build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Паркирање (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 31>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 15-May-2011 at 09:24
Во програмата на ДПМНЕ, се предвидува во следните 2 години да се изградат вкупно 2870 гаражни места од страна на државата, и уште 1100 паркинг места од страна на приватни инвеститори. Со тоа практично до крајот на 2013 година би требало да се обезбедат 4000 паркинг места во следниве локации.

Само за катните гаражи со државен капитал ќе бидат потребни 55 милиони евра.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4434
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 15-May-2011 at 09:32
И колкав процент од нив во центарот? Јас посмотана „стратегија“ досега немам видено, ни чуено. Свесни се дека треба колите да одат подалеку од центарот, а не сè повеќе и повеќе да стануваат добредојдени во центарот?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 15-May-2011 at 09:46
Па скоро сите се во центарот. Еве ги предвидените локации:

- кај Работнички дом - 600
- кај Холокаустот - 240
- кај Поштата - 280
- кај Судска палата 550
- кај Нова Македонија 150
- кај Цветен пазар - 440
- кај Министерство за финансии (кај Лотарија) - 605

Плус се тука приватните во Маџар маало, кај МЕПСО и кај црквата Св. Богородица.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 17-May-2011 at 13:07

Првото монтажно паркиралиште чека на старт

  • Објавено: пред 1 час |
  • Прочитано: 183 |
  • Печати |
http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/05/17/parking%20licsice.jpg

Изградбата на првото монтажно паркиралиште во градов лоцирано во населбата Ново Лисиче, е при крај и деновиве ќе биде пуштено во употреба.
Паркиралиштето е изведено од челична конструкција со надземна платформа и ќе обезбедува капацитет за околу 100 возила. Објектот е на еден кат, а со паркиралиштето ќе стопанисува ЈП „Градски Паркинг“.
Целиот проект општина Аеродром ја чини околу 20 милиони денари. 
Иако изградбата на вакво паркиралиште, локалната власт ја понудија како најфункционално решение во справувањето со недостигот на паркинг места во овој дел од градот, жителите на Аеродром не се воодушевија многу од идејата за поставување монтажно паркиралиште на првопредвиденото место кај зелените згради спроти ресторанот „Мекдоналдс“, па го бојкотираа свеченото поставување на камен темелникот на паркиралиштето. По настанот, општината ја избра сегашната локација како алтернативно решение.

http://www.time.mk/read/NONE/d6c083a0fd/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3637
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 21-May-2011 at 11:11
НИКАКО ДА СЕ НАЈДЕ СПАС ЗА ХАОСОТ ВО КАПИШТЕЦ
Колите под тополи, катната гаража ја нема

Роза Петкова

Трета година, Општина Центар не може да избере фирма која ќе го направи монтажното паркиралиште на улицата Народен фронт. За разлика од Центар, во општина Аеродром монтажниот паркинг не се покажа како проблематичен за градење, па по пет месеци конструкцијата е готова и деновиве ќе се пушти во употреба.
Градоначалникот Владимир Тодоровиќ го вети монтажниот паркинг како решение за проблемот со паркирањето на жителите од Капиштец, иако проектот не го поддржуваат сите граѓани, затоа што многумина сакаат повеќе зеленило во населбата, а не железни конструкции. Скапата цена беше основна причина поради која пропаднаа претходните тендери, додека за последниот, кој заврши минатиот месец, општинарите се уште немаат одговор дали ќе биде успешен.
- Постапката за избор на најповолен понудувач за изградба на монтажниот паркинг е во процедура. За неколку дена, по нејзиното завршување и запазување на предвидените законски рокови, ќе бидете информирани за исходот - кратко одоговори Јовица Ацковски, портпаролот на Општина Центар.
За првиот тендер Тодоровиќ соопшти дека Општината е подготвена да плати сума не повисока од 650.000 евра, додека најниската понуда која тогаш ја добиле била 780.000 евра. Според проектот, избраната фирма треба да монтира конструкција за паркирање на две нивоа, од почетокот на улицата Народен фронт кај последната постојка на автобусот 23, до кафулето „Интермецо“. Вкупниот капацитет ќе биде 500 возила. Општината планира паркиралиштето да го гради во фази, во првата година да заврши третина од вкупната планирана површина, а потоа останатите. Рокот за изведба би требало да биде четири месеци, потоа со паркиралиштето ќе стопанисува претпријатието „Паркинзи на општина Центар“, додека за цената властите спомнаа дека ќе се наплатува, но се уште немаат одлучено по колку. Во Општината велат дека немале никаков проблем да го спроведат тендерот и од прва да изберат фирма.
- На првиот тендер ја избравме фирмата „Промотинг“. Немавме никаков проблем со ниту еден дел од тендерот. Претходно избиравме фирма за да направиме монтажно паркиралиште на друга локација, и тогаш изборот го завршивме од првпат, но таму жителите не сакаа паркинг, па затоа не го изградивме. Ова е прво монтажно паркиралиште во државата, а планираме да изградиме и на други локации, според потребите на жителите - вели Маја Манчевска, портпаролка во Општина Аеродром. Паркиралиштето е во непосредна близина на полициската станица во Ново Лисиче, има надземна платформа и ќе обезбеди 100 места за паркирање. За проектот Општината издвои 325.000 евра од својот буџет, а паркирањето ќе биде бесплатно.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2317&ArticleID=161126
Back to Top
Batec View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Batec Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 21-May-2011 at 12:55
Aj skopje ne e tolku loso, ami Ohrid jas nemozam da razberam za ovaa katastrofa okolu parkinzi i nikoj ne ja aktuelizira ovaa pojava.Znaci nitu eden edinstven parking nema gradot edinstvenite parkinzi vo ohrid se ulicite i trotoarite za pesaci.Site slobodni povrsini gi snema nema poveke sansa da se napravi parking ili katna garaza a site znaete letno vreme ima preku 30 000 turisti.mora nekoj da reagira ako ne od vladata togas nekoj stranski faktor.I vo najbednite africki gradovi ke najdes nekoja slobodna povrsina za potrebite na gradot a vo ohrid nemozes. Jas kako ohrigjanec nemozam da se pomiram so ovie dibeci koi napravija ohrid da nema idnina od ovaj aspekt

Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 21-May-2011 at 13:52
Previous Хаха, како бе ако не владата и локалната власт некој странски фактор. Да не сакаш Баросо да реагира. Или може градоначалникот на Охрид пак треба да го повика Бојко Борисов на помош. Кој треба да се грижи и да му ја мисли за наши глупости, ако не самите. Епа сега ќе биде тоа што сме надробиле, тоа и ќе сркаме, во секој аспект од живеењево.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 21-May-2011 at 16:50
Колку пати градоначалникот влегувал во беспотреби расправии со разни форми на уцени и натегања со централната власт, што воопшто не му сосат ништо добро на Охрид. Еднаш беше со парите за самитот кога охрид доби за реконструкција на улици, еве најново е со Комплексот на Плаошник, беше со поплавата со какви се не гафови излегоа. За да на крај даде предлог за подземна гаража под ниво на водата. Еден смешен лик што воопшто нема капацитет да го води градот. Законот за охрид доцни, а неколку пати е ветуван од неколку парламенти. Каква очекувате да биде ситуацијата ако не ваква како што е.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 27-May-2011 at 15:26
Нов јавен паркинг во населбата Расадник

Во насока на имплементација на Програмата за комунални дејности за 2011 година, општината Кисела Вода со несмалена динамика ја продолжува градежната офанзива за партерно уредување на јавните површини на нејзината територија. Имено,  денеска точно напладне започнаа градежните активности за изградба на нов јавен паркинг за улицата “Новопроектирана 2” во новата населба Расадник. Јавниот паркинг ќе се протега на површина од 1300 квадратни метри и ќе биде со капацитет од 150 места.

На започнувањето на градежните активности за изградбата на овој јавен паркинг присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев кој најави дека во насока на подобрување на условите за живот и урбанизирање на секое катче од територијата на општината, во следниот период покрај паркингот во населбата Расадник, ќе се изгради и нов паркинг на улицата Димо Хаџи Димов со површина од околу 300 квадратни метри.

Градежните активности за партерно уредување на јавните површини во општината Кисела Вода ги врши фирмата “Урбан инвест”. 



http://kiselavoda.gov.mk/mak/aktuelno.asp?id=1056
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 27-May-2011 at 16:20
Полека но сигурно Расадник се повеќе и повеќе прераснува во урбана населба која е модерна со нови градби.
Back to Top
dule View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2011
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 255
  Quote dule Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 27-May-2011 at 16:21
http://www.aerodrom.gov.mk/novosti-zhivot.213/items/pushteno-vo-upotreba-prvoto-motazhno-parkiralishte-vo-opshtina-aerodrom.html


ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ПРВОТО МОТАЖНО ПАРКИРАЛИШТЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

27.05.2011 14:11

 

„Со изградбата на ова современо монтажно паркиралиште одговоривме на еден од поголемите предизвици, со кои се соочуваат жителите од урбаниот дел на Општина Аеродром - недостигот од паркинг простор", изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски на денешното (27.5.2011 година) свечено пуштање во употреба на првото монтажнo паркиралиштe во општината на кое присуствуваше и премиерот, Никола Груевски.

Градоначалникот Коневски додаде дека изградбата на монтажните паркиралишта е најсоодветно решение за решавање на недостигот од паркинг места, бидејќи на тој начин, од една страна со малку средства се добиваат дополнителни паркинг-места, а од друга ќе се зачува зеленилото.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека со ваквите проекти, а пред се со добрата соработка, ќе се реши целосно проблемот со сообраќајниот метеж во градот и ќе се создадат повеќе слободни паркинг места.

Инаку, станува збор за монтажно паркиралиште од челична конструкција со надземна платформа со капацитет од речиси 100 нови паркинг места, каде што граѓаните ќе можат бесплатно да се паркираат. На конструкцијата се изградени и пристапни рампи за влез и излез, скали за пешаците, како и сливници за вода. На паркиралиштето е обележана хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација.

Средствата за реализација на овој проект се издвоени од буџетот на Општина Аеродром.

Во зависност од желбата и одлуката на граѓаните, Општина Аеродром планира ваков тип паркиралишта да гради уште на неколку други локации.

tl_files/novosti2011/zivot/2705/montazen%20parking%2001.jpg

tl_files/novosti2011/zivot/2705/montazen%20parking%2002.jpg

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4689
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 27-May-2011 at 22:00
Ви позајмив слика... Морав...

Каков сељак е овој/оваа со Шкодава, ако е тоа, во секој случај оваа глупо паркирана кола десно, која да, зазема две паркинг места...




Edited by FoSsiL - 27-May-2011 at 22:02
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 27-May-2011 at 22:20
Монтажен паркинг Ново Лисиче

1


2


3


4


5


6


Edited by build.mk - 27-May-2011 at 22:20
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 27-May-2011 at 22:38
Сега нека кукаат тие што збореа дека немало паркинг места низ Скопје. Се градат тачно 5 катни гаражи кога ќе си ја смени народот културата ќе имаме проодни тротоари и велосипедски патеки.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
MGS View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-May-2011
Location: Охрид,МКД
Online Status: Offline
Posts: 296
  Quote MGS Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 28-May-2011 at 14:33
На Скопје под итно му треба трамвај.Сообраќајот драстично ќе се растерети.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 29-May-2011 at 16:36
Originally posted by Supervisor

Сега нека кукаат тие што збореа дека немало паркинг места низ Скопје. Се градат тачно 5 катни гаражи кога ќе си ја смени народот културата ќе имаме проодни тротоари и велосипедски патеки.
со самото тоа што ќе нафрлаш паркинзи и гаражи насекаде не се решава проблемот, си има начини како се организира сето тоа и мора секогаш да се земаат во предвид сите фактори
кај нас се гради и се прави чисто колку да се рече дека е направено, па после си имаме последици од тоа...
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 30-May-2011 at 18:42
Се гради нов паркинг пред Зоолошка

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, денес го означи почетокот на изградбата на новото паркиралиште кое што ќе се гради пред Зоолошката градина, од десната страна.



- Новиот паркинг-простор за 93 возила ќе го олесни паркирањето за сите посетители на Зоолошката, која што прерасна во модерна Зоолошка градина со уредени и безбедни живеалишта, нови животни и бројни забавни содржини. Градот за овој проект од Буџетот ќе одвои околу 9,8 милиони денари – рече градоначалникот Трајановски.



Новото паркиралиште е широко 18 метри, а долго 152 метри. На површина од 2.671 квадратен метар ќе се направи ископ, просторот ќе се тампонира и ќе се асфалтира. Во текот на градежните работи на паркиралиштето ќе се постави атмосферска канализација. Меѓу тротоарот на булеварот Илинден и паркиралиштето ќе се оформи зелен појас со ширина од 10 метри.



На изградба на новото паркиралиште ќе работат екипите на градежната компанија „Жикол“ од Скопје, а рокот за изградба е седум месеци.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3810
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 30-May-2011 at 18:47
Sedum meseci????Da ne ima slucajno greska...???

Back to Top
4skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Feb-2011
Online Status: Offline
Posts: 284
  Quote 4skopje Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 30-May-2011 at 20:43
Mislam deka e za 7 nedeli ! Thumbs%20Up
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 30-May-2011 at 22:03
Сите медиуми кои известија за почетокот на градежните работи пренесоа 7 месеци. Така стои и на веб страната на Град Скопје:

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4268&mid=482&tabId=1&tabindex=0

7 месеци е неверојатно долг рок за ваков зафат. Можно е да се работи за печатна грешка од страна на администрацијата па и медиумите да пренеле погрешно.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 31>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.