата на градскиот базен во Македонска Каменица. Вложува и за подобрување на животот, здравјето и на стандардот не само на вработените туку и на нивните семејства.

Во овие пет години доделени се средства за околу 200 барања од поединци и донации и спонзорства во Македонска Каменица и државата. Рудникот има богата соработка со Рударско-геолошкиот факултет во Штип преку многубројни проекти за процеси поврзани со вадење и преработката на рудата. Исто така, многу плодна соработка се остварува и со Градежниот факултет од Скопје, кој ги изработи проектите за изградбата на новото јаловиште, како и системот на негово континуирано набљудување.

- За проектираниот развој во наредните 15 години многу сме заинтересирани за отворање средно стручно училиште за обука на специјализирани кадри во рударството. Оптимализацијата на производството во овој период бара обучени кадри, кои ќе ракуваат со уште посовремената опрема и механизација, а нивното базично образование и перманентната едукација ќе влијаат не само за зголемување на продуктивноста туку во прв ред ќе придонесат за полесна и побезбедна работа во јамите - истакнува директорот Прохоров.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=610111848493&id=9&prilog=0&setIzdanie=22302
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 03-Jul-2011 at 12:02

Бакарот го враќа оптимизмот во Пехчево

Најдоцна за еден месец во геолошките истражувања
ќе се вклучи бугарската фирма „Геопс“

Иван Бојаџиски



ШТИП - Бугарски „Геопс“ се вклучува во процесот на геолошки истражувања на месноста Кадиица над Пехчево каде што руската компанија „Солвеј“ планира да отвори нов рудник за бакар. На врвот Кадиица, за најмногу еден месец, ќе биде инсталирана уште една нова и моќна машина за дупчење. Договор за ова во Пехчево потпишаа Васил Андреев, сопственик на „Геопс“ и Николајчо Николов, управител на „Кадиица метал“.

Николов вели дека не биле задоволни од темпото со кое изминатиот месец се извршуваат дупчењата на овој локалитет поради што морале да ангажираат нова фирма.

„Сакаме да останеме доследни на ветувањето и до есен идната година да го завршиме процесот на геолошките истражувања, а потоа, ако резултатите бидат поволни, и да го отвориме рудникот. Тоа беше нашиот голем мотив да потпишеме договор со ‘Геопс‘, која е една од водечките компании за ваков вид работи во југоисточна Европа и која има своја фирма ќерка во Македонија. Сега сме сосема убедени дека работите во однос на истражувањата на рудното богатство ќе ги завршиме на време и дека во 2014 година ќе можеме да јавиме добра вест дека кај Пехчево започнал со работа новиот рудник за оксиден бакар“, изјави Николов.

Васил Андреев појаснува дека „Геопс“ е компанија со дваесет моќни дупчалки и 200 вработени кои извршуваат геолошки истражувања во многу држави во југоисточна Европа.

„Во Македонија наши машини работат на истражувањата во атарот на Иловица кај Струмица.Вакви истражувања имавме за ‘Фени‘ и ‘Силекс‘, а десет наши машини се во Србија, за истражни потреби на рудникот „Бор“. Со македонските фирми секогаш сме остварувале одлична соработка. На теренот на Кадиица дупчевме и за американската компанија „Фелпс доџ“ која овде беше присутна во периодот 2002 – 2005 година. Како прв човек на „Геопс“ давам гаранција дека на време и со висок квалитет ќе ги завршиме истражните работи на овој локалитет“, вели Андреев.

Со посебна клаузула во договорот бугарската компанија е обврзана со ништо да не ја наруши животната средина каде што доминираат непрегледни шуми од бор и бука. Договорено е до крајот на оваа година да се направат дупчотини од вкупно 7.000 метри, а до есента 2012 година да се стигне и до конечните 20.000 метри.

Сите живеат во надеж дека геолошките истражувања ќе ги потврдат предвидувањата на геолозите дека тука може да никне профитабилен рудник за бакар.

Марин Александров, доктор на геолошки науки, поранешен главен геолог во рудникот „Саса“, е сигурен дека ќе се утврдат доволни количини на рудни резерви со средна содржина на бакарот од 0,20 проценти, што во услови на цените кои овој метал ги има на светските берзи е гаранција за профитабилно работење.

Голем оптимист е и Николајчо Николов. „Нашите очекувања се дека на овој простор ќе бидат утврдени рудни резерви помеѓу 150 и 250 милиони тони бакарна руда од кои може да се добие помеѓу 300 и 500 илјади тони бакар. Тоа говори дека рудникот ќе може да работи и да го развива пасивното пехчевско подрачје во наредните триесет години“, вели Николов.

Инаку, во новиот рудник кај Пехчево „Солвеј“ е подготвен да инвестира сто милиони евра и да отвори близу 200 работни места што за Пехчево и околината ќе значи нов, голем импулс во вкупниот економски развој и силно ќе влијае на подобрување на социјалната положба на луѓето.

Железото остана во јамите

Во Пехчево постојат траги од старо рударење. Од 1960 до 1965 година се вршени истражувања на потенцијалите на железна руда. Благој Ајтарски, долгогодишен директор на РИОМ „Црвена ѕвезда“ (денес „Бомекс“) вели дека тогаш биле утврдени рудни резерви од 8 милиони тони од прва „а“ класа.

„И од Пехчево се гледаат отворените јами од каде што се вадеше рудата, а дел од неа се однесе во скопска железарница за испитување на квалитетот. Сепак, инвестицијата за тоа време беше прескапа и Пехчево не доби рудник. Сега, кога новите технологии се далеку напреднати, можеби треба да се види што е и со железната руда на овој наш простор“, вели Ајтарски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=5785A7A8DFF4234AA8CDCBA467E97EA6
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.