build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Рудници и рудни богатства

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 13>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 27-Jun-2012 at 17:24

Откриени 250 милиони тони бакарна руда кај Пехчево

По 18-месечните интензивни геолошки истражувања на локалитетот Кадиица кај Пехчево, се потврдија првичните согледувања на експертите дека овој локалитет крие оксидна бакарна руда тешка 250 милиони тони, вредна за експлоатација, па истражувањата ќе завршат две години порано.

Првите луѓе на „Кадиица метал“ се подготвуваат за реализација на инвестицијата од рускатата компанија „Солвеј“, тешка 100 милиони евра, за отворање фабрика за производство на бакар по пат на подземно лужење, процес кој, освен во рудникот Бучим, малку е применет во Европа.

- Ние ќе завршиме две години порано, со Министерството за економија имаме потпишано договор за истражувања на 4 години, но до крајот на оваа година заврпшуваме и ќе пристапиме кон отворање на рудникот, вели Николајчо Николов, управител на „Кадиица –метал“.

Пехчево, очекува дека овој капитален објект ќе помогне во надминувањето на економските проблеми на граѓаните на Пехчево, каде бројката на невработените изнесува 20% од вкупното население, или 1500 невработени и добар прилив на средства во општинската каса.

- Ова ќе значи многу за Пехчево, вели Јован Станоевски, градоначалник на Пехчево.

Пехчевско-делчевскиот басен крие и стотици милиони тони јаглен, за кои според информациите од општината, веќе се добиени лиценци за експлоатација од ресорното министерство, од страна на скопска фирма и ова рудно богатство наскоро треба да излезе на површината. Очекувањата на Општината се дека ќе се реализираат и најавите -овде да никне и термо централа.

Даниела Такева

27.06.2012, 10:48
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=93125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 28-Jun-2012 at 17:15

Турски Курум Холдинг нов сопственик на рудникот Тајмиште

Турската компанија Курум Холдинг ќе биде новиот газда на рудникот Тајмиште. Турците на тендерот понудиле 2 милиони евра за концесија на рудникот и изградба на фабрика за преработка на железната руда, еден од главните услови што ги побара државата. Ако зделката се склучи, Тајмиште ќе биде најголемиот рудник за железо во Југоисточна Европа.

- Како што најавија инвеститорите во првите четири до пет години ќе инвестираат околу 100 милиони евра и ќе вработат олку 500 вработени, но да почекаме тоа да го соопштат Турците на потпишување на договорот, изјави Ваљон Сарачини- министер за економија.

Според Сарачини, рестартирање на Тајмиште ќе значи заживување на кичевскиот регион. Скоро 78 % средствата од концесискиот надомест годишно ќе се даваат во општината. Во неформални разговори Турците најавиле дека можно е да изградат две фабрики за преработка на рудатa.

- Фабриката мора да ја изградат во првите три години, ако тоа не го сторат ќе им се активира банкарската гаранција, изјави Ваљон Сарачини- министер за економија.

Рудникот Тајмиште не функционира повеќе од 15 години. Процените се дека тој располага со 150 милиони тони високо квалитетна железна руда со што би можел да работи во наредните 30- тина години и покрај резервите кои гарантираат сигурна експлоатација во следните 100 години.

Кире Коцевски

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=9318928.06.2012, 14:23
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 30-Jun-2012 at 06:44

ДОДЕЛЕНА KОНЦЕСИЈА ЗА ЕKСПЛОАТАЦИЈА НА РУДА KАЈ БОСИЛЕВО

Kанаѓаните ќе вадат бакар и злато од Иловица

Kомпанијата „Фелпс доџ Вардар“ ја доби концесијата за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица кај село Босилево. Руда ќе може да се вади во период од 30 години. Со ова се отвораат можностите на падините на Огражден да биде отворен најголемиот рудник на бакар и на злато во Југоисточна Европа со големи рудни резерви. Фирмата што ја доби концесијата е на канадската компанија „Еуромакс“, која лани ја откупи концесијата за истражувања од американската компанија „Фолпс доџ“ која, пак, пред осум години ја доби концесијата за детаљни геолошки истражувања. Според тоа што е објавено во „Службен весник“, висината на надоместокот ќе се определи со Договорот за концесија кој допрва треба да биде потпишан, но во согласност со тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии, а во него ќе биде утврден и начинот на плаќање. Висината на надоместокот инаку, според тарифникот изнесува 2 отсто од експлоатираната минерална суровина.

Од „Фолпс доџ“ неофицијално велат дека неодамна имале средба со премиерот на која биле презентирани резултатите од досегашните истражувања и нивните планови и очекувале ваква одлука, а сега очекуваат да бидат повикани да се преговара за условите што треба да бидат прецизирани во Договорот за концесија.

Според тоа што досега е објавено, во декември минатата година испитувањата утврдиле рудни резерви од 505 милиони тони од каде што може да се добијат 919 илјади тони бакар и 136,5 тони злато. Во моментот на берзите цената на тон бакар е 8.400 долари, а на златото 1.600 долари за унца.

Kако што неодамна за „Дневник“ најави министерот за економија Ваљон Сараќини, рудникот би можел да почне со работа најрано за пет години, а инвестицијата би била најмалку 700 милиони евра. Во него треба да се вработи меѓу 500 и 1.000 луѓе.

Истражувања кај Иловица инаку имало уште во 1935 и во 1936 година, но најсериозните почнаа пред десетина години кога дојде американската компанија. Се истражуваа Kазан Дол во Валандовско, Kадиица кај Пехчево, која сега ја истражува руски „Солвеј“, и Иловица. Со истражувањата се потврди дека овде може да се отвори најголемиот рудник за бакар и за злато во југоисточна Европа.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C41ED2F1CD098D4EA2FBE2541C760D3A
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 17-Jul-2012 at 16:06

„Еуромакс“ размислува да инвестира 500 милиони долари во Иловица од 2017

Резервите се смета дека се доволни за 20 години. За една година би можеле да се ископуваат 100 илјади унци злато (околу 3,1 тони) и 15 илјади тони бакар – пишува виенски „Виртшафтсблат.“

Датум: пред 5 часа | Прочитано: 93

На тромеѓето Македонија-Бугарија-Грција, канадско-британска фирма сака да инвестира 500 милиони долари. Извршниот директор на канадска компанијa „Еуромакс Рисорсис“, Стив Шарп, смета на тоа дека ќе може да го промовира регионот од 2017 преку Иловица каде што има злато и бакар – испитувањето на исплатливоста е во тек, пишува виенскиот деловен весник „Виртшафтсблат“ во денешниот број во написот за продорот на канадските рударски компании на Јужниот Балкан.  

Резервите се смета дека се доволни за 20 години. За една година би можеле да се ископуваат 100 илјади унци злато (околу 3,1 тони) и 15 илјади тони бакар. Вкупното количество на злато изнесува 130 тони. Јужниот Балкан е се поблизок за канадските рударски компании – во најголем број случаи станува збор за стари рудници (brownfield проекти), но има и нови (greenfield проекти). Шарп сака да ја спакува целата работа во берзанска приказна – неговата компанија што котира на берзата во Торонто, ќе се пресели на Лондонската берза, потпирајќи се на желбата на институционалните инвеститори да поседуваат европски акции во злато и тоа особено во европски златни депозити.

- Рудниците во Европа, од социо-политичка гледна точка се побезбедни од многу други земји – вели Шарп за австрискиот весник. „Еуромакс“ досега има инвестирано 10 милиони долари.

Друга канадска компанија, „Авала Рисорсис“, пак, сака да инвестира половина милијарда долари во рок до три години во два рудници на злато кои се наоѓаат меѓу Бор и Загубица во Србија. Канадските компании размислуваат и за рударски проекти на Косово. Компанијата „Аврупа“ е присутна во најмладата држава во Европа, а меморандум за соработка е потпишан и со властите на Босна и Херцеговина

http://www.time.mk/read/NONE/c5cb674d10/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 18-Jul-2012 at 15:39
Рудникот „Иловица“ даден под концесија, планираната инвестиција 700 милиони евра

Скопје, 18 јули 2012 (МИА) - Минатата недела е потпишан договорот за давање на рудникот „Иловица“ под концесија. Конкретните активности за експлоатација се очекува да почнат многу скоро, а според инвестицискиот план на „Еуромакс“, вложени ќе бидат 500 до 700 милиони евра.

Како што рече денеска министерот за економија Ваљон Сарачини, „Иловица“ располага со 120 тони злато и 700.000 тони бакар што е само 30 отсто од вкупното концесиско поле.

- Ако продолжат истражувањата и во останатите 70 проценти од концесиско поле, постои голема веројатност да се најдат и други резерви на злато и бакар, истакна Сарачини на прес-конференција по повод промовирањето на новиот закон за минерални суровини.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=95637988&lId=1&pmId=504

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 18-Jul-2012 at 16:25
Previous
 
700 милиони евра инвестиција, а 120 тони злато и милијарди евра ќе си заминат засекогаш од Македонија.
 
Или грешам ?
 
Колку од тоа експлоатирано злато ќе остане во Македонија, под претпоставка дека воопшто нешто од тоа експлоатирано злато ќе остане во Македонија ?
 
Колку од тоа експлоатирано злато ќе заврши во државните резерви ?
 
А и јас па што прашувам, сигурно освен тие 700 милиони евра инвестиција, канаѓаните ќе не почастат и по некој споменик. Bash
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 18-Jul-2012 at 17:00
од секоја странска инвестиција,Македонија има корист од вработувањата,нивните плати,ДДВ-то,и евентуално 10% на остварената добивка ,секако доколку економистите во фирмата се тиквари па неуспеат да ја скријат во бројките.све друго бега надвор.тоа е искуство и во други(сите) држави
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 18-Jul-2012 at 17:05
опет ја



СО НОВ ЗАКОН ЌЕ СЕ ЧИСТИ ТЕРЕНОТ ВО РУДАРСТВОТО

Катерина Попоска

Согласно предлог-законот, идните инвеститори ќе вадат само дозвола за експлоатација на минералните суровини, наместо досегашните две дозволи за истражување и за експлоатација
Состојбите во рударството ќе се подобруваат преку нов закон за минерални суровини. За да привлечат повеќе инвестиции во рударството и да ги решат досегашните проблеми во овој сектор, Владата, инвеститорите и експертите скроија нов закон, за кој допрва ќе се дебатира во Собранието.
Забрзување и упростување на постапките за добивање концесија за истражување и експлоатација на минералните суровини, построги казни за оние кои ги злоупотребуваат рудните резерви, поголема заштита на животната средина се само дел од новините со кои се планира да се стимулира развојот на овој сектор.
Согласно со предлог-законот, идните инвеститори ќе вадат само дозвола за експлоатација на минералните суровини, наместо досегашните две дозволи за истражување и за експлоатација. Новина е и тоа што за сите видови минерални суровини ќе се бара само едно мислење од институциите, пред инвеститорот да ја почне постапката за вадење концесиска дозвола. Рокот за добивање мислење се скратува од 30 на 15 дена.
Министерот за економија, Ваљон Сараќини, објаснува дека 78% од концесискиот надоместок ќе оди во буџетот на општините, а 22% во државниот Буџет. Во насока на поголема заштита на животната средина, законските измени наложуваат инвеститорите да достават и план за тоа како ќе управуваат со отпадот, а од нив ќе се бара и одреден надоместок за рекултивирање на подрачјето каде што ќе работат.
„Имајќи го предвид фактот дека Македонија има голем потенцијал за искористување на природните ресурси, изработивме сосема нов закон со кој значително се подобруваат условите за инвестирање кај деталните геолошки истражувања и во експлоатирањето на минералните суровини. Искрено се надевам дека со овој закон значително ќе придонесеме да се зголеми интересот на инвеститорите и да се развие рударството“, истакна Сараќини.
Според претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, се работи за подобрен предлог-закон, кој треба да биде доволно стимулативен за инвеститорите.
„После 7-8 години добиваме нов, пречистен текст на законот за минерални суровини, кој беше еден од најчесто менуваните закони, поради што се доведувавме во ситуација да не можеме брзо да се снајдеме во конкретни ситуации. Некои одредби беа дури и во колизија. Мислам дека се работи за подобрен предлог-закон. На ниво на асоцијација имаме и други забелешки, кои во следните 10 дена ќе ги доставиме до Министерството, а кои веројатно ќе се приложат преку амандмани. Една од забелешките е што концесискиот договор за 30 години, со можност за продолжување од 10 години, треба да претрпи измени. За големите инвестиции во рударството 40 години некогаш може да бидат и малку и многу“, вели Николов.
Потенцијалните инвеститори во рударството с$ уште се жалат дека Министерството не нуди прецизна и обновена мапа на рудните потенцијали во земјава за да решат дали и каде да инвестираат. Сараќини најави дека од јануари догодина треба да почне со работа новоформираниот геолошки завод, чија дејност ќе бидат геолошките истражувања. Тој додава и дека Министерството прибира податоци од скопскиот и белградскиот Државен архив за да ги сублимира податоците за рудните богатства во Македонија.
« назад
капитал
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 27-Jul-2012 at 15:21

Стив Шарп –претседател и главен извршен директор на „Еуромакс“

Иловица ќе ја раздвижи економијата

До крајот на годинава „Еуромакс“, кој е целосен сопственик на „Фелпс Доџ Вардар“, ќе инвестира повеќе од 10 милиони долари во развој на наоѓалиштето Иловица, а според процените, инвестицијата ќе надмине 500 милиони долари во следните пет години



Kако дојдовте до идејата да ја откупите концесијата за истражување на полето Иловица од американската компанија „Фелпс Доџ“?

- Нашите анализи укажаа дека овој проект има реални потенцијали за развој и тоа беше пресудно за нашата одлука за влез во овој проект. „Еуромакс“ утврди дека ако донесеме нов менаџерски тим, специјализиран за развој и финансирање, би можеле да постигнеме максимизација на оптималната вредност за сите заинтересирани страни преку развој на самиот проект.

Долго време во Македонија немаше геолошки истражувања. Од каде ви е информацијата дека можеби оваа област е богата со руда?

- Првичните податоци за областа Иловица датираат од 1936 година, кога биле објавени првите документи. Истражувањата продолжиле во 1956 година, кога Институтот за геологија - Скопје извршил мапирање на југозападните падини на планината Огражден меѓу селата Ново Село и Хамзали. Во 1993 година беа презентирани резултатите од геолошките истражувања на основното злато во Иловица - Штука.

Од 2000 до 2003 година почетните истражувања за минерали биле извршени во Иловица. Потребните податоци за можната минерализација по детаљно разгледување покажа дека Иловица ги исполнува критериумите за да се квалификува како потенцијална локација за ископување. Во мај 2004 година почнаа детаљни геолошки истражувања и на самиот почеток на набљудувачките истражувања се донесе заклучок дека постои развиен вулкански центар со резерви во концесиската област Иловица. Почетните 15-20 примероци од карпите покажаа дека постои бакар и злато. Во текот на 2004 г., повеќе од 10 квадратни километри беа геолошки обележани, а 4 километри квадратни беа геолошки детаљно обележани. Понатаму, на истата година беше извршено почетно дупчење на 4 дупки со вкупна должина од 1.562,4 метри. Во 2006 година беа издупчени дополнителни три дупки со вкупна должина од 1.237,9 метри. „Еуромакс ресурсис“ се приклучи на истражувањата во 2007 година и продолжи со истражувањето до денес.

Kако течат истражувањата? Kолку длабоко лежат резервите на бакар и злато?

Досега имаме вкупно 36 дупки со вкупна должина од 16.820 метри. Златната минерализација почнува речиси на површината, додека бакарната минерализација почнува под зоната на оксидација. Минерализационите интервали се променливи и зависат од геолошкиот состав на областа.

Министерот за економија најави инвестиции од околу 700 милиони евра? Од што ќе се состои инвестицијата?

До крајот на годинава „Еуромакс“, кој е целосен сопственик на „Фелпс Доџ Вардар“, ќе инвестира повеќе од 10 милиони долари во развој на наоѓалиштето Иловица. Според процените, инвестицијата ќе надмине 500 милиони долари во текот на следните пет години. Идните инвестиции ќе бидат во програми за дупчење, геомеханички, минералошки и металуршки студии, хидрогеолошки истражувања, подготовка на проектна документација, изградба на патишта, руднички објекти, снабдување со вода и снабдување со електрична енергија и с` што е потребно за идните рударски операции, вклучувајќи ги и многу значајните инвестиции во животната средина.

Kога ќе почнат конкретните активности, со што ќе започнете и која е временската рамка за понатамошни инвестирања?

Kонкретните активности веќе почнаа. Програмата за дупчење е во напредна фаза и се планираат повеќе активности за наредниот период. Во однос на започнување на работата на терен, во изградбата и работата на рудникот ние сме подготвени да почнеме да работиме на спроведување на овие активности штом заврши целата законска процедура за добивање на потребните дозволи во согласност со македонските закони.

Имајќи предвид дека се направени истражувања на различни локации, дали ќе отворите една или повеќе рударски јами?

Истражувањето се прави на еден широк простор кој може да се смета за единствена локација. Затоа само една јама ќе се изгради во рамките на рударската област.

Дали ќе ангажирате наши компании за отворање на рудникот или имате сопствени изведувачи?

Развојот на овој проект во следните неколку години, освен нови вработувања, секако ќе значи и ангажирање на македонски компании кои ќе бидат наши партнери за сите подизведувачки активности.

Kои се вашите процени за годишен извоз на бакар и на злато?

Премногу е рано да се каже во оваа фаза бидејќи голем дел од работата што сега ја вршиме, по потпишувањето на договорот за концесија, ќе ги одреди оптималната големина и нивоата на производство на проектот.

Можноста за вработување е важна за овој регион. Kога ќе почнете да вработувате и каков вид персонал ќе ви треба?

Веќе ангажиравме локална работна сила. Мнозинството работници ангажирани на дупчењето се жители од Струмица и од селата Штука и Иловица. Kако што ќе напредува проектот, така ќе ангажираме различен персонал, вклучувајќи геолози, рударски инженери, машински инженери, специјалисти за обработка на минерални суровини, инженери за животната средина, рудари и друг персонал. Важно е дека овие луѓе ќе бидат од овој регион. Ова ќе има огромно значење за локалниот економски развој, но и за локалната економија. Но, луѓето од другите региони не се исклучени. Нашата определба е да им дадеме шанса на младите образовани луѓе кои можат да се здобијат со одлично искуство во ваков вид големи проекти.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=873B76FD31E2B74092573771AC56F4E0
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 31-Jul-2012 at 17:08

Македонското злато излегува на виделина

Златото и бакарот се наоѓаат во подножјето на ридот што пред многу години бил формиран од вулкан, кој тука бил активен, а се издигал три-четири километри над местото Иловица. Главното наоѓалиште всушност е неговиот кратер, поточно неговото дно или она што останало од него

 
 
%20  

Не е тајна дека Македонија е богата со руда. Злато, сребро, бакар, минерали, драгоцени камења... сето тоа е тука некаде и очекува да биде откриено од нас. Еден дел веќе е откриен, но огромен дел тлее некаде под нашите планини, полиња, ливади и околу реките. Едноставно, Македонија изобилува со природни богатства, кои чекаат да бидат експлоатирани и искористени со една напомена - да не се наруши балансот на природата што егзистирала тука како комплексен систем илјадници години пред нас. Што, секако, ќе биде предизвик и за канадската компанија „Еуромакс ресурси“, која најави вложување половина милијарда долари за отворање на рудникот „Иловица“, каде што би се експлоатирале злато и бакар.

Во потрага по златниот рид


Општината Босилово се наоѓа во јужниот дел на нашата држава, веднаш до градот Струмица. Навидум рамничарски крај, особено во делот на селата Босилово, Моноспитово и Еднокуќево, кој одеднаш станува ридесто-планински, особено во делот на селата што станаа познати во јавноста последните денови - Иловица и Штука. Во потрагата по местото каде што компанијата „Еуромакс“ доби концесија за експлоатација на руда, друштво ни прави и професорот Марин Александров, доктор по геолошки науки, човекот што буквално ја откри „Иловица“, како што е работниот наслов на сѐ уште неродениот, но зачнат нов рудник на бакар и на злато во Македонија. Селата Штука и Иловица се буквално споени еднододруго, без јасна граница меѓу нив, густо населени со претежно земјоделско население, кое освен со сточарство, се занимава и со полјоделство, но во помал обем поради не така богатата почва, за разлика од Струмичкото поле. Но богатството на почвата тука не е во хранливоста на земјата за билките, туку во нешто друго, многу повредно, кое нѐ очекува горе над селата. Возејќи се низ двете села професорот Александров ни посочува дека наскоро пред нас ќе се појави местото што многумина би сакале да го имаат во своја сопственост. И токму така, на околу 1,5 километар над селата, во близина на околната мала река, пред нас се покажа златниот рид. Огромно купче земја што го прават децата играјќи си во песок.
- Еве, ова е златниот рид во Македонија. Висок е 878 метри надморска височина. Во неговата утроба се кријат карпи што во себе носат големи количества бакар и злато - ни вели професорот Александров.
Навистина и малку чудно изгледа целото здание. Огромно, во некоја правилно купчеста форма, како истурен песок од песочен часовник. Засадено со милион дрвја што бујат од зеленило, чиниш сакаат да дадат придонес во криењето на она што е стотици метри под нив. По дваесетина минути возење по исклучително лош пат, направен само за машините за дупчење што работеа на ридот и по кој оди исклучително моќно теренско возило, стигнавме до првата карпа што ни го откри богатството. Патот буквално ја пресекол, со што послужила како дополнителен доказ за тоа дека богатството го има. Алово-жолти камења што се делат на парчиња, растурени по патот испаднати од нивната мајка-карпа чиј поголем дел останал во гребенот над патот. Глетката можеби и не е толку интересна додека професорот со шише вода не испрска дел од карпите. Тие веднаш буквално позеленеа и од жолто-црвени станаа сино-зелени.
- Оваа зелена боја покажува дека тука има бакар. Тоа се всушност карбонати на бакар, и тоа во големо количество, и претставуваат први индикации дека во карпите има бакар. Се разбира, меѓу нив има и злато, но во помало количество. Всушност, сега се наоѓаме некаде на подножјето на ридот што пред многу години бил формиран од вулкан, кој тука бил активен, а се издигал 3-4 километри над нас. Сега сме некаде во неговиот кратер, поточно во неговото дно, всушност она што останало од него - појаснува професорот Александров.

Милијарди тони земја

Иако е констатирано дека локацијата е богата со овие два драгоцени метали, сепак тие не се во форма на популарно наречена „златна жица“ т.е. во почиста форма набиени во слој, туку рамномерно се распоредени, распрскани и слеани во карпите.
- Иако ридот е на надморска висина од 878 метри, ние со огромна работа треба да го симнеме на висина од околу 170 метри, а тоа значи дека околу 700 метри од ридот треба да се исфрлат, што би значело околу милијарда тони земја да се дислоцираат за да се дојде до точката од каде што рудникот ќе почне да функционира како рудник - појаснува професорот Александров.
Во истражувањето за рудникот досега се вложени над 5 милиони долари. Заклучоците од досегашните истражувања на локалитетот укажуваат на потенцијал од 789 илјади тони бакар и 135 тони злато. Овие податоци јасно укажуваат дека потенцијалите на рудникот даваат можност за најмалку 25 години активна работа на рудникот и сериозен придонес кон развојот на локалната и националната економија. До крајот на годината, „Еуромакс“ ќе вложи над 10 милиони долари во развојот на локалитетот. Според процените, во наредните пет години инвестицијата ќе надмине 500 милиони долари, а се предвидува постепено директно да бидат вработени околу 500 лица.
- До крајот на годинава ќе се работи на изградба на инфраструктура што е потребна за механизацијата, како патишта, енергетски напојувања и подготовка на теренот за копање на површинскиот слој земја. Паралелно правиме уште длабински испитувања, кои ни ја појаснуваат геолошката слика на местото - вели професорот Александров.
Кога ќе се изгради рудникот, чиј почеток на работа треба да биде околу 2017 година, тој ќе биде еден од најголемите индустриски објекти во државава и најверојатно ќе се смета за еден од најголемите рудници за злато и бакар во Југоисточна Европа. Единствено приближно на неговиот габарит во наши граници ќе биде само РЕК „Битола“. Засега фирмата „Еуромакс“ има добиено концесија за експлоатација за наредните 30 години, со можност за продолжување на уште 30 според законот што е во сила.

Златна економска инјекција


Рудникот „Иловица“ во своето засега загарантирано 30-годишно работење ќе овозможи економска бенефиција не само за регионот околу Босилово туку значително пошироко. Целата држава ќе почувствува благодат од работењето и од продавањето руда. Освен петстотините вработувања, во околината се очекува да се развијат и другите дејности што ќе бидат во функција на рудникот. Градежништвото, рециклирањето отпад, енергетиката, прехранбената индустрија и зголемувањето на сместувачките капацитети во околината ќе придонесат овој дел од Македонија значително да заживее во наредниве децении. Благодатите, пак, од извозот на рудата во вид на даноци ќе ги почувствува целата држава. Засега отпаѓа идејата за топење на рудата кај нас и евентуално изградба на топилница за бакар и за злато.
- Рудата ќе ја извезуваме како суровина и ќе се топи можеби во некоја од соседните земји. Не сме за изградба на топилница само за еден рудник. Иако некои од компаниите што се во овој бизнис имаат развиено нова технологија за топење руда во фабрики без оџак т.е. по хемиски пат, засега таа технологија е строго чувана и патентирана а ние ја немаме откупено - појаснува професорот Александров.
За економскиот потенцијал се свесни и во самата општина Босилово, кои веќе забележале вработувања од околните села во потенцијалниот рудник, но апелираат и за зачувување на постојната инфраструктура.
- Ние сме свесни за економските потенцијали што се нудат со оваа инвестиција, но сакаме само да напоменеме до сите инвеститори што ја користат постојната инфраструктура да знаат дека ќе треба да инвестираат во неа доколку претрпи оштетувања. Јасно е дека ќе бидеме партнери со фирмите што работат кај нас, но сепак треба да ги заштитиме интересите на сите граѓани, па токму поради тоа велиме дека нашите патишта не се изградени за тешка механизација што ќе минува тука, поради што и бараме инвестиции во целокупната инфраструктура што сега ја нудиме на располагање - ни изјави Љупчо Коцев, градоначалник на општина Босилово.


Богата историја

Првите истражувања на локалитетот Иловица се направени во 1932 година од страна на српскиот геолог Јован Жегарац, кој истражувал можни потенцијали на олово и цинк, во долниот дел на сегашниот локалитет. Во овој период воопшто нема сознанија за можни потенцијали на бакар и злато.
Експертски тим од Геолошкиот завод од Скопје во 1973 година утврдил минералошки појави и рудна минерализација што биле основа за иницирање нови геолошки испитувања на овој локалитет во една поширока смисла, укажувајќи на постоење на одредени потенцијали.
Во 2004 година почнуваат детални геолошки истражувања во рамките на концесијата за истражување на овој локалитет. Истражувањето се одвива на простор од 15 квадратни километри.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=731129897&id=9&prilog=0&setIzdanie=22644
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 09-Oct-2012 at 16:53

Иловица доби зелено светло од Министерството за животна средина

Катерина Попоска
Иловица%20доби%20зелено%20светло%20од%20Министерството%20за%20животна%20средина

Канадскиот инвеститор Еуромакс доби согласност од Министерството за животна средина дека нивната еколошка студија за отворање рудник за бакар и злато кај Иловица ги задоволува еколошките параметри, предвидувајќи мерки за спречување и за намалување на штетните влијанија врз животната средина

Отворањето рудник за бакар и злато кај Иловица нема негативно да влије врз екологијата, тврдат од Министерството за животна средина. Со ова, Еуромакс може да ги продолжи останатите процедури за до 2017 година да почне да експлоатира бакар и злато од Иловица и да произведува бакарен концентрат.

„Еуромакс е посветен на развој на проектот Иловица за бакар и злато, користејќи ги најмодерните техники за експлоатација на руда кои постојат во индустријата и со задоволување на највисоките еколошки стандарди на европско и на глобално ниво. Во моментов компанијата презема детални активности на терен за да се осигура дека рудникот ќе биде развиен на начин кој соодветствува со овие принципи. Еуромакс има развиено одлични односи со сите релевантни институции на локално и на национално ниво и охрабрен од оваа позитивна соработка, јасно и јавно го назначи развојот на Иловица за врвен приоритет во рамките на портфолиото на компанијата“, велат од Еуромакс за „Капитал“.

Експертите од областа на рударството коментираат дека токму еколошките студии честопати знаат да бидат „камен на сопнување“ меѓу институците, мештаните и меѓу инвеститорите за да се реализира некој проект.

Канадски Еуромакс најави дека ќе инвестира 500 милиони долари за да отвори рудник кај локалитетот Иловица, под Огражден, и дека ќе вработи околу 500 луѓе. Истражувањата на Еуромакс во изминатите осум години покажаа дека Иловица лежи на најмалку 790.000 тони бакар и дури 130 тони злато. Овие резерви на бакар и злато во Иловица се само 30% од вкупното концесиско поле за кој од Еуромакс потпишаа договор за експлоатација на бакарот и златото со Владата.

„Еуромакс допрва треба да направи дополнителни физибилити-студии за проектот и план за изградба на рудник кај Иловица. Ако од Еуромакс продолжат со деталните геолошки истражувања во останатиот дел од концесиското поле, значи дека во иднина може да имаме дополнителни податоци за рудни потенцијали. Ако се утврдат дополнителни резерви на злато и бакар кај Иловица, ќе потпишеме нов договор за експлоатација“, изјави неодамна министерот за економија, Ваљон Сараќини.

Главниот извршен директор на Еуромакс, Марк Шар пак, најави дека откако ќе го отворат рудникот кај Иловица, планираат да го обработуваат бакарот и златото и бакарниот концентрат да го извезуваат.

„Нашите планови се да почнеме да произведуваме до 2017 година. Во однос на тоа како ќе го пренесуваме концентратот, железницата е најдобар начин. Но, начинот како ќе го пренесеме концентратот од рудник до железница е дел од физибилити-студијата која ќе ја направиме“, изјави неодамна Шар.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/88703/ilovica_dobi_zeleno_svetlo_od_ministerstvoto_za_zhivotna_sredina.aspx

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 23-Oct-2012 at 23:57
ИСТОЧНИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛЕМИ РЕЗЕРВИ НА БАКАР

Во источна Македонија има големи резерви на бакар и иднина за три рудници за бакар кои може рентабилно да работат најмалку 50 години . Веќе подолг период се истражува на „Кадиица“ во Пехчево, каде што треба да се изгради нов рудник за бакар.  Универзитетскиот професор Тодор Серафимовски  вели дека  во понапредна фаза на истржување е инвеститорот на „Иловица“, каде што  при крај се деталните истражувањата и веќе е обезбедена концесија за експлоатација на минерални суровини.


Територијата на Македонија има потенцијал за истражување за сите племенити, благородни  метали, во прв ред најмногу се експлоатира темата за бакарот и златото. Ние некако во втор план ја ставаме и „Плавица“ таа е многу интересна , долг период таму австралиска компанија врши доистражување.
Стрчњаците истражувале и дали на териоријата на Македонија има нафта, досега се направени обиди во Овчеполието, Тиквешијата и Катлановскиот регион, но на длабочина до 2000 метри нема „црно злато“. 

Серафимовски  забележува дека во западна Македонија се уште детално не се  истражени рудните резерви, а особено се интересни манганот, железото и во одреден дел и вулканско седиментни наоѓалишта за бакар.

[ Викторија Димитрова-Јованова ]

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=21069
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 29-Oct-2012 at 20:53
еве некоја слика од рудникот во пантелеј
габрото го има но германците сакаат да биде во цел слој од 80-100 цм, но овде е раскршено и е во мали слоеви









Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 29-Oct-2012 at 22:47
што камен е ова?името не ми значи ништо вака
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 30-Oct-2012 at 22:02
за габрото знам дека некакви делови се правеле од него
а ова што го товараме е каменот што е пред габрото го доробат за да можат да дојдат до поголема жила на габро ваљда е доломит
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 30-Oct-2012 at 22:28
доломитот како што знам го користат за правење на готови малтери(Абрип),се додава цемент и гипс и се меша во гранулација према потребата.дрго немам чуено за овој минерал
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 21-Nov-2012 at 21:19
АКАДЕМИЦИТЕ ТВРДАТ: МАКЕДОНИЈА ИМА ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА МИНЕРАЛИ

Дејан Азески
Минералното богатство на земјава од економски аспект е со непроценливо значење, а Македонија спаѓа во редот земји богати со минерали и поседува количини кои се исплатливи за експлоатација. Ова се главните заклучоци од 25-годишното истражување на академикот Глигор Јованоски и на професорите Блажо Боев и Петре Макрески собрани во нивното дело Minerals from the Republic of Macedonia witn an introductions to Minerology, кое денеска беше промовирано во МАНУ.

Делото излезе само во англиска верзија и содржи краток вовед во минерологија, опис на четирите геолошки зони во Република Македонија и на вкупно 66 локалитети од коишто се собрани минералите, како и комплетен опис на 80 изучени и идентификувани минерали, со напомена за уште 50 коишто треба да се доистражат. Покрај другото, се очекува делото да послужи за популаризација на фирмите коишто се занимаваат со експлоатација на минералното богатство во Македонија, а ќе претставува и научно четиво за универзитетите.

Деканот на штипскиот Геолошки факултет, Тодор Серафимовски, посочи дека Алшар, Сивец, Ржаново и Нежило се наоѓалишта присутни и на светските геолошки мапи.

„Ако се знае дека највредниот минерал на светот, плавиот минерал „надеж“, пронајден во Индија, е проценет на 250 милиони долари, тогаш тоа што го имаме во Македонија од економска гледна точка е непроценливо.“

Во светот досега се пронајдени околу 4.700 различни минерали, а Македонија од нив поседува околу 130, што е околу 2,77%.

Авторот на монографијата, академикот Глигор Јовановски, посочи дека имаме вистинска привилегија што со 0,017% од вкупната територија на светот која ја зафаќаме ни следуваат скоро 3% од минералното богатство.

„Ако минералите во светот се правилно распоредени, на Македонија ќе ѝ следуваат само 0,8% од нив, а ние имаме скоро 3%. Значи, дефинитивно сме во побогатите земји според природните карактеристики, а друго е што ние не знаеме да ги заштитиме доволно и да ги истражиме“, вели Јовановски.


Повторно ќе се истражува Алшар

Рудникот Алшар на Кожув, каде што е пронајден еден од најретките минерали во светот, т.н. сончев камен или лорандит, се истражува повеќе години, а кон крајот на 80-тите години постои и специјален проект наречен „Лорекс“. Експертите тврдат дека ова истражување дало значајни откритија, но дека треба тој проект да се продолжи.

Професорот Блажо Боев, коавтор на монографијата, ексклузивно најави дека се одобрени средства и дека по повеќе од 15 години повторно ќе се рестартира проектот „Лорекс“, односно истражувањето на богатствата на Алшар.

„Сега е одобрен проектот од австрискиот фонд за наука, веројатно наредната година ќе започнат завршните експерименти на проектот „Лорекс“ и мислам дека минералот ќе ја добие својата важност во наредните година-две“, вели Боев.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/90163/akademicite_tvrdat__makedonija_ima_golem_potencijal_za_eksploatacija_na_minerali.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 19-Dec-2012 at 13:14

Владата расиша голем тендер за геолошки истражувања на 72 локации

Владата распиша голем јавен повик за добивање на концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини. Јавниот повик трае до 21 јануари, а распишан е за вкупно 72 локации, каде ќе се вршат деталните геолошки истражувања за минерални суровини, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес конференција.

Станува збор за 36 локации за неметалични минерални суровини, 31 локација за металични минерални суровини, меѓу кои е и локалитет Мајден,односно познатиот Алшар од околината на Кавадарци, за кој постои и меѓународен интерес за истражувања и експлоатација, 4 локации за украсен камен и една локација за геотермални води.

Право на учество за геолошките истражувања имаат домашни и странски правни и физички лица и конзорциуми кои ќе ги исполнат критериумите распишани со јавниот повик. Почетната цена за добивање на концесијата е 60.000 денари, а ја добива оној кој ќе понуди највисока цена. Добитникот на лиценцата има право на истражувања, а потоа и на експлоатација на најдената суровина.

Ѓорѓиев истакна дека првичните информации се оти постои задоволителен интерес меѓу потенцијалните субјекти, особено меѓународни компании, кои се заинтересирани за понудените геолошки истражувања и тој апелираше и домашните субјекти да ја искористат оваа, како што рече, исклучително поволна опција.

Исто така, во првата половина на јануари ќе биде објавен јавен повик, овој пат не за истражување, па за експлоатација, туку за директна експлоатација на околу 30-ина локалитети, а финалната листа ќе биде утврдена на следната седница на владата.

Почетната цена за добивање концесија ќе биде 120.000 денари, а ќе се одвива по пат на електронска аукција.

За дополнително уредување на оваа дејност и нејзин развој, Владата одлучи од 1 јануари 2013 година да започне со работа новооснованиот Геолошки завод, кој ќе има за задачи да ги продолжи на прекинатите проекти за истражување - векторизација и надградба на државните геолошки карти и истражување на минералните суровини, да ги прошири геолошките истражувања во документирање на петротермални ресурси, да ја унапреди геобазата за развој на агростопанството и атрактивните георесурси за туристичка понуда, како и даде придонес во поддршката на државни мега-проекти - како проектот “Вардарска Долина“.

Новиот завод треба да помогне и во креирање на нови државни мега-проекти, како што е користењето на кондуктивни хидротермални системи за складирање на подземна вода и интензивно производството на храна.

За негов директор владата го назначи д-р. Гаврил Мираковски - дипл.инж.геолог-геофизичар, кој досега работеше во Геолошкиот завод - Институт за  истражување на минерални суровини и има 32-годишен стаж во ИЗИИС-Скопје.

http://www.plusinfo.mk/vest/72172/Vladata-rasisha-golem-tender-za-geoloshki-istrazhuvanja-na-72-lokacii

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 19-Dec-2012 at 22:09

АД„ Тајмиште“ најповолен понудувач за рудниците Тајмиште и Стогово

Кичевската компанија АД„ Тајмиште“ е најповолниот понудувач, на јавниот повик објавен на 26 октомври за рудниците Тајмиште и Стогово

За разлика од претходниот јавен повик, кога се бараше и изградба на топилница, овојпат најдобриот понудувач има обврска единствено да ги рестартира рудниците и да врши експлоатација на руда во следите три децении. Наскоро се очекува АД„ Тајмиште“ да ги потпише концесиските договори за двата рудника, во кои се очекува да најдат вработување околу 600 работници. Инаку оваа компанија вршеше експлоатација на железна руда во Тајмиште до 1989 година, кога престана со работа најголемиот рудник за железо во Македонија.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11754
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 20-Dec-2012 at 09:17
кога го прашав газдата на Тајмиште за концесијата(иначе е жив ѓаол човекот),ми рече дека ако ја земи концесијата ќе ставел 4 пиштоли на појасот и така ќе шетал по улици
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 13>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.